|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 108109110111112 146> |
Автор | |
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никој, никогаш...
Поплочи го утрото со сознание дека никој, никогаш нема безусловно да ти се предаде. Тргни кон небото, знаејќи дека никој, никогаш нема да те поткрене на раменици за да го дофатиш. Фантазијата ќе липта за ангели со светли ореоли, но ти оди спроти ветрот и не врти се. Нема ништо толку неодложно, нема никој толку неопходен, овде, на оваа пространа ледина со измислени ликови и однапред напишани реплики. Овде, никој, никогаш нема да биде прегрнат без да биде задушен. Никој, никогаш нема да биде бакнат, без да биде исплукан. Никој, никогаш нема да биде сакан, без да биде раскрвавен. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Време е да одам
и некоја планина да срушам, доста беше шупчење. Време е звезди во в џеп да ставам, небо празно да оставам, доста заебанции биднаа. Време е лош да се биде со лошите додека цвилат под петица тешка, доста вртев образи и кошули раздавав. Тој што бев умре го дадов на вците им го зедов крзното облека не менувам никогаш макар смрдел до небо и назад, доста беше други да седнат, а ја да стојам. Упс ! Пак сум сонувал безвезе нешто, ама ајде што ми е убаво кој да рече може као ја кичма да свитка стопала да си баци, а за други да збориме треба ли ? |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бесмртни
Си играме, се бркаме, се тркаме, потскокнуваме на една нога, правиме коло напред, правиме ѕвезди, се тркаламе, се превртуваме, се скокоткаме, се кикотиме, се смееме, се радуваме, веруваме, дека оставаме симпатични отисоци во времето. А времето е ситен песок на сончев брег што рамнодушно ја чека следната плима. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е денес ден
кога во ред се треба да биде, едноставно, не е таков ден кој е еден од многуте кои да ги засереме мораме само колку да си потврдиме дека среќата за некој друг е. Не е денес ден кога треба да се смееме иако сите услови ги имаше, а нас цената само не интересираше и во која грмушка зајакот се криеше. Лесно да се вели дека се сакаме себеси а колку ли вистина имаше ? Да се сакаш себеси значи безусловно сакање тебеси, да се загубиш не можеш кога пресметки ќе баталиш, кој зема, а кој доби илузија на надмоќност глупава. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Допри ме душиче
онака како знаеш најдобро да умееш, предаден со секој дел, не си требам онака како те имам. Секоја мисла твоја оваа ноќ во сон нека ми биде како слика илјада зборови што збори да видам она што никој нема да види она што чудо те прави. Секоја моја мисла за тебе видлива е пред очи твои самовилски, отворен за тебе не ми треба ништо за мене, |
|
butterfly5
Сениор Регистриран: 23.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
нека не ти биде само сон,
нека не ти биде само желба сакај но со срце и душа и ке ти се остварам,ке те погалам видлива секоја болка и тага за мене и секој миг сакам да ја фатам таа тага и болка, да ја ставам во врекјава што ја чувам, ја полнам со сета тага,болка и несрекја што ке ја сретнам, за да ја запечатам утре кога ке биде полна и да му ја вратам на ѓаволот клет кој без срам ја посеа ливадата на срекјата со семе од црнила и јад.... ке зажали...оти ке му ја вратам назад.. но сега преобразена од човечки јад, забиберена ке му биде со злоба, засолена со сите солзи и самиот ке гори во сопствениот пекол кој сам си го креира |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кино
Спокојно спиј си и не се срами што денот бездушен те совлада со тупаници од залудни обиди и клоци од неисполнети очекувања. Моето рамо е меко и гостопримливо, а твојата коса не ме скокотка по вратот и подраснатата брада не ме боцка. Редарот е свикнат на двојки како нас стиснати во задните редови, а ние сме обѕирни, пристојни и мирни - немаме мобилни, не грицкаме семки, и не пукаме балони од гума за џвакање. Спиј си слободно и не бери гајле, нема ништо невидено да пропуштиш: ни очај, ни бес, ни радост, ни страв; ни мене нема да ме пропуштиш, оти ти си ѕвездата во сите мои филмови. Изменето од filmadzijka - 25.Октомври.2008 во 23:58 |
|
zumbula
Нов член Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo son mi se javi
javeto son mi se stori mi se stori javacot na jave li go sonam? Ako samo prostam prosto li ke bide ke bide li prosteno ako prosta bidam? |
|
butterfly5
Сениор Регистриран: 23.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се будиш,
ги отвараш очите со желба исцекуваш,бараш со тие две езера длабоки неоткриени, И одеднаш заматена вода во езерцата мали свакјаш дека сум била само во твојот сон таму сме биле слободни,диви како деца разиграни низ зеленило растрчани... Не тагувај мило, не ја загадувај чистотата на душата твоја, не го губи сјајот во окото твое Оти јас сум тука иако ме нема испружи ја раката,почекај, затвори ја дланката, затвори ги очите... Ме осекјаш? Допри ја дланката на образот твој и почуствувај го најслаткиот бакнеж кој ти го пракјам. Тука сум мило, само треба силно и искрено да ме посакаш,и ке ме имаш. |
|
stasi
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sakam da mu kazam kolku mi znaci
Sakam da mu kazam kolku go ljubam Sakam da kazam,eh neznam sto Znam samo deka poleka se gubam |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вярвам във вдругиден Вярвам във вдругиден, а утре ще я срещна, да, вярвам във вдругиден, затова защото утре вече ще бъде минало. Вярвам в утрeшната първа минута, Минутен допир за добре дошъл, И добре заварил, е влято в нея, И на смях ще почне минута втора. Вярвам във вдругиден, Тогава и минута трета, е минало. И с нея минала минутна усмивка, Тя вдругиден ще бъде запомнена. А утре в минутата четвърта, Когато погледите се срещнаха, Чакайки я петата дълга като седмица, Завърши в песента моя... ало, ало ... тишина Когато утре ще е вече минало, Когато ще бъде, както е трябвало да бъде Пожелавана негативна минута шеста
Вдругиден ще знам, че заминах. |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шеќерче
Многу прашања беа одговорени од пепелта што ја разнесе ветрот и го означи моето распаѓање. Шините на кои го слушав доаѓањето на возот, сега шепотат за откинати глави и заборавени куфери. На патот кон зајдисонцето, сум тргнат со мисла да играм криенка со небото, и да не го поплукам штом ќе го пронајдам... (Како шеќерче во детската игра. Наивно, мало, немоќно, што секогаш одбира очигледни места за криење...) |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Go gledam gulabot na granka
dodeka stojam so prazni race premrznat i bez palto koe ne mi smetase sto go nemav, dodeka nadezta me greese dodeka gledav nestplivo vo dalecina da prepoznaam poznata silueta koja naiduva. Sega samo ocite gi zatvoriv izbegnuvajki da go vidam likot svoj vo virceto valkano kade zabelezliv e samo pogledot na malo kutre izgubeno i civkavo gladno i premrznato so mala tocka nadez vo zenica sto se gasi. |
|
ExEption
Нов член Регистриран: 30.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали сум сега тука
Или некаде таму? И додека се обидувам да сватам што ме донесе овде светам како лист по дожд, а некој се обидува да ме стигне и да ми каже дека нема КРАЈ |
|
Внеси реплика | страница <1 108109110111112 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |