IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Молитва кон Пресвета Богородица
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Молитва кон Пресвета Богородица

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 23>
Автор
Порака
Nya Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Молитва кон Пресвета Богородица
    Испратена: 24.Октомври.2008 во 19:17
МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА




МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
РАДУВАЈ СЕ БЛАГОДАТНА, ГОСПОД Е СО ТЕБЕ!


О семилостива Мајко и помошничке на
Христијаните! Тебе ти се радуваат
ангелите и ти служат архангелите!
Радувај се утехо на нажалените и палко
на слепите, помошничке и застапничке на
твоите слуги!
Радувај се, свет престолу, седиште на
Севишниот!
Радувај се, красна палато на Царот на сето
создание!
Радувај се, златна кадилнице на твојот
Творец!
Радувај се, владичице Марие, златен
Столбу!
Радувај се, солнечен престолу на
небесниот Цар, Дево света и непорочна!
Зачувај ме под твоја закрила мене што ја
носам и читам оваа молитва. Во твои раце ја
предавам мојава душа. Удостој ме изобилно да се
умножи мојата правда, та да влезам во
Царството Небесно, по зборовите на нашиот Бог
и Спасител Исус Христос.
О Пресвета Дево Марие и непорочна
Владичице, столбу и тврдино на верата! Радувај
се Невесто неневесна!
Радувај се, непорочна Мајко безмажна,
која во својата пречиста и безгрешна утроба го
носеше Носителот на небото и земјата и на се`
што е на нив!
Биди ми помошничка и застапничка на
мене – твојот слуга, зачувај ме во животните
грижи на овој свет и сите противни околности.
Подари ми долг век и продолжи ми го животот
како некогаш на Езекија, исполни го со земни
добра, во слава и чест на твоето пресвето име, да
ти пеам и да те славам секогаш.
О Владетелке на ангелите и Господарке на
мирот со својата утроба поширока од небесата.
Радувај се благодатна, Господ е со тебе!
Госпоѓо на госпоѓите, Светињо на
светињите, почесна од херувимите и серафи-
мите, покриј и зачувај ме!
Радувај се, саду златен што манна носиш!
Радувај се, Дево Марие, помошничке на
Грешниците и горо цврста!
Радувај се, пресвета палато на највисокиот Цар-
Христос!
Радувај се, цвету на мачениците и патријарсите!
О Марие, Пресвета Дево што небото го
покриваш со облаците на раѓањето од својата
утроба на еден од Света Троица; Христос нашиот
Бог, помогни ми мене – твојот слуга, и закрепни ме
со чесниот и животворен крст на твојот Син,
упатувајќи ме на правиот пат на спасението.
О свети ангели и архангели Михаиле и
Гавриле и свет ангелу чувару на мојата душа,
помогнете ми мене грешниот.
Чиста и Пресвета Дево и Владичице
Богородице, надеж на сите безнадежни, славна
како сонцето и преблага, повисока од небесата и
почиста од сончевите зраци, почесна од херуви-
мите и неспоредливо пославна од серафимите,
очекување на сите праотци, славо на пророците,
пофалбо на апостолите и радост на на сите маче-
ници, преподобни и испосници; веселбо Авраамова,
Исаакова и Јаковова; руно Гедеоново; убавино
Мојсеева, Ааронова и на сите светители; златна
кадилнице и свеќнику светлоносен; саду што
манна небесна носиш, животу на Божјиот Закон,
Царице моја сефална, најсвет престолу; утехо на
расплаканите, Пречиста Трирачице, водителке на
сите христијани, Пресвета Дево.
О капино несогорлива, сместувалиште,
процветан жезлу Ааронов, зашто од
тебе, како од Аароновиот жезол процвета твојот
Син Христос Избавителот, потомок од коренот
Давидов, нашиот Бог Творец и Седржител вишен
и единствен добротворец.
Ти како девица го роди Бога Словото и по
раѓањето остана девица, зашто Христос Бог и
Творец со своето бессемено воплотување од твоја-
та утроба го зачува твоето девство неповредено
и не` помири со Бога Отецот.
Ти си помошничка на беспомошните и грешните.
Ти си тивко пристаниште на бурното море, утеха
на светот и брзо ослободување на затворените.
Ти си лекарка на болните и спасение на светот.
Ти си тврдина на монасите и надеж на оние што
од животни грижи се опфатени.
Ти си трпение, жаштита ипокров на вдовиците.
Ти си пофалба, венец и убавина на девојките, о
девојко чесна!
Владичице, Царице и Госпоѓо моја, покриј
ме со твојот покров и зачувај ме, да не се пофали
над мене сатаната убиец и да не ме победи мојот
враг.
Помилувај ме мене бедниот и нечист, кој
со многу гревови го разгневив мојот Творец и Бог,
Судијата и Творецот на сите. Зашто Ти Пречи-
ста си мое пристаниште, помошничка и зашти-.
тничка. Прибегнувајќи под твојот покров , Влади-
чице, ти припаѓам, Сеславна и ропски повикувам,
молејќи ти се со солзи; мојот Пресладок Исус-
Творецот на се`, заради моите многу сторени гре-
вови, да не ме пресече недостоен и неподготвен.
Те молам Пречиста, да дојдам кај мојот
Христос и да влезам во дворот на праведниците,
каде што нема ни невоља, ни тага, ни мака, ни
опасност, туку е вечна радост, наслада и уживање
со праведниците, убавина и вечен живот без крај,
сладост и радување, слава и светлина во друштво
на ангелите.
Пресвета Дево, удостој ме мене
смирениот твој слуга, да се избавам од страстите
и од секој грев, и исполни ја мојата уста со бла-
годат, Најслатка, и просветувајќи ја мојата душа,
израдувана, придвижи ја мојата уста и јазикот, со,
радосна душа и усрдно срце да ја пеам оваа
ангелска песна, со која Гаврил те поздрави:
Радувај се, Дево, најблажена меѓу жените!
Радувај се, звездо пресветла, Мајко Дево!
Радувај се, ти што го роди Царот на сите!
Радувај се, ти што ја запали светлината на правдата!
Радувај се, Госпоѓо Владичице, повисока од сите!
Радувај се, миру и радост на целиот свет и спасение!
Радувај се, радост на целиот човечки род!
Радувај се, проповед и слово на сите пророци!
Радувај се, пофалбо на апостолите и добрино на мачениците!
Радувај се, радост и веселбо на праведниците!
Радувај се, венецу на воздржанието на преподобните и умилна песни на монасите!
Радувај се, најјасна песно на сите поети!
Радувај се, избавителке моја од погубна смрт!
Радувај се, избавителке моја од најтежок земјотрес!
Радувај се, најславно чудо на вселената!
Радувај се, насладо и украсу на сите луѓе!
Радувај се, рају сладок и бесмртен!
Радувај се, карпо на верните и спасение на сите луѓе!
Радувај се, тивко пристаниште, избавување од животните бури!
Радувај се, безбедност на сите умрени!
Радувај се, пофалбо на твоите смирени слуги!
Радувај се, радост и прибежиште на грешниците и туѓинците!
Радувај се, помошничке и утехо на повредените!
Радувај се, застапничке моја во денот на Судот!
Радувај се, Пречиста, многусветол дену на моето просветување!
Радувај се, Чиста, што ја згази главата на змијата од која потекна злото!
Радувај се, ти што окованите ги ослободуваш од адските ланци!
Радувај се, ти што на светот многу радост му донесе!
Радувај се, причинителке на спасението на целиот свет и славо!
Радувај се, најопеана наша заштитничке и покровителке!
Радувај се, Владичице потпоро на верните цареви!
Радувај се, ти што на владетелите слава им даваш!
Радувај се, славо и радост на свештениците!
Радувај се, ти што рајските двери ги отвори!
Радувај се, ти што тагата ја пресече и радост донесе!
Радувај се, ти што ја исцели тагата на нажалените!
Радувај се, клучу од небесното Царство Христово!
Радувај се, сигурно пристаниште и надеж доверлива!
Радувај се, помошничке на сите Дево Богородице!
Радувај се, светлино на Пресветиот, што светот го просветуваш!
Радувај се, Мајко на Христос Бог, Синот на живиот Бог!
Радувај се, покрове и радост на сите луѓе, ти што во утробата
ја носеше надежта на сите умрени!
Радува се, ти што во утробата го смести Безграничниот!
Радувај се, ти што со млеко го хранеше Христа животодавецот,
мојот милосрден Бог и Творец!
Радувај се, ти што храниш Хранителот на сите-мојот штедар Човекољубец
и Седржител, Кому му припаѓа секоја слава, чест и поклонување,
со беспочетниот Отец и пресветиот, благ и животворен Дух негов,
сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин.
ПО ЗАВРШУВАЊЕТО , ОВОЈ ВОСКЛИК
СО ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА:
О Пресвета Госпоѓо, Владичице Дево Богородице,
прими ја мојава недостојна молитва и
зачувај ме од нагла смрт и пред крајот дај ми покајание (три пати)
Богородице Дево, радувај се благодатна Марие Господ е со тебе.
Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба,
зашто си го родила Спасителот на душите наши.
Богородице Дево, радувај се благодатна,
зашто телесно во утробата го носеше Синот Божји;
Радувај се оти го роди,
Радувај се, оти мудреците му се поклонија,
Радувај се, оти Христа по три дена си го пронашла во храмот,
Радувај се, оти Христос воскресна од мртвите и се вознесе на небесата,
Радувај се, оти ти самата на небесата си земна,
Радувај се, оти тебе сите небесни жители ти се послушни.
Радувај се, оти се` што сакаш можеш да направиш.
Радувај се,
Оти блиску си до пресвета Троица.
Радувај се, Благодатна Марие, Господ е со тебе.
ТРОПАР, ГЛАС 6
Пресвета Владичице, под твоја заштита припаѓаме сите,
и те молиме ние недостојните,
побрзај и избави го ова место и овој град од секоја невоља
и нагла и погубна смрт, зашто знаеме дека можеш се` што сакаш.
Владетелке на светот и Господарке на сите, Благодатна, послушај не` нас што се молиме!
Пресвета Владичице и застапничке на светот, ангели, архангели,
апостоли, блажени, Претечо Христов Јоване, свети четириесет маченици,
првомаченику Стефане, Викторе, Мино и Викентие, Теодоре, Димитрие и
победоносецу Георгије, со Атанасиј Велики и Григориј, премудар Златоусте
со Николај, молете се за нашите души.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 19:45
Добредојде на форумов Nya. Твојот ник ми е познат од еден друг форум, така што ако си ти таа "The Nya", тогаш ми е уште подраго што те гледам и на овој форум големо%20гушкање
А сега, ред е да ти покажам како јас ги пречекувам новите кои доаѓаат на овој форум бакнеж не не, се зезам, не со бакнеж, туку со еден пар остри ножички. Збунета? голема%20насмевка Сега ќе ти стане појасно.
Значи, ги земаме острите ножички.. и одиме по ред...
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Во твои раце ја предавам мојава душа.
 
Христос, Давид, маченикот Стефан итн сите Божји луѓе во Библијата на Господ Му ги предале своите души, а не на Марија.
 
"Во Твојата рака го предавам мојот дух; Ти ме откупи, Господи, Боже на вистината." (Псалм 31:5)
"Тогаш Исус извика со силен глас: „Татко, Го предавам Својот дух во Твои раце." (Лука 23:46)
"И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух!”" (Дела 7:59)
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, непорочна Мајко безмажна,
 
Марија имала маж - Јосиф.
 
"на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос" (Матеј 1:16)
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Подари ми долг век и продолжи ми го животот како некогаш на Езекија,
 
Господ му го продолжи животот на Езекија, а не Марија.
 
"Отиди и речи му на Езекија: ‘Вака вели Господ, Бог на твојот татко Давид: „Ја послушав твојата молитва, ги видов твоите солзи. Ќе те излечам; по три дни ќе влезеш во Господовиот Дом. Ќе му додадам на твојот век петнаесет години."
(Исаија 38:5)
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

О Владетелке на ангелите и Господарке на мирот
 
Господ владее со Ангелите, а не Марија.
Исус е наречен Кнез на Мирот, а не Марија (па уште и Господарка?)
 
"Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот." (Исаија 9:6)
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Царице моја сефална,
 
Марија Царица?
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Пречиста Трирачице,
 
Марија немала три раце, туку две.
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

водителке на сите христијани,
 
На Христијаните водач им е Христос, а не Марија.
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

О капино несогорлива,
 
Господов ангел му се јави на Мојсеј преку несогорлива капина, а не Марија.
 
"Господов ангел му се покажа во распламнат оган од една капина" (Излез 3:2)
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Ти си лекарка на болните и спасение на светот.
 
Господ е Лекарот на болните и Спасение на Светот, а не Марија.
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Владичице, ти припаѓам,
 
Христијаните му припаѓаат на Христос, а не на Марија.
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, Госпоѓо Владичице, повисока од сите!
 
Јован Крстителот е најголем меѓу родените од жена, и следствено поголем од Марија.
 
"Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јован Крстител"
(Исус Христос во Матеј 11:11)
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, проповед и слово на сите пророци!
 
Слово на сите пророци??? Единствен пророк што (маргинално) ја спомнува Марија е Исаија и тоа пророкувајќи за Христос, а не за Марија.
За предавникот Јуда има повеќе и подетални пророштва отколку за Марија.
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, пофалбо на апостолите и добрино на мачениците!
 
Пофалбо на апостолите? Па апостолите НИТУ ЕДНАШ не ја спомнале Марија во своите посланија.
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, избавителке моја од погубна смрт!
 
Бог е Тој што може да не избави од смрт, а не Марија!
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, најславно чудо на вселената!
 
Се читаш ли што пишуваш???
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, карпо на верните и спасение на сите луѓе!
 
Христос е карпата на верните и спасение на сите луѓе, а не Марија!
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, безбедност на сите умрени!
 
Тешко им на умрените ако се надеваат на Марија.
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, застапничке моја во денот на Судот!
 
Христос ќе биде нашиот застапник на Судниот ден.
 
"Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?" (Римјаните 8:34)
"и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: Исус Христос, Праведникот." (1 Јованово 2:1)
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, Чиста, што ја згази главата на змијата од која потекна злото!
 
Христос ја згази главата на змијата, а не Марија.
 
"Тогаш Господ, Бог, и рече на змијата: „Бидејќи го направи тоа, проклета да бидеш меѓу сите ѕверови и меѓу секое полско животно! По мевот ќе се влечеш и прав ќе јадеш Сите денови на својот живот! Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и Нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата"
(Битие 3:14-15)
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, најопеана наша заштитничке и покровителке!
 
Поопеана и од Бог?
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, ти што на владетелите слава им даваш!
 
Господ им дава слава на Владетелите!
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Радувај се, клучу од небесното Царство Христово!
 
Демек без "клучот на Марија", нема влез во Небото хм?
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Пресвета Владичице, под твоја заштита припаѓаме сите,
 
Не сите! Христијаните припаѓаат под заштитата на Господ.
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Владетелке на светот и Господарке на сите,
 
Господ е Владетел на светот и Господар на сите, а не Марија!
 
Заклучок: Христос, а не Марија!


Изменето од EvAngelos - 24.Октомври.2008 во 19:58
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nya Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 19:54
Аууу ама си бил брзззз.. да да јас сум таа the Nya хаха, знаев дека ќе ме препознаеш, иако мина доста време од кога не сме се допишувале.
Интересни коментари. Ако, тоа и сакав да го видам од тебе :) Затоа и ја отворив оваа тема, за да размениме мислења околу молитвата кон Пресвета Богородица. Сега немам време, но ќе ти одговорам на коментарите и јас тебе но со моите ножички, едно по едно хаха ;)
До следно видување срц мрц прц :***
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 20:03
Јас сум пресреќен што БОГ баш Марија ДЕВА ја одбрал под нејзиното верно срце да се отелотвори Неговото Вечно СЛОВО, ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС!

Среќен сум што Марија ДЕВА во ИСУСА секогаш била и останала ДЕВА!

Во Него е клучот на сите тајни !
Дајбоже набрзо секој да им поверува одсрце и да се спаси.

АМИН



Исус е, Исус е ГОСПОД е!
ОТЕЦОТ лично во Него живее!
И ДУХОТ СВЕТОЛ од Него се лее!
Марија пречиста во Него вечна ДЕВА е!

ХАЛЕЛУЈАХ!!!


       


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 20:12
аман бе доста се фаќате за влакно срамотае кога се вели дека Богородицџа немала маж се мисли дека не општела со него зошто и во светото писмо е посведочено дека јосив немал односи со богородица дај нешто паметно коментирај ова веке е видено и бајато
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
neo_wmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Angel of Death.

Регистриран: 29.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај neo_wmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 20:15

Многу добро кажано EvAngelos. Целосно се согласувам со тебе.


Изменето од neo_wmaster - 24.Октомври.2008 во 20:57
I love Daphne Millbrook.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 22:25
Во една објава примена преку божјата пророчица и вестојавителка за денешното време, се објави серафимот на божественото милосрдие(една од чуварките на законот), нам на луѓето позната како Марија, телесната мајка на Исус од Назарет.

Во таа објава таа објасни дека својата мисија веќе ја завршила на Земјата(овозможи вплотување на Христос во Исус и грижа за него како дете) и воедно замоли луѓето да не и` се молат и не ја чествуваат нејзе бидејќи само на Бога му припаѓа сета слава и почест, а Христос е нашиот водич кон Бога.

Овој коментар нека не биде сфатен од верниците како навреда туку само како пренесена инофрмација, а Бог секому дал слободна волја како ќе се однесува, така и на сите верници.

Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:35
Мајкл, кој за тебе има поголемо значење во однос на спасението: Марија ДЕВА или пророчицата на верската заедница на која и припаѓаш ти?

Ти благодарам однапред за одговорот     
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 17:01
Originally posted by spiros spiros напиша:

Мајкл, кој за тебе има поголемо значење во однос на спасението: Марија ДЕВА или пророчицата на верската заедница на која и припаѓаш ти?

Ти благодарам однапред за одговорот     
Ниту едната ниту другата.

Христос е Патот, Вистината и Животот! Никој не доаѓа кај Небесниот Отец(Бога) освен преку Него.

Пророците само ја одржувале комуникацијата помеѓу Бога и луѓето и укажуваа на оној кој е Патот, Вистината и Животот: Христос Божји! Доколку луѓето ги исполнуваа Божјите закони низ времињата, ќе немаше потреба од пророци, бидејќи самите луѓе би станале Реч и Закон Божји а со тоа и тие би имале директна комуникација со Бога и Христа!

Изменето од Majkl - 25.Октомври.2008 во 17:02
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 17:42
      Многу долга молитвава само што стопати е кажано не треба да се обраќате со молитва на Марија зашто таа не е Бог.

Изменето од izvoren - 25.Октомври.2008 во 18:59
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 18:14
Молитва ми Богородици, Спасе спаси нас!
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Vetil Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vetil Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 18:25
IZVOREN no vidovme deka po molbata na MARIJA Isus ja pretvori vodata vo VINO...taka da i nie i se obrakjame nejze da se pomoli za nas nedostojnite..

Bogorodice devo, raduvaj se Blagodatna Marije Gospod e so Tebe.Blagoslovena si ti megju zenite i blagosloven e Plodot na tvojata utroba zasto si go rodila SPASITELOT na dush*te nashi..

OVA E OD SVETOTO PISMO!!!

PRVIOT DEL E OD ANGELOT, VTORIOT OD ELISAVETA..(na site jasno)

I PO ZBOROVITE NA PRESVETATA VLADICICA NASHA KOJA RECE

"OD SEGA KJE ME UBLAZUVAAT SITE RODOVI"


O TEBE RADUJETSJA, BLAGODATNAJA, VSJAKAJA TVAR:ANGELSKI SOBOR I CELOVECESKIJ ROD OSVJASHCENIJ HRAMEI RAJU SLOVESNIJ, DESTVENAJA POHVALOIZ NJEJZJE BOG VOPLOTISJA I MLADENEC BIST;PREJZDE VJEK SIJ BOG NASH;LOZESNA BOTVOJA PRESTOL SOTVORI I CREVO TVOJE PROSTRANJEJE NEBES SODJELA;
O TEBJE RADUJETSJA, BLAGODATNAJA VSJAKAJA TVAR.


Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 18:55
Originally posted by Vetil Vetil напиша:

IZVOREN no vidovme deka po molbata na MARIJA Isus ja pretvori vodata vo VINO...taka da i nie i se obrakjame nejze da se pomoli za nas nedostojnite..

Bogorodice devo, raduvaj se Blagodatna Marije Gospod e so Tebe.Blagoslovena si ti megju zenite i blagosloven e Plodot na tvojata utroba zasto si go rodila SPASITELOT na dush*te nashi..

OVA E OD SVETOTO PISMO!!!

PRVIOT DEL E OD ANGELOT, VTORIOT OD ELISAVETA..(na site jasno)

I PO ZBOROVITE NA PRESVETATA VLADICICA NASHA KOJA RECE

"OD SEGA KJE ME UBLAZUVAAT SITE RODOVI"


O TEBE RADUJETSJA, BLAGODATNAJA, VSJAKAJA TVAR:ANGELSKI SOBOR I CELOVECESKIJ ROD OSVJASHCENIJ HRAMEI RAJU SLOVESNIJ, DESTVENAJA POHVALOIZ NJEJZJE BOG VOPLOTISJA I MLADENEC BIST;PREJZDE VJEK SIJ BOG NASH;LOZESNA BOTVOJA PRESTOL SOTVORI I CREVO TVOJE PROSTRANJEJE NEBES SODJELA;
O TEBJE RADUJETSJA, BLAGODATNAJA VSJAKAJA TVAR.




Да не се повторуваме Евангелос нашироко објаснуваше дека Христос не ја претвои водата во вино поради молитва од Марија зашто никаде не пишува дека го замолила.Всушност таа немала никакво влијание и авторитет посебен кај Христос.
Исто и Јаила е благословена во Писмото

Благословена да е меѓу жените Јаила, жената на Кенеецот Хевер, нека биде славена меѓу жените во шаторите!
        Судии5:24

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 20:00
Не не ја направил водата во вино затоа што Таа го замолила... онака - си праеле муабет луѓето...
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.