IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Абортус?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Абортус?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 44>
Автор
Порака
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 10:33
Православна икона, претстава на абортусот


Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 10:59
Зборот абортус има латинско потекло, и означува да се прекине, да се уништи нешто пред време. Црковнословенскиот термин е чедоморство, а македонскиот термин е детеубиство.

Ај сега да видиме кој е ставот на православната Црква, преку зборовите на дедо Иларион:

Од сите благодатни дарови со кои Бог го дарувал човекот, несомнено, највозвишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсветото, најблагопријатното, најскапоценото и најрадосното чувство без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот. Да се љуби и да се биде љубен е голема света тајна, која единствено го осмислува и разубавува краткиот човечки век овде на земјата. Да се биде човек е прекрасно, да се биде добар човек е благочестиво, но да се биде човек што постојано блика од љубов е совршено. Тоа е она благопријатно чувство со чија благодатна топлина сака да се стопли секоја човечка душа, која ја преживеала студената гревовна ноќ. Највозвишен облик на ова небесно чувство е љубовта на човекот кон Бога, која со својата совршеност и полнота, не знае за тага и разочарување.

Но, постои уште еден облик на љубов кој со својата возвишеност и убавина е достоен за секоја пофалба и почит; тоа е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство кое Бог благословил да го доживее и почувствува секој човек на земјата, уште во оној миг кога е зачнат во утробата на својата мајка. Голема радост и восхит се пробудува во нашето срце секогаш кога ќе здогледаме мајка со своето дете која во своите прегратки со голема нежност и благост го полева тој прекрасен цвет, со голема светлина и љубов. Благочестивата христијанка со нежност и благост гледа во лицето на своето љубено дете и во тој миг како да го заборава целиот свет. Се чини како во рацете да го држи своето срце, како да има едно мало делче од небото овде на земјата. Мајката грижливо го чува своето дете како најскапоцено богатство што и' е доверено. Од нејзините мајчински очи блеска една тивка спокојна радост, која како да не е од овој свет. Ваквата мајчинска љубов не може да се искаже, таа како да доаѓа од еден божествен свет каде што љубовта е се'.

Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. Во неа се развива едно живо човечко битие, еден преубав цвет што ја чека дневната светлина за да почне да се развива, да расте и разгранува. Но, на тој миризлив цвет, наидува еден опасен ветер кој со својата студена изопачена сила може да го уништи, да го убие. Тој грев, кој е одлика и надгробна плоча на нашето македонско проевропско општество, Европејците го нарекуваат абортус, но ние ќе го кажеме неговото вистинско име, а тоа е чедоморство или детеубиство, сурово и ладнокрвно убиство на нероденото бебе.

Чедоморството е крвав дожд кој со своите крвави капки постојано, и дење и ноќе, ја полева земјата и ја претвора во крваво место на живеење. Уште при самото зачнување, почнува да живее едно живо човечко битие, со свое тело, иако целосно не е оформено, и со своја бесмртна душа која нетрпеливо го очекува денот на нејзиното просветлување со Христовата светлина преку светата тајна крштение. Затоа, за Православната Христова црква, чедоморството или абортусот претставува убиство од најтежок вид, бидејќи на тој начин се лишува од живот еден човек кој немал можност да биде удостоен да се очисти од првородниот грев преку светото крштевање. Св. Атанасиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Кирил Александриски, велат дека некрстените деца нема да бидат во слава како крстените, но нема да бидат казнети како грешници што свесно правеле гревови.

Чедоморството е убиство на своето дете. Жената-чедоморка го убива своето дете што не сака да го види, да го запознае и возљуби, бидејќи повеќе го засакала својот себичен удобен живот исполнет со комфор, сладострастие, блуд и разврат, без никакво воздржување, чистота, достоинство, слобода и љубов. Затоа и се одлучува да го жртвува своето неродено бебе пред идолот наречен либерален живот, несогледувајќи ја трагедијата и ужасот на таа нечовечка и нехристијанска одлука. Дилемата; дали да го остави своето дете во живот или не - е најтрагичен миг во нејзиниот живот. Но тоа воедно е и опис на денешната трагична и жална состојба на модерното „хуманистичко“ човештво. Хуманистичкото сфаќање дека човечкиот ембрион во утробата на својата мајка не е жив човечки организам, туку израсток кој може да се отстрани бидејќи жената има право да прави што сака со своето тело во името на својата слобода и право, е доволен доказ за незрелоста на денешното човештво, во кое човекот сам се потопува во својата неморалност, жестокосрдечност и огревовеност. Се' додека детеубиството не биде прогласено за најголемо злосторство и забрането со закон, сите апели за мир, праведност и демократија се само маска на лицето на европските политичари.

Чедоморството е нем крик на беспомошните жртви кој од ден на ден се' погласно и погласно ја потресува земјата што се претвара во духовна пустина. Нема кој да ги чуе и утеши. Како што вели Спасителот: „слушаат и не чујат“ (Мт. 13,13). Нивниот тажен глас не допира до срцето на мажот-убиец и жената-чедоморка, кои по убиството на своето несакано чедо ја изгубиле радоста, љубовта и совеста. Од хуманистичката и безбожна Европа постојано слушаме за човековите права.

- Бидејќи љубовта оладува помеѓу луѓето, особено меѓу сопружниците кои стануваат туѓи и рамнодушни едни кон други. Љубовта бара општење и заедничарење, но само преку подвигот на самооткажување и самопожртвување. Вистинската љубов, секогаш е подготвена на жртва и чувствува радост, ако оваа жртва е прифатена. Но, чедоморците се во духовна парализа и опустошеност. Ако не се покајат, не можат да живеат во љубов, бидејќи нивните срца се скаменети и неплодни. А доказ за нивниот мачен и беден живот е убиството на своето дете. Познатиот православен мислител од 2 век, св. Климент Александриски, вели: „Жената исфрлајќи го својот плод, заедно со него исфрлува и се' што е човечно во неа.“

На блудот и убиството како последица на безбожниот живот најмногу им се радуваат демоните, кои засекогаш се отпаднати од Бога. Нивната омраза се проширува и врз човекот кој е создаден како боголико битие, па затоа скришум се обидуваат, преку разни помисли, да ги наговорат мажот и жената на чедоморство. Притоа, како причина им ја посочуваат „економската неподготвеност“ да го издржуваат своето дете. Така, мажот и жената, прифаќајќи ја оваа „разумна“ причина - се одлучуваат на чедоморство. Какво демонско лудило?!

Зошто порадо не се откажат од скапата облека, луксузниот стан, од луксузниот автомобил и компјутер или, пак, од своето патување на годишен одмор на кој трошат огромни парични средства за разонода и забава, а не сакаат да ги употребат за грижливо чување на своите деца?! Колку е чудно тоа што денес жената не сакаат да раѓа, не сака да го чува и воспитува своето дете, туку сака да го отстрани, убие или како што велат лекарите, да изврши „чистење“ на својата утроба која треба да биде најсвето место во кое се негува и живее еден нов благословен живот? Сега, наместо тоа, мајчината утроба стана погубилиште и место на убивање, небаре бебето е нешто нечисто и извалкано што треба веднаш да се отстрани. Но, таа жена на тој начин станува слична на Ирод кој од страв да не ја изгуби својата власт, не ги поштеди витлеемските младенци. Тие беа грабнувани од рацете на своите мајки и убивани пред нивните очи. А, можеби токму тоа „непланирано“ чедо, по Божја промисла и милост и' е доделено на мајката да ја чува и негува кога е болна и уморна и да се грижи за неа во нејзината старост. Од денот кога жената своето бебе ќе го жртвува на ѓаволот, од тој миг таа живее како богоотпадничка и нехристијанка, поробена од својата себичност и недостоинственост, таа тогаш само личи на човек, но од нејзината човечност не останало ништо.

Денес чедоморството претставува народна катастрофа. Секоја година се' повеќе и повеќе расте бројот на жртвите од оваа немилосрдна војна. Нашиот народ се' повеќе старее, бидејќи бројот на родените деца е се' помал. Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина. Ние на овој начин вршиме народно самоубиство. Многумина се фалат со својот патриотизам, за својата љубов кон својата татковина, но татковината пред се' е самиот народ. Родителите што го убиваат своето бебе, ја убиваат својата иднина. Тие вршат геноцид на сопствениот народ. Болниците во кои лекарите треба да спасуваат човечки животи, се претворија во логори на смртта. Ние станавме пилати што секојдневно изрекуваат смртна пресуда за невини деца, а лекарите - платени убијци што ладнокрвно убиваат за бедни триесет сребреници. Во една болничка соба, лекарите не' убедуваат колку многу се загрижени за нашето здравје и колку се трудат да не' излекуваат, а во другата - со мирна совест убиваат бебиња.

Што да прави жената или девојката, која во својот живот направила чедоморство?

Пред се', треба да стане свесна за тежината и големината на овој грев и да се покае. Архимандритот Рафаил вели: „Крвта се измива само со солзи.“ Покајничките солзи се почеток на еден нов христијански живот кој води во заедница со Бога и со Неговата милост. „Човечки е да се згреши, но демонски е да се остане во грев“ - велат Светите Отци. Божјата милост е голема, долготрпелива и Бог ја излива врз секого што се труди да живее во покајание. Сите вие што сте паднале во овој грев, крвавите дамки можете да ги измиете со покајнички солзи и со цврста решеност дека никогаш повеќе нема да го повторите овој грев, да не го оправдувате, туку со солзи на очите и искрена молитва, да се трудите со молитва до крајот на својот живот за Севишниот Бог да ви прости.

Сите вие кои што сте извршиле чедоморство, и мажи и жени, (бидејќи и мажот е директен учесник во овој грев), ако имате вера во Семилостивиот Бог, имате сили со кои можете да им се спротивставите на лукавите демони. Секогаш кога ќе се обидуваат да ве наговорат да го повторите овој страшен грев или, пак, кога ќе се обидуваат да ве турнат во очајание и депресија, имате сила - благодатта Божја, имате утеха - Светата Православна црква, која е благочестива мајка што постојано бдее над своите чеда, имате заштита - Промислата Божја, имате и оружје - постот, молитвата и надежта, имате потпора - верата, ги имате за свои пошници и соборци - ангелите и светителите, а особено Пресвета Богородица.

Бог е многумилостив и долготрпелив. Колку само се радува на нашето вистинско покајание и на нашиот труд и борба против духовите на овој свет. Во Светата црква има илјадници примери на луѓе што од блудници, разбојници и убијци, станале праведни и свети.

Жената што абортирала треба да се освести и да ја сфати тежината на овој грев. Не треба да очајува и да губи надеж. Искреното покајание ја привлекува Божјата милост која ја разгонува невидливата демонска темнина, која како смртоносен отровен облак ја обвила куќата во која е планирано и извршено ова страшно убиство.Мажот и жената треба редовно да присуствуваат на Света литургија, да постат и да се исповедуваат, а со свештенички благослов и да се причестуваат. Само покајничките солзи може да донесат опростителна радост. „Покајте се, зашто се приближи Царството небесно“ (Мт. 3,2).

Покајте се, зашто постои Бог - Владетел на небото и земјата, пред Кого сите еден ден ќе застанеме да примиме вечен Суд. Тогаш наши обвинители ќе бидат сите убиени деца кои не сме ги удостоиле да ја видат дневната светлина. Колкава ли тага ќе почувствуваат сите жени - чедоморки кога за прв пат ќе го видат своето чедо и за прв пат ќе го чујат неговиот детски глас: - „Мајко, зошто ме уби? Зарем не знаеш колку те сакав додека живеев во тебе? Сакав да те прегрнам, но џелатот ги исече моите раце. Сакав да те гушнам силно и да го почувствуваш моето весело срце, но ножот го прободе. Сакав да ме милуваш, но ти ме фрли онаа студена ноќ. Мојата љубов не ти беше потребна и ти реши јас да умрам. Но, иако во вечноста не сум лишен од сјајот на Христовата светлина која допира оддалеку во зраците на оваа светлина која ме обзема трајно, те сакам, моја несреќна мајко.“

Што ќе одговори непокаената жена? Онаа што се покајала при таа средба сигурно ќе рече:

- „Направив голем грев кон тебе, но затоа целиот мој живот се трудев да направам за тебе се' што можев, жалам и се кајам за тоа дело, те молам прости ми, мое мило чедо.“

Човекољубив Господи, излеј ја својата милост врз сите младенци неправедно убиени во мајчината утроба и насели ги во населбите на мачениците, зашто, ниту лош збор прозборија, ниту лоша мисла помислија, ниту чекор направија, ниту солза просолзија, а со маченички венец се овенчаа, трнлив венец кој беше исплетен од рацете на нивните родители. Мали маченици! Радувајте се во прегратките на благиот Христос, заедно со сите невини жртви паднати од Авел до денес и молете се и за оние кои по тело и крв ви беа најблиски и најдраги, заедно со ангелите и сите светии, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 11:01
Јас се извинувам за долгиот текст, но во врска со ова прашање мора да се разјаснат и разграничат неколку работи, па наместо дебата околу про и анти чедоморство, најдобро е прво да се прочита ставот на Црквата.
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 11:51
mnogu dolg post Makrios koj ubavo pocna , i iskreno ne go procitav celiot temelno tuku po vertikala..

sekoja zena nezavisno kako i se slucila bremenosta ako saka odluci da rodi, taa ke si go saka svoeto dete. no... ima iljada no...

religijata na lugjeto im nametnala mnogu predrasudi ...

dete rodeno od ljubov, posakuvano kako plod na ljubovta sekogas ke bide srekno znaejki deka e kruna na ljubovta na svoite roditeli.

da ne gi pisuvam drugite varijanti vednas ke odam na najlosata

dete zacnato kako plod na siluvanje na devojka. treba mnogu golema hrabrost da se zadrzi toa dete. ne samo da se rodi pa da se dade vo dom, tuku da se zadrzi. bez razlika na siluvanjeto, instiktot na majcinstvo e tuka , ljubovta kon deteto e tuka . no toa dete sekogas ke bide pokazuvano so prst od svojata okolina . decata se mnogu nemilosrdni vo svojata iskrenost i sekogas za niv ke bide dete bez tatko , kopile...

i tuka e ona negativnoto od religijata , gospod sekomu dava sto zasluzil, pa majkata zasluzila da bide siluvana? ili deteto da bide so pecat cel zivot?

sto mislite , kolku pati toa dete ke se pocuvstvuva neubavo vo zivotot kako bozja kazna na svojata majka? ili gledajki gi drugite deca koi gi imaat dvajcata roditeli i rodeni zatoa sto bile posakuvani, kako ke se cuvsrtvuva i kolku pati ke posakalo da ne se rodelo?


Изменето од butel2 - 12.Ноември.2008 во 11:53
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 12:22
Originally posted by butel2 butel2 напиша:

mnogu dolg post Makrios koj ubavo pocna , i iskreno ne go procitav celiot temelno tuku po vertikala..


Прочитај го и по хоризонтала.

Originally posted by butel2 butel2 напиша:


sekoja zena nezavisno kako i se slucila bremenosta ako saka odluci da rodi, taa ke si go saka svoeto dete. no... ima iljada no...

Точно, има иљада но.

Originally posted by butel2 butel2 напиша:


religijata na lugjeto im nametnala mnogu predrasudi ...

Религијата да, но не и верата во Живиот Бог. Ако веруваме дека постои Бог, и дека за наше спасение потребно е да се ослободиме од гревот, тогаш нема простор за предрасуда. Во верата секогаш се тргнува со градење на личносен однос по вертикала (со Христос), и по хоризонтала (со својот ближен - т.е. сите луѓе). Зачнатото бебе е живо, и тоа е наш ближен. Ако сакаме да го абортираме (прекинеме, уништиме), тогаш ние тој личносен однос го раскинуваме. А на тој начин паѓаме во ропство на гревот.

Originally posted by butel2 butel2 напиша:


dete zacnato kako plod na siluvanje na devojka. treba mnogu golema hrabrost da se zadrzi toa dete. ne samo da se rodi pa da se dade vo dom, tuku da se zadrzi. bez razlika na siluvanjeto, instiktot na majcinstvo e tuka , ljubovta kon deteto e tuka . no toa dete sekogas ke bide pokazuvano so prst od svojata okolina . decata se mnogu nemilosrdni vo svojata iskrenost i sekogas za niv ke bide dete bez tatko , kopile...

Тоа не е оправдување за убиство. Ако е така, зошто не земеме да ги убиеме нашите непријатели? Тие секогаш ќе ни бараат територии, ќе не` мразат, ќе ни покажуваат со прст кон меѓународната заедница и тн.

Originally posted by butel2 butel2 напиша:


i tuka e ona negativnoto od religijata , gospod sekomu dava sto zasluzil, pa majkata zasluzila da bide siluvana? ili deteto da bide so pecat cel zivot?

Можеби силуваната жена која ќе го роди своето дете, ќе и се смета маченички венец, билет за спасение.

Originally posted by butel2 butel2 напиша:


sto mislite , kolku pati toa dete ke se pocuvstvuva neubavo vo zivotot kako bozja kazna na svojata majka? ili gledajki gi drugite deca koi gi imaat dvajcata roditeli i rodeni zatoa sto bile posakuvani, kako ke se cuvsrtvuva i kolku pati ke posakalo da ne se rodelo?

Ако детето е правилно воспитано, својата љубов ќе ја црпи  од верата.

И за крај, во Македонија има 30 000 детеубиства годишно. Зарем има 30 000 силувани жени годишно во Македонија?
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 12:28
<Дали сега е во ред?големо%20гушкање>

da da normalno,dodusha nisto i ne bilo ne u red (ne sum go procital toa na 25 sto si go pishal).

<Нели е контрадикторно горекажаново?>

navidum da,kontradiktorno e,no od covecka perspektiva.

<Ако исповедта и искреното покајување доведува до простување на направените гревови, тогаш зошто повторно се казнува? (Со брзото одземање на животот на детето!)>

bidejki treba sekoj covek da gi vkusi i posledicite od svojot izbor.taka na primer u edemskata gradina koga Bog im rekol deka ako vkusat od zabrnetiot plod ke umrat.toa ne znaci deka demek On tolku ke bil ljut sto ke gi kaznil so smrta tuku deka toa vkusuvanje so seba ja nosi posledicata,za koja prethodno gi predupredil.


Дали казната на Давид за стореното дело се состои во тоа да страда по сопственото дете? Малку не ми е логична пресудава! А мислам дека и не е баш хумана.

ako mene doktorot mi kaze deka imam rak i deka postepeno ke mi padne kosta od hemoterapijata i deka imam uste godina zivot,toa ne znaci deka doktorot e kriv ili deka toj me kaznil.Isto e i so Boga i covekot.On ne se "ljuti" ili nesto slicno bidejki toa e covecko custvo.tuki so grevot nie dobrovolno se odalecuvame od Boga,a sto ima von Boga?!od tamu i site nashi problemi.
ednash procitav edna mnogu interesna recenica od eden anglikanec(karl luis mislam deka mu beshe imeto ili nesto slicno) deka ima dva tipa na ludje, edniot se moli na BOga i mu veli"neka bide voljata tvoja" a drugiot se lugje na koi Bog im veli "neka bide voljata vasha"!
no vo slucaj na deteto na david,moze samo da kazam deka toa sekako imalo nekoja Bozja promisla.Sepak ne treba da zaboravime koga ucitelot gleda deka si ima rabota so neposlushni i mnogu tvrdokorni deca prevzema podrasticni vospitni merki.a to e tokmu slucaj so izrailcite vo Stariot zavet.

Дали секое понатамошно искрено каење на верниците кои згрешиле, сепак ќе биде проследено со некаква казна? Тогаш која е суштината, целисходноста на чинот на покајување?

kako sto prethodno spomnav terminot kaznu duri i ne e bash najsoodveten.Bog e ljubov no e i spravedliv!taka da ako ne gi vkusime posledicite od nasiot izbor togash koja e smislata na Bozjata ljubov?!
toa e isto kako otako adam vkusil od zabranetiot plod i potoa nisto da ne se slucelo zasto Bog nesho se predomisil i prethodnoto predupreduvanej ne se vazi!!
kaenjeto e potreba za nas samite.koga ke sfatime deka sme se odalecile od Boga i sme gi vkusile plodovite na nasiot izbor.se preumuvame(pokajanie)i se vrakame kon Boga.A Bog ne se raduva na smrtta na covekot tuka saka site da se spasat.primer za pokajanie i oprostuvane e sekako parbolata za bludniot sin vo evangelieto po luka.
ednostavo i mnogu jasno.
pozdrav i sekoe dobro

Изменето од ahmar1 - 12.Ноември.2008 во 13:16
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 14:32
плачење

Отидов по паломи...

загриженост

лелее....

тага
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 14:45
Абортусот е убиство. Кога доаѓа до зачнување, всушност се подготвува инкарнирање на една душа кај оние родители или родител(во случај таткото да го „снема„) при што целиот настан се случува за да нешто расчистат учесниците, кои имаат недовршени ситуации и односи за доведување во ред од некоја претходна инкарнација. Со абортирањето таа можност нагло се прекинува и се одложува за некоја од наредните инкарнации на оние кои требале да расчистат нешто меѓу себе, но под уште потешки околности. Освен тоа сите оние кои учествувале свесно во донесувањето на одлуката и извршувањето на абортусот ја оптоваруваат својата душа. Тоа има тешки последици за нив самите.

Но да осмотриме еден друг многу важен аспект на ставот за и против абортусот:

Дали верските представници кои се залгаат против абортусот се залагаат и против убивањето секогаш? Или можеби повремено ќе одобрат, дури и повикаат на тнр. „праведни„ војни за одбрана на верските објекти и „татковината„? Во име на „љубов„ кон ближните? 2001 година во Македонија имавме таков случај...

Ставот против абортус - спасување на човечки живот, за да имаме подоцна машини за убивање кои и самите евентуално ќе бидат жртвувани на боговите на војната, е крајно лицемерно!

Изменето од Majkl - 12.Ноември.2008 во 14:47
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 15:01

Мајкл, каде беше ти за време на конфликтот во 2001?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
vaskapraska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vaskapraska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 16:45
Ви благодарам на сите што дадовте свое видување.

Сепак, јас можеби не бев сосема јасна. Јас не велам дека абортусот е супер, но како се осмелуваат верските водачи од кои еве има и цели проповеди во кои се нарекуваат жените што абортирале со најлоши зборови? Ја поставив оваа тема, бидејќи до некаде се сложувам со новинарот во Дневник, дека немаат авторитет да не молат да се откажеме ние од нашиот комфор, оние кои се гледа по нив колку комфорно живеат. Како може некој поп со 120 кг, да ми кажува дека јас треба од својот комфор да се откажам?

И ве молам без слики на абортуси, грозни се.

А интересно е и прашањето на Мајкле.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 16:49
Da, abortusot e unishtuvanje na zachnat chovekov zhivot i diskusijata od koga embrionot mozheme da go smetame za chovek e chista demagogija, matenje voda da ne bide bistra, koe e nameneto samo da se defokusira vnimanieto i da se odvleche vo bescelni diskusii za da se ostavi prostor za natamoshno legalno i neprecheno odvivanje na masakriranjeto bez grizha na sovest.

Vo osnova sum protiv koristenjeto na abortusot kako reshenie za nesakana bremenost i se zalagam za sekakvo mozhno informiranje na mladite okolu preventivite koi se spravuvaat so problemot na bremenosta na mnogu ednostaven i prifatliv nachin. Uchilishnoto obrazovanie treba da bide na prvata linija na frontot i sekakvo
odbegnivanje toa da se implementira e direktno souchesnishtvo vo kriminalot, bez obzir dali toa se pravi poradi verski ubeduvanja ili nekakov tradicionalen moral.

Drzhenjeto za obichaite, tradicijata i nekogashnite moralni normi ne e nishto povekje od edno fundamentalistichko slepo odnesuvanje vo koe ne postoi nikakva prosvetlenost od segashnosta, nitu pak svesen , razumen i aktiven kontakt so potrebite i problemite so koi se srekjavame denes.

Nasilnoto prekinuvanje na bremenosta bi ja opravdal edinstveno dokolku taa seriozno ja kompromitira zhivotnata egzistencija na majkata ili dokolku zachnuvanjeto e napraveno na nasilen kriminalen nachin koj nema za cel sozdavanje nov zhivot so ljubov, tuku so krajno dijabolichki nameri.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 17:47
Абортусот   е тивкиот холокааос со кој животонепријатната сила сака да ја спречи Христовата генерација и завладувањето на Неговото ЦАРСТВО на земјата!

Овој феномен со неспоредлив зфат се зголемува со и по првата светска (глобална) војна.


Зашто сето создание со нетрпелив копнеж го очекува откривањето на Божјите синови -
имено, созданието и беше потчинето на суетата, не доброволно, туку од оној, кој го потчини - во надеж
дека и самото создание ќе биде ослободено од ропството на распаѓањето; во слобода на славата на Божјите деца.


.
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 18:03
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

OK, ne navleguvam vo natamoshna diskusija. Samo molam Boga nikomu da ne mu se sluchat nekoi raboti...


Се приклучувам на молитвата и сакам да признаам дека јас сум најголемиот грешник на овој свет. Кога во стомакот на женами го дијагностицираа синми со тешка срцева мана (кој баш сега додека го пишувам ова влегува дома враќајќи се од лекарска контрола) јас бев прв кој се откажав од него и им реков предвреме да го извадат одкако ми ги кажаа последиците кој ќе ги имал тој во животот.


    



Изменето од spiros - 12.Ноември.2008 во 18:06
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 18:32
Originally posted by vaskapraska vaskapraska напиша:

Ви благодарам на сите што дадовте свое видување.

Сепак, јас можеби не бев сосема јасна. Јас не велам дека абортусот е супер, но како се осмелуваат верските водачи од кои еве има и цели проповеди во кои се нарекуваат жените што абортирале со најлоши зборови? Ја поставив оваа тема, бидејќи до некаде се сложувам со новинарот во Дневник, дека немаат авторитет да не молат да се откажеме ние од нашиот комфор, оние кои се гледа по нив колку комфорно живеат. Како може некој поп со 120 кг, да ми кажува дека јас треба од својот комфор да се откажам?

И ве молам без слики на абортуси, грозни се.

А интересно е и прашањето на Мајкле.


Васка, вака...
Тоа е ставот на Црквата... го сакале ние или не. Господ секогаш остава простор за покајание, а неговото човекољубие е толку големо, што само малце да станеме и да се покаеме, Он веднаш не` прима назад.

Жената која се согласува на детеубиство е нарачел на убиството. Ако и мажот пристапил кон таа согласност, и тој е подеднакво виновен. Докторот кој го изведува чедоморството е платениот убиец. Може ли убиецот да се нарекува со мили зборови? И пак ќе кажам, ние не го осудуваме човекот, туку гревот (а убиството е грев), а за тој човекот се молиме и плачеме (сите ние како заедница во Црквата).

Тој новинарот од „Дневник“, еве, ти.. (пошто беседата е од дедо Иларион, ќе го спомнам него), го имаш ли лично запознаено дедо Иларион? Знаеш ли ти што вози? Каде и во какви услови живее? Знаеш ли што има направено во последните неколку години?

Како и да е, дедо Иларион не ни заповеда, тој советува што е добро, а што не за нашето спасение. Еве, ако и натаму мислиш дека тој нема право да дели совети, види што велат Светите Отци на Црквата. Тој посочува цитати од Отци кои живееле во пустина и јаделе по 100 грама леб на ден. И тогаш имало детеубиства, како што има и денес. И тие Отци го велат истото. Значи, денешниве владици и отци на Црквата, не измислуваат ништо ново, тие само го пренесуваат ставот на Црквата. Наше е, дали ќе се согласиме на ставовите, или не.

И токму тоа.. сликите се проблемот. Не сакаме да се помрднеме од својот комфор. Кога ги видов сликите, и пратив лична порака на Маран Ата да ги тргне, демек се грозни. Но... ги видов уште еднаш.. и сфатив дека тоа се луѓе! Бебенца!! Ми падна ептен тешко... Па ние повеќе се потресуваме кога ќе видеме мали маченца згазени на улица, отколку кога гледаме убиени бебиња (демек, тоа е фетус, не е човек...)....

Васка, ако ти згрешив со нешто, прости...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 44>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.