IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СВЕТЛИНАТА на ДУХОТ БОЖЈИ или вашата рели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СВЕТЛИНАТА на ДУХОТ БОЖЈИ или вашата рели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
Автор
Порака
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 09:18
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Се надевам дека бев јасна за ова.

Не само сега и не само за ова!среќаголемо%20гушкање
Сосема те разбирам што сакаш да кажеш. Но, мислам, дека тука сепак (ненамерно) правиш еден превид. Имено, велиш:
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Светите Отци не се наречени свети затоа што прочитале 2 книги и ги научиле на памет, туку затоа што преку подвиг (пост, молитва, бдение, подвиг на љубов, смирение, послушание...) стекнале духовно искуство кое можеле да го пренесат преку пишано слово. Значи, во духовниот живот, прво доаѓа пракасата (подвиг на просветлување на умот и очистување на срцето), за потоа да дојде теоријата (согледување на работите какви што се во суштина и неретко, писмено пренесувањето на тоа знаење), што е спротивно на другите работи во светот...

Но, дали си се запрашала, зошто тие луѓе (кои подоцна станале отци) почнале да постат, да се молат,  (како знаеле на кого и како да се молат), да бдеат, како ги научиле тајните на смиреност и послушание ...? Значи, претходно морале од некого или некаде да слушнат или прочитаат, или на било кој начин да им било всадено соодветното учење. Од ова произлегува дека сепак теоретското е примарно и кај отците, а потоа тие тоа стекнато теоретско искуство го практикуваат и (можеби) го надградуваат и го пренесуваат на другите генерации по нив.

Туку, и друго ми „падна“ во очи. Констатацијата на Меси:
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

... Teshko e da se dodade neshto povekje i da se doosvetli podobro od onoa sto tie tolku vnimatelno i seopfatno go prikazhale...

Ова ме наведе да „ископам“ уште некој (по пластичен) пример со кој ќе се дообјаснат постапките на некои од луѓето, зошто тие не сакаат малку пошироко да се образуваат.
Незнам, можеби грешам кога велам дека сепак, во прашање повторно е стравот.
Прво, стравот од самиот себе. Самиот пред себе да си признаеш дека тоа, во што „до вчера“ си верувал, било неисправно, погрешно. Ова кај тебе (Маран Ата) очигледно не е случај, бидејќи, како што кажуваш, тоа веќе си го надминала. И, btw. (како пишувам, ми доаѓаат нови мисли), што ќе помислиш за некој човек кој, во истиот момент кога ти си испаднала од претходната теолошка заедница, влегува во неа? Ќе му дадеш некој совет, некое твое искуство од таму, или ќе го оставиш тој самиот да го осознае тоа што ти си го осознала?
И второ, на веќе постоечкиот страв од самиот себе, се надоградува и стравот од тоа „што ќе речат луѓето за мене“! Денес овде, утре таму, ... крајот не му се знае. Колку и да сакаме да го игнорираме јавното мнение врз нас, мораме да признаеме дека тоа сепак, помалку или повеќе, постои, влијае на нас.

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

...Единствено на што немам обрнато внимание за да го земам во обзир како моја определба е атеизмот....

Не се мачи да бараш некаква литература за атеизмот, бидејќи таква (барем колку што јас знам) нема. Продолжи од се’ да читаш и осознавањето самото ќе си дојде!намигнувањесмеење големо%20гушкање






Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 09:51
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Но, дали си се запрашала, зошто тие луѓе (кои подоцна станале отци) почнале да постат, да се молат,  (како знаеле на кого и како да се молат), да бдеат, како ги научиле тајните на смиреност и послушание ...? Значи, претходно морале од некого или некаде да слушнат или прочитаат, или на било кој начин да им било всадено соодветното учење. Од ова произлегува дека сепак теоретското е примарно и кај отците, а потоа тие тоа стекнато теоретско искуство го практикуваат и (можеби) го надградуваат и го пренесуваат на другите генерации по нив.


Oд лично искуство не се сложувам. Јас пред да станам православна, бев голем поборник против идејата да си определен во било која религија, затоа што сметав дека секој пат, иако е различен, те води до Бога. Најголемо влијание за да станам тоа што сум денес, имаше еден мој другар (јас си го нарекувам мој ангел чувар). Тој не влијаеше на мене со зборови, туку пред се, со дела. Откако го забележав неговото однесување кон луѓето и кон се наоколу, тогаш почнав да слушам што е православието.

И тој порано не беше тоа што е денеска. Тој беше закоравен атеист. Неговото мислење се смени кога поради, така да го кажам, „немаштија од аздислак“ со својот братучед намисли да оди на Света Гора и таму да заработи некој денар (оти слушнал дека бараат работници). Целиот таков забацаран, без да верува во Бог, појде таму и остана подолго време (не само недела, две). Таму беше сместен во манастир Хиландар. Низ целото тоа патешествие почнаа да му се случуваат многу чуда (во буквална смисла), но најголем впечаток му остави духовникот отец Кирило. Сега ќе ти ги пренесам неговите зборови за овој свет старец: „Отец Кирило е многу мало човече на раст, но колку што е голем толкаво е и неговото срце“. А неговиот братучед (кој патем, исто така беше атеист) стално додава: „На почеток на нашиот престој во Хиландар, гледајќи го тој старец, си мислев: Што овој се фолира... секое утро, тој секој што ќе го сретне, го благословува и има обичај сите да ги бакнува на чело. Со сите е добар и на сите постојано им дава само љубов, постојано е насмеан. Јас мислев дека се фолира и изигрува добротвор, но после тој подолг период проведен со него, сфатив дека не е така, затоа што не може некој да глуми цело време, а и не може да те лаже, бидејќи се чувствува таа љубов која извира од него.“

Токму таа пракса која тие ја виделе кај тој отец, ги навела да станат православни. А токму нивната пракса, која јас ја видов кај нив, ме наведе јас да се запрашам што е тоа православието.

А и порано, отците во пустината, особено тие што не биле писмени, не читале книги за да станат тоа што станале, туку гледајќи вистински примери, биле мотивирани на подвиг. Монасите гледајќи ја љубовта на св.Антониј биле поттикнати да се соберат околу него и да основаат огромни монашки заедници.

За другото подоцна, хев ту гоу нау...
   

Изменето од Maran Ata - 29.Октомври.2008 во 14:41
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 10:04
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... За другото подоцна, хев ту гоу нау...     

ОК! Енд ај хев ту гоу, туу! Бај, бај!големо%20гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 10:06
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Порано имав голема дилема околу сфаќањето на Света Троица. Бев посоветувана да не се замарам со размислувањето околу тоа, да читам светоотечки книги и да се молам на Бога. Го послушав советот и сега немам никакво двоумење. Токму тоа е и надоградувањето на ставот.

Е со ова не се согласувам. Баш напротив. Сметам дека треба интензивно да се "замараме" со сите прашања кои не тревожат, кои не ги разбираме, кои се нејасни. Секогаш кога ќе наидеме на нешто нејасно - треба да го проучуваме, се додека не ни стане јасно. Се разбира, не секогаш работите стануваат јасни на мисловно ниво, некогаш едноставно ги чувствуваш правилно, едноставно знаеш што е точно - но сепак, и до тоа се стигнува преку интензивно себепреиспитување.
Преиспитувањето на ставовите и постојаното прашување, не треба да се сметаат како отстапување од верата (како што многумина мислат и затоа го критикуваат овој пристап) - а напротив, како мотив и можност за нејзино зацврстување!


Ѕидарски, тоа што го велиш не е страшно. Но полесно и поблагодатно е да го ставиме умот и слободната волја, под волјата на некој опитен отец, се до задобивање на умствената молитва. Потоа се ни станува јасно. среќа

Духовниот отец еднаш ми рече дека тоа „ама“ (преиспитување), не не` прави поразлични од светската мудрост. Подобро е да се дадеме на слепа вера и слепо послушание, а потоа од Бога ќе добиеме такво познание, какво што го нема ни најголемиот мудрец во светов.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 12:12
Originally posted by makarios makarios напиша:


... Подобро е да се дадеме на слепа вера и слепо послушание, а потоа од Бога ќе добиеме такво познание, какво што го нема ни најголемиот мудрец во светов.


Тоа е безусловна доВЕРБА!

Изменето од spiros - 29.Октомври.2008 во 12:14
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 15:32
Originally posted by makarios makarios напиша:


Подобро е да се дадеме на слепа вера и слепо послушание, а потоа од Бога ќе добиеме такво познание, какво што го нема ни најголемиот мудрец во светов.


makarios, ova znachi deka ako se oddademe na slepa vera i slepo poslushanie kako nagrada ke sledi poznanie od Boga kakvo nema ni najgolemiot mudrec na svetov.

Aman... zarem moshesh da bidesh tolku lesno ubeden vo takva demagogija? Pa ako toa beshe vistina, togash ne ke mozhevme da se razmineme od najgolemite mudreci na svetov.

Ili mozhebi nema dovolno slepo poslushni lugje?

Toa sto si go slushnal ne vazhi za religijata, tuku za teologijata. Taa sekogash ima potreba slepo poslushni lugje.

Изменето од Messenger - 29.Октомври.2008 во 15:33
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 17:26
Originally posted by makarios makarios напиша:

... Но полесно и поблагодатно е да го ставиме умот и слободната волја, под волјата на некој опитен отец, се до задобивање на умствената молитва. Потоа се ни станува јасно. среќа

Опитен отец, а?
Можеш ли да ми кажеш кој е тој, или поточно како да препознаеме кој е таков? По кој критериуми ќе оцениме дали некој е опитен или не? Можеби однадвор е јагне, но одвнатре ...!
Ајде, да земеме само еден пример, за кој верувам сите сте слушнале и виделе.
Ако еден Зоран Вранишковски (Јован Дремвницки), како највисок свештеник, митрополит, во МПЦ не се смета(ше) за доволно опитен, тогаш незнам кој друг! (Како инаку би станал владика?) И што се случи со него и со тие „овци кои го слушаа и следеа својот пастир“?
Затоа до сите апелирам, читајте буквално се’ , но размислувајте и донесувајте соодветни заклучоци и одлуки со сопствена глава. Не подлегнувајте под ничиј авторитет, оти незнаете каде тоа ќе ве одведе.
Примерот што го дадов е по случаен избор и несакам од никого да се свати дека тоа е случај само во православието. Овакви „застранувања“, т.е. безусловно, безпоговорно следење на било кој теолошки „авторитет“ ги има во сите конфесии, како кај останатите христијански заедници, така и кај муслиманите. Тоа може да предизвика многу опасни последици, не само по угледот на дотичното лице, туку и по неговиот живот. Сетете се само колку самоубиства (и во МК има такви случаи) се имаат направено со верба дека така ќе му се приближат на бога и дека ќе живеат вечно!


Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 18:02
Златник - токму човекот кој ти го спомна го имав в глава како еден пример кога реков дека се треба да се преиспитува и проверува според личниот критериум и личниот твој однос со Бога...
Но... за другото - не се согласувам дека теоријата претходи на праксата... Има многу случаи во кои е точно - луѓе случајно ја прочитале Библијата или некој им зборувал за тоа и поверувале... но има уште повеќе случаи каде луѓето поверувале, а дури потоа се запознале со основите на учењето и со неговите принципи, само за да дознаат дека апсолутно совпаѓа со нивното лично убедување. Еден од најпознатите примери за ова е Серафим Роуз. Побарај малку повеќе за него на нет.
Патот до Бога е личен за секого. Едни имаат потреба да бидат насочени и поведени по него, други сами тргнуваат.
Do what is right, come what may...
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 19:02
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


makarios, ova znachi deka ...
Потполна и темелна доВЕРБА во БОГА е повредна од секое сознание!
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 19:53
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Originally posted by Vlad Tepesh Vlad Tepesh напиша:

Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Светлината на Духот Божји е далеку побитна....зашто религијата  е на второ место според мене. А причина за тоа е - во што сакаш верувај само да води кон Бог. А Бог е еден. Па како и да се свртиш секоја религија верува во Него, на овој или оној начин. среќа
~,,~Taka govoreshe SAI BABA~,,~
Po taa logika izleguva deka do Boga vodi i sufizmot, politeizmot...totemizmot, krisna-visna, pa veruvanje vo Kali ili nekoe bozestvo so lik na majmun ili krava, animizmot... zasto site tie si veruvaat vo nekakov bog.


blueprayer, имаат право maria_magdalena и Vlad Tepesh, твојата филозофија е идентична со онаа на Саи Баба. И како што вели maria_magdalena, во тој случај сеедно е дали ќе веруваме и во Исламот, суфизмот, тотемизмот, или пак ќе обожаваме некоја крава како бог. Не секоја религија води до бог.
Ако се декларираш како христијанка, имај предвид дека христијаните веруваат дека само Христос е патот кој води до Бог. Христос јасно рече "Јас Сум Патот", а на друго место пак "Тесна е вратата и малкумина се кои ја наоѓаат". Муслиманите на пример го одрекуваат Христос како Божји Син и Спасител, Неговата смрт и воскресение - што е контрадикторно на суштината на нашата вера, и не може да биде сеедно во што ќе веруваме. Или сме со Христос, или сме против Него - трето нема.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 19:59
Ев ке те замолам ако не ме разбираш да не ми одговараш. Со тоа што мене ке ме нападнеш не избегнуваш одговор на некој друг како на пример на Опитен кој со денови те чека во некои теми.


А во врска со ова....Па поарно на Саи Баба да звучам отколку очи да си вадам овде....
Јас како христијанин верувам во Христос и патот по кој Тој не води...
А тоа што ти се обидуваш да извртиш зборови слободно продолжи..
Ако е така како што велиш ти....зашто не веруваш во Православието кога Исус прв пат во него се спомна???????? Ма дај те молам прошетај малце по другите теми каде се бара твој одговор....а не ме начека овде мене да ме реметиш....или пак силен си над послабите!?
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 20:17
мила, јас веќе 2 месеци ги чекам "јаките" да соберат сила и да отвориме една тема каде што ќе дефинираме во нејзиниот вовед ред и правила по кои ќе дебатираме. Една културна дебата каде што наизменично ќе си поставуваме прашања и ќе си одговараме. Но 2 месеци поминаа, а јас сеуште си чекам. Така што, имајќи го предвид овој факт, смешно е мене да ми велиш "јас избегнувам одговор од Опитен". Еве, ако навистина сметаш така, тогаш повели натерај го Опитен да прифати една организирана дискусија со мене, а не само да ми поставува оф-топик прашања, а да ги избегнува моите прашања.

Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

зашто не веруваш во Православието кога Исус прв пат во него се спомна????????


Ова е пресмешно газење%20од%20смеење


Изменето од EvAngelos - 29.Октомври.2008 во 20:26
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 20:59
среќа
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 21:01
Евангелос - идејата за дебата се отфрли, и за сметка на тоа - неколкумина тука на форумов ги испомешаа и растурија сите теми, доста тенденциозно при тоа.
За сите - престанете со оф-топик муабети и почнете да поставувате јасни и конкретни прашања за да може да се добие јасен и конкретен одговор.
Кога имате некое поедноставно прашање, на кое може да се одговори со само неколку пораки - имате тема Општо и неврзано... Кога имате прашања кои се подлабоки и бараат посериозна дискусија - отворете тема!
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,218 секунди.