|
ВЕРОНАУКА ВО УЧИЛИШТАТА |
Внеси реплика | страница <1 1112131415 16> |
Автор | ||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
мислам дека е мошне свесна(или барем дел од владата)и се сомневам дека ќе се каат само за пар години(камо среќа да испадне така) напротив мислам дека ќе бидат горди на резултатите, но дека тоа долгорочно ќе биде погубно за децата и државата како збир на луѓе кои чувствуваат, мислат и дејствуваат. Мене тоа ми мириса на уште една етапа на воведување на Хакслиовиот „Прекрасен Нов свет„
А за историја на религиите не мислам дека нужно ќе се зборува атеистички(демек се е тоа мижи да ти бајам), но мислам дека информативно запознавање со религиите може да се обезбеди со 2-3 предавања во текот на цела една година. Против тоа сум да некој од државниот буџет финансира во основните и средните училишта веронаука од било која верска заедница или религиозна група. Изменето од Majkl - 27.Август.2008 во 14:01 |
||
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
moira Испратена: 2007.Јули.15 во 19:38J: JAS SUM PROTIV VERONAUKATA VO UCILISTATA. ZOSTO? PA NEKA MI OBJASNI NEKOJ KOJ KE GI KONTROLIRA MUSLIMANSKITE VEROUCITELI VO UCILISTATA? STE RAZMISLILE LI KAKVO PODVOJUVANJE KE SE SOZDADE I KAKVO SEME NA RAZDOR KE SE POSEE. -------------------------------------------------------- Тоа што го кажав и што го мислев пред повеќе од една година, сега ни се случува, но никој од надлежните ниту помислил ниту размислил за последиците од воведувањето на Веронауката во училиштата. Сега вахабити ќе се шетаат по училиштата и ќе шират раликализам,!...е ќе се шетаат, нормално нив тоа им е задачата, но наместо сега да се чудат и пишуваат за такви појави требаше на време да се размисли што се може да се случува со ваквата непромислена одлука во средина како што е нашата и со ваков ментален склоп со каковшто располагаме. |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas сум ПРОТИВ веронаука во државното образование. Моите аргументи се следниве:
1. Историски се покажало дека наметнатото верско образование, секогаш имало контрапродуктивен ефект кај децата. Повеќето деца ја замразуваат верата (било која) и воопшто не сакаат да научат нешто, туку само гледаат како можат полесно да поминат по тој предмет. Веќе од клупите излегоа и неколку верско-подбивачки вицеви, кои секако не би можел да ги споделам со вас.
2. Со воведување на веронауката во државното образование се нарушува секуларитетот на нашата држава т.е. настанува меѓусебно мешање на верските заедници во државата и обратно. По овој став е прекршен и уставот на РМ и Либерално Демократската Партија повторно го даде ова на уставен суд.
СДСМ исто така обвинуваат дека воведувањето на веронауката во основното образование е спротивно на Уставот и на основното начело за слобода на верско изразување. Тие предлагаат: "Веднаш да се укине задолжителното изучување на веронауката во училиштата, предметот да биде понуден како изборен, но во комбинација со други предмети и веронауката да се организира во верските објекти"
Но, скептичен сум дека ќе успеат да го бутнат на уставен суд, затоа што веронауката има силна подршка од позициската власт и тие ќе го бранат уставот дека со слободното избирање на секуларниот предмет "Запознавање со религиите" е задржано правото на ученикот да не учи веронаука.
Но во пракса се случи нешто многу поинакво од теоријата на законот. Имено многумина директори на основните училишта ги собраа наставниците и буквално им наредија на наставниците да ги свикаат родителите и да им кажат дека бројот на ученици кои можат да го следат предметот "Запознавање со религиите" е пополнет и дека МОРААТ да изберат веронаука. Значи во пракса имаме дирекно кршење на уставот.
Исто така, материјалот кој се предава по овој предмет (намерно или не) излезе претежок за разбирање дури и за полнолетните деца, а камо ли за петтоодделенците. Од професионално гледиште, предметот повеќе наликува на "Филозофија на Религиите", отколку на нивно запознавање. Таму децата учат што претставува душата и како на тоа гледаат разните религии... нешта за кои и древните филозофи си ја тупеле главата. И нормално е дека многу од децата, условно кажано, беа принудени да побегнат од тој предмет и да се префрлат на предметот веронаука каде што се учат песнички за Марија, како да се прекрстуваат (со три прста, од десно кон лево), тук там по некоја икона и манастир - што верувам ќе се сложите е далеку полесно за едно петтоодделенче, отколку ова првото.
Значу, сума сумарум, многу лукав потег на владата, како да наметне веронаука, а притоа да има џокер во ракавот дека сепак секуларноста не е нарушена.
3. Со воведувањето на веронауката исто така се наруши и верската рамноправност исто така дефинирана во уставот. Од сите 26 правно регистрирани верски заедници во РМ, само на 5 од нив им се дозволи правото да си ја поучуваат својата веронаука во државното образование. Со ова исто така е нарушен уставот кој гарантира верска рамноправност на сите верски заедници. Ова сега претставува уште еден од изговор-џокерите на Европската Унија за одбивање при нашата следна апликација за членство во Унијата.
Целта за воведувањето на веронауката во државното образование мислам дека на сите ни е горе-доле јасна. За дипломираните студенти од православниот богословски факултет лесно се наоѓаше работа по црквите и манастирите, но за дипломираните студентки беше тоа проблем и ваквиот потег беше ЕРУРЕКА за нивно вработување по струка. Затоа и да не ве чуди што повеќето наставнички што предаваат веронаука се жени
Сметам дека, доколку владата немаше однапред трасирани мотиви и цели со воведувањето на веронауката, истото можеше да го спроведе на многу поприфатлив начин. Што фалеше на пример предлогот на СДСМ (одма да кажам дека јас не сум партиски обоен) да се изучува веронауката како ФАКУЛТАТИВЕН предмет? Доколку сака детето, ќе си учи веронаука, доколку не сака, нема да си учи. На овој начин немаше да има присилно наметнување на верата врз децата.
Но да ви кажам зошто владата не се одлучи на ваков чекор? Затоа што сите анкети покажуваа дека ни 2% од децата немаше да го одберат да го слушаат тој предмет. МПЦ исто така се обиде и во храмовите да поучува веронаука, но одзивот на граѓаните беше катасртофален. Па си рекоа: "Не сакате милом? Епа тогаш СИЛОМ!"
Последиците од ваквиот лош потег на владата веќе започнаа и драго ми е што тука ги коментирате, но допрва ќе дојдат вистинските последици.
Јас сум христијанин и не сум против веронауката, но сум против таа да биде дел од државното образование заради причините кои ги наведов погоре. Сметам дека веронауката е задача на секоја верска заедница и дека таа треба да се извршува во верските објекти, па ко воли, нек изволи.
Ваквата веронаука е редовна активност во некои верски заедници, организации и здруженија и тие немаат никаква потреба истата да ја наметнат и во училишните клупи. Така на пример, здружението на граѓани-христијани "Божилак" веќе со години успешно си ја извршува задачата за верско образование на граѓаните, без притоа да го крши секуларитетот на држвата и верската рамноправност. Колку за пример, нејзината содржина можете да ја видите на www.veronauka.com.mk Поздрав до сите
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти имаш малце интелектуална тежина во својата глава или изигруваш Ванѓа и тетка Шукрета? Кои вехабити? Каков радикализам? Можеш ова да го докажеш,или само целта тие да провоцираш? Или си сеуште под влијание на оние дезинформации кои излегоа во печатот? Умре времето на комунизмот. Луѓето веќе не спијат и си го бараат тоа што им следува.А за менталниот склоп подразмисли си самата за себе. Бре,бре како некому му ометаат верниците кои мирно и доследно си ја почитуваат и практикуваат верата. Не се бираат средства во нивното етикетирање. Те радикалисти, терористи, екстремисти....ветар и магла. Ништо од тоа нема вистина. Ајде повели, кажи ми каков радикализам, тероризам и ектремизам покажаа тие фамозни вехабисти во македонија? |
||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А ти другар си против веронауката од една единствена причина: Што немате доволно верници (протестанти) за да се одржува веронаука според вашето таканаречено изворно учење. Да беше поинаку,поинаку и ќе пишуваше. Провиден си ко стакло. |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
АБЕ ЕВАНГЕЛОС - ИСТОРИСКИ ДОКАЖАНО Е ДЕКА ПРОПОВЕДНИЦИТЕ КАКО ТЕБЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ КОНТРА ЕФЕКТ НА ВЕРНИЦИТЕ ВО ОПШТЕСТВОТО ... па никому ништо ...
Ако Христос ни ја дал СЛОБОДАТА како најголем дар, по оваа твоја логика - тогаш не треба и ти да проповедаш и на сила ДА ЈА НАМЕТНУВАШ ТВОЈАТА ВЕРА “ИЗВОРНА“ ...
Тука нема логика - а и смешно е ...
Од една страна кажувате дека СЕКОЈ ШТО КЕ ГО ПРИЗНАЕ ХРИСТОС ЗА СПАСИТЕЛ ЌЕ БИДЕ СПАСЕН,
ОД ДРУГА СТРАНА СПОРИТЕ СО НАС ... НАШАТА ВЕРА ХРИСТОВА НЕ БИЛА ВО РЕД - ДЕМЕК НИЕ НЕ ГО ИСПОВЕДАМЕ ХРИСТОС ...
ИСТОТО Е И ЗА ВЕРОНАУКА
ТВОЈОТ СТАВ Е ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА ИМА ВЕРОНАУКА ВО УЧИЛИШТАТА ... А ОД ДРУКА СТРАНА - САМИОТ СИ “УЧИЛИШТЕ“, И ТОА НЕ УЧИЛИШТЕ ДРЖАВНО, НЕГО ЗА “ИЗВОРНО ХРИСТИЈАНСТВО“...
ПА СМЕШНО Е ВО КАКВИ КРАЈНОСТИ НАВЛЕГУВАШ ...
ВЕРОНАУКА ВО СИТЕ УЧИЛИШТА ...
1. Нема ништо лошо во тоа децата да ги изучуваат сите религии (нормално и својата), сега тука има едно логично прашање и логичен одговор - Зошто некој на форум не сака да се изучува веронаука? Затоа што неговата христијанска деноминација не влегува во конспектот на работа... демек нова е и нема никаква основа да се нарекува така...
Тука на сите ни е јасно зошто овие луѓе се против веронаука...
2. Сите знаеме денес каков е духот на времето, демек во какво време живееме... време на разврат, блуд, деморализација, глобализација...
Исто така, сите знаеме какви се основите на христијанскиот (и воопшто религиозниот) морал и етика , и факт е дека децата ДЕНЕС МОЖАТ ДА ИМААТ САМО + ОД ВЕРОНАУКАТА ...
Ако не ...
Не мора да ИМА ВЕРОНАУКА...
Па родители, размислете ...
Или подобро ке размислите тогаш кога вашите деца ке се враќаат (прибираат) дома, касно навечер - пијани или дрогирани,
КОГА ВАШИТЕ ДЕЦА КЕ СНИМААТ ПОРНО КЛИПОВИ...
КОГА ВАШИТЕ ДЕЦА ...
п.с.
бравос Евангелос - алал да ти е...
многу добро размислуваш - секоја чест
Изменето од Tetratka - 31.Октомври.2008 во 11:02 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
samo da si spomneme, Stalin ucel za pop.
tolku od arugmentot deka so predmetot veronauka ke se unisti porno i narko industrijata. |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Веронаука децата одамна учат и во Холандија, па сепак таа претставува морално најдеградираната земја во Европа - современиот Содом Демек ако попадијките им кажат на децата дека треба порано да си легнат навечер, тие веднаш во 22 часот ќе се нацртаат во креветВеронауката треба првенствено да се изучува во семејството, а потоа во верските објекти. Веронауката во државното образование, како што кажав, го нарушува секуларитетот и верската рамноправност во државата, а тоа несоомнено ќе донесе катастрофални последици. Противуставно е, не знам како не можете да разберете. Но кој не разбрал со зборови, времето ќе му објасни со дела
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А дали самото тоа кажува дека веронауката не е во ред? Бај д веј, во Холандија се предава „иворна“ веронаука...
Убаво рече - првенствено. А доколку родителите не се верници, значи дека децата треба да ги баталиме поради туѓата кривица... затоа што велаш дека изучување на веронаука во домот, му претходи на изучувањето во верскиот објект... ако го нема првото, од ова излегува дека треба да се исклучи и второто Изменето од Maran Ata - 31.Октомври.2008 во 13:15 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
п.с. Дешад, многу реален коментар, Тетратка - добар логички заклучок
|
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нашата Влада се обиде да проба со овој систем да го зголеми моралот кај младите, земајќи ја за пример Словенија. Таму веронауката го ублажила моралниот пад кој се случувал по падот на комунизмот во таа земја. Па затоа и нашите сакаат да го пробаат тој модел.
|
||
SrboLegendaRSK
Нов член Регистриран: 30.Октомври.2008 Локација: Byelorussian SSR Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Има да учат и оро ќе играат
Изменето од SrboLegendaRSK - 31.Октомври.2008 во 13:28 |
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пред некоја година кај децата од трето оделение им се даде да учат веронаука.
Наставата најнапред имаше бојкотирана од некои комуниситики ориентирани професори и директор и затоа имаше малку деца,но со тек на времето се повеке и повеке. Потоа почнаа да барат и децата од другите одделенија и можеше да се уочи разликата помеѓу децата кои ја посетуваа наставата од оние кои не ја посетуваа наставата. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А ти другар си против веронауката од една единствена причина: Што немате доволно верници (протестанти) за да се одржува веронаука според вашето таканаречено изворно учење. Да беше поинаку,поинаку и ќе пишуваше. Провиден си ко стакло.[/QUOTE] АПСОЛУТНО ТОЧНО Изменето од Опитен - 31.Октомври.2008 во 14:15 |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
Внеси реплика | страница <1 1112131415 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |