IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Житијата на светците
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Житијата на светците

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 14>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 20:50
Originally posted by Sunny Sunny напиша:


Света Великомаченица Злата Мегленска
 
Тие и ставале железна прачка и со неа ја прободеле главата низ ушите, така што чад и излегувал низ устата.
Овие страшни маки светата маченичка Злата ги поднесувала многу храбро, а тоа доаѓало од силната љубов спрема својата вера во Господа Исуса Христа. Крвожедните мухамеданци најпосле ја обесиле маченичката на едно дрво и телото и го исекле на ситни парчиња.
 
Интересно житие. Но ајде, за момент да се ослободиме од предрасудите дека ова е Боговдахновено дело и да го анализираме малку разумски. Што мислите, како е можно на покојна Злата да и ја прободеле главата со железна прачка НИЗ УШИТЕ, а притоа таа да не умрела??!!
Погледнете што вели текстот во продолжение "така што чад и излегувал низ устата" Од каде овој чад? збунетост
Дури и да претпоставиме дека железната прачка била усвитена и го спржила мозокот на покојна Злата и поради тоа излегувал чад низ устата, сепак останува проблемот како таа "храбро ги поднесувала овие маки" без да умре во моментот кога и ја прободеле главата со (претпоставувам) усвитена шипка низ ушите?
Но дури и да е мојата претпоставка погрешна, еве нека претпоставиме дека железната прачка била ладна, но сепак таа железна прачка минувала низ главата на покојната Злата т.е. низ нејзините уши, додека таа сеуште била жива.
Дали можете да си го претставите тоа визуелно?
Има ли некој поинакво објаснување за ова?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 21:24
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Интересно житие. Но ајде, за момент да се ослободиме од предрасудите дека ова е Боговдахновено дело и да го анализираме малку разумски. Што мислите, ...


Со твојот човечки разум ...!
       

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 21:48
[QUOTE=Sunny]


Света Великомаченица Злата Мегленска


Од времето на иноверното турско владеење во Македонија позната е единствената светителка-маченичка, Света Злата Мегленска. За животот и маченичката смрт на Св.Злата дознаваме од нејзиното житие. Тоа е напишано од очевидецот на нејзиното мачеништво, Никодим Светогорец, во 1779 година на грчки јазик.

Според житието, Св.Злата Мегленска е родена и настрадала во село Слатино, Мегленско, во Егејскиот дел на Македонија. Таа е ќерка на сиромашни селски родители, коишто имале уште три ќерки. Света Злата зрачела како со духовни, така и со телесни високи квалитети. Духовните квалитети и биле силната вера во Господ Исус Христос, нејзината смиреност и чистото срце, а надворешно била необично убава. Таа нејзина убавина дала повод нејзиниот живот да се украси со страдање на голема маченичка.
Нејзината ретка убавина го привлека вниманието на еден Турчин од нејзиното место, така што тој решил да најде време и по секоја цена да посегне по честа на убавата Злата и да ги задоволи своите телесни страсти. Еден ден кога Злата заедно со други жени отишла да собира дрва во блиската шума, тој организирал силеџиски грабеж на Злата. Ја зел со себе насилно и ја однел дома кај него. Најпрвин, тој ја убедувал да ја промени својата вера и да премине во мухамеданство, ветувајќи и разни удобности, па дури и ветил дека ќе се ожени со неа. Во спротивно и се заканил дека ќе ја стави на страшни маки.

Од дрскоста на Турчинот, Злата била поразена, но неговите ветувања и предлози храбро и одлучно ги одбила. Откако го повикала на помош името на Господ Исус Христос, таа на Турчинот храбро му одговорила:"Јас верувам и се поклонувам само на Господа Исуса Христа, и од Него нема да се откажам, па макар и да ме сечете на ситни парчиња, а освен тоа сум се зарекла на девствена чесност којашто неможе ништо да ја измени".

Откако ги слушнале овие одлучни искажувања на Злата, Турците сфатиле дека обични средства не ќе можат да ја придобијат нејзината наклоност, ги повикале нејзините родители и трите сестри за да и влијаат да го прими мухамеданството. Во спротивно се заканувале, дека и тие ќе бидат жестоко мачени. Поразени и исплашени, родителите и сестрите ја убедувале Злата да го прими мухамеданството.

Може секој да си ја престави тешката и мачна положба во која се наоѓала маченичката Злата. Од една страна љубовта кон родителите и сестрите, а од друга страна долгот како христијанка кон својата вера. Солзите на нејзините родители и го кинеле срцето. На крајот храбро се издигнала над солзите на своите родители и сестри и & м рекла:"Ако веќе вие ме присилувате да се откажам од Господа Христа вистинскиот Бог, не сте ми веќе мои родители ниту мои сестри. Мојот таткот ми останува само Господ Исус Христос и мајка Пресвета Богородица, а браќа и сестри светителите и светителките маченици и маченички".

Откако Турците увиделе дека сите нивни лукавства и средства што ги употребувале не помогнале ништо, поминале на мачење. Во почетокот ја фрлиле во темен затвор, кај што останала три месеци. Секој ден ја тепале со стапови се додека нејзината крв не ја натопила земјата. Потоа од грбот и исекле парчиња кожа и ги закачиле пред нејзините очи. Од нејзиното тело течело толку крв, што целата земја под неа се натопила. Но нејзните мачители ни со тоа не се задоволиле. Тие и ставале железна прачка и со неа ја прободеле главата низ ушите, така што чад и излегувал низ устата.
Овие страшни маки светата маченичка Злата ги поднесувала многу храбро, а тоа доаѓало од силната љубов спрема својата вера во Господа Исуса Христа. Крвожедните мухамеданци најпосле ја обесиле маченичката на едно дрво и телото и го исекле на ситни парчиња. Така Св.Злата, исчистена низ огинот на страдањето ја предала својата чиста душа на Господа, којшто го облила со силна љубов како смртта, се вели во житието.

Големата маченичка Св.Злата од селото Слатина, Мегленско, настрадала во октомври 1795 година, а како ден на нејзината смрт се слави 13 октомври по стариот календар, а според новиот 26 октомври. Култот на Св.Злата како голема маченичка, најпрвин е пренесен во Света Гора, преку игуменот на Светогорскиот манастир Свети Никита, отецот Тимотеј, според чие сведочење е напишано нејзиното житие.
Храм посветен на Света Злата Мегленска во најново време(1986г) се гради во село Сарај, Скопско. Убавата претстава на Света Злата во најново време е насликана од Никола Цонев во манстирот "Свети Наум Охридски" на Попова Шапка. Сликарката Јулијана Апостоловска има насликано уметничка икона што сега се чува во трпезаријата на Лешочкиот манастир.

Заеднички да и се помолиме:"Света великомаченице Злато биди ни закрилница на целиот православен народ кој живее тука и моли Го Севишниот Бог, да не му допушти на ѓаволот да ни возложува слични маки и искушенија кои Ги претрпе заради нас грешните луѓе". АМИН!

[/QUOTE> .
.
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:53


Света Преподобна Мајка Петка-Параскева Трновска


Света Петка-Параскева Трновска     Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград,на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок.

Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил а подоцна станал епископ
Мадитски.Нејзиниот живот бил исполнет со молитви и работа,по смрта на нејзините родители поради Христа заминала на поклонение во Цариград,потоа престојува во Халкедонскиот манастир а од таму заминува во Ираклија каде што пет години престојува во Богородичната црква.

Од Ираклија заминува во Светата земја и таму останува до својата длабока старост живејќи во подвизи,пост и молитви.Две години пред нејзината смрт и се јавил ангел кој што и рекол дека треба да се врати во својот роден град,каде што на земјата ќе и го предаде телото а душата на Господа.По нејзиното враќање во родниод град Епифат веќе никој неможел да ја препознае бидејќи немала роднини а и неколку децении била отсатна од градот.

Крајот на својот живот го минала со работа,пост и молитви без да дознаат нејзините сограѓани која е.Бидејќи нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка по нејзината смрт ја погребале надвор од христијанските гробишта.После многу години од нејзината смрт во градот требало да се погреба давеник,бидејќи тој бил туѓинец решиле да го погребаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била погребана светицата.

Кога го отвориле нејзиниот гроб забележале дека нејзиното тело не е распаднато ама на тоа не обрнале внимание,го положиле удавениот морнар врз неа и го го затвориле гробот.Ноќта на еден од работниците кој што учествувал на погребот по име Георгије на сон му се јавила светицата облеана со светлина,седната на царски трон и опкружена со војници.

Еден од војниците му се доближил,го фатил за рака и му рекол дека многу згрешиле тоа што го сториле претходниот ден.Потоа станала Преподобната Мајка му кажала која е и со зборовите дека неможе повеќе да ја трпи смрдеата на телото на удавениот морнар,му наредила да ги извадат нејзините мошти и да ги положат на некое чесно место.

Утредента Георгије им го раскажал сонот на неговите роднини и сите заедно веднаш се упатиле кон гробиштата.Кога пристигнале таму виделе насобрано многу луѓе,истиот сон го сонувала и една жена по име Јефтимија.Насобраната маса решила да ги откопа моштите на светицата и да ги погреба во Епифат во црквата св.Петар и Павле.Веднаш по овој настан почале да се случуваат разни чудесија и исцелувања.

Два века по смрта на Света Петка со Цариград владееле крстоносците,па во 1238-та година бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново.По Косовската битка и Трново паѓа во рацете на Османлиите и моштите на Света Петка се пренесени во Романија.

Потоа во 1396-та година и Романија паѓа во Османлиски раце тогаш српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ги пренесе светите мошти во Србија.Султанот се согласил со тоа и моштите на светицата биле пренесени во Белград на месноста Калемегдан.Кога во 1521-та година султанот Сулејман втори го завзел Белград,ги запленил светите мошти на Света Петка и ги однел во Цариград.Таму почнале да се слушуваат чудесни работи па и покрај христијаните светицата ја славеле и муслиманите.

Во 1641-та година војводата Василије Лупал господар на Молдавија, успеал да ги добие моштите на светицата и нив ги пренел во светиот град Јаш,во црквата "св.Три Ерарси".Во 1884-та година нераспаднатите свети мошти на Света Петка се пренесени и изложени во Соборната црква на градот Јаш каде што се наоѓаат и денес.Споменот на "Света Преподобна Петка - Параскева Трновска " се празнува секоја година на 14-ти октомври по стар стил,или на 27-ми октомври по нов стил.

Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка(македонски) односно Параскева(грчки),поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност.

-Првата св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка Римјанка.Нејзиниот спомен се празнува на 26-ти јули по стар стил,или 8-ми август по нов стил.Таа загинала со маченичка смрт,исечена е за време на царот Антонио Пиј,па затоа правилно се нарекува "Света маченица Петка-Параскева Римјанка".

-Втората св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка од Иконија.Таа исто како и првата маченички загинала за време на царот Диоклецијан.Нејзиниот спомен се празнува на 28-ми октомври по стар стил,или 10-ти ноември по нов стил.Нејзиното целосно име гласи вака "Света маченица Петка-Параскева Иконијска".

Овие две светици се маченици додека "Света Петка-Трновска" е преподобна.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:56



Свети Наум Охридски - Чудотворец



Свети Наум Охридски     Еден од првите ученици на словенските првоучители светите браќа Кирил и Методиј, брат и сотрудник на Свети Климент Охридски, бил Свети Наум Охридски. Тој припаѓа на оној период од историјата на христијанската црква во Македонија, каде одиграл важна улога во ширењето на Православната вера меѓу словенските народи на Балканот на мајчин словенски јазик.

За животот на Свети Наум имаме многу малку податоци и тие се извадок од неговото житие. Во родителскиот дом бил воспитуван од побожни и благородни родители. Имајќи наклоност кон монашкиот живот се одрекол од наследството на родителите, не сакал богатство и земна слава и се замонашил.

Според житието, Свети Наум бил најмладиот
меѓу учениците на Свети Кирил и Методиј и еден од познатите Петочисленици, а тие се: Свети Климент, Горазд, Сава и Ангелариј, кои биле најревносни соработници на светите браќа.

Свети Наум заедно со Свети Климент го проповедале Светото Евангелие, ги просветиле словенските народи со благата Евангелска наука. Поминале низ многу места во Девол, Панонија, се до Илирик. Потоа дошле на брегот на Охридското Езеро. Додека Свети Климент бил Епископ во Охрид, Свети Наум основал манастир на јужниот брег на езерото. Со време во манастирот настанало големо братство на монаси, на кој Свети Наум им бил мудар духовен учител и раководител. Тој посебно се трудел околу преведувањето на Светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на словенски јазик.

Како учител и свештенослужител во овој крај останува до смртта. Починал во првата половина на десетиот век откако доживеал длабока старост.
Неговото свето тело и денес лежи во манастирот кој го носи неговото име. А воедно во негова чест е изграден и овој свет храм на нашиот шарпланински покрив.

Наскоро по неговата смрт, како израз на сенародното почитување пред големите дела на овој сесловенски подвижник е прогласен и канонизиран за светител. Допирајќи се до неговите мошти, многу луѓе се исцелиле од разни телесни и душевни болести.

Во неговото житие се вели дека чудата на Свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото. Бројни чуда се јавувале за време на неговиот земен живот, а посебно по неговата смрт преку неговиот дух, гробот и изворот од под карпите. За помош доаѓаат луѓе од сите краишта и од сите вери и народности.

Бројни се примерите како се зачнал плод кај неродилки, како дете по две-три години заодело или прозборувало, одакако неговите родители биле да му се помолат на Свети Наум.

Сето она што го направил за нас Свети Наум како Црква и народ, наречен е златен период на македонската просвета и црковна национална историја.

Секогаш кога сме биле со Свети Наум и Свети Климента и Бог бил со нас. Секогаш кога сме ја оставиле верата што Свети Наум ја утврдил на овие наши простори сме се обезличувале како народ.

Но да им благодариме што тие не не заборавија, што ја задржаа верата меѓу нашиот народ, што мноштвото поклоници и почитувачи на нивните гробови и светите мошти никогаш не се прекина. Големо е нивното дело, зашто е градено на тврди основи и издигнато до небесата.
Да му благодариме на Бога што и тогаш, кога немавме за себе, не дозволивме да згаснат кандилата пред нив и да престанат молитвите кон нив.

Затоа и сега, во овие тешки времиња, Свети Науме засили ни ја верата, надежта и љубовта, за да можеме да бидеме поединствени и во духовното и во националното наше живеење и помогни ни да се покажеме како подостојни последователи на твоето свето дело. Зачувај не во мир, варди не од меѓусебните недоразбирања, испрати го твојот свет благослов и мир и благослови ја нашава земја и нашиот народ.

Благослови не да го следиме твојот пат, свети оче Науме, зошто со тебе сме на патот на вистината, на патот што води кон благословен живот на земјата и вечен на небесата, сега секогаш и во вечни векови.
АМИН!

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 00:01


Свети Климент Охридски - Чудотворец



Свети Климент Охридски     Браќа и сестри, свети Климент Охридски, патронот на нашата МПЦ, од година во година, се повеќе се празнува не само во Македонија, туку и вон границите од нашата република во странство и насекаде во светото каде што има македонци и македонки.

Свети Климент е голема и надарена личност, кој како духовен учител и рамноапостол заедно со светите браќа Кирил и Методиј најповеќе придонесоа за уцврствувањето и ширењето на христијанската вера, за создавањето на христијанската книжевност и просвета, не само за македонскиот народ, туку и сите словенски народи и од тука тој е светител од универзалено значение.

Свети Климент е роден околу 840 година, но од неговото житие неможе да се утврди и дознае во кое место е роден.
Се знае дека бил ученик на свети Методиј, а со светите браќа ја проповедал христијанската вера во Моравија и Панонија.

Човек со водредна висока интилегенција и надареност, свети Климент по доаѓањето во Македонија, во временски период од 30 години, развил една целосна и самопрегорна деност пред крајот на 9 век и почетокот на 10 век, заложувајќи се да го израмни културното ниво на Македонските словени со нивото на средновековна Византија. Продолжувајќи ја својата дејност во Македонија, свети Климент заедно со свети Наум, го вовел народниот јазик во црквите, ги дал основите на нашата литература, па и музичка култура.

Свети Климент ја основал својата богословска школа кога ги полагал основите на нашата црква.-Оваа школа се развила во вистински духовен расадник и дава преку 3500 самопрегорни и сестрано подготвени работници на Божјата и народната нива.

Освен раководењето со школот свети Климент работел и на преведувањето на богослужбените и другите текстови од грчки јазик и пишувал оригинални книги. Покрај работата на преведувањето на богослужбените книги, свети Климент се бавел и со усовршувањето на створената словенска азбука од светите браќа Кирил и Методиј. Тој е автор на кирилицата-свети Климент измислил и други форми на букви од оние што ги пронашол свети Кирил.

За прва и најголема должност свети Климент ја сфатил потребата да ја објасни верата со достапни слова-букви, напишани на народен јазик и убава уметничка форма. Тој ги поставил темелите на нашата македонско-словенска црква со свештенството што потекнувало од средината на нашиот народ. Тој е најголем син на македонскиот народ. Тој не извел од темнината на незнабожтвото и не вовел во светлината на христијанската вера и љубов, култура и цивилизација.

Свети Климент не е само на нашата црква, туку него го празнуваат и како патрон на нашата Богословија во Скопје и на други културни и просветни институции во нашата земја. Нашата Богословија Свети Климент Охридски во Скопје е продолжение на школото на свети Климент во Охрид. Тоа стана расадник од кое има излезено многубројни генерации на свештеници и теолози кои работат со духот и методите на свети Климент. Тоа развива активност што ја имаа свети Климент во свое време и по неговите последователи.

Од основањето на богословијата и факултетот кои успешно работат и спремаат високи кадри за свештеници и врвни теолози за нашата МПЦ овде и во светот, благодарни се му на Господа Исуса Христа кој ни подарил такви луѓе светители за просветивање на нашиот македонски народ.
Наша должност е сесрдно да ја помагаме и дадеме свој доприне за успешно работење на овие духовни македонски црковни расадници, за доброто на нашата МПЦ и нашиот македонски народ во земјава и пошироко во целиот свет.
Свети Климент нека биде секогаш застапник пред престолот на Севишниот и да ни помага и не води по патот на доброто и вистината.
АМИН!

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 00:11


Свети Атанасие Велики


Свети Атанасие Велики Архиепископ Александриски е еден од најголемите Оци на Црквата Христова,"столб на Црквата" и татко на Православието, како го нарекувало целокупното христијанско предание, поради неговите натчовечки борби и подвизи на зачувување на Православната вера против ариевата ерес.

Неговите заслуги за вистинската вера-православието така се големи и значајни што со него веројатно неможе да се спореди ниеден друг Отец на Црквата. Тие негови заслуги се покажуваат на сите полиња на животот: црковно, богословско, духовно, подвижничко, морално и т н.

Свети Атанасие е роден во Александрија 295 година од побожни родители. Своето општо образование го здобил во истиот град, кој бил еден од најголемите културни центри на тогашниот свет. За ова нешто сведочи
Св. Григорие Богослов: Уште како малечеок бил воспитуван во божествените добродетели и поуки минувајќи низ општото енциклопедиско филозофско образување.

Но, понатака, целиот се посветил на изучувањето на божествената наука на Светото Писмо.Ги изучил сите книги на Стариот и Новиот Завет подобро од кој било друг. Тој се збогатил со просветелен живот. Ова нешто најдобро го покажуваат неговите дела кои се напојуваат од живата и богооткриена вистина содржана во неа.

Втор важен момент од неговото христијанско образование, треба да се смета неговиот престој во пустината кај тиваидските монаси и посебно кај големиот ава Антониј Велики, родоначелник на православното монаштво. Враќајќи се од пустината во Александрија, Св.Атанасие бил воведен во редот на клириците и бил близок соработник на Александрискиот Архиепископ Александар.

Истиот Архиепископ го ракоположил во чин ѓакон и како таков му постанал секретар. Во тоа својство тој учествува на Александрискиот собор во 319 година, на кој собор бил осуден Арие. Во тоа време во Александрија верските расправии и еретичките учења ја потресле Црквата. Особено Ариевото лажно учење кое внесувало збрка меѓу свештенството и народот. Да би се прекратиле верските расправии, одржан е Првиот Вселенски Собор во Никеја во 325 година, кој го осудил Ариевото учење и во символот на верата е утврдено вистинското и црковното верување.

Првиот Вселенски Собор ја осудил Ариевата ерес поради неговото порекнување и отфрлување на традиционалната црковна вера во Божеството на Синот Божји, Второто лице на Светата Троица. Една од најголемите интелектуални фигури на тој собор бил младиот учен архиѓакон Атанасиј, кој со доказите од Светото Писмо и сугестивните зборови, ги соборил сите лажни учења. Неговите усмени и писмени творби се најдобра апологија(одбрана) на христијанското учење.

После смртта на Александар, на патриаршискиот престол бил избран Св.Атанасиј за Архиепископ Александриски. Во овој чин архиепископски останал преку 40 години. Речиси целиот живот бил гонет од еретиците.

Неговите противници, чиј број бил голем и меѓу самите епископи, започнале со огорчена борба. Се што може човечката злоба да измисли е направено против Св.Атанасие. Од царевите најмногу го гонеле: Констанциј, Јулијан и Валент, од епископите Евсевиј Никомидиски со уште многу други, а од еретиците Арие и неговите следбеници. Бил принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, по приватни куќи и пустини. Во две прилики морал да бега во Рим.

Последните денови на својот живот ги поминал во мир како патриарх во Александрија. Овој голем светител, непомирлив борец за вистината, бил гранитен столб на црквата. Малку кој од светителите биле така безобзирно клеветени и толку страшно гонети како Св.Атанасие. Но неговата голема душа, се трпливо поднесувала поради љубовта Христова и на крај излегла победничка од целата таа страшна и долготрајна борба. Неговата победа била и победа на Светото Евангелие.

Свети Атанасие го предал својот дух на Господа 373 година на 18 јануари.

Од многу одамна посведочена е вистината дека, само оној човек, кој мисли дека на оваа земја е само привремен граѓанин и патник, должност му е да се уподоби на Бога, се додека е уште овде на земјава, да се спрема за небесното царство. Но, за да се постигне ова, потребна е голема борба за добивање христијански добродетели. Само таквиот христијанин смета дека овој свет е привремен, а тоа е средство преку кое може да се дојде до Небесното царство.

Вака мислел и работел и Св.Атанасие. Таквиот негов живот го прославил и на небото и на земјата, бидејќи неговата голема душа се трпеливо поднесувала поради љубовта Христова, така што на крајот излегла победоносна од целата таа страшна и долготрајна борба.

Исто така и ние треба да се угледаме на жртвувањето и истрајноста на Св.Атанасие. Нас нема кој да не мачи како Св.Атанасие освен нашите страсти и гревови, кои треба да ги совладаме и победиме. Само тогаш достојно и од полза ќе го славиме неговиот спомен.
АМИН!


Изменето од Sunny - 26.Октомври.2008 во 12:54
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:22
Преподобен Силуан Атонски



Преподобен Силуан Атонски (крштелно име — Симеон) се родил во 1866 г., во селото Шовско на Шовската област, во Лебединскиот срез на Тамбовската губернија, во благочестивото семејство на земјоделецот Јован Антонов.

Неговите родители биле луѓе трудољубиви, кротки и по природа мудри, иако неписмени. Големото и сложно семејство — подоцна се присетувал старецот — живеело сиромашно. Сепак, оние што барале помош, никогаш не биле одбивани — со нив се делело и последното. Со особена радост во семејството примале гости. Таткото разговарал со нив за Бога и за христијанскиот живот, а тие разговори оставале силен впечаток на приемчивата душа на момчето.

Симеон од детството се трудел заедно со постарите, колку што можел му помагал на таткото во полето и на браќата во градежните работи на имотот. Веројатно заради тоа, тој бил принуден да ја остави селската школа, учејќи во неа само „две зими.” Но, преподобниот секогаш имал желба за знаење.

Животот на набожното семејство Антонови бил нераздвојно поврзан со храмот. Посетувањето на храмот од младоста, му влеало на Симеон чувство на благоговение пред Божјиот збор, го воспитувало во духот на христијанското смирение и во другите добродетели. Во храмот тој ја совладал црковната писменост, учел да се моли сосредоточено, внимавал на читањето на „Житијата на светите.” По неколку години момчето, засакувајќи го Господа од сета душа, јасно посакал да отиде во манастир и да прими монашки постриг. Негвата желба, сепак, таткото не ја поддржал. Тој настојувал синот прво да оди на воена служба и дури потоа да реши што сака да биде.

Потчинувајќи се на татковиот збор, Симеон се вратил во секојдневниот живот. Тогаш имал деветнаесет години. Набргу ја оставил благочестивата намера и тој, слично како и многуте млади, потпаднал пред соблазните на светот. Млад, убав, силен, а во тоа време веќе перспективен, тој се насладувал на животот и во метежната суета на светот почнал да го заборава Божјиот повик за монашко служење.

Но, Господ го зачувал од потонувањето во гревовните длабочини, повторно повикувајќи го да замине од светската суета и да стапи на патот на монаштвото. Еднаш, кога се вратил дома од шетање, тој задремал и во чуден сон, гледајќи се себе од страна, видел како во него влегува „смрдлива змија.” Тој почувствувал згрозеност и се разбудил, но во моментот на пробудување слушнал зборови кои ги кажала самата Пресвета Богородица: „Ти проголта змија на сон и ти се гади; така и Мене ми е непријатно да го гледам тоа што го правиш.” Осознавајќи ги своите гревови, момчето огнено се покајало за нив пред Господа и ѝ заблагодарило на Божјата Мајка за добрината што ја покажала кон него. Нему повторно му се вратила желбата да го посвети својот живот на Бога.

Воената служба Симеон ја отслужил во Санкт-Петербург. Тој бил исполнителен војник, со примерно поведение, верен во односите со пријателите во службата, заради што бил омилен меѓу пријателите. Во армијата со особена сила се пројавил дарот на неговиот мудар совет, од кој многумина што го прифатиле, нашле душевен спокој и среќа. Заминувајќи на војска со жива вера и длабоко покајно чувство, Симеон никогаш не заборавал за Бога. Во тоа време се определило и местото на неговите идни монашки подвизи — Света Гора Атон. При крајот на воената служба Симеон ги испросил молитвите и благословот од свети праведен Јован Кронштадтски. По завршувањето на воената слжба, Симеон дома поминал само една седмица. Собрал подароци за манастирот и неопходни нешта за на пат, се простил со сите и тргнал кон Атон.

Есента 1892 г. преподобниот стигнал на Света Гора и бил примен како послушник во Рускиот Пантелеимонов манастир, во времето на процветот на тоа братство.

Животот на старецот во манастирот бил вообичаен, достапен и надворешно со ништо незабележителен. Прво негово послушание му била тешката работа на мелницата, потоа грижливата задача како економ, надгледувањето на работилниците, магацинот со храна, и во староста со — трговскиот оддел.

Кога го поминал патот на почетните монашки испитувања, тој во 1896 г. бил пострижен во мантија со име Силуан, а во 1911 г. — во схима со замена на претходното име.

Свои ученици преподобниот немал и не бил под послушание на некој определен старец. Самиот тој, како повеќето монаси, се воспитувал во општата монашка атмосфера на Атонската духовна традиција, минувајќи ги деновите, како што тоа го барал многувековниот склад на манастирскиот живот, во постојаната Исусова молитва, на долгите богослужби во во храмот, во пости и бденија, со честа исповед и причестување со Светите Христови Тајни, во читање духовни книги и труд.

Во постојана борба минува 15 години. Еднаш, кога без оглед на сите трудови, не успевал да се моли чисто, монахот Силуан го зафатила болна тага: толку години краен напор, а возљубениот Господ сѐ уште се крие! Отец Силуан рекол во своето срце: „Господи <…> што треба да правам, за да Ти се молам со чист ум? <…> за да се смири мојата душа?.” И добил одговор од Бога во срцето: Држи го твојот ум во адот, и не очајувај.

Откровението од Господа на преподобниот Силуан, во кратка фраза го содржи вековното искуство на христијанското подвижништво. Осудувајќи се себеси на ад, признавајќи се достоен за казна, но не губејќи надеж на Милостивиот Господ, полагајќи ја само на Него Едниот сета своја сила и надевање, подвижникот наоѓа способност да се спротивстави на своите страсти и на нападите од надвор. Во тие зборови се состои патот на спасението за секој христијанин.

Од првиот до последниот ден, преподобниот бил пример на совршено послушание.

За 46 години поминати во манастир со општожителен типик/устав, подвижникот никогаш не се стремел кон заминување во затвореништво или кон оддалечување во пустина, сметајќи дека тоа се само помошни средства, а не цел на христијанскиот живот. Истовремено, нему му биле туѓи световните интереси. Постојано наоѓајќи се меѓу луѓе, старецот го пазел својот ум и своето срце од странични помисли, ги очистувал од страстите за молитвено стоење пред Бога, потврдувајќи дека тоа е најкраткиот пат кон спасението.

Целиот негов живот бил срдечна молитва „до многу солзи”, исклучително висок подвиг на љубов кон Господа. „Светот се одржува со молитвата — тврдел преподобниот — а, кога ќе ослабне молитвата, тогаш светот ќе пропадне.” Во таа молитвена устременост тој достигнал таква внатрешна состојба, во која го провидувал она што се случува и ја предвидувал иднината на човекот, откривајќи ги длабоките тајни на неговата душа и повикувајќи ги сите да стапат на патот на спасителното покајание. Постојаната молитва не го оставала подвижникот до последниот час на неговото земно странствување.

На 11/24 септември 1938 г., старецот схимонах Силуан мирно се упокоил. Тој со својот подвижнички живот јавил пример на кротост, смирение и љубов кон ближните.

По 50 години, во 1998 г., Светиот Синод на Константинополската Патријаршија го вроил блажениот старец во соборот на светите. Со благослов на Светиот Патријарх Московски и на цела Русија Алексиј II, името на преподобен Силуана Атонски било внесено во месецословот на Руската Православна Црква под 11 септември.

Сепак, уште одамна пред официјалната канонизација, многумина поклоници со вера во во неговото молитвено стоење пред Господа, пристапувале да се поклонат на честната глава на преподобниот, која се чувала во Покровскиот храм на светогорскиот Пантелеимонов манастир.

Ги лекуваат душите на верните и записите од подвижникот за суштината на христијанскиот живот и монашкото делување, кои се преведени на многу јазици и станале многу познати заради длабоката духовност и мудрост на зборовите.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 15:49



Света Великомаченица Варвара



За време на имераторот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките.

Гледајќи во природната убавина почнала да размислува: чија рака ја создала таа убавина? И добивала одговор, да никој не го сторил тоа освен вистинскиот Бог, кој ја создал небесата и основал земјата. На таков начин размислувајќи девојката се издигнала со мислата и со срцето кон Создадетелот на се. Сакала да дознае за Бога, но немала учител.

Но Господ по своја благодат и внушил стремеж и ја готвел да ја сознае вистината.

Изминале години, девојката пораснала и татко и нејзин веќе мислел да ја омажи. Се јавувале многу кандидати, бидејќи сите ја знаеле нејзината убавина и богатството на нејзиниот татко. Тој и ја открил на ќерка си својата желба, но таа не помислувала на никаков брак.

По извесно време откако излегла од кулата се запознала со многу луѓе и дошла во допир со некои Христијанки. Од нив слушнала за Господа и за неговата света наука, како Единородниот Син Божји Исус Христос станал човек и претрпел страдања и смрт за да ги спаси луѓето од вечната смрт.

Срцето на девојката кое одамна чезнеело за вистината со неописива радост ја примила благата вест за спасението и се исполнила со вера и пламена љубов кон Бога. Таа веќе мислела и сакала да стане Христијанка. Наскоро таа желба и била исполнета. Во Илиопол дошол од Александрија еден свештеник. Кога дознал за желбата на Света Варвара и го објаснил Христијанскиот Закон и ја подготвил да го прими Светото Крштение и подоцна ја крстил.

Света Варвара усрдно се грижела да стане достојна на името Христијанка. Го минувала времето постојано во молитва и размислување за Бога. Кога нејзиниот татко разбрал дека постанала Христијанка многу се разгневил, бидејќи бил огорчен противник на Христијанството. Поради тоа почнал жестоко да ја мачи ќерка си, но кога видел дека казните се бесплодни ја одвел кај управителот на земјата по име Мартијан.

Тој се надевал дека ќе ја разубеди со благи зборови. Почнал да ја фали нејзината убавина и ја советувал да не се откажува од татковската вера, но Света Варвара и пред управителот храбро го исповедала и прославила името на Господа Христа со зборовите: "Слава на Бога и спремна сум да станам жртва на Неговото Име, бидејќи Тој е единствениот вистински Бог, а вашите богови се лажливи и суетно е надевањето во нив". Тогаш Мартијан сознал дека советите се бесполезни и заповедал да ја мачат девојката.

Изнемоштена од болките Света Варвара со солзи се молела на Бога да не се поколеба нејзината цврста вера, но да ја поткрепи со Својата помош и сила. Молитвата наскоро и била услишена. Ноќта во затворот била осветлена со прекрасна светлина, чувствувајќи го присуството на Бога го видела самиот Цар на славата Господа Исуса Христа и се исполнила со неизмерна радост и утеха.

По видението болките и престанале а раните се исцелиле и маченичката ја поминала целата ноќ во пламена молитва кон Бога, кој и дарувал небесна утеха за време на големото страдање.

Во денот кога за прв пат почнале да ја мачат Света Варвара во народот присуствувала една Христијанка по име Јулијана. Таа со скрушеност на срцето ги гледала страдањата на Светата маченица и со солзи се молела на Бога да и дарува и на неа таква вера и храброст да пострада за Господа Христа. Таа јавно започнала да го слави вистинскиот Бог и да го укорува управителот за неговата жестокост. Веднаш ја фатиле и ја довеле кај управникот. Таа изјавила дека е Христијанка по што веднаш ја предале на мачење заедно со Света Варвара.

Светата Маченица не престанала да се моли: "Боже, кој ги испитуваш срцата на луѓето, не ме оставај но погледни милостиво на мене и на Јулијана. Укрепи не до крај да го извршиме нашиот подвиг, бидејќи Духот е силен но телото е слабо".

Бог ја исполнил нејзината молитва и двете Маченички со трпение ги поднеле најстрашните мачења. На крај Мартијан кога видел дека ни најтешките мачења не помагаат да се одречат од Христа ги осудил и двете на смрт.

Смртната пресуда требало да се изврши надвор од градот. Самиот Диоскор држејќи во раката меч ја водел ќерка си, а војниците Јулијана. И двете маченички со радост ги приклониле главите под мечот. Самиот Диоскор ја извршил смртната пресуда над ќерка си. Телата на Светите маченички биле земени и погребани од еден Христијанин кој изградил над нив Храм. Тука верниците наоѓале исцеление од разни болести.

Денес моштите на Света Великомаченица Варвара почиваат во Киев. Господе Исусе Христе по молитвите на светата маченица Варвара помилувај не и спаси не.
АМИН!


Изменето од Sunny - 25.Октомври.2008 во 15:50
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 11:52
Originally posted by spiros spiros напиша:

[QUOTE=Sunny]


Света Великомаченица Злата Мегленска


Од времето на иноверното турско владеење во Македонија позната е единствената светителка-маченичка, Света Злата Мегленска. За животот и маченичката смрт на Св.Злата дознаваме од нејзиното житие. Тоа е напишано од очевидецот на нејзиното мачеништво, Никодим Светогорец, во 1779 година на грчки јазик.

Според житието, Св.Злата Мегленска е родена и настрадала во село Слатино, Мегленско, во Егејскиот дел на Македонија. Таа е ќерка на сиромашни селски родители, коишто имале уште три ќерки. Света Злата зрачела како со духовни, така и со телесни високи квалитети. Духовните квалитети и биле силната вера во Господ Исус Христос, нејзината смиреност и чистото срце, а надворешно била необично убава. Таа нејзина убавина дала повод нејзиниот живот да се украси со страдање на голема маченичка.
Нејзината ретка убавина го привлека вниманието на еден Турчин од нејзиното место, така што тој решил да најде време и по секоја цена да посегне по честа на убавата Злата и да ги задоволи своите телесни страсти. Еден ден кога Злата заедно со други жени отишла да собира дрва во блиската шума, тој организирал силеџиски грабеж на Злата. Ја зел со себе насилно и ја однел дома кај него. Најпрвин, тој ја убедувал да ја промени својата вера и да премине во мухамеданство, ветувајќи и разни удобности, па дури и ветил дека ќе се ожени со неа. Во спротивно и се заканил дека ќе ја стави на страшни маки.

Од дрскоста на Турчинот, Злата била поразена, но неговите ветувања и предлози храбро и одлучно ги одбила. Откако го повикала на помош името на Господ Исус Христос, таа на Турчинот храбро му одговорила:"Јас верувам и се поклонувам само на Господа Исуса Христа, и од Него нема да се откажам, па макар и да ме сечете на ситни парчиња, а освен тоа сум се зарекла на девствена чесност којашто неможе ништо да ја измени".

Откако ги слушнале овие одлучни искажувања на Злата, Турците сфатиле дека обични средства не ќе можат да ја придобијат нејзината наклоност, ги повикале нејзините родители и трите сестри за да и влијаат да го прими мухамеданството. Во спротивно се заканувале, дека и тие ќе бидат жестоко мачени. Поразени и исплашени, родителите и сестрите ја убедувале Злата да го прими мухамеданството.

Може секој да си ја престави тешката и мачна положба во која се наоѓала маченичката Злата. Од една страна љубовта кон родителите и сестрите, а од друга страна долгот како христијанка кон својата вера. Солзите на нејзините родители и го кинеле срцето. На крајот храбро се издигнала над солзите на своите родители и сестри и & м рекла:"Ако веќе вие ме присилувате да се откажам од Господа Христа вистинскиот Бог, не сте ми веќе мои родители ниту мои сестри. Мојот таткот ми останува само Господ Исус Христос и мајка Пресвета Богородица, а браќа и сестри светителите и светителките маченици и маченички".

Откако Турците увиделе дека сите нивни лукавства и средства што ги употребувале не помогнале ништо, поминале на мачење. Во почетокот ја фрлиле во темен затвор, кај што останала три месеци. Секој ден ја тепале со стапови се додека нејзината крв не ја натопила земјата. Потоа од грбот и исекле парчиња кожа и ги закачиле пред нејзините очи. Од нејзиното тело течело толку крв, што целата земја под неа се натопила. Но нејзните мачители ни со тоа не се задоволиле. Тие и ставале железна прачка и со неа ја прободеле главата низ ушите, така што чад и излегувал низ устата.
Овие страшни маки светата маченичка Злата ги поднесувала многу храбро, а тоа доаѓало од силната љубов спрема својата вера во Господа Исуса Христа. Крвожедните мухамеданци најпосле ја обесиле маченичката на едно дрво и телото и го исекле на ситни парчиња. Така Св.Злата, исчистена низ огинот на страдањето ја предала својата чиста душа на Господа, којшто го облила со силна љубов како смртта, се вели во житието.

Големата маченичка Св.Злата од селото Слатина, Мегленско, настрадала во октомври 1795 година, а како ден на нејзината смрт се слави 13 октомври по стариот календар, а според новиот 26 октомври. Култот на Св.Злата како голема маченичка, најпрвин е пренесен во Света Гора, преку игуменот на Светогорскиот манастир Свети Никита, отецот Тимотеј, според чие сведочење е напишано нејзиното житие.
Храм посветен на Света Злата Мегленска во најново време(1986г) се гради во село Сарај, Скопско. Убавата претстава на Света Злата во најново време е насликана од Никола Цонев во манстирот "Свети Наум Охридски" на Попова Шапка. Сликарката Јулијана Апостоловска има насликано уметничка икона што сега се чува во трпезаријата на Лешочкиот манастир.

Заеднички да и се помолиме:"Света великомаченице Злато биди ни закрилница на целиот православен народ кој живее тука и моли Го Севишниот Бог, да не му допушти на ѓаволот да ни возложува слични маки и искушенија кои Ги претрпе заради нас грешните луѓе". АМИН!

[/QUOTE> .
.


Денеска се празнува споменот на св.Злата Мегленска, па би сакала на сите кои го носат нејзиното име, Злата или Златко, да им честитам именден. За многу години нека е!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 11:57


Na mnogaja leta!
Bog neka im daruva mir zdravje spasenie, prosvetlenie na umot na site sto go nosat imeto.



Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 12:02
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Света Великомаченица Злата Мегленска
 

Тие и ставале железна прачка и со неа ја прободеле главата низ ушите, така што чад и излегувал низ устата. Овие страшни маки светата маченичка Злата ги поднесувала многу храбро, а тоа доаѓало од силната љубов спрема својата вера во Господа Исуса Христа. Крвожедните мухамеданци најпосле ја обесиле маченичката на едно дрво и телото и го исекле на ситни парчиња.

 

Интересно житие. Но ајде, за момент да се ослободиме од предрасудите дека ова е Боговдахновено дело и да го анализираме малку разумски. Што мислите, како е можно на покојна Злата да и ја прободеле главата со железна прачка НИЗ УШИТЕ, а притоа таа да не умрела??!!

Погледнете што вели текстот во продолжение "така што чад и излегувал низ устата" Од каде овој чад? збунетост

Дури и да претпоставиме дека железната прачка била усвитена и го спржила мозокот на покојна Злата и поради тоа излегувал чад низ устата, сепак останува проблемот како таа "храбро ги поднесувала овие маки" без да умре во моментот кога и ја прободеле главата со (претпоставувам) усвитена шипка низ ушите?

Но дури и да е мојата претпоставка погрешна, еве нека претпоставиме дека железната прачка била ладна, но сепак таа железна прачка минувала низ главата на покојната Злата т.е. низ нејзините уши, додека таа сеуште била жива.

Дали можете да си го претставите тоа визуелно?

Има ли некој поинакво објаснување за ова?


Кај ти е верата братко?

Ај сега и ти со твојот разум одговори ми како може некој да се излечи од сенката на св.ап.Петар?

А дали си слушнал за благодата, силата на благодатта и продуховено тело, кое им се дава на оние кои го достигниваат третиот степен од духовниот живот, односно обожените од благодатта Божја?

Господ рекол дека со оние кои веруваат во него ќе се случуваат и поголеми чуда и дека она што за човека е невозможно, за Бога е се можно.


Патем честит именден на сите кои го носат името на оваа наша голема светителка кој треба да ни биде пример во верата и христијанскиот живот.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 14:00
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Sunny Sunny напиша:


Света Великомаченица Злата Мегленска
 
Тие и ставале железна прачка и со неа ја прободеле главата низ ушите, така што чад и излегувал низ устата.
Овие страшни маки светата маченичка Злата ги поднесувала многу храбро, а тоа доаѓало од силната љубов спрема својата вера во Господа Исуса Христа. Крвожедните мухамеданци најпосле ја обесиле маченичката на едно дрво и телото и го исекле на ситни парчиња.
 
Интересно житие. Но ајде, за момент да се ослободиме од предрасудите дека ова е Боговдахновено дело и да го анализираме малку разумски. Што мислите, како е можно на покојна Злата да и ја прободеле главата со железна прачка НИЗ УШИТЕ, а притоа таа да не умрела??!!
Погледнете што вели текстот во продолжение "така што чад и излегувал низ устата" Од каде овој чад? збунетост
Дури и да претпоставиме дека железната прачка била усвитена и го спржила мозокот на покојна Злата и поради тоа излегувал чад низ устата, сепак останува проблемот како таа "храбро ги поднесувала овие маки" без да умре во моментот кога и ја прободеле главата со (претпоставувам) усвитена шипка низ ушите?
Но дури и да е мојата претпоставка погрешна, еве нека претпоставиме дека железната прачка била ладна, но сепак таа железна прачка минувала низ главата на покојната Злата т.е. низ нејзините уши, додека таа сеуште била жива.
Дали можете да си го претставите тоа визуелно?
Има ли некој поинакво објаснување за ова?
 
Се надевам дека барем денес, бидејќи денес ја славите покојна Злата, ќе ме удостоите со објаснување на мојата дилема погоре?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 14:09
ti odgovori Opiten ama vistinata te oslepe da ne ja vidis hahahahahhah
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.