IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Веронаука по изворно Христијанство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Веронаука по изворно Христијанство

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:13
Се чудам зошто Maran Ata се мачела да врши истрага околу здружението "Божилак". Можела слободно да ме праша се што ќе посака и како што ви одговорав вам до сега, така ќе и одговорев и неа.
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Неколку пати беше прашано дали соодветна деноминација го организира овој кyрс, и беше одговорено дека не е.
Ев - дали можеш да потврдиш дали е ова предавање на Радосна Вест или е сосема независно?
 
 
zidarski, наведените кyрсеви не се во организација на црквата "Радосна Вест", туку се организирани од здружението на граѓани-христијани "Божилак".
Една од локациите на "Божилак" се наоѓа во Христијанскиот Центар, каде што меѓу другото се наоѓа и црквата "Радосна Вест". Затоа и се поклопуваат мапите на црквата со здружението и тоа не е никаква "Еурека" на Maran Ata. Секој што поминал во Христијанскиот Центар го знае тоа.
Во Христијанскиот Центар се стационирани повеќе христијански организации.
 
- Една од локациите на здружението "Божилак".
- Христијанската баптистичка црква "Радосна Вест"
- Хуманитарното здружение "Христољубие"
- Книжарницата "Откровение"
 
Заради заедничката цел, овие друштва и организации соработуваат меѓусебе, а и со многу други цркви, друштва и организации во Скопје, Македонија и надворешноста. Бидејќи книжарницата "Откровение", за сега, колку што јас имам информации, е единствена (библиска, не православна) христијанска книжарница во Македонија, преку неа се издаваат многу христијански книги, не само од црквата "Радосна Вест" туку од повеќе библиски цркви во Македонија.
 
За да нема понатамошни забуни, слободно прашајте се што ве интересира и јас, доколку знам, ќе ви одговорам.
Поздрав!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:22
Здраво Евангелос.
Не знам кој/а е Маран Ата, и зошто ме поврзуваш со него/неа.

За сите организации наведе што се, освен за Божилак, кое испаѓа дека е во рамките на издавачката дејност на баптистичката црква Радосна  Вест.
Тоа е исто како да кажеме дека периодиките Троичник и Премин, и книгите  издадени од Воведение  Вељуса  си немаат „благе везе“ со МПЦ?
Исто така, Премин, не го издава МПЦ, но, сепак, не се срамиме да кажеме, дека во Премин се застапени теми од православната духовност.

Се срамиш да кажеш дека предавањата се засноваат на баптистичките убедувања, или се плашиш, дека ако така кажеш, бројот на посетители ќе се намали?

Полувистините и недоречените вистини...
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bo&#382;e ne znam &#353;ta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:24
Би сакал да знам што представува “Изворно“ - на што се мисли тука, (не само за мене а и за сите други заинтересирани кои сакаат да дојдат) дали е тоа учењето од самите апостоли и Библиски Личности? и како “доказ“ за самото учење, каква е таа програма, и што сведочи дека тоа е вистина?
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:29
Originally posted by makarios makarios напиша:


За сите организации наведе што се, освен за Божилак
 
 
Maran Ata, за здружението "Божилак" зборував на долго и широко во моите предходни коментари на темава (на 1та страна на темава). За да не спамирам со копи-пејст, доколку те интересира, погледни ја првата страна од темава.
Поздрав!
 
Originally posted by evangelist evangelist напиша:

Би сакал да знам што представува “Изворно“ - на што се мисли тука, (не само за мене а и за сите други заинтересирани кои сакаат да дојдат) дали е тоа учењето од самите апостоли и Библиски Личности? и како “доказ“ за самото учење, каква е таа програма, и што сведочи дека тоа е вистина?
 
Токму така, изворното учење претставува она библиско учење кое го поучувале Христос и апостолите. Верувам дека ќе се сложите и нема дилема дека Изворот е Христос.
Доказ за тоа е дека се што ќе се предава таму, ќе биде подржано од Библијата. Јас сум присуствувал на некои од тие кyреви и можам слободно да кажам дека на тие интерактивни кyрсеви после секоја точка, после секој изнесен заклучок, следува потврда од Светото Писмо.
Но најдобар доказ е да се дојде и да се провери. Залудно е јас да објаснувам за тоа. Кој сака може да отиде на едно предавање и самиот да се увери.


Изменето од EvAngelos - 20.Октомври.2008 во 19:35
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:32
Евангелос - следниот пат кога ќе се обратиш кон некого со друг ник и ќе изигруваш полицаец - ќе те банирам на три дена! Претера!
Do what is right, come what may...
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:38
Добро тогаш, нека ти биде. Ама откако ги најдов сајтовите, на кои јасно стои дека Божилак е во склоп на Баптистичка црква, тешко сум убеден дека ќе дојдам на предавања. Не дека однапред ги осудувам твоите верувања, но како скрушум се обиде да го одбегнеш фактот, чувствувам дека нешто криеш од мене.




Изменето од makarios - 20.Октомври.2008 во 19:39
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:39
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Евангелос - следниот пат кога ќе се обратиш кон некого со друг ник и ќе изигруваш полицаец - ќе те банирам на три дена! Претера!
 
Договорено! Но следниот пат кога некој друг ќе се регистрира под ново корисничко име, јас ќе соберам доволно докази за тоа, и ќе ги известам администраторите. А вие слободно продолжете да ја прашувате "Maran Ata 2" дали таа била "Maran Ata" голема%20насмевка
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:41
Evangelos napadot e najdobra odbrana!!!
kako i sekogash?
i jas neznam zashto taka ne maslosuvash?
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:42
Процедурално: зошто постот во врска со премиерот ми пишува: Pending aproval?
Однапред се извинувам, ако несакајќи навредив некого, или не кажав како шо треба.

За Евангелос: Проблемот е што Библијата не е дел од изворното христијанство - таа настанала 3 века подоцна. Изворното христијанство го потврдувате со цитат од книга што не е дел од „изворното христијанство“? не%20знам
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:45
Затоа што нема врска со темата, како што нема врска и последниот пост.
Ве молам - има различни теми, прашањата поставувајте ги во соодветните теми или отворајте нови.
Do what is right, come what may...
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:45
Евангелос, јас не го/ја познавам Маран Ата (можеби и го/ја знам, но под псевдонимот - не).

Администраторите може лесно да проверат од кои ИП адреси се логирам. На форумот налетав денеска - и се надевам дека не е страшно ако пишувам и јас?
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:48
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Затоа што нема врска со темата, како што нема врска и последниот пост.
Ве молам - има различни теми, прашањата поставувајте ги во соодветните теми или отворајте нови.


ОК, се извинувам, немав време да ги прочитам сите правила на форумот. Ќе се трудам да се вклопам што побрзо... ако ме примате, оф корс љубов
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:49
Девојко, здружението "Божилак" не е дел од црквата "Радосна Вест", туку тие две, заедно со хуманитарното здружение "Христољубие" и христијанската книжарница "Откровение" се дел од Христијанскиот Центар во Дебар Маало на улица Благој Давков бр. 10, Скопје.
Точно е тоа дека црквата "Радосна Вест" ја обавува својата издавачка дејност преку "Божилак" и преку книжарницата "Откровение", тоа е сосема нормално кога таа е ЕДИНСТВЕНА библиско христијанска книжарница во Македонија. По закон не е дозволено црквите да продаваат книги. Остај ти што прави МПЦ, таа е побратимена со власта па затоа и се дозволува тоа. Еднаш се обидоа да ја фискализираат, ама дури и тогаш власта попушти.
И пак ќе повторам, во "Божилак" и во книжарницата "Откровение" издаваат книги и други цркви во Македонија, и тоа повторно не значи дека "Божилак" е во склопот на сите овие цркви и здруженија, туку едноставно, заради истата цел - библиско образование на народот, братски се подржуваат пред законот на РМ.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 19:50
Се разбира - добре дојде на форумот (немав можност до сега формално да ти посакам добредојде). Ќе се вклопиш брзо - само омекнете го сите тонот во дискусиите, нема потреба од расправии...
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.