IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 97>
Автор
Порака
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 17:26
Хехе, е токму од таквите како bratljube, а и од самиот bratljube, дедо Наум, и сличните нему, ја изградија Црквата.

Секоја вечер си легнувам мирно, знаејќи дека постојат и такви кои не спијат и плачат за мене, а да, плачат и за bratljube, и сличните нему.

Савршенство хрисчанског живота... тоа е, ама кој да разбере.
Кон врв
bratljube Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bratljube Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 17:35
jas ne ocekuvam deka nekoj od vas monasite ke se osvesti za vistinata, bidejki ne mozes covek koj tolku investiral vo gradenje na kuka so krivi temeli, sega da go ubedis da ja rusi.

no sekako ne mozete da ocekuvate od sekoj covek koj ne dozvoluva da bide manipuliran od ovie 'vladici' da veruva vo prikazni kako onie na opiten. tie prikazni se, sto se vika, za domasna upotreba, i se konzumiraat isklucivo vo sredini vo koi ne prodira vistinata, tuku taa selektivno se cenzurira za nedajboze nekoj da ne pomisli deka e mozno vladikata da e gresen.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 22:35
Originally posted by bratljube bratljube напиша:

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

pomisliv da repliciram ,no spored tonot i emotivniot naboj vo obvinuvanjata-ednostavo nema rezon


ne se ova obvinuvanja, ova se fakti.


Го знаеш лично Владиката Наум?
Знаеш кој сум јас?
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 22:49
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Originally posted by bratljube bratljube напиша:

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

pomisliv da repliciram ,no spored tonot i emotivniot naboj vo obvinuvanjata-ednostavo nema rezon


ne se ova obvinuvanja, ova se fakti.


Го знаеш лично Владиката Наум?
Знаеш кој сум јас?

   DA NE SI VLADIKATA NAUM?
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 23:09
Присуството на вистинските монаси кај лугето ја буди заспаната совест, го трезни опиеното срце, го урива рационалниот поглед на светот. Нивните мисли, зборови и дела се преносници на силата на Царството Небесно во овој свет. Никој во нивнотот присуство не останува рамнодушен. Монаштвото во својата суштина е онтолошки бунт против паднатиот свет, паднатата природа и самољубието. Монахот не му пренесува на Бога само нешто што е негово, туку самиот себеси, сиот свој живот и надеж, а Бог му се открива и пренесува нему како личност. Дефинициите на монаштвото што ги дадоа неговите одговори заговараат едно ни одалеку ненасетено искуство, кое Црквата овде денес веке почнува еднодушно и длабоко да си го посакува себеси.
-Сестринството од манастирот Пресвета Богородица Елеуса возглавено од Монахиња Сара.



Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 23:13
Originally posted by bratljube bratljube напиша:

bravo opiten, sekoja cest, osobeno sekoja cest sto go izbra tokmu Zvonko Ilievski, samonarecen Naum, desnata raka na Grckiot iredentizam i drugar na Jovan Vraniskovski vo prodavanjeto na makedonskite ideali vo Nis. Od golemiot izbor, go izbra tokmu najlosiot.

Se raduvam sto tokmu go izbra Zvonko, koj za sekoj sto gi sledi malku barem nastanite ke sfati deka se raboti za dlaboko materijalisticka licnost, so predavnicki nagoni kon svojata nacija.

Toj monah vo vnatresnosta, e plejboj vo nadvoresnosta, vozi dzip mercedes, so proceneta vrednost od nad 70.000 evra, a koga ne go vozi dzipot, go vozi pasatot. Istiot toj monah vo dusa, e ljubitel na ubivanjeto na zivotni od zabava, pa ednas imase prilika i mojot imenjak da mu pokloni pistol, od zabranetata marka vo zemjava za site drugi, osven za namesnikot Bozji na zemjata Zvonko, koj toj so radost go primi.

Zvonko isto taka bese glavniot suruvac so vladata na Georgievski, vo cie vreme se proneverija najgolemite sumi vo istorijata na Makedonija, a paralelno se rabotese na prodavanje na nasiot identitet. Taka Zvonko bese glaven potpisnik na Niskiot Dogovor so SPC, so koja MPC treba se da se preimenuva i da stane samo edna lokalna eparhija na SPC.

Ne samo sto go potpisa, tuku uporno vo mediumite navivase toj dogovor da se ispolni, pottiknat od svoite grcki kontakti koi svoite dolgogodisni donacii vo nego resija da gi kapitaliziraat. Za zal, Zvonko i Vraniskovski ne uspeaja vo idejata, bidejki narodot go prozre predavstvoto. Vraniskovski sepak, go nemase lukavosto i itrinata na Zvonko da sfati na vreme na kade duva veterot i da si zakjuti i zatoa ja plati cenata sto do den denes ja plakja.

No prednosta negova bese sto kako sto velat strumicani, 364 dena e nadvor od Eparhijata, po Bozja rabota. Se razbira Bozjata rabota e posiroka od malata strumica, i pred se maliot izbor na gastronomski specijaliteti. Zatoa pak, glej cudo, 364 dena istiot neretko se srekjava vo skopskite kafani. No Zvonko naracuva isklucivo posna hrana. Kako sto ednas pisuvase i vo Dnevnik, lugjeto se cudele oti mantijata ne mu mirisa na temjan, tuku na skara. No Zvonko e prav evangelski misioner, toj odi da gi bara izgubenite vo nivnite duvla. Taka svetovnosta se dopira do nego, no toj od nea ostanuva nedopren.

Istiot toj Zvonko bese cel na 'atentat' kako sto velime, no od nimalku naivni pricini. Imeno se rabotese za 'bezbozni' roditeli koi ne mozea da dojdat do nivnite kidnapirani deca i isprateni vo manastir od Zvonko. Se razbira, Zvonko ne bese tolku zainteresiran za monastvoto na ovie naivni mladi lugje, kolku vo imotot sto tie go donesoa vo vladenie na negovata eparhija. Po sekoja cena odbivase da ja kaze lokacijata na ovie mladi lugje, i samite tie da kazat dali se tamu dobrovolno ili bile izmanipulirani. Sto e postrasno, ne kazuvase ni dali voopsto se vo manastir, pa bezboznicite ostanaa da ne spijat celi noki, strepejki dali nivnite deca se zivi ili mrtvi.

Taka Zvonko go kalese svojot vnatresen monaski podvig, zaveduvajki naivni mladi deca da stapat vo zavet na siromastija, dodeka samiot se nasladuvase na blagodetite na nivnite zemni nasledstva.
 
Многу добро елаборирање на фактите за свети Ѕвонко Илиевски. Браво bratljube аплауз
Благодарение на твојот исцрпен елаборат, сите ние можеме да дознаеме и за онаа страна на монашкиот живот, а не само "онаа" што се режисира ексклузивно за нивните житија.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 23:17
Originally posted by Tetratka

Многу интересни теми и коментари ...
 
Некои членови тука треба да се засрамат ...
 
Прво беше - г.г.стефан - значи навредува и користи туѓ идентитет за што и кривично се одговара ...
 
второ беше - стевомпц - навредува институција, и чуствата на верниците ...
 
трето братљубе -  е ова е врв ... 
 
СРАМ ДА ТИ Е !!!!
 
ЗАСРАМИ СЕ!!!
 
Тоа е интересно... како некој не сака да се засрами... ама тука законот и државата се виновни...голема%20насмевка
 
 
Ајде евангелос кажи сега - па тие се прават на сила....
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 00:04
МОНАШТВО
 
Монашките заедници или манастири како носители на христијанскиот живот отсекогаш во Црквата ја претставувале онаа сила која е свртена кон служење и надградување на останатите служби на црковната заедница. Затоа монашката заедница во Црквата не претсавува еден одделен самостоен организам во однос на Едната Света Соборна и Апостолска Црква, туку во заедница со епископот ја гради истата таа Црква.

Подвижничкиот или монашки живот е определба за Царството небесно, и како таков тој претпоставува оддалечување од светот. Бегајќи од светот монахот ја бара вистинската заедница а тоа е заедницата на љубов кон Бога и ближниот, бидејќи христијаните во светот со Бога се соединети индиректно, преку светите тајни, а монасите пак директно и најнепосредно се соединуваат со Бога. Така, монасите се откажуваат од Божјите дарови, за да би можеле да општат со самиот Дародавец - Христа. Таков дар е на пример брачната заедница, која монахот ја отфрла, но не затоа што го презира бракот, туку поради копнежот за повозвишен, мистичен брак со Христа. "Оваа тајна е голема...(ефес. 5,32)
За да ја постигне оваа непосредна заедница со Бога и ближните, монахот се труди, преку деноноќно покајание, испосништво и послушание, да се очисти од страстите кои произлегуваат од самољубието и кои се главна пречка за таа заедница. Светите отци јасно истакнуваат дека оној што се љуби себе си, не може да го љуби Бога, а ни браќата. И уште, тие велат дека себељубието е корен на сите зла. Страстите ни пречат да изградиме правилен однос кон Бога, Неговите дарови и луѓето, зашто се острастуваме кон нив и ги гледаме со заболен, искривен духовен вид. Светот е добар. Тој станува лош за нас кога го гледаме острастено. Затоа Авва Исак вели: 'Светот тоа се нашите страсти"
Монахот кој е ослободен од страстите ги чисти и очите на душата и има непристрасен однос ( во зависност од степенот на неговото очистување) кон луѓето и предметите. Затоа може на правилен начин да ги користи предметите и да комуницира со луѓето.

Не случајно Св. Максим исповедник во своите 400 глави за љубовта зборува најмногу за очистувањето од страстите. Без нивното очистување невозможно е да се достигне вистинската љубов.

За монашката заедница љубовта не е резултат на некаква сентиментална околност или пак човечка приврзаност (емотивност, соработка, страст) туку една благодатна состојба, дар на Светиот Дух, кој им се дава на оние што се трудат да се очистат од страстите. Затоа, не можеш да го стекнеш Бога и човекољубието во своето срце, се додека си исполнет со себељубие. Колку повеќе срцето се празни од себељубието, толку повеќе ги прима во себе Бога и браќата.

Ова искуство монахот го стекнува преку трудот на секојдневната борба и подвижништво. Од личното искуство на светите отци се гледа колку асоцијална личност станува човекот поради страстите и колку општествено корисна кога ќе достигне обестрастеност и преобразување на страстите. Да се потсетиме на зборовите на Св. Максим Исповедник: 'Душата која во молитва и со љубов се прилепува за Бога, станува мудра, силна, сочувствителна, милосрдна и негневлива, вклучувајќи ги во себе сите божествени одлики.

Св. Василиј Велики ја дава теолошката основа на општежителниот какрактер на монаштвото, кој му помага на монахот да го надмине нездравиот индивидуализам и егоцентризам, давајќи му можност да оствари највозвишена заедница. Пример за монашкото општежитие е соборот на светите апостоли, возглавен од нашиот Господ Исус Христос. Монашкото општежитие, пак, треба да биде пример за христијанската заедница, бидејќи токму заедничарењето, еднаквоста и слободата од робување на било која личност, кои се општествени идеали, се принципи на кои се заснова општежитието.

Заедницата со Бога монахот ја постигнува преку молитвата, учеството во богослужбите и Божествената Литургија. Без молитва како монахот би имал љубов за Бога и браќата. Секоја воздишка кон Бога со зборовите: 'Господи, Исусе Христе, Помилуј ме грешниот", или 'помилуј нè", претставува надминување на егоизмот и отворање кон Бога и луѓето. Колку повеќе монахот се приближува до Бога тој се доближува и до луѓето, како што точките поставени на радиус од круг се повеќе се доближуваат како што тој се доближува до центарот. На ист начин, на заедничките богослужби, монасите се молат, Го слават, Му благодарат и заедничарат со Бога и Неговите луѓе, како со идно тело Христово, како царско свештенство и свети луѓе. Заедничкото служење ги сврзува со силни лични духовни врски. Центарот на таа Богочовечка заедница е Божествената Литургија и Евхаристијата. Заради ова во манастирите секојдневно се служи Божествена Литургија. Самиот збор Литургија (од грчки 'leitton ergon'), што значи заедничка работа на лугето, го покажува нејзиниот карактер. Имено, во Божествената Литургија ние го надминуваме секој нездрав индивидуализам, па дури и религиозниот индивидуализам, и стануваме Црква.

Поимот 'Божествена Евхаристија" ја означува на особен начин заедницата со Бога и меѓу нас самите. Благодарејќи Му на Бога заеднички, ние се соединуваме не само со Бога, туку и меѓу себе, преку нашето евхаристиско општење. Зборот 'Света Причест", пак, најјасно го открива општествениот карактер на оваа Света Тајна, како што вели Св. Јован Дамаскин: 'Се нарекува причестување и тоа е навистина така, бидејќи преку него верните стануваат причасници со Христа, со Неговото тело и со Неговото божество. Тие заедничарат и се соединуваат и се преобразуваат преку неа. Бидејќи од еден леб сите добиваат едно Тело и Крв Христови и заедно стануваат едно скапоцено тело Христово. Така нашето единство и заедничарење во Црквата преку Светите тајни е толку длабоко, како што ке биде и идното единство на телото. Тоа единство не е психолошко, или идеолошко или етичко или организационо, туку телесно-мистично единство."

Ние не го создаваме тоа единство. Ние не го правиме телото Христово. Христос сам нè прави свое тело а ние мора да Му помагаме преку постојано покајание и подвижништво, така што да станеме достојни за тоа единство на телото а не да го попречуваме. Манастирот претставува едно мало откровение на Црквата. Монахот постојано се подвизува во него. Тоа го прави за да ја живее постојано и непречено (колку што му е тоа достапно) Црквата како тајна на Богочовечката заедница. Патот и изворот на оваа заедница е Троичниот Бог.
Но тука постои една привидна противречност. Монахот ја постигнува таа заедница со повлекување од светот. Тоа за светската логика е потполно необјасниво. Тој се оддалечува од луѓето за да стекне ослободување од страстите и така, да ги засака на вистински начин. Ова навистина е парадоксално, но не и противречно. Ова ја оправдува и изолираноста на манастирите, како и изреките од светите отци: 'Бегај и спаси се" или 'Туѓ на сите, пријател на сите".

Св. Григориј Палама во својата прекрасна проповед за Воведение на Пресвета Богородица во храмот, објаснува како Богородица живеејќи долги години во Светињата на светињите, живеела во осама, оддалечена од луѓето, во длабока исихастичка молитва кон Бога. Таму, Таа се припремила за својата идна задача - да посредува за човечкиот род и да ги носи на земјата плодовите од тоа посредништво. Преку својата осаменост и постојано созерцавање на Бога, Пресветата стана најкомуникативната личност во Црквата.

Повлекувањето на монахот од светот не значи несоцијалност, исто како што ни световноста не значи комуникативност. Навистина е прекрасно како несветовните монаси се отворени кон сите, како тие го примаат секој човек како икона Божја и свој брат. Навистина, духовно понапредните и облагодатени монаси можат да го успокојат секој човек, па колку и да е тој збунет и вознемирен. Позната е светоотечката изрека: 'Си го успокоил ли братот свој, ти си го успокоил Бога".

Некој блажен старец, кој му помогнал на едно психички болно момче да се излечи, го држел момчето кај себе една цела недела и притоа, како што велел тој самиот, девет часа ја слушал неговата исповед, без да се помрдне од место.
Несебичното и срдечно гостољубие кое ги карактеризира манастирите, претставува видлив пример на пожртвуваност и служење на монасите на својот ближен. Поскриен е начинот на кој монасите ја изразуваат својата љубов кон луѓето, преку молитва за нив. И како што духовно возрастува монахот, неговата молитва за сета твар, за живите и упокоените, станува сè потопла и попостојана.

Како што Светиот отец Силуан Атонски напишал: 'Има луѓе кои велат дека монасите треба да му бидат од некаква корист на светот, а не да јаде леб за кој не се потрудил, но ние треба да ја разбереме природата на монашката служба и како тој треба да му помага на светот. Монахот е некој кој се моли за целиот свет, кој плаче за светот и ова е неговата главна задача. Но кој е тој што го наведува да плаче за целиот свет. Тоа е нашиот Господ Исус Христос, кој го вдахновува со таква љубов. Тој му ја дава на монахот благодатта на Светиот Дух и преку неа срцето на монахот омекнува и тагува за луѓето, бидејќи не сите се спасени. И нашиот Бог толку ги сожали луѓето што благоволи да пострада на крст заради нив. И Мајката Божја имаше во срцето слична жал за луѓето и посакуваше сите да се спасат.

Монасите својата комуникативност ја изразуваат и преку духовните четива за верните, преку своите писма и особено, преку повременото доаѓање во светот од послушание кон Црквата, заради проповеди, вршење исповед и друга пастирска служба.

Придонес на монаштвото е и запазувањето на верата, јазикот и ентитетот на православните народи во периодот под Турска окупација, што е општо познато од историјата.

Социјалната свест на монахот не се постигнува лесно. Таа е плод на долга и постојана борба. Без неа и без благодатта монахот не може да го надмине себељубието и станува несоцијален. Кога православните манастири и малите монашки заедници собрани околу старецот функционираат правилно, тие стануваат центри кои го просветлуваат православното општество, градејќи го според Христовите идеали. Затоа секој осветен монах или православен христијанин станува центар на вистинската Богочовечка заедница.
Денес кога животот станува сè поиндивидуален, асоцијален па дури и антисоцијален, православното монаштво едноставно и смирено ја покажува заедницата на православната Црква. Тоа им помага на затворените и фрустрирани души да се отворат кон Бога и кон своите браќа, да не се плашат да покажат љубов, и тоа не само кога очекуваат да им се возврати, туку и кога ништо не добиваат за возврат.

Сартр во секој човек гледаше закана за својата слобода. Смирениот, пак, и свет руски подвижник Серафим Саровски, од друга страна, во секого ја гледаше својата радост, па така и им се обраќаше.

Преку Крстот и Воскресението Христово, смртно заболеното општество на нашата падната природа се преобразува во вечна и здрава заедница на новиот човек во Христа.

Архимандрит Георгиј Капсанис

Игумен на Григоријатскиот Манастир
Света Гора

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
bratljube Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bratljube Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 00:09
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Originally posted by bratljube bratljube напиша:

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

pomisliv da repliciram ,no spored tonot i emotivniot naboj vo obvinuvanjata-ednostavo nema rezon


ne se ova obvinuvanja, ova se fakti.


Го знаеш лично Владиката Наум?
Знаеш кој сум јас?


Vranisko ti si?
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 00:45
А што ако е дедо Наум? збунетост Тогаш шо праиме?
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 00:47
Originally posted by makarios makarios напиша:

А што ако е дедо Наум? збунетост Тогаш шо праиме?
 
Ке играме оро...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 00:53
„...Христовиот одговор е страшен: Ни јас не ви кажувам. Ужасот на овој Негов одговор воопшто не се состои во тоа што Он не сака да им каже, да им соопшти, туку во фактот што Он знае дека дури и да им каже, напразно ќе ги троши своите зборови; дека зборувањето во случајов би било само нешто како фрлање на бисери пред свињите. А кој сака да си го фрли својот бисер пред свиња? Ваквиот Христов одговор е само уште едно сведоштво дека Вистината не се спознава надворешно, само со интелектот, со разумот, туку пред сѐ внатрешно, со благодатно и молитвено просветлување на умот во очистеното срце...“
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 02:06
Originally posted by makarios makarios напиша:


п.с. Нема да ми одговориш на прашањата? Ме сакаш ли? Зошто Каин го уби брата си Авел?
 
Еве ти го мојот одговор:
 
Originally posted by Правила на Форумот Правила на Форумот напиша:

 
На корисниците на ИДИВИДИ форумот не им е дозволено:
  • Објавување информации кои не се поврзани со темата, лични пораки и слично. За се’ што не е поврзано со темите на форумот, може да се комуницира преку приватните пораки.
  •  
    Ова е воедно одговорот и на многу други ваши прашања на форумов, кои за жал остануваат неизбришани на темите, а јас немам простор каде да ви ги одговорам.
    Но бидејќи модераторите се покажаа немоќни и неавторитетни да воведат ред, проблемот го пренесов и до администраторите на форумов. Сега останува да се надевам на нивната принципиелност и авторитет да превземат нешто околу построгото модерирање на овој подфорум.
     
    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
    makarios Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор


    Регистриран: 20.Октомври.2008
    Локација: Macedonia
    Статус: Офлајн
    Поени: 1282
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 02:11
    Благодарам што конечно одговори, но малку прекасно, затоа што одговорите веќе ги објавив во темата за општо.
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 97>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,234 секунди.