IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Христијанска Убавина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Христијанска Убавина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Христијанска Убавина
    Испратена: 25.Октомври.2008 во 14:06

Епа кога православните, муслиманите и протестантите си отворија свои теми за убавината на својата вера, дозволете и ние христијаните да си отвориме тема за нашата христијанска убавина љубов

Една од убавините на христијаните е Божјиот Збор и Неговите прекрасни, преубави ветувања кои што се содржани во него. Јас посебно би ги истакнал Псалмите, таа прекрасна библиска поезија со која Бог се славел уште од времето на Давид, пред него, па и до ден денес. Јас би започнал со Давидовиот Псалм "Господ е мојот Пастир"
 
ГОСПОД е мојот Пастир


  ГОСПОД е мојот Пастир,
  ништо не ќе ми недостига!

  На зелени ливади ме успокојува,
  крај тивки води ме поведува,
  душата ми ја заживува.

  По патеките на праведноста ме води,
  заради Името Свое.

  Па и низ долината на смртната темнина да одам
  - од злото нема да се плашам,
  зашто Ти си со мене.
  Твојата палка и Твојата тојага
  се спокојство мое.

  Приготвуваш пред мене трпеза да стои,
  пред очите на душманите мои!
  Миро ми излеваш врз главата,
  а мојата чаша се прелева!

  Да, добрина и љубов ќе ме следат
  низ сите дни на мојот живот;
  и јас ќе живеам во Домот ГОСПОДОВ
  во век и веков!

љубовголемо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 14:11
Алал да ти е!!!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 17:44
Една од христијанските убавини исто така е и Божјото делување во животите на христијаните. Нема христијанин кој не ужива да слуша некое искрено сведоштво за тоа како Бог трансформирал нечиј живот, се разбира на подобро. Христијанството е вистинска ризница на вакви животни приказни. Меѓу нив ќе најдете некои кои порано биле непоправливи крадци, лажливци, манипулатори со луѓе, а сега не им ни текнува да посегнат по нешто туѓо, се трудат да говорат само вистина и да живеат чесно. Меѓу нив ќе најдете и некои што боледувале од тешки болести и оздравеле со помош на силни (свои или застапнички) молитви. Некои пак биле зависни од пороци (пр. дрога), па откако поверувале, Христос им дал сила да се ослободат од канџите на тој порок. Некои од нив биле проститутки, хомосексуалци и сл., но сега се во брак и ја негуваат светоста на бракот. Не, никој од овие не станал безгрешен човек, но сите овие сега го мразат гревот, се срамат од своите постапки, а се фалат со Бог Кој ги променил и Кој континуирано ги менува и усовршува да живеат подобар, поморален и посвет живот.
 
Овде би сакал да приложам еден исечок од интервјуто на Алпин Поп-Николов (бивш наркоман) во весникот Форум, поточно делот каде на Алпин му беше поставено прашањето: Какви се вашите искуства со дрогата?
 
Алпин:
Почнав многу наивно, не бев многу информиран, но и од љубопитност. Неколку пати пушев марихуана, а потоа почнав да ја купувам. Еднаш отидовме кај дилерот, а тој немаше марихуана, па ни понуди хероин. Си рековме - зошто да не! Така влегов во сето тоа. Кога почнав да ги искусувам првите апстиненцијални кризи побарав помош од моите родители.
Се обидувавме со некакви свои терапии, приватни психијатри, но без никакви резултати. Потоа отидов во Центарот во Кисела Вода и почнав метадонска терапија. На метадон бев околу 8 месеци и се "спуштив" до никаде, па неколку месеци бев чист, но потоа повторно се вратив на дрогата. Психичката зависност не успеав да ја надминам ниту со метадонот, ниту со другите терапии и лекарства. Во тоа време се запознав со еден мој врсник кој ми раскажа дека слушал и читал за сведоштва на луѓе кои преку вербата во Бога успеале да ја надминат зависноста. Тогаш во мене се зароди надеж дека и јас можам да успеам. Барав помош од Господ, почнав да ја читам Библијата и верата во мене почна да се буди, така што еден ден го фрлив метадонот и престанав со сите дроги. Оттогаш, па се до денес, не се вратив на ниту една дрога, на никакво апче!

 
Ете тоа е христијанската убавина драги мои, кога од устата на еден, до вчера познат наркоман, ќе излезат зборовите: "Барав помош од Господ, почнав да ја читам Библијата и верата во мене почна да се буди, така што еден ден го фрлив метадонот и престанав со сите дроги. Оттогаш, па се до денес, не се вратив на ниту една дрога, на никакво апче!"
 
Алилујах! големо%20гушкање Слава на Бог за сите убави работи кои го прави во луѓето кои бараат помош од Него!


Изменето од EvAngelos - 26.Јуни.2009 во 17:03
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 21:04
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ете тоа е христијанската убавина драги мои, кога од устата на еден, до вчера познат наркоман, ќе излезат зборовите: "Барав помош од Господ, почнав да ја читам Библијата и верата во мене почна да се буди, така што еден ден го фрлив метадонот и престанав со сите дроги. Оттогаш, па се до денес, не се вратив на ниту една дрога, на никакво апче!"
 

Алилујах! големо%20гушкање Слава на Бог за сите убави работи кои го прави во луѓето кои бараат помош од Него!


ХАЛЕЛУЈАХ!       
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 02:45
Еве нешто што мене многу ми се допаѓа и кое сметам дека треба да биде основа на нашиот христијански духовен живот.

ПОКАЈНА МОЛИТВА - Псалм 50

Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги безаконијата мои.

Измиј ме од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконето мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене.

Пред Тебе Единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш праведен кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш.

Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја.

Но Ти ја засака вистината во срцето, и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајната премудрост Твоја.

Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист измиј ме и ќе бидам побел од снег.

Дај ми да чујам радост и веселба, и ќе се зарадуваат коските мои ослабнати.

Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија.

Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.

Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.

Врати ми ја радоста, спасувајќи ме и со Својот моќен Дух зацврсти ме.

Беззакониците ќе ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ќе се обрнуваат.

Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение, и јазикот мој ќе се зарадува на Твојата правда.

Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја;

оти, да сакаше жртва, јас ќе Ти ја принесев; но сепалениците не ги сакаш.

Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш.

Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги ѕидовите ерусалимски.

Тогаш ќе ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.


+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 08:24
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Еве нешто што мене многу ми се допаѓа и кое сметам дека треба да биде основа на нашиот христијански духовен живот.

ПОКАЈНА МОЛИТВА - Псалм 50

Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги безаконијата мои.

Измиј ме од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконето мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене.

Пред Тебе Единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш праведен кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш.

Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја.

Но Ти ја засака вистината во срцето, и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајната премудрост Твоја.

Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист измиј ме и ќе бидам побел од снег.

Дај ми да чујам радост и веселба, и ќе се зарадуваат коските мои ослабнати.

Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија.

Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.

Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.

Врати ми ја радоста, спасувајќи ме и со Својот моќен Дух зацврсти ме.

Беззакониците ќе ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ќе се обрнуваат.

Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение, и јазикот мој ќе се зарадува на Твојата правда.

Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја;

оти, да сакаше жртва, јас ќе Ти ја принесев; но сепалениците не ги сакаш.

Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш.

Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги ѕидовите ерусалимски.

Тогаш ќе ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.


ХАЛЕЛУЈАХ!

Изменето од spiros - 26.Октомври.2008 во 08:26
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 14:09
Еве уште едно убаво ветување од Бог:
 
"Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас."
(Исус Христос во евангелие по Јован 14:2-3)
 
п.с. spiros, доколку ти текне на горното Христово ветување да кажеш "ХЕЛАЛУЈАХ", те молам немој да ме цитираш и да спамираш непотребно, туку едноставно напиши "ХАЛЕЛУЈАХ на последниот пост".
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2008 во 11:59

                  Одата на Љубовта

 
Кога би зборувал на сите човечки јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам како гонг што одѕвонува, или кимбал што ѕвечи.

Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење,
а и така силна вера што и планини ќе преместува,
ако љубов немам, ништо не сум.

И да го раздадам целиот свој имот, и да го предадам телото да ми изгори,
штом љубов немам, ништо не ми користи.
 
Љубовта е долготрпелива, љубезна, љубовта не завидува;
Љубовта не се фали, не се вообразува, не е непристојна,
не го бара своето, не се срди, не памети зло;
Не се радува на неправда, а се радува на вистината;
Се премолчува, во се верува, на се се надева, се поднесува.
 
Љубовта никогаш не пропаѓа, а пророкувањата ќе престанат,
јазиците ќе замолкнат, знаењето ќе помине.
Зашто делумно знаеме и делумно пророкуваме,
а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.
 
Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете, расудував како дете;
а кога станав зрел човек, го оставив детинското.
Сега гледаме како низ замаглено огледало, нејасно, а тогаш ќе гледаме - лице в лице;
Сега знам делумно, а тогаш ќе знам совршено, како што и сум и јас спознаен.
А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта;
а од сите нив, најголема е љубовта.
(1 Коринтјаните 13)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2008 во 14:47
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Епа кога православните, муслиманите и протестантите си отворија свои теми за убавината на својата вера, дозволете и ние христијаните да си отвориме тема за нашата христијанска убавина љубов...

Евангелосе, немам коментар по однос на темава, само имам една (процедурална) забелешка во твоето изразување!
И православните и протестантите (како и повеќе други кои не си ги набројал) се христијани. Затоа не го присвојувај терминот „христијани“ само за себе и за твоите истомисленици. Мислам дека не е фер, нели? Би било подобро да кажеш на кои од христијаните мислиш.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 19:18
"Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот - вели Господ Кој ти се смилува."
(Исаија 54:10)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 05:30
старец Софрониј

Кога сме собрани сите заедно, должни сме да бидеме како eден човек,
според образот на Троичниот Бог, Кој е само Еден Бог!
Ова не можеме да го постигнеме, освен преку примањето на Светиот Дух во себе.
Доколку имаме внатрешно безредие на нашите лоши помисли,
напорите ќе ни бидат безуспешни.

Како да се здобиеме со оваа благодат?
Како да живееме, та Бог и Неговиот Свет Дух да се вселат во нас?
Треба да бидеме послушни!

Само ако постојано внимаваме на нашиот брат, успеваме да создадеме во нас еден вид радар,
за да го почувствуваме она што другите го мислат, нивната волја и нивната духовна состојба.
Наспроти тоа, без послушание, особено ако прво го бараме нашиот спокој,
ќе бидеме одделени од другите и ќе бидеме несложни.


Изменето од Maran Ata - 01.Ноември.2008 во 05:32
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 11:19
Еве уште едно преубаво ветување кое треба секој Христов следбеник да си го вреже во срцето и секогаш да се потсетува на него, особено во моментите кога лукавиот ќе се обиде да внесе сомнежи дека тој/таа е надвор од Божјата љубов, недостоен за неа или пак отпаднат од неа.
 
"Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Исус Христос, нашиот Господ."
(Римјаните 8:38-39)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 16:06
1 Давидов псалм. Благословувај Го Господа, душо моја, и си што е во Мене: Неговото свето име!

2 Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства:

3 Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести;

4 Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов;

5 Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот.

6 Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата,

7 на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела.

8 Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив.

9 Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека.

10 Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија.

11 Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него.

12 Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија.

13 Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.

14 Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав.

15 Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет;

16 штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни.

17 Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите,

18 над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнат.

19 Господ го постави Својот престол на небо, и Неговото Царство владее над си.

20 Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово!

21 Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја!

22 Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја!


Псалм 103


Изменето од AlDra - 05.Ноември.2008 во 16:06
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 16:08
,, 27 А Бог знае што има во срцата на луѓето и знае што сака Светиот Дух, затоа што Тој се застапува за Божјите луѓе согласно со Божјата волја.

28 Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели.

29 Однапред познавајќи ги луѓето, Бог ги одбра Своите, со цел да ги преобрази така што ќе бидат слични на Неговиот Син, Исус, Кој е првороден за да има многу браќа и сестри.

30 А тие што ги одбра, Бог ги повика, ги оправда и ги прослави.

31 Што да кажеме на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас?

32 Кога Бог ни Својот Сопствен Син не Го поштеди, туку Го даде за откуп на сите нас, зар заедно со Исус нема да ни подари и се друго?’’ (Рим. 8:27-32)

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.