|
Културно-Уметничкото богатство во очите н |
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Автор | |
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со тоа според тебе смее да се црта и ОТЕЦОТ на СВЕТЛИНАТА во форма на стар човек? Поздрав |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не, Тоа е една неканонска представа (датира горе долу од 19 век) и е доста застапена во христијанската иконографија... Во никој случај не можеме да го ограничиме Отецот - Кој е роден и нестворен во времето (значи е надвор од времето) и да го представиме како старец со бела брада - бидејќи така го ограничуваме со времето (тоа е осудено на 4 вселенски собор - Диоскор и еретиците ...) Тој, (Отецот) не станал како еден од нас - човек, а Единородниот син, Кој е во крилото на Отецот ни го откри.... “Бога никој никогаш не Го водел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Он Го објави“ ... (Јован1,18)
Секоја икона каде што има представа: за Отецот - старец со брада, за Синот - младич... и за Светиот Дух - гулаб, тоа е неканонска представа и образ на Св. Троица... противно на каноните и евангелското учење за тоа ... осудено е како ерес, и таквата икона е неканонска, затоа што го ограничува во времето она што е надвор од времето...
Единствена представа на Св. Троица е иконата зографисана од св. Андреј Рубљов... каде што Св. Троица е представена како Три идентични Ангели... Самата во себе содржи теологија (како и секоја канонска икона) и има свое толкување за секој ситен детал... ова ке го објасниме на друга тема... или покасно на истава.
Ете го и мојот цитат: и добро е кога цитираш да го пастираш целиот коментар... бидејќи во него, во другиот дел се содржи и одговорот...
“Слободниот дух - оној кој е слободен, или ослободен по благодат и веќе не е повеќе роб на страстите и гревот - во (со) својата просветеност “боготрагајќи“, или стремејќи се (издикајќи се) кон Божјата вистина (височина) - манифестира многу “откровени“ начини... видливи и невидливи, чуствителни или не чуствителни (за другите), и не може да БИДЕ ОГРАНИЧЕН ВО СЛОБОДАТА...
“УМЕТНИЦИТЕ“ “ЗНААТ“ (НЕ ЗНААТ) КОЛКУ Е “ЛЕСНО“ (ТЕШКО) ДА СЕ “НАСЛИКА“ ИЛИ “ИСПЕЕ“ ЕДНА РАБОТА ...
ТОА МОЖЕ ДА ГО РАЗБЕРЕ САМО ОНОЈ КОЈ ИМА ОПИТ....
ДАЛИ ДУХОВНОСТА И ХРИСТОС ЖИВЕАТ ВО НЕГОВОТО СРЦЕ ИЛИ НЕ ... ЗА ДА ТВОРИ ТАКВИ “ВЕЛИКИ“ ДЕЛА...“
Како што можеме да видиме во долниот дел има и интерпункциски значи и загради ...
Тука се содржи и одговорот... тука секој може да си се репознае ...
Изменето од Tetratka - 25.Октомври.2008 во 11:36 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убава тема...е не си жив додека не отвориш контра тема добар си, па уште во 06:4 мин. наутро. Каква инспирација Реков “инспирација“? Ах да.... Е тоа е тоа Евангелос. Убаво велиш “Христовата Црква е жива заедница на сите искрено покајани библиски Христијани, независно од локалините заедници, собрани заедно во духовно заедништво под милоста на Христовиот крст спремни со љубов и ревност да му служат на Христос по секоја цена!“. Јас пред се верувам во духовното поклонување “Ќе дојде време кога вистинските поклоници ќе му се поклонуваат на Отецот со дух и виостина“. И тоа е така. Дух и Вистина. Но нели кога си среќен, кога се восхитуваш на она што Бог го создал, не ти доаѓа да запееш? Го славиш Бога со песна...Литургија на пример, какво смирување. Или пак некоја убава (протестантска) песничка. Кога ќе ја чујам “О Милост Божја чудесна“ мене солзи ми бликаат. Или “Каков пријател е Исус“... Вчера беше спомената поемата Footprints... Ако си надарен за поезија, зар не би напишал некоја убава песна/поема за Бог? Ако си нaдарен за сликање, зар не би добил инспирација да насликаш нешто? Зар талентите не ни ги дал токму Тој? На секого по нешто? А во оној ден, Христос сепак ќе го вреднува духовното богатство, и ќе не запраша, што сме направиле со своите “таланти“. Сме ги закопале в земји, или сме ги умножиле? како сме го минале животов? Како сме Го славеле? Каков би ни бил животот ако не би постоеле талентите, креативните потенцијали, по што ќе се разликлуваме од некоја мечка од планина? Сепак во христијанството ја имаме таа слобода да ги искажуваме своите потенцијали. Не ни е забранета ниту музика, ниту сликање на ликови....Кој како Го чувствува тоа. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи според тебе maria_magdalena, христијанството е место каде што ние си ги покажуваме нашите културно-уметнички таленти, кој за пеење, кој за свирење, кој за сликање, кој за резбање, кој за градење, кој за играње, кој за глума, кој за жонглирање, кој за аркобации, кој за трчање 100 метри спринт со пречки итн... јас разбрав, прости ми ако погрешно сум разбрал, дека сето ова според тебе се "талантите" за кои што зборува Христос во една од Своите параболите и дека доколку ги искажеме овие наши културно-уметнички таленти, ние на тој начин ќе го прославиме Бог. Јас не сум против уметноста, напротив, се надевам дека сме на чисто со тоа. Веќе два пати го повторив тоа и гледам повторно ме осудувате дека сум против уметноста. Затоа и по трет пат ќе повторам:
Талентите кај човекот немаат врска со даровите на Светиот Дух.
Во Новиот Завет нема никаде да најдете дар за ракотворство, дар за сликање, дар за резбарење итн. но ќе најдете дар за евангелизација, дар за проповедање, дар за зборување јазици, дар за нивно толкување, дар за чудотворство, дар за исцелување, дар за помагање, дар за управување итн. Сите овие дарови ние можеме да ги видиме во животите на апостолите, но никаде нема да најдете дека некој од апостолите се пофалил со некој културно-уметнички дар.
Павле, чија професија била правење на шатори, никаде не вели дека откако го примил Светиот Дух тој почнал да прави повелелепни шатори за слава на Бога. Христос, ниту апостолите никаде немаат пофалено некоја градба заради нејзината надворешна убавина.
Кога апостолите пофалувале некоја црква, тие не ја фалеле за нејзините културно-уметнички достигнувања, туку за истрајноста во верата, за единството меѓу верниците, за нивната дарежливост, за чистотата на нивното учење, за добрите дела, или пак ги укорувале, повторно не за нивните културно-уметнички недостатоци, туку заради оддалечување од првобитното евангелие, заради неморалот кој го правеле, заради компромисот со јудеизмот, заради мрзеливоста, заради неединството итн.
Уметноста си и едно, верата си е друго. Тие не се исклучуваат една со друга, но немаат врска една со друга.
Еве ќе наведам уште еден побанален пример.
Замислете како би било кога јас би почнал да ја фалам мојата вера со храната што ја јадам. Замислете да отворам јас тема "Христијанска Убавина" и таму да пишувам рецепти за храна, да ставам слики од некои убави јадења итн. Зарем јадењето и верата се исклучуваат меѓусебно? Не. Но дали тоа е верата христијанска? Повторно не.
Пред да се насмеете за примеров, сакам да ви кажам дека кога бев во Бугарија и бев гостин кај еден православен свештеник, тој ме нагости убаво и меѓу другото ми велеше: пробај од питава, православна е. Пробај од православниве колачи. Итн.
Нека Бог ви даде Дух на просветлување за да можете да проникнете во вистинските христијански вредности, во суштината на христијанскиот повик за служење и да се ослободите од културно-уметничкиот целофан во кој некои цркви ја задушуваат изворната Христијанска вера. Не го велам ова само за православната црква, туку и за католичката, и за протестантските цркви, па дури и за библиските цркви затоа што секоја црква е збир на луѓе-грешници (и само грешници) кои, повеќе или помалку, се склони кон вреднување на надворешното, обредуалното, традиционалното, националното итн. наспроти напредување во суштинското.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што е убаво-и на Бога е драго. Ако ме разбра... |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A кога ги спомна културно уметничките таленти, зар немате театарски претстави во црквите? Божиќ, Велигден и слично? Со целосна костимографија? Која е нивната цел? Да не не е евангелизација на публиката?
Пасторите, зар тие не се “малку“ потеатрални во проповедите? Со која цел? Да не се лажеме Евангелос...во некои цркви “талантите“ се користат паралелно со културно уметничките таленти, што резултира во една драматургија. Е сега како тоа мислиш дека ќе го вреднува Христос, незнам... |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
maria_magdalena, јас убаво те разбирам тебе, но дали ти ме разбираш мене што цело време зборам од почетокот на оваа тема, до последниот мој коментар? Јас никаде не реков дека уметничкото изразување и уметничките таленти се "од ѓаоло". Ајде, ако реков такво нешто повели цитирај ме, а не непотребно да ми објаснуваш дека уметноста и културата се добри. Јас само реков, и по ЧЕТВРТИ пат ќе повторам - ТОА НЕ Е ВЕРАТА ХРИСТИЈАНСКА. Тоа се човечки елементи на христијаните, но не и духовни. Тоа се таленти, но не се духовни дарови, тие не се родови на Светиот Дух.
Јас не зборувам против уметноста, туку зборувам дека е тажно кога една институција што се нарекува црква си ја фали верата со уметноста, со драмите, со театарските претстави, со фолклорот, со традициите, со националноста, со етнофилетизмот, со антиквитетите, со градбите, со облеките на нивните свештеници, со накитот, со златото, со крyните на нивните врвни водачи итн. Ништо од ова не е верата Христова. Ништо од ова не е духовно богатство. Ништо од ова не е пофалено во Новиот Завет, ниту пак е наречено "доблест", ниту од Христос, ниту од апостолите.
И ова не го зборувам само за одредена црква или деноминација, туку за сите цркви и ткн. цркви, затоа што овие елементи, повеќе или помалку, се застапени во секоја црква. Затоа и јас подигнувам оваа тема, со надеж дека барем кај тие што ќе ја прочитаат, ќе бидат поттикнати да направат ребаланс и јасна динстинкција меѓу она што е духовен дар, духовен плод, духовно богатство и вредно во очите на Бог, и она што е човечки елемент, талент, уметност, фолклор, култура, националност, етнофилетизам, архитектура, мода, накит итн. и неадекватено за пофалба на верата христијанска.
"Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат; зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце."
(Исус Христос во Матеј 6:19-21) Не заборавајте и имајте секогаш на ум дека и велелепните храмови ги јаде ‘рѓата, дека и раскошните великодостојнички мантии ги јаде молецот, дека и црковниот накит го крадат крадците. Но богатствата што ги собираме на небото се неуништливи и имаат трајна вредност во очите на Бог.
Нека вашите срца не бидат насочени кон суетната убавина и краткотрајниот блесок на велелепните храмови, манастири, свештенички круни, мантии, накит итн. Но подигнете ги вашите глави и насочете го вашето срце кон небесните скровишта и трупајте и фалете се со богатството кое го имате спечалено таму, се разбира, ако воопшто имате потреба да се фалите со тоа.
Послушноста на Христовите заповеди, спасените души, создадените цркви, чистотата на верата, единството меѓу верните итн. - тоа треба да биде нашиот венец и пофалба во Христос. Ова важи за сите што се нарекуваат христијани. Изменето од EvAngelos - 25.Октомври.2008 во 16:53 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не може верата да се препознава според правецот во архитек*рата,правецот во сликарството правецот во музиката, стил на пишување итн.Сите овие работи се споредни и незначајни во делот на една жива црква.
Културно-уметничкото богатство во очите на Христос сигурно дека е неважно дури и грозно.Зашто?Затоашто уметноста отишла толку далеку кај поедини цркви што за нејзино изразување имала висока цена.Затоашто уметниците отишле толку далеку во своето изразување што за изработка на своите дела употребувале скапи матерјали. Како например изработка на позлатени цркви,изработка на скапоцени круни за великодостојници од нивниот свештенски ред употреба на скапоцени бои за изработка на слики итн. Сето ова на Христос не му е мило затоашто никаде не рекол да се изработуваат скапи уметнички црковни реквизити и високоуметнички градби.Реално со средствата што се трошат црквата може да ги насочи како помош матерјална кон своите верници.Дали ке помогнат за некоја скапа операција или за образование на некое сирмашно дете или на некое сиромашно семејство. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Apsolutno se slozhuvam so tebe i zatoa se chudam sto ja postavi ova tema. Ako sakashe da kazhesh deka nekoi lugje ja zloupotrebuvaat umetnosta od religijski aspekt, togash toa e vo red, no istoto vazhi i kaj sekoja religija, pa tuka naslovot Културно-Уметничкото богатство во очите на Христос e deplasiran, ushte povekje sto ne ni e poznato dali Isus zboruval za umetnichkata dejnost na bozhjite cheda. Изменето од Messenger - 25.Октомври.2008 во 18:28 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zarem Psalmistot ne bil umetnik? Ete ti slavenje na Boga preku poezija.
Nikoj ne se fali so toa, se razbravem sto se vistinski poklonici. No sto ima loso vo toa? Umetnosta dava i pecat na edno vreme, zar nema da receme "vidi ja onaa crkva, gotika" i slicno....
Verata mozebi nema vrska so umetnosta, no umetnosta dava nekakov pecat, nekakov znak na raspoznavanje...
Zar Bigorski, Sv. Spas ne ostavaat bez zdiv so svoite rezbi? Zar po nivniot stil nema da receme "ova e pravoslavna crkva"? Sigurna sum deka i Hramot kade poucuval Isus ne bil shupa nitu vizba, tuku vernicite vredno se potrudile da mu dadat odliki na Bozji hram...sekoj so svoite talenti. Na Bog ne mu e potrebno ni zlato ni srebro, no ljubovta na vernicite kon Boga gi napravila tie mesta ubavi i dostojni za vosh*t.
Koja ti e poentava?
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што би рекле вие кога некој би ви рекол:
“ Јас сум уметничко дело ГОСПОДОВО - кое сеуште не е довршено - опкружено со исто такви Негови уметнички дела!“ ? поздрав |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Apsolutno romantichno, maksimalno elegantno! Nie sme umetnikovite dela koi sozdavaat umetnichki dela. Vsushnost celava Kreacija e kako Ruski kukli - edna vo druga, vo treta, vo chetvrta... i sekoja od niv dodava neshto svoe vo prethodnata i posledovatelnata, site se vzaemno interaktivni i megjusebno kreativni, sekoja vlijae na sekoja i site zaedno sozdavaat edna celina vo koja sekoja od niv gi sodrzhi site od niv. Изменето од Messenger - 25.Октомври.2008 во 22:43 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу работи не се спомнати во Светото Писмо, па ги правиме денес во име на проповедање на Неговото Слово. Не се спомнати авиони, автомобили и слично - па се користат кога се патува. Не се спомнати ни книги, во тоа време се користат ролни - па денес ги користиме - истотака, за проповедање на Словото. Да не зборуваме за компјутери и интернет форуми.
Која е разликата меѓу пишаниот збор (кој гледам се одобрува) и нацртаната слика или филигрански изработениот предмет?! Ако мислите дека едното може да е Боговдахновено и да има ефект, а другото не - се лажете. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преку пишаниот збор може да се разбере радосната вест или да се подучат за нешто верниците.А Пак со сликите и филигранските предмети незнам каков духовен растеж би имале.Уште малку и некој ребус да не се појави?
|
|
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |