|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 4344454647 97> |
Автор | |
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
„...Знам дека низ подвигот во се` да се поистоветиме со Оној Кој за Својата Црква се распна и воскресна, театар ќе му постанеме на светот, на луѓето и на ангелите, и знак против кого луѓето ќе говорат. Но зар непријателот нема да го љубиме? Зар и за него секојдневно не умираме и пак сме живи? Особено оној кого денекса го сретнуваме како непријател, веќе во литургиското Денес го препознаваме како вечен наш возљубен во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.“
Ова го напишале монасите Наум и Климент во 1995 на Света Гора. Се е кажано, и се е познато. Затоа секое плукање, негирање и омаловажување на делата и подвизите на монасите мене ми изгледаат смешни. Затоа старец Паисиј рече: „Со камењата кои ги фрлија на вас, вие изградете Црква“. Велик е Бог. Амин! Изменето од makarios - 31.Октомври.2008 во 01:43 |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Но дали е таков осамнички живот е заповедан од Бог? Дали таквиот осамнички живот е богоугоден? Зарем зборот "монах" (сам) не е дијаметрално спротивен од зборот "црква" (заедница)? Зарем не се повикани христијаните да одат меѓу народите и да им ја пренесуваат радосната вест за спасението во Исус Христос?
Апостол Павле бил сам кога бил во ќелија, ама да се разбереме, тој не се пикал во ќелии по своја воља.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Monasi se hristijani koi vo crkvata reshile zapovedite na Svetoto Evangelie da gi primaat bukvalno; koi gi izvrshile zavetite na poslushnost, siromashtvo i mudrost. Samoto monashtvo imalo teshki iskushenija i golem broj problemi. Prvobitnite monasi ziveele vo pustinski kraevi. No, zoshto? Bidejki tamu vo pustinata kade vladee silata na loshiot duh e najteshkoto iskushenie, bez voda i uslovi za zivot. Monah (grc. Monos- shto znaci sam, osamenik) e covek koj zivee sam no istovremeno zaedno so Bog. Toj go bara i go naoga Bog vo sebe. Edinstvoto so Bog, koe za monahot e najznacajnata cel za negoviot zivot e garancija za negovoto osloboduvanje od grevot i od smrtta. Aleksandriskoto bogoslovie na Atanasij koj veli: “Bog stanal covek, za covekot da moze da stane Bog”,(no ne Bog po priroda, ami po blagodat) Macenishtvoto e element na monashkiot zivot. Monashkiot poziv e upaten na spasenieto. Monahot ne saka kompromisni i olesnuvacki sostojbi. Toj teznee da dostigne sovrshenstvo, isihija i zivee vo i macni iskushenija, borbi i podvizi. Macenickoto poznanie i custvo, monahot so radost go nasocuva kon sovrshenstvo. Monasite pravat mnogu teshki i golemi podvizi. Nekoi monasi so denovi i noki ne sednuvaat i ne legnuvaat, se dodeka ne im potecat nozete, a sepak ne se bolni nikogash. Tie custvuvaat duhovno zadovolstvo, dozivuvaat radost od taga, bidejki veruvaat deka dushata preku stradanje i bolka ja izrazuva svojata Ljubov sprema Boga. Monahot se custvuva kako covek cija dusha teznee kon isihija. Vo molitvata kopnezot za isihija e vsushnost e zed za Bog. Monah znaci eden, sam, osamen. Monahot e sam, no vo zaednica so Boga. A. E. Svetogorec istaknuva deka: “Monashtvoto e prenesuvanje i premin vo eden drug svet i poinakva zaednica”. Nasproti toa, stremezot kon osamenost i kon ishija i zedta za sovrshenstvo i obogotvoruvanje, seto toa zedno postoi vo sekoja dusha koja monahuva ili go saka monashtvoto. Monashtvoto e svakanje i ubeduvanje, silna zelba za stradanje, spremnost da se podnesuva, da se umira, no seto to od Ljubov kon Bog. “Hristijaninot zatoa odi vo monashtvo za da stane Martis Hristov niz mnogu trud i podvizi, solzi i trpenie”, istaknuva Svetogorec. Monashkoto macenishtvo sekogash sodrzelo i krielo golema Ljubov kon Bog. Macenishtvoto e nacin i sredstvo na covekovoto povtorno sozdavanje t.e. Na preporagnje na smrtniot covek. Vo bolkata i makata covekot sozreva i moze da ja sogleda moznosta preku stradanjeto da ja izrazi svojata zed i zelba za obogotvoruvanje.Monahot se trudi da da bide sovrshen po zborovite , toj saka da se obogotvori. Jazikot so koj moze da go pobara i posaka toa e jazik na zrtva, stradanje za Hrista. Macenishtvoto i stradanjeto se sostaven element na zivotot na monahot. Preku stradanieto i bolkata toj mu ugoduva na Bog. Poradi Hristovata dobrovolna smrt monahot dlaboko veruva vo Bozjoto vozvrakanje so zivot. Osnova za macenickiot zivot, monasite naogale vo duhovnite koreni na hristijanstvoto. Stradalniot zivot mu ovozmozuva na vernikot milost i spasenie. Na covekot ne mu e daruvano samo da veruva, tuku i da strada za Hrista. Stradanieto ja usovrshuva verata na monahot. Macenishtvoto e svedocenje na negovata spremnost da mu sluzi na Bog. Macenishtvoto se sodrzi vo postajanost na zelbat za obogotvoruvanje. Osobeno posle IV vek koga i bilo dozvoleno slobodno organiziranje, crkvata posebno gi cenela monasite i nivniot macenicki zivot. Taa se zainteresirala za iljadnici monasi i podviznici i im ovozmozila postoenje i razvoj. Macenishtvoto se razvilo i poradi edna druga pricina. Monasite bile zestoko progonuvani. Sepak za niv sekogash vazele istite podvizi i bolki koi gi izvrshuvale so edna, herojska dinamicnost. Macenishtvoto obezbeduvalo poznanie i zednica so Bog, sigurno i neposredno spasenie. Svetogorec precizira deka: “oruzje na toa macenishtvo e askezata, poslushanieto, raznovidnite podvizi, samosmaluvanjeto i smirenieto. Borilishte pak, e kelijata”. Zatoa i Isak Sirin veli deka monasite se povikani na nevidlivo macenishtvo. So svojot podviznicki zivot monasite ja ozivuvale i ja podgrevale verata na narodot. Monashkiot podviznicki zivot ne e ednolicen, strog i monoton. Monahot zivee praktikuvajki mnogu nacini na vezbanje, asketizam, koi zavisat od mnogu nadvoreshni okolnosti i sekako od negovata resh*telnost. Pritoa osobena uloga ima starecot koj pretstavuva Duhoven Otec na sekoj monah. Monahot e sreken zatoa shto opshti so Bog. Negoviot zivot stanuva zivot na zaednica so Bog. Preku molitvata toj ja dozivuva prisutnosta na Bog, a Bog deluva vo nego, negoviot um i telo. Изменето од belichka - 30.Октомври.2008 во 23:27 |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светите отци велат дека како што ангелите се светлина за монасите така и вистинските монаси се светлина за луѓето. Што значи овде зборот „светлина’? Дека монасите се тие коишто го одржуваат високиот критериум, или маченички етос, на христијанскиот подвиг и живот во Црквата. И уште, дека тие треба да бидат патеводители, да им го покажуваат патот на духовното растење на луѓето со своето постоење, со своите дела, со својот збор, со целиот свој живот. Значи, монасите треба да се светлина за мирјаните, за луѓето кои што христијански живеат во светот. На свој начин тоа го поставува монашкиот чин во Црквата на место на пророчка служба: како што Пророците во Стариот Завет го објавувале доаѓањето на Христа и им го покажувале патот на луѓето како постојано да бидат во заедница со Бога и никогаш да не се оддалечуваат од Него така и монасите денес ја имаат таа улога во животот на Црквата. И навистина, доколку монасите ја исполнуваат својата назначеност, тие стануваат светлина и поткрепа за сите кои се надеваат во Бога. Вистински монах е тој што го поминал патот на очистување на срцето од страстите и од гревот и што се искачил на вториот степен на духовниот развој, а тоа е просветлувањето на умот. На тоа духовно ниво умот на монахот, заради отвореноста на срцето, може да се симне во самото срце и таму да ја твори молитвата. Престојувајќи молитвено во срцето, умот се причестува со Божествената благодат којашто секој човек ја добива при Светото Крштение. Тука, внатре, умот на монахот се просветлува преобразен од оваа благодат и заради тоа овој степен од духовното растење се нарекува просветлување на умот. Преку оваа просветленост на умот монахот ги спознава тајните на животот воопшто, тајните на Бога и на Светото Писмо, тајната на Црквата. Затоа тој и може својот пат и своето достигнување да им ги покаже на другите луѓе и да ги води по овој пат бидејќи самиот го има поминато и го познава... ...Љубовта кон луѓето ни е наједноставниот показател за тоа како растеме во Христа. (Митрополит Наум Струмички, извадок од есејот „За содржината на монашкиот живот“) |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како што знам да.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали монахот по замонашувањето, се гледа повремено со своите (родители, браќа, сестри?)
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изворен мислам дека твојата „положба„ не би ти дозволила вакво изрзување...али ај овде се збори за монаси
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изворен, никогаш не знаеш каде ќе го најдеш Бог и на кој начин ќе му служиш...
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
доста со тие очистувања пречистувања преподобиа итн.Павле јасно пишува во 7 главаРим. колку бил прочистен и очистен.Затоашто човековата природа е грешна и голема е борбата мегу доброто и злото. Христос ако рекол, остави се и врви по мене.Значи оди по неговиот пат,немој да се затвараш во некој објект во пустелија и да чекаш муштерии. |
|
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ovoj forum stanuva se posmesen i posmesen. posle jovan vecniot postac so skakulci, sega i Pavle go pravat monah. Sto e sledno? David bil arhiepiskop?
Pavle postel, kako sto posetele site Bozji lugje. I samata si procita, postel 3 dena i 3 noki, BEZ NISTO da stavi vo usta otkako go sretna Isus na patot za Damask. Taka se posti. Znaci si pisuva duri i kako postel. Vo drugi priliki pak jadel kolku sto saka i od sto saka. Taka i go ukori Petar koj mislese deka ke se pridrzuva do staro-zavetnite pravila, i mu rece da ne izigruva licemer, tuku da sedi i da jade! Ova se nekoi novi izmslici sto sekoj den stanuvaat se posmesni. Postot sega duri go definiravte kako 'nejadenje na omilenata hrana'. Kade toa go pisuva? I se uste slepo se citira kako Jovan postel. Koj negira deka postel? Se razbira deka postel kako i site Bozji lugje: so nejadenje, a koga ne postel, jadel. Velis za Jovan deka postel bidejki se veli 'ne jadel i ne piel', ama vo prodolzenie se veli deka Isus 'i jadel i piel'. Spored tebe znaci Isus ne postel? Se razbira, sekoj moze novi izmislica da dodava sekoj den. Zatoa go imame Svetoto Pismo da gi isecka takvite novotarii od verata. A baska sto i Svetoto Pismo frla anatema vrz sekoj koj dodava kon toa sto pisuva. Taka padna vo voda i 'ne e se zapisano' argumentot, pa moze nie da si dodavame. Moze, no pod kletvata na vecno otpadnistvo. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
„Монахот кој не го очистил срцето од страстите, најдобро е да сведочи со молчење и со присуство, а монахот кој ја стекнал умносрдечната молитва, може и да поучува.“ - дедо Наум.
Парафразирам само, ќе го најдам точно како беше. Очигледно Свети апостол Павле, го имал очистено срцето од страстите. Самиот Христос го дал образецот за монаштвото: Остави се и врви по Мене. |
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Павле постел сигурно е тоа.Кога постел не јадел таков е Библискиот пост.Зошто работел правел шатори?Зошто апостолите не биле како денешните свештеници да наплаќаат за ритуалите поврзани со религијата.Значи не му дозволувала совеста да наплаќа за проповедање на Божјото Слово.
Ти за постењето рече дека се откажувал од одредена храна,нема постење така. Како може да кажеш дека бил како денешните монаси?Тој не седел затворен во некој објект и да чека да доааѓаат да го прашуваат за радосната вест.Човекот шетал одел објаснувал подучувал се борел за вистината. Инаку ако имал отворено некоја верска канцеларија во Дамаск тоа незнабошците досега немаше да разберат за Христос[SIZE=2[SIZE=2 |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Izvoren, sto mislis, dali apostolot Pavle postel ili ne?
Dali mislis deka ako ne e spomenato vo Biblijata, znaci deka ne postel?
Duri koga debatiravme i za Jovan Krstitelot, oci se vadea deka ne postel-i pokraj toa sto jasno stoi deka vo pustinata se hranel so skakulci i med, deka Isus za nego rekol "Dojde Jovan koj ne jade i ne pie a velat bes ima"...
Znaci, ako ovie argumenti ne bea dovolni da ve ubedat deka Krstitelot postel, pretpostavuvam, ne veruvate deka Apostol Pavle go pravel toa.
Kako ne ziveel monaski apostol Pavle?
Prvo, se odrekol od brak i telesni raboti dobrovolno, zaradi Carstvoto.
Se izdrzuval samiot, izrabotuvajci satori, iako bil od dobro situirano semejstvo i dobro obrazuvan za toa vreme. Zar monasite ne go pravat istoto?
Sto se slucilo po "Damask"? Tri dena ne mozel da gleda i nitu jadel nitu piel. Otkako mu padnala luspata od ocite, bil krsten.
Pavle imal takva misija, da odi i da propoveda medzu neznaboscite (a ne medzu onie koi vece bile pokrsteni).
Sepak, Pavle vodel monaski zivot.
Nekoj ima zadaca da patuva kaj neznaboscite, nekoj da bide sol i svetilo medzu nevernicite, nekoj pak toa go pravi sluzejci vo manastir...
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jас мислев дека дојдовме до крајот на дискусијата за монаштвото... |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Внеси реплика | страница <1 4344454647 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |