Молитва кон Пресвета Богородица
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16297
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 21:46 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Молитва кон Пресвета Богородица
Постирано од: Nya
Наслов: Молитва кон Пресвета Богородица
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 19:17
МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА http://preminportal.com.mk/index2.php?option=com_content&task=view&id=2825&pop=1&page=0&Itemid=54 - http://preminportal.com.mk/index2.php?option=com_content&task=emailform&id=2825&itemid=54 -
МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА РАДУВАЈ
СЕ БЛАГОДАТНА, ГОСПОД Е СО ТЕБЕ!
О семилостива Мајко и помошничке
на Христијаните! Тебе ти се радуваат ангелите и ти служат
архангелите! Радувај се утехо на нажалените и палко на слепите, помошничке
и застапничке на твоите слуги! Радувај се, свет престолу, седиште
на Севишниот! Радувај се, красна палато на Царот на
сето создание! Радувај се, златна кадилнице на
твојот Творец! Радувај се, владичице Марие, златен Столбу! Радувај
се, солнечен престолу на небесниот Цар, Дево света и непорочна! Зачувај
ме под твоја закрила мене што ја носам и читам оваа молитва. Во твои раце
ја предавам мојава душа. Удостој ме изобилно да се умножи мојата правда,
та да влезам во Царството Небесно, по зборовите на нашиот Бог и Спасител
Исус Христос. О Пресвета Дево Марие и непорочна Владичице, столбу и
тврдино на верата! Радувај се Невесто неневесна! Радувај се, непорочна
Мајко безмажна, која во својата пречиста и безгрешна утроба го носеше
Носителот на небото и земјата и на се` што е на нив! Биди ми помошничка и
застапничка на мене – твојот слуга, зачувај ме во животните грижи на овој
свет и сите противни околности. Подари ми долг век и продолжи ми го
животот како некогаш на Езекија, исполни го со земни добра, во слава и
чест на твоето пресвето име, да ти пеам и да те славам секогаш. О
Владетелке на ангелите и Господарке на мирот со својата утроба поширока од
небесата. Радувај се благодатна, Господ е со тебе! Госпоѓо на госпоѓите,
Светињо на светињите, почесна од херувимите и серафи- мите, покриј и
зачувај ме! Радувај се, саду златен што манна носиш! Радувај се, Дево
Марие, помошничке на Грешниците и горо цврста! Радувај се, пресвета палато
на највисокиот Цар- Христос! Радувај се, цвету на мачениците и
патријарсите! О Марие, Пресвета Дево што небото го покриваш со облаците
на раѓањето од својата утроба на еден од Света Троица; Христос нашиот Бог,
помогни ми мене – твојот слуга, и закрепни ме со чесниот и животворен крст на
твојот Син, упатувајќи ме на правиот пат на спасението. О свети ангели и
архангели Михаиле и Гавриле и свет ангелу чувару на мојата
душа, помогнете ми мене грешниот. Чиста и Пресвета Дево и
Владичице Богородице, надеж на сите безнадежни, славна како сонцето и
преблага, повисока од небесата и почиста од сончевите зраци, почесна од
херуви- мите и неспоредливо пославна од серафимите, очекување на сите
праотци, славо на пророците, пофалбо на апостолите и радост на на сите
маче- ници, преподобни и испосници; веселбо Авраамова, Исаакова и
Јаковова; руно Гедеоново; убавино Мојсеева, Ааронова и на сите светители;
златна кадилнице и свеќнику светлоносен; саду што манна небесна носиш,
животу на Божјиот Закон, Царице моја сефална, најсвет престолу; утехо
на расплаканите, Пречиста Трирачице, водителке на сите христијани,
Пресвета Дево. О капино несогорлива, сместувалиште, процветан жезлу
Ааронов, зашто од тебе, како од Аароновиот жезол процвета твојот Син
Христос Избавителот, потомок од коренот Давидов, нашиот Бог Творец и
Седржител вишен и единствен добротворец. Ти како девица го роди Бога
Словото и по раѓањето остана девица, зашто Христос Бог и Творец со своето
бессемено воплотување од твоја- та утроба го зачува твоето девство
неповредено и не` помири со Бога Отецот. Ти си помошничка на беспомошните
и грешните. Ти си тивко пристаниште на бурното море, утеха на светот и
брзо ослободување на затворените. Ти си лекарка на болните и спасение на
светот. Ти си тврдина на монасите и надеж на оние што од животни грижи се
опфатени. Ти си трпение, жаштита ипокров на вдовиците. Ти си пофалба,
венец и убавина на девојките, о девојко чесна! Владичице, Царице и Госпоѓо
моја, покриј ме со твојот покров и зачувај ме, да не се пофали над мене
сатаната убиец и да не ме победи мојот враг. Помилувај ме мене бедниот и
нечист, кој со многу гревови го разгневив мојот Творец и Бог, Судијата и
Творецот на сите. Зашто Ти Пречи- ста си мое пристаниште, помошничка и
зашти-. тничка. Прибегнувајќи под твојот покров , Влади- чице, ти
припаѓам, Сеславна и ропски повикувам, молејќи ти се со солзи; мојот
Пресладок Исус- Творецот на се`, заради моите многу сторени гре- вови, да
не ме пресече недостоен и неподготвен. Те молам Пречиста, да дојдам кај
мојот Христос и да влезам во дворот на праведниците, каде што нема ни
невоља, ни тага, ни мака, ни опасност, туку е вечна радост, наслада и
уживање со праведниците, убавина и вечен живот без крај, сладост и
радување, слава и светлина во друштво на ангелите. Пресвета Дево, удостој
ме мене смирениот твој слуга, да се избавам од страстите и од секој грев,
и исполни ја мојата уста со бла- годат, Најслатка, и просветувајќи ја мојата
душа, израдувана, придвижи ја мојата уста и јазикот, со, радосна душа и
усрдно срце да ја пеам оваа ангелска песна, со која Гаврил те
поздрави: Радувај се, Дево, најблажена меѓу жените! Радувај се, звездо
пресветла, Мајко Дево! Радувај се, ти што го роди Царот на сите! Радувај
се, ти што ја запали светлината на правдата! Радувај се, Госпоѓо Владичице,
повисока од сите! Радувај се, миру и радост на целиот свет и
спасение! Радувај се, радост на целиот човечки род! Радувај се, проповед и
слово на сите пророци! Радувај се, пофалбо на апостолите и добрино на
мачениците! Радувај се, радост и веселбо на праведниците! Радувај се,
венецу на воздржанието на преподобните и умилна песни на монасите! Радувај
се, најјасна песно на сите поети! Радувај се, избавителке моја од погубна
смрт! Радувај се, избавителке моја од најтежок земјотрес! Радувај се,
најславно чудо на вселената! Радувај се, насладо и украсу на сите
луѓе! Радувај се, рају сладок и бесмртен! Радувај се, карпо на верните и
спасение на сите луѓе! Радувај се, тивко пристаниште, избавување од животните
бури! Радувај се, безбедност на сите умрени! Радувај се, пофалбо на твоите
смирени слуги! Радувај се, радост и прибежиште на грешниците и
туѓинците! Радувај се, помошничке и утехо на повредените! Радувај се,
застапничке моја во денот на Судот! Радувај се, Пречиста, многусветол дену на
моето просветување! Радувај се, Чиста, што ја згази главата на змијата од
која потекна злото! Радувај се, ти што окованите ги ослободуваш од адските
ланци! Радувај се, ти што на светот многу радост му донесе! Радувај се,
причинителке на спасението на целиот свет и славо! Радувај се, најопеана наша
заштитничке и покровителке! Радувај се, Владичице потпоро на верните
цареви! Радувај се, ти што на владетелите слава им даваш! Радувај се,
славо и радост на свештениците! Радувај се, ти што рајските двери ги
отвори! Радувај се, ти што тагата ја пресече и радост донесе! Радувај се,
ти што ја исцели тагата на нажалените! Радувај се, клучу од небесното Царство
Христово! Радувај се, сигурно пристаниште и надеж доверлива! Радувај се,
помошничке на сите Дево Богородице! Радувај се, светлино на Пресветиот, што
светот го просветуваш! Радувај се, Мајко на Христос Бог, Синот на живиот
Бог! Радувај се, покрове и радост на сите луѓе, ти што во утробата ја
носеше надежта на сите умрени! Радува се, ти што во утробата го смести
Безграничниот! Радувај се, ти што со млеко го хранеше Христа животодавецот,
мојот милосрден Бог и Творец! Радувај се, ти што храниш Хранителот на
сите-мојот штедар Човекољубец и Седржител, Кому му припаѓа секоја слава, чест
и поклонување, со беспочетниот Отец и пресветиот, благ и животворен Дух
негов, сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин. ПО ЗАВРШУВАЊЕТО ,
ОВОЈ ВОСКЛИК СО ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА: О Пресвета Госпоѓо, Владичице Дево
Богородице, прими ја мојава недостојна молитва и зачувај ме од нагла смрт
и пред крајот дај ми покајание (три пати) Богородице Дево, радувај се
благодатна Марие Господ е со тебе. Благословена си ти меѓу жените и
благословен е плодот на твојата утроба, зашто си го родила Спасителот на
душите наши. Богородице Дево, радувај се благодатна, зашто телесно во
утробата го носеше Синот Божји; Радувај се оти го роди, Радувај се, оти
мудреците му се поклонија, Радувај се, оти Христа по три дена си го пронашла
во храмот, Радувај се, оти Христос воскресна од мртвите и се вознесе на
небесата, Радувај се, оти ти самата на небесата си земна, Радувај се, оти
тебе сите небесни жители ти се послушни. Радувај се, оти се` што сакаш можеш
да направиш. Радувај се, Оти блиску си до пресвета Троица. Радувај се,
Благодатна Марие, Господ е со тебе. ТРОПАР, ГЛАС 6 Пресвета Владичице,
под твоја заштита припаѓаме сите, и те молиме ние недостојните, побрзај и
избави го ова место и овој град од секоја невоља и нагла и погубна смрт,
зашто знаеме дека можеш се` што сакаш. Владетелке на светот и Господарке на
сите, Благодатна, послушај не` нас што се молиме! Пресвета Владичице и
застапничке на светот, ангели, архангели, апостоли, блажени, Претечо Христов
Јоване, свети четириесет маченици, првомаченику Стефане, Викторе, Мино и
Викентие, Теодоре, Димитрие и победоносецу Георгије, со Атанасиј Велики и
Григориј, премудар Златоусте со Николај, молете се за нашите души.
|
Коментари:
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 19:45
Добредојде на форумов Nya. Твојот ник ми е познат од еден друг форум, така што ако си ти таа "The Nya", тогаш ми е уште подраго што те гледам и на овој форум
А сега, ред е да ти покажам како јас ги пречекувам новите кои доаѓаат на овој форум не не, се зезам, не со бакнеж, туку со еден пар остри ножички. Збунета? Сега ќе ти стане појасно.
Значи, ги земаме острите ножички.. и одиме по ред...
Nya напиша:
Во твои раце ја предавам мојава душа. |
Христос, Давид, маченикот Стефан итн сите Божји луѓе во Библијата на Господ Му ги предале своите души, а не на Марија.
"Во Твојата рака го предавам мојот дух; Ти ме откупи, Господи, Боже на вистината." (Псалм 31:5)
"Тогаш Исус извика со силен глас: „Татко, Го предавам Својот дух во Твои раце." (Лука 23:46) "И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух!”" (Дела 7:59)
Nya напиша:
Радувај се, непорочна Мајко безмажна, |
Марија имала маж - Јосиф.
"на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос" (Матеј 1:16)
Nya напиша:
Подари ми долг век и продолжи ми го животот како некогаш на Езекија, |
Господ му го продолжи животот на Езекија, а не Марија.
"Отиди и речи му на Езекија: ‘Вака вели Господ, Бог на твојот татко Давид: „Ја послушав твојата молитва, ги видов твоите солзи. Ќе те излечам; по три дни ќе влезеш во Господовиот Дом. Ќе му додадам на твојот век петнаесет години." (Исаија 38:5)
Nya напиша:
О Владетелке на ангелите и Господарке на мирот |
Господ владее со Ангелите, а не Марија. Исус е наречен Кнез на Мирот, а не Марија (па уште и Господарка?)
"Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот." (Исаија 9:6)
Nya напиша:
Царице моја сефална, |
Марија Царица?
Nya напиша:
Пречиста Трирачице, |
Марија немала три раце, туку две.
Nya напиша:
водителке на сите христијани, |
На Христијаните водач им е Христос, а не Марија.
Nya напиша:
О капино несогорлива, |
Господов ангел му се јави на Мојсеј преку несогорлива капина, а не Марија.
"Господов ангел му се покажа во распламнат оган од една капина" (Излез 3:2)
Nya напиша:
Ти си лекарка на болните и спасение на светот. |
Господ е Лекарот на болните и Спасение на Светот, а не Марија.
Nya напиша:
Владичице, ти припаѓам, |
Христијаните му припаѓаат на Христос, а не на Марија.
Nya напиша:
Радувај се, Госпоѓо Владичице, повисока од сите! |
Јован Крстителот е најголем меѓу родените од жена, и следствено поголем од Марија.
"Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јован Крстител"
(Исус Христос во Матеј 11:11)
Nya напиша:
Радувај се, проповед и слово на сите пророци! |
Слово на сите пророци??? Единствен пророк што (маргинално) ја спомнува Марија е Исаија и тоа пророкувајќи за Христос, а не за Марија. За предавникот Јуда има повеќе и подетални пророштва отколку за Марија.
Nya напиша:
Радувај се, пофалбо на апостолите и добрино на мачениците! |
Пофалбо на апостолите? Па апостолите НИТУ ЕДНАШ не ја спомнале Марија во своите посланија.
Nya напиша:
Радувај се, избавителке моја од погубна смрт! |
Бог е Тој што може да не избави од смрт, а не Марија!
Nya напиша:
Радувај се, најславно чудо на вселената! |
Се читаш ли што пишуваш???
Nya напиша:
Радувај се, карпо на верните и спасение на сите луѓе! |
Христос е карпата на верните и спасение на сите луѓе, а не Марија!
Nya напиша:
Радувај се, безбедност на сите умрени! |
Тешко им на умрените ако се надеваат на Марија.
Nya напиша:
Радувај се, застапничке моја во денот на Судот! |
Христос ќе биде нашиот застапник на Судниот ден.
"Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?" (Римјаните 8:34) "и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: Исус Христос, Праведникот." (1 Јованово 2:1)
Nya напиша:
Радувај се, Чиста, што ја згази главата на змијата од која потекна злото! |
Христос ја згази главата на змијата, а не Марија.
"Тогаш Господ, Бог, и рече на змијата: „Бидејќи го направи тоа, проклета да бидеш меѓу сите ѕверови и меѓу секое полско животно! По мевот ќе се влечеш и прав ќе јадеш Сите денови на својот живот! Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и Нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата"
(Битие 3:14-15)
Nya напиша:
Радувај се, најопеана наша заштитничке и покровителке! |
Поопеана и од Бог?
Nya напиша:
Радувај се, ти што на владетелите слава им даваш! |
Господ им дава слава на Владетелите!
Nya напиша:
Радувај се, клучу од небесното Царство Христово! |
Демек без "клучот на Марија", нема влез во Небото хм?
Nya напиша:
Пресвета Владичице, под твоја заштита припаѓаме сите, |
Не сите! Христијаните припаѓаат под заштитата на Господ.
Nya напиша:
Владетелке на светот и Господарке на сите, |
Господ е Владетел на светот и Господар на сите, а не Марија!
Заклучок: Христос, а не Марија!
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Nya
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 19:54
Аууу ама си бил брзззз.. да да јас сум таа the Nya хаха, знаев дека ќе ме препознаеш, иако мина доста време од кога не сме се допишувале. Интересни коментари. Ако, тоа и сакав да го видам од тебе :) Затоа и ја отворив оваа тема, за да размениме мислења околу молитвата кон Пресвета Богородица. Сега немам време, но ќе ти одговорам на коментарите и јас тебе но со моите ножички, едно по едно хаха ;) До следно видување срц мрц прц :***
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 20:03
Јас сум пресреќен што БОГ баш Марија ДЕВА ја одбрал под нејзиното верно срце да се отелотвори Неговото Вечно СЛОВО, ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС!
Среќен сум што Марија ДЕВА во ИСУСА секогаш била и останала ДЕВА!
Во Него е клучот на сите тајни !
Дајбоже набрзо секој да им поверува одсрце и да се спаси.
АМИН
Исус е, Исус е ГОСПОД е!
ОТЕЦОТ лично во Него живее!
И ДУХОТ СВЕТОЛ од Него се лее!
Марија пречиста во Него вечна ДЕВА е!
ХАЛЕЛУЈАХ!!!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 20:12
аман бе доста се фаќате за влакно срамотае кога се вели дека Богородицџа немала маж се мисли дека не општела со него зошто и во светото писмо е посведочено дека јосив немал односи со богородица дај нешто паметно коментирај ова веке е видено и бајато
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: neo_wmaster
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 20:15
Многу добро кажано EvAngelos. Целосно се согласувам со тебе.
------------- I love Daphne Millbrook.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 22:25
Во една објава примена преку http://universelles-leben.org/makedonski/prophetie/warum%20spricht%20gott_der%20ewige.html - божјата пророчица и вестојавителка за денешното време , се објави серафимот на божественото милосрдие(една од чуварките на законот), нам на луѓето позната како Марија, телесната мајка на Исус од Назарет.
Во таа објава таа објасни дека својата мисија веќе ја завршила на Земјата(овозможи вплотување на Христос во Исус и грижа за него како дете) и воедно замоли луѓето да не и` се молат и не ја чествуваат нејзе бидејќи само на Бога му припаѓа сета слава и почест, а Христос е нашиот водич кон Бога.
Овој коментар нека не биде сфатен од верниците како навреда туку само како пренесена инофрмација, а Бог секому дал слободна волја како ќе се однесува, така и на сите верници.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 23:35
Мајкл, кој за тебе има поголемо значење во однос на спасението: Марија ДЕВА или пророчицата на верската заедница на која и припаѓаш ти?
Ти благодарам однапред за одговорот
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 17:01
spiros напиша:
Мајкл, кој за тебе има поголемо значење во однос на спасението: Марија ДЕВА или пророчицата на верската заедница на која и припаѓаш ти?
Ти благодарам однапред за одговорот | Ниту едната ниту другата.
Христос е Патот, Вистината и Животот! Никој не доаѓа кај Небесниот Отец(Бога) освен преку Него.
Пророците само ја одржувале комуникацијата помеѓу Бога и луѓето и укажуваа на оној кој е Патот, Вистината и Животот: Христос Божји! Доколку луѓето ги исполнуваа Божјите закони низ времињата, ќе немаше потреба од пророци, бидејќи самите луѓе би станале Реч и Закон Божји а со тоа и тие би имале директна комуникација со Бога и Христа!
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 17:42
Многу долга молитвава само што стопати е кажано не треба да се обраќате со молитва на Марија зашто таа не е Бог.
|
Постирано од: Orthophill
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 18:14
Молитва ми Богородици, Спасе спаси нас!
------------- Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
|
Постирано од: Vetil
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 18:25
IZVOREN no vidovme deka po molbata na MARIJA Isus ja pretvori vodata vo VINO...taka da i nie i se obrakjame nejze da se pomoli za nas nedostojnite..
Bogorodice devo, raduvaj se Blagodatna Marije Gospod e so Tebe.Blagoslovena si ti megju zenite i blagosloven e Plodot na tvojata utroba zasto si go rodila SPASITELOT na dush*te nashi..
OVA E OD SVETOTO PISMO!!!
PRVIOT DEL E OD ANGELOT, VTORIOT OD ELISAVETA..(na site jasno)
I PO ZBOROVITE NA PRESVETATA VLADICICA NASHA KOJA RECE
"OD SEGA KJE ME UBLAZUVAAT SITE RODOVI"
O TEBE RADUJETSJA, BLAGODATNAJA, VSJAKAJA TVAR:ANGELSKI SOBOR I CELOVECESKIJ ROD OSVJASHCENIJ HRAMEI RAJU SLOVESNIJ, DESTVENAJA POHVALOIZ NJEJZJE BOG VOPLOTISJA I MLADENEC BIST;PREJZDE VJEK SIJ BOG NASH;LOZESNA BOTVOJA PRESTOL SOTVORI I CREVO TVOJE PROSTRANJEJE NEBES SODJELA;
O TEBJE RADUJETSJA, BLAGODATNAJA VSJAKAJA TVAR.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 18:55
Vetil напиша:

Да не се повторуваме Евангелос нашироко објаснуваше дека Христос не ја претвои водата во вино поради молитва од Марија зашто никаде не пишува дека го замолила.Всушност таа немала никакво влијание и авторитет посебен кај Христос.
Исто и Јаила е благословена во Писмото
Благословена да е меѓу жените Јаила, жената на Кенеецот Хевер, нека биде славена меѓу жените во шаторите!
Судии5:24
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 20:00
Не не ја направил водата во вино затоа што Таа го замолила... онака - си праеле муабет луѓето...
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 20:08
izvoren напиша:
Vetil напиша:
|
Да не се повторуваме Евангелос нашироко објаснуваше дека Христос не ја претвои водата во вино поради молитва од Марија зашто никаде не пишува дека го замолила.Всушност таа немала никакво влијание и авторитет посебен кај Христос. Исто и Јаила е благословена во Писмото
Благословена да е меѓу жените Јаила, жената на Кенеецот Хевер, нека биде славена меѓу жените во шаторите! Судии5:24
|
I jas nasiroko objasniv sto znaci da se bide poslusen na svoite roditeli. Isus bese takov primer duri i na krstot, koga se pogrizi za svojata Majka, ostavajci ja vo griza na svojot ucenik Jovan.
Devicata konstatirala deka snemalo vino...
Iako vremeto seuste ne mu bilo dojdeno, Toj sepak go napravil Prvoto cudo.
Ako i ova nsito ne vi znaci, neznam...Zar vam vasite roditeli moraat da ve zamolat bas za se? Ne vi e dovolno na primer majka vi da rece "lele, mi snema brasno a kiflite se vece zameseni"...Nema li vo #galop# da trknete?
Vi se cudam na razmisluvanjeto.
Sto e tuka sporno?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Vetil
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 20:13
A koj se soglasi deka navedenoto od Evangelos e validno?
Pred Hristos da go napravi cudoto Majkamu mu spomna-deka nemaat vino, a so toa da pomogne kako moze, a Toj go napravi sepak cudoto!!!
Jaila neka bide blazena!!!No taa ne se udostoi da mu prinese telo(utroba) na BOGA!!!
A svetot cekase se dodeka ne se javi takava sto na Boga kje Mu prinese telo dostojno.
No Presvetata Vladicaca sama za sebe rece odsega kje me Ublazuvaat site rodovi.
a i glagolski ne se sovpagjaat, Jaila neka bide blazena i tolku taa e blazena zavrsheno, DODEKA PRESVETATA RECE OD SEGA PA DO VEKA KJE ME UBLAZUVAAT SITE RODOVI I POKOLENIJA STO ZNACI TOA; TOA STO DENES PRAVOSLAVNITE GO PRAVAT JA UBLAZUVAAT I JA POCITUVAAT I OD SRCE I SE MOLAT ZASTO TAA NESOMNENO GO POKAZALA NEJZINOTO ZASTAPNISHTVO!
SLAVA NA BOGA!!!
|
Постирано од: Vetil
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 20:20
TAA E ZAVRSHENA TEMA CUDOTO HRISTOS GO NAPRAVI PO MOLITVA NA MAJKA SI!!!
DA SE DRZIME NA TEMATA!
NA TEBE SE RADUVA SEKOE SOZDANIE ANGELSKIOT SOBOR I COVECKIOT ROD...
RADUVAJ SE NEVESTO NENEVESNA!
GOSPOD STOBOJU!!!
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 20:30
maria_magdalena напиша:
izvoren напиша:
Vetil напиша:
| Да не се повторуваме Евангелос нашироко објаснуваше дека Христос не ја претвои водата во вино поради молитва од Марија зашто никаде не пишува дека го замолила.Всушност таа немала никакво влијание и авторитет посебен кај Христос. Исто и Јаила е благословена во Писмото Благословена да е меѓу жените Јаила, жената на Кенеецот Хевер, нека биде славена меѓу жените во шаторите! Судии5:24 |
I jas nasiroko objasniv sto znaci da se bide poslusen na svoite roditeli. Isus bese takov primer duri i na krstot, koga se pogrizi za svojata Majka, ostavajci ja vo griza na svojot ucenik Jovan.
Devicata konstatirala deka snemalo vino...
Iako vremeto seuste ne mu bilo dojdeno, Toj sepak go napravil Prvoto cudo.
Ako i ova nsito ne vi znaci, neznam...Zar vam vasite roditeli moraat da ve zamolat bas za se? Ne vi e dovolno na primer majka vi da rece "lele, mi snema brasno a kiflite se vece zameseni"...Nema li vo #galop# da trknete?
Vi se cudam na razmisluvanjeto.
Sto e tuka sporno? |
Никој не вика дека Христос ја мразел Мерија и дека бил хулигански настроен кон неа.Суштината е што Марија немала влијание во донесувањето одлуки кај Христос.Овие цитати што ги наведе односно примери немаат врска со тоа дека преку Марија може да ни се услиши молитвата.
Доколку сакаш тоа да го докажеш треба да посочиш некој стих кадешто пишува:"Марија ја замоли еден слепороден за да му подари вид, па таа му рече на Христос да го исцели.И така се случи".
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 20:32
izvoren напиша:
...
Да не се повторуваме Евангелос нашироко објаснуваше дека Христос не ја претвои водата во вино поради молитва од Марија зашто никаде не пишува дека го замолила.Всушност таа немала никакво влијание и авторитет посебен кај Христос.
...
|
Изворен, јас се сложувам со секој кој учи и практикува дека само БОГ преку Оној кој се отелотвори во ИСУС, треба да се моли. Интересно е дека во ИСУС се отелотворува СВЕТЛИНАТА на ТВОРЕЦОТ и прачистото тело на Марија ДЕВА! Пак ја имаме тука тајната на Крстот.
И има нешто извонредно во љубезната молитва на Марија кон ИСУС (за првото чудо) што со ниеден друг случај е споменато и е неспоредливо.
Знаеш што?
Побарај со молитва и сум сигурен дека ќе најдеш!
поздрав
п.с. Изворен, нити јас нити никој друг (се надевам дека ) не те тера да се молиш кон некого другого освен кон СЕДРЖАТЕЛОТ!
Знај дека во НЕГО Марија ДЕВА е секогаш прачиста и мајчински се залага за сите луѓе а посебно слабите!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 20:33
Nitu pak jas obviniv nekogo deka rekol oti Hristos bil huliganski nastroen kon Nea...
Ama do tolku pak nekoj da ne razbira nesto sto e citko napisano (konkretnoto cudo vo Kana), tek sega ne mozam da razberam.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 20:38
Vetil напиша:
Jaila neka bide blazena!!!No taa ne se udostoi da mu prinese telo(utroba) na BOGA!!!
A svetot cekase se dodeka ne se javi takava sto na Boga kje Mu prinese telo dostojno.
|
Ова веке е катастрофален коментар.
Светот чекал да се јави таква што на Бог ке му принесе тело достојно.Според тебе Марија е главната причина за спасението, Бог чекал долго време И БЛАГОДАРЕНИЕ на Марија реализиран е планот за спасение.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 20:45
Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.”
4 Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”
5 Неговата мајка им рече на слугите: „Што и да ви рече, направете.”
6 Таму имаше шест камени садови, според прописот за јудејското миење, што собираа по две до три мери.
7 Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И ги наполнија догоре.
8 Тогаш им рече: „Сега нацрпете и однесете му на старосватот!” И му однесоа.
Каде има тука милозлива молитва од страна на Марија бе браќа и сестри христијани.
Не е напишано никаде:"Марија Го замоли и Тој ја послуша".
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 21:08
Не е случајно Марија ДЕВА избрана да биде таа во која ГОСПОД ќе се отелотвори!
Во ПРАСВЕТОТО ТЕЛО ХРИСТОВО е таа секогаш присатна !
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Vetil
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 21:32
izvoren напиша:
Vetil напиша:
Jaila neka bide blazena!!!No taa ne se udostoi da mu prinese telo(utroba) na BOGA!!!
A svetot cekase se dodeka ne se javi takava sto na Boga kje Mu prinese telo dostojno.
|
Ова веке е катастрофален коментар.
Светот чекал да се јави таква што на Бог ке му принесе тело достојно.Според тебе Марија е главната причина за спасението, Бог чекал долго време И БЛАГОДАРЕНИЕ на Марија реализиран е планот за спасение.
|
BLAGODARAM,
DA VETENIOT MESIJA E POSOCENO OD KOE KOLENO KJE SE JAVI NO NE I OD KOJA DEVOJKA;
NAVESTENOTO RAGJANJE NA MARIJA NA NEJZINITE RODITELI NEJZINOTO NOSENJE VO HRAMOT NEJZINIOT ZIVOT POSVETEN NA BOGA SLUZENJETO SE E VO SOGLASNOST SO PROROCITE,
MARIJA BILA ODBRANA ZA BOZJATA PROMISLA'
NO BOG NI TUKA NE ZABORAVIL DEKA COVEKOT SOZDADEN OD NEGO IMA SLOBODNA VOLJA!!!
MARIJA NA ANGELOT ODGOVORILA:
"NEKA MI BIDE SPORED ZBOROVITE TVOI" TOA E NEJZINATA SOGLASNOST NEJZINATA SLOBODNA VOLJA!!
I DA TOKMU TAA E UTROBATA VO KOJA SE VSELI BEZGRANICNIOT, I PREKU KOJA DOJDE SPASENIETO NA SVETOT!!
BOG PREMUDAR SE POSTAVIL VO PREMUDRO.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 21:37
izvoren напиша:
Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.”
4 Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”
5 Неговата мајка им рече на слугите: „Што и да ви рече, направете.”
6 Таму имаше шест камени садови, според прописот за јудејското миење, што собираа по две до три мери.
7 Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И ги наполнија догоре.
8 Тогаш им рече: „Сега нацрпете и однесете му на старосватот!” И му однесоа.
Каде има тука милозлива молитва од страна на Марија бе браќа и сестри христијани.
Не е напишано никаде:"Марија Го замоли и Тој ја послуша". |
A kade be, ti tvrdoglav brate, vide deka napisavme takvo nesto?
Mnogu bukvalno sfacate se-koga vam vi odgovara, a koga ne stima-pa toa e simbolicno.
Mislis dekas Isus ne znaeloti snemalo vino?
Zosto sam ne go potegnal cudoto?
Majka Mu ne go zamolila...konstatirala...
Toj, kako poslusen Sin....go pravi cudoto iako ne Mu bilo vreme.
Rekov i pak ce recam-ne smees ni da dozvolis bre roditelot da te zamoli za nesto. Zar ne e dovolno da te pogledne? da konstatira samo?
Zar ako rece #me boli ghlava# nema sam da odis do apteka?
Epa toa e toa....konstatacijata na Majkata e molba za sinot.
I toa da znaes-takvo bilo i seuste e vospitanieto vo tie kraevi....Roditelot e na cena, osobeno majkata. Ostaj gio ti ovie svajcarci i ameri po crkvite vasi koi kako pilci izletale na 16 godini od doma, pa ce se skaraat so roditelot pa ce dojdat na smrtna postela "Father, I love you"....
Tie pojma nemaat od semejni vrednosti i kultura, zatoa vaka ve iscentrifugirale,bukvalisticki da sfacate se.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 21:43
Pregolemo znacenje i davas na Marija va planot Bozji za spasenie.A nema vrska toa, ama da ne zabeguvame da pisuvame za molitvite upateni do nea, dali e ispravno ili ne.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 21:48
maria_magdalena напиша:
izvoren напиша:
Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.” 4 Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.” 5 Неговата мајка им рече на слугите: „Што и да ви рече, направете.” 6 Таму имаше шест камени садови, според прописот за јудејското миење, што собираа по две до три мери. 7 Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И ги наполнија догоре. 8 Тогаш им рече: „Сега нацрпете и однесете му на старосватот!” И му однесоа. Каде има тука милозлива молитва од страна на Марија бе браќа и сестри христијани. Не е напишано никаде:"Марија Го замоли и Тој ја послуша". |
A kade be, ti tvrdoglav brate, vide deka napisavme takvo nesto?
Mnogu bukvalno sfacate se-koga vam vi odgovara, a koga ne stima-pa toa e simbolicno.
Mislis dekas Isus ne znaeloti snemalo vino?
Zosto sam ne go potegnal cudoto?
Majka Mu ne go zamolila...konstatirala...
Toj, kako poslusen Sin....go pravi cudoto iako ne Mu bilo vreme.
Rekov i pak ce recam-ne smees ni da dozvolis bre roditelot da te zamoli za nesto. Zar ne e dovolno da te pogledne? da konstatira samo?
Zar ako rece #me boli ghlava# nema sam da odis do apteka?
Epa toa e toa....konstatacijata na Majkata e molba za sinot.
I toa da znaes-takvo bilo i seuste e vospitanieto vo tie kraevi....Roditelot e na cena, osobeno majkata. Ostaj gio ti ovie svajcarci i ameri po crkvite vasi koi kako pilci izletale na 16 godini od doma, pa ce se skaraat so roditelot pa ce dojdat na smrtna postela "Father, I love you"....
Tie pojma nemaat od semejni vrednosti i kultura, zatoa vaka ve iscentrifugirale,bukvalisticki da sfacate se.
|
Bi te zamolil da bides konkretna kako sto pobarav vo pogornite postovi.
A pak za analiziranje i komentiranje odnosot dete-roditel otvorete si druga tema .
Naprimer na psihologija
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 21:57
E kako begas od tema koga ne ti odgovara. Pa kako ne e megu drugoto i tema dete-roditel? M?
Ne mi mrdaj-vrdaj levo desno. Ti kazav od kade doslo toa bukvalisticko tolkuvanje, od nekoi so sosem razlicni semejni (ne)vrednosti.
Ili toa deka Marija imala deca posle Isus, nim taka im odgovaralo...zasto pregolem akcent stavaat na seksot i seksualnata #sloboda#, pa si dozvoluvaat premnogu...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:11
maria_magdalena напиша:
E kako begas od tema koga ne ti odgovara. Pa kako ne e megu drugoto i tema dete-roditel? M?
Ne mi mrdaj-vrdaj levo desno. Ti kazav od kade doslo toa bukvalisticko tolkuvanje, od nekoi so sosem razlicni semejni (ne)vrednosti.
Ili toa deka Marija imala deca posle Isus, nim taka im odgovaralo...zasto pregolem akcent stavaat na seksot i seksualnata #sloboda#, pa si dozvoluvaat premnogu...
|
Ke mora da se povtoruvame.
Nemas nieden citat kade pisuva:"Blagodarenie na Marija, Isus napravi taka i taka.
A deka Marija rodila drugi deca pisuva vo Noviot Zavet.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:14
Nema da se povtoruvame, zasto jas tuka ce prekinam so ova, ti rekov, vie se sfacate pokniznicki, pofarisejski, dodeka nie tolkuvame so Duh
Samo ce ti recam, batali gi tie radosnovesnici i moderni tolkuvaci, koi solat pamet i pokrstuvaat krsteni luge.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:17
Verojatno duhot sto ve vodi koga tolkuvate e nekoj "opasen".
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:23
I zdrav razum bi dodala. Malku da se zadlaboci covek pa da vidi, se ce mu strane jasno. Da se zaprasa: cekaj bre, ovoj kako zivi, sto pravi u zivotov, KADE dosol, ima li pojma...pa da naucam nesto od nego.
Da mi dojde nekoj narkos i zlostavuvan od brat/tatko od majcina mu i da mi kazuva kako e ova se u strvari isto, ama, znaes, Marija imala deca po Isus, Marija vaka taka, nebare drugarka im e Marija...Pogolemo omalovazuvanje na nekoj bibliski lik ne sum sretnala. I muslimanite imaat pogolema pocit kon Nea od vas, izvorni.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:26

Nema potreba od posebni tolkuvanja vo slucajov se si e jasno i precizno zapisano.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:29
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Vetil
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:31
izvoren, ti voopshto NEmozes da rasuduvash,
a uste pomalku da CITAS RAZUMNO, bash tuka kade jasno i citko e napisano, no kako li ne ako pak se potcinis na ova togash kje treba da poveruvash vo ona sto pravoslavnite go tvrdat! A toa sekomu ne mu se dopagja!
sekako toa e jasno!
No, Po molitvite na Presvetata Vladicica koja se moli neprestano pred prestolot Bozji neka si spomne za site koi ne ja pocituvate da Bog da ve prosvetli, da vi dade razum a uste povekje duhovni oci cisto srce ta da razberete.amin.
Raduvaj se ti si go rodila Ucitelot na zabludenite!
Raduvaj se Nevesto nenevesnaja!
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:37
Ova sto go nudis i ne e za rasuduvanje ednostavno slika.Mnogu udrivte so umetnicki dela kako dokazen materjal za ispravnost na verata.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:42
Дури и титулата Мајка Божја која многумина денес ја негираат се користела за Дева Марија уште од раното христијанство (ова го пишува во Енциклопедија Енкарта).
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:54
Изворен, еве ти нешто повеќе тоа дали Марија имала деца. Го преведував ова од англиски на македонски па може да се случи да има и некоја печатна грешка.
Постојат повеќе стихови во Светото Писмо кои алудираат на Исусови браќа и сестри.
Матеј 13,55: Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка му не се ли вика Марија, и браќата негови- Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
Матеј 13,56: И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа при Него?
Има еден традиционален одговор кој вели дека тие се деца од претходниот брак на Јосиф. Истотака некогаш се вели дека станува збор за роднини на Исус ( братучеди и сл.)
Многу е важно да се спомене дека во времето на Христос во Палестина се користел арамејскиот јазик. Во арамејскиот јазик, користен во тоа време, не постоел збор за означување на братучед.Поради тоа Евреите биле принудени да го користат зборот брат за близок роднина од машки пол. И денес во некои јазици се користи зборот брат за братучед. На пример во српскиот јазик се користи брат, иако Србите додаваат брат од чичко, тетка итн. Но, во арамејскиот тоа го немало.
Има ли доказ за тоа?
Прва книга Мојсеева 14,14: A кога Авраам чу дека му е заробен братанецот Лот, го вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата куќа и тргнаа во потера до Дан.
Значи се користи зборот братанец. Во македонскиот јазик постои зборот братанец кои асоцира на некое сродство или голема блискост, но сепак не е исто со зборот брат. Во другите јазици немаат таков збор и затоа се користи зборот брат, иако знаеме дека Лот му бил внук на Авраам. Истото е и случајот со арамејскиот јазик каде немаат збор како што имаме ние во македонскиот стандарден јазик.
Но, Новиот Завет бил напишан на грчки, каде има збор за братучед.
Да, но постојат докази од Раното Христијанство дека Евангелието по Матеј имало и арамејска верзија, која била достапна за Светите Отци кои сведочеле за нејзиното постоење. Истотака, луѓето во Палестина говореле на арамејски, па затоа нормално би било првите документи за Исус да бидат на арамејски. Со зборот брат во арамејски се означувал братот, братучедот, близок роднина од машки пол и секој кој бил многу близок. Значи зборот брат од арамејски бил преведен на грчки. Тоа се случило и со Првата Книга Мојсеева каде зборот братанец ја добил формата брат во многу јазици, кои немале соодветен збор.
Кои се "браќата" на Исус?
а) Додека Јаков и Јосиј се споменати како браќа на Исус во Матеј 13,55 појаснето е во Матеј 27,56 и Марко 15,40 дека нивна мајка е друга Марија.
Матеј 27,56: Меѓу нив беа Марија Магдалина и Марија, мајка им на Јакова и Јосија, и мајката на Зеведеевите синови.
Марко 15,40: Имаше и жени што гледаа одалеку;меѓу нив беше и Марија Магдалина, и Марија, мајката на малиот Јаков и на Јосија, и Саломија.
Другата Марија е убаво објаснета во Јован 19,25: При крстот Исусов стоеја мајка му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина.
Значи другата Марија е Марија Клеопова, која ако ја погледнеме паралелата во стиховите на сите евангелисти кои ја опишуваат сцената на крстот ќе видиме дека е мајка на Јакова и Јосија. Значи од ова следува дека Јаков и Јосиј не се синови на Дева Марија и не се Исусови браќа.
Б) Ако го погледнеме Јован 19,25 ќе видиме дека Марија Клеопова е наречена сестра на Дева Марија. Бидејќи знаеме дека никој кој има две ќерки не ги крштева со името Марија двете, произлегува дека Марија Клеопова не е сестра на Дева Марија. Значи и тука ја имаме истата ситуација како со “ браќата” на Исус.
В) Во соборното послание на Светиот Апостол Јуда, апостолот се претставува како слуга на Исуса Христа, а брат на Јакова ( Јуда 1,1). Ако Јуда бил брат Исусов зар немало да се претстави така? Тој во своето послание јасно се идентификува како брат на Јаков, а слуга на Исус. Ако тој се идентификувал како брат Исусов тоа ќе значело многу, но сепак тој никаде не се идентификувал така. Сите ние ја знаеме причината зошто не се идентификувал така. Тоа е затоа што и во Светото Писмо тој од Матеј 27,56 и Марко 15,40 е идентификуван како брат на Јаков и Јосиј. Значи од ова следува дека и Јуда е син на Марија Клеопова.
Д) Јаков е идентификуван како еден од Апостолите во посланието на Апостол Павле до Галатјаните. Од наведеното погоре знаеме дека ниеден од Апостолите кој се викал Јаков не бил син на Марија. Па затоа Јаков не може да биде брат на Исус.Тој е всушност Јаков, син на Алфеј ( за Алфеј се мисли дека е прекат на Клеоп). Од ова следува дека Јаков е братанец на Исус, а не брат.
Други факти кои укажуваат дека Марија немала други деца:
Во Лука 2,41-51 дванаесетгодишниот Исус оди со Мајка Му и Јосиф во Ерусалим на прославата, но потоа се одвојува со нив и се губи, за по три дена да биде најден во Храмот. Сепак туак се споменува само Исус, Марија и Јосиф. Не се споменуваат други деца, иако целата фамилија одела во Ерусалим. Ако сите оние кои се споменуваат кај Матеј се вистински браќа на Исус, тогаш Марија би имала уште 6-7 други деца, помлади од Исус, за кои би требало да се грижи. Всушност, Марија и Јосиф брзаат назад за Ерусалим, иако изминале еден ден пат, за да го најдат Исус, по патишта кои во тоа време биле полни со разни опасности, нешто што не би можеле да го направат доколку имале помали деца за кои би требало да се грижат.
Луѓето од Назарет го нарекуваат Исус “Синoт на Марија” ( Марко 6,3),а потоа стои брат на Јаков, Јосиј, Јуда и Симеон. Ако и овие биле нејзини синови, зар не ќе рекле: Зар не е овој еден од децата на Марија, брат на Јосиј,Јуда, Јаков и Симеон. Само тој е наречен СИНОТ на Марија, а не тие.
Доколку овие биле синови на Марија зошто би му ја доверил Исус, Дева Марија на Јован да ја чува? Според тогашните еврејски обичаи доколку најстариот син починел, мајката ја земал вториот син. Доколку таа имала други деца едноставно ќе ја чувале тие а не Јован. Исус не би ја лишил Марија од другите деца, со што дополнително ќе предизвикал срам за своето семејство, за Марија и за “браќата” негови.
|
Постирано од: Vetil
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 22:55
izvoren, mi skokna eden post;) nenamerno ok
a za vtoriov se fati a..?
macedon alex..bravos bratce pa kako da ne ja narekuvale Deva Marija koja pred vo i po ragjanjeto ostanala deva i sekako ja narekuvale majka Bozja zasto ne se protivela na Bozjata promisla i se vselil bezvremeniot bezpocetniot vo utrobata na marija i se rodil za da go ponese grevot na svetot do posledniot!
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 23:08
Vetil напиша:
izvoren, mi skokna eden post;) nenamerno ok
a za vtoriov se fati a..?
macedon alex..bravos bratce pa kako da ne ja narekuvale Deva Marija koja pred vo i po ragjanjeto ostanala deva i sekako ja narekuvale majka Bozja zasto ne se protivela na Bozjata promisla i se vselil bezvremeniot bezpocetniot vo utrobata na marija i se rodil za da go ponese grevot na svetot do posledniot! |
Токму така Ветил, а почитувањето на Дева Марија во многу енциклопедии стои дека потекнува од времето на Апостолите ( пример за тоа е Енциклопедија Енкарта 2006)
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 23:28
СМИРЕТЕ ја малку дискусијата!
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 00:04
macedon_alex напиша:
Изворен, еве ти нешто повеќе тоа дали Марија имала деца. Го преведував ова од англиски на македонски па може да се случи да има и некоја печатна грешка.
Постојат повеќе стихови во Светото Писмо кои алудираат на Исусови браќа и сестри.
Матеј 13,55: Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка му не се ли вика Марија, и браќата негови- Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
Матеј 13,56: И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа при Него?
Има еден традиционален одговор кој вели дека тие се деца од претходниот брак на Јосиф. Истотака некогаш се вели дека станува збор за роднини на Исус ( братучеди и сл.)
Многу е важно да се спомене дека во времето на Христос во Палестина се користел арамејскиот јазик. Во арамејскиот јазик, користен во тоа време, не постоел збор за означување на братучед.Поради тоа Евреите биле принудени да го користат зборот брат за близок роднина од машки пол. И денес во некои јазици се користи зборот брат за братучед. На пример во српскиот јазик се користи брат, иако Србите додаваат брат од чичко, тетка итн. Но, во арамејскиот тоа го немало.
Има ли доказ за тоа?
Прва книга Мојсеева 14,14: A кога Авраам чу дека му е заробен братанецот Лот, го вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата куќа и тргнаа во потера до Дан.
Значи се користи зборот братанец. Во македонскиот јазик постои зборот братанец кои асоцира на некое сродство или голема блискост, но сепак не е исто со зборот брат. Во другите јазици немаат таков збор и затоа се користи зборот брат, иако знаеме дека Лот му бил внук на Авраам. Истото е и случајот со арамејскиот јазик каде немаат збор како што имаме ние во македонскиот стандарден јазик.
Но, Новиот Завет бил напишан на грчки, каде има збор за братучед.
Да, но постојат докази од Раното Христијанство дека Евангелието по Матеј имало и арамејска верзија, која била достапна за Светите Отци кои сведочеле за нејзиното постоење. Истотака, луѓето во Палестина говореле на арамејски, па затоа нормално би било првите документи за Исус да бидат на арамејски. Со зборот брат во арамејски се означувал братот, братучедот, близок роднина од машки пол и секој кој бил многу близок. Значи зборот брат од арамејски бил преведен на грчки. Тоа се случило и со Првата Книга Мојсеева каде зборот братанец ја добил формата брат во многу јазици, кои немале соодветен збор.
Кои се "браќата" на Исус?
а) Додека Јаков и Јосиј се споменати како браќа на Исус во Матеј 13,55 појаснето е во Матеј 27,56 и Марко 15,40 дека нивна мајка е друга Марија.
Матеј 27,56: Меѓу нив беа Марија Магдалина и Марија, мајка им на Јакова и Јосија, и мајката на Зеведеевите синови.
Марко 15,40: Имаше и жени што гледаа одалеку;меѓу нив беше и Марија Магдалина, и Марија, мајката на малиот Јаков и на Јосија, и Саломија.
Другата Марија е убаво објаснета во Јован 19,25: При крстот Исусов стоеја мајка му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина.
Значи другата Марија е Марија Клеопова, која ако ја погледнеме паралелата во стиховите на сите евангелисти кои ја опишуваат сцената на крстот ќе видиме дека е мајка на Јакова и Јосија. Значи од ова следува дека Јаков и Јосиј не се синови на Дева Марија и не се Исусови браќа.
Б) Ако го погледнеме Јован 19,25 ќе видиме дека Марија Клеопова е наречена сестра на Дева Марија. Бидејќи знаеме дека никој кој има две ќерки не ги крштева со името Марија двете, произлегува дека Марија Клеопова не е сестра на Дева Марија. Значи и тука ја имаме истата ситуација како со “ браќата” на Исус.
В) Во соборното послание на Светиот Апостол Јуда, апостолот се претставува како слуга на Исуса Христа, а брат на Јакова ( Јуда 1,1). Ако Јуда бил брат Исусов зар немало да се претстави така? Тој во своето послание јасно се идентификува како брат на Јаков, а слуга на Исус. Ако тој се идентификувал како брат Исусов тоа ќе значело многу, но сепак тој никаде не се идентификувал така. Сите ние ја знаеме причината зошто не се идентификувал така. Тоа е затоа што и во Светото Писмо тој од Матеј 27,56 и Марко 15,40 е идентификуван како брат на Јаков и Јосиј. Значи од ова следува дека и Јуда е син на Марија Клеопова.
Д) Јаков е идентификуван како еден од Апостолите во посланието на Апостол Павле до Галатјаните. Од наведеното погоре знаеме дека ниеден од Апостолите кој се викал Јаков не бил син на Марија. Па затоа Јаков не може да биде брат на Исус.Тој е всушност Јаков, син на Алфеј ( за Алфеј се мисли дека е прекат на Клеоп). Од ова следува дека Јаков е братанец на Исус, а не брат.
Други факти кои укажуваат дека Марија немала други деца:
Во Лука 2,41-51 дванаесетгодишниот Исус оди со Мајка Му и Јосиф во Ерусалим на прославата, но потоа се одвојува со нив и се губи, за по три дена да биде најден во Храмот. Сепак туак се споменува само Исус, Марија и Јосиф. Не се споменуваат други деца, иако целата фамилија одела во Ерусалим. Ако сите оние кои се споменуваат кај Матеј се вистински браќа на Исус, тогаш Марија би имала уште 6-7 други деца, помлади од Исус, за кои би требало да се грижи. Всушност, Марија и Јосиф брзаат назад за Ерусалим, иако изминале еден ден пат, за да го најдат Исус, по патишта кои во тоа време биле полни со разни опасности, нешто што не би можеле да го направат доколку имале помали деца за кои би требало да се грижат.
Луѓето од Назарет го нарекуваат Исус “Синoт на Марија” ( Марко 6,3),а потоа стои брат на Јаков, Јосиј, Јуда и Симеон. Ако и овие биле нејзини синови, зар не ќе рекле: Зар не е овој еден од децата на Марија, брат на Јосиј,Јуда, Јаков и Симеон. Само тој е наречен СИНОТ на Марија, а не тие.
Доколку овие биле синови на Марија зошто би му ја доверил Исус, Дева Марија на Јован да ја чува? Според тогашните еврејски обичаи доколку најстариот син починел, мајката ја земал вториот син. Доколку таа имала други деца едноставно ќе ја чувале тие а не Јован. Исус не би ја лишил Марија од другите деца, со што дополнително ќе предизвикал срам за своето семејство, за Марија и за “браќата” негови.
|
macedon_alex, ЕЛОАХ да те награди за твојот труд!
Во ИСУС е клучот !
Кој ја има Светлината на *ДУХОТ БОЖЈИ, *ОТЕЦОТ – и МАЈКАТА – на Животот, која се очовековечи во *ИСУСА ХРИСТА, тој ја има во Него (во Неговото Свето ТЕЛО) и ДЕВА Марија, најБЛАГОРОДНАТА Мајка родителка, во целиот безкраен универзум!
Да се помолиме на БОГА ГОСПОДА (ЕЛОАХ АДОНАИ)!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 00:10
http://www.youtube.com/watch?v=YN9QzdNoZ4s&NR=1 - http://www.youtube.com/watch?v=YN9QzdNoZ4s&NR=1
Молитва кон Пресвета Богородица - “возбраној“...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 00:12
http://www.youtube.com/watch?v=wa6fWfzxRlY&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=wa6fWfzxRlY&feature=related
Молитва на св. Нектариј Егински кон Пресвета Богородица
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 00:15
Tetratka напиша:
http://www.youtube.com/watch?v=YN9QzdNoZ4s&NR=1 - http://www.youtube.com/watch?v=YN9QzdNoZ4s&NR=1
Молитва кон Пресвета Богородица - “возбраној“...
| sekogas gi ispolnuva mojte zelbi
------------- Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 00:15
http://www.youtube.com/watch?v=u3M-Vf1-mPI - http://www.youtube.com/watch?v=u3M-Vf1-mPI
Достојно ест... молитва кон Пресвета Богородица
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 00:31
izvoren напиша:
"помрачени во својот разум, оттуѓени се од Божјиот живот, заради незнаењето кое владее во нив, заради закоравеноста на нивното срце"
Ефес 4;18 |
ова и Богородица....
http://www.youtube.com/watch?v=qq0I2buIAdM - http://www.youtube.com/watch?v=qq0I2buIAdM
Теодорос Васликос - аксион ести ... Молитва кон Богородица ...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 01:05
Значи ГОСПОД преку Пресвета БОГОРОДИЦА успеа во родната земја на грчката митологија (Грција) да ја сруши Ἀρτεμίς (артемис) или пак Тој ја интегрираше под ликот на ДЕВА МАРИЈА, евангелизирајќија по тој пат таа стара паганска култура?
Многу ме интересира вашето мислење, бидејќи ако грција и другите евангелизирани земји се евангелизирани со чистото Евангелие, тогаш неминовно е дека во последните 2000 години би требале потполно да ги надминат националните разлики! ( Епистел до Колосјаните 3:11)
Ако пак тоа не е случај, тогаш е време да дојде до чистата Евангелизација која ја надминува националноста и традицијата!
Дајбоже да биде Грција (и сите други) Евангелизирана со чистото ЕВАНГЕЛИЕ овојпат од север кон југ, како благодарност за Светите браќа Кирил и Методиј!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 01:15
[QUOTE=spiros] [COLOR=blue] Значи ГОСПОД преку Пресвета БОГОРОДИЦА успеа во родната земја на грчката митологија (Грција) да ја сруши Ἀρτεμίς (артемис) или пак Тој ја интегрираше под ликот на ДЕВА МАРИЈА, евангелизирајќија по тој пат таа стара паганска култура?
Многу ме интересира вашето мислење, бидејќи ако грција и другите евангелизирани земји се евангелизирани со чистото Евангелие, тогаш неминовно е дека во последните 2000 години би требале потполно да ги надминат националните разлики! ( Епистел до Колосјаните 3:11)
Ако пак тоа не е случај, тогаш е време да дојде до чистата Евангелизавија која ја надминува националноста и традицијата!
Дајбоже да биде Грција (и сите други) Евангелизирана со чистото ЕВАНГЕЛИЕ овојпат од север кон југ, како благодарност за Светите браќа Кирил и Методиј!
[QUOTE]
Господ со силата на Евангелието сите лажни богови ги разобличи. Во Светото Писмо стои дека уште во времето на Павле е посеано семето на Евангелието во Ефес (центар на обожувањето на Артемида). Инаку Дева Марија нема врска со Артемида. Погледни во Енкарта Енциклопедија, таму стои дека Дева Марија е почитувана уште во раното Христијанство. Никој не ја обожува Пресвета Богородица, туку само ја почитува како Мајка на нашиот Господ и ја моли да не спомнува во своите молитви пред Бога. А Артемида била обожувана со крвни жртви и разни други работи.
А за однесувањето на Грција коментар немам. Делата нивни сведочат за нив најдобро. Иако сепак има и Грци ( со кои сум разговарал) и кои признаваат дека македонскиот народ е факт и дека Грција е таа која му нанела многу болка на овој народ. Сепак тоа е друга тема....
Поздрав
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 01:26
macedon_alex напиша:
Господ со силата на Евангелието сите лажни богови ги разобличи. Во Светото Писмо стои дека уште во времето на Павле е посеано семето на Евангелието во Ефес (центар на обожувањето на Артемида). Инаку Дева Марија нема врска со Артемида... |
Сакам да кажам дека може има некои луѓе кои незнаејќи и оддаваат почит како да е БОГ.
Пред кратко слушнав од еден мој зет (од братчеда) дека бабаму ја имала БОГОродица на прво место а ИСУС само како плод на нејзината утроба без која Тој (демек) не би можел да биде роден.
Сакав да кажам дека можеби во денешна грција (но не само тамо) има сеуште луѓе кои не го познаваат ЧИСТОТО ЕВАНГЕЛИЕ и затоа им е националноста и традицијата поважна од ХРИСТА!
Поздрав во ХРИСТА ГОСПОДА, брату мил
п.с. Одам – да спијам - да му ја предадам на БОГА, мојата грешна душа во неговата Милостива Рака =Христос!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 11:15
izvoren напиша:
Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.”
4 Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”
5 Неговата мајка им рече на слугите: „Што и да ви рече, направете.”
6 Таму имаше шест камени садови, според прописот за јудејското миење, што собираа по две до три мери.
7 Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И ги наполнија догоре.
8 Тогаш им рече: „Сега нацрпете и однесете му на старосватот!” И му однесоа.
Каде има тука милозлива молитва од страна на Марија бе браќа и сестри христијани.
Не е напишано никаде:"Марија Го замоли и Тој ја послуша". |
Ова твоево му доаѓа како кога фарисеите го прашувале исцелениот слепороден за неговото оздравување, и тој на крај им рекол дека чудно е тоа што не знаат од каде е Христос, но сепак тој направил невидено чудо дотогаш.
Треба малку повеќе да си го вклучите мозокот и да си го отворите срцето, та тогаш ќе ја разберете големината на Богородица.
Нема логика тоа што сите други (апостоли, пророци) ги почитувате повеќе од Богородица, а всушност таа е првата која Го спознала Исус како Христос и Господ. И иако претходно немал направено никакво чудо, сепак таа е која прва, на невидено, поверувала дека Тој може да чудотвори и тоа го посведочува со вера, велејќи им на другите да направат како што ќе им каже Христос. Не си се запрашал зошто тоа е така? Погледај и сам таа колку верувала во Неговото Божество и како Богомајката не води до Бог.
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 11:26
Маран Ата, темата е молитва кон пресвета Богородица
Ништо конкретно не наведуваш туку мене пак ова твоево ми личи на "лов во матно" .Го спознала Исус, на невидено, немал направено никакво чудо а таа поверувала итн.Ако поверувала не е ништо посебно многу други поверувале.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 11:37
izvoren напиша:
Маран Ата, темата е молитва кон пресвета Богородица
Ништо конкретно не наведуваш туку мене пак ова твоево ми личи на "лов во матно" .Го спознала Исус, на невидено, немал направено никакво чудо а таа поверувала итн.Ако поверувала не е ништо посебно многу други поверувале. |
Поверувала, и тоа е многу посебно - блажени се оние кои не виделе, а поверувале. Но, таа е уште поблажена и од тоа блаженство. Таа поверувала, иако не видела, иако не чула дека Тој може да чудотвори, а ние сме далеку поназад со нашата вера од Богородица, затоа што ние сме чуле од сведоци и читаме дека Тој навистина е Бог. Таа поверувала на невидено и нечуено, а ние на чуено и прочитано. Што мислиш, чија вера е поголема??? Твојата или на Богородица???
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 11:38
hehe izvoren te citam i ti se cudam,
ne od neznaenje ne od neargumentirano pisuvanje a od inat se protivis no ne NAM sam protiv sebe, a si navlekuvash kazna!
No, sepak po molitvite na Presvetata Vladicica Nasa Bog neka ti daruva Milost..
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 11:45
Maran Ata напиша:
izvoren напиша:
Маран Ата, темата е молитва кон пресвета Богородица
Ништо конкретно не наведуваш туку мене пак ова твоево ми личи на "лов во матно" .Го спознала Исус, на невидено, немал направено никакво чудо а таа поверувала итн.Ако поверувала не е ништо посебно многу други поверувале. |
Поверувала, и тоа е многу посебно - блажени се оние кои не виделе, а поверувале. Но, таа е уште поблажена и од тоа блаженство. Таа поверувала, иако не видела, иако не чула дека Тој може да чудотвори, а ние сме далеку поназад со нашата вера од Богородица, затоа што ние сме чуле од сведоци и читаме дека Тој навистина е Бог. Таа поверувала на невидено и нечуено, а ние на чуено и прочитано. Што мислиш, чија вера е поголема??? Твојата или на Богородица???
|
Според тебе блажени се оние кои не виделе а поверувале.А помалку блажени се оние кои поверувале а не виделе, ама прочитале и чуле.
Уште еден предлог-амандман за Библијата.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 11:48
belichka напиша:
hehe izvoren te citam i ti se cudam,
ne od neznaenje ne od neargumentirano pisuvanje a od inat se protivis no ne NAM sam protiv sebe, a si navlekuvash kazna!
No, sepak po molitvite na Presvetata Vladicica Nasa Bog neka ti daruva Milost..
| За тоа дискутираме дали по молитвите на Богородица Бог ке ми подари милост.Посочете еден таков пример.
Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога.
Лука1;30
Самата Марија нашла милост пред Бога.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 11:58
izvoren напиша:
Според тебе блажени се оние кои не виделе а поверувале.А помалку блажени се оние кои поверувале а не виделе, ама прочитале и чуле.
Уште еден предлог-амандман за Библијата. |
Не брат, блажени се оние кои не виделе, а поверувале, но уште поблажен е оној кој ниту чул, ниту видел, ниту прочитал, а поверувал. А згора на тоа, и Го родила Бог. Капираш?
И не ми кажа, кој има поголема вера, ти или Богородица?
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:00
Pa site ja ocekuvame Negovata Milost!
Ako nie se molime eden za drug zasto pak Majkata na site da ne se pomoli za nas!
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:01
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:05
izvoren напиша:
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог. |
А кого родила?
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:06
izvoren напиша:
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог. |
Pa kako togas se narekuvash HRISTIJANIN pa i izvoren!!!
sto togash matis voda na site ovde!
povekje od dovolno!
So koja smelost gi branis tvojite stavuvi i ubeduvanja na izvorno hristijanstvo, pobivajki go pogore iznesenoto!
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:10
belichka напиша:
Pa site ja ocekuvame Negovata Milost!
Ako nie se molime eden za drug zasto pak Majkata na site da ne se pomoli za nas! |
И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.
Дека треба да се молиме еден за друг јасно е кажано во Писмото, ама дека некој починат може да се моли за нас не е кажано.Инаку по таа логика некои што имаат починати биолошки мајки тогаш зошто и тие не би можеле да се молат.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:14
belichka напиша:
izvoren напиша:
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог. |
Pa kako togas se narekuvash HRISTIJANIN pa i izvoren!!!
sto togash matis voda na site ovde!
povekje od dovolno!
So koja smelost gi branis tvojite stavuvi i ubeduvanja na izvorno hristijanstvo, pobivajki go pogore iznesenoto!
|
Абе како може некој да го роди Бог. СЕга Излегува Марија дека го создала Бог.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:14
izvoren напиша:
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог. |
Не веруваш дека Исус како Бог се отелотвори преку Марија? Гарант си муслиман....а не изворен...Или пак некој ти истурил отпадни материи во изворот
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:17
maria_magdalena напиша:
izvoren напиша:
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог. |
Не веруваш дека Исус како Бог се отелотвори преку Марија?Гарант си муслиман....а не изворен...Или пак некој ти истурил отпадни материи во изворот |
Опасни мангупи сте сакате да преставите дека Марија е причина за раѓањето на Исус.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:17
izvoren напиша:
belichka напиша:
izvoren напиша:
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог. |
Pa kako togas se narekuvash HRISTIJANIN pa i izvoren!!!
sto togash matis voda na site ovde!
povekje od dovolno!
So koja smelost gi branis tvojite stavuvi i ubeduvanja na izvorno hristijanstvo, pobivajki go pogore iznesenoto!
|
Абе како може некој да го роди Бог. СЕга Излегува Марија дека го создала Бог. |
Изворен, те прашав кого родила ако не Бог? Чекам одговор!
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:17
izvoren напиша:
Абе како може некој да го роди Бог. СЕга Излегува Марија дека го создала Бог. |
Марија го родила Исус Христос. Исус Христос е Бог и човек. Ако Исус е Бог, тогаш каде е проблемот да е Марија наречена Мајка Божја. Сепак, Марија не го родила Отецот, бидејќи Отецот сите не создаде( па и Марија ) туку Исус, кој слезе и се воплоти во плот за нас. Инаку титулата Мајка Божја е користена од раните Христијани со цел да се акцентира божјата природа на Исус.
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:21
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:21
izvoren напиша:
Опасни мангупи сте сакате да преставите дека Марија е причина за раѓањето на Исус. |
Грешка (јанлш) е секој кој сака тоа така да го престави, исто како тој што егрешка (јанлш) кој мисли дека БОГ случајно Марија ја избра да биде мајка на СПАСИТЕЛОТ!
Изворен, кој е за тебе СПАСИТЕЛОТ?
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:25
Maran Ata напиша:
izvoren напиша:
belichka напиша:
izvoren напиша:
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог. |
Pa kako togas se narekuvash HRISTIJANIN pa i izvoren!!!
sto togash matis voda na site ovde!
povekje od dovolno!
So koja smelost gi branis tvojite stavuvi i ubeduvanja na izvorno hristijanstvo, pobivajki go pogore iznesenoto!
|
Абе како може некој да го роди Бог. СЕга Излегува Марија дека го создала Бог. |
Изворен, те прашав кого родила ако не Бог? Чекам одговор! |
Марија е само инструмент преку кој Бог го реализира планот за спасение.Со ништо не допринела посебно за да се реализира тој план.Едноставно Бог ја избрал во таа операција и преку нејзе се отелотворува Бог и што тука има нејасно.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:30
izvoren напиша:
Maran Ata напиша:
izvoren напиша:
belichka напиша:
izvoren напиша:
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог. |
Pa kako togas se narekuvash HRISTIJANIN pa i izvoren!!!
sto togash matis voda na site ovde!
povekje od dovolno!
So koja smelost gi branis tvojite stavuvi i ubeduvanja na izvorno hristijanstvo, pobivajki go pogore iznesenoto!
|
Абе како може некој да го роди Бог. СЕга Излегува Марија дека го создала Бог. |
Изворен, те прашав кого родила ако не Бог? Чекам одговор! |
Марија е само инструмент преку кој Бог го реализира планот за спасение.Со ништо не допринела посебно за да се реализира тој план.Едноставно Бог ја избрал во таа операција и преку нејзе се отелотворува Бог и што тука има нејасно. |
Те прашав кого родила Марија, а не што е. Дај конкретен одговор.
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:33
izvoren напиша:
Марија е само инструмент преку кој Бог го реализира планот за спасение.Со ништо не допринела посебно за да се реализира тој план.Едноставно Бог ја избрал во таа операција и преку нејзе се отелотворува Бог и што тука има нејасно. |
Како што е израмнувањето на ДЕВА Марија со БОГА СЕДРЖАТЕЛОТ еден ерес, така е и омаловажувањето и израмнувањето на нејзиното верно и чисто срце (на кое му нема рамно) со другите, исто еден ерес!
Благослов до сите а посебно до оние кои ја сакаат ВИСТИНАТА и онаа Мајка под чие срце таа се отелотвори како човек за спасение на сите!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:37
izvoren напиша:
Марија е само инструмент преку кој Бог го реализира планот за спасение.Со ништо не допринела посебно за да се реализира тој план.Едноставно Бог ја избрал во таа операција и преку нејзе се отелотворува Бог и што тука има нејасно. |
Oh,izvoren hristijaninu kade e slobodnata volja sto Bog ja dal na covekot, pa Bog ne e nametnik!!
Ako Marija rekla NE-po slobodna volja na angelot dali Bog bi se vooploti sprotivno na nejzinata volja.
Sekako deka NE, pog go pocituva svoeto sozdanie i ne deluva sprotivno od negovata slobodna volja sto Bog Mu ja dal, poinaku togash nie kje sme robovi koi izvrshuvaat ona sto e zapovedano nemajki izbor!
A TOA SEKAKO GO GOLEDAM DEKA NE E TAKA.BOG DOPUSHTIL SESHTO NA OVOJ SVET TA SAMITE DA IZBEREME DA BIDEME SO NEGO PO SLOBODNA VOLJA!
TAKA I MARIJA PO SLOBODNA VOLJA REKLA :NEKA MI BIDE SPORED ZBOROVITE TVOI!
A I DA NE BILO TAKA BOG VETENOTO [PO SVOJATA PREMUDROST KJE UREDIL KAKO SVOITE SOZDANIE DA GI PRIVEDE KON SPASENIE!!!
Marija bila samo instrument!
PROCITAJ STO SI NAPISHAL INSTRUMENT COVEKOT E ZIVO RAZUMNO SUSHTESTVO SO DARUVANA SLOBODNA VOLJA A NE INSTRUMENT!
TVOITE STAVOVI NEMAT NIKAKVA OSNOVA NA ONA STO GO VERUVASH I POCITUVASH.
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:37
spiros напиша:
izvoren напиша:
Марија е само инструмент преку кој Бог го реализира планот за спасение.Со ништо не допринела посебно за да се реализира тој план.Едноставно Бог ја избрал во таа операција и преку нејзе се отелотворува Бог и што тука има нејасно. |
Како што е израмнувањето на ДЕВА Марија со БОГА СЕДРЖАТЕЛОТ еден ерес, така е и омаловажувањето и израмнувањето на нејзиното верно и чисто срце (на кое му нема рамно) со другите, исто еден ерес!
|
До сега од се што имам прочитано од тебе, ова е најконкрето и најпаметно кажано!
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:39
![/QUOTE]
Марија е само инструмент преку кој Бог го реализира планот за спасение.Со ништо не допринела посебно за да се реализира тој план.Едноставно Бог ја избрал во таа операција и преку нејзе се отелотворува Бог и што тука има нејасно.[/QUOTE]
Познат ми е овој став на протестантските цркви, не е чудо што мислите така, сервирано е од некои бараби за кои односот кон жената е “употреби па фрли“ и во тоа не ја исклучувате ни Марија...
Да, Бог ја искористил нејзината утроба а потоа ја отфрлил. Како може некој до толку да испере некого не ми е јасно...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:44
belichka напиша:
izvoren напиша:
Марија е само инструмент преку кој Бог го реализира планот за спасение.Со ништо не допринела посебно за да се реализира тој план.Едноставно Бог ја избрал во таа операција и преку нејзе се отелотворува Бог и што тука има нејасно. |
Oh,izvoren hristijaninu kade e slobodnata volja sto Bog ja dal na covekot, pa Bog ne e nametnik!!
Ako Marija rekla NE-po slobodna volja na angelot dali Bog bi se vooploti sprotivno na nejzinata volja.
Sekako deka NE, pog go pocituva svoeto sozdanie i ne deluva sprotivno od negovata slobodna volja sto Bog Mu ja dal, poinaku togash nie kje sme robovi koi izvrshuvaat ona sto e zapovedano nemajki izbor!
A TOA SEKAKO GO GOLEDAM DEKA NE E TAKA.BOG DOPUSHTIL SESHTO NA OVOJ SVET TA SAMITE DA IZBEREME DA BIDEME SO NEGO PO SLOBODNA VOLJA!
TAKA I MARIJA PO SLOBODNA VOLJA REKLA :NEKA MI BIDE SPORED ZBOROVITE TVOI!
A I DA NE BILO TAKA BOG VETENOTO [PO SVOJATA PREMUDROST KJE UREDIL KAKO SVOITE SOZDANIE DA GI PRIVEDE KON SPASENIE!!!
Marija bila samo instrument!
PROCITAJ STO SI NAPISHAL INSTRUMENT COVEKOT E ZIVO RAZUMNO SUSHTESTVO SO DARUVANA SLOBODNA VOLJA A NE INSTRUMENT!
TVOITE STAVOVI NEMAT NIKAKVA OSNOVA NA ONA STO GO VERUVASH I POCITUVASH.
|
Според тебе ако Марија рекла НЕ Бог немаше да го изведе планот за спасение.
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:49
maria_magdalena напиша:
! |
Марија е само инструмент преку кој Бог го реализира планот за спасение.Со ништо не допринела посебно за да се реализира тој план.Едноставно Бог ја избрал во таа операција и преку нејзе се отелотворува Бог и што тука има нејасно.[/QUOTE]Познат ми е овој став на протестантските цркви, не е чудо што мислите така, сервирано е од некои бараби за кои односот кон жената е “употреби па фрли“ и во тоа не ја исклучувате ни Марија...Да, Бог ја искористил нејзината утроба а потоа ја отфрлил. Како може некој до толку да испере некого не ми е јасно...[/QUOTE]
sramno, bedno, zalosno...duri i muslimanite povekje ja pocituvaat otkolku ovie NAREKUVAJKI SE IZVORNI HRISTIJANI..
..do koga Gospodi kje gi trpis navredite kon Tvojata Precista Preblagoslovena Majka, Koja ti prinese Precista utroba, Koja te hranese, cuvashe, Koja gi gledase Tvoite stradanie, ridase pod Krstot i ne zamina...kolku Li bolka pretrpela taa koja Te rodila gledajki te kako smireno visish na krstot. Kakov li mec go probodelo srceto Nejzino...kakva li solzi proleala za Ti gospodi preku smrtt da ne izbavis nas!
A nie Gospodi, so sto ti ugodivme so delata na milosrdieto li so smirenosta li so pokornosta li. So ljubovta li!
Ti Bogorodica koja pretrpi se zaradi Tvojot Sin.
Smiluvaj ni se!
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:49
Изворен, оти ми го избегнуваш прашањето. По не знам кој пат те прашувам, КОГО РОДИЛА БОГОРОДИЦА?
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:51
Maran Ata, кој бега сега од темата?
Еве да ве вратам сите на темата:„Молтива кон Пресвета Богородица„ ја постирам Здраво, Маријо на латински јазик - молитвата јас не ја молам но Јохан Себастијан Бах во 18 век напиша прекрасна мелодија за истата (Ave Maria gratia plena)
Ave Maria, gratia plena,
Dominus tecum,
benedicta tu in mulieribus,
et benedictus fructus ventris tui Iesus.
Sancta Maria mater Dei,
ora pro nobis peccatoribus, nunc, et in hora mortis nostrae.
Amen
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:51
Гледам овде се води жестока дебата меѓу Маријанците и Христијанинот. Бидејќи тој е сам, а вие сте повеќе, јас решавам да застанам од негова страна
Дали некој го прочита мојот прв коментар на темава - репликата на молитвата во воведот на темата? Јас таму реплицирав на точно 24 богохулства искажани врз блажената Марија, а никој не најде за сходно да демантира ниту една од нив, освен Чаир кој појасни дека терминот "безмажена" не се однесува на тоа дека Марија немала маж, туку дека немала однос со маж. Јас на тоа би додал: Што му фали на терминот "девица" да се искористи за таа намена? Ако авторот на таа молитва сакал да ја воспее девственоста на Марија, зошто не ја нарекол "девица", туку ја нарекол "безмажена" иако сите знаеме дека Јосиф и бил маж и законски сопруг на Марија?
А што ќе кажете за другите 23 богохулства искажани врз блажената Марија?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:52
Maran Ata напиша:
Изворен, оти ми го избегнуваш прашањето. По не знам кој пат те прашувам, КОГО РОДИЛА БОГОРОДИЦА? |
Исус Христос и неколку други деца.
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 12:56
izvoren напиша:
belichka напиша:
izvoren напиша:
Марија е само инструмент преку кој Бог го реализира планот за спасение.Со ништо не допринела посебно за да се реализира тој план.Едноставно Бог ја избрал во таа операција и преку нејзе се отелотворува Бог и што тука има нејасно. |
Oh,izvoren hristijaninu kade e slobodnata volja sto Bog ja dal na covekot, pa Bog ne e nametnik!!
Ako Marija rekla NE-po slobodna volja na angelot dali Bog bi se vooploti sprotivno na nejzinata volja.
Sekako deka NE, pog go pocituva svoeto sozdanie i ne deluva sprotivno od negovata slobodna volja sto Bog Mu ja dal, poinaku togash nie kje sme robovi koi izvrshuvaat ona sto e zapovedano nemajki izbor!
A TOA SEKAKO GO GOLEDAM DEKA NE E TAKA.BOG DOPUSHTIL SESHTO NA OVOJ SVET TA SAMITE DA IZBEREME DA BIDEME SO NEGO PO SLOBODNA VOLJA!
TAKA I MARIJA PO SLOBODNA VOLJA REKLA :NEKA MI BIDE SPORED ZBOROVITE TVOI!
A I DA NE BILO TAKA BOG VETENOTO [PO SVOJATA PREMUDROST KJE UREDIL KAKO SVOITE SOZDANIE DA GI PRIVEDE KON SPASENIE!!!
Marija bila samo instrument!
PROCITAJ STO SI NAPISHAL INSTRUMENT COVEKOT E ZIVO RAZUMNO SUSHTESTVO SO DARUVANA SLOBODNA VOLJA A NE INSTRUMENT!
TVOITE STAVOVI NEMAT NIKAKVA OSNOVA NA ONA STO GO VERUVASH I POCITUVASH.
|
Според тебе ако Марија рекла НЕ Бог немаше да го изведе планот за спасение. |
ODOGOVOROT GO IMASH VO POSTOT PODOBRO CITAJ MNOGU E EDNOSTAVNO!
KE GO IZVEDESE NO SO NEGOVATA PREMUDROST NESOMNENO NO ESHATOLOSHKIOT MOMENT SE SLUCIL TOKMU VO MARIJA!!!!
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:04
Значи сепак признавате дека Марија не била неопходна за Бог да го изведе Својот план за спасение. Тогаш зошто ја нарекувате клучот од Небесното Царство?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:04
EvAngelos напиша:
Гледам овде се води жестока дебата меѓу Маријанците и Христијанинот. Бидејќи тој е сам, а вие сте повеќе, јас решавам да застанам од негова страна
...
|
Најмудро е сите “завојувани“ страни да застанат на страната од ИСУС ХРИСТОС – Царот на МИРОТ - кој се отелотвори како човек, под верното срце на ДЕВА МАРИЈА!
АМИН
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:07
izvoren напиша:
Maran Ata напиша:
Изворен, оти ми го избегнуваш прашањето. По не знам кој пат те прашувам, КОГО РОДИЛА БОГОРОДИЦА? |
Исус Христос и неколку други деца. |
Aaaaaaa... a Исус Христос не е Бог за тебе, а? А тоа за децата, го имаш на друга тема.
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:08
EvAngelos напиша:
Значи сепак признавате дека Марија не била неопходна за Бог да го изведе Својот план за спасение. Тогаш зошто ја нарекувате клучот од Небесното Царство? |
EVANGELOSE NIE NE ZBOREMO KOGA BI BILO STO BI BILO TUKU TOA E FAKT DEKA BOG SE VOOPLOTIL OD SVETA DEVA I TOLKU KRAJ MOLK!!!!!!!!!!!!!
TAA E ONAA PREKU KOJA DODJDE SPASENIETO NA SVETOT KAKVI LUKAVSHTINI VEKJE NEMA SE DA IZNESETE
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:11
Маран Ата сега ти биди педантна и одговори ми каде пишува во писмото дека треба да упатуваме молитви на Марија.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:12
izvoren напиша:
Маран Ата сега ти биди педантна и одговори ми каде пишува во писмото дека треба да упатуваме молитви на Марија. |
Ти сеште не ми одговори. Христос не е Бог???
Која вера ја исповедуваш ти, бре дете?
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:14
Maran Ata напиша:
izvoren напиша:
Маран Ата сега ти биди педантна и одговори ми каде пишува во писмото дека треба да упатуваме молитви на Марија. |
Ти сеште не ми одговори. Христос не е Бог???
Која вера ја исповедуваш ти, бре дете? |
Ама ми ги мешаш прашањата доста си конфузна.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:21
Исус никаде во Светото Писмо не ја нарекол блажената Марија "своја мајка" (туку ја нарекувал "жено"), а ги нарекол така оние кои ја исполнуваат вољата на Бог. Оттука станува јасно дека на Исус Му било и сеуште му е поважно духовното сродство, а не телесното.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:22
EvAngelos напиша:
Исус никаде во Светото Писмо не ја нарекол блажената Марија "своја мајка" (туку ја нарекувал "жено"), а ги нарекол така оние кои ја исполнуваат вољата на Бог. Оттука станува јасно дека на Исус Му било и сеуште му е поважно духовното сродство, а не телесното. |
А оти мислиш дека не бил во духовно сродство со Мајка Му?
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:22
A ti lukava itroshtino se najde vo nebrano! Pokazuvash deka izvoronoto Hristijanstvo ne e tvojata vera ptocno si izvoren samo no produkt na izvornite eresi ne Hristijani!!!
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:26
Редно е да одговориш Што наведува да и се молиш на Марија?
И не треба вака агресивно да коментирате.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:26
izvoren напиша:
Ама ми ги мешаш прашањата доста си конфузна. |
Јас не мислам дека сум конфузна. Еве го текот на муабетот.
izvoren напиша:
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог. |
Maran Ata напиша:
А кого родила? |
izvoren напиша:
Исус Христос |
Maran Ata напиша:
Aaaaaaa... a Исус Христос не е Бог за тебе, а? |
Е сега чекам одговор на последното прашање. Воопшто не е конфузно, треба да одговориш само со Да, Бог е! или Не, не е Бог!
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:31
Maran Ata напиша:
EvAngelos напиша:
Исус никаде во Светото Писмо не ја нарекол блажената Марија "своја мајка" (туку ја нарекувал "жено"), а ги нарекол така оние кои ја исполнуваат вољата на Бог. Оттука станува јасно дека на Исус Му било и сеуште му е поважно духовното сродство, а не телесното. |
А оти мислиш дека не бил во духовно сродство со Мајка Му? |
А зарем не е во духовно сродство со сите вистински христијани? Тоа значи дека, СПОРЕД ХРИСТОС!, сите вистински христијани се Негова Мајка, а не само Марија.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:35
Можеби треба да се отвори нова тема „Дали е Марија Христородица или Богородица?„ и таму да се префрли последнава страна-две. Евентуално би додал - „Беше ли Марија, мајката Исусова, девица?„
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:38
EvAngelos напиша:
Maran Ata напиша:
EvAngelos напиша:
Исус никаде во Светото Писмо не ја нарекол блажената Марија "своја мајка" (туку ја нарекувал "жено"), а ги нарекол така оние кои ја исполнуваат вољата на Бог. Оттука станува јасно дека на Исус Му било и сеуште му е поважно духовното сродство, а не телесното. | А оти мислиш дека не бил во духовно сродство со Мајка Му? |
А зарем не е во духовно сродство со сите вистински христијани? Тоа значи дека, СПОРЕД ХРИСТОС!, сите вистински христијани се Негова Мајка, а не само Марија. |
А зарем сите вистински христијани го родиле Бога?
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:39
Evangelos prosto me cudis pa zar i ti brate Evangelose, nemozes da svatis ednostavni prashanja!!!
Duhovno site sme povrzanio so Hrista!
No Hristos i telesno beshe vo nea, dodeka se rodi taa povrzanost j aima i fizicki telesno so Negovata covecka priroda ne samo so duhovnata-Bozestvenata so koja prebiva vo site koi gi pazat zapovedite Negovi!
No ti ni so duh ni so telo nebeshe pod krstot!
A Marija ne samo sto Duhovno stradashe pod krstot gledajki go Hristos na krst a i duhovno, velejki prorokot Simeon i a tebe mec kje ti ja probode dushata navestuvajki za nejzinite dushevni stradanija..gledajki go od nea rodeniot kako e porugan i izmacuvan ta i raspnat na krst.
I taa da nema smelost da bide pred Boga!!
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:39
Maran Ata напиша:
izvoren напиша:
Ама ми ги мешаш прашањата доста си конфузна. |
Јас не мислам дека сум конфузна. Еве го текот на муабетот.
izvoren напиша:
Никако неможе да закапирам дека Марија го родила Бог. |
Maran Ata напиша:
А кого родила? |
izvoren напиша:
Исус Христос |
Maran Ata напиша:
Aaaaaaa... a Исус Христос не е Бог за тебе, а? |
Е сега чекам одговор на последното прашање. Воопшто не е конфузно, треба да одговориш само со Да, Бог е! или Не, не е Бог!
|
Супер!Вака педантно средено хронолошки, и покрај тоа што е банално за еден христијанин ќе ти одговорам.
Исус Христос е Бог!!!!!
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 13:41
Па во право си дека банални одговори даваш. Прво рече дека Богородица не Го родила Бог, а сега велиш дека Христос е Бог. Се читаш ли што пишуваш?
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
|