|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 32> |
Автор | |
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Софрониј
Не можеме да го вообличиме внатре во нас образот Христов, освен ако не сме навистина соединети помеѓу себе, како што тоа Христос го бараше од Своите ученици. Љубете се еден со друг, за да познае светот дека сме Христови. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Софрониј
Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Паисиј Светогорец
Кој се радува кога луѓето го фалат, нему демоните му се смеат. Кај славољубивиот никој никогаш не наоѓа духовни плодови, а ако воопшто најде, тие ќе бидат шупливи. Додека пак, смирениот изгледајќи навидум духовно сиромашен, поседува духовно богатство. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MOJOT PASTOR
Ne treba da obrnuvame mn vnimanie na zliot zosto i najslabiot hristianin{ama vistinski hristianin}e ne izbroilvo pati po jak od zliot AMIN!!! Изменето од Pentakostalec - 10.Ноември.2008 во 15:48 |
|
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Ефрем Сирин
Ни во светот ни меѓу монасите никој не бива овенчан без борба. И никој без борба не може да стекне невенлив венец и живот вечен, зашто сегашниот живот сличен е на борилиште. Совршените борци радо и без приговор тргнуваат во борба, а плашливите и разгалените постојано ја одбегнуваат. Совршените борци и воздржливите подвижници пред очите секогаш го имаат рајот, и очекуваат во него да се насладуваат со неговите добра, во вечната светлина и бесмртниот живот. Сакаш ли да влезеш во оваа борба и да бидеш совршен? Постојано облекувај се во добродетелта, како во одежда. Или можеби веќе ја имаш на себе? Тогаш неизоставно и постојано на сите начини настојувај никогаш да не ја слечеш од себеси. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве еден интересен цитат:
...Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака, зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух... Доста корисен според мене, при разгледување на темата за Светите Отци и нивната улога... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старечник
Говореше Ава Макариј: „Ако е понижувањето за тебе пофалба, сиромаштијата – богатство, а недостигот – изобилие, нема да умреш, зашто не може да се случи оној што е правоверен и што се подвизува во благочестивоста да падне во нечистотијата на страстите и во демонска прелест. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Софрониј
Секој што вистински верува дека евангелските заповеди ни беа дадени од Единствениот Вистински Бог, од оваа вера црпи сила да живее според образот Христов. Верниот не си допушта критички пристап кон зборот Господов, но се поставува себеси под судот на тој Збор. Затоа самиот се препознава себеси како грешник и тагува над својата бедна состојба. Отсуството на тагата заради гревот покажува дека уште не ни се открила замислата за човекот од пред создавањето на светот. Вистински покајаниот грешник не бара возвишени созерцанија: тој е наполно зафатен со својата битка против гревот и страстите |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Никола Кавасила
Крштението е благодат на повторното раѓање на човекот со негово учество во смртта и Воскресението на Господа, тајна на создавањето на новото битие во Христа. Миропомазанието е благодат на полнотата на животот во Христа со печатот на Духот Свет, тајна на дејствувањето и активноста на битието во Христа. Тоа е дар на восовршување и светост, кој му се дава на оној што се крштева во Светиот Дух и во богатството на даровите на Светиот Дух: „Се крштеваме за смртта да ја умртвиме и со воскресение да воскреснеме; се миропомазуваме за да се родиме како заедничари на даровите на царското обожение |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Исихиј Ерусалимски
Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Никола Кавасила
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение. Ете зошто Светиот апостол Павле пишува: последниот враг за уништување е смртта (1 Кор. 15, 26). |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Паисиј Светогорец Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа тешко болен и тогаш бива издаден од својата кашлица.
|
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Паисиј Светогорец Природно, нечистиот дух не ги изнесува на видело добродетелите на луѓето, туку нивните слабости. Оние пак, што се ослободени од своите страсти, бидејќи немаат злоба, злото со добрина го поправаат. Ако видат некаде малку нечистотија која не се чисти, ја покриваат со плоча, за да не се згрози некој друг, ако ја види. А пак, оние што чепкаат по ѓубрето, личат на кокошки… Не е искрен и доблесен оној што ја кажува вистината в лице, ниту оној што ја обзнанува, туку оној што има љубов и вистински живот, што зборува со расудување кога има потреба, и го кажува потребното во соодветен час.
|
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала ти што ме потсети, брат
Свети Јован Лествичник Во длабочината на плачот се наоѓа утеха, и чистото срце прима просветлување. А просветлувањето е неискажливо дејство Божјо, што се сознава несознајно и се гледа невидливо. Утехата е освежување на болната душа, која како малечко дете во исто време плаче и почнува ведро да се насмевнува. Таа е поддршка и обновување на душата што потонала во тага и на чудесен начин солзите на болката ги претвара во солзи на радост. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Внеси реплика | страница <1 1213141516 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |