IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Свештенството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свештенството

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 10:57
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Да, многу добро кажано. Што ќе ви е свештенство, кога е поубаво распашано стадо.

 

Зарем и првите христијански цркви (спомнати во Новиот Завет) биле распашани стада бидејќи немале свештеници?

И второ прашање, многу поважно...

Ме интересира, дали ти, во твојата црква, имаш свештеник?

 

O da...среќа

 

Можеш да ми цитираш каде тоа во Новиот Завет се спомнати свештенички служби во црквите?

 


Малку ти беа овие цитати?

Ним им дава власт да разрешуваат гревови, а не на сите верници.

Матеј 18: 18
„Вистина ви велам: се што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.

Матеј 16: 19
И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.

Јован 20:23
На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.

Ним им налага да ја вршат Евхаристијата (што е жртва – онаа жртва која Господ ја даде за нас – Своето пречисто Тело и Својата чиста Крв за спасение на светот), а не на сите верници.

Лука 22: 19
Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!

1 Коринтјани 11: 24
и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас, правете го ова за спомен Мој!“

Ним им даде власт да крштеваат, а не на сите верници.

Матеј 28:19
Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,



Изменето од Maran Ata - 27.Октомври.2008 во 10:57
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Дрводелец Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дрводелец Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 16:44
Во Црквата може се да разликува:

а) Состојбата на свештено посветување на сите христијани, примено преку Тајните Крштение и Миропомазание. Се работи за општото свештенство кое им припаѓа на сите крстени.

б) Свештеничкото служење, во потесна смисла, е установено и потврдено во Тајна хиротонија//ракополагање и ја опфаќа посебната свештена служба; дидактичка и пастирска, а има посредничка улога.

Каде и да основале нови црквени заедници, апостолите ракополагале епископи за свои наследници, а тие пак, подоцна ракополгале за свои помошници свештеници и ѓакони. Тоа е црквената јерархија. Таа води потекло од самиот Господ Исус Христос и од Светиот Дух кој на Педесетница слегол на апостолите. Апостолите им го предавале на своите наследници она што го примиле од Господа: истата вера, исто крштение, истите Свети тајни, истиот живот според Бога. Нивните наследници тоа го предавале преку полагање на раце (преку Светата тајна свештенство) на свои наследници, а овие пак, на свои, и тоа апостолско наследство, апостолско преемство, така се продолжува непрекинато до данес и ќе се продолжува до крајот на векот и светот. За апостолските мажи (учениците на апостолите) Климент Римски, Иринеј Лионски свештенството преку хиротонијата од епископот е норма и гаранција за континуитетот со апостолите.

Без свештенство не може да постои Црквата, но апостолското проповедање на Христа и нивното свето дело го продолжуваат и сите Христијани. Црквата во текот на богослужењето навистина е тело чија глава е Христос, токму со дејствувањeто на свештениците, но не и без учеството на верните.

Постојат три степени на свештенството: ѓаконски, презвитерски (свештеници) и епископски (владики), во кои се воведува преку хиротонија.

...па ги избраа: Стефана, маж полн со вера и со Светиот Дух, потоа: Филипа, Прохора, Никанора, Тимона Пармена, и Никола, прозелит од Антиохија. Нив ги поставија пред апостолите; а овие, кога се помолија, ги положија рацете на нив. (Дела ап. 6.5-6)

Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за надгледувачи (ἐπισκόπους), за да ја пасете Божјата Црква, која Тој ја придоби со Својата крв. (Дела ап. 6.5-6)

Затоа ти напомнувам да го разгориш Божјиот дар, кој е во тебе преку возлагањето на моите раце. (Тим. 1,6)

Зашто, епископот како Божји домоуправител треба да биде непорочен... (Тит 1,7)

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Исто така и меѓу христијанските „редови“, никаде нема свештенички ред. Постојат три збора кои се користат за овие служби: diakonos = служители presviteros = старешини episkopos = надгледници На ниеден од овие не им е дадена служба на свештенство, бидејќи терминот за свештеници hiereus се користи како служба на која и е поминат векот.



Свештенството не е служба во смисла на ерархиски чин, туку е својство и на целиот христијански народ, но пред се, епископот е свештен чин, презвитерот е свештен чин, а и ѓаконот во Црквата е свештеноѓакон, за да се разликува од вообичаенотото значење на зборот diakonos = слуга.

Изменето од Дрводелец - 29.Октомври.2008 во 13:35
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 16:55
Opomena za Maran Ata i EvAngelos za megjusebnite javni prepukuvanja. Znaeme deka ne ste vo "ljubov", no toa ne znachi deka treba sekogash da ne potsetuvate na toa.

Komentirajte za temite, a ne za vas.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 17:18
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Господ не дојде на земјата да го поништи Стариот Завет, туку да го исполни.



Poznato mi e sto rekol Isus i poznati mi se teoloshkite interpretacii na negovite zborovi...   Isus ne rekol deka dovagja da go ponishti teoloshkiot zakon po koj zhiveele togash evreite, no nikogash ne rekol deka doagja da go PODRZHI toj zakon. Toj ne doagja da go unishti, no ne doagja nitu da go menuva ili poprava. Toj ne doagja da mu stava amandmani, tuku da preseche so mechot i da go oddeli dotogashnoto od novoto sto toj go predvestuva i propoveda. Toj doagja da gi razdvoi starite od mladite, minatoto od idnoto.

Toj ne doagja da menuva nishto vo starata teologija (site mislat samo na desette Bozhji zapovedi, no toa e najmaliot del od seto toa) bidejki toa so nego ednostavno prestanuva da postoi.

Istoto go napravi i Mojsie koga gi vrteshe evreite vo krugovi niz pustinite za 40 godini. Nemu ne mu beshe celta da menuva neshto vo nivnite dotogashni veruvanja i zakoni, tuku da preseche so minatoto, da gi oddeli starite od mladite i da postavi temeli za nov duhoven procut i prosperitet. Toj beshe dovolno pameten da razbere deka nemozhe eden narod da bide osloboden dodeka vo nego caruva robska svest. Zatoa, pred da ja osnova novata evrejska drzhava, toj trebashe da se oslobodi od starite, od nivniot nachin na zhiveenje i nivnata svest. Novoto mozhe da se gradi samo so novite generacii koi se oslobodeni od starite terkovi na veruvanje, mislenje i zhiveenje.

Изменето од Messenger - 27.Октомври.2008 во 17:18
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.