|
Културно-Уметничкото богатство во очите н |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | ||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Многу убав пример. Тој што Го започнал уметничкото дело, дајБОЖЕ да го доврши во сите нас, додека има време. Дај БОЖЕ да се развиеме сите така, додека само Тој (СЕДРЖАТЕЛОТ) - ХРИСТОС – остане во нас. Бидејќи Него го очекува целата творевина, како единствен Спас! АМИН |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во свеста (и реалноста) на човекот постојат две спротиставени страни... Дали она што тој го прави за (во) слава на Бога е уметност или производ на духовна издигнатост - откровение ... , тоа зависи од нашата просветленост т.е. состојбата (свеста) во која се наоѓаме - демек дали имаме “очи“ и “уши“ за таа работа, и каква е таа во нас самите... |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова е твоето разбирање за уметноста и е твое право да мислиш така. Но - јас, а и многумина други сметаме дека уметноста може многу повеќе да те подучи нешто за Радосната Вест отколку било кој текст. Како што зборот е храна за умот, така уметноста е храна за душата... И двете се подеднакво важни. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тетратка - се согласувам со твојот пост.
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ako prodolzhime vaka fundamentalistichki i so zatvoren um, slednata tema lesno mozhe da bide ke bide "Muzikata vo ochite na Hristos" i ke pochne da se zboruva za zabranuvanje na chovekovata muzichka aktivnost ili nejzino stesnuvanje samo vo religiozni ramki.
Pa, do vchera se raspravavme so muslimanite za neodrzhlivosta na takvite pretpostavki, a eve istite razmisluvanja vekje se zarodija i megju hristijanite! Изменето од Messenger - 26.Октомври.2008 во 05:23 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Анализирајќи го човекот и целата природа како е створена, со право може да се рече дека Господ е најголемиот уметник. А знаејќи дека Господ не створил по образ и подобие Негови, нема смисла да тврдиме дека изразувањето на нашите религиозни чувства треба да бидат надвор од уметноста. Баш напротив, се што се прави во и за слава Божја е Богоугодно. Јасно е дека човекот не може да живее надвор од реалноста во светот и дека секојдневно се среќава со некаков вид уметност. Ако е така, зошто пак сето тоа да не биде посветено на Бога? Кога паганите можеле да развиваат уметност која била посветена на паднатите духови (а јасно е дека ѓаволот не е умтеник, туку рушител), што не спречува нас, христијаните, таа уметност да ја претвориме во Божја, односно, наместо да е наменета за духовите под небесата, да биде за Бога? Се што припаѓа на нашиот Творец и се што е створено од Него, а со тек на времето било злоупотребено или пренаменето од страна на човекот, доколку се врати кон првобитната улога, е благословено.
Еве еден обичен пример. Принесувањето на жртви било дадено од Бога, но со тек на времето, луѓето почнале тоа да го злоупотребуваат и пренаменуваат кон идолите (паднатите духови) така што добива сосема нови димензии. Но, кога евреите се вратиле на првобитната намена, Бог не само што им ги примил жртвите, туку и ги благословил за тоа. Изменето од Maran Ata - 26.Октомври.2008 во 06:16 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не сум приврзаник на идејата дека секоја уметност треба да е направена во Слава Божја - тоа сепак е право и избор на уметникот.
Но... кога станува збор за дела кои се направени со таа цел - не разбирам зошто се негираат? Уметноста не е мисловна. Таа е духовна. Како таква - сама по себе е дадена од Бога (или - ако сакате - е комуникација на авторот со Создателот и на Создателот со нас преку авторот). Во конкретниов случај, со оглед на тоа што секој уметник се изразува на различен начин - не знам зошто би било погрешен метод на ширење на Радосната Вест? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Така е! Секој со дадениот му дар а не со “скаменети“ ... ! Ашк Олсун! |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знам ни јас... Некој полуписмен, па и писмен човек повеќе ќе разбере од нешто што е сликовито прикажано, отколку од некоја теолошка дискусија на високо ниво. Никогаш нема да ја заборавам мојата прабаба, на свои 90 и кусур (и горда што е писмена а родена беше во турско), ја читаше онаа Библија во слики која за жал одамна веќе ја нема кај нас (на српски јазик). Таа беше жена допрена од милоста, која и покрај сите тегоби во животот цврсто веруваше во Бога. Таа ми ги читаше (бавно, но убаво) Библиските стории, и секогаш ќе ми посочеше на сликите кои беа преубави...На крај, со ивицата од престилката ќе си ги избришеше солзите во очите. Навистина, штета што таа Библија не се печати веќе овде...А кој и да бил илустраторот, нека биде благословен од Бога. Убаво го искористил својот дар. П.С. Ако знае некој за кое издание на Библијата зборувам, и ако знае дали се наоѓа уште кај нас, однапред благодарам (не е истата со онаа Библија за млади во превод на др. Белчовски што се продава по црквите, врска нема... |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Апсолутно се сложувам со ова. Во секоја уметност се внесува дух, односно дел од самите нас. Затоа, по уметноста може и да се познае духот на времето, односно каков живот се живее во нашево време. Оној кој се нарекува христијанин и кој се труди да ја исполнува најголемата Божја заповед - да Го љуби Бога со сето свое битие, апсолутно секој дел и секоја секунда од својот живот го посветува на и за Бога, што значи дека и секоја уметничка творба која ќе излезе од неговиот ум, раце или уста, е за слава на Бога. 1 Коринтјани 10:31 И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја. Но, како што претходно рече, секој има право на избор (слободна волја), а Господ знае дали секој труд, без разлика каков и да е, ќе биде награден од Него. Изменето од Maran Ata - 26.Октомври.2008 во 13:45 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Големиот христијански шведски мистичар од 18 век, Емануел Сведенборг кој имал контакт со Небесниот свет и Христос, во книгата „РАЈОТ И ПЕКОЛОТ - според оноа што го чув и видов„ известува за некоја душа која дур живеела како човек, со цел да го заслужи царството Небесно, се воздржувал од сите земни задоволства но и од уметноста, сметајќи дека целата е материјалистичка т.е. световна. Бидејќи бил добар како човек, можел да влезе во рајот - арно ама, таму ангелите не знаеле што да прават со него! Ниту можеле да го облеат со врвната уметност ниту можеле да разговараат со него за уметноста бидејќи тој ја сметал за грешна работа...
Имено, повеќето души со каков став си заминуваат од земјата при смртта на човекот, честопати такви и си остануваат како души. Е сега, друго прашање е дали е навистина уметност сето она кое се прогласува за уметност - особено во денешно време! На пр. имаше некаде во ЕУ изложба - интерактивна инсталација на блендери(вклучени во струја - но ставени на офф позиција) наполнети со вода а во водата по една златна рипка. Публиката можеше самата да одлучи дали да вклучи некој од нив или не. Неколку дена никој ништо не чепкал, но тогаш еден посетител решил да го сврти копчето на ON и златната рипка отиде во вртлогот, а во вртлогот... Изменето од Majkl - 26.Октомври.2008 во 11:47 |
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па затоа и реков дека по денешната уметност се познава и духот на времето (антихристово време). Изменето од Maran Ata - 26.Октомври.2008 во 12:49 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А, верувам ќе се сложиш, човекот уште повеќе ќе разбере од некоја проповед на народно ниво - онака како што проповедал Христос. Мило ми е што си имала убаво искуство со таа Библија во слики, но да бидеме објективни, да сметал Бог дека тоа е подобриот начин, зарем немаше Учителот - Христос да им црташе на тогашните неписмени, необразовани и бедни луѓе? Немој да ме сфатиш погрешно, и јас си имам Библија во слики, но сепак во Библија јасно е кажан најдобриот начин за проповедање на верата кај луѓето.
Тоа издание можеш да го најдеш во библиотеката на "Божилак", но само за позајмување, не и за купување.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |