IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За покајанието
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За покајанието

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 07:25
свети Исаак Сиријски

Покајанието е трепет на душата пред вратите на Царството.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 10:02
Преподобeн Макариј Велики (IV век)

Делото на покајание се врши преку три добродетели: 1) очистување на помислите; 2) непрестајна молитва; 3) терпение кога ќе не постигнат скрби.





Изменето од Maran Ata - 03.Ноември.2008 во 10:02
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 18:49
Еве што вели старец Тадеј:
„Ние сега, во земјава, а и во светов, ги береме плодовите на нашите мисли и желби. Не ни се добри мислите, не ни се добри желбите - не може ни плодовите да ни бидат добри. Треба да се покаеме, да го промениме животот. Покајанието не подразбира само одење кај свештеник, туку потребно е душата да се ослободи од тие мисли и депресии, во кои западнала поради кривите линии во животот. Покајанието е промена на животот, свртување кон апсолутното добро, и оставање на негативната страна. Тоа слабо го има и кај побожните, и поради тоа страдаме. Кога би се покајал нашиот народ, не би го доживувал и ова страдање сега, затоа што, самите ние со своите желби и мисли си го комплицираме животот. Јас тоа претходно не го знаев, ама сега гледам дека сум крив за се`, и тоа како сум крив за се. Јас многу се зачудив, кога Светите Отци себеси се сметале за најлоши од сите луѓе.“

љубов Самите себе, еден со друг, и сиот наш живот на Христа Бога да Му го предадеме.
Кон врв
ENERGICAR Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ENERGICAR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 13:00
"OPROSTINI GI NASITE DOLGOVI KAKO STO IM PROSTAVAME I NIE NA NASITE DOLZNICI".
Sto znaci, prosti si samiot sebesi a BOG koj e vo tebe ke ti prosti tebe. Ili, koga ke mu prostis na nekogo nema poveke da te maci toj problem. Silata e vo stvorenoto a slavata e vo nas.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 18:29
Интересно е да се забележи дека животот на духовниот човек се разликува од животот на световниот човек во поглед на покајанието.
 
Денешното општество за свој темел ги има хуманизмот и суетата. Во мисловниот процес на општествениот човек се протнува нитка за себезаштитување, односно одбрана на своето достоинство (било на личносно, социјално или национално ниво). Таквиот човек многу тешко може да ја прифати идејата за духовното преумување. Реално гледано, можеби е добар, прави добри дела, но кога ќе дојде моментот на напад врз него лесно се разгневува, наместо да каже: „Во право си, прости“. Многу добар пример е, на работа, кога на некоја заедничка обврска работат повеќе луѓе, и поради нешто (дури не мора да е нечија грешка), обврската не била завршена како што треба, а тоа се одразило врз ефективноста на компанијата. Кои се најчестите реакции на луѓето кои ја имале обврската:
„Делот што беше неуспешен, не ми беше мене даден“;
„Направив грешка, ама никој не ми објасни како се прави тоа“;
„Јас ја утнав обврската, ама шефот ми нареди така да правам“...

Таквиот човек доста често е и задоволен од самиот себеси, се смета за добар и праведен, и дека ги исполнува своите задачи (и ги дава своите плодови навреме)... а истовреме смета дека другите се носители на зло (во зависност од суетата - зло насочено спрема општеството, или зло насочено спрема него самиот).

Од друга страна, кај духовниот човек идеалот го рековме: „Јас сум крив за се`“. Тој не мисли дали ќе си наштети себеси (ќе го избркаат од работа), не мисли дека всушност друг го наместил, едноставно, тој човек знае дека е грешен, па својата утеха ја бара единствено пред Господ.
„Јас сум најголемиот будала, во право е другиот“...
Секое едно ама многу лесно човекот може да го турне назад.. кон сопственото себељубие.
Кон врв
bratljube Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bratljube Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 23:22
Izborot megju svetosta i gresnosta e izbor megju zivotot i smrtta. Ova ne e obicen izbor na sklonost, tuku zivotno prasanje.

Taka, pokajanieto ne e obicen izbor pomegju teizam i ateizam, tuku sustinsko prasanje na sto ni e pomilo: slastite i strastite (i so niv i smrtta) ILI svetosta (i so nea i zivotot).

Pokajanieto e moment na vistinskoto spoznanie, moment koga covekot spoznava deka patot dosegasen go vodi vo smrt, a istovremeno go sogleduva i noviot pat koj mu se otvora.

Vo toj moment covekot ja sogleduva i neverojatnata skapocenost na svetosta, slika koja dotogas mu bile sosema nepoznata. Vo svetosta pokajnikot se gleda sebesi vo edno neverojatno vozviseno ruvo, vo sovrsenosta vo koja dotogas ne mozel ni da se zamisli, a sega odednas svakja deka so Bozja pomos MOZE.

Taka pokajanieto od sostojba na sozaluvanje za dosegasniot zivot na gresnost, stanuva rapsodija na radost zaradi novootkrieniot potencijal na svetosta. kako sto pisuva i golemiot gresnik (no i pokajnik) David:

Ti go preobrati placot moj vo igranje;
crninata mi ja soblece i vo veselba me oblece. (ps. 30:11)
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 10:01
Како може човекот од состојба на паднатост да се врати кон мислата за Бог. Па, доволно е да се сепне, и да се сети за што е повикан да сведочи (слично му се случи на блудниот син).

Еве како го објаснува ова дедо Наум:

„А кога дојде на себеси, рече: колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас пак умирам од глад. Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе му речам: татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници. Па стана и отиде при татка си.“

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла, и дека без Бог вистински не ни постоиш и во духовна и во материјална смисла! Тоа може да се случи на два начина: или кога со неисполнување на Божјите заповеди, односно кога со неправилен духовен живот, човек сосема ќе се одголи од Божјата благодат; или кога со правилен духовен подвиг човек го достигнува обожението. Првото е да се види себеси расчовечен, а второто е да се види себеси (колку што може) во споредба со Божјото совршенство. Тоа првото му се случило на блудниот син.

Но што е тоа што во тие моменти може да го спаси човекот? – Опитот од претходно воспоставениот однос со Бог и човековата слобода, која, според светите Отци, демонот никогаш до крај не може да ја оневозможи. Да се потсетиме што кажавме во првиот дел од беседата: Бог само внимава да не ја наруши нашата слобода, а со тоа и нашиот взаемен однос Родител – дете. Деца, ние немаме ништо посвето од овој однос! Овој однос е единствената надеж на нашето спасение! Токму на овој однос, Татко – дете, се присетува во тие безизлезни моменти блудниот син и токму тој однос, воопшто неповреден од Татковата страна, го спасува. Од каде го знаеме ова? Од самото освестување на фактот дека токму тој однос е нарушен и дека тој самиот е виновен за нарушувањето на тој однос: „татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!“ Секако на тој однос ‘малку го потсетил’ и празниот стомак, односно полнотата на животот што претходно ја чувствувал во радоста на првата благодат.  

Наше е само да имаме добра намера, да го употребиме дарот на слободата за градење на заедница со Бог и да се подвизуваме во таа насока, а сè друго е дело на Божјата благодат, која ни содејствува. Без Бог и без Божјата благодат ние ништо не можеме да направиме! Тоа значат зборовите: „И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали над него, па потрча, го прегрна и го целива.“ (Само да напоменам, токму ова се случува при добивањето на дарот на умносрдечната молитва.)

„И синот му рече: татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум достоен да се наречам твој син.“ Помладиот син не ја завршува претходно замислената молба: „но прими ме како еден од своите наемници!“ Зошто? Затоа што е беспредметно тоа да го рече гледајќи го доследното родителско однесување на својот Татко, кое и самиот него го одредува и го удостојува со називот „син“. Татко, значи, како да не се случила неверност и нарушување на односот, и при повторното среќавање се однесува како кон свој син: „И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали над него, па потрча, го прегрна и го целива.“

И како уште се однесува таткото?

„А таткото рече на слугите свои: изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; па дотерајте и заколете угоено теле: да јадеме и да се веселиме, оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде. И почнаа да се веселат.“

Се случува: обнова на благодатта, потврда на односот и просветление на умот, добивање на сила и свест за поголем подвиг кој води кон совршенство, учество во светата Евхаристија и причестување со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови. Бог, како што вели свети Григориј Палама, ги дарува оние што живеат во вистинско покајание со такви дарови кои, кај оние што неправилно се подвизуваат, предизвикуваат завист.

п.с. Велам доволна е искрената намера, затоа што Бог е Бог на Љубовта.. (го виде уште од далеку!!!)
Кон врв
bratljube Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bratljube Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 11:32
Originally posted by makarios makarios напиша:

п.с. Велам доволна е искрената намера, затоа што Бог е Бог на Љубовта.. (го виде уште од далеку!!!)


dovolna iskrenata namera?

a kade se ovde delata?
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 14:41
gledam so rekol Tadej,Madej ha

abe glejte so rekol ISUS more pravoslovci.
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 14:54
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

gledam so rekol Tadej,Madej ha

abe glejte so rekol ISUS more pravoslovci.


Братче, еднаш објаснивме и за тоа.
Кон врв
bratljube Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bratljube Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 16:02
Originally posted by makarios makarios напиша:


Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

gledam so rekol Tadej,Madej ha

abe glejte so rekol ISUS more pravoslovci.
Братче, еднаш објаснивме и за тоа.


ubo vi vika pentakostalec. da se drzevte do Isus, nemase da ima ni potreba da 'debatirame' na forumov.
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 16:40
Brat4e da gledaa oni so vika ISUS nema nikoas da se molat na ikoni i poklonuvaat i prenesuvaat zrtvi na ikonite:
BOG ISUS nigde ne vika vo bibliata deka trebas da se molime na "Marija" "Sv,jovan"i dr.
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 20:32
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

Brat4e da gledaa oni so vika ISUS nema nikoas da se molat na ikoni i poklonuvaat i prenesuvaat zrtvi na ikonite:
BOG ISUS nigde ne vika vo bibliata deka trebas da se molime na "Marija" "Sv,jovan"i dr.



Жртви на иконите?
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 20:48
svekjite
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.