|
Свето Предание пренесено преку Светите Отци |
Внеси реплика | страница <1 1718192021> |
Автор | |||
semkarot
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зошто Господ Исус Христос бил исто така обвинуван дека не го држи преданието?
Зошто Господ Исус Христос ги обвинувал фарисеите дека го држат преданието? |
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Господ ги обвинил фарисеите за држење на човечкото предание, за кое тие се држеле како слепци за стап, а ги занемарувале Божјите заповеди. Матеј 15: 2 „Зошто учениците Твои не го запазуваат преданието на старите? Зошто не си ги мијат рацете кога јадат леб?“ 3 А Тој им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание? 6 тогаш тој може да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание! 9 но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.“ Додека пак, Православните го држат Божественото Апостолско Свето Предание, она што Христос усно поучувал и го предал на Апостолите, Апостолите на нивните ученици, тие ученици на следната генерација ученици…. се така до ден денеска. Затоа св.ап. Павле за Светото Предание вели: 2 Солунјаните 2, 15 И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание. 2 Солунјаните 3, 6 Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее неуредно, а не според преданието што го добивте од нас! 1 Солунјани 4, 1 И така, браќа, ве молиме и ве заколнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, с# повеќе во тоа да напредувате; 1 Солунјани 4, 6 и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборувавме и сведочевме порано. Филипјаните 4, 9 И она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа правете го, и Бог на мирот ќе биде со вас! Ова е веќе кажано, читај од почеток. Изменето од Maran Ata - 23.Октомври.2008 во 14:23 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Maran ata, сакаш да кажеш, Свети Павле, не повикува да се држиме до преданието.
Интересно, и сето тоа напишано во Светото Писмо. |
|||
semkarot
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересни одговори, но не се однесуваат на прашањата. Впрочем, нема проблем да се држиме до тоа што ни го оставија Апостолите и Исус како аманет. Но проблемот настанува кога човечки преданија ги негираат Божјите заповеди. Листата на таквите човечки преданија би била многу долга. Прашањето останува, зошто ние би се држеле до човечки преданија, а не до Божјите заповеди? |
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Листа на човечки преданија нема во Православието. Може има во вашите погрешни толкувања на Светото Писмо. А и јасно ти наведов дека св.ап. Павле не вели до држете се до човечките преданија, туку до оние кои тој ги пренел на своите ученици. |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
semkarot
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како можеш да кажеш дека нема човечки преданија, кога се знае дека добар дел од преданијата во Православието настанале под влијание на грчко-римската религија и словенскиот паганизам, односно немале ништо допирно со учењето на Исус Христос?
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А бе ти да не имаше брат? Знаеш да кажеш нешто аргументирано? Се слушаш ли што пишуваш? Совенски паганизам ваков паганизам таков паганизам? Ај за првите два познати ми се вашите „динамични“ толкувања, ама сега ова со словенскиот паганизам е нешто ново? А што од тој словенски паганизам сме прифатиле? |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
semkarot
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Познато е дека добар дел од традициите во македонската фолк религија се наследство од паганизмот. На пример храната на гробовите, бадниковите гранчиња, коледарските огнови, обожувањето на жени, итн.
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ова ти нема врска. Ај прочепкај по претходните теми и не не навраќај на она што веќе го имаме поминато. Ако мислиш дека Православието прави нешто што е погрешно, задржи си го тоа за тебе и престанете да сте до толку опседнати со нашата СВЕТА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА. Ти, од христијанска некоја нововековна деноминација, си дошол да ме учиш мене, православна христијанка, што е православието!!?? Баналност!!! Г-дине, прво направете си сајт на кој вие ќе ги подучувате вашите верници за вашата вера, а не само да го судите православието, а ништо корисно не проповедате, та потоа дојди да ми објаснуваш јас колку си ја знам мојата вера! |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Семкарот - мешаш народно богохулење, со Православие. Тоа се два сосема различни поими!
п.с. Не се занимавајте едни со други! |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Vetil
Нов член Регистриран: 02.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 27 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Slava na Boga kakvi svetii bile tie, da se potrudime po nivniot primer i nie da cekorime po Hristoviot pat, Slavejki go Boga. |
|||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На темава се зборува повеќе за историското предание особено во врска со настаните за време на Господовата и апостолската проповед, но сметам дека предание е сето богатство на сознание кое го собираат верните и им го „предаваат“ на следните генерации. Нашето предание е Свето предание во кое влегува Светоотечкото предание. Значи ние го собираме сознанието и откривање во Светото Предание не само она кое им е дарувано на Светите Отци, туку и откривањата кои Бог ги дарува на секој христијанин. Независно од тоа кој стекнал духовно искуство кое треба да биде преточено во богатството на православното христијанско предание тоа е валидно само ако биде прифатено од Црквата. Тоа оди спонтано одприлика вака: кога некој старец ќе доживее Божја објава тој самиот може да биде сигурен во тоа, но објавата и ја кажува на Црквата. Тоа пред се се случува неформално и спонтано. Таа преку одредени монаси или лично од старецот прекажано стигнува до останатите лица од Црквата, пример до игуменот каде или во чија близина старецот се подвизува. Независно од авторитетот на старецот игуменот го има Божјото овластување. Игуменот може да ги праша другите старци за објавеното од првиот старец, може да разговара со други игумени, може да зборува со епископ или повеќе други епископи, теолози и слично. На тој начин Црквата е консултирана и ја потврдува или ја отфрла објавата. Доколку е некое посебно важно прашање во ретки случаеви дури се свикува соодветна форма на собор за да се одлучи со објава на официјален став по тоа прашање. И кога новото сознание-откровение доаѓа од одреден епископ, Архиепископ или Патријарх пак тоа ќе биде проверено и консултирано од останатите, старци, епископи, теолози пред да биде прифатено. Но целата процедура најчесто е многу кратка. Скоро секој верник го чувствува Духот на верата, што е одраз на Светиот Дух во нас, така што кога некој ни открива нова тајна ако таа не е Божја останатите кои се во духот на верата, не се потпаднати под духот на обманата на оној кој го има откривањето скоро секогаш веднаш имаат кристално јасна претстава за исправноста на откривањето. Пример кога некој старец ќе каже некоја реченица таа самата по духот на верата се вклопува во нашето христијанско богатство. Може лицата кои одлучуваат за одредено откривање да бидат многу понедуховни од старецот, но тие се на таа позиција и Бог Свет Дух им дава правилно расудување и тие донесуваат правилна одлука со оглед на Божјата поткрепа во вршењето на нивните надлежности. Ако светиот старец се побуни ќе згреши, не значи веднаш дека ќе ја изгуби светоста, но духовно може да си наштети и покрај подвизите ако се побуни на устројството на Црквата. Дури и ако сознанието е Божјо, но било несфатено и отфрлено, тоа самото со силата на вистинитоста правилно ќе се вклопи во дотогашните сознанија на преданието (Духот на верата). Спонтано ќе си најде пат во духовноста на верниците и со текот на времето ќе стане признат дел од преданието. Значи за тоа што ќе биде дозволено или отфрлено да биде во Светото Предание, независно од кој почитуван признат старец, теолог, епископ и слично меродавен е судот на Црквата овластена од Бога да одлучува за тоа (институционалноста), кој суд се одвива на начин кој погоре го опишав. Сите што се надвор од Црквата и не бараат консултација од Црквата секогаш се одметнати и им служат на противбожјите сили независно од тоа колку себеси се сметаат за христијани и независно колку се повикуваат на Господ Христос. Во таа смисла одметнати се сите бајачи, гатачи, побожни баби и дедовци со „ангелски“ сништа за манастири, Ванѓи, Тарабиќи и др. Одметнати од Бога се сите кои не се вѕидани во Црквата, туку си работат индивидуално, „приватно“ по свое за Бог. Ова е клучно да се знае кој, кога, за што има овластување. Тоа е така согласно на природата на власта и овластувањето секаде низ се што постои, така е и во Црквата. Се што е надвор од таа овластеност и институционалност на општествено ниво води кон анархизам. Пример еден обичен човек поставен да биде стражар на стражарското место ЗАКОНОТ во врска со службата му дава повисоки овластувања од било кој авторитет не само од останатите вработени туку од директорот или дури и од претседателот на државата. Така и независно што ќе го препознае претседателот, треба да му бара легитимација и претседателот да му биде подреден во целата процедура во реонот кој е под негова законска овластеност. Тоа е одраз на законот и институционалноста која сите ги поставува на своите места. Спротивно на тоа кажано е гревот е беззаконие. Животот, постапките, изборите надвор од природната поставеност се погрешни и се грев, така и протестантското работоводство без налог, каде секој работи она што сака и бидејќи не се знае ни што се собира, ниту кој одлучува за собраното, собраното се растура е пат кон анархизам кој е крајната дестинација на општеството како последица на деинституционализацијата. Човечката рационализација на Верата започната со римокатолицизмот, што доведе до втората рационализација протестантизмот, води кон наредната фаза на човечко рацинализација - атеизам. Тоа на глобално општествено ниво (значи не мора секаде) ќе се одрази со отфрлање на институционалноста и воведување на анархизмот. Божјата надрационалност правилно ги поставува работите, човечката рационализација на верата е погрешна и оди спротивно. Бидејќи нашата вера е Божја и надрационална, сфатлива само со Божјо откровение, а не со самостојно лично толкување, затоа ние се повикуваме на Црковното Светоотечкото Божјо откривање и толкување. Ним откриено од Бога и потврдено од Црквата преку Бога. Изменето од sard - 23.Октомври.2008 во 23:04 |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
sard prekrasno patem izbrishi lp
|
|||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Одличен текст Сард!
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Внеси реплика | страница <1 1718192021> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |