![]() |
|
Новости |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 9> |
Автор | |
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хеликоптер лета сам
![]() Автономниот хеликоптер успешно извел кружења, пируети, нагли и полукружни свртувања и превртено лебдење над поле. Хеликоптерот е опремен со систем за вештачка интелигенција што го создале информатичари од Станфорд, а се научил да лета гледајќи ги акробациите на хеликоптер контролиран со далечински од човек. "Овие хеликоптери може да изведуваат маневри до границите на она за што е способен обичен хеликоптер", вели Адам Коутс, дипломец кој работел на проектот. Хеликоптерите, кои комуницираат со компјутер кој го води од земја, треба дополнително да се усовршуваат. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шлем кој „чита“ мисли
Во иднина војниците ќе комуницираат безгласно со софистицирани т.н. „мисловни шлемови“. Оваа направа ќе ги пренесува мозочните бранови од еден војник и ќе ги претвори во радио бранови, кои ќе се преведат во зборови во слушалките на другите војници. Во моментов, концептот за овој шлем е со 128 сензори кои се вметнати во војничкиот шлем. Војниците ќе треба да размислуваат јасно, и конкретно да ги формулираат нивните реченици, што е слично на начинот на кој се обучени да зборуваат. Клучниот дел за работата на системот е софтверот кој содржи електроенцефалограм кој може да ги распознае и интерпретира зборовите на војниците . Американската армија склучи договор со истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, во висина од 4 милиони долари. Тие треба да го разработат овој концепт и се планира за една до две декади ваквиот шлем да стане реалност. Истражувачите работат и на други слични направи со мозочни бранови за видео игри, за кои се планира да излезат во комерцијална употреба од следното лето. Верзијата за армиските шлемови ќе биде пософистицирана. За да го изведат ова, научниците ќе мора да ги комбинираат напредните технологии со начинот на кој функционира на мозокот. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нов вид на рерна за побрзо готвење
Американскиот научник Кевин Кинер, вели дека развил нов тип на рерна во која може за многу кратко време да се приготви храна. Овој нов производ може да ја намали употребата на масло за 50%, покрај тоа ги намалува маснотиите и храната има помалку калории отколку храна зготвена на обичен шпорет. Оваа рерна која работи на електромагнетни бранови, може да го замени процесот на пржење на храна со многу масло. Храната зготвена со помош на оваа рерна се припрема за многу брзо време и го задржува вкусот како кога би се готвела на вообичаен начин. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
HP iPAQ 914 Business Messenger
Американската информатичка компанија Hewlett Packard (HP) го претстави HP iPAQ 914 Business Messenger, напреден уред - smartphone (комбинација од мобилен телефон и џебен компјутер) со интегрирани решенија кои овозможуваат максимална деловна продуктивност додека корисникот се наоѓа во движење, далеку од канцеларијата. HP iPAQ 914 Business Messenger овозможува извршување на посложени работни зафати, па дури и на поголема географска оддалеченост од канцеларијата. HP iPAQ поседува 2,46 инчен TFT екран со резолуција од 320 x 240 пиксели, камера од 3 мегапиксели со автофокус и дигитален зум, а за складирање на податоците можете да ја користите 256 мегабајтната интегрирана меморија. Доколку овој мемориски простор не ви е доволен, тогаш податоците можете да ги зачувате на картичка. Димензиите на апаратот се 113 x 64 x 16 мм, а тежок е 146 грама, што го прави лесно пренослив. Од бројните поддршки и апликации треба да се издвојат Quad band GSM/GPRS/EDGE и Tri Band HSDPA, WiFi, Bluetooth 2.0, Office Mobile, Office Outlook Mobile, Internet Explorer Mobile, HP Voice Commander6, MMS Composer, Bluetooth Manager, Certificate Enroller, HP Photosmart Mobile. Сето ова го прави HP iPAQ 914 Business Messenger идеален уред за деловни корисници, но и останатите корисници нема да се разочараат од функциите и карактеристиките на овој smartphone. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нова верзија на Nintendo DS конзола
До крајот на година треба да се појави новата верзија на Nintendo DS конзолата која ќе има мултимедијални способности и вграден дигитален апарат, објавија повеќе интернет портали. Со новите опции ќе се подобри и онака одличната продажба на оваа конзола, со ова Nintendo фаќа чекор со светските трендови на пазарот, речиси сите апарати, без разлика дали станува збор за мобилни телефони palm лаптопи или други гаџети имаат способност за репродукција на мултимедијални содржини и имаат вградена дигитална камера. Промените се должат на фактот што во последните пет месеци Sony успеа да го престигне Nintendo на јапонскиот пазар, по што од компанијата утврдија дека дојде време да ја модерницира сопствената конзола и да го претстави новиот модел. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Прв 3Д дигиталец од Fujifilm
Пазарот на дигитални камери е особено конк*рентен и секој произведувач се обидува да направи нешто што ќе го одвои од останатите. Некои се борат со нудење на што е можно поголем број на мегапиксели, други пак со понуда на HD видео, додека други со понуда на софтвер за препознавање на лице. Fujifilm направи нешто сосема поинакво, ја произведе првата дигитална камера која продуцира тридимензионални фотографии. Како што можете да забележите од понудената (дводимензионална) фотографија, се уште неименуваниот апарат од Fujifilm поседува две леќи, со чија помош ќе може да ја определи далечината на различните објекти кои се гледаат низ објективот и со кои ефективно ќе успее да ги постави во тридимензионална средина. Се што корисниците на камерата ќе треба да направат за да снимат 3Д фотографија е да го притиснат копчето за фотографирање. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
bas me interesira kako ke izlete se ova, so appel i nokia
![]() Пристига Nokia Tube
Најголемиот произведувач на телефони „Nokia“ утре ќе го претстави мобилниот кој треба да му конк*рира „iPhone“ од „Apple“. „Nokia се наоѓа под голем притисок да исфрли добар производ. Луѓето тоа го очекуваат веќе повеќе од една година“ изјави Каролина Миланези од аналитичката компанија „Gartner“. Моделот Nokia 5800, познат како „Tube“, ќе поседува посебно создадени апликации за музика, поради што повеќе ќе потсетува на музички апарат отколку на таканаречените „smartphone“, кои имаат бројни функции слични на персоналните компјутери. Производителите „Samsung“ и „LG“ веќе се испробаа во производството на touchscreen, Sony Ericsson планира наскоро на пазарот да го исфрли телефонот „Xperia X1“, додека „Motorola“ во Кина веќе започна со продажба на телефон од тој тип, наречен „ming”. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Телефон - проектор?!
Долго време ИТ фанатиците сонуваат за мобилен телефон, кој воедно ќе може да користи и како проектор. Како што напредува технологијата и како што се намалува големината на проекторите, се чини дека сонот може наскоро да стане јаве. Полека, сепак не очекувајте дека такво нешто наскоро ќе се појави на пазарот иако DoCoMo подготвува прототип. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Samsung Night Effect
По големиот успех на моделот Samsung Giorgio Armani Touchscreen Phone, јужнокорејскиот производител Samsung и Armani повторно се здружија и го направија телефонот Night Effect. Станува збор за тенок и елегантен телефон, кој поседува AMOLED екран, како и позадинско LED осветлување на тастатурата, кое свети во сина, зелена или црвена боја секој пат кога примате или вршите повик. Поради сето ова и го носи називот Night Effect. Телефонот е како создаден за младите кои ги сакаат ноќните прошетки или пак дискотеките. Телефонот ќе биде достапен во две бои, црна и бела, а во Европа треба да се појави во текот на ноември годинава. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пристига новиот LG Prada
LG го претстави новиот Prada телефон, LG-KF900 со лизгачка тастатура која се извлекува странично. Prada II е комплетен „smartphone“ со веќе докажан, чист Prada дизајн. Од богатата палета на опции, на новиот Prada II му недостига само GPS навигациониот систем Новиот LG Prada телефон својата премиера на европскиот пазар ќе ја доживее есенва, а според најавите ќе се продава по цена од 600 евра. LG досега успеа да продаде повеќе од еден милион Prada телефони. Се очекува дека новата верзија ќе ја продолжи успешната приказна на својот претходник. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Сони„ го претстави новиот читач на е-книги
Јапонската електронска компанија „Сони“ ја претстави новата верија на својот читач на е-книги „Ридер диџитал бук“. Во моделот има вградено и дополнително ЛЕД светло, за читање на е-книгите во затемнети простории. Моделот ПРС-700 во својата интерна меморија може да сочува содржина до 350 е-книги. Како и претходникот ПРС-505, и моделот ПРС-700 има батерија од поголем капацитет која овозможува „прелистување“ на околу 7.500 страници и УСБ приклучок за поврзување со персонален компјутер и пренос на содржини. Моделот ПРС-700 во САД ќе се продава по цена од околу 400 долари. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Џебен телевизор за секоја прилика
Компанијата Maplin претстави интересен ултра-пренослив ТВ уред, наменет за вистинските зависници од оваа магична кутија. Дополнителна функција на овој уред е тоа што можете да го користите како дигитален рисивер за поголемите ТВ апарати, бидејќи поседува бројни приклучоци, како што се портови за камера, ДВД систем, звучници... Малиот телевизор, кој работи на 7,4 V rechargeable батерија, доаѓа во пакет со далечински управувач и слушалки. Maplin телевизорот треба да се појави на пазарот до крајот на декември, веројатно пред божиќните празници и ќе се продава по цена од 170 американски долари. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Голотија во европските аеродроми
Европските аеродроми ќе добија нова технологија во делот на контролата, каде скенерите буквално ќе ги покажуваат патниците како од мајка родени. Европската комисија се оградува бидејќи ова ниво на безбедност во воздухопловниот промет е само предлог, што не мора да биде прифатен. Кога патникот ќе влезе во скенерот, тој фронтално, странично и од грб се слика, што е доволен приказ за откривање на оружје, дрога, монети, но, и на најинтимните делови на телото. Според првите реакции во Европа, малку е веројатно дека скенерите ќе бидат употребени за контрола на патниците, бидејќи навлегуваат во приватноста на луѓето. Против ова се Ирска и Италија , каде истите се наречени неправедни, насилни и непотребни, пренесува “Индекс хр.“. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Aigo MP5 плеер
Компанијата Aigo во рамки на спонзорството на шампионатот во Формула 1 неодамна го претстави и Vodafone McLaren Mercedes MP5 плеерот. Плеерот со кодно име MP5-MK3510, поседува екран со големина од 4,3 инча, кој дава слика со резолуција од 480 x 272 пиксели. Уредот има интегриран e-Book читач, ФМ радио приемник и прегледник на фотографии. Од аудио/видео форматите плеерот ги подржува речиси сита најзастапени типови на датотеки, како што се: RM, RMVB, AVI, FLV, DAT, MPG, MPEG, како и MP3, WMA, FLAC, APE, BBE и SRS формати. Апаратот е во состојба четири часа без престан да репродуцира видео содржини, односно 10 часа аудио материјали. За сега нема податоци за цената и за официјалниот старт на продажбата на Aigo Vodafone McLaren Mercedes MP5 плеерот. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |