IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Тодор Александров и Ванчо Михајлов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаТодор Александров и Ванчо Михајлов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 22>
Автор
Порака
Karamazov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 144
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2008 во 17:53
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

ПОвеке пати сум пишувал и пак ке напишам дека нападот на Ќустендил со чисто предупредувачки карактер кон самиот цар и владата на Бугарија,Т.Александров сакал да им даде на знаење на самите Бугарски власти дека Автономијата е тоа што Македонците го сакаат а не да станат Бугари или дел од Бугарија,за тоа и сведочи предупредувачкото писмо на Александров до царот и министритенамигнувањеСепак слоганот МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ кажува сеголема%20насмевка

ke moze li ova predupreduvacko pismo na Todor Aleksandrov do carot i ministrite nekade da go procitam. Ako nekade si go objavil odnapred se izvinuvam.
tre, tri, tra
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2008 во 19:28
Документот го постирав на форумот пред подолг период,има потпис на Александров а печат од организацијата но моментално неможам да го најдам затоа еве на кратко што сум запомнил од писмото ке напишам:

-

До Господата министри и царот на Бугарија

Господо!!!!!!!!!!

Од пред неколку месеци го напуштив Царството, угнетувано од тиранскиот режим, натрапен од Вашите другари и Вас, и заминав во мојата поробена татковина Македонија, каде ќе го исполнам, како што јас разбирам, својот долг кон несреќните сонародници. Ако мислевте, навистина, дека имате основа да се плашите од мене, додека бев во Бугарија, бар тука, се надевав, да ве ослободам од грижи од мене Вас, Вашите другари и вашите органи и орудија – јавни и тајни полицајци, комесари за згрижување на бегалците и други слични, кои што имаат не малку работа таму во Царството, ако сакаат да ги исполнат совесно своите служби ..., бидејќи мојата дејност тука, вон од пределите на Царството, ги засега исклучително поробеното население и српските и грчки власти. Каква беше мојата зачуденост, меѓутоа, кога дознав за мерките, кои што ги замислувале да ги преземете внатре во поробена Македонија!

Веќе неколку седмици наваму Ваши чиновници, инспектори, јавни и тајни полицајци, се растрчале по Софија, Ќустендил и на други места да собираат исфрлени од порано нејзини бивши членови за разни злосторства, како: убиства, грабежи, изнудувања, злоупотреба на пари и др. сл. од редовите на Организацијата – и да убедуваат и поткупуваат мои другари таму, како и многумина симпатизери на Организацијата, за да формираат и испратат чети од Бугарија, со цел тука да ме убијат. Залудни напори: организираното населеление тука сигурно ќе умее лесно да се справи со тие натрапници, како што тоа се правело не еднаш во минатото!

Според најсигурни информации главното Ваше орудие во таа злосторничка акција е Ѓорче Петров, назначен од Вас за претседател на комисијата за бегалците, доскорашен самонаречен претставник на бившата Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација и познат на бугарското општество и македонските средини под прекарот „Ѓавол на Организацијата“.

Бугарското општество би се потресло, ако ги изнесам сите факти, кои ми се познати, за таа Ваша злосторничка замисла, и тоа: организирањето на група на детективи во чета, која што веќе ја добила војничката опрема и сите инструкции; обидите за назначување на специјален човек по границата, задолжен со мисија да го олесни влегувањето на проектираната хајка во моите траги тука; полуофицијалната изјава на еден Ваш пограничен администратор, дека најголем триумф за Вашата влада би било моето убиство и сл... Знам, дека за да го оправдате своето злосторство пред оние пристојни луѓе, кои сеуште останале покрај Вас, сте ја пуштиле интригата, дека јас сум правел завера, заедно со демократите, против ценетиот живот на министрите, со цел да падне сегашниот кабинет, за да биде заменет со демократски. Таа клевета ја оставам на Ваша сметка, бидејќи сите знаат, дека јас не и припаѓам на никоја бугарска партија и нема да влезам во партија до ослободувањето на Македонија.

Знајте го следното: никој не може да ми го одземе правото да располагам со својот живот како што ќе најдам за добро, и во рамките на моите можности и сваќања да и служам на мојата поробена татковина.. Кој ќе се обиде да го стори тоа, уверен сум, - благодарение на закрилата на Провидението и на поддршката на организираното македонско население, - во секој случај ќе си ја скрши главата.

Со почит: Тодор Александров

Но ке додадам и едно друго писмо од Александровголема%20насмевка

„До членовите на В. М. Р. Организација
во Македонија
и до нејзините истомисленици зад границата.

По тешката голема војна (1914-1918 год.), којашто им причини многу пакости и несреќи на речиси сите народи во државите-победителки, победени и дури и неутрални — особено на народите во цела Европа — нашата многунапатена херојска татковина Македонија остана пак поробена и распарчена. И покрај програмата за траен мир во Светот, прогласена од претседателот на Сев. Американските соединети држави и прифатена од големите сили на Спогодбата, програма, изразена главно во познатите 14 точки — новото политичко евангелие на народите — при определувањето на судбината на Македонија гласот на нејзиното храбро и измачено население не беше слушнат, ниту пак беше почитувана неговата волја, изразена со толку херојски борби. Но... « не се гаси тоа што не гасне » !

Борбата за ослободувањето на Македонија ќе се продолжи, додека се извојува бар автономно управување за трите делови на таа област, сега распарчена меѓу Србија, Грција и Бугарија. Таа цела, обединета, независна или автономна Македонија може да биде поставена под покровителството на Советот на Општеството на народите или на една од големите сили, членови во него, или дури може да влезе во Југословенската држава, како рамноправен член во една федерација, ако Србите го прифатат федеративното управување во новата држава.

Внатрешната Организација во својата желба да олесни извојување на подобно автономно управување за Македонија, ако е возможно по легален начин — без жртви, без револуции и војни — реши за сега да ги поткрепи сите здруженија и партии од Македонија, како и сите политички партии во др. области на Српско-хрватско-словенската држава, коишто се борат за извојување на федеративно управување во Југославија, кога секоја област се управува самостојно и влегува како рамноправен член во федерацијата.

За постигање на горната цел, се повикуваат сите членови и симпатизери на Орг. да работат во следниот дух:

1). При општинските избори, кои ќе бидат на 22 август о. г., сите коишто имаат право на глас, да го дадат својот глас за претходно определени добри свои сограѓани или соселани, коишто ќе може да ги заштитуваат најдобро интересите и правата на населението и да го олеснат добивањето на изборите за пратеници.

2). Кога ќе се прават изборите за основачкото народно собрание (основачката скупштина), сите избирачи да гласаат за најдостојните месни народни водачи, што останале да живеат тука, коишто ќе можат најдобро да се борат во основачката скупштина, заедно со сите хрватски, словенски, босански и др. пратеници, коишто ја преследуваат истата цел, за извојување на федеративно управување во Југославија.

3). Ако српската шовинистичка власт попречи, и не дозволи да се изберат за пратеници месни водачи, сите избирачи да го дадат својот глас за комунистите, под услов тие да прифатат во прво време да се борат за федеративно управување и за применување на договорот за малцинствата.

4). Првенците во градовите и селата кадешто порано имало  училишта, грабнати од Србите и претворени во српски или затворени, да поднесат барања до владата во Белград, со преписи до советот на Општеството на народите и до полномошните министри на Сев. Американските соединети држави, на Англија, Франција, Италија, Јапонија и др., со коишто барања да се бара враќањето на тие училишта на населението, за децата да учат на родениот МАкедонски мајчин јазик, како и за применувањето на „Договорот за заштита на малцинствата во Српско-хрватско-словенската држава“, којшто договор е изработен од државите на Спогодбата, и прифатен од Југославија (тука Ви се приложуваат неколку отпечатоци од тој договор за раководење, како при составување на барањата, така исто и при понатамошната работа за неговото применување).

Пожелно е барањата да се поднесат поскоро и истовремено од повеќе градови и села, откако се согласат, ако е возможно, тоа истото да го направат и турските, влашките др. малцинства, кадешто има такви.

Ако таа легална борба не успее, настаните ќе не научат што да правиме понатаму.

Големата војна не е се уште завршена. Руската советска република води војна на сите страни, покрај другите свои цели, уште и против насилничките договори, изработени во Париз. Турците во Тракија и Анадолија исто така се фатиле за оружје и се во војна со Грција и дури со Англија и Франција против несправедливиот мир, кој сакаат да им го наложат. Освен Русија и Турција, незадоволни од пропишаните жестоки, несправедливи и насилнички договори за мир на победените држави, како и на целите народи на победените држави се Германија, германска Австрија, Унгарија и Бугарија, исто така и голем дел од населението во државите победнички и неутрални.

Создадената положба е толку нетрајна, што се возможни секакви и брзи изненадувања.

Од нас се бара само сплотеност, упорност, тврдост и вредна работа, за да се изведе борбата до близок и успешен крај - да изгрее пак сонцето на слободата над нашата поробена татковина Македонија.

Со мн. Срдечни поздрави,
Чл. Од Ц.К. на Орг.
Богдан

Македонија,
28/VI 920 год.“

Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2008 во 12:09
Todor Aleksandrov mozebi se deklariral kako Bugarin ponekogas...vo ponekoj Ruski vesnik,bidejki od nepoznati pricini bil primoran,no zatoa vo zapadno evropski vesnici se izjasnuval kako Makedonec i e poznato deka se osekal kako Makedonec,i se dokazal deka se bori za Makedonskite interesi.
A Vanco Ivanco e druga prikazna.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2008 во 14:01
Да не си се префрлил ти на Иванчо Ванчо Михајлов бидејки тој е влавот кој го уби Александров и направи предавство на целата кауза за која Александров 20 години се бореше - МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.

Друго да те исправам - не кренале Македонците у Бугарија глава поради заштита на правата на Бугарите во СХС туку кренале глава за неисполнетиот договор за обединување и автономија на Македонија и Македонците кои по големата војна сеуште останале поробени од Бугарија,Србија,Албанија и Грција.Поради тоа востание и завземање на Ќустендил и Неврокоп Бугарите и го убиваат Александров а се знаат извршителите и нарачателите,главниот нарачател е влавот И.Михајлов.

Тодор Александров е херој и има неколку негови споменици во Македонија кои се изградени од Македонци за неговото дело - НЕЗАВИСНА И СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА.Така пишува и на плочите на спомениците а слоганот кој тој го изградил - МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ стои на неговите црно-црвени знамиња кои се виорат околу биститенамигнување
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2008 во 14:53
БЕз разлика на верзиите Александров оставил безброј писма кои сведочат за сите случувања уште од пред неговиот револуционерен живот и за време на неговиот револуционерен живот.Писмата се сочувани во оригинална состојба и издадени во книга за Александров.Таму можеш многу да дознаеш за него и превласта во ВМРО.
Ако ти кажале дека Михајлов бил човек на Александров и пробал да го заштити ти верувај во тоа ама мене неможат да ме излажат затоа зошто многу јасно неколку пати Михајлов искажал незадоволство на работата на Александров и пробал преку други луѓе да го тргне од чело на ВМРО за да дојде тој на тоа место.Прочитај понекогаш оригинални изданија а не само прераскажувања и бајки разубавени и дотерани да слушашнамигнување
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2008 во 00:08
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Очигледно вас во Бугарија ве учат на други нешта - се се сведува на таа работа не е работа - и востанието на Александров не е востание.Ти се молам доволно Бугари и Срби го каљаа овој виден МАкедонски деец неговите зборови го красат неговото дело а тие се МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕнамигнување

И да е востание, тоа е востание против власта. Во Бугарија во тоа време има повеќе бунтови и востанија. Најголемо е Септемвриското, кое и нема некоја посебна врска со Македонија. Во гушењето на Септемвриското учествува и Александров. Значи, малку по ќустендилските и неврокопските случувања, Тодор е пак во служба на бугарската држава. И кој е тука против кого? Септемвриското востание е задушено во крв, артилерија, војска и полиција. Подоцна се убиени и многу видни луѓе, меѓу кои и поетите Гео Милев и Христо Јасенов
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2008 во 00:23
Ти се молам не мешај баби и жаби,Александров да се кренал против државата но против држава која му поробила дел од татковината Македонијалутиналутина
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2008 во 00:46
Извини ама Александров во текстовите за странските весници воопшто не прави разлика од Бугарија до Србија и Грција - за него се сите три окупаторски земји.Можеби пред првата светска војна верувал Александров на Бугарскиот цар дека ке се заложи за поништување на Бук*решкиот договор и исполнување на рамките за Македонија од Берлинскиот договор за Автономна и Независна Обединета Македонија но по завршетокот на светската војна видел Александров колку е саат и веке не му верувал на Царот ниту на бугарските влади од тоа време туку како што пишува Лерински - Александров повторно на Македонските лавови им навлече волчји кожи и ги прати во планина да се изборат за својата слобода и независностнамигнување
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2008 во 01:06
Бил разочаран од бугарската политика за Македонија. Точно. Македонија му била над се`. А што се однесува до царот, па на царот не му верувале голем дел од самите Бугари. И зар не се откажа Тодор од Мајскиот манифест?
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2008 во 01:31
Точно така Македонијас му била над се или поубаво кажано МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ конечно да се сложам со тебе.Многу си блиску до вистината само продолжинамигнување
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2008 во 09:32
Една од најспорните личности во македонската историја е токму Тодор Александров... и тоа не затоа што бил спорна личност самиот, а заради интерпретациите од страна на двете окупаторски сили - Србија и Бугарија.
Дали има негативни работи врзани со него? Да, се разбира - извршил доста убиства во тоа време, исчистил доста од тогашното раководство... но - тоа било редовна практика во ВМРО и претходно во ТМОРО (не го оправдувам, само констатирам). Негативните критики кон него пред се се правдаат со убиството на Ѓорче Петров, но таканаречените историчари во Бивша Југославија забораваат да споменат дека самиот Ѓорче е виновен за многу поголеми чистки во организацијата во претходниот период.
Во врска со завземањето на Ќустендил и воопшто неговиот став кон царот и власта во Бугарија...
Пред договорот во Бук*решт, веднаш по Лондонскиот договор, бугарската власт ги убедува тогашните лидери на ВМРО да застанат на страна на Бугарија, со ветување дека тоа што го прави е со цел автономија на Македонија и евентуална идна независност. За жал, тогашното раководство поверува во таа приказна. Не е само Александров - туку и Сандански, Ѓорче, Протуѓеров и уште неколкумина...
Веднаш по Бук*решт се разбира дека тоа не се случува така како што било договорено... Но - почнува уште една војна, во која повторно - лажни ветувања. Но - тоа биле единствените ветувања врзани со автономна Македонија. Србија и Грција дури не ни даваат такви ветувања.
Кога се гледа дека тоа не се случува повторно - тогаш стапува на сила доста непријателско настроение кон тогашната власт. Пиринска Македонија била целосно под нивна контрола и власт. Бугарската држава немала никаква улога во тој дел, се до 1924-та година. Не само, ами се осудуваат да го нападнат и Ќустендил, кој не се наоѓа на територијата на Македонија.
Во почетокот на 20-тите години се случува најголемиот пресврт во полза на организацијата. Бегалскиот бран од Грција, кој следува по потпишувањето на договорот за размена на население, налага илјадници македонци да се населат во Бугарија. Поголемиот дел од нив се населуваат во предградие на Софија (денес, кажи-речи во центарот на градот се наоѓа тој кварт). Одеднаш - во центарот на царството - Александров има моќна армија, илјадници луѓе предани само нему и на никој друг и не само, ами плаќаат данок само и единствено на организацијата, а не на државата. Тоа предизвикува сериозна криза во Софија, заради неможноста да се контролира таа ситуација, како и постојаните атентати врз бугарски политичари од страна на организацијата.
За да ја намали моќта на Александров во Софија, Царот дава одлука да се иссели голем број од доселените македонци и да се раселат низ Бугарија. Се надеваат дека на тој начин ќе ослаби силата на Организацијата. Носат стотици и илјадници луѓе во Варна, Русе, Бургас, Велико Трново, Стара Загора...
Што се случува потоа... расселените, наместо да се претопат и адаптираат на бугарското население и услови, тие повторно се групираат во македонски маала. Наместо да се ослаби моќта на организацијата во Софија, одеднаш таа моќ и влијание се шири низ цела Бугарија. Голем дел од тие луѓе се занимаваат со занаети и трговија и се доволно финансиски моќни.
Оттаму и зголемената моќ на организацијата и оттаму идејата дека повторно може да се врати на сцената преку политички декларации и меѓународно влијание (да не забораваме - речиси целото раководство на ВМРО од тоа време членува во масонската ложа). Тогаш и во тие услови се случува Виенскиот Конгрес. Кога тоа се случува - Бугарија разбира дека нејзината игра на заведување на организацијата не успева и решава да го отстрани најопасниот човек - Тодор Александров.
Грешката на Александров е тоа што премногу долго е на чело на организацијата и не остава зад себе наследници. Со силна финансиска и воена помош, на чело на организацијата е поставен Ванчо Михајлов, кој е влав (некој спомна дали во Штип има власи - да има, ги викаат куцо-власи, проверете). Михајлов има само желба за превласт и не бира средства. Разбира дека единствено слободно ќе може да работи ако е приврзаник на Бугарија и сосема слободно се препушта на таа идеја. Тој е првиот лидер на Вмро кој не е со левичарска ориентација, напротив - тој е крајна десница и како економски и како политички погледи.
Веднаш по елиминирањето на Александров, Бугарија почнува масовна кампања за конвертирање на македонското население, особено доселениците. Се случува интересен феномен - родителите се со крајно про-македонска ориентација, а децата се со про-бугарска, затоа што училиштата и специјалните детско-образовни кампови кои се измислуваат за целта, буквално им ги мијат мозоците. Самиот познавам доста семејства во Бугарија (7 години живеев таму), кои сеуште се поделени во однос на идејата за Македонија - до таква степен што брат со сестра не зборуваат затоа што едниот вика Македонија на Македонците, другиот вели - Македонија е бугарска.
Тоа се поддржува од соц системот и се стигнува до ситуација во која македонците во Бугарија се сметаат за бугари, македонците во Македонија се сметаат за југословени или во најмала рака про-српски ориентирани, македонците во Грција, делумно се конвертираат во грци, поголем дел се протерани, а останатите остануваат и ден денес да се борат за својата правда, затоа што никој друг не го прави тоа за нив.
Сите тврдења дека Бугарија е на страната на Македонија и на Македонците и дека Македонија е Бугарска паѓаат во вода, со самиот факт што Бугарите кога зборуваат за Македонија - зборуваат само за Вардарскиот дел. Се тепаат за права на "бугарите" во Вардарска Македонија, се искршија да градат споменици во Велес и Охрид, да донираат книги во Пустец и Мала Преспа...
Ниеднаш не слушнав ниеден бугарски политичар или заблуден македонец во Бугарија да каже нешто за правата на македонците во Грција! Ниеднаш не слушнав ниеден од нив да се бори за имотите на македонците таму! Ниеднаш не слушнав некој да бара учење на мајчин јазик во Грција или да гради споменик на Сандански во Солун на пример! А зошто е тоа така? Затоа што има официјален договор меѓу Бугарија и Грција во врска со тоа прашање уште од 20-тите години. И никој не го отворил оттогаш. Ако е Македонија бугарска земја - тогаш 51% од таа земја во моментов се наоѓа под туѓа окупација и тоа од земја со која се во иста меѓународна унија - ЕУ. Зошто толку грижа за оние 38-9% територија, а ниту збор за 51%?!
Секогаш кога ќе почнеа да ми објаснуваат дека сум бугар, само што србите ме научиле дека сум македонец, јас им велев - кога Бугарија ќе застане цврсто зад Македонците во Грција и ќе се избори за нивните права, ќе се избори за враќање на исселените и за враќање на нивните имоти - јас ќе бидам прв што ќе се пише бугарин...
До ден денес, како што реков - ниеден бугарски политичар не се осудил да го направи тоа!
Do what is right, come what may...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 15:02
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Јасно и гласно

аплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплауз
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 13:45
Точно така јасен е и гласен дека сака Македонија на Македонците - слободна,обединета и независна Македонија на почетокот а подоцна кога видел колкави непријатели му се и Бугарите барал Балканска федерација - памтиш Мајскиот манифестнамигнување

Изменето од Boogie - 05.Ноември.2008 во 13:46
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 13:54
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Точно така јасен е и гласен дека сака Македонија на Македонците - слободна,обединета и независна Македонија на почетокот а подоцна кога видел колкави непријатели му се и Бугарите барал Балканска федерација - памтиш Мајскиот манифестнамигнување

После има декларациjа:
В М Р О
Слобода или смрт
N 772
1 август 1924 г.
Македонија

Д е к л а р а ц и ј а

Во првиот број на весникот “La Federation Balcanique”, кој излегува во Виена е напечатен еден манифест, кој й се препишува на Централниот комитет на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.

Овој документ не е на Централниот комитет.

Од содржината и формата на овој манифест секој може да види, дека тој е дело на егзалтирани комунисти. Остриот јазик против владата на Бугарија и апелот кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа, како да е таа главната пречка за ослободувањето на Македонија, исто така ги издава партизанските чувства на неговите автори.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.