IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Абортус?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Абортус?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 44>
Автор
Порака
vaskapraska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vaskapraska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Абортус?
    Испратена: 12.Ноември.2008 во 00:27
Ова е тема што ме интересира, особено дали е одобрена или не? Прочитав еден интересен новинарски текст, кој ќе се обидам да го закачам овде, да може да го прочитате. Објавен е во дневник.
Кон врв
vaskapraska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vaskapraska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 00:27
Православна хипокризија

Главниот проблем во Македонија не е либералното законодавство, туку користењето на абортусот како метод за контрола на раѓањето (во просек, на секои 2,5 породувања,имаме еден абортус).Наместо сексуално, воведовме верско образование, а предавачи се лица што се залагаат против употреба на кондоми и против секс вон бракот

Точно за еден месец ќе одбележиме 60 години од Универзалната декларација за човекови права, усвоена на 10 декември 1948. Во првиот член од прочуениот документ стои: „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“. Третиот член вели: „Секој има право на живот, слобода и сигурност“.Деновиве Скопје е повторно излепено со плакати „Абортусот е убиство“ кои се повикуваат на правото на живот: „Децата имаат право на живот. Правото на избор постои до моментот на зачнувањето, а потоа постои правото на живот“. Според противниците на абортусот, и „бебињата во стомакот“ се деца што имаат право на живот. Повторно, како и лани, плакатите се повикуваат на „нашата МПЦ“, која многупати кажала дека „Господ ги сака раѓањето и животот“.

Иако лани беа изнесени официјални деманти дека „МПЦ не е вклучена во никаква кампања“, деновиве сме сведоци на неколку јавни беседи на црковни великодостојници против абортусот. Во овие осудувачки „беседи“, жените што одлучиле да го остварат законското право на прекинување на бременоста, се прогласуваат за убијци од најтежок вид, а лекарите за „платени убијци што ладнокрвно убиваат за бедни триесет сребреници“.

Синхронизираната кампања против абортусот се повикува на „правата на неродените деца“, поточно на правото на живот не само на фетусот туку и на ембрионот, промовиран како човечко суштество од моментот на зачнувањето. Оттаму, логично се поставува прашањето: Дали правото на живот, спомнато во Декларацијата, и гарантирано со Европската конвенција за човекови права, се однесува и на ембрионот и фетусот? Дали одредбата „секој има право на живот“ подразбира дека и ембрионот и фетусот имаат право на живот или само тие што се веќе родени?

Досега, не постои пресуда на судот во Стразбур со која се утврдува дека на некој фетус или ембрион му е повредено правото на живот. Доколку фетусот би имал апсолутно право на живот, тогаш абортусот ќе беше забранет дури и во случај кога продолжувањето на бременоста би било ризично за животот на мајката. Дури и кога во наводници зборуваат за „животот“ на фетусот, судиите обично имаат предвид дека тој не може да биде разгледуван изолирано од животот на бремената жена, нејзиното здравје и интереси.

Основниот проблем кај нашите „борци“ за човековите права на ембрионите е токму тоа што покажуваат малку емпатија за животот и здравјето на жената која одлучува за прекин на бременоста. Во демонизирачкиот говор на омраза кон „жената-чедоубиец“, негативно го стереотипизираат нејзиниот живот како „себичен удобен живот исполнет со комфор, сладострастие, блуд и разврат, без никакво воздржување, чистота, достоинство, слобода и љубов“. Има ли поголема хипокризија од тоа што нашите „скромни“ духовници бараат од жените (кои најчесто се одлучуваат на прекин на несаканата бременост поради сиромаштија) да се откажат од луксузот што мнозинството никогаш не го имале? Според официјалните податоци, речиси 30 отсто од нашите граѓани се сиромашни, а најсиромашни се токму „многудетните“ семејства со 6 и повеќе члена.

Борците за правата на ембрионите како да забораваат дека тие не се јаболка што раснат на „дрвото на животот“, туку дел од жената што има право да располага со сопствениот живот и сопственото тело. Пред да ги осудеа лекарите како ладнокрвни „платени убијци“, не ќе беше лошо да прочитаат што вели Светската здравствена организација (СЗО) на тема „превенција на небезбеден абортус“. Статистиките на СЗО покажуваат дека смртноста на жените се зголемува, а нивното здравје се влошува кога пристапот кон безбеден абортус е отежнат или нелегален. Најмногу небезбедни абортуси има во земјите со најрестриктивни закони за абортус. Една од главните причини зошто жените страдаат и умираат од небезбедни абортуси е токму тоа што се обезвреднуваат од страна на политичките и религиозните лидери.

Главниот проблем во Македонија не е либералното законодавство, туку користењето на абортусот како метод за контрола на раѓањето (во просек, на секои 2,5 породувања, имаме еден абортус). Токму затоа, нашата земја доби препорака од експертите на ОН да им обезбеди на жените успешен пристап до контрацептивни средства и медицински информации и услуги. Дури две третини од несаканите бремености во земјите во развој се јавуваат кај жени што не користат никаков метод на контрацепција.

Исто така, ни беше наложено да спроведеме образовни програми за сексуално и репродуктивно здравје за жените, мажите и адолесцентите, токму за да се обесхрабри абортусот како метод за контрола на раѓање. Но, наместо сексуално, ние воведовме верско образование, а предавачи се лица што се залагаат против употребата на кондоми и против секс вон бракот. Наместо како да се заштитат од несаканата бременост, децата ги учиме како да се заштитат од „гревовите“.

На крајот, на православните борци за правата на ембрионите би им поставил неколку прашања. Ако се толку убедени дека животот на човекот почнува по зачнувањето, зошто тогаш го слават како Рождеството Христово денот кога Исус излегол од утробата на мајка му? Зошто не ги слават своите родендени на денот на зачнувањето, туку на денот кога „дошле на свет“? Ако и ембрионот е дете со право на живот, зошто тогаш нема ниту право на крштевка ниту право на црковен закоп?

Несомнено, да беа нашите „скромни“ духовници навистина засегнати за правата на децата, немаше да купуваат толку луксузни автомобили. Немаше само да проповедаат другите да се откажат од луксузот, туку самите ќе дадеа пример како огромните парични средства за скапи автомобили може да се употребат за подобрување на правата на родените незгрижени деца. До кога нашите „скромни“ духовници ќе му кројат капа на неродениот Петко наместо да и' подарат капа на родената, но гологлава Петкана?

Жарко Трајаноски
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 00:58
da li e dobro ili ne?

pa sea ne znam ama znam deka BOG dal ubav proces za ragjaje i mislam sekoj drug vid e grev
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 03:28
Абортусот е грев од црковна и религиска гледна точка. Но - тоа не е обврзувачко гледиште за населението. Односно - ако некој е навистина предан верник и се вслушува во она што црквата и верата го велат, кај него нема да има случај на "несакана" бременост, затоа што таков човек не би се впуштил во вонбрачни односи или во сексуални односи без да е свесен за резултатот од нив.
Од друга страна - ако не е предан верник, односно е само "номинален" верник, и не се вслуша во пораките на црквата и верата за честољубие, тогаш многу веројатно дека нема да ги послуша и пораките за неабортирање.
Соодветно на оваа логика - ниту едните, ниту другите не се во состојба да го наметнат своето гледиште.
Колку до сексуалното образование на училиште - иако сум приврзаник на таа идеја - истотака, разбирам зошто тоа би било целосно неприфатливо за многумина. Сепак, тоа е прашање на личен морал, вредности и убедувања, а во случајов - родителите имаат "предност" при нивното изградување и насочување.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 03:37
A sto so sluchajot koga navistina predan vernik ke se najde vo situacija na nesakana bremenost od bilo koja prichina (ekonomska, zdravstvena, kriminalna...)?


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 04:22
Навистина преданиот верник (поточно верничка) нема да се најде во ситуација на "несакана" бременост, затоа што бременоста која ќе се случи е дар од Бога и Божја Воља. Како таква - ќе ја послуша и ќе се пребори со невољите и тегобите кои таа ќе ги донесе...
Не ме разбирај погрешно - не сум против абортусот - навистина сметам дека е тоа право на жената, и во крајна сметка, жената е таа која ќе ги сноси последиците од тоа и на овој и на оној свет. Но од гледна точка на вистинска верничка - не постои такво нешто како несакана бременост. Неочекувана, да - несакана не (да, дури и криминални случаи кои ги спомнуваш - да не навлегувам во детални објаснувања, разбираш што сакам да кажам...).
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 06:13
OK, ne navleguvam vo natamoshna diskusija. Samo molam Boga nikomu da ne mu se sluchat nekoi raboti...
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 06:32
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

OK, ne navleguvam vo natamoshna diskusija. Samo molam Boga nikomu da ne mu se sluchat nekoi raboti...


Амин!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 09:17
Оваква тема (за абортус) веќе има отворено, но да не ја расипувам „играчката“, моето мислење по однос на таа работа ќе го повторам (пастирам) и овде:
Originally posted by moira moira напиша:

... убиваш ембрион и секако ти одлучуваш дали ке стане човек или не...си играш Господ...животот е во твои раце...

Дали само кога се убива ембрионот, човекот си игра господ? Што се случува ако тој принцип го споредиме со свесното правење друг човек? Дали тогаш човекот си игра господ, бидејќи тој создава луѓе? Чисто реторичко!

Убава тема, од која ги прочитав првите 3 страни и последната. Доволно за да видам дека има разни мислења.
По однос на абортусот!
Иако е жив организам, ембрионот на човекот сеуште не може да се оквалификува како човек. Дали првичниот контакт, оплодувањето на сперматозоидот на јајце клетката и почетокот на размената на генетскиот материјал може да се земе како човек? Сигурно не! Понатаму, дали во фазата кога ембрионот на човекот е сличен на ембрионите на речиси сите цицачи, (еден доказ за еволутивниот развој на човекот) може да се нарече човек? Претпоставувам дека ќе се согласите ако и овојпат речам не! И да не должам. Тој (ембрионот) во текот на 280 дена поминува низ разни фази низ кои се формира новото човечко суштество. Од моментот кога ќе излезе од „водното“ опкружување и ќе почне да диши воздух, тогаш може да се смета дека е човек.
Емоционалниот фактор е уште еден аргумент зошто сум за абортусот.
Како ќе реагира (како што рековте) девојче од 15,16 години доколку несакајќи забремени? Зарем една младешка грешка да ја прати цел живот? Што со таа млада личност понатаму? Во што може таа да се развие? Истите трауми ќе ги преживуваат и нејзините родители и најзините најблиски. Што со емоционалниот аспект на детето кое ќе се роди? Вечно ќе го носи „проклетството“ дека е родено како копиле. Како тоа ќе се одрази на неговата психа? Доколку се даде во дом ќе важи истото што го реков погоре, плус што тоа ќе биде на товар на државата.
Но, да не ги земаме во предвид само малолетните. Што ако некоја повозрасна жена несакајќи забремени? (Од сопругот или од ... кхм, кхмнамигнувањеплазењесмеење)

Од аспект на верата, абортусот не е дозволен. Таму дури и самата помисла на секс пред брак е грев! Но, колкумина од тие кои се кажуваат дека се верници го прифаќаат ова начело од верата? Сите (или барем ситене%20знам) само го кажуваат тоа, а никој не го практикува. Секој си го прави ќеифот!намигнувањеплазењесмеење И, за какви верници ми се кажуваат тие? изненадување Демагогија!
Во овој контекст, сакам да потсетам и на еден мој друг пост испратен пред 2-3 недели:
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

... Пред извесно време во весникот Православна светлина (мислам дека е на МПЦ), сретнав податок дека чинот на ставање венци на главите на младоженците при венчавање претставува знак за победа, дека непобедени влегуваат во брачниот живот и дека не ги победила сладострасноста.
Е сега, ме интересира мислењето на сите оние кои го прифаќаат христовото учење, дали тие такви, непорочни (со чист образ) влегле во брачниот живот? И што со тие кои не се придржувале кон ова божја заповед, а сепак отишле во Неговата црква, пред Неговиот олтар и го примиле венецот на својата глава? ...

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 09:57
zlatnik <Но, колкумина од тие кои се кажуваат дека се верници го прифаќаат ова начело од верата? Сите (или барем ситене%20знам) само го кажуваат тоа, а никој не го практикува. Секој си го прави ќеифот!намигнувањеплазењесмеење И, за какви верници ми се кажуваат тие? изненадување Демагогија!>


pa vidi sega...sepak ova e samo tvoe licno mislenje i nemoj da ocekuvash sega vernicite da se falat so svojata devstvenost ili uste polosho da kazuvaat sto kazale na ispoved.
ova e isto koga nekoj slep covek sto ne go gleda sonceto da tvrdi deka nema sonce zasto on ne go gleda.so drugi zborovi kakvi sme toa i go gledame u drugite.nemoj pogreshno da me sfatish sega ne velam ja za tebe nishto licno,eve jas na primer imam brz izbuvliv karakter i spored mene site okolu mene se izbuvlivi i ne mi davaat "da se izrazam" a jas ne deka sum izbuliv tuki DRUGITE SE TAKVI a sega koga nekoj smiren e valda ustavari samo nekoja finta od negova strana.

<И што со тие кои не се придржувале кон ова божја заповед, а сепак отишле во Неговата црква, пред Неговиот олтар и го примиле венецот на својата глава?>

ako se ispovcedale i iskreno se pokajale nisto od toa nema da se smeta.david naprvai preljuba i zagovor za ubistvo no iskreno se pokaja i Bog mu prosti(no sepak morashe da gi primi posledicite od svojot grev ,deteto sto go zacna vo blud umre mnogu brzo,)pa taka i denes nekoj "napravil belja" ako se pokae Fala Mu na Boga,no sepak no ke se grizi za deteto sto e posledica od negovata postapka.
mnogu mi se dopadna ideja na zidarski deka kaj vernik nemoze da ima nesto od tipot na "neplanirana bremenost".cenam
pozdrav i sekoe dobro

Изменето од ahmar1 - 12.Ноември.2008 во 09:58
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 10:02
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

.
Колку до сексуалното образование на училиште - иако сум приврзаник на таа идеја - истотака, разбирам зошто тоа би било целосно неприфатливо за многумина. Сепак, тоа е прашање на личен морал, вредности и убедувања, а во случајов - родителите имаат "предност" при нивното изградување и насочување.


Verata e uste poveke licno ubeduvanje , no bez da ne prasaat nas roditelite ja vovedoa. sekako deka sexualnoto vospituvanje e mnogu popotrebno, no kaj nas za zal, nisto na kraj ne e dobro zatoa sto ne deka nema strucen kadar, tuku sve odi partiski.

Изменето од butel2 - 12.Ноември.2008 во 11:35
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 10:10
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

... pa vidi sega...sepak ova e samo tvoe licno mislenje i nemoj da ocekuvash sega vernicite da se falat so svojata devstvenost ili uste polosho da kazuvaat sto kazale na ispoved...

Не Ахмар, не очекувам такво нешто.
Овој цитат од погоре е само првиот дел на наведениот цитат од 25-ти Октомври. Токму поради тоа, да не се завлегува во приватноста јас во продолжение го пишав следново:
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

... Бидејќи ова прашање задира во приватноста на секоја индивидуа, (иако е пожелно) не е морално (во смисла-обврзувачко) да се даде пишан одговор. Доволно е самите во себе да си го поставите ова прашање и да си дадете искрен одговор.

Дали сега е во ред?големо%20гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 10:14
mnogu mi se dopadna ideja na zidarski deka kaj vernik nemoze da ima nesto od tipot na "neplanirana bremenost".cenam

Ako sakame da bideme realni, crkvata veli golemo NE na sex pred brak i von brak. Vistinskite vernici koi se drzat do toa, 50% ne moze da im se sluci nesakana bremenost, isto kako i na onie koi ne se vernici. no nesakana bremenost moze da se sluci sekogas i na sekoja zena, nezavisno dali e vo brak ili ne.

druga rabota e sto koga ke se sluci, da se rodi ili ne i tuka igraat uloga mnogu faktori, pred se kako se slucila bremenosta i so kogo. e sega ako vistinskite vernici se odlucat da go rodat deteto bez razlika na se , toa bas i ne e ok.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 10:20
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


ako se ispovcedale i iskreno se pokajale nisto od toa nema da se smeta.david naprvai preljuba i zagovor za ubistvo no iskreno se pokaja i Bog mu prosti(no sepak morashe da gi primi posledicite od svojot grev ,deteto sto go zacna vo blud umre mnogu brzo,)...

Нели е контрадикторно горекажаново?
Ако исповедта и искреното покајување доведува до простување на направените гревови, тогаш зошто повторно се казнува? (Со брзото одземање на животот на детето!) Која е разликата ако Давид не се покајал? И, зошто за гревот на таткото, последиците да ги сноси детето? Дали казната на Давид за стореното дело се состои во тоа да страда по сопственото дете? Малку не ми е логична пресудава! А мислам дека и не е баш хумана.
Дали секое понатамошно искрено каење на верниците кои згрешиле, сепак ќе биде проследено со некаква казна? Тогаш која е суштината, целисходноста на чинот на покајување?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 44>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.