IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Зошто Христос ја проколнал смоквата?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зошто Христос ја проколнал смоквата?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 12:48
Ај, интересна шала. Ама да се вратиме на сериозното определување зошто била проколната смоквата.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 12:59
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Ај, интересна шала. Ама да се вратиме на сериозното определување зошто била проколната смоквата.
Па според некои и не е шега, туку сериозна дилема. Ако можел Господ(според дословното сфаќање на Библијата) да ја казни змијата да се влече по земјата што ја излажала Ева, тогаш можел и смоквата да ја казни. Но јас би прашал:Ако е така, зошто доцнела казната толку време?

Инаку според мене Бог никого не казнува и не проколнува бидејќи тој е Апсолутниот Закон во кој владее чиста милост и љубов. Тој има само љубов! Поинаку кажано: може ли некој нешто да ти даде ако тој тоа не го поседува?

Одтаму ни Христос, како син Божји, не можел да ја проколне и казни така сурово смоквата, ниту Бог змијата.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 13:11
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Ај, интересна шала. Ама да се вратиме на сериозното определување зошто била проколната смоквата.
Па според некои и не е шега, туку сериозна дилема. Ако можел Господ(според дословното сфаќање на Библијата) да ја казни змијата да се влече по земјата што ја излажала Ева, тогаш можел и смоквата да ја казни. Но јас би прашал:Ако е така, зошто доцнела казната толку време?

Инаку според мене Бог никого не казнува и не проколнува бидејќи тој е Апсолутниот Закон во кој владее чиста милост и љубов. Тој има само љубов! Поинаку кажано: може ли некој нешто да ти даде ако тој тоа не го поседува?

Одтаму ни Христос, како син Божји, не можел да ја проколне и казни така сурово смоквата, ниту Бог змијата.


Позната ме е твојата фолоЗофија - нешто слично на Оригеновата, а?

А ако Бог не казнува (за да се поучиме, а на крајот и во пекол, ако не се научиме) зошто тогаш во Светото Писмо се вели дека секој татко кој го љуби својот син го казнува?

Ова некак ми се коси со твоите видувања.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 13:19
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Позната ме е твојата фолоЗофија - нешто слично на Оригеновата, а?

А ако Бог не казнува (за да се поучиме, а на крајот и во пекол, ако не се научиме) зошто тогаш во Светото Писмо се вели дека секој татко кој го љуби својот син го казнува?

Ова некак ми се коси со твоите видувања.
Ништо не се коси. Ако некој Татко го казнува својот син, тој тогаш не го љуби него правилно.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 13:20
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Позната ме е твојата фолоЗофија - нешто слично на Оригеновата, а?

А ако Бог не казнува (за да се поучиме, а на крајот и во пекол, ако не се научиме) зошто тогаш во Светото Писмо се вели дека секој татко кој го љуби својот син го казнува?

Ова некак ми се коси со твоите видувања.
Ништо не се коси. Ако некој Татко го казнува својот син, тој тогаш не го љуби него правилно.


Ејјј, сега испаѓа дека Христос лаже???
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 13:26
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

    Ејјј, сега испаѓа дека Христос лаже???
Христос никогаш не лаже. Друга работа е дали ние неговите зборови ги сфаќаме по смисла или дословно. И отиде смоквата и темата, пиши во л.п. подобро.

Изменето од Majkl - 26.Октомври.2008 во 13:27
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 13:28
Ако имаш прашање или нешто да ми кажеш, повели, пиши ми во лп.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 14:56
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Ај, интересна шала. Ама да се вратиме на сериозното определување зошто била проколната смоквата.


Мислам дека темата е исцрпена. Одговорот веќе беше даден:

Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Кога Христос поминувал покрај смоквата на неа имале само лисја без плодови и иако не била сезоната сепак, Тој ја исушил.

Со тоа сака да ни каже дека ние постојано треба да даваме добри плодови, односно да бидеме украсени со добри дела, а не само надворешно, лицемерно, да се китеме со лисја и да се покажуваме пред народот колку сме добри.

За да ги поучи своите ученици Христос ја проколнал смоквата, дека не секој што вели Господи, Господи ке биде спасен туку само оној кој го слуша и исполнува словото Божјо во чисто срце.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 15:49
Пред тој одговор, беше даден многу подетален одговор:
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ако ги разгледаме споредбите и илустрациите што ги користел Христос во своето поучување, ќе забележиме дека повеќето од нив се засновани на градинарските плодови и растенија. Христос не проповедал на научници, инжинери, теолози, филозофи и сл. туку на обични и секојдневни луѓе, рибари, сточари, земјоделци итн. Затоа во Своите проповеди Тој не се служел со некој висок речник и тешки филозофии, туку користел едноставни илустрации од секојдневието на луѓето, од сточарството и земјдолеството, доближувајќи им ја притоа пораката на луѓето на најдобар, наједноставен, најасен и најпрактичен можен начин.
Затоа во Неговите споредби често се среќаваат зборовите: дрво, гранки, вода, вино, пченица, какол, смоква, грозд, семе, сејач итн. Зборови кои биле во секојдневниот речник, живот и пракса на луѓето кои Тој ги поучувал.

Честопати, еден ист збор означувал една иста работа во повеќето споредби. Така на пример, зборовите "лош плод", "какол", "лоша смоква", "безплодно дрво", "трње" и сл. означувале лоши плодови на човековиот карактер и однесување, лоши плодови на нечие учење, лоши плодови на нашето срце, на нашите дела... лажење, крадење, лицемерие, блудства, богохулење, гордост, себичност, омраза и сл.
Додека пак зборовите "добар плод", "пченица", "смоква", "грозд" и сл. ги означувале добрите плодови кај човекот, добрите мотиви преточени во добри дела, искрената и вистинска побожност, добрите плодови на нашето срце.. љубовта, дарежливоста, скромноста, љубезноста, солидарноста, помагањето, непристрасноста, себежртвувањето и сл.

Додека Христос поучувал, два типа на луѓе ја примале пораката на два различни начини.
Едните го слушале со насмеани лица, трепкајќи со очите и климајќи со главите, но за жал примајќи ја пораката од десното, а испуштајќи ја од левото уво. Нивните срца не биле плодна почва за Христовото семе. Пораката не можела да фати корен во нив и затоа не можела да даде и соодветен плод кој надворешно би се истакнал подоцна и во нивните животи. Тие ги слушале Христовите зборови, но не ги извршувале во пракса. Христос ги нарекува овие "немудри" луѓе, луѓе кои градат нестабилни куќи врз песок, разлистени, но бесплодни смокви.

Вториот тип на луѓе, би рекол малцинството, сериозно се задлабочувале во Христовата порака, притоа самоанализирајќи се себеси, со самокритичен став и будно око за промени во сопствениот карактер и однесување, со восхит примајќи го секој Христов збор и применувајќи го послушно во својот живот. Искрените, отворените и добромотивираните срца на овие луѓе биле плодна почва за Христовото семе. Пораката фаќала корен во нив и го давала и соодветниот плод - видлив во нивните животи. Тоа биле плодоносните смокви на Божјото слово.

Зборот "смоква", или плод на дрвото, речиси и да нема друго значење во Христовите споредби. Еве неколку примери:

"Чувајте се од лажните пророци кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се ненаситни волци. Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Па така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови. Не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво ако не раѓа добри плодови се сече и се фрла в оган. Значи, ќе ги препознаете по нивните плодови."
(Матеј 7:15-20)

"Или направете го дрвото добро и неговиот плод добар; или направете го дрвото расипано, и неговиот плод расипан; зашто дрвото се познава по плодот. Змиска породо! Како можете да зборувате добро кога сте зли? Зашто од изобилството на срцето зборува устата. Добриот човек, од добрата ризница изнесува добри нешта; а злиот човек од злата ризница изнесува зли нешта.
(Матеј 12:33-35)

"Јас Сум лозата, а вие сте лозинките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како лозинката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат. Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде. Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици."
(Матеј 15:5-8)

"Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла в оган."
(Матеј 3:10)

Споредбата за неплодната смоква:

"Ја кажа и оваа споредба: "Некој човек беше насадил смоква во своето лозје, па дојде да побара плод на неа, но не најде. Тогаш му рече на лозарот: "Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто и натаму да ја испостува земјата?"
Но тој му одговори, велејќи: "Господине, остави ја уште оваа година, додека раскопам околу неа и ја наѓубрам, па можеби ќе роди идната година, ако не пресечи ја."
(Лука 13:6-9)

И најпосле, Исус и неплодната смоква:

Утредента кога се враќаше во градот огладне. И кога виде смоква крај патот, отиде до неа, но не најде ништо на неа, освен лисјата, и и рече: "Отсега да немаш плод довека!" И смоквата веднаш се исуши.
А кога учениците го видоа тоа, се зачудија и рекоа: "Како се исуши смоквата веднаш?"
Исус одговори, велејќи: "Вистина ви велам, ако имате вера и не се посомневате, ќе го правите не само тоа што и се случи на смоквата, туку ако и речете на оваа гора: 'Дигни се оттука и фрли се во морето!' ќе стане така, и се што ќе побарате во молитва, со вера, ќе добиете."
(Матеј 21:18-22)

Истата парабола ја имаме и во евангелието по Марко:
 
"А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне. И оддалеку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви. Тогаш проговори и и рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!” "
(Марко 11:12-14)
 
Потоа следат споредбата со сеачот и семето, каколот и пченицата, синаповото зрно итн. Но ние сега ќе посветиме посебно внимание на случката со Исус и неплодната смоква, поточно каква поука можеме да извлечеме од овој настан, секако верувајќи дека Бог промислено благоволил овој детал да биде забележан од евангелистите при запишувањето на Новиот Завет.

Имајќи ја предвид длабочината на Божјото Слово, многу теолози, библичари и христијани, имајќи го предвид горекажаното црпат разни интересни поуки од оваа случка, притоа користејќи ја симболиката на зборот "неплодна смоква" во Христовите споредби.

Првата поука е сосема очигледна. Христос не поучува силно да веруваме во услишувањето на нашите молитви колку и да изгледа тоа невозможно од наша и сегашна перспектива.

Следната поука не е баш очигледна како првата и бара малку повеќе внимание. Доколку го земеме предвид предходно кажаното околу значењето на "смоквата" и "плодот на смоквата" во Христовите поуки, сосема е оправдана и следнава поука:
Христос не поучува дека секој од нас кој нема да го даде добриот плод, во моментот кога Бог ќе го побара од нас (а не кога ние ќе мислиме дека е "времето за плодот") Бог ќе го исуши неговиот корен.
 
Исус, откако ја започнал својата проповедничка служба, 3 години проповедал во Израел, но Израелците не давале плод. Затоа Христос решава да им даде уште една шанса на Израелците.
Имајќи го ова предвид, сакам да ја прочитате уште еднаш следнава парабола...

"Ја кажа и оваа споредба: "Некој човек беше насадил смоква во своето лозје, па дојде да побара плод на неа, но не најде. Тогаш му рече на лозарот: "Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто и натаму да ја испостува земјата?"
Но тој му одговори, велејќи: "Господине, остави ја уште оваа година, додека раскопам околу неа и ја наѓубрам, па можеби ќе роди идната година, ако не пресечи ја."
(Лука 13:6-9)

Исус и дава уште една шанса на "смоквата" (Израел), но Израел не го дава очекуваниот плод. Исус на Цветници влегува во Ерусалим, го бара плодот на Израелците, но него го нема. Потоа излегувајќи од градот, ја наоѓа оваа неплодна смоква и ја проколнува. Потоа повторно влегува во Ерусалим, во Божјиот Храм и...

"И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби. И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот. И ги поучуваше, велејќи им: „Не е ли напишано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничко дувло"
(Марко 11:15-17)
 
По овој настан, светениците и книжниците се решаваат да Го погубат и бараат соодветен начин како да го сторат тоа.
Верувам дека сега на сите ви е јасно зошто Христос ја проколна смоквата.
Поздрав! големо%20гушкање
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 19:14
НАЗАД НА ТЕМА! Две страни со глупости требаше да бришам!
Do what is right, come what may...
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 21:12
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by Majkl Majkl напиша:

... Во книгата се објаснува на едно место дека не бил Исус тој кој што ја проколнал смоквата туку еден од неговите апостоли и за тоа Исус и го прекорил и поучил дека секое растение си има свое годишно време и дека не треба да се прокоолнува оти ни Бог никого и ништо не проколнува.
Држи вода ова што го велиш за Исус. Но, неможе секој да ги прочита информацииве на нашиов форум за да осознае нешто ново. Факт е дека тој податок не стои во библијата, а луѓето читаат од неа и секој кој ќе го прочита Мар. 11:13 и малку подлабоко ќе размисли, ќе го свати како негативност од страна на Исуса, онака како што јас го сваќам.


Ne e toa negativnost od strana na Isus, toj so toa simbolicno sakal da pokaze deka nacijata Izrael ne donesuva plodovi i deka Bog ke ja otfrli nacijata Izrael kako izbran narod i od drugite narodi ke si izbere narod za svoe ime.
   Kako vtoro, sakal da ja pokaze silata na molitvata kako sto citame vo Marko 11:20-26, deka ako imame vera vo Boga, sto i da pobarame od nego a da ne se somnevame(normalno ako e vo sklad so negovata volja) ke dobieme
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 22:31
Можеби ова што го читате од мене малку ќе ви заличи како off topic, но сепак бидејќи се работи за некои допирни точки со смоквата (дела, казнување), мислам дека е во ред што ќе дадам коментар, односно што ќе поставам едно прашање, кое е „испровоцирано“ од овој цитат:
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

... Ако можел Господ(според дословното сфаќање на Библијата) да ја казни змијата да се влече по земјата што ја излажала Ева,...

Прашањето ми е, како претходно (пред Ева да биде измаена) змиите се движеле? Судејќи според одговорот на Маран Ата (од стр. 3), за тоа дека смоквите порано не биле како што ние денес ги знаеме (!?изненадување), дали тоа би можело да значи дека змиите порано оделе? Или можеби летале?не%20знам
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 23:06
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Можеби ова што го читате од мене малку ќе ви заличи како off topic, но сепак бидејќи се работи за
некои допирни точки со смоквата (дела, казнување), мислам дека е во ред
што ќе дадам коментар, односно што ќе поставам едно прашање, кое е „испровоцирано“ од овој цитат:
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

... Ако можел Господ(според дословното сфаќање на Библијата) да ја казни змијата да се влече по земјата што ја излажала Ева,...
Прашањето ми е, како претходно (пред Ева да биде измаена) змиите се движеле? Судејќи според одговорот на Маран Ата (од стр. 3), за тоа дека смоквите порано не биле како што ние денес ги знаеме (!?изненадување), дали тоа би можело да значи дека змиите порано оделе? Или можеби летале?не%20знам


А судејќи по твоиве прашања, гледам дека многу работи прескокаш и читаш само тоа што сакаш да прочиташ.

Ај те молам воздржи се од вакви детски коментари, цинизми и извртување на туѓите зборови!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 23:10
pa od kade bi izlegla poslovicata

KRIE KAKO ZMIJA NOZE


Изменето од anakin - 26.Октомври.2008 во 23:11
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,016 секунди.