|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 5960616263 97> |
Автор | |||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Хехе, е токму од таквите како bratljube, а и од самиот bratljube, дедо Наум, и сличните нему, ја изградија Црквата.
Секоја вечер си легнувам мирно, знаејќи дека постојат и такви кои не спијат и плачат за мене, а да, плачат и за bratljube, и сличните нему. Савршенство хрисчанског живота... тоа е, ама кој да разбере. |
|||
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
jas ne ocekuvam deka nekoj od vas monasite ke se osvesti za vistinata, bidejki ne mozes covek koj tolku investiral vo gradenje na kuka so krivi temeli, sega da go ubedis da ja rusi.
no sekako ne mozete da ocekuvate od sekoj covek koj ne dozvoluva da bide manipuliran od ovie 'vladici' da veruva vo prikazni kako onie na opiten. tie prikazni se, sto se vika, za domasna upotreba, i se konzumiraat isklucivo vo sredini vo koi ne prodira vistinata, tuku taa selektivno se cenzurira za nedajboze nekoj da ne pomisli deka e mozno vladikata da e gresen. |
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Го знаеш лично Владиката Наум? Знаеш кој сум јас? |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
DA NE SI VLADIKATA NAUM? |
|||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Присуството на вистинските монаси кај лугето ја буди заспаната совест, го трезни опиеното срце, го урива рационалниот поглед на светот. Нивните мисли, зборови и дела се преносници на силата на Царството Небесно во овој свет. Никој во нивнотот присуство не останува рамнодушен. Монаштвото во својата суштина е онтолошки бунт против паднатиот свет, паднатата природа и самољубието. Монахот не му пренесува на Бога само нешто што е негово, туку самиот себеси, сиот свој живот и надеж, а Бог му се открива и пренесува нему како личност. Дефинициите на монаштвото што ги дадоа неговите одговори заговараат едно ни одалеку ненасетено искуство, кое Црквата овде денес веке почнува еднодушно и длабоко да си го посакува себеси.
-Сестринството од манастирот Пресвета Богородица Елеуса возглавено од Монахиња Сара. |
|||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Многу добро елаборирање на фактите за свети Ѕвонко Илиевски. Браво bratljube
Благодарение на твојот исцрпен елаборат, сите ние можеме да дознаеме и за онаа страна на монашкиот живот, а не само "онаа" што се режисира ексклузивно за нивните житија.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Originally posted by Tetratka
Многу интересни теми и коментари ... Некои членови тука треба да се засрамат ...
Прво беше - г.г.стефан - значи навредува и користи туѓ идентитет за што и кривично се одговара ...
второ беше - стевомпц - навредува институција, и чуствата на верниците ...
трето братљубе - е ова е врв ...
СРАМ ДА ТИ Е !!!!
ЗАСРАМИ СЕ!!! Тоа е интересно... како некој не сака да се засрами... ама тука законот и државата се виновни...
Ајде евангелос кажи сега - па тие се прават на сила....
|
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||
МОНАШТВО
Монашките заедници или манастири како носители на христијанскиот живот отсекогаш во Црквата ја претставувале онаа сила која е свртена кон служење и надградување на останатите служби на црковната заедница. Затоа монашката заедница во Црквата не претсавува еден одделен самостоен организам во однос на Едната Света Соборна и Апостолска Црква, туку во заедница со епископот ја гради истата таа Црква.
Подвижничкиот или монашки живот е определба за Царството небесно, и како таков тој претпоставува оддалечување од светот. Бегајќи од светот монахот ја бара вистинската заедница а тоа е заедницата на љубов кон Бога и ближниот, бидејќи христијаните во светот со Бога се соединети индиректно, преку светите тајни, а монасите пак директно и најнепосредно се соединуваат со Бога. Така, монасите се откажуваат од Божјите дарови, за да би можеле да општат со самиот Дародавец - Христа. Таков дар е на пример брачната заедница, која монахот ја отфрла, но не затоа што го презира бракот, туку поради копнежот за повозвишен, мистичен брак со Христа. "Оваа тајна е голема...(ефес. 5,32) За да ја постигне оваа непосредна заедница со Бога и ближните, монахот се труди, преку деноноќно покајание, испосништво и послушание, да се очисти од страстите кои произлегуваат од самољубието и кои се главна пречка за таа заедница. Светите отци јасно истакнуваат дека оној што се љуби себе си, не може да го љуби Бога, а ни браќата. И уште, тие велат дека себељубието е корен на сите зла. Страстите ни пречат да изградиме правилен однос кон Бога, Неговите дарови и луѓето, зашто се острастуваме кон нив и ги гледаме со заболен, искривен духовен вид. Светот е добар. Тој станува лош за нас кога го гледаме острастено. Затоа Авва Исак вели: 'Светот тоа се нашите страсти" Монахот кој е ослободен од страстите ги чисти и очите на душата и има непристрасен однос ( во зависност од степенот на неговото очистување) кон луѓето и предметите. Затоа може на правилен начин да ги користи предметите и да комуницира со луѓето. Не случајно Св. Максим исповедник во своите 400 глави за љубовта зборува најмногу за очистувањето од страстите. Без нивното очистување невозможно е да се достигне вистинската љубов. За монашката заедница љубовта не е резултат на некаква сентиментална околност или пак човечка приврзаност (емотивност, соработка, страст) туку една благодатна состојба, дар на Светиот Дух, кој им се дава на оние што се трудат да се очистат од страстите. Затоа, не можеш да го стекнеш Бога и човекољубието во своето срце, се додека си исполнет со себељубие. Колку повеќе срцето се празни од себељубието, толку повеќе ги прима во себе Бога и браќата. Ова искуство монахот го стекнува преку трудот на секојдневната борба и подвижништво. Од личното искуство на светите отци се гледа колку асоцијална личност станува човекот поради страстите и колку општествено корисна кога ќе достигне обестрастеност и преобразување на страстите. Да се потсетиме на зборовите на Св. Максим Исповедник: 'Душата која во молитва и со љубов се прилепува за Бога, станува мудра, силна, сочувствителна, милосрдна и негневлива, вклучувајќи ги во себе сите божествени одлики. Св. Василиј Велики ја дава теолошката основа на општежителниот какрактер на монаштвото, кој му помага на монахот да го надмине нездравиот индивидуализам и егоцентризам, давајќи му можност да оствари највозвишена заедница. Пример за монашкото општежитие е соборот на светите апостоли, возглавен од нашиот Господ Исус Христос. Монашкото општежитие, пак, треба да биде пример за христијанската заедница, бидејќи токму заедничарењето, еднаквоста и слободата од робување на било која личност, кои се општествени идеали, се принципи на кои се заснова општежитието. Заедницата со Бога монахот ја постигнува преку молитвата, учеството во богослужбите и Божествената Литургија. Без молитва како монахот би имал љубов за Бога и браќата. Секоја воздишка кон Бога со зборовите: 'Господи, Исусе Христе, Помилуј ме грешниот", или 'помилуј нè", претставува надминување на егоизмот и отворање кон Бога и луѓето. Колку повеќе монахот се приближува до Бога тој се доближува и до луѓето, како што точките поставени на радиус од круг се повеќе се доближуваат како што тој се доближува до центарот. На ист начин, на заедничките богослужби, монасите се молат, Го слават, Му благодарат и заедничарат со Бога и Неговите луѓе, како со идно тело Христово, како царско свештенство и свети луѓе. Заедничкото служење ги сврзува со силни лични духовни врски. Центарот на таа Богочовечка заедница е Божествената Литургија и Евхаристијата. Заради ова во манастирите секојдневно се служи Божествена Литургија. Самиот збор Литургија (од грчки 'leitton ergon'), што значи заедничка работа на лугето, го покажува нејзиниот карактер. Имено, во Божествената Литургија ние го надминуваме секој нездрав индивидуализам, па дури и религиозниот индивидуализам, и стануваме Црква. Поимот 'Божествена Евхаристија" ја означува на особен начин заедницата со Бога и меѓу нас самите. Благодарејќи Му на Бога заеднички, ние се соединуваме не само со Бога, туку и меѓу себе, преку нашето евхаристиско општење. Зборот 'Света Причест", пак, најјасно го открива општествениот карактер на оваа Света Тајна, како што вели Св. Јован Дамаскин: 'Се нарекува причестување и тоа е навистина така, бидејќи преку него верните стануваат причасници со Христа, со Неговото тело и со Неговото божество. Тие заедничарат и се соединуваат и се преобразуваат преку неа. Бидејќи од еден леб сите добиваат едно Тело и Крв Христови и заедно стануваат едно скапоцено тело Христово. Така нашето единство и заедничарење во Црквата преку Светите тајни е толку длабоко, како што ке биде и идното единство на телото. Тоа единство не е психолошко, или идеолошко или етичко или организационо, туку телесно-мистично единство." Ние не го создаваме тоа единство. Ние не го правиме телото Христово. Христос сам нè прави свое тело а ние мора да Му помагаме преку постојано покајание и подвижништво, така што да станеме достојни за тоа единство на телото а не да го попречуваме. Манастирот претставува едно мало откровение на Црквата. Монахот постојано се подвизува во него. Тоа го прави за да ја живее постојано и непречено (колку што му е тоа достапно) Црквата како тајна на Богочовечката заедница. Патот и изворот на оваа заедница е Троичниот Бог. Но тука постои една привидна противречност. Монахот ја постигнува таа заедница со повлекување од светот. Тоа за светската логика е потполно необјасниво. Тој се оддалечува од луѓето за да стекне ослободување од страстите и така, да ги засака на вистински начин. Ова навистина е парадоксално, но не и противречно. Ова ја оправдува и изолираноста на манастирите, како и изреките од светите отци: 'Бегај и спаси се" или 'Туѓ на сите, пријател на сите". Св. Григориј Палама во својата прекрасна проповед за Воведение на Пресвета Богородица во храмот, објаснува како Богородица живеејќи долги години во Светињата на светињите, живеела во осама, оддалечена од луѓето, во длабока исихастичка молитва кон Бога. Таму, Таа се припремила за својата идна задача - да посредува за човечкиот род и да ги носи на земјата плодовите од тоа посредништво. Преку својата осаменост и постојано созерцавање на Бога, Пресветата стана најкомуникативната личност во Црквата. Повлекувањето на монахот од светот не значи несоцијалност, исто како што ни световноста не значи комуникативност. Навистина е прекрасно како несветовните монаси се отворени кон сите, како тие го примаат секој човек како икона Божја и свој брат. Навистина, духовно понапредните и облагодатени монаси можат да го успокојат секој човек, па колку и да е тој збунет и вознемирен. Позната е светоотечката изрека: 'Си го успокоил ли братот свој, ти си го успокоил Бога". Некој блажен старец, кој му помогнал на едно психички болно момче да се излечи, го држел момчето кај себе една цела недела и притоа, како што велел тој самиот, девет часа ја слушал неговата исповед, без да се помрдне од место. Несебичното и срдечно гостољубие кое ги карактеризира манастирите, претставува видлив пример на пожртвуваност и служење на монасите на својот ближен. Поскриен е начинот на кој монасите ја изразуваат својата љубов кон луѓето, преку молитва за нив. И како што духовно возрастува монахот, неговата молитва за сета твар, за живите и упокоените, станува сè потопла и попостојана. Како што Светиот отец Силуан Атонски напишал: 'Има луѓе кои велат дека монасите треба да му бидат од некаква корист на светот, а не да јаде леб за кој не се потрудил, но ние треба да ја разбереме природата на монашката служба и како тој треба да му помага на светот. Монахот е некој кој се моли за целиот свет, кој плаче за светот и ова е неговата главна задача. Но кој е тој што го наведува да плаче за целиот свет. Тоа е нашиот Господ Исус Христос, кој го вдахновува со таква љубов. Тој му ја дава на монахот благодатта на Светиот Дух и преку неа срцето на монахот омекнува и тагува за луѓето, бидејќи не сите се спасени. И нашиот Бог толку ги сожали луѓето што благоволи да пострада на крст заради нив. И Мајката Божја имаше во срцето слична жал за луѓето и посакуваше сите да се спасат. Монасите својата комуникативност ја изразуваат и преку духовните четива за верните, преку своите писма и особено, преку повременото доаѓање во светот од послушание кон Црквата, заради проповеди, вршење исповед и друга пастирска служба. Придонес на монаштвото е и запазувањето на верата, јазикот и ентитетот на православните народи во периодот под Турска окупација, што е општо познато од историјата. Социјалната свест на монахот не се постигнува лесно. Таа е плод на долга и постојана борба. Без неа и без благодатта монахот не може да го надмине себељубието и станува несоцијален. Кога православните манастири и малите монашки заедници собрани околу старецот функционираат правилно, тие стануваат центри кои го просветлуваат православното општество, градејќи го според Христовите идеали. Затоа секој осветен монах или православен христијанин станува центар на вистинската Богочовечка заедница. Денес кога животот станува сè поиндивидуален, асоцијален па дури и антисоцијален, православното монаштво едноставно и смирено ја покажува заедницата на православната Црква. Тоа им помага на затворените и фрустрирани души да се отворат кон Бога и кон своите браќа, да не се плашат да покажат љубов, и тоа не само кога очекуваат да им се возврати, туку и кога ништо не добиваат за возврат. Сартр во секој човек гледаше закана за својата слобода. Смирениот, пак, и свет руски подвижник Серафим Саровски, од друга страна, во секого ја гледаше својата радост, па така и им се обраќаше. Преку Крстот и Воскресението Христово, смртно заболеното општество на нашата падната природа се преобразува во вечна и здрава заедница на новиот човек во Христа. Архимандрит Георгиј Капсанис |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vranisko ti si? |
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А што ако е дедо Наум? Тогаш шо праиме?
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ке играме оро...
|
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
„...Христовиот одговор е страшен: Ни јас не ви кажувам. Ужасот на овој Негов одговор воопшто не се состои во тоа што Он не сака да им каже, да им соопшти, туку во фактот што Он знае дека дури и да им каже, напразно ќе ги троши своите зборови; дека зборувањето во случајов би било само нешто како фрлање на бисери пред свињите. А кој сака да си го фрли својот бисер пред свиња? Ваквиот Христов одговор е само уште едно сведоштво дека Вистината не се спознава надворешно, само со интелектот, со разумот, туку пред сѐ внатрешно, со благодатно и молитвено просветлување на умот во очистеното срце...“
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве ти го мојот одговор:
Ова е воедно одговорот и на многу други ваши прашања на форумов, кои за жал остануваат неизбришани на темите, а јас немам простор каде да ви ги одговорам.
Но бидејќи модераторите се покажаа немоќни и неавторитетни да воведат ред, проблемот го пренесов и до администраторите на форумов. Сега останува да се надевам на нивната принципиелност и авторитет да превземат нешто околу построгото модерирање на овој подфорум.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Благодарам што конечно одговори, но малку прекасно, затоа што одговорите веќе ги објавив во темата за општо.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 5960616263 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |