|
НОВИТЕТИ |
Внеси реплика | страница <1 678910 18> |
Автор | |
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Audi планира нов градски автомобил
Audi планира да произведе нов градски автомобил кој би бил базиран на ултра економичниот микро автомобил на Volkswagen, The Up!, кој воедно ќе биде и најмалото возило што Audi го има произведено. Новото бебе на Audi е микс од економичен и стилизиран автомобил, нешто што досега не можеше да се види во понудата на компанијата. Официјалните претставници на Audi соопштија дека постои можност да се произведе мал градски автомобил базиран на A1 концептот, а кој ќе биде претставен на мартовскиот саем за автомобили во Женева. Засега се знае дека ќе ја дели својата платформа со The Up! на VW, а ќе користи и поедини делови од VW групацијата, SEAT и Škoda. Главни ривали на овој модел ќе му бидат Ford Ka и Fiat 500. Истовремено од Audi соопштија дека се подготвува еколошки освестена замена на моделот A2. „Намерно оставивме празнина меѓу A3 и претстојниот модел A1. Засега сè уште е рано да се зборува за автомобилот кој ќе ја пополни таа празнина, потребно е уште време. Го цениме A2 моделот, но сметаме дека е неопходно да понудиме возило на електричен погон“, изјави Руперт Штадлер, претседател на одборот на Audi. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нови Vespa модели
На претстојниот EICMA саем во Милано, Piaggio ќе претстави два нови модела, GTS 125 наменет пред се за почетниците и S 150 кој претставува засилување на нивните „спортски“ ориентирани модели. Моделот GTS 125 ќе биде најслаб модел на GTS, направен е за почетници, како и за оние кои сакаат поголема економичност во споредба со постојните GTS со поголем волумен. GTS 125 комплетната шасија и изглед го презеде од своите посилни браќа, додека за погонот се грижи четиритактниот агрегат од 124ccm кој развива 14 KS. Овој модел ќе биде достапен во сите бои и ќе чини околу 3.400 евра. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Seat Tribu SUV
Во следните четири години Seat планира да започне со производство на четири нови модели. Од април годинава во производство влезе новата Ibiza, која претставува само дел од новитетите на шпанскиот производител. Seat во моментов работи на развојот на новиот мини автомобил, компактно SUV возило, естетски crossover и среден спортски седан. Сега веќе имаме можност да ги видиме рендерите на нивниот иден SUV модел. Во август годинава, се појавија фотографиите кои Seat ги регистрираше во светската организација за заштита на интелектуалната сопственост. Овие фотографии, како што бива, стигнаа до медиумите и ни овозможија да видиме како ќе изгледа новиот Tribu SUV модел. Компактниот off-roader како концепт за првпат е прикажан на минатогодишниот саем за автомобили во Франкфурт, а еден месец подоцна и официјално беше потврдено производството на овој модел. Tribu, кој ќе биде заснован на Tiguan платформата на Volkswagen, се очекува да влезе во производство кон средината на следната година. За сега нема повеќе информации за перформансите на приновата на Seat. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Претставен рестилизираниот C1
Малите градски автомобили имаат иднина. Произведувачите на автомобили во моментов се соочени со голема економска криза, исто како и целиот свет. Малите и економични возила се одговор на кризата. Компанијата Citroen го претстави надградениот модел C1 кој во моментов е најконк*рентниот градски автомобил. Надградбата го опфати предниот дел, тркалата, а внатрешноста, каде покрај употребата на нови материјали изменета е и самата маска. C1 воедно ќе има мотор кој испушта најмала количина на штетни гасови, ова се однесува за британскиот пазар. Станува збор за 1.0i мотор со 68KS. Потрошувачката на гориво е сведена на 4 литри на 100 километри |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тјунирани три Hyundai Genesis Coupe модели
Hyundai на годинешниот саем за автомобили во Лас Вегас SEMA 2008, кој се одржува од 4-ти до 7 ноември ги претстави трите тјунирани модели на Hyundai Genesis Coupe, вклучувајќи ги и трите верзии на Sedan. Ги издвојуваме трите најзначајни тјунирани експонати. Првиот е Rhys Millen Racing Genesis Coupe со 2-литарски мотор во комбинација со турбо полнач и HKS секвенцијална трансмисија. Според Hyundai овој модел претставува „потполно функционален тркачки автомобил“ кој е спремен за тркачките патеки. Компанијата Turbonetics го обезбеди турбо полначот за овој автомобил, чија каросерија е изработена од карбонски влакна. Вториот модел е Street Concepts кој го тјунираше долгогодишниот партнер и тјунер Shawn Williams. Автомобилот доаѓа со 3,8-литарски V6 мотор. Последниот модел во coupe изведба кој го претстави Hyundai е HKS. HKS Genesis coupe доаѓа со 2-литарски мотор со сопствен HKS турбо полнач и Hipermax III суспензија. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
do kade e so euro5 normata na izduvni gasovi?
Изменето од volkswagen - 01.Декември.2008 во 19:34 |
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
za ljubitelite na GOLF
Прва фотографија од Golf Plus
На претстојниот саем за автомобили Volkswagen ќе ја претстави обновената моноволуменска изведба на Golf, каде е применета технологијата од шестата генерација на најпопуларниот компакт. Освен новата, шеста генерација на Golf, Volkswagen на „Bologna Motor Show“ ќе ја претстави и новата Golf Plus изведба. Станува збор за модел кој ја пополнува празнината меѓу класичниот компакт и компактниот моноволуменски Touran, која и не доживеа поголем успех. Сепак, новиот модел, кој има значително поатрактивен изглед би можел да го постигне тоа што не успеа Touran-от. Како и шестата генерација на Golf, така и Plus изведбата има значително поквалитетен ентериер, подобра суспензија, и посилен мотор. Уште од почеток во понудата ќе се најдат четири бензинци (1,4 со три изведби 80, 122 и 160 KS, како и 1,6 со 102 KS) и два дизел мотори (2.0 TDI со 110 и 140 KS). Сите погонски агрегати можат да се пофалат со намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни гасови. Според најавите, одредени агрегати ќе можат да се нарачаат и во комбинација со седум степенски DSG менувач. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Derbi GPR 50 реплика
Во чест на освојувањето на шампионската титула во класата до 125ccm во мото шампионатот, компанијата Derbi во продажба ја пушти специјалната серија од нејзиниот добро познат модел GPR 50. Специјалната серија е дизајнирана според шампионската машина од 125ccm, која сезонава го однесе Мајк ди Меџлио до шампионската титула. Машината се движи со помош на двотактниот мотор со течно ладење, кој развива околу 9 KS. Таа доаѓа со алуминиумски рам, обратно свртена предна виљушка со пречник од 40 милиметри и диск кочници од 300 милиметри. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потполно разоткриен Audi R8 V10
Audi ги откри спецификациите на R8 со V10 мотор пред неговото официјално претставување на саемот за автомобили во Детроид. Покрај неколкуте фотографии од внатрешноста и надворешноста, Audi на јавноста и ги пласираше и комплетните технички податоци за R8 V10. Според изгледот, најновиот член на R8 семејството многу и не се разликува од основните модели, ако воопшто и може да се користат вакви фрази кај R8. Сепак деталите како што се ниските странични прагови, единствените LED светлосни единици и сличната пикантерија откриваат дека станува збор за посебен автомобил. Посебноста, најмногу се должи на 5,2-литарскиот V10 мотор базиран на FSI технологијата. Истиот мотор е применет и кај супер спортскиот Lamborghini Gallardo LP560-4. И додека Gallardo-овиот мотор се гордее со 560 KS, кај R8 V10 агрегатот е донекаде припитомен и дава 525 KS. Според најавите новиот Audi од нула до 100 километри на час развива за 3,9 секунди, а максималната брзина е 315 км/час. Audi R8 V10 прво ќе пристигне на домашниот, односно германскиот пазар и тоа по цена од 140.000 евра. Првите купувачи својот нов автомобил ќе го добијат на пролет 2009 година. филигот мора да е јак, оваа кола еднаш да се вози.... хммм...на некој отворен автпат.... сета снага на атомобилот да е испробаш и осетиш Изменето од seka - 15.Декември.2008 во 15:10 |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
osvezena dacija logan?!!?
NEmav ni slusnato nikakva najava za ova nesto. Taze izleze a vejke ja gledam i vo taksi. Iskreno, iako ne ja sakam dacia kako marka , logan po faceliftingot mi se dopajga. BTw: da ne znae nekoj cena??? |
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новата E класа во Coupe изведба
|
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најавен е новиот ѕвер од BMW
На интернет се појавија првите фотографии од новиот модел на BMW Concept 5 Gran Turismo, кој би требало да почне да се произведува кон средината на 2009 година. Автомобилот е дизајниран како комбинација од SUV и караван, со поелегантен профил, а ќе биде и нешто подолг од обичната серија 5. Според информациите од BMW овој модел ќе биде наменет за група на корисници кои немаат потреба од X5, односно X6 автомобилите, но се заинтересирани за неконвенционален караван. Тролитарскиот бензински мотор ќе има снага од 232 коња, а турбо моделот од 322 коња. „Дизелашите“ исто така ќе имаат трилитарски мотори со моќност од 232 или 282 коња. Дизел верзијата ќе има погон на четири тркала, осум брзински автоматски менувач со stop-start технологија. Кога е во прашање внатрешноста на BMW 5 GT, моделот ќе има четири седишта, но компанијата тврди дека ќе се произведуваат и автомобили со пет седишта. Вкупниот искористен простор со подигнати седишта ќе изнесува 420 литри, а со спуштени ќе се добие дури 1.650 литри празен простор за багаж. BMW Concept 5 Gran Turismo ќе биде претставен во март на саемот во Женева, а производството ќе започне во мај. bez komentar
|
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
почнаа да ме нервираат вакви комбинации од SUV и караван, ќе биде или седан, или SUV или спортска кола и точка, не правете вакви хибридизирани глупости
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Внеси реплика | страница <1 678910 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |