|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 32> |
Автор | |
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Trebase da dopises Mitropolit Naum potpisnik na Predavnickiot Niski Dogovor |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Отец Калистрат - Стослов: Христијанска наука за љубовта Како што сите делови од вселената, со нивните квалитети и дејства, се само симбол на духовна реалност, таква е и земната љубов. Она што на земјата луѓето го нарекуваат љубов навистина е само блед симбол на вистинската небесна љубов. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
[COLOR=red]Митрополит Струмички г.Наум[/
На секој од степените од духовното растење, оние што правилно се подвизуваат Го сведочат и исповедаат Христос на соодветен, различен начин. Нема иста сила на сведоштво оној што сѐ уште го чисти своето срце од страстите со оној што веќе го просветлил својот ум, а да не споредуваме со оној што се обожил. За да сфатиме како треба да Го сведочиме и исповедаме Богочовекот Христос уште додека се наоѓаме на првиот степен од духовниот раст – на степенот од очистување на срцето од страстите – (знаење што треба да ги интересира повеќето од нас), претходно треба да сфатиме како треба правилно да се подвизуваме на истиот степен. Вистинското сведоштво на Христос е неразделно од правилниот начин на подвиг.Но, како знаеме или како одредуваме на кој од степените на духовен развој се наоѓаме? Нашата духовна возраст најлесно и единствено се одредува според квалитетот на молитвата. COLOR] |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Митрополит Срумички г.Наум Живееме ли, умираме ли, Господови сме... „Светите Отци на Црквата забележале и опишале три вида на односи кои човек може да ги има со Бог: робовски, наемнички и синовски. Стравот е основен двигател на робовскиот однос. Човекот се плаши да не биде казнет со болест, со некоја несреќа или со смрт, заради неисполнување на одредени религиозни обврски. Што е најлошо, се плаши дека ќе биде казнет од самиот Бог. Интересот е основниот двигател на наемничкиот, односно трговскиот однос. Човекот смета дека со исполнувањето на одредени религиозни обврски, за возврат, ќе добие од Бог здравје, успех во животот и материјални блага, а на крај, после заситувањето од животот, и спасение во Рајот. Љубовта е единствената причина на подвигот на градење на синовски однос со Бог. Децата Божји го бараат Него, својот небесен Отец, и ништо друго. Добивањето на некои од даровите Божји, без оглед дали небесни или земни, го оставаат на Неговата света промисла за нивно спасение; и толку. Ставот на децата Божји кон својот небесен Отец е став на благодарност, на давање и на себепринесување, без притоа да очекуваат нешто за возврат. Тие, барајќи Го само Него, уште во овој живот ја живеат тајната на она: сè Мое е твое... |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Митрополит Струмички г.Наум
Крстот се сите наши волни и неволни страдања кои ги среќаваме на тесниот Евангелски пат на исполнувањето на Божјите заповеди. Крстот може да остане и само една голема казна за оние што не се покајуваат заради своите гревови. Не дека Бог нѐ казнува, туку сами себе се казнуваме одделувајќи се од Бог и присоединувајќи се кон ѓаволот со исполнувањето на неговата волја. Исполнувањето на демонската волја не е ништо друго освен грев, отсуство на благодат, отпаѓање од Бог, душевно и телесно страдање и болест и на крај смрт, без надеж. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, навистина е така...
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Orthodul
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 157 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата. (Старец Паисиј Светогорец) |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Симеон Нов Богослов
Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Софрониј
Удостој нè Господи, денеска без грев да нè зачуваш. Многупати ја повторував оваа молитва на Црквата. Нашиот безгрешен живот на земјата, ни ја отвора вратата кон Небото. Она што го спасува човекот не е богатството на знаењето. Животот без грев е она што нè подготвува за живот со Бога во идниот век. Благодатта на Светиот Дух нè поучува на вечните вистини според мерата на нашето живеење согласно заповедите: возљуби Го твојот Бог и твојот Создател со целото твое битие и возљуби го твојот ближен како самиот себеси. Да, исполнувајте ги секогаш овие заповеди! |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Нил Синајски
Достоен за секој прекор е оној што се гневи и злопамти, а ја сака вистинската молитва. Тој е како оној кој сака јасно да гледа, а си фрла прашина во очите. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Нил Синајски
Ако сакаш да се молиш како што прилега, немој да правиш ништо што е спротивно на молитвата. Тогаш Бог, приближувајќи ти се, ќе чекори со тебе. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Серафим Саровски
Бог е оган, кој ги затоплува и разгорува срцата. Кога во нашите срца го чувствуваме студот што доаѓа од демонот, - бидејќи демонот е студен, - да Го призовеме Господа и Он ќе дојде и ќе го затопли нашето срце со љубовта кон Него и кон ближниот. И пред топлината на Неговото лице, ќе биде истеран студот на непријателот. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според светите Отци, Самиот Христос, следователно и Неговото слово, Го познаваме само преку исполнувањето на Неговите заповеди, а не само преку читањето и на тој начин стекнатото знаење; само преку пракса, а не само преку теорија. Во суштина, исполнувањето на Божјите заповеди е учество во несоздадената Божествена благодат и стапување во заедница со Бог. од новата книга на Митроплит Наум, „ И јас не ви кажувам“ Изменето од Опитен - 06.Ноември.2008 во 02:59 |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Внеси реплика | страница <1 1011121314 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |