|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 6061626364 97> |
Автор | ||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Дали човек се замонашува кога ќе го почувствува тој внатрешен повик, во било која старосна доба, или има ограничувања? Мислам еве на пример, некој постар го осетил тоа дека треба на тој начин да го следи Христа...Дали ќе го примат или мора да биде помлад?
Друго, колку често (јас еднаш прашав и дали-ама не ми беше одговорено) монахот се гледа со своите родители/блиски?
Инаку, обично на почеток родителите не прифаќаат кога нивното чедо ќе се замонаши, но јас знам една многу побожна жена која копнееше нејзините ќерки да станат монахињи, бар едната од нив (додека не беше мажена), и многу и е криво што желбата не и беше исполнета.
|
||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
За првите две работи - аЈ, и така и така! Да најдам некое објаснување и одобрување. Но, за третата!? Ако го урива рационалниот, тогаш што изградува? Ирационален свет? Со ова самите потврдувате дека светот во кој (доброволно) прифаќате да живеете е ирационален. |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не. Не и важно, идеме понатаму. Господ е голем. п.с. само сакав да укажам на тоа да не се верува на „факти“ добиени преку жолта штама или преку радио милева, рекла-казала. Лажните клевети и полувистините се демонаска вештина. |
||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Тоа е живот според критериумите на Царството Небесно. Монасите се сведоци и актуализатори на Царство Небесно овде на земјата. |
||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Дали некој знае да наведе кои се разликите меѓу православните монаси и будистичките монаси? Која е разликата меѓу православниот внатрешен повик за замонашување и оној кај будистите? |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако се поврзат двата претходни цитата и овој твојов, сваќам дека и ти се согласуваш и го потврдуваш истото - теистите живеат во ирационален свет! Така? А што се однесува за разликата помеѓу православните и будистичките монаси, јас незнам (и сигурен сум дека нема некој кој ќе се осуди да рече дека знае), но мислам дека во суштина (во основа) нема разлика. И едните и другите се стремат кон приближување и достигнување до (за нив) врвното, до совршеното. Разликите се само во тоа, што е предмет на нивните стремежи и начинот (патот) по кој ќе стигнат до него. Ова ми наметна едно друго размислување. Кој од монасите (христијански или будистички или било кои други) го има достигнато тоа нешто? Сите само се обидуваат да го достигнат, но никој не рекол дека го достигнал. Ако е така, тогаш која е поентата на сето тоа? Изменето од Zlatnik - 04.Ноември.2008 во 12:41 |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не-рационалниот свет не е ирационален. Под рационален свет се мисли на обезбожениот свет, кој за се бара човечко расудување.
|
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Да! Точно е ова, ако размислуваш рационално! Но бидејќи монасите го „уриваат тој рационалистички“ поглед на свет, испаѓа дека ова не е рационален свет! Оваа игра на зборови крие длабоко значење.
А зарем и верниците (теистите) не го живеат овој рационален (реален) свет? Зарем тие не се радуваат на сите убави работи или не тагуваат од сите неубави работи на овој, како што велиш ти „обезбожен“, свет? Дали намерата на монасите е токму таа, да се апстрахира реалното, свесно да се потисне длабоко во дамарите на подсвеста, за да се докаже наводната „духовна смиреност“? Повторно ќе речам, не ми се јасни, неразбирливи ми се, а со самото тоа и неприфатливи, овие, во крајна рака, бесполезни ментални измачувања. Да не зборуваме за физичките. Тие во однос на менталните се поподносливи. |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Zlatnik, не ме разбра. Ќе ти објаснам подоцна што сакав да кажам.
|
||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
1) На Бога треба да му се принесе најубавото нели, а бидејки монасите се принесуваат самите себе си како дар на Бога и споед тоа најдобро е младоста да ну ја принесиме и не само заради тоа, туку и нормално е кога си млад да размислуваш дали ќе живееш во брак или сакаш монах да станеш. Но и попрактично е, затоа што колку сме постари толку повеќе и свои навики и страсти стекнуваме, посебно гордоста и мнението, високото мислење за себе со што и борбата ќе е потешка па дури и невозможна. Но заради икс субјективни околности ако човек не станал монах , па сега во поодминати години сака , не е проблем. Треба само да е решен и да прифати да живее според правилата на монашкиот живот, односно пред се во послушание. 2) Теба да знаеме дека кога монахот заминува во манстир, тоа значи умирање за светот. Едноставно, тој е мртов за светот, а што живее, за Бога живее и Царството Небесно. Но заради снисходливост, попустливост и сепак и фер е, на монахот, односно на родителот му е допуштено да му дојде неговот син/керка, монах, дома. Но затоа на родителот/блискиот не му е забрането да доаѓа во манстирот каде е замонашено нивното дете. 3) Најголем дар некој што може на Бога да ну го даде, тоа е самиот себа, а веднаш потоа, својата рожба на Бога да му ја посвети. И според мене, чест и радост е, ако твојот син/ќерка, посака на Бога да му се посвети и ти да му го дадеш својот родителски благослов. Секој кој има чиста вера во Бога така треба да постапи. |
||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Златник, ја следев вашата дискусија со Маран Ата и ми се допадна и затоа и ти одговарам , како човек кој размислува и сака добро. Не треба така да се размислува. Монахот живее во најголем рационализам, но не гледан од гледна точка на овој , морам да кажам, лажен свет (не затоа што е ирационален, туку затоа што е паднат, односно не според Божјата замисла за него, или како што макариус кажа,обезбожен свет)туку гледан од преспектива на Ехатонот, односно Вечното Царство Небесно. А тој поглед мислам е многу повисок, подлабок и поширок, па и пореален (затоа што е вечен и според Евангелието, сигурнои ќе дојде) од погеледот на овој ограничен, менлив и минлив свет. Затоа и реков дека тие го живетат вечниот живот на Царството Божјо уште сега и одве и се сведоци и актуализатори на истиот. А никој не ги негира и потиснува сите добрини и убавини и на овој свет, зашто и тој е створен од Семудриот Бог и според тоа е разумен, па и реален. п.с. прости ми ако малку е збунувачки мојот одговор. проблемот не е до мудрување или философирање туку до нашиот различнен светоглед. со почит. |
||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не е во таа смисла кажано. Поврзи го со нашиот муабет од претходно каде ти објаснував дека во духовниот живот прво доаѓа праксата, а потоа теоријата. Рационално, логички гледано, во светот тоа е обратно. Треба прво да ја научиш теоријата по математика, за потоа да решиш задача... Значи, она рационалното во светот, духовното го урива затоа што е сосема спротивно. Мислам дека разбираш која ми е поентата. |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
odlicno objasneto, samo sto ova se odnesuva na site hristijani, a ne samo na duhovnata 'spcijalna edinica' monasi. |
||||
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
i jas samo sakav da kazam da ne se veruva na sekoj sto nosi mantija, samo zaradi nea, bidejki postojat i drugi nepobitlivi fakti za istite (na primer skapite vozila, grckiot pasos, revoltiranite roditeli, podaruvanjeto na skorpionot, sramniot potpis vo nis, itn., ova se se dokumentirani raboti, za niv ne moze da se spori). |
||||
Внеси реплика | страница <1 6061626364 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |