IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СВЕТЛИНАТА на ДУХОТ БОЖЈИ или вашата рели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СВЕТЛИНАТА на ДУХОТ БОЖЈИ или вашата рели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 21:43
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... Не секоја религија води до бог...

Аууу Евангелосе, па што е ова твоево?
Тотално потценување на сите оние кои не се како тебе! А како, жити бога, ти го определи тоа дека сите религии не водат кон бог? Ти самиот заклучи или пренесуваш мислење на некој друг„стручњак“?
Па ова ни јас, како атеист не го правам. Јас само не верувам во бог, но не сум антитеист, односно не сум против теологиите, не сум против правото на секој да си верува во она што мисли дека е најдобро, нај прифатливо за него. Како што гледаш, во некои работи (барем според она што изјавуваме) јас сум подобар и од тој, за кого се декларираш дека е твој учител, а кој вели „Кој не е со мене, тој е против мене“! Дали ти слепо се придржуваш на оваа негова изјава и ништо друго (што не е во опсегот на твоите гледања - сваќања) не почитуваш?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 22:18
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

зашто не веруваш во Православието кога Исус прв пат во него се спомна????????
Ова е пресмешно газење%20од%20смеење

Евангелос, мислам дека би било многу поефективно и по фер ако на blueprayer љубезно и` објасниш зошто според тебе не е така дека Исус првпат во православието е спомнат. Вака само испаѓа дека сите што не знаат се смешни, а така попрво можат да се навредат - одошто да ги заинтригира зошто всушност не е така како што они евентуално досега сметале дека е.

Јас само би го посочил воведот на Славко Димевски за неговата обемна книга „Историја на МПЦ„ (1986год.) каде тој убаво објаснува како и кога настанала православната црква, иако зборува за сосема друга тема(тој е во одбрана на МПЦ од бугарската, српската и грчката црковна пропаганда и пишува околу автокефалноста на Охридската архиепископија).

Изменето од Majkl - 29.Октомври.2008 во 22:19
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 04:48
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Опитен отец, а? Можеш ли да ми кажеш кој е тој, или поточно како да препознаеме кој е таков? По кој критериуми ќе оцениме дали некој е опитен или не? Можеби однадвор е јагне, но одвнатре ...!


Мислам дека веќе ти дадов пример за еден од многуте опитни отци. Прочитај го мојот претходен пост.

Опитен отец е тој кој со своите дела и љубов станува „ловeц на луѓе“.

Изменето од Maran Ata - 30.Октомври.2008 во 04:51
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 08:48
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Мислам дека веќе ти дадов пример за еден од многуте опитни отци. Прочитај го мојот претходен пост ...

Да, го прочитав твојот наведен пост (за отецот Кирило од Хиландар), и во целост го разбрав. И не само што го разбрав, туку можам да речам дека и го прифаќам, бидејќи тој начин на негово однесување ми е многу близок до мојот. Ширење љубов, ненамерно ненанесување зло некому, кроткост ... Но, една работа неможам воопшто да ја сватам. Зошто сите овие добри особини кои го красат едно човечко суштество луѓето секогаш мораат да ги врзуваат со одредена поврзаност со некој бог? Дека само тие луѓе кои веруваат во некој бог го имаат тоа ексклузивно право да бидат добри, смирени, да имаат моќ да сакаат ... Зарем ние кои  не веруваме во ниту еден бог, не можеме или не смееме да ги имаме тие доблести? (Нормално, има исклучоци како кај едните, така и кај другите).
Во контекст на ова погоре речено, верувам дека и некогашниот митрополит Јован (кој го спомнав) ги имал сите овие карактеристики. Дури и многу повеќе од тоа, оти нели, за да стане владика мора да има нешто „плус“ во однос на другите свештеници. И! Што се случи?
Колку за појаснување. Ајде замисли една оваква ситуација. Наместо тој отец кој си го прашала за некои нејасни работи околу тројството, по некој случајност да си имала прилика да го запознаеш и да го прашаш владиката Јован. Кој би бил патот на твоето понатамопно просветлување?

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Опитен отец е тој кој со своите дела и љубов станува „ловeц на луѓе“. ...

Сигурно водечките луѓе на сите теолошки заедници го прават истото, шират љубов и се друго што е навидум добро, со цел да привлечат што повеќе приврзаници, следбеници. Меѓу другите ќе наведам неколку примера. Камиказите (божјиот ветар) во Јапонија, масовни самоубиства во Америка, во поново време муслиманските самоубијци и за крај, последниот пример е со таа теолошка заедница (во МК) чие име е поврзано со еден цвет кој е со боја која кај нас означува тага. Мислам ме разбирате!
Пази се, колку и да изгледаат кротки, мирни, сталожени, љубезни, колку да шират љубов ... сепак се тие, како што велиш и ти, „ловци“. Не заборавај!големо%20гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 11:28
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Незнам, можеби грешам кога велам дека сепак, во прашање повторно е стравот. Прво, стравот од самиот себе. Самиот пред себе да си признаеш дека тоа, во што „до вчера“ си верувал, било неисправно, погрешно. И второ, на веќе постоечкиот страв од самиот себе, се надоградува и стравот од тоа „што ќе речат луѓето за мене“! Денес овде, утре таму, ... крајот не му се знае. Колку и да сакаме да го игнорираме јавното мнение врз нас, мораме да признаеме дека тоа сепак, помалку или повеќе, постои, влијае на нас.


Тој страв ти што го спомнуваш, во суштина не е страв, туку гордост. Гордоста не ни дава да признаеме дека не сме биле во право, за да не почнат луѓето да мислат дека сме нестабилни. Гордиот човек, кој не сака да се смени, длабоко во срцето ја чувствува својата грешка, но не сака да се покори затоа што побитен му е светот. Слава Му на Бога, што јас не бев една од тие што ми беше важно што другите луѓе мислат за мене (не дека сум (била) смирена, туку едноставно бев доста бунтовна и не се согласував со сета некоректност и неправда што се случува(ше) околу мене), така што таквите работи воопшто не ни влијаеле на мене.

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

...Единствено на што немам обрнато внимание за да го земам во обзир како моја определба е атеизмот....


Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Не се мачи да бараш некаква литература за атеизмот, бидејќи таква (барем колку што јас знам) нема. Продолжи од се’ да читаш и осознавањето самото ќе си дојде!намигнувањесмеење големо%20гушкање


Златно, јас не ни реков дека „не сум барала атеистичка литература“, туку дека атеизмот воопшто не сум го зела во опција како моја определба, затоа што од самото набљудување на природата и на мојот животен тек, знам(ев) дека има Бог Кој се створил и Кој се грижи за секој од нас.

Па и за тебе, иако не веруваш во Него.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 11:57
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Кој се грижи за секој од нас.
... Па и за тебе, иако не веруваш во Него.

Па тогаш која е разликата меѓу тебе (и другите кои веруваат во него) и мене, кој не верувам во него, кога и за двајцата се грижи? Ако е така нема потреба од верување во него. Тој и онака се грижи за сите. Во тој случај, верувам дека грижата му е подеднаква! Или за некого повеќе, а за некого помалку?не%20знам
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Тој страв ти што го спомнуваш, во суштина не е страв, туку гордост. Гордоста не ни дава да признаеме дека не сме биле во право, за да не почнат луѓето да мислат дека сме нестабилни...

Да, може и така да се каже!
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

...Единствено на што немам обрнато внимание за да го земам во обзир како моја определба е атеизмот  ...  атеизмот воопшто не сум го зела во опција како моја определба, ...

Нема потреба да го бараш атеизмот. Тој самиот си доаѓасреќаголема%20насмевка




Изменето од Zlatnik - 30.Октомври.2008 во 12:02
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 12:42
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

...ненамерно ненанесување зло некому...


Златничко, тоа воопшто не е ненамерно, туку е баш намерно (свесно), инаку не би бил опитен старец. Тоа е намерно, односно свесно ненанесување на зло на другот поради својата голема љубов кон луѓето... свесно исполнување на „љуби го ближниот како што се љубиш самиот себеси“. Светите Отци ништо не прават несвесно. Секогаш се свесни за се околу себе, а особено за нивните гревови. Кога свесно, односно трезвено, секогаш ќе се осврнуваш на својата греда во окото, тогаш од таа свесност за својата падната природа (која е спротивна на онаа која ни ја дал Бог), свесен си дека треба да се трудиш во подвигот на смирението и на љубовта.

Практикувајќи го тој подвиг, со тек на време тоа станува нормална работа, навика, втора природа. Но тоа не значи дека несвесно не се нанесува зло, туку баш свесно се љуби секој човек, познат и непознат, та дури и непријателот.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Зошто сите овие добри особини кои го красат едно човечко суштество луѓето секогаш мораат да ги врзуваат со одредена поврзаност со некој бог? Дека само тие луѓе кои веруваат во некој бог го имаат тоа ексклузивно право да бидат добри, смирени, да имаат моќ да сакаат ... Зарем ние кои  не веруваме во ниту еден бог, не можеме или не смееме да ги имаме тие доблести? (Нормално, има исклучоци како кај едните, така и кај другите).


Тоа ексклузивно право на добродетелност го имаме сите ние, апсолутно сите луѓе во светот, само се зависи од тоа дали ќе го искористиме или не. Ако зборуваме за вистински добродетели, тогаш треба да направиме паралела помеѓу оние вистински верници (Светите Отци) и оние вистински атеисти (со доблести).

Прво ќе почнам со тоа дека Светите Отци никогаш не се темелат на своите сили, туку секогаш се надеваат на Бога, за разлика од атеистите (тука се гледа првата светлинка на смирението). Сите тие добродетели кои ги спомена (смирение, љубов...) кај Светите Отци не се појавиле туку така, туку со мака и труд и тоа до крв. Поентата не е дали ќе имаш доблести, туку колку се постојани тие доблести и какви се во суштина.

Ќе ти дадам пример: на факс разговаравме за начинот на однесување кон другите и еден од предавачите ни објаснуваше нешто за тренирањето во тие доблести и меѓу другото го спомена следниов пример:

Седел тој во канцеларија со некој негов колега, кога дошол некој кој имал нешто недоразбрано, и изреволтиран почнал да му се дере на неговиот колега. Колегата мирно (забележи - мирно!) седел и само го слушал. И овој што се дерел викал што викал, ама по едно време му текнало дека си вика сам на себе, затоа што овој не му возвраќа, и се смирил. Кога се смирил, другиот му објаснил дека тоа за што се нервира е недоразбирање и така задоволен си заминал. Кога мојот предавач зачудено го прашал како успеа така да се воздржи, овој му рекол: „Со долг тренинг!“

Сето ова што го направил колегата е одлично и баш во ред, но тука, во духовна смисла има едно но.
Тој со долг тренинг се научил да не им возвраќа импулсивно на луѓето, но работата е каква е неговата внатрешна состојба во тие моменти. Овој степен е само првиот степен на смирување на нашата бунтовна природа, односно степен каде се воздржуваме од несоодветни дела кога ќе се најдеме во некоја тесна ситуација. Доколку тоа восовршување не се продолжи понатаму (следниот степен е воздржување од зборови, а финалниот степен е воздржување и од помисли), секое дело останува бесплодно. Како тоа бесплодно? Тоа надворешно доблесно однесување е само хуманизам, кој секогаш е променлив ако се нема двигател кој ќе го оддржува постојано. Имено, кога-тогаш, тој надворешно доблесен човек, во некоја ситуација ќе се пофали себеси колку е добар и како никому не наштетува со тоа што се воздржува, и гледајќи ги другите луѓе околу (прво, има секакви луѓе, од багабонти до фини и културни, а второ, незнаејќи за Бога)ќе се стави во позиција над „недостојните“ за него и кога најмногу ќе треба да ја покаже својата љубов, тој ќе падне на тестот, и нема да се покае за тоа (најчесто).

Светите Отци, пак, или сите оние кои искрено, со сето свое срце веруваат во Бога и се подвизуваат поради својата љубов кон Него, за да еден ден се најдат во Негова непосредна близина и вечно да се насладуваат на Неговата слава и велелепие, тие ги достигнуваат и ги поминуваат сите три степени. Имено, на почеток се тренираат како што се тренирал колегата, но тоа не треба да биде само надворешно, туку и внатрешно. Секогаш кога ќе бидат доведени до слична ситуација, тие не само што се воздржуваат на дела и на зборови, туку и на помисли. Не мислат дека некој ним им згрешил, туку дека самите тие се виновни за сите непријатности што ним им се случуваат, затоа што тие размислуваат на начин, како што вели св.Серафим Саровски, „доколку се осветиш самиот себеси, и илјада други души, гледајќи го твојот пример, ќе се осветат“(токму тоа што ти го објаснив за отец Кирило). А гледајќи дека, сепак, се случуваат непријатности, тоа им е повод за покајание и за дополнително подвизување мислејќи дека сеуште не се осветиле, а тоа ги води до непрестано и бескрајно восовршување. Тогаш и другите ги ставаат пред себе и секогаш се способни на манифестирање на својата љубов, без да прават поделби меѓу луѓето.

ЗАКЛУЧОК (за да не бидам погрешно сфатена): Одлично е тоа некој атеист, или било кој друг од друга вероисповед, да има доблести (макар и само површни, без некоја подлабока смисла за својата душа), но вистинското и непоколебливото можат да го достигнат само оние кои се надеваат на Бога и кои стекнале совршенство (или се трудат во истото).
   
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Во контекст на ова погоре речено, верувам дека и некогашниот митрополит Јован (кој го спомнав) ги имал сите овие карактеристики. Дури и многу повеќе од тоа, оти нели, за да стане владика мора да има нешто „плус“ во однос на другите свештеници. И! Што се случи?


Не би сакала да коментирам за некогашниот митрополит Јован, затоа што секој збор би бил осуда (сепак се надевам и верувам дека еден ден и тој ќе се врати во своето стадо), туку само ќе ти речам:

Доброто дрво дава добар плод и по тој плод се познава дали дрвото е добро или не.

Човек греши...

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Ајде замисли една оваква ситуација. Наместо тој отец кој си го прашала за некои нејасни работи околу тројството, по некој случајност да си имала прилика да го запознаеш и да го прашаш владиката Јован. Кој би бил патот на твоето понатамопно просветлување?


Некогашниот митрополит Јован ги исповедува истите догми како и секој друг православен, така што не верувам дека тој би кажал нешто подруго за Света Троица. Би имало разлика во духовното водство на духовното чедо, но не и во догматиката и теологијата.

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Опитен отец е тој кој со своите дела и љубов станува „ловeц на луѓе“. ...


Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Сигурно водечките луѓе на сите теолошки заедници го прават истото, шират љубов и се друго што е навидум добро, со цел да привлечат што повеќе приврзаници, следбеници. Пази се, колку и да изгледаат кротки, мирни, сталожени, љубезни, колку да шират љубов ... сепак се тие, како што велиш и ти, „ловци“. Не заборавај!големо%20гушкање


Апсолутно се сложувам со тебе. Има луѓе кои, како што кажа, потенцирам, НАВИДУМ вршат добро. Но, и од тоа можеме да се заштитиме и да заклучиме дали тоа „добро“ е навистина добро. Поентата е дека секогаш треба да ја бараме вистината искрено и со смирено срце(барем во некој мал степен колку што ни дозволува нашата човечка немоќ). Непонизноста и несмирението може да не доведат до ситуација неправилно да ги гледаме работите и до прелест (заблуда). Доколку сме со отворено срце, можеме да почуствуваме дали тие дела се духовни или душевни. Доколку се духовни, тие се постојани и зрачат со позитивна енергија, а доколку се душевни, тогаш тие се подлежни на промена и на субјективност, тие се само како маска за лицемерно да се покрие својата несовршеност и нестермење кон стекнување на истото.

Во случакот со отец Кирило, гледаш дека тој постојано бил таков, полн со љубов, и тоа ги натерало двајца атеисти да станат православни верници, а едниот од нив, и целиот свој живот, тело, душа и срце да го посвети на Бога (слава Му).

Вистинската добродетелност вродува плодови кај другите, односно ги тера да се покајат и да се обрнат кон Вистината. Тоа е „ловењето на луѓе“, но во позитивна смисла.      

Изменето од Maran Ata - 30.Октомври.2008 во 12:42
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 12:55
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Па тогаш која е разликата меѓу тебе (и другите кои веруваат во него) и мене, кој не верувам во него, кога и за двајцата се грижи? Ако е така нема потреба од верување во него. Тој и онака се грижи за сите. Во тој случај, верувам дека грижата му е подеднаква! Или за некого повеќе, а за некого помалку?


Грижата за секој човек му е подеднаква. Тој на сите нас ни дава и сонце и дожд, без разлика какви сме. Тој ги љуби апсолутно сите, и атеисти и крадци и лажговци и хомосексуалци и педофили и убијци и монаси и светители... На тие кои сеуште не се покајале, Тој им дава моменти кои ги тераат на тоа, но се зависти од нивната волја дали ќе ги искористат тие моменти. Целата работата е во нашата љубов кон Него. Дали ние достојно Му возвраќаме за сета Негова љубов?

Тука треба да го нагласам и тоа дека освен што Господ е милостив, тој е и праведен. Секому на крај ќе му даде според делата...(тука е крајната разлика)


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Нема потреба да го бараш атеизмот. Тој самиот си доаѓасреќаголема%20насмевка


Ама и самиот си бега...    
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 13:44
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

зашто не веруваш во Православието кога Исус прв пат во него се спомна????????
Ова е пресмешно газење%20од%20смеење

Евангелос, мислам дека би било многу поефективно и по фер ако на blueprayer љубезно и` објасниш зошто според тебе не е така дека Исус првпат во православието е спомнат. Вака само испаѓа дека сите што не знаат се смешни, а така попрво можат да се навредат - одошто да ги заинтригира зошто всушност не е така како што они евентуално досега сметале дека е.

Јас само би го посочил воведот на Славко Димевски за неговата обемна книга „Историја на МПЦ„ (1986год.) каде тој убаво објаснува како и кога настанала православната црква, иако зборува за сосема друга тема(тој е во одбрана на МПЦ од бугарската, српската и грчката црковна пропаганда и пишува околу автокефалноста на Охридската архиепископија).
Другар кажи ми како да ми го објасни тоа???? Па не може да рече дека протестантството е пред православието..чиста работа не%20знам
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 13:53
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Златничко, ...

големо%20гушкање бакнежнамигнување
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Ќе ти дадам пример: на факс разговаравме ...
... Седел тој во канцеларија со некој негов колега, кога дошол некој кој имал нешто недоразбрано, и изреволтиран почнал да му се дере на неговиот колега...

Прво што ми дојде на памет кога ги читав овие редови ми беше, зошто овој колега (на кого не му биле јаси некои работи) се дерел кога влегол? Навистина не гледам некоја причина некој да се дере ако оди на консултации кај професорот! Нема логика!
Но, нема врска. Тој пример ме наведе на едно мое лично искуство за „степенестиот пат кон совршенство“ ако така можам да го дефинирам она за кое ти зборуваше, а кое искуство сакам да го споделам со вас. Притоа ќе го замолам Зидарски, како модератор, да не ги брише вулгарните зборови (или целиот пост) бидејќи во него сакам во целост и најверодостојно да ја отсликам ситуацијата. Впрочем тие зборови, а и самиот настан, се наша реалност и мислам дека секој се нашол во таква или слична ситуација и нема ништо непознато или срамно.
Факт е дека во животот секој од нас наишол на ситуација во која доаѓало да се разменат и пцовки. Порано на секоја таква пцовка упатена кон мене возвраќав со пцовка. Видов дека тоа не ја решава ситуацијата и затоа, подоцна, ја сменив тактиката (се качив на едно скалило погоре) и зависно од пцовката, соодветно возвраќав, но не со пцовка, туку со „прифаќање“ на неговата пцовка(!?) Како? Работев во една фирма каде луѓето носеа земјоделски производи, а јас бев на приемот. Поради неквалитет на истите бев приморан едниот од нив да го вратам назад (да не го примам тоа што го донесе). Овој, откако не му успеа молењето, се обиде да ме „убеди“ со 50 DM (тогашни). Арно ама, бидејќи ни тоа не му помогна, изреволтиран почна да ме пцуе (Зидарски, сега си ти на сценаплазењенамигнувањеголема%20насмевка) со зборовите „ќе ја ебам мајкати, ќе ја ебам...“. на што јас му реков: „ Што? Малку ти беше твојата мајка, сега сакаш мојата? Во ред, нема проблем!“Овој, не очекуваше такво нешто и во неможност што друго да рече ми се обрати со (Зидарски, пак си ти на сценаголема%20насмевка): „на кого бе ти така, к*рот да ми го јадеш?“А јас, таков како што ме дал господ, му одговорив: „во ред, ќе ти го изедам, но после кој ќе ја ебава жена ти?“ Човеков се збрлаве и рипна да се тепа, но тогаш притрчаа колегите и го отстранија.
Кога видов дека и тој начин на возвраќање не води кон добро, последниве неколку години не го правам ни тоа. Кога пред 2-3 години имаше гужви во мојата фирма, работниците се поделија на „наши“ и „ваши“. Во една прилика, минев покрај 70-80 колеги од „нивните“. Тие по мене викаа најразни вулгарности, педер, пцовки и што ли уште не. На сето тоа јас само им се насмеав. Кога се расчисти ситуацијата, а и денес, тие (морам да признам не сите) пак ми прават муабет и признаваат дека сум бил во право и дека не било во ред тоа што ми го викале.
А за хуманоста (знам дека не е добро да се фали човек, но ова не го сваќајте како фалба, туку само како доказ) ќе спомнам само дека досега имам дадено 70 пати крв. Колку луѓе користеле моја крв, колку луѓе можеби се спасиле со неа?
Резиме. Точно е тоа што го велиш дека човек степенесто се издигнува до совршенство. Мислам дека се правам како што треба да биде - добро. Само ете, никако неможам да го прифатам ставот дека за да го правам сето тоа морам да верувам во бог.

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 14:05
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:


Другар кажи ми како да ми го објасни тоа???? Па не може да рече дека протестантството е пред православието..чиста работа


Таман, работа... протестанството(Лутер се појавува неколку века подоцна по големиот ртаскол) не било пред православието. Сакав да речам дека историјски гледано ни православието не било прво. Најпрвин било прахристијанството, па раното христијанство.

Првиот центар на институционалното христијанство бил во Рим, дури подоцна Константин го пренесува на Исток во од него изградениот Константинопол(денес Истанбул) и тоа било вовед во поделбата помеѓу источната и западната црква, која ќе се официјализира дури во средината на 11 век. На тоа мислев...

Изменето од Majkl - 30.Октомври.2008 во 14:09
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 14:06
да другар во ред е тоа....јас сакав само да кажам дека протестанството не било пред православието големо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 14:14
Слава Му на Бога што колку - толку се опамети (гледаш како Бог ни дава ситуации кои не водат до промена и созревање, но само ако сакаме да ги прифатиме!).

Како совет во однос на тоа што не можеш да го сфатиш, можам да ти го дадам само овој:
почни, за проба, осамено да се молиш со: „Господи, Исусе Христе, помилуј ме, грешниот!“ Практикувај го тоа секојдневно со внимание на зборовите и со искреност... самиот ќе го видиш резултатот. Само - со внимание и искреност... a не со очекувања да нема ефект за само да си го потврдиш своето мислење...

Инаку, оваа твоја животна случка ме потсети на една вистинита приказна. Бил некој човек кој многу се револтирал на сета неправда што се случува во светот и решил да оди да им проповеда на луѓето дека треба да се сменат за повеќе да не биде така. Тргнал од највидните,од фирма на фирма, но никој не сакал да ги слуша, или го ислушувале, но само ради реда, од култура. Долго време го правел тоа, но еден ден си рекол: „Стоп! Јас тука нешто грешам. Зошто никој не ме слуша? Тогаш дошол до заклучок дека треба спротивното да го прави - тој да почне да се менува. И, кога почнал на дело да го врши тоа, неговото семејство се чудело што се случува, но наскоро се навикнало на неговото ново добро однесување и тие според тоа почнале да се менуваат (акција-реакција). Кога целото семејство се сменило (на добро), тоа нивни однесување се одразило и на околината, односно на селото во кое живееле. Сите од селото, гледајќи го нивнот пример, почнале да се менуваат... кога околните села ја виделе таа промена, биле восхитени и тие...................

Браво на твојата промена, го ценам таквото размислување
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 14:29
Maran Ata i Zlatnik

Kolku e ubavo koga kje se vidi kako vernik i ateista mozhat da spodeluvaat isti vrednosti i vmesto antagonizam da imaat sozhitelstvo.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,186 секунди.