IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 32>
Автор
Порака
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 04:22
Старец Софрониј

Не можеме да го вообличиме внатре во нас образот Христов, освен ако не сме навистина соединети помеѓу себе, како што тоа Христос го бараше од Своите ученици. Љубете се еден со друг, за да познае светот дека сме Христови.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 05:18
Старец Софрониј

Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 15:41
Старец Паисиј Светогорец

Кој се радува кога луѓето го фалат, нему демоните му се смеат. Кај славољубивиот никој никогаш не наоѓа духовни плодови, а ако воопшто најде, тие ќе бидат шупливи. Додека пак, смирениот изгледајќи навидум духовно сиромашен, поседува духовно богатство.

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 15:48
MOJOT PASTOR

Ne treba da obrnuvame mn vnimanie na zliot zosto i najslabiot hristianin{ama vistinski hristianin}e ne izbroilvo pati po jak od zliot AMIN!!!

Изменето од Pentakostalec - 10.Ноември.2008 во 15:48
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 16:09
Свети Ефрем Сирин

Ни во светот ни меѓу монасите никој не бива овенчан без борба. И никој без борба не може да стекне невенлив венец и живот вечен, зашто сегашниот живот сличен е на борилиште. Совршените борци радо и без приговор тргнуваат во борба, а плашливите и разгалените постојано ја одбегнуваат. Совршените борци и воздржливите подвижници пред очите секогаш го имаат рајот, и очекуваат во него да се насладуваат со неговите добра, во вечната светлина и бесмртниот живот. Сакаш ли да влезеш во оваа борба и да бидеш совршен? Постојано облекувај се во добродетелта, како во одежда. Или можеби веќе ја имаш на себе? Тогаш неизоставно и постојано на сите начини настојувај никогаш да не ја слечеш од себеси.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 20:05
Еве еден интересен цитат:

...Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака, зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух...

Доста корисен според мене, при разгледување на темата за Светите Отци и нивната улога...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 00:05
Старечник

Говореше Ава Макариј: „Ако е понижувањето за тебе пофалба, сиромаштијата – богатство, а недостигот – изобилие, нема да умреш, зашто не може да се случи оној што е правоверен и што се подвизува во благочестивоста да падне во нечистотијата на страстите и во демонска прелест.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 13:41
Старец Софрониј

Секој што вистински верува дека евангелските заповеди ни беа дадени од Единствениот Вистински Бог, од оваа вера црпи сила да живее според образот Христов. Верниот не си допушта критички пристап кон зборот Господов, но се поставува себеси под судот на тој Збор. Затоа самиот се препознава себеси како грешник и тагува над својата бедна состојба. Отсуството на тагата заради гревот покажува дека уште не ни се открила замислата за човекот од пред создавањето на светот. Вистински покајаниот грешник не бара возвишени созерцанија: тој е наполно зафатен со својата битка против гревот и страстите

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 13:48
Свети Никола Кавасила

Крштението е благодат на повторното раѓање на човекот со негово учество во смртта и Воскресението на Господа, тајна на создавањето на новото битие во Христа. Миропомазанието е благодат на полнотата на животот во Христа со печатот на Духот Свет, тајна на дејствувањето и активноста на битието во Христа. Тоа е дар на восовршување и светост, кој му се дава на оној што се крштева во Светиот Дух и во богатството на даровите на Светиот Дух: „Се крштеваме за смртта да ја умртвиме и со воскресение да воскреснеме; се миропомазуваме за да се родиме како заедничари на даровите на царското обожение

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 06:54
Свети Исихиј Ерусалимски

Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 05:44
Свети Никола Кавасила

На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение. Ете зошто Светиот апостол Павле пишува: последниот враг за уништување е смртта (1 Кор. 15, 26).
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2008 во 10:22

Старец Паисиј Светогорец

Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа тешко болен и тогаш бива издаден од својата кашлица.




ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2008 во 10:22

Старец Паисиј Светогорец

Природно, нечистиот дух не ги изнесува на видело добродетелите на луѓето, туку нивните слабости. Оние пак, што се ослободени од своите страсти, бидејќи немаат злоба, злото со добрина го поправаат. Ако видат некаде малку нечистотија која не се чисти, ја покриваат со плоча, за да не се згрози некој друг, ако ја види. А пак, оние што чепкаат по ѓубрето, личат на кокошки… Не е искрен и доблесен оној што ја кажува вистината в лице, ниту оној што ја обзнанува, туку оној што има љубов и вистински живот, што зборува со расудување кога има потреба, и го кажува потребното во соодветен час.

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2008 во 10:28
Фала ти што ме потсети, брат

     

Свети Јован Лествичник

Во длабочината на плачот се наоѓа утеха, и чистото срце прима просветлување. А просветлувањето е неискажливо дејство Божјо, што се сознава несознајно и се гледа невидливо. Утехата е освежување на болната душа, која како малечко дете во исто време плаче и почнува ведро да се насмевнува. Таа е поддршка и обновување на душата што потонала во тага и на чудесен начин солзите на болката ги претвара во солзи на радост.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.