IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5152535455 97>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 21:03

Светите отци велат дека како што ангелите се светлина за монасите така и вистинските монаси се светлина за луѓето.

Што значи овде зборот „светлина’?

Дека монасите се тие коишто го одржуваат високиот критериум, или маченички етос, на христијанскиот подвиг и живот во Црквата. И уште, дека тие треба да бидат патеводители, да им го покажуваат патот на духовното растење на луѓето со своето постоење, со своите дела, со својот збор, со целиот свој живот. Значи, монасите треба да се светлина за мирјаните, за луѓето кои што христијански живеат во светот. На свој начин тоа го поставува монашкиот чин во Црквата на место на пророчка служба: како што Пророците во Стариот Завет го објавувале доаѓањето на Христа и им го покажувале патот на луѓето како постојано да бидат во заедница со Бога и никогаш да не се оддалечуваат од Него така и монасите денес ја имаат таа улога во животот на Црквата. И навистина, доколку монасите ја исполнуваат својата назначеност, тие стануваат светлина и поткрепа за сите кои се надеваат во Бога.

Вистински монах е тој што го поминал патот на очистување на срцето од страстите и од гревот и што се искачил на вториот степен на духовниот развој, а тоа е просветлувањето на умот. На тоа духовно ниво умот на монахот, заради отвореноста на срцето, може да се симне во самото срце и таму да ја твори молитвата. Престојувајќи молитвено во срцето, умот се причестува со Божествената благодат којашто секој човек ја добива при Светото Крштение. Тука, внатре, умот на монахот се просветлува преобразен од оваа благодат и заради тоа овој степен од духовното растење се нарекува просветлување на умот. Преку оваа просветленост на умот монахот ги спознава тајните на животот воопшто, тајните на Бога и на Светото Писмо, тајната на Црквата. Затоа тој и може својот пат и своето достигнување да им ги покаже на другите луѓе и да ги води по овој пат бидејќи самиот го има поминато и го познава...

...Љубовта кон луѓето ни е наједноставниот показател за тоа како растеме во Христа.

(Митрополит Наум Струмички, извадок од есејот „За содржината на монашкиот живот“)

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 23:15




Monasi se hristijani koi vo crkvata reshile zapovedite na Svetoto Evangelie da gi primaat bukvalno; koi gi izvrshile zavetite na poslushnost, siromashtvo i mudrost.

Samoto monashtvo imalo teshki iskushenija i golem broj problemi. Prvobitnite monasi ziveele vo pustinski kraevi. No, zoshto? Bidejki tamu vo pustinata kade vladee silata na loshiot duh e najteshkoto iskushenie, bez voda i uslovi za zivot.

Monah (grc. Monos- shto znaci sam, osamenik) e covek koj zivee sam no istovremeno zaedno so Bog. Toj go bara i go naoga Bog vo sebe. Edinstvoto so Bog, koe za monahot e najznacajnata cel za negoviot zivot e garancija za negovoto osloboduvanje od grevot i od smrtta. Aleksandriskoto bogoslovie na Atanasij koj veli: “Bog stanal covek, za covekot da moze da stane Bog”,(no ne Bog po priroda, ami po blagodat)
Macenishtvoto e element na monashkiot zivot. Monashkiot poziv e upaten na spasenieto. Monahot ne saka kompromisni i olesnuvacki sostojbi. Toj teznee da dostigne sovrshenstvo, isihija i zivee vo i macni iskushenija, borbi i podvizi. Macenickoto poznanie i custvo, monahot so radost go nasocuva kon sovrshenstvo. Monasite pravat mnogu teshki i golemi podvizi. Nekoi monasi so denovi i noki ne sednuvaat i ne legnuvaat, se dodeka ne im potecat nozete, a sepak ne se bolni nikogash. Tie custvuvaat duhovno zadovolstvo, dozivuvaat radost od taga, bidejki veruvaat deka dushata preku stradanje i bolka ja izrazuva svojata Ljubov sprema Boga. Monahot se custvuva kako covek cija dusha teznee kon isihija. Vo molitvata kopnezot za isihija e vsushnost e zed za Bog.

Monah znaci eden, sam, osamen. Monahot e sam, no vo zaednica so Boga. A. E. Svetogorec istaknuva deka: “Monashtvoto e prenesuvanje i premin vo eden drug svet i poinakva zaednica”. Nasproti toa, stremezot kon osamenost i kon ishija i zedta za sovrshenstvo i obogotvoruvanje, seto toa zedno postoi vo sekoja dusha koja monahuva ili go saka monashtvoto. Monashtvoto e svakanje i ubeduvanje, silna zelba za stradanje, spremnost da se podnesuva, da se umira, no seto to od Ljubov kon Bog.
“Hristijaninot zatoa odi vo monashtvo za da stane Martis Hristov niz mnogu trud i podvizi, solzi i trpenie”, istaknuva Svetogorec.
Monashkoto macenishtvo sekogash sodrzelo i krielo golema Ljubov kon Bog. Macenishtvoto e nacin i sredstvo na covekovoto povtorno sozdavanje t.e. Na preporagnje na smrtniot covek. Vo bolkata i makata covekot sozreva i moze da ja sogleda moznosta preku stradanjeto da ja izrazi svojata zed i zelba za obogotvoruvanje.Monahot se trudi da da bide sovrshen po zborovite , toj saka da se obogotvori. Jazikot so koj moze da go pobara i posaka toa e jazik na zrtva, stradanje za Hrista.
Macenishtvoto i stradanjeto se sostaven element na zivotot na monahot. Preku stradanieto i bolkata toj mu ugoduva na Bog. Poradi Hristovata dobrovolna smrt monahot dlaboko veruva vo Bozjoto vozvrakanje so zivot. Osnova za macenickiot zivot, monasite naogale vo duhovnite koreni na hristijanstvoto.
Stradalniot zivot mu ovozmozuva na vernikot milost i spasenie.

Na covekot ne mu e daruvano samo da veruva, tuku i da strada za Hrista.

Stradanieto ja usovrshuva verata na monahot. Macenishtvoto e svedocenje na negovata spremnost da mu sluzi na Bog. Macenishtvoto se sodrzi vo postajanost na zelbat za obogotvoruvanje.

Osobeno posle IV vek koga i bilo dozvoleno slobodno organiziranje, crkvata posebno gi cenela monasite i nivniot macenicki zivot. Taa se zainteresirala za iljadnici monasi i podviznici i im ovozmozila postoenje i razvoj.

Macenishtvoto se razvilo i poradi edna druga pricina. Monasite bile zestoko progonuvani. Sepak za niv sekogash vazele istite podvizi i bolki koi gi izvrshuvale so edna, herojska dinamicnost. Macenishtvoto obezbeduvalo poznanie i zednica so Bog, sigurno i neposredno spasenie. Svetogorec precizira deka:
“oruzje na toa macenishtvo e askezata, poslushanieto, raznovidnite podvizi, samosmaluvanjeto i smirenieto. Borilishte pak, e kelijata”.

Zatoa i Isak Sirin veli deka monasite se povikani na nevidlivo macenishtvo.
So svojot podviznicki zivot monasite ja ozivuvale i ja podgrevale verata na narodot.
Monashkiot podviznicki zivot ne e ednolicen, strog i monoton.
Monahot zivee praktikuvajki mnogu nacini na vezbanje, asketizam, koi zavisat od mnogu nadvoreshni okolnosti i sekako od negovata resh*telnost. Pritoa osobena uloga ima starecot koj pretstavuva Duhoven Otec na sekoj monah.

Monahot e sreken zatoa shto opshti so Bog. Negoviot zivot stanuva zivot na zaednica so Bog. Preku molitvata toj ja dozivuva prisutnosta na Bog, a Bog deluva vo nego, negoviot um i telo.






Изменето од belichka - 30.Октомври.2008 во 23:27
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 00:04
Originally posted by belichka belichka напиша:



Monah (grc. Monos- shto znaci sam, osamenik) e covek koj zivee sam no istovremeno zaedno so Bog.

 
Но дали е таков осамнички живот е заповедан од Бог? Дали таквиот осамнички живот е богоугоден? Зарем зборот "монах" (сам) не е дијаметрално спротивен од зборот "црква" (заедница)? Зарем не се повикани христијаните да одат меѓу народите и да им ја пренесуваат радосната вест за спасението во Исус Христос?
Апостол Павле бил сам кога бил во ќелија, ама да се разбереме, тој не се пикал во ќелии по своја воља. среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 01:43
„...Знам дека низ подвигот во се` да се поистоветиме со Оној Кој за Својата Црква се распна и воскресна, театар ќе му постанеме на светот, на луѓето и на ангелите, и знак против кого луѓето ќе говорат. Но зар непријателот нема да го љубиме? Зар и за него секојдневно не умираме и пак сме живи? Особено оној кого денекса го сретнуваме како непријател, веќе во литургиското Денес го препознаваме како вечен наш возљубен во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.“

Ова го напишале монасите Наум и Климент во 1995 на Света Гора.

Се е кажано, и се е познато. Затоа секое плукање, негирање и омаловажување на делата и подвизите на монасите мене ми изгледаат смешни. Затоа старец Паисиј рече: „Со камењата кои ги фрлија на вас, вие изградете Црква“.

Велик е Бог. Амин!





Изменето од makarios - 31.Октомври.2008 во 01:43
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 02:07
Originally posted by makarios makarios напиша:


„...Знам дека низ подвигот во се` да се поистоветиме со Оној Кој за Својата Црква се распна и воскресна, театар ќе му постанеме на светот, на луѓето и на ангелите, и знак против кого луѓето ќе говорат. Но зар непријателот нема да го љубиме? Зар и за него секојдневно не умираме и пак сме живи? Особено оној кого денекса го сретнуваме како непријател, веќе во литургиското Денес го препознаваме како вечен наш возљубен во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.“Ова го напишале монасите Наум и Климент во 1995 на Света Гора. Се е кажано, и се е познато. Затоа секое плукање, негирање и омаловажување на делата и подвизите на монасите мене ми изгледаат смешни. Затоа старец Паисиј рече: „Со камењата кои ги фрлија на вас, вие изградете Црква“. Велик е Бог. Амин!


   Горенапишаниот текст баш ништо не кажува,туку наликува на некој политички нејасен општ одговор на некакво прашање.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 02:36
Брату изворен,
би те замолил за нешто.
Дали може во твоите постови да дадеш некое аргументирано мислење или само да судеш и осусдуваш, напагаш коментираш.

дај кажи нешто па и ние да се поучиме ако занеш. Евангелост барем се труди да извади некој цитат, да каже некое негово рамислување што иако не се согласувам ама барем вреди нешто.

Те молам извини така јас...

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 02:38
Монахот заминува од светот и пак се враќа. Ама не секој ја разбира оваа мудрост. среќа
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 02:44
Originally posted by bratljube bratljube напиша:

ovoj forum stanuva se posmesen i posmesen. posle jovan vecniot postac so skakulci, sega i Pavle go pravat monah. Sto e sledno? David bil arhiepiskop?

Pavle postel, kako sto posetele site Bozji lugje. I samata si procita, postel 3 dena i 3 noki, BEZ NISTO da stavi vo usta otkako go sretna Isus na patot za Damask. Taka se posti. Znaci si pisuva duri i kako postel.

Vo drugi priliki pak jadel kolku sto saka i od sto saka. Taka i go ukori Petar koj mislese deka ke se pridrzuva do staro-zavetnite pravila, i mu rece da ne izigruva licemer, tuku da sedi i da jade!

Ova se nekoi novi izmslici sto sekoj den stanuvaat se posmesni. Postot sega duri go definiravte kako 'nejadenje na omilenata hrana'. Kade toa go pisuva?

I se uste slepo se citira kako Jovan postel. Koj negira deka postel? Se razbira deka postel kako i site Bozji lugje: so nejadenje, a koga ne postel, jadel.

Velis za Jovan deka postel bidejki se veli 'ne jadel i ne piel', ama vo prodolzenie se veli deka Isus 'i jadel i piel'. Spored tebe znaci Isus ne postel?

Se razbira, sekoj moze novi izmislica da dodava sekoj den. Zatoa go imame Svetoto Pismo da gi isecka takvite novotarii od verata. A baska sto i Svetoto Pismo frla anatema vrz sekoj koj dodava kon toa sto pisuva. Taka padna vo voda i 'ne e se zapisano' argumentot, pa moze nie da si dodavame. Moze, no pod kletvata na vecno otpadnistvo.



А ти од каде знеш што се случувало на форумов од порано? Гледам нов член си а се знаеш. Случајно да не си еден од банираните?

и друго. Те молам не го злоупотребувал името и личноста на почитуваниот наш Брат Љубе оти ако дознае не мислам ке му е мило. Брат Љубе и голем Православен верник. Знам некој кој лично го познава.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 03:35
Еднаш минуваше по улица − обична американска улица, а минувачите застануваат и се свртуваат − го гледаат необичниот лик и за нив новата и непозната физиономија, го гледаат лицето продуховено со молитва и пост, кое пламти со внатрешен жар во душата на тој човек, облечена во мантија − облека невидена на улица во Америка. Некои под впечатокот на таа појава од друг свет, започнуваат разговор со него. Опсипан е со бран прашања, а од устата на отец Јоаким се точи жива и чиста вода на проповедта за Бога, за Вистината, за Православната Црква како единствена ризница на Вистината и Животот, во која е можно да се познае и доживее Бог… Кругот на слушатели се шири. И автомобилисти застануваат и слушаат запрепастени. Подалеку почнуваат да пиштат сирени на автомобили што не можат да поминат. Но толпата луѓе на улицата не се разидува. За кратко време сообраќајот на улицата е блокиран. Доаѓаат полицајци и учтиво го замолуваат говорникот да запре и да продолжи на друго место. Но, мноштвото луѓе протестира и сака да слуша до крај. Тој ден отец Јоаким доцна се врати во својот ерусалимски метох.

                            

(ова е старец Јоаким од скитот Света Ана, на Света Гора, а текстот е кога бил во Америка. Ова црното на сликата е брада среќа)
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 04:25
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by belichka belichka напиша:

Monah (grc. Monos- shto znaci sam, osamenik) e covek koj zivee sam no istovremeno zaedno so Bog.

 

Но дали е таков осамнички живот е заповедан од Бог? Дали таквиот осамнички живот е богоугоден? Зарем зборот "монах" (сам) не е дијаметрално спротивен од зборот "црква" (заедница)? Зарем не се повикани христијаните да одат меѓу народите и да им ја пренесуваат радосната вест за спасението во Исус Христос?

Апостол Павле бил сам кога бил во ќелија, ама да се разбереме, тој не се пикал во ќелии по своја воља. среќа



Брате Евангелосе,
Имаш многу интересен став кон работите. Тоа добро ти го има забележано и Зидарски, дека ако некои работи не ти се прифатливи ти истите апсолутно ги негираш и отфрлаш, но тоа е само во твојата глава, и со твоите очи. Да не одиме понатаму...

Сета дискусија и образложувања за монаштвото од 53 страни до сега ги отфрлаш само затоа што според тебе монаштвото нема „оправданост“ во Библијата.

Добро, но и на тоа ти се одговори.
Цитати, цитати, цитати објаснувања, токлувања, конкретни дарови од монаштвото... сето тоа не вреди затоа што тоа неможе да се смести во твојата глава. Нема да кажам сега дека треба да ја прифатиш реалноста дека ти не си ценар и критериум на вистината, туку Христос Кој е Вистината и Светиот Дух кој е сведок и Дух на Вистината, а не јас, ти или било кој друг, брату мој.

Еве ке се потрудам да ти одговорам и на твоите прашања, кои повеќе јас ке ги наречам дилеми.


Незнам како ги сфакаш ти зборовите „монахос“ самец и „еклисија“ Црква?

Па и ти си сам бе барате. Само со Господ како личност, персона. Зарем ти никогаш не го доживеал тоа чуство, таа потреба од осаменост и да бидеш сам со Господ? Како и св.Петар кога по него одеше ученикот кого Господ го љубеше му преречи на Господа„ А овој пак зошто?“ Значи и тој сакал да биде сам со Господ и другиот му „пречел“.

Да го оставиме тоа сега и да го оставиме и фактот декаи Господ Исус Христос и св.Јован Крстител се осамувале на молитва.

И нели Господ рекол: „Царството Божјо е внатре во вас“. Во твоето, во моето, во срцата на сите поединечно и дека таму треба да го бараме а што е тоа ако не осамување и повлекување во нашата скришна соба?

И ако нашето во нашето срце е Цраството Небесно, тоа нели значи и Црквата? А што зар во Царството Небесно ке бидеме сами? Тука се состои сета соборност на Црквата.

Само во очистеното срце можеме мистично, ке кажам и личносно, да ја сместиме сета Црква, сите оние кои ги сакаме, па и сите оние кои не навредрдуваат и не не сакат. Не треба да застанеме на сред менхетен и таму да ја бараме Црквата. Црквата Божја е во нашите срца. Ти ако сакаш и таму засатани да прповедаш ако не ја носиш сета Црква во твоето срце и не ја љубиш, ако не ја имаш благодатта на Светиот Дух во него пак ќе бидеш осамен. Степски волк.

Но да се пројави и видливо во реалниот живот, нели иако не сме од овој свет, сепак живееме во него и сеуште сме во ова тело, а и според зборовите „кај се собрани двајца или тројца во Мое име и јас сум мегу нив“, Господ ни заповедал да се собираме во Црква заради заедничарење, меѓусебно и со Него.

Цркавта е собор на верниот народ Божји собран на светата Литургија околу својот епископ, а за тоа друг пат.


Изменето од Опитен - 31.Октомври.2008 во 07:10
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 04:31
Восхитувачки објаснето, несувопарно..... подобро - здравје... браво, Опитен, бравооооо
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 04:45
Господ е голем
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 07:44
Originally posted by makarios makarios напиша:

Монахот заминува од светот и пак се враќа. Ама не секој ја разбира оваа мудрост. среќа
Јас пред некој ден ја разбрав црвенеење (срам да ми е плазење)
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 08:43
Имам еден пријател шо вика: Ja па ич? голема%20насмевка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5152535455 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.