|
Тодор Александров и Ванчо Михајлов |
Внеси реплика | страница <12345 22> |
Автор | |
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 13:56 |
И понатаму продолжува:. Што се однесува до Бугарија, Централниот комитет, кога изјавува дека не е работа на ВМРО да се меша во внатрешниот и политичкиот живот, но дека ќе се бори со сите сили и средства против непријателите и злоупотребителите со нејзиното име и престиж, кои и да се и каде и да се наоѓаат тие, смета, дека е време, сите политички партии и фактори да разберат дека ВМРО е единствена компетентна да ја насочува својата дејност во преследувањето на својот идеал - слободна и независна Македонија. Тоа се налага особено од условите, што најголемо учество во ослободителното дело земаат македонските Бугари, поради простата причина, што тие се најпритеснетите и најмногубројните во поделената и поробена земја. Не е само долг на хуманост, туку е и национален долг, сите Бугари, без разлика на партија, да сочуствуваат со македонското дело, или најпосле, во никој случај да не му пакостат заради свои партиски интереси. Тоа било, тоа е и денес становиштето на Централниот комитет. Сите други манифести, декларации и др., коишто се појавуваат или би се појавиле од негово име, ги ангажираат само нивните автори и никого друг. Од Централниот комитет на ВМРО /п/ Тод. Александров /п/ А. Протогеров
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 13:57 |
Така така - што нечини НЕГИРАЈ - битно знаеш дека Александров бил против Бугарската влада и БУгарскиот цар,впрочем затоа и бил убиен по наредба на царот |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 14:03 |
Jас ништо не негирам-ти постирам документ одговор на Маjскиот манифест,коj го подпишале П.Чаулев и Протогеров,без Александров.И потоа излегува оваа декларациjа.А ако некоj е против владата или царот тоа не значи што последниот не се чуства дел од истиот народ.Ти ако не се со денешната влада на Груевски нели си оставаш пак македонец?
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 14:08 |
Тие не биле Бугари туку барале помош од Бугарската влада исто како што БУгарите барале помош од русите за ослободување од Османлиите.Кога Александров увидел дека Бугарите само ги лажат дека ке помогнат за ослободување на Македонија и создавање на независна држава тие кренале востание против Бугарите.А Александров ги пратил Чаулев и Протогеров да потпишат во негово име.
МАјскиот манифест е јасен и гласен |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 14:12 |
Тоа за потписот го знам, ама кога прочел на што е ставен потписот,Александров разбрал дека не е тоа, што очекувал.
...И самиот Александров набргу ќе сфати каква голема грешка направил со тоа што го потпишал манифестот. Затоа ќе прави сè текстот на Манифестот да не дојде до јавноста. Во една пригода на својот истомисленик Александар Протогеров ќе му се исповеда: Кога ги читав, се накострешив. Големи пакости ќе се направат со нивното публикување, не само на борбена Македонија, но и на целото бугарско племе... Ќе помислиме како да ја поправиме таа наша грешка. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 14:15 |
БУГАРСКО ПЛЕМЕ
Незнаеш веке што да напишеш - Александров во писмото кон Чаулев убаво напишал - Бугарските окупатори мора да разберат дека Македонија може да опстои само како независна држава или во балканска федерација |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 14:26 |
Александров е за автономна Македониjа, нема спор тука.Види што пишува во Меморандум на ВМРО до Големите сили, испратен во 1922 година:
...По промовирањето на договорите за заштита на малцинствата Македонците ја имаа надежта, дека општеството на народите ќе ги принуди Грција и Србија да ги применат предвидените права и слободи во овие договори, затоа што споменатите две држави доброволно тоа никогаш нема да го сторат: тие не признаваат да има Бугари, Власи и Албанци во Македонија. Никаде нема споменато за Бугариja,туку само Грциjа и Србиjа! |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 14:31 |
Има и такви писма не викам не но има и писма до Владата Бугарска каде што Александров вели „Неможе да не сопрете г.министре ние Македонците да имаме сопствена држава,јазик и нација,ние постоиме и вие тоа го знаете само прашање е дали ке ни помогнете во овозможување на нашиот сон или ке продолжите да лажете како вашите претходници.Ние побаравме пријателска помош а вие ако сакате само одбијте ја помошта и ке знаеме дека од вас ништо неможе да очекуваме“
|
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 14:36 |
Тоа последното го немам читано, ако имаш целото, постираj го;уште поубаво ако е оригинал.
А во истиот Меморандум Александров jасно пишува односно етническиот состав на македонското население: Г-н претседателе, Македонија во своите природни географски граници - на исток р. Места и Родопите; на север Рилскиот масив, Осоговските планини, Скопска Црна Гора и Шар планина; на запад Албанските планини и р. Црн Дрим; на југ р. Бистрица и Бело Море - има население 2 301 767 души. Таа е населена со разни народности, како што следи: Бугари - 1 095 355 или 48 % од целото население, Турци - 541 615 или 23 %, Грци - 253 366 или 11 %, Албанци - 184 315 или 8 %, Власи - 77 365 или 3.4 %, Цигани - 43 370 или 1.6 % и Евреи /со разни други/ - 106 360 или 5 %.... Македонија, октомври 1922 г. Централен комитет на тајната револуционерна организација: Т. Александар А. Протогеров П. Чаулев |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 14:43 |
Видиш јас го имам во друг пример ова исто писмо - Г-н претседателе, Македонија во своите природни географски граници - на исток р. Места и Родопите; на север Рилскиот масив, Осоговските планини, Скопска Црна Гора и Шар планина; на запад Албанските планини и р. Црн Дрим; на југ р. Бистрица и Бело Море - има население 2 301 767 души. Таа е населена со разни народности, како што следи: Македонци - 1 095 355 или 48 % од целото население, Турци - 541 615 или 23 %, Бугари - 253 366 или 11 %, Албанци - 184 315 или 8 %, Власи - 77 365 или 3.4 %, Цигани - 43 370 или 1.6 % и Евреи /со разни други/ - 106 360 или 5 %.... Македонија, октомври 1922 г. Централен комитет на тајната револуционерна организација: Т. Александар А. Протогеров П. Чауле |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 15:09 |
А како е каj тебе тоа
Протокол на ЦК на ВМРО за востановување на дејноста по Првата светска војна ...А. Во Македонија под српско ропство Организацијата си ја постави следната непосредна задача: Внатрешната македонска организација поради причини од внатрешен политички карактер и од тактички мотиви засега ќе содејствува наполно со сите, кои што се борат внатре по легален начин – врз основа на законите во државата и во согласност со другите поробени народности во Македонија и другите области на Југославија – за извојување на федеративно управување во Југославија со Македонија – рамноправен член во федерацијата. |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 15:11 |
Б. Во Македонија под грчко ропство, каде условите се многу различни и потешки, отколку во Југославија, Организацијата ќе има за главна и непосредна задача: да се зачува националната свест и името на бугарското население таму и да се најдат начини тоа да не емигрира – да не се примени договорот за „доброволно“ иселување, склучен меѓу грчката и бугарската влада, затоа што и без тоа бугарскиот елемент таму е значително разретчен од 1913 год. наваму.
|
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 15:15 |
Ако чекаш В-Македониjа под бугарско ропство,ке треба да те разочарувам-ваква не постои.
За да бидеме добро запознати што станува во Југославија, Грција и др. и за да можеме да го запознаваме опшественото мнение во Бугарија и странство за тешката положба на нашите сонародници, останати под ропство, во Софија се формира „Информационо биро во Претставништвото на Организацијата“, согласно чл. 131 и 132 од правилникот. За таа цел да се авансираат суми за набавување на неопходните книги, весници и списанија од Југославија, Грција и др., коишто го засегаат македонското прашање. Значи е виден односот кон Бугариjа-тука нема што да додадеме повеке. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 05.Ноември.2008 во 16:16 |
|
|
Внеси реплика | страница <12345 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |