IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - НОВИТЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НОВИТЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 18>
Автор
Порака
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 11:27
Arash AF10

Две години откако го претстави својот прв прототип, британската компанија Arash го претстави дизајнот на нејзиниот прв супер автомобил, чие производство треба да започне кон почетокот на 2009 година.

Arash AF10, чија цена ќе биде „само“ 215.000 евра има за цел да ги привлече купците на помалите произведувачи како што се Koenigsegg и Pagani. При конструирањето на AF10, вклучувајќи ја и шасијата, се користени карбонски влакна, се со цел да се одржи тежина под прифатливите 1.200 килограми.

Ова значи дека AF10 ќе биде за 160 килограми полесен од Ferrari Enzo, а од McLaren SLR за речиси половина тон. Под поклопецот на моторот се наоѓа тјунираниот Corvette Z06.

Седумлитарскиот V8 мотор со 530 KS ја пренесува силата на задните тркала и тоа со помош на 6-степенскиот мануелен Graziano менувач.

Оставена е можност за уште посилен V8 motor Corvette ZR1 во комбинација со компресор кој максималната сила би ја зголемил на 640 KS.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 11:28
Mercedes подготвува обнова на coupe моделите

"Car magazine" објави дека Mercedes планира да ја обнови целокупната понуда на своите coupe модели. Целата приказна ќе ја започне coupe-то од новата Е класа, па ќе следи истата изведба за С класата, а потоа ќе се случи репозиционирањето на CL-a.

Магазинот јавува дека следната година ознаката CLK ќе замине во историјата, а на нејзино место ќе дојде coupe изведбата на новата E класа. Овој модел, како и целата нова генерација на E класата беше најавена во Париз со концептот Fascination.

Причина за производството на овој модел е подигање на имиџот на E класата во борбата против BMW серија 5 и Audi A6. Исто така, досегашниот CLK на овој начин би се подигнал за пола сегмент нагоре со што ќе се пополни празнината која ќе настане кога CL ќе премине во coupe S класа..

Замената за CLC на пазарот би требало да пристигне кон почетокот на 2010, а ќе го носи називот C класа Coupe. Исто така, магазинот најави пола година после coupe-то на купувачите ќе им биде понудена и cabrio изведба со платнен кров. Кабриолетот се уште нема добиено зелено светло, но од техничка страна се е подготвено за петтата каросериска изведба на C класата.

Овој автомобил со своите димензии, опрема и цена ќе цели на просторот меѓу кабриолетите на Audi A3 и A5 и BMW серија 1 и серија 3. Во 2010 година на пазарот исто така треба да се појави и новата генерација на Mercedes coupe со четири врати.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 18:41
mi se dopaga samo da e so zatemneti stakla "ti da gi gledas drugite,a da mislis deka drugite ne te gledaat"
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 12:19
Renault ја олеснува рецесијата

Renault нуди мало олеснување од рецесијата со својот нов простран и солидно конструиран 1,6 литарски седан автомобил.

Конструиран врз основа на B0 платформата, од Renault тврдат дека новиот модел на Logan нуди пространост на висококласен автомобил. На задната клупа комотно можат да седат тројца возрасни со висина од 1,9 метри. Багажниот простор е со капацитет од 510 литри. Стандардната опременост на автомобилот може да се процени како солидна . Електронското подесување на управувачот, вградениот  клима уред, ЦД и МП3 плеер, електриката на прозорци, и воздушното перниче за возачот се дел од стандардниот пакет.

Во срцето на новиот Logan се наоѓа 1,6 литарски, со 8 вентили, мотор кој развива 64 KW со 55000 ротации во минута и го придвижува седанот од нула до сто километри на час за 11.5 секунди. Максималната брзина на Logan е 175 километри на час.

Во поглед на потрошувачка, Logan троши 7,2 литри на 100 километри. Интересен е фактот што новиот модел на Нисан NP200 Bakkie има слична конструкција со Logan, и има ист мотор како францускиот седан.

Можеби ве загрижува квалитетот на автомобилот кој е толку економичен. Renault гарантира дека Logan е конструиран според најстрогите стандарди за квалитет и дека секое возило кое излегува од фабриката на Renault е подложено на ригорозни тестови за издржливост на променлива клима и возење по лоши патишта.

Најпривлечен детаљ на овој автомобил е неговата цена. Logan се продава поевтино од другите возила во неговата класа. Секако, нема да победи на натпревар по убавина, и сигурно нема да биде „најшминкерската“ кола во маалото, но што очекувате за тие пари?

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 14:32
Магнетски воздушен автомобил

Компанијата „Магнетик Ер Карс“ од Сан Хозе, во САД, објави дека го произвела првиот автомобил во светот кој нема да се движи со помош на гориво, туку дека возилото што го нарекоа „Магнетскиот воздушен автомобил“ се движи благодарение на магнетната технологија и комресиран воздух.  

Излезниот тек на воздухот од моторот се трансформира во обртен момент, што и дава сила на осовината и го придвижува автомобилот. Овој процес е поддржан од силиконска батерија која може да се наполни за еден час и трае 10 години. Батеријата се рециклира 95 отсто, што овој автомобил го прави еден од еколошки најприфатливите на планетата.  

Од компанијата екслузивно објавија дека наскоро планираат на направат работен прототип на ова возило што може да биде подготвено за сериско производство веќе од 2010 година.

Оваа идеја, за автомобил на воздух, инаку, не е  оригинална, бидејќи вакви замисли постојат уште од 1920 година, но малку од нив досега продолжиле да егзистираат со  некаков конкретен проект.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
CIRACE Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај CIRACE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 23:41
NOVAVA KOLA NEMA DA SE PROIZVEDE KE GO UBIJAT SOPSTVENIKOT ZOSTO SITE DRUGI FABRIKI KE TREBA DA ZATVORAT ILI SITE KE MU PLATAT GOLEMO BOGATSTVO DA NE GO PROIZVEDE AUTOVO
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2008 во 07:37
Mini Cooper на струја

Mini следниот месец на саемот за автомобили во Лос Анџелес ќе ја претстави целосно електричната изведба на атрактивниот Cooper. Еколошкиот Mini ќе биде произведен во 500 примероци, кои ќе се најдат само на пазарот на Калифорнија.

BMW одлучи на Mini да ја тестира технологијата за изработка на електричен погон, а воедно и да ги задоволат законските регулативи на Калифорнија, кои наложуваат произведувачот на пазарот да понуди и возила со нулта степен на емисија на штетни гасови.

За погонот е задолжен електромоторот со сила од 201 KS со 220 Nm вртлив момент, а силата се пренесува на предните тркала. Во BMW се одлучија за литиумска батерија со капацитет од 35kW/h, поради која багажниот простор е намален на само 60 литра.

Електричниот Mini, тежок 1.465 килограми за 8,5 секунди развива до  100 километри, а максималната брзина е ограничена на 152 km/h. Со едно полнење Mini може да извози 250 километри. Батеријата се полни за 2,5 часа.

Сите 500 примероци ќе бидат изработени во сребрена боја. Лесно ќе може да се препознаат со оглед на фактот што немаат ауспух, за разлика од класичната изведба.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 12:43
Honda CBF-125

Honda следната година во продажба ќе го пушти новиот модел CBF-125. Според компанијата ова е ултимативна градска машина, која за разлика од скутерите поседува петобрзински мануелен менувач и 17 цолни тркала, што особено придонесува за безбедноста, како и за уживањето во возењето.

Погонската сила на оваа симпатична машина и го дава моторот со четворотактно воздушно ладење, со волумен од 125ccm кој на задното тркало му испорачува 11 коњски сили, и потполно ги задоволува Euro 3 стандардите. Новиот CBF-125 има мала потрошувачка која овозможува со резервоар од 13 литри да се минат околу 600 километри.

CBF125 ќе се најде во продажба кон почетокот на пролетта, и тоа во три варијанти, спортско црвена, црна и сребрена. Цената на моторот се уште  не е позната.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 12:43
Fiat во Бразил ќе го престави Bugster

Fiat на претстојниот саем за автомобили во Бразил ќе го претстави новиот концепт-автомобил, комбинација на buggy и roadster изведбата, со симболичен назив Bugster.

Главна карактеристика на Bugster-от е неговиот погон и материјалот од кој е изработен. Имено, Bugster-от ќе се движи благодарение на електричниот мотор, а неговата каросерија ќе биде изработена од природно влакна, што и тоа како придонесува во развојот на еколошките автомобили.

Според информациите на магазинот „Italianspeed“, доколку влезе во производство, Bugster-от ќе се продава исклучиво во Бразил, што е особено важно за екологијата на земјата која има најголем процент од светските тропски шуми.

Иако сосема е јасно дека Bugster нема да влезе во производство, сепак оваа дизајнерска студија ќе придонесе за промена на мислењето за материјалите кои се користат при изработка на автомобилите.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 07:45
Нови рендери - Pagani Zonda R

После неколкуте варијанти и рендери стигна и најновиот и веројатно најблискиот приказ на драматично стилизираниот супер автомобил Pagini Zonda R, но по се изгледа Horacio Pagini има многу поголеми планови и амбиции од тоа што можеме да го видиме.

Последните рендери, претставени кон крајот на минатата години и податоците кои беа пласирани, говореа дека автомобилот ќе биде произведен само во 10 примероци и оти ќе има мотор со сила од 750KS.

Новите рендери кои се појавија во јавноста, го прикажуваат автомобилот во сосема друго светло. Каросеријата, која е со јаки жолти линии во комбинација со црна боја е изработена од карбонски влакна.

Моторот на Zonda најверојатно ќе биде 7,3 литарскиот AMG V12, кој е застапен и во постарите модели на овој производител. Моделот R е доказ дека производителот си игра со екстремностите, екстремен изглед, екстремни материјали и екстремни перформанси.

Останува да ги причекаме и другите рендери и информации од производителот, како и конечната изведба на новата Zonda R.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 07:46
Audi Calamaro: Летечки концепт - автомобил

Во последните неколку години Audi „лета“ многу ниско со постојните модели RS4, RS6 и R8, но работите се менуваат, па Audi одлучи да се одвои од асфалтот и да премине на нешто понапредно и тоа за време на светската рецесија.

Имено, Audi го претстави концепт-автомобилот на иднината Calamaro. Како што можете да видите на фотографиите возилото не поседува тркала и претставува комбинација од автомобил, авион, а поседува и можност  за превоз (лебдење) по вода.

Автомобилот го разви младиот студент по дизајн од Унгарија, Тибот, за еден од натпреварите кои ги организираше Porsche Унгарија. Концептот Calamaro е инспириран од коските на рибата сипа, што може да се забележи и од самиот дизајн на автомобилот.

Дизајнот само по себе е особено интересен и изгледа како автомобил од иднината. Останува нејасно што ќе го придвижува ова возило, на кој начин ќе се вози и каде и како ќе го паркирате?
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 07:47
edno znam голема%20насмевка ovaa kola nikogas ne bi ja kupila, i ako e nekako specialna
Renault Sandero Sand'up концепт

Renault на саемот за автомобили во Сао Паоло го претстави својот нов концепт 2+2 купе/кабриолет возило под називот Sandero Sand'up.

Освен тоа што е модуларен и има можност за поместување на панелот за да се добијат особините 2+2 купе/ кабриолет, автомобилот е окарактеризиран и како комплетен SUV или pick up.

Една од интересните карактеристики на Sand'up концептот е можноста за претворање на багажниот простор во транспортен кревет за спиење, што само го дополнува големиот дијапазон на можности и модификации на овој модел.

Sand'up е базиран на неодамна претставениот компактен SUV модел Sandero Stepway исто така презентиран на саемот во Сао Паоло,  кој како и Sand'up-от е наменет за аргентинскиот пазар.

Новиот модел ќе го движи  1,6 литарскиот мотор со сила од 110KS и 148Nm вртлив момент, а ќе има можност за возење на бензин и етанол. Етанолот како погонско гориво е достапен ширум Бразил. Оваа латиноамериканска држава воедно е и најголемиот произведувач на органски горива во светот.

За сега од Renault не соопштуваат дали новиот Sandero Sand'up има шанси да се појави на европскиот пазар и дали воопшто ќе влезе во производство.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 10:58
Официјални фотографии на Nissan 370Z

Компанијата Nissan ги објави  првите официјални фотографии на најновиот модел Nissan 370Z на кои се гледа конечната верзија на возилото кое својата премиера ќе ја доживее во ноември 2009 година на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

За разлика од својот претходник model 350Z, новиот 370Z има поагресивен изглед и доаѓа со 3,7 литарски V6 мотор со 330KS, и помало меѓуосовинско растојание.

Nissan 370Z очигледно дека ќе биде со ретро изглед, но со понагласени линии.

Предните светла се стилизирани, во облик на бумеранг, што може да се смета за предност ако се земе предвид дека возилото изгледа како издолжен триаголник, нешто што се почесто се гледа кај повеќето автомобили.

Што се однесува до внатрешноста, таа неверојатно потсетува на изгледот на моделот Zed, додека шал таблата и остатокот од внатрешноста потсетува ма Nissan Murano. Официјалните информации и карактеристики на овој модел не се објавени.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 10:59
BMW работи на „зелен“ супер автомобил

Британскиот магазин Autocar објави дека BMW ги истражува можностите за изработка на супер автомобил кој би бил еколошки освестен и директен ривал на Audi R8, Porsche 911 и Mercedes McLaren SLR.

Според инсајдерски информации новиот неименуван зелен супер автомобил изгледа како модерниот M1 и ќе биде направен според последната технологија на BMW за изработка на возила од лесни материјали.

Autocar навестува дека двоседот ќе има централно позициониран мотор, веројатно напредна верзија на 3,0-литарскиот би-турбо 6-цилиндричен бензинец.

Автомобилот ќе биде опремен со најновата технологија на BMW за заштеда на гориво, вклучувајќи директно вбризгување, регенерирање на енергија при кочење, стоп-старт систем, како и подобрена аеродинамика.

Доколку овој „зелен“ супер автомобил добие зелено светло, тогаш почетокот на производството може да се очекува во текот на 2012 година
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.