IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - До кога монетарно сидро!!!???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

До кога монетарно сидро!!!???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
TITAN Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TITAN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 15:50
Od tuka do vechnosta.
,,PROKLETI DA SE PREDAVNICITE,,
Кон врв
PAVLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Локација: Saint Helena
Статус: Офлајн
Поени: 889
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PAVLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2007 во 19:40
ako moze da se umesam malku...zboruvame za monetarna ekonomija ...abe kako vistinski makedoncjinja ste големо%20гушкањеголемо%20гушкање 

eve eden interesen komentar:

Се' е под (владина) контрола

МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ

Владата не сака изненадувања, па затоа решила се' да стави под своја контрола. Најновиот обид е да си го врати она што некогаш и' припаѓало - режимот на девизниот к*рс на денарот, кој изминатите шест години е во надлежност на централната банка, односно на гувернерот.

Не е ни чудно, го коментираат дел од економистите овој потег на актуелната власт. Ако веќе под свое стави цели сектори (или е на пат да го стори тоа), како судството, радиодифузниот сервис, ако стручни институции се партизираат, како што е тоа, на пример, Комисијата за хартии од вредност и т.н., зошто тогаш истото да не се направи и со режимот на девизниот к*рс на денарот?

Министерот за финансии, Трајко Славески, веќе најави дека Владата во својата намера е цврста: таа сака да го има клучниот збор дали денарот ќе биде цврсто закотвен, ќе се пушти слободно да флуктуира на пазарот, или девизниот к*рс на домашната валута ќе може да варира нагоре или надолу во определени рамки.

Со тоа сака да стави крај на сегашната ситуација која, како што ја опиша првиот финансиер, изгледа вака: „Може да се разбудиме и да констатираме дека НБМ без да извести никого го променила режимот на девизниот к*рс на денарот“.

Ако се имаат предвид светските искуства, владината намера не е без основа. Во некои земји режимот на девизниот к*рс на националните валути е под контрола на државата. Во други, за тоа се грижи централната банка, во или без консултации со владите или со министрите за финансии. Значи, од чисто стручен аспект, односно според најдобрите практики, не е ништо спорно.

Но, кога станува збор за Македонија, работите се малку поинакви. Имено, режимот на девизниот к*рс и пред 2001 година беше во ингеренција на владата. Во тој период, од страна на тогашната влада се организираа разни „игранки“ со девизните резерви на државата, се случи и Експорт- импорт банка, што не остана незабележано од будното око на меѓународните финансиски институции. Решението логично се наметна само по себе: таа улога да ја преземе Народна банка на Македонија, како независна и неполитичка институција, која истовремено се грижи и за ценовната стабилност.

Во овие пет- шест години, како што покажа практиката, на овој план не се случуваа никакви изненадувања или неочекувани ситуации. Денарот, фала богу, е стабилен, се' помалку се стравува од промена на неговиот к*рс, што им овозможува на фирмите, но и на обичните граѓани, да планираат подолгорочно што ќе прават со своите пари.

Во спортот важи правилото дека тимот што победува не се менува. Ако овие спортски правила се пресликаат во монетарната сфера, тогаш логично би било дека ако некоја мерка се покажала успешна во изминатите години, тогаш не треба да се менува и да се експериментира со неа.

Не треба да се заборави дека во свеста на луѓето кај нас се' уште се присутни сеќавањата за висока стапка на инфлација и секојдневните промени на к*рсот на денарот. Беше потребно многу време, упорност, знаење, ограничувања, па и пари, да се стаса до макроекономската стабилност што ја имаме сега. Тоа, секако, не значи дека денарот автоматски ќе падне како зрела круша доколку режимот на девизниот к*рс го земе под свое владата, но ги отвора дилемите за мотивите зошто се прави тоа.

Ако се има предвид широкоградоста во зголемувањето на платите за администрацијата, пензиите и другите „реформски“ потези, како намалувањето на данокот на додадена вредност за еден куп производи, тогаш стравувањата, сепак, не се без основа. Зголемен е и буџетскиот дефицит, а апетитите не застануваат тука. ММФ и Светска банка, по отплаќањето на долговите кон нив, веќе ја немаат улогата што ја имаа претходно, така што Владата има поголема слобода, но и одговорност во влечењето на идните потези, особено во монетарната сфера. Затоа, секој чекор треба добро да се анализира и да се измери двапати пред да се пресече.

Во спротивно, лесно може да се случи сите ние (освен Владата) да се разбудиме и да констатираме дека режимот на девизниот к*рс на денарот преку ноќ се сменил.



Изменето од anastea - 12.Септември.2008 во 16:54
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
Кон врв
naum 1518118 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
GayLord f**ker

Регистриран: 13.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naum 1518118 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2007 во 09:17
ееее... сега ке имам коментар...  доколку се централизира и монетарната маса оправдувам само со лизгање на денаров кон 130 ден евро... но доколку тоа го прават за нивни шпекулативни потреби тешко нас... ама мислам дека е за првото... видиш//.. можда темава ја прочита некој што треба!!!
Немо знам дека си во право шо и а напишиш!!! зато немој ,,, ево ти признавам... во право си!!!
А сите извозници: сега стегнете ја владава са депресијација на денаро!!!!голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
Кон врв
sensei Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2005
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sensei Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2007 во 11:58
Komunjarive se ke napravat za da sluci uste edna shok(kako Ali Ahmeti) taktika vrz narodot, pa posle narodov ako treba Bin Laden ke go izglasa na izbori.

15 godini dobro im beshe koga drpaa, a bash sega im pritreba devalvacija na denarot. Se zagrizile za izvozot.  Ha ha, dobar vic. среќа
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
Кон врв
naum 1518118 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
GayLord f**ker

Регистриран: 13.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naum 1518118 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2007 во 12:00
Сега и комуњар сум!!! абре аман....
Кажав мислење на темава... ова не е политика, а пошо си бос ...чути!!!
Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2007 во 23:59
додека не тргне бродов, по мирни води во познат правец, мораме да имаме сидро, така?
оти некако без сидро, може и да потонеме сите, заедно со бродов.
не е тоа само економско прашање, туку и социјално, политичко, етничко, оти се знае кој ги има валутите, па и класно прашање. посебно што се уште има луѓе кои заштедите си ги чуваат во Евра, иако се повеќе и повеќе се штеди во банки.
кога ќе ги дознаеме вредностите  на сите параметри, битни за оваа тематика, лесно ќе ја пресметаме добивката или загубата.
значи одиме егзактно, знае некој овде формули и параметри, со нивните вредности, или не знае?
да не се замараме за џабе.
Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
tomsaso Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 16
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tomsaso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2008 во 19:09
Ми паднаа во очи коментарите на магистерот и колегата, и јас сум исто студент на Економски.
Според мене се уште е рано за такво-толку големо ослободување на монетарните кочници, не беше одамна кога Македонија имаше 2000% инфлација и тоа скапо го плати. Сеуште е присутен стравот од инфлацијата, а како што вели славниот Фридман, економските субјекти секогаш гледаат со едно око во идинитата, така да многу лесно ќе проработат инфлаторните очекувања и тоа ќе не однесе во уште понезавидна ситуација. Излегувањето на денарот на Фореин Ексчејнџ пазарот би било фатално барем за сега, едноставно толку е моќен тој пазар во денешно време што би го згазил денарот и би не одвел во многу лоша ситуација. Замислете само какви би биле реакциите на тој пазар при замрсени работи околку косовското прашање, или слични стини и крупни компликации на Балканот?? Она што ние би требало да направиме во моментов е структурни реформи на расходната страна на буџетот односоно она за коешто ниедна влада нема храброст, отпуштање на дел од јавната администрација. Намалување на социјалните трансфери во маса, не преку намалување на сумата која ја добива поединецот, туку преку воведување малце построги правила за добивање на истата, нешто слично како Америка, таму ако не бараш активно 4 недели работа не може да се броиш како невработен. Експерименот на владата со рамните даноци испадна добар, и прибраните средства ги надминаа очекувањата значи тоа не е причина за фискална експанизија(мало придвижувањ на Лаферовата крива- во случајов праволинксо. И сума сумарум, со сите овие мерки би добиле еден вид на скоро урамнотежен буџет, значи многу мал дефицит, и поослободување на монетарните кочници али сепак контролирано посакувана инфлација од 5-8% која ќе биде доволна да ја раздвижи економијата.


И за магистерот; Викаш на едно место блага депрецијација на денарот до кај 120-150 денари.. извини немам многу учено квантитативни методи ама 100%-140% се смета за благо?

Корекции треба да има на денарот, кој за жал е малд за да излезе пред глутницата шпекуланти на ФОРЕКС. Депрецијација во однос 70-80 денари, ќе стимулира извоз и подобрување во платниот биланс, поткрепана со она што го кажав за фискалната политка.

Едноставно она што Стигилц го напрај во 90тиете во САД, она перфектно тјунирање на актуелниот на линија на потенциајлниот БДП, кај нас не може да се направи оти како прво немаме пресметано НАИРУ а после и ред други работи. И еден куп институционални фактори кои се нашата кочница.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 03:14
И официјално министерот за финансии најави дека давелвација на денарот нема да има, бидејќи не постојат причини за тоа: стабилни се фундаменталните фактори кои го определуваат рамнотежниот к*рс на денарот. Според негова проценка, ефектите од девалвација во нашата економија ќе бидат негативни.
 
“Висината на одржливиот дефицит на тековната сметка на платниот биланс е релативна работа. Зависи од нивото на развој во кое се наоѓа земјата. Не постои висина на дефицит на тековната сметка на платниот биланс што важи за секоја земја и за секое време. Земјите што се развиваат брзо и што примаат СДИ бележат повисок дефицит на тековните сметки. Кај нас, покрај овој факт, лани и во почетокот на годинава имаше и друг чинител - шокот од растечките цени на нафтата и на храната. Последниов фактор релативно се коригира и верувам дека наскоро нема да се повтори.
Зголемувањето на дефицитот не е драматична појава што ќе ја загрози макроекономската стабилност и перспективите на Македонија... и не е пресудна состојба поради која мора да се коригира девизниот к*рс. Сега во центарот на вниманието треба да ни бидат ефектите од светската криза врз стопанството. Треба да се следат состојбите во реалниот сектор, падот на цените на некои извозни стоки.“
 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,102 секунди.