IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Фрчковски имаш ли коментар за Глигоров 1995-та?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фрчковски имаш ли коментар за Глигоров 1995-та?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 17>
Автор
Порака
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 01:09
Ма Фрчко треба прво да каже зошто мораше да замине под хитно на 03.10.1995 после обидот за атентат врз Глигоров во Бугарија и од таму да нареди затворање на граница. Каде беше, и зошто баш тој ден во Сандански имаше средба со Босовите на Мулти на Групот? Како и зошто токму тој е директор на фондацијата Глигоров?

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 18:34
..Љубомир Данило Фрчкофски, како да заборава дека баш во неговиот занает е напишано дека молчњењето значи и согласување или одобрување на нештата. Но, исто заборава или не сака да каже зошто кога Здравко Василев- стражен судија од Основе Суд 1 од Скопје, задолжен за истрагата за обидот за атентат врз Глигоров, откако ги заврши сите потребни дејанија и откако требаше да ги презентира резултатите од истрагата одненадеж во 2001 година почина. Кој ли само ја нарача смртта на Здравко Василев? Кој ли толку се плашеше и бегаше од некоја вистина? И, каде се актите кои ги имаше тој изготвено за извештај? Знам само дека доколку некој се дрзне да одговори одговорот ќе биде:,,Здравко Василев почина од природна смрт, а резултатаи од истрагата немаше никакви............ Но, зошто некој чекаше да поминат седум години од смртта на Василев, па потоа да го отвори ова прашање кое како одредени кругови велат до сега било мистерија и дека сега мора да се реши....

Изменето од orlov - 24.Октомври.2008 во 20:49
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 20:10
Интересен текст:
Бранко нарача, УДБА изврши, Фрчкоски покрива?! 

Напишано од Екипа на Форум   
14:22 - 23.10.2008
Бившиот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, од комотната позиција на универзитетски професор во вторникот конк*рираше за наградата од 1 милион евра што ја дава МВР за битна информација во врска со атентатот на Киро Глигоров. Професорот не можеше да ја открие мистеријата за тоа кој се обиде да го убие претседателот на "Оазата на мирот" додека тој беше министер во МВР, но затоа 13 години подоцна во неговиот универзитетски кабинет му дошол "крунски сведок", негов полицаец, кој му дал јасна слика за тоа што се случувало во структурите со кои тој, инаку, раководеше и на кои им издаваше наредби

Според Фрчко, Бранко го нарачал атентатот, ДБК го извршила, а тој го покрил. И тоа во Вашингтон, каде што замина како полицаец, а се врати како дипломат.
Признанието на професорот во целост ја потврдува анализата на Форум, објавена пред две недели по повод 13 години од трагичниот настан, дека атентатот на Глигоров беше само обид да се исплаши претседателот кој упорно и тврдоглаво инсистираше на борба против организираниот криминал, наспроти тогашниот премиер Бранко Црвенковски за кого отворено се ширеа муабети дека е близок со структури кои го организираа шверцот со нафта и цигари, како и пирамидалните штедилници.
Впрочем, уште во тоа време се говореше дека Црвенковски бил приморан од Глигоров да го одржи познатиот говор во Собранието за расчистување со "октоподот" и за криминалните "пипки" кои длабоко навлегле во државните структури.
"Професоре, јас сум тој службеник на МВР кој ја сликаше фотографијата на наводниот германски турист пред Бристол на која се гледа паркираното ами 6, ден пред атентатот. Еден од државна (н.з., Дирекцијата за државна безбедност) ми рече да сликаме куп фотки секој ден, не ми објаснуваше зошто. Јас сликав и му ги предадов фотографиите и негативите нему и заборавив", пишува Фрчкоски за тоа што му кажал некогашниот полицаец на некогашниот негов шеф, во кабинетот на сега веќе "еминентниот" професор и "експерт" без чија запршка нема политичка чорба во Македонија!
Бившиот министер, кој неуспешно ја водеше истрагата за трагикомичниот атентат на Глигоров извршен токму во негово време, на овој начин признава дека атентатот не бил организиран од надворешни фактори како што најавуваше во 1995 г., туку од внатрешни структури, полициски структури.
Со сета нему својствена апсурдност, Фрчкоски раскажувајќи ја "прикаската" пропушта да потсети дека тој беше челникот во МВР во тоа време, тој и’ издаваше наредби на Дирекцијата за државна безбедност и, згора, сите информации му беа достапни. Сега, 13 несреќни години подоцна, се прави невешт, вистинољубив, безмалку безгрешно зачнат!
Зошто и токму сега Фрчкоски го објавува ова? Кои се мотивите на министерот кој не го реши случајот, а за тоа подоцна од неговиот премиер Црвенковски наместо со оставка беше награден со позицијата министер за надворешни работи? Кои, пак, биле мотивите на човекот, кој отишол право кај својот поранешен шеф, а не кај сегашната министерка за внатрешни работи или во јавното обвинителство кои го водат случајот?



Изменето од moira - 23.Октомври.2008 во 20:10
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 20:58
more sum vi rekol deka ovoj branko e opasen...i kaj trajkovski ima mesano prsti ovoj...covekot ne saka konk*rencija...i sto e najloso sve resava so eliminacija...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 00:59
Originally posted by moira moira напиша:

Ако требаше да се одмота клопчето оддамна ќе се одмоташе. Немаше да стане јазол, искрено мислам дека зад ова стои нешто големо, од кое треба да се одвлече вниманието на јавноста. Инаку нема логика после 13 години по атентатот, човекот кој беше министер на МеВеРето и чиишто познаници и пријатели се споменатите сведоци да не знаел досега апсолутно ништо за сето тоа, и ете деновиве го посетиле и просветлиле и тој веднаш оп, колумна со сознанијата за атентатот!


...пак се цитирам самата себе...истата исповед во облик на колумна од нашиот ценет колумнист излезена е една недела претходно во еден друг дневен весник, Нова Македонија, но тогаш никој не и обрнал внимание...интересно, нели?...дури подоцна откако ке се случат низа неуспеси во однос на спорот со Името и останати работи, оп исповетта искача во Дневник и се дига целата оваа врева, се ангажираат медиуми, нивинарите се во потрага по вистинитоста на напишаното, дури и јавниот обвинител се разбуди и огласи со изјава,  и веднаш колумнистот беше повикан да даде изјава пред надлежните органи...мошне интересно...само кој ќе ми објасни ЗОШТО СПИЕА ПОВЕКЕ ОД НЕДЕЛА ДЕНА или колумна во Нова Македонија и колумна во Дневник нема иста тежина?...


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 15:33
Не се работи за колумна на Фрчковски, туку за новинарски напис, во кој пишива (дел):
 
“На 3 октомври „Нова Македонија“ ја објави оваа фотографија и двете верзии за тоа кој е всушност вистинскиот фотограф. Љубомир Фрчкоски, кој за време на атентатот беше министер за внатрешни работи, изјави дека бил запознаен со информациите за фотографијата, дека тоа бил оперативец на ДБК.Тоа е сосема спротивно од официјалната верзија, дека фотографијата всушност сосема случајно ја направил некој германски турист. Од тогаш до вчера не се огласи ниту полицијата, а уште помалку македонското обвинителство.

Во вчерашната колумна во „Дневник“ Фрчкоски раскажува дека деновиве оперативецот од ДБК сосема случајно се појавил кај него.“

Во написот од 3 октомври пишува: “Од многуте информации, последната до која дојде „Нова Македонија“ е судбината на фотографијата објавена во медиумите на која се гледа автомобилот-бомба „ситроен ами 8“, паркиран пред хотелот „Бристол“ ден-два пред атентатот...“ 

Во написот има и други интересни моменти, а зошто на него не реагирала полицијата?
Изгледа никој веќе не чита Нова Македонија, па ни полицајците...голема%20насмевка

 

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 15:37
Јас се повеќе си мислам дека Фрчко останал шворц, па му текнало да се пријави за наградата од еден милион евра, која сеуште важи за оној кој ќе достави клучна информација за истрагата...голема%20насмевка
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 20:51
Тешко дека ќе е тоа. Но, поизвесно е дека на некој друг му зависи главата па решил да прозбори.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
laki svedska Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 18.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 55
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki svedska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 00:32

Ja mislam kako po obicaj Frle nas pak saka da e vo centarot na site slucuvanja a normalno od toa saka i nesto da profitira pa razmisluvam na slednovo :
Posto nasiot "sakan" predsedatel na drzava saka da se vrati vo politickiot zivot i normalno deka nikoj vo SDSM-ot ne mu e ni do kolena toa lesno moze da go ostvari a tuka profesorov ne pominuva ni pod razno( setete se samo koga bil samaran od Brance) e sega vo dogovor so nekoj potencijalen kandidat za lider na partijata imaat napraveno plan da go kompromitiraat Brance za da ne dojde pak na vlast a , sekako za toa da bide velikodusno nagraden
Ja mislam deka e toa patkata sto sega saka uceniov da ni ja sitne , a ne e i nevozmozno deka poedini lica od spomnatite se i stvarno vmesani vo atentatot.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 09:13
Originally posted by moira moira напиша:

Интересен текст:
Бранко нарача, УДБА изврши, Фрчкоски покрива?! 

Напишано од Екипа на Форум   
14:22 - 23.10.2008
Бившиот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, од комотната позиција на универзитетски професор во вторникот конк*рираше за наградата од 1 милион евра што ја дава МВР за битна информација во врска со атентатот на Киро Глигоров. Професорот не можеше да ја открие мистеријата за тоа кој се обиде да го убие претседателот на "Оазата на мирот" додека тој беше министер во МВР, но затоа 13 години подоцна во неговиот универзитетски кабинет му дошол "крунски сведок", негов полицаец, кој му дал јасна слика за тоа што се случувало во структурите со кои тој, инаку, раководеше и на кои им издаваше наредби

Според Фрчко, Бранко го нарачал атентатот, ДБК го извршила, а тој го покрил. И тоа во Вашингтон, каде што замина како полицаец, а се врати како дипломат.
Признанието на професорот во целост ја потврдува анализата на Форум, објавена пред две недели по повод 13 години од трагичниот настан, дека атентатот на Глигоров беше само обид да се исплаши претседателот кој упорно и тврдоглаво инсистираше на борба против организираниот криминал, наспроти тогашниот премиер Бранко Црвенковски за кого отворено се ширеа муабети дека е близок со структури кои го организираа шверцот со нафта и цигари, како и пирамидалните штедилници.
Впрочем, уште во тоа време се говореше дека Црвенковски бил приморан од Глигоров да го одржи познатиот говор во Собранието за расчистување со "октоподот" и за криминалните "пипки" кои длабоко навлегле во државните структури.
"Професоре, јас сум тој службеник на МВР кој ја сликаше фотографијата на наводниот германски турист пред Бристол на која се гледа паркираното ами 6, ден пред атентатот. Еден од државна (н.з., Дирекцијата за државна безбедност) ми рече да сликаме куп фотки секој ден, не ми објаснуваше зошто. Јас сликав и му ги предадов фотографиите и негативите нему и заборавив", пишува Фрчкоски за тоа што му кажал некогашниот полицаец на некогашниот негов шеф, во кабинетот на сега веќе "еминентниот" професор и "експерт" без чија запршка нема политичка чорба во Македонија!
Бившиот министер, кој неуспешно ја водеше истрагата за трагикомичниот атентат на Глигоров извршен токму во негово време, на овој начин признава дека атентатот не бил организиран од надворешни фактори како што најавуваше во 1995 г., туку од внатрешни структури, полициски структури.
Со сета нему својствена апсурдност, Фрчкоски раскажувајќи ја "прикаската" пропушта да потсети дека тој беше челникот во МВР во тоа време, тој и’ издаваше наредби на Дирекцијата за државна безбедност и, згора, сите информации му беа достапни. Сега, 13 несреќни години подоцна, се прави невешт, вистинољубив, безмалку безгрешно зачнат!
Зошто и токму сега Фрчкоски го објавува ова? Кои се мотивите на министерот кој не го реши случајот, а за тоа подоцна од неговиот премиер Црвенковски наместо со оставка беше награден со позицијата министер за надворешни работи? Кои, пак, биле мотивите на човекот, кој отишол право кај својот поранешен шеф, а не кај сегашната министерка за внатрешни работи или во јавното обвинителство кои го водат случајот?



Да. Се е во ред доколку како и сама кажуваш Фрчковски самиот себе уште во старт не се негира. Или можеби тоа е последица на бунило- но тогаш како личност треба да добие свој третман и сосема друг класификација од што како последица треба да му се одземе правото на Универзитетски Професор..
Но,во ред. Условно се сложувам дека е така. А, што работеше сиве овие 13- години универзитетскиот КОЛУМНИСТ Фрчковски? Зошто во ниту една колумна не спомна бар нешто за Здрвко Василев?- колку за појасновање: Василев пред да стане судија работеше се до 1975 година во тогаш СВР во Скопје а потоа стана судија. Значи беше комплетна личност за водење на успешни истраги. До неговата мистериозна смрт сите истраги и целокупната негова работа беше врвна, па затоа и беше наградуван и пофалувам. Но, сепак некому му сметаше. Затоа и наеднаш мистериозно завши неговит живот.
Што ли во себе таи Фрчковски? Зошто не открие зошто и по чии налог стана директор на фондацијата Глигоров? Зар како министер тој имаше задача да се дружи со босовите од регионалното подземје- МУЛТИГРУПОТ?
Сето тоа кога ќе го презентира ќе биде добра приказна за обичниот народ. Но, само приказна. Приказна затоа што во ова лудо македонско реално време, време на можни се потешки економски и социјални кризи на обичниот народ потребну му се приказни за успивање. Но гледано од аголот на оние кои бар малку или повеќе ги работеле безбедносните работи не е така.
Сега очекувајте во стилот на екс првиот разузнавач Драган Стојмановски- Млекце, Фрчковски да почне да кажува како некој го издал а се со цел да ги сокрие сопствените негативности.
И да има свој ФЕЉТОН во најмала рака во неделниккот Фокус. И се ќе заврши као ништо во државава да не се случило.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
SuicideMessiah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SuicideMessiah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 09:42
Ne e ni Branko ni Frchko kriv tuka...glaven odgovoren i narachatel ke izleze Pavle Trajanov...zabluda e opasna stvar...neka vi tekne deka Pavle Trajanov beshe od sekogash nastroen protiv K.Gligorov kako togashen chelnik na DBK.Imeno Frchkovski ne e glup da prezentira dokazi ako znae deka gzot mu e vo ogan.
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 10:06
nadvor od tema, ama koga e veke spomnat...

jas se sekavam deka koga Trajanov bese minister, sekade kade sto odese , parkinzite moraa da bidat prazni ... od kogo li toj tolku se plasese ?
Кон врв
SuicideMessiah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SuicideMessiah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 10:40
Poln Pogodok!
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 11:19
Originally posted by SuicideMessiah SuicideMessiah напиша:

Ne e ni Branko ni Frchko kriv tuka...glaven odgovoren i narachatel ke izleze Pavle Trajanov...zabluda e opasna stvar...neka vi tekne deka Pavle Trajanov beshe od sekogash nastroen protiv K.Gligorov kako togashen chelnik na DBK.Imeno Frchkovski ne e glup da prezentira dokazi ako znae deka gzot mu e vo ogan.



Не би се рекло дека е така.
Фрчковски за да се извлече од сопствената каша спремен е да ги издаде сите инволвирани во неговата акција, само за да добие амнестија.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.