![]() |
|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 32> |
Автор | ||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Имаш некоја поука да пишеш? Ако имаш прашање за нешто префрли го на општо и неврзано. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
![]() |
||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
А ти имаш одговор? Па дај ми го. Напиши го каде сакаш. Навистина сакам да знам по која логика се молите постојано Бог да биде милостив кон вас.
|
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Свети Нил Мудриот
Секогаш сеќавај се на Бога и твојот ум ќе се претвори во небо |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Свети Ефрем Сирин
Човекот кој трпеливо поднесува кога го озборуваат или навредуваат личи на оној кој го заклучил лавот во кафез, а оној кој одговара со озборување и со навреди, личи на човек којшто самиот себеси се удира (со оружје). |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Преподобен Пимен Велики
Во оној миг кога ние го покриваме гревот на ближниот и Бог го покрива нашиот, а кога ние го откриваме гревот на ближниот и Бог го открива нашиот. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Прашале некој атонски пустиник…
…„Штo треба да правиме кога сме фалени и ни даваат комплименти?” Со смирение и самопознание, тој одговори: „Ќе ви дадам еден пример: Кога на парче дрво го резбав лицето на еден светец, откако завршив мислев дека е добро. По некое време повторно го погледнав и открив дека некои работи не се сосема доработени. Ако користев лупа, гледав дека не е некое мајсторско ремек-дело. Такво нешто може да се направи со една рака. Сметаме дека тие се чисти. Но, ако ако ги испитаме под лупа, ќе видиме дека постојат некои дамки и бактерии. Така би требало да се испитуваме себеси темелно и тогаш ќе сфатиме дека сме ништо наспроти многуте пофалби.” |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Старечник
Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Старечник
Благодатта таинствено се дава со крштевањето во Христа, се разоткрива според мерата на исполнувањето на заповедите. Таа не престанува да ни помага, но од нас зависи дали ќе твориме добро или |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Совршено смирение
Имаше двајца браќа кои делеа една келија. Нивното трпение и смирение беа ценети од многу отци. Некој свет човек, кога слушнал за тоа, посакал да ги провери и да види дали имаат совршено смирение. Тој отишол да ги посети. Тие го примиле со радост и заедно ги кажале нивните вообичаени молитви и псалми. Потоа посетителот излегол од келијата и ја видел нивната мала градина. Зграбувајќи го својот стап, тој започнал со сета сила да ги уништува сите плодови што ги здогледал и наскоро ништо не останало. Гледајќи го, двајцата браќа − не кажале ни збор. Тие дури не покажале ни натажено или вознемирено лице. Кога се вратиле во келијата, ги завршиле своите молитви на Вечерната и му платиле за честа, велејќи: „Авва, ако сакаш, може да ја земеме едната зелка што остана и да ја свариме, зашто, време е за јадење.” Потоа старецот се поклонил пред нив и рекол: „Му благодарам на мојот Бог, оти гледам дека Светиот Дух почива на вас.” |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Старец Ефрем Филотејски
Ревносната молитва е непосредна духовна должност за зачувување на круната на добродетелите – љубовта. Подвизувајте се во молитвата доколку сакате во вас да престојува Христос и Тој, како најопитен војсководец, ќе се бори заедно со вас. Ќе се бори со вас и ќе ви ја подари победата. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Свети Исаак Сирин
Кој верува дека во рацете на неговиот духовен отец се наоѓа неговиот живот и неговата смрт никогаш нема да му противречи на својот пастир. Незнаењето за истото раѓа противење што ја предизвикува духовната и вечна смрт. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Свети Иринеј Лионски
Како што сувата земја, не примајќи влага, не може да донесе плод, така и ние како суви дрвја никогаш не би можеле да принесеме плод на животот без благодатниот дожд одозгора... заради тоа неопходна ни е Божјата роса, за да не изгориме и не останеме бесплодни. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
![]() |
||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Свети Никита Ститат
Ако не се познаваме себеси, не знаеме што е смирение, ниту се приближуваме кон вистинското остварување и чување на заповедите. Познанието на длабочините на своето битие е целта на стекнувањето добродетели. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Авва Марко
И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите. Но ти, со големо внимание и настојување на умот, во содејство одозгора од кога еднаш ќе ги пронајдеш овие невидливи дивови на злото, потоа лесно ќе можеш да се избавиш од нив, пак, со внимание и молитва. Тогаш од твојата ревност за вистинското знаење, за паметењето на Божјото слово и согласувањето на твојата волја и живот при состојба на внимание во срцето и постојано чување на силата на дејствената благодат – заборавноста, незнеањето и мрзливоста ќе бидат истребени и ќе исчезнат. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |