Испечати | Затвори го прозорот

Свештенството

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16283
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 22:18
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Свештенството
Постирано од: semkarot
Наслов: Свештенството
Датум на внесување: 23.Октомври.2008 во 12:50
Една од најголемите пречки за духовно прободување на нашиот народ е коруптивната природа на македонското свештенство.

Но уште поинтересно е што се поставуваат некои прашања, кои би можеле да сугерираат дека воопшто идејата за свештенство е погрешна. Имено, во Библијата никаде не ја гледаме потребата од свештенство. Така, Апостолот Петар (според Рим дури и првиот Папа, очигледно не мислел за себеси така) ќе каже:

„Но вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина“ (1 Пет. 2:9)   

И самиот Петар нема да се нарече себеси свештеник, ниту патријарх, ниту папа, туку обичен старешина (пресвитер) (1 Пет. 5:1). Ќе додаде во 5:3 дека службата на старешините не е да управуваат, туку да бидат пример.

И Апостолот Јован ќе додаде: „Кој не' направи пред Бога и Неговиот Отец царство на свештеници“.

Исто така и меѓу христијанските „редови“, никаде нема свештенички ред. Постојат три збора кои се користат за овие служби:
diakonos = служители
presviteros = старешини
episkopos = надгледници

На ниеден од овие не им е дадена служба на свештенство, бидејќи терминот за свештеници hiereus се користи како служба на која и е поминат векот. Нејзината употреба е секогаш за оние кои не го препознаа Христа.

Дури ако ја разгледаме и пошироката листа на „редовите“, кај Апостол Павле, ќе видиме чудна работа, таму ги имаме:
Apostolos = Апостолите = Пратениците
Profetas = Пророците
Evangelistas = Евангелизаторите = Мисионерите
Poimenas = Пастири
Didaskalos = Учители (Даскали)

Значи повторно недостасува зборот свештеници.

Дури и понатаму, улогата на посредништво (т.е. функцијата на свештенството) е укината во Христос, кое што е јасно објаснето во Евреите 10-13. Таму јасно се истакнува дека не се свештениците тие кои можат да се застапат за нас, туку секој лично „му принесува на Бог пофална жртва“ (Евр. 13:15). А знаеме дека жртвувањето е „специјалност“ на свештениците.

Понатаму, Христос е наречен единствен посредник меѓу човекот и Бог. (1 Тим. 2:5).

Историјата исто така потврдува дека се до времето на Кипријан кој три века после Христа ги протолкувал старозаветните свештенички служби како полноважечки за црквата, тотално игнорирајќи го Новиот завет и неразбирајќи ја целата поента на Посланието до Евреите, немало свештенички редови во раната црква.

Ја поставувам оваа тема со мојата теза дека секој кој го има Христос (значи секој христијанин) го има и сето она што е Христово, во Неговата полнота. Христос е Нашиот Единствен Управител, Спасител и Единствен Свештеник. Секој кој се претставува како свештеник во христијанска служба, всушност го узурпира местото Христово и ја омаловажува Неговата совршена жртва, на која не и потребно никој да ја дополнува.

Ви посакувам Божји благослов додека ги разгледувате овие мисли.



Коментари:
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 02:25
задоволство....

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 02:31
А каде виде ти дека semkarot поставил прашање? среќа

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 10:49
Многу добро кажано од semkarot, сосема непотребно во христијанството е постоењето свештенството поготово во така обемна формација како што постои денеска.Новиот Завет кој е сржта на христијанството јасно кажува дека свештенството е непотребно за релација со Бог.
   


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 10:53
Да, многу добро кажано. Што ќе ви е свештенство, кога е поубаво распашано стадо.
Не е ни чудо што в’ците така лесно навлегуваат во вашите трла и ви подметнуваат секаква трева за пасење....
газење%20од%20смеење




-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 11:01
Во вакви случаи свештенството треба да биде агенција за обезбедување.


Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 11:14
Зашто, секој првосвештеник, кој е избран од помеѓу луѓето, се поставува за луѓето, за да служи пред Бога, за да принесува дарови и жртви за гревовите,

   Евреите 5;1

   Ако сте христијани значи не треба да дозволувате некој свештеник да се застапува за вас.Христос се принесе како жртва за вас за измирување со Бог, односно простување на гревовите.

Потреба од свештенство имало пред појавувањето на Христос!


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:26
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Да, многу добро кажано. Што ќе ви е свештенство, кога е поубаво распашано стадо.
 
Зарем и првите христијански цркви (спомнати во Новиот Завет) биле распашани стада бидејќи немале свештеници?
И второ прашање, многу поважно...
Ме интересира, дали ти, во твојата црква, имаш свештеник?


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 15:20
Господ не дојде на земјата да го поништи Стариот Завет, туку да го исполни.

Новозаветното свештенство започнува и е уредено од Самиот Исус Христос. Тој е Првосвештеникот, но после Него има и други свештеници кои ги извршуваат тајните кои Тој им ги оставил на правите исповедници на вистинската вера.

Првите свештеници биле Апостолите и тоа право им го дал Господ, како што и читаме во Новиот Завет.

Нив ги избира и испраќа да го проповедаат Евангелието, а не сите верници.


Матеј 10: 5
Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте;

Марко 6: 7
И ги повика дванаесетте, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.

Лука 6: 13
А кога настана ден, ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет, кои ги нарече апостоли:

Лука 9: 2
И потоа ги прати да го проповедаат царството Божјо и да лекуваат болни.

Јован 20: 21
А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.

На дванаесетмината апостоли им дал власт да лекуваат и изгонуваат нечисти духови, а не на сите верници.

Матеј 9: 1
И кога ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ.

Лука 9: 1
Откако ги повика Дванаесетмината, им даде сила и власт над сите нечисти духови, и да лекуваат болести.

Марко 3: 13
Потоа се искачи на гората и ги повика кај Себе оние, кои Сам ги одбра и тие дојдоа кај Него. 14 Избра дванаесетмина кои ги нарече апостоли да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат; 15 и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони:

Ним им дава власт да разрешуваат гревови, а не на сите верници.

Матеј 18: 18
„Вистина ви велам: се што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.

Матеј 16: 19
И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.

Јован 20:23
На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.

Ним им налага да ја вршат Евхаристијата (што е жртва – онаа жртва која Господ ја даде за нас – Своето пречисто Тело и Својата чиста Крв за спасение на светот), а не на сите верници.

Лука 22: 19
Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!

1 Коринтјани 11: 24
и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас, правете го ова за спомен Мој!“

Ним им даде власт да крштеваат, а не на сите верници.

Матеј 28:19
Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,

Ним им вели дека ако не ги слушаме и се откажуваме од нив, не Го слушаме и се откажуваме од Бог, а не на сите верници.

Лука 10: 16
Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува, а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил

Матеј 10: 40
„Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил.

Јован 13: 20
Вистина, вистина ви велам: кој го прими оној што го праќам Јас, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме прати.

Значи, од сево ова кажано, јасно е дека Господ ги издвојува апостолите од останатите верници.
Но, понатаму Светото Писмо ни кажува дека Апостолите имале власт, тие дарови да ги пренесат и на други верници преку ракополагање, а тие други на други...


Дела 20: 28
Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.

1 Тимотеј 5: 22
Раце на никого не полагај пребрзо,

2 Тимотеј 1: 6
Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце.

Тит 1: 5
Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал

Од ова се гледа дека свештенството е света тајна дадена од Бога која се наследува со молитвено ракополагање.


Продолжува…

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 15:30

Маран Ата, не спамирај непотребно. Никаде во тие стихови не се зборува за свештенци. Никакви свештеници не се спомнати во Новозаветните цркви. Во посланијата на апостолите можеме да прочитаме за старешини, за апостоли, за учители, за надгледници, но никаде не читаме за свештинички "редови". Таква служба во Новиот Завет не постои. Дури и апостол Петар, еден од оние кои биле сметани за столбовите за христијанството, оној кој прв од апостолите го пресведочил Христос за Син Божји, еден од најблиските апостоли на Христос не се нарекува себе си свештеник, туку старешина (1 Петрово 5:1)

Исто така и меѓу христијанските „редови“, никаде нема свештенички ред. Постојат три збора кои се користат за овие служби:
diakonos = служители
presviteros = старешини
episkopos = надгледници

На ниеден од овие не им е дадена служба на свештенство, бидејќи терминот за свештеници hiereus се користи како служба на која и е поминат векот. Нејзината употреба е секогаш за оние кои не го препознаа Христа.

Дури ако ја разгледаме и пошироката листа на „редовите“, кај Апостол Павле, ќе видиме чудна работа, таму ги имаме:
Apostolos = Апостолите = Пратениците
Profetas = Пророците
Evangelistas = Евангелизаторите = Мисионерите
Poimenas = Пастири
Didaskalos = Учители (Даскали)

Значи повторно недостасува зборот свештеници.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 16:07
Ев, наредниот пат пред да постираш нешто - прочитај, размисли, па постирај.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 16:14
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Да, многу добро кажано. Што ќе ви е свештенство, кога е поубаво распашано стадо.
 
Зарем и првите христијански цркви (спомнати во Новиот Завет) биле распашани стада бидејќи немале свештеници?
И второ прашање, многу поважно...
Ме интересира, дали ти, во твојата црква, имаш свештеник?
 
O da...среќа


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 16:20

Маран Ата, секој христијанин е повикан да го проповеда Словото/евангелието и тоа нема врска со проповедничката служба во Црква.

Друго, не знам зошто повторно (по незнам кој пат) се обидуваш да ја свртиш дискусијата во оф-топик правец? Каква врска има проповедник со свештеник? Ние тука збориме дека во Новозаветната црква нема служба на свештеници, а не на проповедници. намигнување


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 16:23
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Да, многу добро кажано. Што ќе ви е свештенство, кога е поубаво распашано стадо.
 
Зарем и првите христијански цркви (спомнати во Новиот Завет) биле распашани стада бидејќи немале свештеници?
И второ прашање, многу поважно...
Ме интересира, дали ти, во твојата црква, имаш свештеник?
 
O da...среќа
 
Можеш да ми цитираш каде тоа во Новиот Завет се спомнати свештенички служби во црквите?
 


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 27.Октомври.2008 во 10:57
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Да, многу добро кажано. Што ќе ви е свештенство, кога е поубаво распашано стадо.

 

Зарем и првите христијански цркви (спомнати во Новиот Завет) биле распашани стада бидејќи немале свештеници?

И второ прашање, многу поважно...

Ме интересира, дали ти, во твојата црква, имаш свештеник?

 

O da...среќа

 

Можеш да ми цитираш каде тоа во Новиот Завет се спомнати свештенички служби во црквите?

 


Малку ти беа овие цитати?

Ним им дава власт да разрешуваат гревови, а не на сите верници.

Матеј 18: 18
„Вистина ви велам: се што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.

Матеј 16: 19
И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.

Јован 20:23
На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.

Ним им налага да ја вршат Евхаристијата (што е жртва – онаа жртва која Господ ја даде за нас – Своето пречисто Тело и Својата чиста Крв за спасение на светот), а не на сите верници.

Лука 22: 19
Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!

1 Коринтјани 11: 24
и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас, правете го ова за спомен Мој!“

Ним им даде власт да крштеваат, а не на сите верници.

Матеј 28:19
Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,



-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Дрводелец
Датум на внесување: 27.Октомври.2008 во 16:44
Во Црквата може се да разликува:

а) Состојбата на свештено посветување на сите христијани, примено преку Тајните Крштение и Миропомазание. Се работи за општото свештенство кое им припаѓа на сите крстени.

б) Свештеничкото служење, во потесна смисла, е установено и потврдено во Тајна хиротонија//ракополагање и ја опфаќа посебната свештена служба; дидактичка и пастирска, а има посредничка улога.

Каде и да основале нови црквени заедници, апостолите ракополагале епископи за свои наследници, а тие пак, подоцна ракополгале за свои помошници свештеници и ѓакони. Тоа е црквената јерархија. Таа води потекло од самиот Господ Исус Христос и од Светиот Дух кој на Педесетница слегол на апостолите. Апостолите им го предавале на своите наследници она што го примиле од Господа: истата вера, исто крштение, истите Свети тајни, истиот живот според Бога. Нивните наследници тоа го предавале преку полагање на раце (преку Светата тајна свештенство) на свои наследници, а овие пак, на свои, и тоа апостолско наследство, апостолско преемство, така се продолжува непрекинато до данес и ќе се продолжува до крајот на векот и светот. За апостолските мажи (учениците на апостолите) Климент Римски, Иринеј Лионски свештенството преку хиротонијата од епископот е норма и гаранција за континуитетот со апостолите.

Без свештенство не може да постои Црквата, но апостолското проповедање на Христа и нивното свето дело го продолжуваат и сите Христијани. Црквата во текот на богослужењето навистина е тело чија глава е Христос, токму со дејствувањeто на свештениците, но не и без учеството на верните.

Постојат три степени на свештенството: ѓаконски, презвитерски (свештеници) и епископски (владики), во кои се воведува преку хиротонија.

...па ги избраа: Стефана, маж полн со вера и со Светиот Дух, потоа: Филипа, Прохора, Никанора, Тимона Пармена, и Никола, прозелит од Антиохија. Нив ги поставија пред апостолите; а овие, кога се помолија, ги положија рацете на нив. (Дела ап. 6.5-6)

Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за надгледувачи (ἐπισκόπους), за да ја пасете Божјата Црква, која Тој ја придоби со Својата крв. (Дела ап. 6.5-6)

Затоа ти напомнувам да го разгориш Божјиот дар, кој е во тебе преку возлагањето на моите раце. (Тим. 1,6)

Зашто, епископот како Божји домоуправител треба да биде непорочен... (Тит 1,7)

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Исто така и меѓу христијанските „редови“, никаде нема свештенички ред. Постојат три збора кои се користат за овие служби: diakonos = служители presviteros = старешини episkopos = надгледници На ниеден од овие не им е дадена служба на свештенство, бидејќи терминот за свештеници hiereus се користи како служба на која и е поминат векот.



Свештенството не е служба во смисла на ерархиски чин, туку е својство и на целиот христијански народ, но пред се, епископот е свештен чин, презвитерот е свештен чин, а и ѓаконот во Црквата е свештеноѓакон, за да се разликува од вообичаенотото значење на зборот diakonos = слуга.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 27.Октомври.2008 во 16:55
Opomena za Maran Ata i EvAngelos za megjusebnite javni prepukuvanja. Znaeme deka ne ste vo "ljubov", no toa ne znachi deka treba sekogash da ne potsetuvate na toa.

Komentirajte za temite, a ne za vas.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 27.Октомври.2008 во 17:18
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Господ не дојде на земјата да го поништи Стариот Завет, туку да го исполни.



Poznato mi e sto rekol Isus i poznati mi se teoloshkite interpretacii na negovite zborovi...   Isus ne rekol deka dovagja da go ponishti teoloshkiot zakon po koj zhiveele togash evreite, no nikogash ne rekol deka doagja da go PODRZHI toj zakon. Toj ne doagja da go unishti, no ne doagja nitu da go menuva ili poprava. Toj ne doagja da mu stava amandmani, tuku da preseche so mechot i da go oddeli dotogashnoto od novoto sto toj go predvestuva i propoveda. Toj doagja da gi razdvoi starite od mladite, minatoto od idnoto.

Toj ne doagja da menuva nishto vo starata teologija (site mislat samo na desette Bozhji zapovedi, no toa e najmaliot del od seto toa) bidejki toa so nego ednostavno prestanuva da postoi.

Istoto go napravi i Mojsie koga gi vrteshe evreite vo krugovi niz pustinite za 40 godini. Nemu ne mu beshe celta da menuva neshto vo nivnite dotogashni veruvanja i zakoni, tuku da preseche so minatoto, da gi oddeli starite od mladite i da postavi temeli za nov duhoven procut i prosperitet. Toj beshe dovolno pameten da razbere deka nemozhe eden narod da bide osloboden dodeka vo nego caruva robska svest. Zatoa, pred da ja osnova novata evrejska drzhava, toj trebashe da se oslobodi od starite, od nivniot nachin na zhiveenje i nivnata svest. Novoto mozhe da se gradi samo so novite generacii koi se oslobodeni od starite terkovi na veruvanje, mislenje i zhiveenje.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk