За покајанието
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16452
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 12:04 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: За покајанието
Постирано од: makarios
Наслов: За покајанието
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 00:39
Ајде малце да проговориме за покајанието. Што е тоа? Како е можно да се каеме, ако не сме згрешиле?
|
Коментари:
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 00:41
За оваа дискусија најпрвин неопходно е да го дефинираме гревот.
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 00:41
makarios напиша:
Ајде малце да проговориме за покајанието. Што е тоа? Како е можно да се каеме, ако не сме згрешиле? |
провери назад мислам дека има таква тема - повик кон покајание...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 00:44
AlDra напиша:
За оваа дискусија најпрвин неопходно е да го дефинираме гревот. |
Во право си.
Ајде...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 00:46
Да не знаев, ќе пишам таму, админите може да ја избришат оваа тема
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 00:54
Гревот е прекршување на Божјиот закон. (1. Јов. 3:4)
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 00:58
makarios напиша:
Да не знаев, ќе пишам таму, админите може да ја избришат оваа тема |
Макариос, ај обиди се да ја преименуваш темата, нешто за гревот сам по себе да пишуваме, не е лошо...а паралелно пак со тоа ќе си пишуваме и на Покајание-темата.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 00:59
Grevot e bunt protiv Bog.Sprotistavuvanje na Bozjite uredbi.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 01:03
Гревот е пад на човекот.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 01:26
Ок, ајде, сепак овде ќе пишуваме...
Зборот покајание доаѓа од грчкиот збор метаноја, кој во буквален превод
значи преумување. Тоа пак што значи? Значи, да се премислиме за нешто.
Досега мислев вака, отсега ќе мислам поинаку. На пример, досега сакав
да излегувам со оваа женска, сега сакам со оваа другава. Или, досега
сакав да живеам во стан, сега сакам во куќа со базен. Друг пример,
досега ми правеа почест другарите, отсега сакам да ми прават почест и
комшиите. Сите овие се примери на покајание. Но, за своја основа ги има
страстите (сластољубие, среброљубие и славољубие).
Вистинско покајание е она, кое како критериум го има Христос. Тоа што
значи? Тоа значи, целиот мисловен процес да го насочиме кон Христос.
Јас сум крив за се`. Ова „јас сум крив за се`“ води до „Господи помилиј“. Ако преумувањето е вистинско, тогаш тоа „јас сум крив за се`“, односно „Господи помилуј“ ќе стане секојдневна мисла, која умот ќе ја практикува. Постепено, тоа се вселува и во срцето и се раѓа внатрешната молитва...
Ама.. битно е да се почне. Зависи кој што сака во животот..
|
Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 01:29
Гревот е егзестенционално промашување, а покајанието враќање кон Бога.
покајанието не е емоција , покајанието е промена на умот. Свртување на свеста за 180 степени.
Покајанието не е ни момент, и туку пред се тоа е процес кој заради нашата огревовена природа и духован немоќ, кој трае се до смртта.
Покајание е еден од најголемите дарови кои Господ ни ги дал во Црквата за спасението.
Покајането без плодови на покајание е празно, а без исповед јалово.
Покајанието и исповедта се две неразделни добродетели.
------------- Господи Исусе Христе помилуј не
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 01:30
makarios напиша:
Ок, ајде, сепак овде ќе пишуваме...
Зборот покајание доаѓа од грчкиот збор метаноја, кој во буквален превод значи преумување. Тоа пак што значи? Значи, да се премислиме за нешто. Досега мислев вака, отсега ќе мислам поинаку. На пример, досега сакав да излегувам со оваа женска, сега сакам со оваа другава. Или, досега сакав да живеам во стан, сега сакам во куќа со базен. Друг пример, досега ми правеа почест другарите, отсега сакам да ми прават почест и комшиите. Сите овие се примери на покајание. Но, за своја основа ги има страстите (сластољубие, среброљубие и славољубие).
Вистинско покајание е она, кое како критериум го има Христос. Тоа што значи? Тоа значи, целиот мисловен процес да го насочиме кон Христос.
Јас сум крив за се`. Ова „јас сум крив за се`“ води до „Господи помилиј“. Ако преумувањето е вистинско, тогаш тоа „јас сум крив за се`“, односно „Господи помилуј“ ќе стане секојдневна мисла, која умот ќе ја практикува. Постепено, тоа се вселува и во срцето и се раѓа внатрешната молитва...
Ама.. битно е да се почне. Зависи кој што сака во животот..
|
Да, битно е да се мрдне од мртва точка.
Кои прашања да си ги постави човек на тој пат? Некој и незнаат што сакаат од и во животот.
Од каде да се почне?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 01:33
Па, добра движечка (почетна) сила е стравот Божји.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 02:35
Душо моја, душо моја, разбуди се, зошто спиеш? Крајот се приближува, ќе се исплашиш. Сепни се, за да те поштеди Христос Бог, Кој секаде е и се` исполнува.
( http://www.mediafire.com/download.php?zdbjwyk0mnu - на руски )
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 07:25
свети Исаак Сиријски
Покајанието е трепет на душата пред вратите на Царството.
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 10:02
Преподобeн Макариј Велики (IV век)
Делото на покајание се врши преку три добродетели: 1) очистување на помислите; 2) непрестајна молитва; 3) терпение кога ќе не постигнат скрби.
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 18:49
Еве што вели старец Тадеј: „Ние сега, во земјава, а и во светов, ги береме плодовите на нашите мисли и желби. Не ни се добри мислите, не ни се добри желбите - не може ни плодовите да ни бидат добри. Треба да се покаеме, да го промениме животот. Покајанието не подразбира само одење кај свештеник, туку потребно е душата да се ослободи од тие мисли и депресии, во кои западнала поради кривите линии во животот. Покајанието е промена на животот, свртување кон апсолутното добро, и оставање на негативната страна. Тоа слабо го има и кај побожните, и поради тоа страдаме. Кога би се покајал нашиот народ, не би го доживувал и ова страдање сега, затоа што, самите ние со своите желби и мисли си го комплицираме животот. Јас тоа претходно не го знаев, ама сега гледам дека сум крив за се`, и тоа како сум крив за се. Јас многу се зачудив, кога Светите Отци себеси се сметале за најлоши од сите луѓе.“
Самите себе, еден со друг, и сиот наш живот на Христа Бога да Му го предадеме.
|
Постирано од: ENERGICAR
Датум на внесување: 04.Ноември.2008 во 13:00
"OPROSTINI GI NASITE DOLGOVI KAKO STO IM PROSTAVAME I NIE NA NASITE DOLZNICI".
Sto znaci, prosti si samiot sebesi a BOG koj e vo tebe ke ti prosti tebe. Ili, koga ke mu prostis na nekogo nema poveke da te maci toj problem. Silata e vo stvorenoto a slavata e vo nas.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 04.Ноември.2008 во 18:29
Интересно е да се забележи дека животот на духовниот човек се разликува од животот на световниот човек во поглед на покајанието. Денешното општество за свој темел ги има хуманизмот и суетата. Во мисловниот процес на општествениот човек се протнува нитка за себезаштитување, односно одбрана на своето достоинство (било на личносно, социјално или национално ниво). Таквиот човек многу тешко може да ја прифати идејата за духовното преумување. Реално гледано, можеби е добар, прави добри дела, но кога ќе дојде моментот на напад врз него лесно се разгневува, наместо да каже: „Во право си, прости“. Многу добар пример е, на работа, кога на некоја заедничка обврска работат повеќе луѓе, и поради нешто (дури не мора да е нечија грешка), обврската не била завршена како што треба, а тоа се одразило врз ефективноста на компанијата. Кои се најчестите реакции на луѓето кои ја имале обврската: „Делот што беше неуспешен, не ми беше мене даден“; „Направив грешка, ама никој не ми објасни како се прави тоа“; „Јас ја утнав обврската, ама шефот ми нареди така да правам“...
Таквиот човек доста често е и задоволен од самиот себеси, се смета за добар и праведен, и дека ги исполнува своите задачи (и ги дава своите плодови навреме)... а истовреме смета дека другите се носители на зло (во зависност од суетата - зло насочено спрема општеството, или зло насочено спрема него самиот).
Од друга страна, кај духовниот човек идеалот го рековме: „Јас сум крив за се`“. Тој не мисли дали ќе си наштети себеси (ќе го избркаат од работа), не мисли дека всушност друг го наместил, едноставно, тој човек знае дека е грешен, па својата утеха ја бара единствено пред Господ. „Јас сум најголемиот будала, во право е другиот“... Секое едно ама многу лесно човекот може да го турне назад.. кон сопственото себељубие.
|
Постирано од: bratljube
Датум на внесување: 04.Ноември.2008 во 23:22
Izborot megju svetosta i gresnosta e izbor megju zivotot i smrtta. Ova ne e obicen izbor na sklonost, tuku zivotno prasanje.
Taka, pokajanieto ne e obicen izbor pomegju teizam i ateizam, tuku sustinsko prasanje na sto ni e pomilo: slastite i strastite (i so niv i smrtta) ILI svetosta (i so nea i zivotot).
Pokajanieto e moment na vistinskoto spoznanie, moment koga covekot spoznava deka patot dosegasen go vodi vo smrt, a istovremeno go sogleduva i noviot pat koj mu se otvora.
Vo toj moment covekot ja sogleduva i neverojatnata skapocenost na svetosta, slika koja dotogas mu bile sosema nepoznata. Vo svetosta pokajnikot se gleda sebesi vo edno neverojatno vozviseno ruvo, vo sovrsenosta vo koja dotogas ne mozel ni da se zamisli, a sega odednas svakja deka so Bozja pomos MOZE.
Taka pokajanieto od sostojba na sozaluvanje za dosegasniot zivot na gresnost, stanuva rapsodija na radost zaradi novootkrieniot potencijal na svetosta. kako sto pisuva i golemiot gresnik (no i pokajnik) David:
Ti go preobrati placot moj vo igranje;
crninata mi ja soblece i vo veselba me oblece. (ps. 30:11)
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 10:01
Како може човекот од состојба на паднатост да се врати кон мислата за Бог. Па, доволно е да се сепне, и да се сети за што е повикан да сведочи (слично му се случи на блудниот син).
Еве како го објаснува ова дедо Наум:
„А кога дојде на себеси, рече: колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас пак умирам од глад. Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе му речам: татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници. Па стана и отиде при татка си.“
Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла, и дека без Бог вистински не ни постоиш и во духовна и во материјална смисла! Тоа може да се случи на два начина: или кога со неисполнување на Божјите заповеди, односно кога со неправилен духовен живот, човек сосема ќе се одголи од Божјата благодат; или кога со правилен духовен подвиг човек го достигнува обожението. Првото е да се види себеси расчовечен, а второто е да се види себеси (колку што може) во споредба со Божјото совршенство. Тоа првото му се случило на блудниот син.
Но што е тоа што во тие моменти може да го спаси човекот? – Опитот од претходно воспоставениот однос со Бог и човековата слобода, која, според светите Отци, демонот никогаш до крај не може да ја оневозможи. Да се потсетиме што кажавме во првиот дел од беседата: Бог само внимава да не ја наруши нашата слобода, а со тоа и нашиот взаемен однос Родител – дете. Деца, ние немаме ништо посвето од овој однос! Овој однос е единствената надеж на нашето спасение! Токму на овој однос, Татко – дете, се присетува во тие безизлезни моменти блудниот син и токму тој однос, воопшто неповреден од Татковата страна, го спасува. Од каде го знаеме ова? Од самото освестување на фактот дека токму тој однос е нарушен и дека тој самиот е виновен за нарушувањето на тој однос: „татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!“ Секако на тој однос ‘малку го потсетил’ и празниот стомак, односно полнотата на животот што претходно ја чувствувал во радоста на првата благодат.
Наше е само да имаме добра намера, да го употребиме дарот на слободата за градење на заедница со Бог и да се подвизуваме во таа насока, а сè друго е дело на Божјата благодат, која ни содејствува. Без Бог и без Божјата благодат ние ништо не можеме да направиме! Тоа значат зборовите: „И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали над него, па потрча, го прегрна и го целива.“ (Само да напоменам, токму ова се случува при добивањето на дарот на умносрдечната молитва.)
„И синот му рече: татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум достоен да се наречам твој син.“ Помладиот син не ја завршува претходно замислената молба: „но прими ме како еден од своите наемници!“ Зошто? Затоа што е беспредметно тоа да го рече гледајќи го доследното родителско однесување на својот Татко, кое и самиот него го одредува и го удостојува со називот „син“. Татко, значи, како да не се случила неверност и нарушување на односот, и при повторното среќавање се однесува како кон свој син: „И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали над него, па потрча, го прегрна и го целива.“
И како уште се однесува таткото?
„А таткото рече на слугите свои: изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; па дотерајте и заколете угоено теле: да јадеме и да се веселиме, оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде. И почнаа да се веселат.“
Се случува: обнова на благодатта, потврда на односот и просветление на умот, добивање на сила и свест за поголем подвиг кој води кон совршенство, учество во светата Евхаристија и причестување со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови. Бог, како што вели свети Григориј Палама, ги дарува оние што живеат во вистинско покајание со такви дарови кои, кај оние што неправилно се подвизуваат, предизвикуваат завист.
п.с. Велам доволна е искрената намера, затоа што Бог е Бог на Љубовта.. (го виде уште од далеку!!!)
|
Постирано од: bratljube
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 11:32
makarios напиша:
п.с. Велам доволна е искрената намера, затоа што Бог е Бог на Љубовта.. (го виде уште од далеку!!!)
|
dovolna iskrenata namera?
a kade se ovde delata?
|
Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 14:41
gledam so rekol Tadej,Madej ha
abe glejte so rekol ISUS more pravoslovci.
------------- Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 14:54
Pentakostalec напиша:
gledam so rekol Tadej,Madej ha
abe glejte so rekol ISUS more pravoslovci. |
Братче, еднаш објаснивме и за тоа.
|
Постирано од: bratljube
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 16:02
makarios напиша:
Pentakostalec напиша:
gledam so rekol Tadej,Madej ha
abe glejte so rekol ISUS more pravoslovci. | Братче, еднаш објаснивме и за тоа. |
ubo vi vika pentakostalec. da se drzevte do Isus, nemase da ima ni potreba da 'debatirame' na forumov.
|
Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 16:40
Brat4e da gledaa oni so vika ISUS nema nikoas da se molat na ikoni i poklonuvaat i prenesuvaat zrtvi na ikonite:
BOG ISUS nigde ne vika vo bibliata deka trebas da se molime na "Marija" "Sv,jovan"i dr.
------------- Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 20:32
Pentakostalec напиша:
Brat4e da gledaa oni so vika ISUS nema nikoas da se molat na ikoni i poklonuvaat i prenesuvaat zrtvi na ikonite:
BOG ISUS nigde ne vika vo bibliata deka trebas da se molime na "Marija" "Sv,jovan"i dr. |
Жртви на иконите?
|
Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 20:48
svekjite
------------- Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 20:55
Pentakostalec напиша:
svekjite |
Јас не знам кој пали свеќа пред икона.
Јас мислам дека има свеќник, барем јас таму ги ставам свеќите.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 22:53
Pentakostalec напиша:
svekjite |
A ти пак си се фатил за свеќите? Јас мислев дека тоа го разјаснивме... седи мудро да не бидеш мадро, дете. Самиот си го бараш, како што вели мајка ми: со буринка...
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 02:29
Умното делување „пазење на својот ум“ преку непрестајната молитва започнува од првиот степен на покајанието: „Помилуј ме“
Оној во кој созреало покајанието, тоа делување ќе биде од голема помош: ќе ја привлече молитвата во срцето, која со безмолвен глас ќе го призива Бога. И тој веќе ќе има непрестајна молитва, односно деноноќна ангелска служба.
Непрестајното умно сеќавање на Бога е работа која е својствена на нашата мисловна природа, односно на душата, и во овие земни услови, и во небесните услови.
Меѓутоа, ова делување е спасоносно и за оние кај кои сеуште не созреало вистинското покајание: оваа молитва во срцето ќе привлече голема благодат. Молитвата на срцето ќе му даде да ја почувствува величественоста на Божјата Светост, да го почуствува светиот страв на Божјото присуство, од што ќе се отворат очите за сопствената ништожност, за сопствената грешност, за гледање на себе си како на прав и пепел. И од тој прав ќе се роди внатрешен безмолвен плач на душата: „Помилуј ме“.
Плачот на почетокот е мал. Меѓутоа, подоцна, според учењето на Светите Отци, тој станува изобилен, многусолзен, многуобилен, кој го скрушува срцето и целото тело.
Дејството на таа благодатна молитва се простира низ целиот човек, и тоа е несфатливо и необјасниво. И мислената, бестелесна душа, која претходно никогаш не се видела себе си, одеднаш со своите внатрешни очи ќе се види себе и своите мрачни и смрдливи помисли, фантазии и страсти, која се облекла живеејќи во заедништво со демоните. И според делувањето на молитвата, душата целата ќе се претвори во солзен плач, и целосно ќе ги разбере зборовите на пророкот, кој се исповедал пред Бога со зборовите:
Јас се разлеав како вода; сите мои коски се разглобија, срцето мое стана како восок, се топи во моите гради. Силата моја се исуши како цреп, јазикот ми се залепи за непцата, во смртоносен страв ме фрли. (Пс.21,14-15)
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 01:31
Според учењето на Отците, умот на Бога се исповеда со зборови, а срцето со солзи и изобилна скрушеност. Во тоа мало делување, ќе се најде и голема болка во срцето. Во него е скриена потресната величественост на божествената тајна на раѓање одозгора. Тоа е тајната на покајанието, која и приличи на секоја душа жедна за спасение во Бога. Преку неа, Бог видно и осетно за душата го пројавува своето благодатно делување, кое ги спасува душата и телото од страстите и го очистува умот од колебање и помисли.
Преку тоа делување, умот се сосредоточува: молитвата станува повнимателна и душата се моли со голем страв и побожност. Исусовата молитва е молитва на покајание: таа е пат за пронаоѓање на својата душа, односно пат која те приведува кон Бога. Само преку патот на покајанието, грешната душа се враќа кон Бога. Друг пат до Бога нема!
Вистинското, пак, покајание, по благословеното поимање на Светите Отци на Црквата Христова се состои од три умни добродетели, односно три делувања: 1. очистување на умот, 2. трпење неволји и 3. непрестајна молитва. (Овие три степени кај различни Отци, различно се нарекуваат, но суштината секогаш е иста).
Во основа на севкупното умно делување лежи непрестајната молитва. Таа и не` воведува во божествената тајна на покајанието, односно, го очистува умот од помисли, срцето од страсти, а на душата која се моли и дарува постојаност во неволјите. Затоа, и Отците и дале величествено име, нарекувајќи ја: царица на сите добродетели.
Вистинското покајание се достигнува само преку молитвата, или со „умствено живеење“ пред Бога. А непрестајната молитва е токму умственото делување, со кое Светите Отци се спасувале.
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 01:35
Вистинското покајание се достигнува само преку
молитвата, или со „умствено живеење“ пред Бога. А непрестајната молитва
е токму умственото делување, со кое Светите Отци се спасувале. patem i ziej go zivitot sega i ovde ne prai i ne misli zlo nikomu,a kamo li vo post... e VERNICI MOI KOI POSTITE CELA GODINA
------------- Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 01:03
Ние можеме да дочекаме спасение, доколку зачекориме по патот на вистинското покајание. Почетокот на спасоносната молитва се започнува со појанаие, а почетокот на покајанието е во молитвата длабоко да ја поимаме сопствената пропаст, одрекување од сатаната и сите негови дела, и ветување дека ќе живееме со добра мисла. Оттука доаѓа и плачот за помош од Оној кој може да не` спаси. Тука започнува и покајанието и молитвата. Овие две делувања на душата се неразделно слеани во едно: тие го обземаат и севкупниот овоземен живот на душата која се кае.
Првиот чекор кон спасоносното делување на патот на покајанието, душата го прави со покајна исповед пред духовник. Со тоа умно движење на волјата, таа самата како од себе да исфрла змиски отров, со која била затруена. Тој момент е многу болен за душата, но е неопходен и спасоносен. Исповедта е скриена тајна на смирение на грешната душа пред Бога. И само на овој пат, Бог ја пресретнува душата која се смирила. Исповедта е точка на која душата го менува своето движење од земјата кон небото, од плотта кон духот. Исповедта за душата е многу непријатно и мачно духовно средство, особено на почетокот. Но сепак, без неа, душата не може да се ослободи од отровот кој го проголтала со задоволство, дали поради недоверба во Бога или пак поради сопствената заслепеност. Во тајната на исповедта, душата го исфрла тој отров, а со покајно живеење после исповедта, се ослободува од последиците на отровот.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 08.Април.2009 во 00:20
На патот кон спасоносното смирение, на болната душа и се придодава благодатта Божја, и и се дарува семоќното, утешно - исцелително лекарство, т.е. Светата Причест со Телото и Крвта на нашиот Господ. Тоа е лекарство за вечен живот: со Причеста се дава благодатна, делотворна помош за праведно, свето и вечно живеење и помош заради стремежот кон духовниот, небесниот и умниот живот. Причестувајќи се со тоа Таинство, душата се причестува со бесмртниот Извор, со благодатен и Божествен живот, кој започнува во молитвеното покајание.
Од тој свет момент, покајанието ја опфаќа севкупното човеково делување - и надворешното и внатрешното. Надворешното делување на душата која стапила кон патот на покајанието се пројавува во трпеливото поднесување на огорчувања, навреди, и сите други скрби и неволји и телесни болести. Таквото устројство на душата го одразува и внатрешното трпеливо смирение, кое е вистинско покајание пред Бога.
Доколку тајната на нашата исповед не раѓа такво делување, јасно е дека гордата душа пристапила без смирение и покајание, па таа не ни добила благодат за благодатно делување.
Вистинскиот пат кон смирение е нашиот ближен. Најдобар начин да стекнеме смирение е да се прекоруваме себе си и да се смируваме пред ближните.
Смирувањето пред ближните и пред појавите, всушност е смирување пред Бога. Тоа служи како скриен темел на делотворното покајание, како темел на умната молитва. Умната молитва не се прима без внатрешно смирение пред ближните и пред појавите. Умната молитва не оди рака под рака со горделивата душа.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 16.Април.2009 во 00:32
Доколку сакаме да се познаеме себеси, т.е. каква ни е духовната стварност, треба да го користиме следново:
Ако при кажување на умната молитва, со болка гледаме дека таа не се соживува со нас, дека не се задржува ниту во усните, туку цело време бега од нас, сигурно е дека состојбата на нашата душа пројавува гордост пред ближните и пред Бога. И благодатта, која е својствена на молитвата, се противи на нашата гордост. Тоа болно - спасоносно познание треба да не разбуди кон вистинско покајание, кое мора да ја загрее нашата молитва, т.е. да ја направи посмирена и исполнета со солзи. Тоа суштинско познание треба да го засили нашиот плач кон Бога. Умната молитва се стекнува со солзи и со покајно живеење, односно со смирение. На смирението и се придодава благодатта на молитвата, а во смирението се открива и таинството на молитвата.
Во Црквата, грешната душа принесува покајание со усните, што претставува цвет на покајанието. Во секојдневното живеење, покајанието се принесува со делотворно и трпеливо живеење, односно со дела, кои претставуваат плод на покајанието. Ако и после исповед, ние не се поправаме во животот, покајанието е беслодно и Бого противно, затоа што Он бара од нас да се принесе род достоен на покајание.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 07.Мај.2009 во 01:04
Нашето покајание во Црквата, кое не го менува нашето секојдневно живеење, всушност, не е покајание, туку самоизмама, самозалажување. Во таквото покајание се појавува нешто мрачно, непросветлено и паганско. Со таквото покајание ние се залажуваме и себеси, а Го лажеме и Бога. Со тоа се лишеме и од благоста Божја, која долготрпеливо ја чека нашата промена.
Свети Јован Лествичник вели: „Покајанието е завет со Бога за наше сопствено поправање“. Доколку не се поправаме нема ни покајание. Покајанието е повторлив дар на благодат, која не` спасува со својата Божествена моќ од гревовниот живот, го преобразува и не` воведува во ново, благодатно и божествено живеење.
Доколку во нас нема добри промени во начинот на живеење, во нас не постои духовен живот. Значи, ако не сме го стекнале благодатниот дар со покајание, не можеме да имаме ни молитва. Покајанието е живо таинство на обновување на целокупниот човек, и промена на целиот начин на живеење. Само во покајанието се разгорува огнот на молитвата, кој ја согорува природата на гревот, вели Свети Јован Лествичник. Покајанието ја препородува грешната душа за духовен, умен и божествен живот.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 14.Мај.2009 во 19:22
makarios напиша:
Ајде малце да проговориме за покајанието. Што е тоа? Како е можно да се каеме, ако не сме згрешиле?
|
Значи сите сме грешници, сите сме родени со гревот...Треба да се покаеме и да поверуваме искрено, така Господ Исус Христос ни простува, потоа да бидеме Крстени во Светиот Дух, така Светиот Дух ни дава дарови, а тоа се: Јазици, толкување на јазиците, исцлување, пророкување...И да бидеме крстени во името на Таткото, Синот и Светиот Дух во што ќе склучиме завет со Господ Исус Христос!
Бидејќи Христијаните треба да ја исполнуваат волјата Божја, да го почитуват секој заповед Божји и да го следат Исус без разлика на мислењето на народот.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Мај.2009 во 22:21
DDarko напиша:
Значи сите сме грешници, сите сме родени со гревот... |
Ova go iskazha kako nekoja apsolutna vistina koja ne trpi nikakvo somnenie.
Kako dojde do toj zakluchok?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 07:11
Затоа што сите сме родени по природен пат, грешно зачнати, а не како зачнувањето на Исус од Светиот Дух.
Господ Исус Христос е свет, негрешен, дали видовме некоја грешка на Христос во Библијата за време на Неговиот живот на Земјата? -Нее!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 16:14
Darko, Bog ne sozdal da se zachnuvame i ragjame onaka kako sto go pravime. Takva e nashata priroda KREIRANA OD BOGA i tuka NEMA DRUG IZBOR. Bidejki Bog ne pravi greshki, kako mozhe nachinot na nasheto sozdavanje i ragjanje da bide greshno?
Greshna e sporedbata sto ja napravi megju nas i Isus, a ne nasheto ragjanje. Kako mozhesh lugjeto da gi sporeduvash so Boga i od toa da izvlekuvash bilo kakvi zakluchoci?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 16.Мај.2009 во 18:24
Чудни се Божјите патишта...
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Мај.2009 во 19:27
Da, se e chudno sto ne se razbira.
Zatoa ushte pochudni se chovekovite interpretacii na tie patishta.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 16.Мај.2009 во 21:05
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 27.Мај.2009 во 20:42
Старец Јосиф Исихастот:
Без борба и пролевање крв не очекувај ослободување од страстите. После престапот, на нашата земја растат трње и боцки. Нам ни е заповедано да ги искорнеме, но тие се искоренуваат само со голема болка, раскрвавени раце и многу воздишки. Затоа, плачи, пролевај потоци солзи и ќе омекне земјата на твоето срце. А кога е земјата натопена лесно ќе го искорениш трњето.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 28.Мај.2009 во 13:29
makarios напиша:
Старец Јосиф Исихастот:
Без борба и пролевање крв не очекувај ослободување од страстите. После престапот, на нашата земја растат трње и боцки. Нам ни е заповедано да ги искорнеме, но тие се искоренуваат само со голема болка, раскрвавени раце и многу воздишки. Затоа, плачи, пролевај потоци солзи и ќе омекне земјата на твоето срце. А кога е земјата натопена лесно ќе го искорениш трњето.
|
Дообјаснување на ова може?
-------------
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 28.Мај.2009 во 17:57
Човекот обземен од страстите, бива заробен од нив. Робувањето на страстите подразбира нивно извршување, со што и се нанесува страдање на душата и на телото. Кога човекот ќе падне, односно ќе згреши пред Бога, неговиот ум станува помрачен, а срцето му прилега на земја обрасната со трње.
Нашата борба за очистување од страстите, е всушност борба да се ослободиме од ропството на гревот, односно да го испразниме нашето срце од лоши помисли, желби и чувства, и да отвориме простор во нас да се всели Царството Небесно.
Значи, услов да се ослободуваме од страстите е пред се да се каеме секогаш кога ќе паднеме. Да не запаѓаме во очајание, туку веднаш да се обратуваме кон Христос. Е сега, замка може да биде, да се потпреме врз самите себе, односно да не го повикуваме Христос на помош. (сигурно некогаш ни се помотала помислата: од денеска веќе нема да го правам овој грев... наместо да кажеме: прости Господи, слаб сум и згрешив, дај ми сила да не го повторувам гревот).
Плачот всушност претставува духовниот плач (кај големите подвижници тој се претвара и во телесен плач), односно кон воздишките во нашето покајание да се придодадат и солзи и прозби (односно молитви) кон Христос. Светите Отци велат дека најубавата молитва е онаа молитва проследена со солзи.
На тој начин, ние највистински се каеме пред нашиот мил Христос, и тој ни придодава благодат во борбата (ги омекнува трњето), и ние полесно ги искорнуваме (се ослободуваме од страстите).
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 28.Мај.2009 во 20:25
Да, точно, честопати си го спомнував тоа: од денес ќе бирам поинаков, нема да го правам тоа и тоа...Тогаш сум самодоверен, а од толку самодоверност- паднам во самонедоверност! Но, откако одма после гревот почнав да го барам Господ Исус, ја открив Неговата милостина...
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 17:23
Ovaa tema nekako prirodno mi se nadovrzuva na onaa za prostuvanjeto.
A nadovrzuvanjeto se sostoi vo toa deka nemozhe da ima baranje za prostuvanje dokolku ne postoi pokajuvanje za onoa za shto se bara prostuvanjeto.
Pokajuvanjeto pretstavuva zhalenje poradi nekoj storen grev, a so samoto toa i odreknuvanje od nego.
Ne postoi vistinsko pokajuvanje od storeniot grev bez istovremeno odreknuvanje od grevot od aspekt na negovoto osoznavanje i nepovtoruvanje.
Pokajuvanje za grevot od strav da ne se bide kaznet ili da ne se izgubi nekakva idna korist ne e vistinsko pokajuvanje, tuku sebichen akt pottiknat od lichen interes.
Pokajuvanjeto znachi zboguvanje so grevot poradi samoto osoznavanje deka toa e GREV, deka mu nosi bol i gubitok na blizhniot svoj, deka e nebogoljubiva rabota. Grevot e grev bez obzir kakva lichna direktna ili indirektna reperkusija kje imame od nego.
Grevot za koj chovekot se pokajal od momentalni lichni interesi podocna povtorno kje go napravi i koga povtorno kje uvidi deka toa kje ima posledici po nego povtorno kje bara prostuvanje.
TOA ne e pokajuvanje i sekoe povtoruvanje na vakvata igra na pravenje grevovi i baranje proshka e igranje majtap so Boga, so bozhjite cheda i so Svetiot Duh, a toa e onoa shto vo Pismoto se veli deka e najgolemiot grev za koj nema prostuvanje.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: kadela
Датум на внесување: 22.Декември.2012 во 23:48
да, битно е да се почне
|
Постирано од: kadela
Датум на внесување: 22.Декември.2012 во 23:54
makarios напиша:
<span style="font-size: 11pt; line-height: 1.3em;">Еве што вели старец Тадеј: „Ние сега, во земјава, а и во светов, ги береме плодовите на нашите мисли и желби. Не ни се добри мислите, не ни се добри желбите - не може ни плодовите да ни бидат добри. Треба да се покаеме, да го промениме животот. Покајанието не подразбира само одење кај свештеник, туку потребно е душата да се ослободи од тие мисли и депресии, во кои западнала поради кривите линии во животот. Покајанието е промена на животот, свртување кон апсолутното добро, и оставање на негативната страна. Тоа слабо го има и кај побожните, и поради тоа страдаме. Кога би се покајал нашиот народ, не би го доживувал и ова страдање сега, затоа што, самите ние со своите желби и мисли си го комплицираме животот. Јас тоа претходно не го знаев, ама сега гледам дека сум крив за се`, и тоа како сум крив за се. Јас многу се зачудив, кога Светите Отци себеси се сметале за најлоши од сите луѓе.“
[IMG]smileys_novi/8.gif" align="absmiddle" alt="љубов"> Самите себе, еден со друг, и сиот наш живот на Христа Бога да Му го предадеме. </span>
|
Тебје Господи
|
Постирано од: kadela
Датум на внесување: 30.Декември.2012 во 00:46
Треба да се каеме зашто единствен добар е Господ, а да се каеме значи да Го бараме Него, да ни помогне, да признаеме дека со свои сили ништо добро не можеме да направиме.
------------- љубовта со љубов се разгорува
|
|