Новости
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Технологија
Опис на форумот: Мобилни тел., DVD плеери, телевизори, mp3 плеери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14212
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 01:09 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Новости
Постирано од: seka
Наслов: Новости
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:25
tuka mozete sekoj vid na novosti okolu tehnika da se stavite i da diskutirate!
|
Коментари:
Постирано од: seka
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:27
prezemeno od idividi vesti
„Космофон“ од денеска и во фиксната телефонија
Скопје, 18 јуни (МИА) - Мобилниот оператор „Космофон“ од денеска го најави стартот на фиксната телефонија „АЛЛО“, со понуда за корисниците и во пост-пејд и во при-пејд.
„АЛЛО“ на корисниците им нуди фиксна линија која брзо и лесно ќе ја поврзат во својот дом и притоа ќе зборуваат по најповолни цени, информираат од „Космофон“. Корисниците имаат можност да одберат уред за фиксна линија со кој ќе го поврзат својот постоечки телефон или да одберат целосно решение, односно телефон со вграден уред за фиксна линија. Користењето на уредите во промотивниот период е бесплатно со склучување на договор од 24 месеци.
Услугите во фиксната телефонија преку својата ГСМ мрежа ја нуди низ целата земја, која во моментов покрива 99,8 проценти од населението.
Во пост-пејд „Космофон“ нуди три тарифни модели - АЛЛО 199 со месечна претплата од 199 денари, АЛЛО 299 со месечна претплата од 299 денари, која вклучува 100 бесплатни минути кон сите национални фиксни мрежи и АЛЛО 599 со месечна претплата од 599 денари, која вклучува 600 бесплатни минути кон сите национални фиксни мрежи. Сите нови „АЛЛО” корисници во пост-пејд сегментот кои ќе се активираат во промотивниот период до 31 август добиваат и 1000 бесплатни минути за разговор кон сите „АЛЛО” корисници, кои треба да ги искористат во рок од три месеци од денот на активација и три месеци без месечна претплата.
Во при-пејд сегментот, АЛЛО го нуди тарифниот модел „АЛЛО ПРИ-ПЕЈД“ кој овозможува фиксна линија без месечна претплата и без договор, како и достапност во период од 12 месеци без дополнување на сметката и 100 денари бесплатни разговори кон сите мрежи при активација на фиксната линија.
За сите нови корисници на тарифниот модел „АЛЛО ПРИ-ПЕЈД“ активирани во промотивниот период до 31 август добиваат дополнителни 1000 бесплатни минути кон сите „АЛЛО“ броеви, кои треба да ги искористат во рок од три месеци од денот на активација.
По повод влезот на „Космофон“ во фиксната телефонија, главниот извршен директор Петрос Лефковиц изјави дека со воведувањето фиксни телефонски услуги, Космофон уште еднаш го одржува своето ветување кон корисниците за конк*рентна, едноставна и достапна комуникација за сите. - Влезот во фиксната телефонија претставува уште едно значајно достигнување за Космофон, по добивањето на 3Г лиценцата и четирите регионални WiMAX лиценци. Со нивното воведување на услугите кое се планира во блиска иднина, Космофон ја зацврстува својата позиција на компанија која нуди комплетни комуникациски решенија, најквалитетни интегрирани комуникациски услуги и воведува вистинска конк*ренција на телекомуникацискиот пазар, истакнува Лефковиц.
Космофон работи на пазарот во Македонија од јуни 2003. Во овие пет години постоење, компанијата изгради широка телекомуникациска мрежа, која во моментов обезбедува 99,8 проценти покриеност на населението, нудејќи широко портфолио на конк*рентни производи и квалитетни услуги, а истовремено создавајќи малопродажна мрежа од 218 продавници и над 5.540 продажни места низ земјата. Корисничката база на Космофон ја надминува бројката од 618.000 корисници.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:42
Робот за осамени мажи
На јапонскиот пазар наскоро ќе се појави роботот Ема, нова играчка која е наменета за осамените мажи.
Фирмата „Сега тојс“ го произведе малиот робот со висина од 38 сантиметри кој работи на батерија и со стискање на копче може да бакнува, а ќе се продава по цена од 175 долари (113 евра).
Со инфрацрвени сензори и електронски мотор, малата играчка со име Ема се приближува со усните кога во своја близина ќе почувствува човечко лице. Нејзините творци велат дека таа знае да биде многу мила.
- Таа е прекрасна иако не е човек, но со момчето може да се однесува како права девојка, рече претставник на фирмата „Сега тојс“, кој додаде дека очекуваат првата година да продадат 10.000 роботи.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 10:42
Najnovo od Sony Ericsson
Sony Ericsson F305 - гејмерски телефон
Компанијата Sony Ericsson го претстави својот нов entry-level модел на мобилен телефон F305 кој првенствено им е наменет за гејмерите. Телефонот доаѓа со копчиња кои се прилагодени за играње, а во него се вградени и сензори кои се осетливи на движењата за управување со играта. На пример со движење на телефонот ќе може да управувате со топките при куглање.
Од Sony Ericssona соопшти дека компанијата и претходно користела технологија осетлива на движења, но овој пат таа е интегрирана и како една од опциите за начинот на играње на игрите.
F305 телефонот на лизгање има поддршка за 3D која се користи при играњето на игри кои се направени во landscape модот. Со самиот телефон доаѓаат и три прединсталирани игри, а од сајтот на Gameloft може да се симнат уште 50 други.
Освен опцијата за гејмери, телефонот има и media player, поддршка за Bluetooth и EDGE како и браузер за интернет страници.
Засега не е позната цената на новиот модел, кој на пазарот ќе се појави во третиот квартал од годинава.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 11:14
Sony сам работи на PSP Phone
Компанијата Sony планира до Божик да го лансира PlayStation Portable телефонот, објави британскиот магазин „Marketing Week“.
Списанието повикувајќи се на свои проверени извори наведува дека Sony планира да го модифицира PSP и да го приспособи така што гејмерската конзола да стане и мобилен телефон.
Според истите извори компанијата планира овој проект да го изработи самостојно, без помош на Ericsson, па така PSP Phone треба целосно да биде производ на Sony.
„Marketing Week“, повикувајќи се на извори од индустријата наведува дека Sony во ниеден случај нема да му го препушти на Ericsson дел од PlayStation брендот. Многумина велат тоа е главната причина поради која новиот гејмерски телефон SonyEricsson F305 не доаѓа под брендот PlayStation. Се разбира, сето ова сега за сега се само нагаѓања, за поточни информации за PSP телефонот ќе треба да причекаме до објавувањето на официјалните податоци, доколку воопшто се појават.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 02.Јули.2008 во 14:30
ne zna, dali bas tuka treba ova da go pstiram, no epten sum fascinirana ov ovaa tehnologija, zamislete kako napreduva svetot i tehnologijata
Јазикот во помош на инвалидите
Истражувачи од САД развија нов апарат што користи мал магнет, кој им помага на инвалидите да управуваат со количката корстејќи го само врвот на јазикот.
Магнетот со големина на зрно ориз, е имплантиран под јазикот и им овозможува на луѓето сами да ја бираат насоката на движење.
"Го избравме јазикот како координатор на овој систем бидејќи, за разлика од рацете и нозете, кои се контролирани од мозокот преку 'рбетниот мозок, јазикот е директно поврзан со мозокот преку карнијален нерв, - "велат од тимот на Универзитетот за технологија во Џорџија.
"Овој нерв ги избегнува оштетувањата и повредите кои би можеле да настанат кај 'рбетниот мозок, а и движењата на јазикот се брзи, прецизни и не бараат многу размислување, концентрација или напор,"- вели Мајсам Џованло, кој е дел од тимот.
Апаратот функционира така што корисникот има слушалки со магнетно поле кои го следат магнетниот имплант на јазикот и ги пренесуваат сигналите до преснослив компјутер, кој може да биде сместен на количката.
"Овој пронајдок може да направи вистинска револуција во полето на технологии за помош на оние индивидуи кои се физички неспособни, за да им се овозможи да водат активен, независен и продуктивен живот, "- вели Џованло.
Истражувачите велат дека компјутерот може да биде програмиран да ги препознава уникатните специфични движења на јазикот за секој корисник посебно. Постои можност за усовршување на овој систем така што би можело да се направи опција каде со допирање на секој заб би се извршувала различна наредба.
!
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 12:56
Рок бенд составен од роботи
На Грег Лок од Хамилтон, Нов Зеланд, му беше потребно шест месеци работа за да состави рок бенд од роботи направени од стари музички инструменти
Основачот, инаку басист аматер, одлучил да основа група наречена „The Trons“, откако самиот останал без својот бенд кој се распаднал.
После половина година тој составил четири роботи - двајца гитаристи, тапанар и клавијатурист.
Групата „The Trons“ веќе има свои обожаватели низ светот, а нивните две песни „Sister Robot“ и „The Trons Theme“ можат да се данлодираат од Интернет
http://www.youtube.com/watch?v=fVDyzvmGrT8&eurl=http://www.idividi.com.mk/Futurama/Tehnologija/453912/index.html - http://www.youtube.com/watch?v=fVDyzvmGrT8&eurl=http://www.idividi.com.mk/Futurama/Tehnologija/453912/index.html
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 08.Јули.2008 во 09:29
Se nadevam deka uste dolgo ke im treba na inzinerite da go sovrsat ova "cudo" ( i ako sum za napreduvanjeto na tehnikata ) .... Zalosno bi bilo na mesto ubavite mazi i zeni vakvo nesto da bide pozadi sankot....
Збогум згодни шанкери - здраво бармен-роботу
Завршија деновите кога барменот ја игнорира вашата нарачка, а сите околу вас го добиваат својот пијалак.
Механичкото чудо, вредно нешто повеќе од 100.000 евра е првиот бармен-робот, познат под името господин Асахи. За изработката на еден тон тешкиот барем беа потреби 200 работни часа, а на него работеа осум јапонски инженери.
Господин Асахи може да отвaрa шишиња пиво, а послужувањето се прави за помалку од две минути, што е за 13 минути пократко од просечното време на чекање кое изнесува 15 минути. Бармен-роботот во моментов е во функција во лондонскиот бар „Selfridges“
„Здраво на сите. Прекрасно е да се биде тука. Дали би сакале Асахи пиво?“, вели со модулиран глас господин Асахи.
Сепак, на господин Асахи му треба повеќе време за да ги научи барменските вештини, за разлика од обичниот шанкер. Бармен-роботот треба да мине низ шестмесечна обука пред да ја заеме својата прва нарачка.
„Бармен-роботите немаат проблем со однесувањето, работат брзо, не јадат, не прават паузи, па оттука тие се совршени работници“, вели сопственикот на барот каде господин Асахи работи.
Сепак, оние кои сакаат личен контакт и пријателски муабет со барменот, нема да бидат среќни доколку ова стане реалност во сите барови. Иако газдите сметаат дека со бармен-роботите побргу ќе ја вршат работата, забораваат дека припадничките на понежниот пол знаат да се „запијат“ на шанкот и да направат голем промет само поради шармантниот бармен.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 09.Јули.2008 во 09:08
Se sekavam na vreminjata koga televizor vo naseto malo bese POIM ... sega po nekolku godini tolku e razviena tehnikata da veke kraj na ovaa godina planiraat da e proizvedat kacigata sto so misli gi upravuva igrite...
Ja sakam tehnikata i sakam da vidam sto se ima novo i do kade se coveot so taa tehnika ke odi, no ponekogas i se prasuvam dali stvarno site ovie raboti se potrebni....
No procitajte i samite
Ментално управување со игри
Кацига за ментално контролирање на видео игри (односно контролирање на игри со мисли) страна реалност, а нејзиниот творец, американската компанија „Emotiv“ најави дека производот ќе се комерцијализира до крајот на годинава.
Кацигата, наречена EPOC, има 16 електроди кои се во контакт со черепот на корисникот и на тој начин ја мерат електричната активност на мозокот на играчот, притоа служејќи се со електроенцефалографска технологија.
На врвот на кацигата се наоѓа жироскоп со кој се контролираат движењата на главата, а од страна е прицврстена батерија за напојување.
„Сензорите исто така го регистрираат расположението и изразот на лицето на играчот и сите овие податоци ги испраќаат компјутерскиот програм кои е способен да чита мисли“, изјави Тан Ли, еден од основачите на „Emotiv“.
Тан Ли истакна дека постои директна корелација меѓу мислите на субјектот и акцијата на екранот, со што се овозможува реализација на дамнешната желба за придвижување на предмети со помош на мисли.
Кацигата со интегрирана видео игра ќе започне да се продава во САД, за почеток само преку сајтот на компанијата „Emotiv“ и преку мал број на продавници. Цената на кацигата ќе изнесува 299 долари.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 10.Јули.2008 во 08:37
Nokia, prv mobilen sto go imav nekade 1997 ili 1998... edno golemo "tenzere" so antena, no ednostavno, prakticno i NOVO ... NO 10 godini projdeni mislam deka Nokia go nema vise toj standart na telefoni kako vo pocetokot, po moe mislenje Nokia zastonuva so mnogu raboti! Sepak ima novosti od strana na Nokia, povelete procitajte
Nokia Supernova серијаФинската компанија Nokia ја претстави новата палета на мобилни телефони Supernova која содржи четири модела на телефони 7610, 7510, 7310 и 7210.
Nokia Supernova 7610 е топ уред во новата серија. Има елегантен дизајн и доаѓа во неколку бои (металик сина, црвена, светло сива, виолетова и бела) со маски кои може да се менуваат.
Овој телефон содржи тастатура која се извлекува и вовлекува, како и дигитална камера од 3,2 мегапиксели, блиц и 8 дигитални зума, ФМ радио, A-GPS и TV Out порт. Моделот 7510 е на преклоп со копче за автоматско отворање, содржи дигитална камера со два мегапиксели, микро SD картичка и екран од 2,2 инча. Моделот 7310 е покласичен, доаѓа во повеќе води и содржи камера од два мегапиксела.
Последниот модел со ознаката 7210, постои во розова и сина боја и содржи SD картица и два мегапикселна камер.
Најјакиот и најслабиот модел во понудата (7610 и 7210) на пазарот ќе се појават во третиот квартал од тековната година, моделот 7310 ќе се појави во текот на месецов, додека моделот 7510 во продажба ќе се најде кон крајот на годинава.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 21:47
se ubavo zvuci, ama tie pikselite malce da gi zgolemeja ne ke bese loso
Минијатурен проектор од Mint WirelessКомпанијата Mint Wireless најави дека наскоро ќе го претстави својот нов „pico-projector“. Оваа минијатурна кутија со димензии од 125 x 55 x 23 милиметри има капацитет да прикаже слика до големина од 50 инча при резолуција од 640 x 480 пиксели
Проекторот, познат и под називот V10, може да се поврзе со компјутер, а поседува и интерна меморија од 1 гигабајт и SD слот за складирање фајлови.
Од Mint Wireless истакнуваа дека LED сијалицата може да издржи проектирање на слики и до 20.000 часа и оти бара загревање пред да започне да работи. Засега нема информации за траењето на батеријата, но се шпекулира дека со едно полнење може неколку часа непрекинато да работи.
Проекторот V10 својата премиера ќе ја доживее во Австралија и тоа во текот на месец септември, а ќе се продава по цена од 600 американски долари.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 10:42
po nekogas se prasuvam do kade li ke odi ova so elekronikata, sto sve ke izmislime ?
Posto sum ljubitel na vinoto (i ako ne pijam cesto) za mene licno nema nisto poubavo od toa da go degustiram.... mirisot pred da probam, vkusot na jazikot i vkusot od kako ke goltnam, nema nisto "povozbudlivo" vo degustiranje vino... sega i toa e mozno da ni prezeme eden elektronski jazik... procitajte sami
Електронски јазик за вкусување на винотоДоколку ви е тешко да ја направите разликата помеѓу вината Шардоне и Севињон, сега можете да го откриете тоа, со помош на новиот електронски јазик за одредување на квалитетот на виното. Лесно преносливиот електронски јазик е направен од страна на Сесилија Хименез-Хоркера заедно со колегите од Институтот за Микроелектроника во Барселона. Овој електронски јазик, може да ја одреди разновидноста на грозјето и бербата на виното, со притискање на само едно копче. Дизајниран со поле за контрола на квалитетот, оваа направа е со шест сензори, кои реагираат на сличен начин како човечкиот јазик на вкусовите. Овие сензори ги дефинираат карактеристиките на состојките за одредениот тип на вино, при што тие се мерат и се одредува годината на производство и квалитетот на виното.
Начинот на кој функционира е многу едноставен и брз. Една од предностите на овој електронски јазик е тоа што е лесно пренослив и евтин за производство. Исто така постои можност за досовршување на опциите за одредување на вкусовите на разновидните нови вина.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 15:52
i uste edna nova tehnika, no ovoj pat mi se dopaga... solarna energija, samo se prasuvam kolku e efikasno i dali ke ima poveke vrsti na vakvi canti
Модерна чанта на соларна енергијаОва е нов изум, кој ќе им овозможи на жените да ги полнат своите електронски направи со помош на нивната чанта, додека се враќаат од работа или одат во шопинг. Оваа чанта наречена Power Purse, ги користи сончевите зраци за да ја апсорбира сончевата енергија, која директно ја претвора во електрична енергија. Користењето е лесно, едноставно ги приклучувате вашиот мобилен телефон, камерата или iPod-от во делот за полнење, и оставете сонцето да ја заврши целата работа.
Оваа чанта е прв изум на Џо Хајнек, студент по механички инженеринг, и е добро прифатен од оние модни веб страни со еколошка свест.
"Чантата почнува да работи секогаш кога корисникот излегува надвор на сонце. Луѓето се воодушевени бидејќи нема потреба од трошење на струја, а истовремено се зачувува животната средина. Многу ретко функционалните работи, не изгледаат модерно. Со овој изум се потрудив тие две нешта да ги вклопам заедно, во еден корисен и исто така модерен производ." - вели Хајнек
На црната правоаголна чанта, и треба два часа полна сончева светлина за полнење на батеријата на мобилниот телефон. При тоа користи ламинатни соларни панели со електрични ќелии кои ја трансформираат сончевата светлина во електрична.
Енергијата потоа се пренесува во електрично коло направено од две скриени батерии во поставата на чантата, кои се поврзани со USB приклучок преку кои се полнат електронските направи.
Целосно наполнетата батерија може да трае и до еден месец, а исто така може да се полни покрај прозор. Иако материјалите од кои е направена чантата се скапи, таа чини 150 фунти, а продажбата на интернет треба да започне на крајот од оваа година.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 09.Август.2008 во 20:49
менуваме тема и се враќаме пак кај роботите, но овој пат не одиме во Јапонија него остануваме тука во Европа, конкретно Германија...
Прочитајте и самите.
Јас лично мислам дека нашата технологија и колку е добра толку и му штетит на економијата, што ке стане со работните места ако насекаде место особа се става робот да работит? Но со тоа ќе мораме да се помириме и се надеваме дека нашите деца и внуци сепак ќе имаат можност за работа...
Но доста беше, прочитајте и помислите малце
Робот чистач
Познато е дека Јапонија е водечка земја во светот во развој на роботи. Но, и германски фирми се обидуваат да држат чекор во оваа област Фирма за интелигентни машини од Ул разви робот чистач. Тој работи со таканаречената РФ-АЈДИ технологии, која досега најчесто се користеше за извршување на логистички задачи. Сега оваа технологија може да најде примена и во секојдневниот живот, особено во домаќинствата.
Во фабриката на произведувачот на теписи Форверк во употреба е робот кој самостојно чисти, сеедно дали се тоа теписони, ламинат или плочки. Роботот е изум на фирмата „Инмах„ за интелигентни машини од Ул
Таа е висока 70 сантиметри и тешка 70 килограми. Роботот се полни со течност за чистење и е предвиден за големи домаќинства. За разлика од јапонскиот домашен робот, овој ќе може да се користи во големи фирми и болници. Пред повеќе од 75 години фамилијарното претпријатие Форверк направи вистинско револуционерно чудо со рачната правосмукалка Коболд. Денес, фирмата се погрижи околу развивањето на така наречениот „смарт флор„-системот за навигација на роботот за чистење. Тоа е фолија од полиестер која може да се вметне под секој вид на теписи, а во неа е интегрирана мрежа од чипови со РФ-АЈДИ технологија. РФ-АЈДИ – радио фриквенси ајдентификејшн е автоматски систем за идентификација и собирање на податоци. Податоците се пренесуваат преку радио фреквенции. Главен составен дел на РФ-АЈДИ технологијата е транспондерот
Освен да чистат, роботите можат да танцуваат и играат. Тоа е минијатурен компјутерски чип со антена, кој што се вметнува во различни медиуми или е интегриран во чип карта. Еден пример за примената на оваа технологија е библиотека во која на книги, ЦД-еа или ДВД-иа има залепено транспондер етикета со интегриран мемориски чип. При изнајмување или враќање на книга овој чип ги пренесува податоците до софтверот на библиотеката. Така повеќе книги и други медиуми можат истовремено да се изнајмат или вратат без да бидат поединечно скенирани.
За да може роботот чистач да се ориентира на површината што ја чисти, во неговата подлога се вградени РФ-АЈДИ чипови кои се состојат од една многу тенка фолија во која се наоѓа антена за пренесување на податоци и еден силициумски микрочип. Секој чип има посебна идентификација врз основа на која роботот се ориентира на подот.
Роботот може да процени и кои површени се веќе чисти
Големите светски фирми како Инфинеон, САП и Сименс интензивно работат на развивање на РФ-АЈДИ технологијата. Нокиа веќе одамна нуди читачи за мобилни телефони со оваа технологија. Но, и помали германски фирми како Инмах исто така држат чекор во развојот на оваа технологија. Додека резултатот биде видлив за секој од нив сепак ќе помине уште некое време.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 12:26
Sony Ericsson T700 - тенок и елегантен
Доколку сте од оние кои не сакаат премногу да се експонираат или пак сте најнезабележителната личност во друштвото, време е тоа да го смените. Со T700 телефонот на компанијата Sony Ericsson ќе отскокнувате во друштвото и тоа не само со елегантниот изглед на телефонот, туку и со тоа што тој истовремено ќе имате и одличен мултимедијален уред.
T700 поседува камера од 3,2 мегапиксели. Сите снимки и видео записи можете да ги прегледате на TFT екранот со големина од 2 инча. Истите фајлови можете да ги споделите со своите пријатели преку блогови и мрежи на онлајн дружба. Со други зборови, телефонот дава квалитетни фотографии и има опција за поврзување на интернет.
Апаратот е особено тенок, поточно само 10 милиметри, а има и градена меморија од 512 мегабајти. Сепак компанијата не изостави да додаде и екстра слот за сите оние на кои оваа меморија едноставно им е премала.
Стерео звучниците кои вадат висококвалитетен звук овозможуваат сите околу вас да уживаат во тоа што вие го слушате.
Sony Ericsson T700 поседува GSM/GPRS/EDGE 850/900/1800/1900 UMTS/HSDPA конекција, што е уште еден показател дека сите ќе ви завидуваат.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 14:09
Телевизори со два тјунера
Телевизор кој ви овозможува да гледате два канала одеднаш, слика во слика и слика и телетекст заедно, звучи одлично зарем не? Покрај тоа што звучи одлично, сега е и возможно благодарение на телевизорите со два вградени тјунера. Еве како сето тоа функционира.
Идеални решенија
Овие функции денеска имаат смисла само кога екраните се со голема ширина, тогаш истовременото прикажување на две слики не го намалува уживањето. Приказот слика во слика не е наменет две лица да гледаат различни програми поради тоа што не звукот не се емитува паралелно на двата канала.
Таа опција повеќе е за ситуации кога следите една програма, а го очекувате почетокот на некој филм или емисија на друг. Слика и слика е идеална опција за оние кои сакаат да следат два програма истовремено бидејќи звукот, исто така, паралелно се емитува, еден преку звучникот на телевизорот, а другиот низ излезот за слушалки.
Слика и телетекст е добро решение за оние кои не сакаат да пропуштат ниту еден момент од тоа што го гледаат. Со оваа опција можат истовремено да ја гледаат емитуваната содржина и да ги следат податоците на телетекст.
PAP-picture and picture
Слика и слика. Двата тјунера истовремено репродуцираат слика една до друга (по правило звукот од левата слика се слуша преку звучниците, а од десната слика преку слушалки)
PIP-picture in picture
Слика во слика. Помалата слика е прикажана внатре во програмата која се гледа. Функционира со помош на двата тјунера или пак со помош на дополнителниот уред кој е приклучен на ТВ приемникот.
PAT-picture and text
Телетекст програма која ја гледате прикажана на една половина на екранот, а програмата оди на другата половина.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: invader
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 16:45
kakov novitet , ova go ima uste pred nekoja godina, duri i tuka!
------------- 在美居住和工作 ——快来参加官方举办的美国绿卡抽奖!
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 19.Август.2008 во 13:39
Пристигнува Google Android?!
Android телефонот, на кој компанијата Google работи веќе подолго време би можел уште во октомври да се најде на пазарот.
Според информациите на „Wall Street Journal " и на „New York Times“, нема да треба да чекате до 2009 година за да се подновите со овој телефон.
Двата весника пишуваат дека, операторот „T-Mobile USA“ ќе биде заподлжен за дистрибуцијата на првите Android телефони, кои ќе бидат изработени од познатата тајванска компанија HTC.
Спецификациите на телефонот, кој веројатно ќе се појави под називот Dream (сон) сè уште се чуваат во најголема тајност. Се шпекулира дека Android-от ќе поседува QWERTY тастатура, дека ќе биде на лизгање, и секако дека ќе има GPS приемник и силна камера.
Доколку се појави во октомври, Google Android телефонот сигурно ќе доживее вистински бум, особено ако се земе предвид дека Божиќните празници веќе ќе тропаат на портите.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 08:58
IdeaPad U8 од Lenovo
По бројните најави и шпекулации, Lenovo конечни и официјално го претстави својот MID (Mobile Internet Device). Уредот, кој доаѓа под името IdeaPad U8 е опремен со 800-мегахерцен Атом, со еден или два гигабајти работна меморија и 6 гигабајти хард диск. На апаратот се наоѓаат две камери и еден USB слот.
Апаратот поседува екран осетлив на допир кој се управува со помош на stylus. Од безжичната технологија, присутни се GPS, EDGE, Bluetooth и Wi-Fi. Се уште не се знае дали IdeaPad U8 ќе поддржува 3G и WiMAX.
Според најавите IdeaPad U8 на кинескиот пазар ќе се појави во текот септември. За сега нема информации за неговата цена, но се очекува дека таа ќе се биде слична со онаа на просечните smartphone апарати.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 12:25
Новите iPhone апарати самозапаливи
Новиот 3G Apple iPhone повторно се најде на метата на критичарите откако се проширија информациите дека некои од апаратите се запалиле.
Најмногу внимание привлече извештајот прегорување на слотот за полнење на апаратот, кој за време на полнењето се запалил и го уништил целиот апарат. Наводно проблемот е неисправната фабричка батерија која оди со апаратот.
Ова е последниот од серијата проблеми со кои Apple кои се соочува со новиот iPhone кој и онака има многу багови и лош приема на сигнал, кој е последица на вградувањето на неадекватни чипсетови, кои на европските корисници веќе со години им задаваат главоболка.
Последниот софтверски апдејт, кој требаше да ги отстрани проблемите со приемот, само дополнително ја влоши ситуацијата, откако го онеспособи GPS системот на новите телефони. Apple се уште мудро молчи за проблемите. Во индустриските кругови веќе се поставува прашањето дали можеби е време за повлекување од пазарот на овој проблематичен производ
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 10:34
3D телевизија
DDD Group, компанијата за 3D решенија, потпиша спогодбен договор за развој со Hyundai IT Corp, со цел да се прошири синџирот на 3D HD телевизори, кои DDD ги инкорпорира во TriDef Core хардверски решенија.
Според условите на договорот, DDD ќе ги обедини своите TriDef Core решенија со 32-инчните LCD телевизори на Hyundai. Новите LCD модели, е планирано да се појават во октомври во Јапонија, за поддршка на телевизиската програма на Nippon BS Broadcasting корпорацијата.
TriDef Core е вообичаено коло што вклучува 2D видео електроника во LCD HD телевизорите. 3D елементите овозможуваат процесорот да ги декодира BS11 сигнали за пренос, да репродуцира специјално кодирани Blu-ray дискови и да изврши промена од 2D во 3D формати на стандардните содржини.
„Многу сме задоволни што со оваа соработка, ќе се прошири синџирот на 3D LCD телевизори подобрени со DDD TriDef решенијата, и сметаме дека ова дефинитивно ќе ја зголеми продажбата на пазарот за околу 40%“, вели Крис Јидол, генерален директор на DDD.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 10:36
Мобилен за глуви
Научниците од универзитетот во Вашингтон развиле софтвер кој ќе им овозможи на глувите и на лицата со оштетен слух да комуницираат со помош на евтини мобилни телефони.
Глувите и наглувите во САД за сега не можат да комуницираат преку мобилен телефон со помош на јазикот со знаци бидејќи мрежата не овозможува доволен брз пренос на податоци, а и самите телефони немаат доволен капацитет за обработка на податоците.
„Брзите мрежи веќе можат да се најдат насекаде, но тие се поскапи. Сметаме дека лицата кои се глуви не треба да плаќаат повеќе за мобилен телефон“, изјави Ана Кавендер, учесничка во проектот „Mobile ASL“.
Тимот научници од Вашингтон пронашле нов начин на компресија на видео содржина, односно намалување на големината. Со новиот софтвер би требало да се постигне непречена комуникација, без притоа сликата да изгуби на квалитет, што е особено важно за комуникацијата со помош на знаци.
Со оглед на фактот што соговорниците, како што покажаа истражувањата, се гледаат в очи за време на комуникацијата со знаци, фокусот на сликата ќе биде на лицето. Позадината на снимката ќе биде со послаб квалитет.
Истражувачите во моментов се обидуваат да развијат систем кој ќе препознае кога луѓето ги движат рацете, со се цел да се намали потрошувачката на батеријата и за да се искористи капацитетот на обработка на податоци кога комуникацијата не е во тек.
Новиот телефон наменет за овие лица со посебни потреби ќе мора да има камера и екран на истата страна на апаратот со цел корисниците да можат истовремено да снимаат и да гледаат.
Американската државната фондација за науки го поддржа проектот, на кој во 1009 година ќе работат 20 научници.
Услугата нема да биде достапна за широка употреба, се додека не се склучи договор со произведувачите на телефони. Претставниците од универзитетот во Вашингтон веќе преговарале со компанија која се занимава со мрежа за мобилни телефони и која пројавила интерес за проектот.
За видео повиците потребна е мрежа од третата генерација.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 08:44
Гигантска пирамида во Дубаи
Огромната пирамида, која ќе се гради на 2.3 квадратни километри во Дубаи, ќе биде наменета за живеење на повеќе од еден милион жители.
Ова архитектонско издание, инспирирано од градбите на Маите и Египќаните, ќе почне да се гради во октомври, а планирано е да се заврши за 6 до 9 години.
Timelinks тврдат дека оваа пирамидална зграда, ќе користи природни извори на енергија и на тој начин нема да ја загадува средината. Исто така слободните површини, максимално ќе бидат искористени за засадување на зеленило.
Планирано е да се вгради и транспортен систем, чии насоки ќе бидат и во хоризонтален и во вертикален правец. За изградбата на овој објект ќе бидат задолжени неколку професори од Европа, кои ќе се обидат овој проект да го применат и на други места во светот.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 12:42
Брод во форма на делфин
Бродот во форма на делфин, што претставува комбинација помеѓу џет и подморница, е најновата занимација на милионерите.
The Seabreacher може да се движи по вода со брзина до 70 километри на час и има доволно моќ да се нурне под површината и да прелетне над вода.
Овој брод за две лица кој го имитира движењето на делфините, чини 30.000 фунти. Бродот е долг 4.5 метри и развива брзина од 32 километри на час кога се движи под вода.
Роб Инес од дизајнерската компанија вели дека поради развиениот стабилен систем за снабдување на воздух, овој брод подолго време може да се вози под вода.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 12.Септември.2008 во 12:53
Tehnikata ne mora sekogas da znaci deka e komplicirana i samo za mazi!
Za tie dami koi si imaat "problemi" so mali gradi ima nesto naj novo na pazarot... a i mislam deka cenata od 40 Dolari e fer... posto koga ke razmislis kolku kostaat silikonski gradi, ovaa metoda e eftina i sepka efikasna... samo za mazite e prasanje.... dali posle soblakanjeto na grudnakot ke ima ooooo ili ah.....
patem eve od sto zboruvam
Деколте од кое може да ви се заврти паметот
Благодарние на WineRack сега веќе секоја девојка може да има неодоливо деколте. Овој градник ги зголемува градите за дури два броја заедно со помош на две балончиња во кои може да го сместите вашиот омилен пијалок.
Покрај многу геџети кои секојдневно се појавуваат на пазарот некои се навистина генијални, но повеќето од нив се воглавно мутави, па еве сега ви презентираме еден таков. Станува збор за таканаречен WineRack или вински градник. Иако на прв поглед изгледа како обичен спортски градник, но станува збор за "генијално" решение за девојките со мали гради. Имено овој градник има посебни балончиња кои може да ги наполните со вашиот омилен пијлок.
На тој начин вашите гради ќе се зголемат за два броја, но како повеќе пиете се намалува и деколтето, затоа внимателно. Пијалокот сместен помеѓу градите може брзо да се загрее, па затоа добро размислете што ќе наточите. Цената на овој градник изнесува 40 долари и доаѓа во две големини - С и М, а интересот на купувачите е навистина голем.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 12.Септември.2008 во 15:47
a shto,...koga nekoj ke gi oseti?!,...pa, ke se razochara?,....ke mu ostane samo ,...da se opie,..od nejziniot omilen pijalok!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 00:34
Концептот на Панасоник за телевизори на иднината е прилично амбициозен, и ја менува улогата на телевизорот во вашиот дом.
Го нарекуваат ’жив ѕид’, дијагоналата на екранот му е 150 инчи, и е неверојатно тенок, а Панасоник планира да го пушти во продажба веќе од следната година. Станува збор за телевизор кој го покрива целиот ѕид од собата и прикажува различни содржини на различни делови од екранот, зависно од потребите на семејството. На пример, поголемиот дел од неговата површина може да функционира како фото-тапет, додека на помал дел можете да гледате телевизија. За се да функционира како што треба се грижи технологијата за препознавање на лица и движења. Кога ќе се појавите пред екранот, тој ќе препознае кој сте и каде точно се наоѓате, и ќе ги вклучи вашите омилени програми на делот од екранот пред кој што се наоѓате. Не треба ни да се дискутира за тоа како на ова чудо ќе изгледаат видео игрите, а постои можност и за многу други примени, но сепак, не сме сигурни дека ’зјапањето’ во џиновски екран на долг рок е добра идеја. Во секој случај, ако Панасоник навистина го направи овој концепт реалност, често изговараната реченица “тргни се од пред тој проклет телевизор“ ќе добие сосема поинакво значење. | |
|
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 15:18
Sony Ericsson го најави датумот на нивниот најмногу очекуван хендсет -
Xperia X1. Едно од најжешките (или најчесто слушани) имиња оваа сезона
ќе излезе во продажба на: 30 Септември во Велика Британија, Германија и Шведска. На пазарот пошироко ке биде достапна во: Азија, Европа и Латинска Америка.
Гласини дека X1 ќе биде одложена до првата половина од 2009 ги мачеа
обожавателите на Windows Mobile. Тие сега можат да се опуштат и
единствената грижа ќе им биде изборот меѓу HTC Touch Pro и Xperia X1.
Двете најдобро опремени Windows Mobile направи се во жесока борба.
Една од најистакнатите точки е 3 инчниот WVGA екран на допир и QWERTY
тастатурата. Покрај тоа речиси сите комуникациски опции се
застапени-почнувајќи од 3.5 mm аудио приклучок до GPS, WiFi и Bluetooth
v2.0 со А2DP, се е достапно. Навигација е со напреден оптички џојстик,
додека 9-те достапни панели на екранот би требало да одговараат на
секое сценарио на потребите на корисникот. Mултимедиа сетот вклучува FM
радио без RDS и Медиа Плеер.
Sony Ericsson Xperia X1 исто така поседува камера со 3.2 мегапиксели и
поседува 400 мегабајти внатрешна меморија, која исто така може да се
продолжи со слот за MicroSD мемориска картичка. Хендсетот исто така ќе
ги поддржува сите четири GSM мрежи и уште две други верзии, секоја со
3G мрежа. HSDPA и HSUPA се исто така застапени за да се погрижат за
најбрзите дата трансфери.
Sony Ericsson Xperia X1 ќе има 528MHz ARM CPU и ќе има 256 мегабајти RAM.
Sony Ericsson смислија интересна маркетиншка кампања за X1 преку серија
од неколку онлајн сериски видеа, наречени “Who is Johnny X?”
Можеме да заклучиме дека Xperia X1 ја чекаме со гоема нестрпливост и бес сомнеж ќе има жестока борба со HTC Touch Pro.
-------------
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 19.Септември.2008 во 10:35
Хеликоптер лета сам
Хеликоптер долг 1,2 метри летал без пилот над кампусот на Универзитетот Станфорд во тест за вештачка интелигенција за којашто научниците велат дека би можела да послужи за откривање шумски пожари или за воени мисии.
Автономниот хеликоптер успешно извел кружења, пируети, нагли и полукружни свртувања и превртено лебдење над поле.
Хеликоптерот е опремен со систем за вештачка интелигенција што го создале информатичари од Станфорд, а се научил да лета гледајќи ги акробациите на хеликоптер контролиран со далечински од човек.
"Овие хеликоптери може да изведуваат маневри до границите на она за што е способен обичен хеликоптер", вели Адам Коутс, дипломец кој работел на проектот. Хеликоптерите, кои комуницираат со компјутер кој го води од земја, треба дополнително да се усовршуваат.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 24.Септември.2008 во 12:54
Шлем кој „чита“ мисли
Во иднина војниците ќе комуницираат безгласно со софистицирани т.н. „мисловни шлемови“. Оваа направа ќе ги пренесува мозочните бранови од еден војник и ќе ги претвори во радио бранови, кои ќе се преведат во зборови во слушалките на другите војници.
Во моментов, концептот за овој шлем е со 128 сензори кои се вметнати во војничкиот шлем. Војниците ќе треба да размислуваат јасно, и конкретно да ги формулираат нивните реченици, што е слично на начинот на кој се обучени да зборуваат. Клучниот дел за работата на системот е софтверот кој содржи електроенцефалограм кој може да ги распознае и интерпретира зборовите на војниците .
Истражувачите ќе треба да работат на јасноста на податоците и да се создаде систем кој ќе може да ги препознава гласовите на секоја личност одделно. Исто така, војниците ќе мора да размислуваат гласно, односно тие треба јасно да ги дефинираат мислите, за да системот ги пренесе точните информации.
Американската армија склучи договор со истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, во висина од 4 милиони долари. Тие треба да го разработат овој концепт и се планира за една до две декади ваквиот шлем да стане реалност. Истражувачите работат и на други слични направи со мозочни бранови за видео игри, за кои се планира да излезат во комерцијална употреба од следното лето.
Верзијата за армиските шлемови ќе биде пософистицирана. За да го изведат ова, научниците ќе мора да ги комбинираат напредните технологии со начинот на кој функционира на мозокот.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 11:00
Нов вид на рерна за побрзо готвење
Американскиот научник Кевин Кинер, вели дека развил нов тип на рерна во која може за многу кратко време да се приготви храна.
Освен истиот вкус кој се добива, на пример за помфритот, со оваа рерна нема потреба од користење на дополнително количество на масло за готвење.
Овој нов производ може да ја намали употребата на масло за 50%, покрај тоа ги намалува маснотиите и храната има помалку калории отколку храна зготвена на обичен шпорет.
Оваа рерна која работи на електромагнетни бранови, може да го замени процесот на пржење на храна со многу масло. Храната зготвена со помош на оваа рерна се припрема за многу брзо време и го задржува вкусот како кога би се готвела на вообичаен начин.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 01.Октомври.2008 во 09:11
HP iPAQ 914 Business Messenger
Американската информатичка компанија Hewlett Packard (HP) го претстави HP iPAQ 914 Business Messenger, напреден уред - smartphone (комбинација од мобилен телефон и џебен компјутер) со интегрирани решенија кои овозможуваат максимална деловна продуктивност додека корисникот се наоѓа во движење, далеку од канцеларијата.
Овој smartphone пред се е наменет за деловните корисници, но поради лесната употреба на бројните интегрирани мултимедиски и Windows Mobile 6.1 алатки совршено одговара за сите оние кои имаат потреба од smartphone со голем број на карактеристики.
HP iPAQ 914 Business Messenger овозможува извршување на посложени работни зафати, па дури и на поголема географска оддалеченост од канцеларијата.
HP iPAQ поседува 2,46 инчен TFT екран со резолуција од 320 x 240 пиксели, камера од 3 мегапиксели со автофокус и дигитален зум, а за складирање на податоците можете да ја користите 256 мегабајтната интегрирана меморија. Доколку овој мемориски простор не ви е доволен, тогаш податоците можете да ги зачувате на картичка.
Димензиите на апаратот се 113 x 64 x 16 мм, а тежок е 146 грама, што го прави лесно пренослив.
Од бројните поддршки и апликации треба да се издвојат Quad band GSM/GPRS/EDGE и Tri Band HSDPA, WiFi, Bluetooth 2.0, Office Mobile, Office Outlook Mobile, Internet Explorer Mobile, HP Voice Commander6, MMS Composer, Bluetooth Manager, Certificate Enroller, HP Photosmart Mobile.
Сето ова го прави HP iPAQ 914 Business Messenger идеален уред за деловни корисници, но и останатите корисници нема да се разочараат од функциите и карактеристиките на овој smartphone.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 09:57
Нова верзија на Nintendo DS конзола
До крајот на година треба да се појави новата верзија на Nintendo DS конзолата која ќе има мултимедијални способности и вграден дигитален апарат, објавија повеќе интернет портали.
Со новите опции ќе се подобри и онака одличната продажба на оваа конзола, со ова Nintendo фаќа чекор со светските трендови на пазарот, речиси сите апарати, без разлика дали станува збор за мобилни телефони palm лаптопи или други гаџети имаат способност за репродукција на мултимедијални содржини и имаат вградена дигитална камера.
Промените се должат на фактот што во последните пет месеци Sony успеа да го престигне Nintendo на јапонскиот пазар, по што од компанијата утврдија дека дојде време да ја модерницира сопствената конзола и да го претстави новиот модел.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 09:57
Прв 3Д дигиталец од Fujifilm
Пазарот на дигитални камери е особено конк*рентен и секој произведувач се обидува да направи нешто што ќе го одвои од останатите. Некои се борат со нудење на што е можно поголем број на мегапиксели, други пак со понуда на HD видео, додека други со понуда на софтвер за препознавање на лице. Fujifilm направи нешто сосема поинакво, ја произведе првата дигитална камера која продуцира тридимензионални фотографии.
Како што можете да забележите од понудената (дводимензионална) фотографија, се уште неименуваниот апарат од Fujifilm поседува две леќи, со чија помош ќе може да ја определи далечината на различните објекти кои се гледаат низ објективот и со кои ефективно ќе успее да ги постави во тридимензионална средина. Се што корисниците на камерата ќе треба да направат за да снимат 3Д фотографија е да го притиснат копчето за фотографирање.
Fujifilm FinePix Real 3D System се очекува да се појави на пазарот во текот на следната година. Се разбира дека ќе ви биде потребен соодветен 3Д дисплеј за слики за да можете да ја видите 3Д фотографијата како што треба.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 03.Октомври.2008 во 15:03
bas me interesira kako ke izlete se ova, so appel i nokia
Пристига Nokia Tube
Најголемиот произведувач на телефони „Nokia“ утре ќе го претстави мобилниот кој треба да му конк*рира „iPhone“ од „Apple“.
Повеќето произведувачи претставија нови телефони кои се лесни за користење и имаат touchscreen, како што поседува „IPhone“.„
„Nokia се наоѓа под голем притисок да исфрли добар производ. Луѓето тоа го очекуваат веќе повеќе од една година“ изјави Каролина Миланези од аналитичката компанија „Gartner“.
Миланези истакнува дека на Nokia и претходно и се случувало доцна да се приклучи кон производството на нов тип на телефони, а сепак да постигне голем успех, како на пример со тенките телефони и телефоните од третата генерација (3G).
Моделот Nokia 5800, познат како „Tube“, ќе поседува посебно создадени апликации за музика, поради што повеќе ќе потсетува на музички апарат отколку на таканаречените „smartphone“, кои имаат бројни функции слични на персоналните компјутери.
Најзначајната новина кај „Tube“, ќе биде софтверот Nokia Comes with Music кој е пандан на музичката продавница на „Apple“, „iTunes“.
Производителите „Samsung“ и „LG“ веќе се испробаа во производството на touchscreen, Sony Ericsson планира наскоро на пазарот да го исфрли телефонот „Xperia X1“, додека „Motorola“ во Кина веќе започна со продажба на телефон од тој тип, наречен „ming”.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 06.Октомври.2008 во 10:26
Телефон - проектор?!
Долго време ИТ фанатиците сонуваат за мобилен телефон, кој воедно ќе може да користи и како проектор. Како што напредува технологијата и како што се намалува големината на проекторите, се чини дека сонот може наскоро да стане јаве. Полека, сепак не очекувајте дека такво нешто наскоро ќе се појави на пазарот иако DoCoMo подготвува прототип.
Станува збор за еден од постојните телефони на DoCoMo, во кој е интегриран минијатурна верзија DLP Pico проектор, која ја изработи американската компанија „Texas Instruments“. Со оглед на фактот што сегашните батерии на мобилните телефони можат да издржат 15 до 20 минутно проектирање, за време на презентацијата на прототипот, апаратот беше приклучен на полнач.
Прототипот наводно може да проектира слика со големина од 20 инчи и со резолуција од 480 × 320. Од DoCoMo тврдат дека првиот мобилен – проектор би можел да се најде на пазарот за три години и оти ќе биде застапен само кај најскапите модели на телефони. Пред сето тоа да се случи потребно е да се направат уште некои измени, како на пример да се намали загревањето, потрошувачката на енергија, трошоците и се разбира димензиите на самиот прожектор.
DoCoMo има за цел да произведе телефон – проектор чија батерија ќе може да издржи и до 100 минутно проектирање.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 07.Октомври.2008 во 16:56
Samsung Night Effect
По големиот успех на моделот Samsung Giorgio Armani Touchscreen Phone, јужнокорејскиот производител Samsung и Armani повторно се здружија и го направија телефонот Night Effect.
Samsung Night Effect, кој го поседува дизајнот на Armani, ќе ги задоволи потребите на младите, на кои музиката им е дел од секојдневието.
Станува збор за тенок и елегантен телефон, кој поседува AMOLED екран, како и позадинско LED осветлување на тастатурата, кое свети во сина, зелена или црвена боја секој пат кога примате или вршите повик.
Поради сето ова и го носи називот Night Effect. Телефонот е како создаден за младите кои ги сакаат ноќните прошетки или пак дискотеките.
Телефонот ќе биде достапен во две бои, црна и бела, а во Европа треба да се појави во текот на ноември годинава.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 15:10
Пристига новиот LG Prada
LG го претстави новиот Prada телефон, LG-KF900 со лизгачка тастатура која се извлекува странично.
Новиот 3G HSDPA LG Prada, покрај новата странична тастатура поседува и 5MP камера со Schneider Kreuzach леќи, 3-инчен WQVGA 400×240px touchscreen, Wi-fi, Prada ринг тонови, Радио, ТВ излез, Bluetooth и медиа плеер.
Prada II е комплетен „smartphone“ со веќе докажан, чист Prada дизајн. Од богатата палета на опции, на новиот Prada II му недостига само GPS навигациониот систем
Новиот LG Prada телефон својата премиера на европскиот пазар ќе ја доживее есенва, а според најавите ќе се продава по цена од 600 евра.
LG досега успеа да продаде повеќе од еден милион Prada телефони. Се очекува дека новата верзија ќе ја продолжи успешната приказна на својот претходник.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 20.Октомври.2008 во 11:02
„Сони„ го претстави новиот читач на е-книги
Јапонската електронска компанија „Сони“ ја претстави новата верија на својот читач на е-книги „Ридер диџитал бук“.
Новиот модел ПРС-700 има слични карактеристики како и неговиот претходник ПРС-505, со додаток на екран чувствитален на допир, кој на корисниците ќе им овозможи не само да „прелистуваат“ е-книга туку и да ја пребаруваат нејзината содржина со помош на виртуела тастатура на екранот или со моливчето од пакетот да означуваат одредени пасуси од е- книгата.
Во моделот има вградено и дополнително ЛЕД светло, за читање на е-книгите во затемнети простории.
Моделот ПРС-700 во својата интерна меморија може да сочува содржина до 350 е-книги.
Како и претходникот ПРС-505, и моделот ПРС-700 има батерија од поголем капацитет која овозможува „прелистување“ на околу 7.500 страници и УСБ приклучок за поврзување со персонален компјутер и пренос на содржини.
Моделот ПРС-700 во САД ќе се продава по цена од околу 400 долари.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 22.Октомври.2008 во 12:18
Џебен телевизор за секоја прилика
Компанијата Maplin претстави интересен ултра-пренослив ТВ уред, наменет за вистинските зависници од оваа магична кутија.
Станува збор за LCD телевизор, кој поседува 7 инчен екран. Апаратот може да пронајде и да меморира повеќе од 250 аналогни и 999 дигитални канали.
Дополнителна функција на овој уред е тоа што можете да го користите како дигитален рисивер за поголемите ТВ апарати, бидејќи поседува бројни приклучоци, како што се портови за камера, ДВД систем, звучници...
Малиот телевизор, кој работи на 7,4 V rechargeable батерија, доаѓа во пакет со далечински управувач и слушалки.
Maplin телевизорот треба да се појави на пазарот до крајот на декември, веројатно пред божиќните празници и ќе се продава по цена од 170 американски долари.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 28.Октомври.2008 во 07:41
Голотија во европските аеродроми
Европските аеродроми ќе добија нова технологија во делот на контролата, каде скенерите буквално ќе ги покажуваат патниците како од мајка родени.
Иако овие скенери ја скратуваат и подобруваат контролата на патници, од друга страна има приговори за нивниот негативен ефект на човековите права и достоинство.
Европската комисија се оградува бидејќи ова ниво на безбедност во воздухопловниот промет е само предлог, што не мора да биде прифатен. Кога патникот ќе влезе во скенерот, тој фронтално, странично и од грб се слика, што е доволен приказ за откривање на оружје, дрога, монети, но, и на најинтимните делови на телото.
Според првите реакции во Европа, малку е веројатно дека скенерите ќе бидат употребени за контрола на патниците, бидејќи навлегуваат во приватноста на луѓето. Против ова се Ирска и Италија , каде истите се наречени неправедни, насилни и непотребни, пренесува “Индекс хр.“.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 07:02
Aigo MP5 плеер
Компанијата Aigo во рамки на спонзорството на шампионатот во Формула 1 неодамна го претстави и Vodafone McLaren Mercedes MP5 плеерот.
Плеерот со кодно име MP5-MK3510, поседува екран со големина од 4,3 инча, кој дава слика со резолуција од 480 x 272 пиксели. Уредот има интегриран e-Book читач, ФМ радио приемник и прегледник на фотографии.
Од аудио/видео форматите плеерот ги подржува речиси сита најзастапени типови на датотеки, како што се: RM, RMVB, AVI, FLV, DAT, MPG, MPEG, како и MP3, WMA, FLAC, APE, BBE и SRS формати.
Апаратот е во состојба четири часа без престан да репродуцира видео содржини, односно 10 часа аудио материјали.
За сега нема податоци за цената и за официјалниот старт на продажбата на Aigo Vodafone McLaren Mercedes MP5 плеерот.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 12:23
Motorola AURA
Инспирирана од луксузните часовници и рачната изработка, компанијата Motorola го претстави својот нов модел AURA – уред кој повторно ги комбинира уметноста во дизајнот и производството на мобилни телефони.
Фината изработка, кружното отворање и кружниот екран на AURА се повеќе придонесува уредот да наликува на луксузен часовник.
При кружното отварање, од задната страна се отвора прозорецот кон неговото механичко срце: главно лежиште со „swiss-made“ натпис, запчаници изработени од Rockwell 50-50 челик и 130 прецизни топчести лежишта.
CrystalTalk технологијата на Motorola гарантира високо квалитетен и јасен звук при секој разговор, додека Stereo Bluetooth технологијата овозможува разговори без користење на раце. Aura се очекува да се појави на пазарот кон крајот на годинава.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: da be
Датум на внесување: 04.Ноември.2008 во 17:41
http://www.boygeniusreport.com/2008/07/16/blackberry-bold-vs-iphone-3g-yeah-we-definitely-went-there/ - BlackBerry Bold vs. iPhone 3G: yeah, we definitely went there
------------- So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 11:01
Робот куќна помошничка
Компанијата Тојота Мотор Корп и Универзитетот од Токио заедно развиле прототип на робот со назив АР.
Роботот е во состојба да извршува куќни работи како што се чистење со правосмукалка, раскренување после оброк, бришење прашина и ставање на нечистите алишта во машина за перење. Роботот може и да го поместува мебелот за да чисти со правосмукалката.
Роботот е висок 155 сантиметри, тежок 130 килограми и се движи со помош на тркала.
Специјалната технологија овозможува овој робот да ги разликува објектите како што се мебел и опрема за чистење и одржување хигиена. Порано роботите биле во состојба само да ракуваат со цврсти предмети. АР ги препознава облеките и ги крева дури и ако ги испушти.
Роботот е опремен со две раце, поседува пет камери за препознавање и ласерски сензор. Моменталната подвижност на АР не е голема бидејќи е бавен и несмасен но се очекува дека наредните верзии би можеле да донесат подобрување во брзината и ефикасноста.
Тојота и Универзитетот во Токио веруваат дека комерцијалната верзија на овој робот би можела на пазарот да се појави за околу седум години.
http://www.idividi.com.mk/Futurama/Tehnologija/479334/index.html - http://www.idividi.com.mk/Futurama/Tehnologija/479334/index.html
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 11:02
James Bond Sony Ericsson C902 Cybershot
После успешната соработка на филмовите Casino Royale и Spider-Man 3, Sony Ericsson и T-Mobile ја продолжуваат соработката со Холивуд и на промоцијата на новиот James Bond - Quantum Of Solace.
Во новото продолжение, тајниот агент го користи лимитираното издание на C902 Cyber-shot мобилниот телефон со титан сребрена боја. Со него ги слика доказите, ного користи и при извршувањето на другите задачи. Уредот поседува 5 мегапикселна камера, со функција за препознавање на лице, блиц и автофокус. Овие опции му овозможуваат на славниот агент брзо да ги испрати високо квалитетните фотографии во МИ6 и брзо да го идентификува непријателот.
Во август 2006 година Sony Ericsson исто така се здружи со James Bond за да го претстави лимитираното издание на James Bond Casino Royale, сребрениот K800i Cyber-shot телефон со фотоапарат, во 2002 година одредени членови од актерската постава на James Bond - Die Another Day се користеа со мобилните телефони Sony Ericsson P900 и T68i.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 13.Ноември.2008 во 11:30
Vo nekoi drzavi ovaa tehnologija e veke so godini aktuelna, vo makedonija sega novo
Говор, интернет и телевизија - Се во едно преку T-Home
Македонски Телеком АД Скопје од 17-ти овој месец ја воведува услугата Телевизија преку интернет протокол IPTV, под брендот http://www.maxtv.mk/ - MaxTV . Комерцијалниот старт на услугата ќе биде дел од триплплеј пакетот, сервис со кој компанијата исто така првпат настапува на пазарот, и ќе нуди, покрај IPTV, фиксна телефонија и интернет. Раководството на компанијата денеска на прес-конференција информира дека корисниците ќе добиваат три услуги на иста сметка, преку два пакета: 3 Мах Комфорт по цена од 1.999 денари и 3 Мах Комфорт плус по цена од 2.499 денари. Ќе се наплаќа и еднократен надомест од 1.299 денари за инсталирање на потребниот приклучок и опрема. Според главниот извршен директор на Македонски Телеком, Николај Бекерс со воведувањето на http://www.maxtv.mk/ - MaxTV услугата, граѓаните на Македонија ќе уживаат во производите и бенефитите на најсовремената технологија и ќе имаат дополнителни опции кои стандардната телевизија не е во можност да ги понуди.
- Со http://www.maxtv.mk/ - MaxTV услугата се добиваат различни мултимедијални и интерактивни телевизиски и видео содржини со многу подобар квалитет на ТВ сигналот. Телевизијата нуди единствена опција за снимање на програмите кога корисникот не е дома, паузирање на програмите дури и кога се во живо, враќање наназад на програмата што се гледа и други содржини, објасни Манче Трендафилов, од раководството на Македонски телеком.
Тој информира дека услугата http://www.maxtv.mk/ - MaxTV овозможува избор на видео содржини на барање на корисникот, ТВ водич за содржината на програмата за 14 дена, можност за контрола и ограничување на содржини што не се прилагодени за деца, како и снимање разновидни содржини, со меморија од 160 гигабајти. Пакетот 3 Мах комфорт, содржи интернет од 25 гигабајти сообраќај, 500 минути разговор на локално и национално ниво, 20 проценти попуст на меѓународни разговори кон мобилните мрежи, бесплатни меѓународни разговори кон 10 земји и 70 телевизиски канали. Содржината на 3 Мах Комфорт плус пакетот опфаќа неограничен интернет и разговори во мрежата на Телеком, 30 проценти попуст на меѓународни разговори и 20 проценти попуст на разговорите кон мобилните мрежи, како и 70 телевизиски канали.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 07:32
Toshiba прожектор што зборува
Компанијата Toshiba го претстави прожектор кој може да дава говорни инструкции за разни функции и задачи кои треба да се извршат, како на пример прилагодија ја работата на апаратот.
Прожекторот TLP-X200U исто така ќе ве потсети кога треба да ги смените филтрите, но ќе ви даде и информации за работата на кулерот.
Од Toshiba сметаат дека говорниот прожектор ќе може да им помогне на корисниците сами да го решат проблемот, со тоа не само што ќе им заштеди пари на корисниците за сервисирање, туку ќе ги поштеди и своите овластени сервисери од решавање на минорни проблеми.
Toshiba TLP-X200U прожекторот, кој поседува Wi-Fi поддршка, може да репродуцира слика со резолуција 1024 x 768 пиксели, а поседува контраст 600:1.
Доколку се поврзат четири вакви прожектори би можело да се создаде супер голема слика, или пак две слики кои се испраќаат од ист PC извор. Прожекторот поседува USB порт и HDMI конектор.
Говорниот Toshiba TLP-X200U прожектор на пазарот се продава по цена од 1740 американски долари.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 07:33
Sony Ericsson W705 со Wi-Fi
Sony Ericsson го претстави новиот мобилен телефон од Walkman серијата – моделот W705.
Интересно е што W705 е првиот музички телефон на оваа компанија кој има поддршка за Wi-Fi, но за разлика од некои други модели, барем како што се дознава од неофицијални извори овој апарат пак нема поддршка за GPS.
Телефонот доаѓа со 2.4 инчен QVGA екран со 256 илјади бои и 3,2 мегапикселна камера, ФМ радио со RDS и поддршка за 3G.
Кога станува збор за Walkman телефон, сосема е јасно дека тука се и следните опции SensMe (создавање на плејлиста според жанрот или артистот ) и Shake контролата (со едно протресување да се смени песната или зголеми гласот.
Телефонот поседува 120MB интегрирана меморија, YouTube апаликација за гледање на видеа на интернет, Bluetooth, 4GB мемориска карта и Google Maps.
Според најавите новиот Sony Ericsson W705. би требало да се појави на пазарот во првиот квартал од 2009 година.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 09:11
И iRiver ќе му конк*рира на iPhone
Откако Apple го протресе пазарот со својот iPhone и iRiver се одлучи да ги следи стапките на компанијата на Стив Џобс.
Претседателот на компанијата ReignCom, која инаку стои зад брендот iRiver, најави дека првиот мобилен телефон од оваа компанија ќе се појави во март следната година. Мобилниот телефон ќе го дистрибуира корејскиот мобилен оператор KTF. Засега дадени се само „груби“ спецификации: „голем екран“ осетлив на допир, внесување на текст преку транскрибирање на ракопис во компјутерски испишан текст, Wi-Fi и пристап на музичкиот сервис Bugs.
Мобилниот телефон, барем во форма на концепт за првпат беше прикажан на CES, во јануари годинава. Засега нема информации за цената на телефонот, ниту пак дали ќе биде достапен надвор од корејскиот пазар.
Веќе подолго време iRiver му конк*рира на Apple во подрачјето на музичките плеери. Компанијата веќе во својата понуда на плеери има такви кои се осетливи на допр.
јас се прашувам само што има тука да се конк*рира? На иПрохе уште многу многу му треба да биде совршен телефон!
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 11:57
И со iPod може да се телефонира
Компанијата за интернет телефонија „Truphone“ понуди софтвер кој овозможува музичките плеери „iPod Touch“ да се користат и како телефон.
Корисниците на „ iPod“ со екран осетлив на допир можат, благодарение на бесплатниот програм „Truphone“ да разговараат со другите корисници на овој музички плеер, како и со корисниците на услугата за комуникација „Google Talk“
"Truphone" соопшти дека веќе работи на софтвер кој ќе овозможи корисниците на„ iPod“ да можат да разговараат и со претплатниците од фиксната телефонија.
Порталот Cnet објави дека компанијата Apple, која стои зад „iPod-от“ и „iPhone“ не смета дека ваквата понуда ги загрозува, а како доказ за тоа може да послужи и фактот што и самата компанија во својата интернет продавница го стави и бесплатниот „Truphone“.
Оваа апликација создава виртуелна тастатура на екранот осетлив на допир, кој се среќава кај моделот „iPod Touch“.
За телефонирање треба само да додадете слушалки и микрофон. Програмчето е достапно на www.truphone.com
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 12:02
ako se zeme od tehnicka strana pritvoranjeto na BUCKOVSKI e eptem cool e toa e novost za da ne e of topik drugo kje e moe smeenje oti tuka moze pojke od 1 smajli
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 20.Декември.2008 во 08:45
Мобилен со екран на склопување
Тајванскиот институт за истражувања го презентираше првиот мобилен телефон со 5-инчен екран на склопување. Кога ќе се отвори телефонот, кој наликува на стандарден мобилен со преклоп, се гледа екранот, а на долниот дел е гравирана тастатурата. Сепак, тоа што корисникот го гледа на горниот дел од телефонот е само дел од екранот, кој може да се отвори надолу за да добие поголемо видно поле.
За сега овој модел на телефон е достапен со 5 инчен екран, но тајванскиот институт подготвува нови модели со поголем екран на склопување.
Дизајнерите признаваат дека 5 инчи е мошне мал екран, но тврдат дека истиот нуди многу можности. Преклопот и флексибилниот дел од телефонот може да се постават на различни места, со што се менува и местоположбата на самиот екран.
Фотографиите на телефонот се испрекинати со линија која се појавува на центарот на екранот, па се добива впечаток дека телефонот има два одделни екрани, што не е случај. Линијата всушност претставува помошно мени, слично на старт менито на персоналните компјутери кое се наоѓа на дното од екраните. Помошното мени или таскбарот од мобилниот може да се придвижува низ целиот екран и не мора да биде во центарот, како што е фабрички подесен. Со тоа корисникот може да си обезбеди екстра простор за разгледување фотографии.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 20.Декември.2008 во 08:45
Nokia N97 - новиот smartphone ѕвер
Откако го претстави моделот 5800 со touchscreen, Nokia го претстави апаратот кој на пазарот ќе може достојно да се натпреварува со конк*рентите, iPhone, Google G1 и BlackBerry Storm.
Моделот N97 е атрактивен уред, која работи на Symbian S60 OS, има лизгачка QWERTY тастатура и 3.5 инчен екран со резолуција 360 x 40 пиксели. Освен добриот екран и тастатура, тука е интегрираната меморија од неверојатни 32GB, слотот за microSD картица со капацитет од 16GB, потоа дигиталната камера со резолуција од 5 мегапиксели, WiFi, како и поддршката за 3G и GPS.
Оваа Nokia ќе можете да ја поврзете и со вашиот телевизор, благодарение на ТВ излезот. N97 поседува Bluetooth и ФМ радио со RDS. Овој одличен мултимедијален уред во моментов е и најјакиот smartphone на пазарот, барем на хартија.
Сите оние кои сакаат да се подноват со овој модел на Nokia ќе мора да почекаат барем до вториот квартал на следната година, за кога е најавен и официјалниот старт на продажбата на N97.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 24.Декември.2008 во 13:50
Безжичен полнач за мобилни
Најголемите електронски компании го основаа „Wireless Power
Consortium“ со цел за стандардизација и ширење на можноста за безжичен
пренос на енергија која во прв план ќе се користи за полнење батерии и
уреди што трошат електрична енергија.
Конзорциумот се надева
дека ќе успее да развие стандард кој би користел контактна плоча која
ќе дава струја на апаратите кои ќе бидат поставени над неа.
Електронските компании се надеваат дека ќе успеат да го развијат
проектот каде мобилните телефони од различни производите ќе можат да се
полнат на ист извор.
„Wireless Power Consortium“ најпрво
планира да произведе уреди кои ќе трошат помалку од 5 волти за полнење
на мобилните телефони и преносните аудио уреди како „Ipod“ и слично, а
во иднина ќе се развие проект кој ќе ги полни поголемите електронски
апарати.
Конзорциумот го сочинуваат Logitech, Philips, Sanyo, National
Semiconductor и Texas Instruments. Готовите производи треба да се
појават во текот на идната година. Електронските компании се надеваат
дека Конзорциумот ќе се прошири и дека во иднина ќе се вклучат и
останатите производители.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 20:47
Еден од најефтините и најпопуларните модели низ светот - Nokia 1100 се
најде во во банкарски измамнички скандал, според холандски разузнавач
Наводно, криминалците плаќаат "рака и нога" за еден Nokia 1100 во
исправна состојба се разбира половна, но која е произведена во Nokia
фабриката во Bochum, Германија.
Разузнавачите, навестуваат дека тие даваат голема сума на пари за еден
ваков модел. Најголемата регистрирана сума е 25.000 евра, која е 11
пати поголема доколку телефонот би бил целосно златен.
Причината поради која овие модели се толку многу барани и платени, е
тоа што тие може да се користат за да се направи копија од нечија
телефонска линија. Секако не се знае поточно дали се работи за
хардверски дел или пак софтвер што им вреди на криминалците.
Со вакви криминални хакирања, на Nokia 1100 се примаат истите повици па
дури и текстуални СМС пораки кои ќе ги прима и "оргиналниот" корисник
на линијата, без никакви сомневања.
"Дупката" која криминалците ја користат е исто така, фактот што
повеќето Европски банки праќаат привремени трансакциски броеви за
автентичност или mTAN, како СМС до закупците на акаунтите, ова е секако
за сигуност при онлајн трансферот на пари.
Ова е секако најпрофитабилниот дел во кој стапува Nokia 1100 на сила.
Кога тие ќе добијат СМС со број за автентичност, криминалците ќе можат
да добијат mTAN и ќе започнат трансфер кои тие ќе го украдат преку
онлајн ID кредитерите, преку некој нивни начин.
Од Nokia ги демантираат обвиненијата дека во нивните модели имаат
некоја "дупка" која ја користат криминалците за криминални дејствија.
Како и да е, истражувањето продолжува ...
[превземено од http://www.gsmmkd.com - GSM Macedonia ]
-------------
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 21:21
Мило ми е што си пак тука
|
Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 16.Мај.2009 во 12:37
Kомпанијата Samsung го промовираше моделот i637 Jack кој е всушност Windows Mobile смартфон. Овој модел е достоен наследник на моделот Samsung i607 BlackJack.
Моделот i617 BlackJack II се очекува да се промовира преку AT&T оваа недела, заедно со комплетната листа на спецификации.
Samsung i637 Jack работи на Windows Mobile 6.1 Standard оперативниот
систем, но ќе биде надграден со Windows Mobile 6.5, подоцна кога ќе
биде достапен.
Моделот i637 Jack ја има подобрено функционалноста на моделот Samsung
i617 BlackJack II, со додавање на WiFi, повеќе RAM меморија од 256 Мb,
појак процесор од 528MHz како и 3.5 мм аудио приклучок. Samsung i637
Jack исто така ќе поседува и 3 мегапикселна камера, наместо 2
мегапикселната кај моделот BlackJack II.
Остатокот од функциите се скоро идентични. GPS исто така е вклучен,
заедно со AT&T Navigator, и исто така Bluetooth v2.0 и USB
конективноста. Целосната QWERTY тастатура задолжително е застапена кај
овие модели.
Samsung i637 Jack поддржува quad-band GSM конективност и tri-band UMTS
(со HSDPA), што го прави достапен низ целиот свет. Дисплејот е со
големина од 2.4 инчи и QVGA резолуција.
Овој модел Samsung i637 Jack ќе биде достапен ексклузивно за
корисниците на AT&T во Америка и ќе се појави во продажба на 19-ти
Мај. Овој телефон ќе чини 99.99 долари секако со двегодишен договор.
[превземено од http://www.gsmmkd.com - GSM Macedonia ]
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 28.Мај.2009 во 07:32
Официјално претставен Zune HD
Microsoft конечно и официјално го претстави својот нов уред Zune HD, за кој долго време слушавме различни гласини и непроверени информации.
Опциите на овој уред горе-долу се слични со оние за кои веќе пишувавме, па така тој доаѓа со 3,3-инчен OLED екран чувствителен на допир, со резолуција 480 x 272 пиксели, вграден HD Radio ресивер, HD излез на посебен dock а не на самиот уред и поддршка за Wi-Fi.
Zune HD, кој поседува и интернет пребарувач базиран на Internet Explorer, на американскиот пазар ќе се појави во текот на есента. Повеќе детали, како што е големината на интерната меморија и цената на самиот уред, остануваат непознати.
-------------
|
Постирано од: Flix
Датум на внесување: 28.Мај.2009 во 22:28
Iron Man напиша:
Официјално претставен Zune HD
Microsoft конечно и официјално го претстави својот нов уред Zune HD, за кој долго време слушавме различни гласини и непроверени информации.
Опциите на овој уред горе-долу се слични со оние за кои веќе пишувавме, па така тој доаѓа со 3,3-инчен OLED екран чувствителен на допир, со резолуција 480 x 272 пиксели, вграден HD Radio ресивер, HD излез на посебен dock а не на самиот уред и поддршка за Wi-Fi.
Zune HD, кој поседува и интернет пребарувач базиран на Internet Explorer, на американскиот пазар ќе се појави во текот на есента. Повеќе детали, како што е големината на интерната меморија и цената на самиот уред, остануваат непознати.
|
Секап мислам дека HTC HD е многу подобар :/
------------- http://flixter.deviantart.com/">
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 29.Мај.2009 во 04:53
Батерии на воздух
Научниците од универзитетот St. Endrews во Велика Британија дојдоа до резултати кои во блиска иднина можат повеќекратно да го зголемат капацитетот на денешните батерии со повторно полнење.
Целта на истражувањето е да се заменат електродите на литиумскиот кобалт оксид со порозни електроди на карбон, кои би им овозможиле на јоните и електроните на литиумот да реагираат со кислородот од воздухот во средината. На овој начин батериите би го зголемиле својот капацитет и до десет пати повеќе од сегашниот.
Освен зголемениот капацитет, производството на овие батерии би било драстично поевтино, бидејќи порозниот карбон е неколку пати поевтин од кобалт-оксидот на литиумот. Освен тоа кислородот е бесплатен за разлика од реагенсите кои во моментов се ставаат во куќиштето на батеријата.
Оваа технологија би можела да се искористи за производство на батерии за сите уреди, од класични батерии до оние за мобилни телефони и автомобили.
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 30.Мај.2009 во 04:46
Топка која се одбива од водени површини
Waboba топката на прв поглед изгледа како и секоја друга топка, но сепак не е така. Таа е одлична разонода за врелите летни месеци, а може да се користи на било која водена површина, нешто што досега сè уште не сме виделе.
Доколку сакате да се подавате со топка во вода, Waboba сигурно ќе ве воодушеви бидејќи прави подобри скокови од обичната топка. Мала е и може да ја собере в рака, поради што е идеална и за девојки и за деца, а како и секоја топка не може да потоне и плута високо на површината.
Сигурно веќе сте правеле „жапчиња“ со фрлање камен по површината на водата. Waboba топката е крал на сите жапчиња. Топката не може да потоне, секој скок може да биде повисок од претходниот, а исто така и аголот на фрлање може да биде многу поголем отколку кога тоа се прави со камен.
Иако овој одличен реквизит се уште не може да се најде во Македонија, цената во странство е особено привлечна и изнесува само 6 евра, поради што ризикот за купување преку интернет е прифатлив
http://www.youtube.com/watch?v=Kke8iz0fqM8&eurl=http%3A%2F%2Fwww%2Eidividi%2Ecom%2Emk%2FFuturama%2FTehnologija%2F530965%2Findex%2Ehtml&feature=player_embedded - Waboba Ball - Short clip bouncing on water
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 02.Јуни.2009 во 05:08
Промовиран најголемиот ласер во светот
Во Калифорнија викендот е промовиран најголемиот ласер во светот, кој теоретски може да симулира нуклеарна фузија и да произведе исто количество на енергија како и една ѕвезда.
Ласерот кој се состои од 192 големи ласерски снопови, лоциран е во состав на лабораторијата „ National Ignition Facility “ (- NiF) во Ливермор, во близина на Сан Франциско.
На промоцијата на новиот комплекс присуствуваше и гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер, кој истакна дека сега со огромниот ласерски систем „е можно да се создадат ѕвезди на Земјата“.
NiF е финансирана од американската агенција за нуклеарна безбедност, но пред се е лабораторија во која се извршуваат експерименти за воени цели. Со новиот ласер нема да биде неопходно да се извршуваат нуклеарни проби да се провери дејството на нуклеарното оружје, но исто така може да се дојде и до нови сознанија за ѕвездените експлозии и црните дупки во вселената.
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 04:10
МОБИЛЕН СО 12-МЕГАПИКСЕЛНА КАМЕРА
Компанијата Samsung Electronics денеска го претстави првиот мобилен телефон со 12-мегапикселна камера, Pixon 12.
Pixon 12, кој има поголема резолуција од повеќето фотоапарати, сериозно ќе и наштети на индустријата на камери и фото-апарати, која во последните неколку години бележи пад поради појавата на различни мобилни телефони со напредни камери.
Покрај 12-те мегапиксели, телефонот кој потсетува на моделот Samsung M8800 Pixon, ви нуди автоматско стабилизирање на сликата, како и опција за препознавање лик и насмевка. Големината на фотографиите варира од два до 18 мегабајти, а следната фотографија можете да ја направите после две секунди, што е особено импресивно со оглед на тоа дека станува збор за мобилен телефон.
Телефонот има 3,1-инчен екран осетлив на допир, GPS, ФМ радио и 150 MB интерна меморија со можност за надградба до 16 GB со помош на micro SD картички.
Pixon 12, чија цена сè уште не е позната, на европскиот пазар ќе пристигне кон почетокот на јуни.
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 11:43
u pichku mater,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Flix
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 14:29
Готово , кај да е и DSLR со мобилен ќе извадат, да можи одназад и објектив да му се стави на мобилниот
------------- http://flixter.deviantart.com/">
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 09.Јуни.2009 во 04:58
Радио од внатрешното уво
Научниците од Massachusetts Institute of Technology (MIT) развија радио инспирирано од работата на внатрешното уво. Самото радио се состои од поле на електронски спроводници и кондензатори кои ги фаќаат радио брановите и со помош на транзистор ги проследуваат до чипот со димензии од 1 мм со 3 мм, каде истите се обработуваат.
Радиото работи на сличен начин како и човечкото внатрешно уво, но наместо звук тоа фаќа радио фреквенции. Имено, научниците истакнуваат дека внатрешното уво брзо добива слика што се случува во звучниот спектар, слично како што ќе работи и радиото кое паралелно ги обработува 3.500 канали.
Ова радио ќе биде значително побрзо од било кој постоечки анализатор на фреквенции, а ќе троши 100 пати помалку енергија во однос на останатите радио приемници.
http://www.youtube.com/watch?v=iEa1vuOYv5g&eurl=http%3A%2F%2Fwww%2Eidividi%2Ecom%2Emk%2FFuturama%2FTehnologija%2F532804%2Findex%2Ehtml&feature=player_embedded - Investigator Profile: Rahul Sarpeshkar by Greg Hren
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 12.Јуни.2009 во 02:11
Пристига iPhone 3GS
Компанијата Apple објави дека новата верзија на iPhone ќе се појави на пазарот во текот на месецов, поради што цената на актуелниот модел ќе падне на 99 долари. Ова го соопшти Филип Шилер, потпретседателот на маркетинг одделот на Apple, за време на годишната конференција на компанијата во Сан Франциско.
Шилер истакна дека новиот „iPhone 3GS“, кој ќе може да снима и видео фајлови, ќе може да се купи од 19-ти јуни.
-Ова е најмоќниот iPhone кој досега сме го произвеле. Тоа што се наоѓа внатре е нешто сосема ново, рече Шилер
Новиот телефон ќе има меморија од 16 гигабајти и ќе чини 199 американски долари, додека моделот со двојно поголема меморија ќе чини 299 долари.
Новата верзија на оперативниот систем iPhone 3.0 ќе стане достапна на 17 јуни, а сопствениците на iPhone телефони веднаш ќе можат бесплатно да го надградат својот OS.
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 12.Јуни.2009 во 02:13
Тинејџерите незаинтересирани за Nokia
Популарноста на Nokia телефоните помеѓу тинејџерската популација започнува да опаѓа. Падот е особено забележлив во последните три години откако компанијата започна да заостанува зад конк*ренцијата
Во истражувањето спроведено врз 112.000 тинејџери од 30 земји, само 21 процент од испитаниците изјавил дека кога станува збор за телефони, ја преферираат Nokia. Мината година овој процент изнесувал 29 проценти.
Се претпоставува дека намалената заинтересираност се должи на тоа што компанијата не создава кул телефони какви што посакува пазарот.
Претставувањето на моделот Nokia 5800 во почетокот на оваа година делумно ја поправи ситуацијата, но тоа не е доволно за враќање на старата популарност која своевремено ја имаше Nokia.
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 12.Јуни.2009 во 02:18
Почнуваат олимписките игри за роботи
RoboGames е најголем фестивал на светот во кој главни ѕвезди се роботи. Натпреварувачите кои доаѓаат од 20 земји ќе се сретнат овој викенд во Сан Франциско, а секој од нив ќе ја донесе својата креација.
На RoboGames ќе бидат претставени работи од најновата генерација, било тоа да се креација на некоја позната компанија или пак на некој тотален анонимус. Минатата година присуствуваа дури 504 роботи и 563 инженери.
Само некои од категориите во кои работите се натпреваруваат се во директна борба, фудбал, хокеј, кунг-фу, и борење. Околу 2/3 од роботите се автономни, додека со останатите се управуваат со помош на далечински управувач.
Погледнете како беше минатата година.
http://www.youtube.com/watch?v=MZwKSCPHODc&eurl=http%3A%2F%2Fwww%2Eidividi%2Ecom%2Emk%2FFuturama%2FTehnologija%2F533349%2Findex%2Ehtml&feature=player_embedded - RoboGames 2008
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 19.Јуни.2009 во 03:26
Достапен iPhone OS 3.0
Компанијата Apple вчера и официјално го пушти во дистрибуција iPhone OS 3.0 за iPhone и iPod Touch уредите. Како што веќе е познато, оваа поголема надградба на оперативниот систем носи бројни новости, меѓу кои е поддршката за landscape преглед, MMS, пребарување Spotlight и можноста за cut, copy & paste.
Тука се и новата апликација Voice Memos, унапреден Safari, можност за Internet tethering, односно делење на интернет конекцијата со лаптоп компјутер, поддршка за стерео Bluetooth, можност за синхронизирање белешки, опцијата shake to shuffle за слушање музика и многу други новини.
Надградбата, како и досега е достапна преку iTunes. За сопствениците на iPhone новата верзија на софтверот е бесплатна, додека корисниците на iPod Touch треба да платат 9,95 американски долари.
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 23.Јуни.2009 во 19:47
Навигација по Хомер Симпсон
Холандскиот произведувач на навигациски уреди TomTom, претстави уште еден гласовен пакет, со кој корисниците можат да ги персонализираат своите уреди. Овој пат станува збор за гласот на легендарниот Хомер Симпсон, односно Ден Касталанета, кој сопствениците на TomTom навигацијата можат да го слушаат при возење.
Гласовната навигација во режија на Хомер Симпсон, освен самите упатства за возењето носи и неколку класични фрази и шеги во стилот на серијата. Заинтересираните можат да го купат овој пакет од страницата на TomTom за 9,95 евра, а компанијата нуди слични пакети за уште седумдесет ѕвезди како што се Џон Клис и Ози Озборн, но и имагинарни како што е Дарт Ведер.
http://www.youtube.com/watch?v=I4txiGTUd88&eurl=http%3A%2F%2Fwww%2Eidividi%2Ecom%2Emk%2FFuturama%2FTehnologija%2F535530%2Findex%2Ehtml&feature=player_embedded - Simpson Intel Pentuim Advert
-------------
|
Постирано од: 10101
Датум на внесување: 26.Јуни.2009 во 03:07
Iron Man напиша:
Достапен iPhone OS 3.0
Компанијата Apple вчера и официјално го пушти во дистрибуција iPhone OS 3.0 за iPhone и iPod Touch уредите. Како што веќе е познато, оваа поголема надградба на оперативниот систем носи бројни новости, меѓу кои е поддршката за landscape преглед, MMS, пребарување Spotlight и можноста за cut, copy & paste.
Тука се и новата апликација Voice Memos, унапреден Safari, можност за Internet tethering, односно делење на интернет конекцијата со лаптоп компјутер, поддршка за стерео Bluetooth, можност за синхронизирање белешки, опцијата shake to shuffle за слушање музика и многу други новини.
Надградбата, како и досега е достапна преку iTunes. За сопствениците на iPhone новата верзија на софтверот е бесплатна, додека корисниците на iPod Touch треба да платат 9,95 американски долари.
|
cut,copy paste.... stara finta kaj dokazanite proizvoditeli, samo kaj ovie idiotite apple e novo nesto
I nokia e71 moze, iako ne mozev da najdam slika, jas go imam ovoj telefon.
Apple ne moze da se natprevaruva so drugite, bidejki site drugi go nadminaa apple vo full touchscreen telefoni(nokia n97, se xperia, htc-bezbroj ima , nokia 5800 xm, nov model na nokia so full touch screen, samsung omnia i mnogu drugi )
apple samo napravi tri modeli bazirani na ista osnova(originalniot iPhone.)
Toa znaci deka se nesposobni da razvijat drug vid na smartphone(npr. Full qwerty 320x240)
A ni postoeckiot iPhone ne e nekoe cudo(noviot 3gs)
Poveketo od pogore napisanite telefoni pretstaveni pred nego imaat isti i/ili pogolemi performansi od nego.
Apple pravat dobri kompjuteri, no neka si ostanat na kompjuteri, mobilni - ne.
------------- 98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 26.Јуни.2009 во 03:35
abe aman za edna slika hm mnogu e tesko da se najdi na internet e71
Kobian - „хуманоиден“ робот
Задоволство
Kobian, „хуманоидниот“ робот кој може да изрази седум човечки емоции е претставен во јапонскиот универзитет „Waseda“
Изненаденост
Роботот може да изрази седум различни емоции, како што се задоволство, изненаденост, тага и аверзија. Kobian, при изразувањето на емоциите ги користи и фацијалните експресии. Со помош на вградениот мотор, роботот ги движи рацете, усните, очните капаци, веѓите, со што се дополнува изразувањето на емоциите.
Тага
Така при изразување задоволство роботот ги крева рацете над глава и широко ги отвора очите и устата. При изразување тага, Kobian се поднаведнува и челото го потпира на раката, изразувајќи жал.
Аверзија
Kobian, кој исто така се движи наоколу, реагира со средината и извршува физички задачи е претставен во Токио.
Професорот Атцуо Таканаши вели дека експресивноста ќе му овозможи на роботот полесна интеракција со луѓето и извршување на дневните обврски,
http://www.youtube.com/watch?v=2FBUt336wBI&eurl=http%3A%2F%2Fwww%2Eidividi%2Ecom%2Emk%2FFuturama%2FTehnologija%2F535901%2Findex%2Ehtml&feature=player_embedded - KOBIAN: Emotional humanoid robot
-------------
|
Постирано од: 10101
Датум на внесување: 26.Јуни.2009 во 15:21
Iron Man напиша:
abe aman za edna slika hm mnogu e tesko da se najdi na internet e71
Kobian - „хуманоиден“ робот
Задоволство
Kobian, „хуманоидниот“ робот кој може да изрази седум човечки емоции е претставен во јапонскиот универзитет „Waseda“
Изненаденост
Роботот може да изрази седум различни емоции, како што се задоволство, изненаденост, тага и аверзија. Kobian, при изразувањето на емоциите ги користи и фацијалните експресии. Со помош на вградениот мотор, роботот ги движи рацете, усните, очните капаци, веѓите, со што се дополнува изразувањето на емоциите.
Тага
Така при изразување задоволство роботот ги крева рацете над глава и широко ги отвора очите и устата. При изразување тага, Kobian се поднаведнува и челото го потпира на раката, изразувајќи жал.
Аверзија
Kobian, кој исто така се движи наоколу, реагира со средината и извршува физички задачи е претставен во Токио.
Професорот Атцуо Таканаши вели дека експресивноста ќе му овозможи на роботот полесна интеракција со луѓето и извршување на дневните обврски,
http://www.youtube.com/watch?v=2FBUt336wBI&eurl=http%3A%2F%2Fwww%2Eidividi%2Ecom%2Emk%2FFuturama%2FTehnologija%2F535901%2Findex%2Ehtml&feature=player_embedded - KOBIAN: Emotional humanoid robot |
slika od e71 se naogja(proveri vo moite postovi vo kakov telefon imate ), ama ne se naogja slika od e71 dodeka vrsi cut, copy i paste capisce
------------- 98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.
|
Постирано од: 10101
Датум на внесување: 26.Јуни.2009 во 15:24
Iron Man напиша:
abe aman za edna slika hm mnogu e tesko da se najdi na internet e71
Kobian - „хуманоиден“ робот
Задоволство
Kobian, „хуманоидниот“ робот кој може да изрази седум човечки емоции е претставен во јапонскиот универзитет „Waseda“
Изненаденост
Роботот може да изрази седум различни емоции, како што се задоволство, изненаденост, тага и аверзија. Kobian, при изразувањето на емоциите ги користи и фацијалните експресии. Со помош на вградениот мотор, роботот ги движи рацете, усните, очните капаци, веѓите, со што се дополнува изразувањето на емоциите.
Тага
Така при изразување задоволство роботот ги крева рацете над глава и широко ги отвора очите и устата. При изразување тага, Kobian се поднаведнува и челото го потпира на раката, изразувајќи жал.
Аверзија
Kobian, кој исто така се движи наоколу, реагира со средината и извршува физички задачи е претставен во Токио.
Професорот Атцуо Таканаши вели дека експресивноста ќе му овозможи на роботот полесна интеракција со луѓето и извршување на дневните обврски,
http://www.youtube.com/watch?v=2FBUt336wBI&eurl=http%3A%2F%2Fwww%2Eidividi%2Ecom%2Emk%2FFuturama%2FTehnologija%2F535901%2Findex%2Ehtml&feature=player_embedded - KOBIAN: Emotional humanoid robot |
btw cool robot
------------- 98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 07.Јули.2009 во 01:31
Шпионско копче-камера
Јапонската компанија Thanko, позната по уреди чија корисност и не е баш најголема, им понуди нешто ново на сите оние кои сакаат да глумат детективи или шпиони.
Станува збор за уред кој „глуми“ копче, а служи за снимање видео содржини и фотографии во ситуации, кои тоа не го дозволуваат. После едноставното „монтирање “ снимањето се врши преку прстенот кој доаѓа заедно си шпионската камера. После скришното собирање податоци, уредот може да се поврзе со компјутер и на тој начин да ги погледнете компромитирачките материјали.
Видеото се снима во VGA резолуција со 15 fps, а фотографиите се со резолуција од 1.280 x 1.024 пиксели. Уредот поседува 4 GB меморија, а во Јапонија шпионското копче се продава по цена 50 евра.
i jas ke si kupam vakvo
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 09.Јули.2009 во 02:37
Motorola AURA Celestial
Motorola ја оддаде својата почест на 40 годишнината од слетувањето на Месечината со лансирањето на мобилниот телефон AURA Celestial - ексклузивно издание на луксузен мобилен телефон кој воедно ја слави и улогата на Motorola во историјата - Motorola е на чело на светските комуникации веќе 80 години.
AURA Celestial ги содржи ексклузивните снимки, оригиналната содржина на слетувањето на Месечината добиена од NASA, вклучувајќи ги и видео снимките и аудио записите како "The eagle has landed" и "That's one small step for man, one giant leap for mankind". Телефонот е и со гравирана посвета "Motorola AURA Celestial Edition, Honouring the Apollo 11 mission, 20th July 1969".
"Motorola има историја како прва во многу работи - први направивме мобилен телефон и го воведовме во светот, поставивме рекорд за телефонски повик извршен од најголемата висина на Монт Еверест и бевме први во преносот на комуникацијата од Месечината. За да го прославиме сето ова, ја лансиравме AURA Celestial и уште еднаш се радуваме на успешната историја на Motorola во областа на дизајнот и иновациите", изјави Ендрју Морли, потпретседател на маркетинг за мобилните уреди на Motorola.
AURA Celestial има безвременска софистицираност, а потсетувајќи на убавината на луксузните часовници, кристалниот дисплеј прикажува 16 милиони бои на совршениот кружен и заоблен екран во облик на Месечината (прв ваков во светот на мобилните уреди), заштитен со 1,62 каратна сафирна леќа - еден од најотпорните материјали на Земјата (и Месечината). Со повеќе од 700 индивидуални компоненти, вклучувајќи и swiss-made лежишта, AURA ги спојува беспрекорната механика и преубавиот дизајн.
-------------
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 09.Јули.2009 во 02:42
ne mi se dopaga bas zatoa sto e motorola
------------- Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 12.Јули.2009 во 03:45
Nokia телефон отпорен на вода и прашина
Nokia претстави нов мобилен со релативно скромни перформанси, но затоа е отпорен на надворешни влијанија, пред се на вода и прашина. За разлика од другите вакви телефони, моделот на Nokia навистина добро изгледа.
Nokia 3720 може да се пофали со поддршка за EDGE, камера со резолуција од 2 мегапиксела со LED блиц, ФМ радио, Bluetoothom 2.1 и можност за проширување на меморијата со microSD картичка.
Карактеристиките не се лоши, но не се и нешто спектакуларни, но кога ќе чуете дека 3720 можете да го валкате во прашина или полиете со вода и ништо да не му биде, а чини само 125 евра, тогаш, се звучи многу подобро. Штета што овој уред нема да се појави на домашниот пазар пред да тргнете на море.
http://www.youtube.com/watch?v=Kk_gDGYtaLA&eurl=http://www.idividi.com.mk/Futurama/Tehnologija/538992/index.html&feature=player_embedded - Nokia phone versus pint of beer
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 28.Јули.2009 во 02:37
Blu-ray сепак на Xbox 360?
Откако Toshiba, главниот промотор на пропаднатиот HD DVD, одлучи да понуди Blu-ray уреди, се чини дека и Microsoft размислува во таа насока.
Порталот Fudzilla, повикувајќи се на повеќе извори објави дека софтверскиот гигант повторно размислува да изработи екстерен Blu-ray уред за својата конзола.
Повеќето аналитичари се согласуваат дека оптичкиот уред за репродукција HD материјал е незаменлив, особено ако се има предвид растот на продажбата на Blu-ray филмови. Една од причините за големата популарноста на конк*рентскиот PlayStation 3 е можноста за репродукција на филмови од Blu-ray дискови.
Сепак, од Microsofta (засега) ги негираат приказните нагласувајќи сервисот Xbox Video Marketplace е доволен извор на HD материјали за Xbox 360. Исто така е најавена и можноста за streaming 1080p содржини директно на конзолата, а системот се очекува да започне да функционира дури на есен..
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Септември.2009 во 11:24
http://us.mc1100.mail.yahoo.com/mc/showMessage?sMid=0&&filterBy=&midIndex=0&mid=1_228446_AIcIw0MAANPLSp%2FRuwDaC266CIc&f=1 - Sony 3D Television - Revolution In Home Entertainment? See Video
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Flix
Датум на внесување: 04.Септември.2009 во 14:58
Да за ова знам за 3d во софија во еден од трговските има наредено на секаде 3д реклами вратат на него, ама многу е мал аголот од кој што можеш да гледаш 3д што би рекол двајца најмногу тројца можат да гледаат. Кај нас сеуште нема hdtv во целост а за 3д по 10 години и повеќе :)
------------- http://flixter.deviantart.com/">
|
Постирано од: Flix
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 15:02
Најновиот HTC HD 2 конечно нешто подобро од Iphone 3g-s
Димензии
Дисплеј:Capacitive touch screen
Resolution: 480 X 800 WVGA
Тежина: 157 grams (5.54 ounces)
Процесор: 1GHz Snapdragon™ processor
Oперативен систем: Windows Mobile® 6.5 Professional
Меморија:
ROM: 512 MB
RAM: 448 MB
Expansion slot: microSD™ memory card (SD 2.0 compatible)
Батерија: Rechargeable Lithium-ion battery
Капацитет: 1230 mAh
Разговор: WCDMA: до 320 min GSM: до 380 min
Стенд бај: WCDMA: до 390 часа GSM: до 490 часа
Video playback Up to 8 hours
Audio playback: Up to 12 hours
Камера: 5 megapixel color camera -Auto focus -Dual LED flashlight
Сензори: G-Sensor -Proximity sensor -Ambient light sensor
Internet Sharing through USB or Bluetooth
Wi-Fi Router
Internet:
Browser: Opera Mobile™
3G:
Up to 7.2 Mbps download speed
Up to 2 Mbps upload speed
GPRS: Up to 114 kbps download speed
EDGE: Up to 560 kbps download speed
Wi-Fi®: IEEE 802.11 b/g
Internal GPS antenna
HTC Footprints™
Digital Compass
------------- http://flixter.deviantart.com/">
|
Постирано од: Flix
Датум на внесување: 10.Јануари.2010 во 20:43
http://www.google.com/phone/ - Нешто најново од HTC i Google
------------- http://flixter.deviantart.com/">
|
Постирано од: dimigor
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 00:09
XPhone ,едноставно телефон за секаква употреба...дефинитивно е убиецот на IFhone
http://mesto.com.mk/video/5ae4caa6b5afc1a/ - XPhone - убиец на IPhone
|
Постирано од: Flix
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 01:24
dimigor напиша:
XPhone ,едноставно телефон за секаква употреба...дефинитивно е убиецот на IFhone
http://mesto.com.mk/video/5ae4caa6b5afc1a/ - XPhone - убиец на IPhone |
Вакви прото типови има еден куп не вервам дур не излези во продажба. Инаку моментално само HTC HD2 е подобар од ајфонот.
------------- http://flixter.deviantart.com/">
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Март.2010 во 17:27
USB кое ја открива порнографијата во компјутерот
Ако некогаш сте посакале да проверите колку вашиот пријател или пријателка има порнографија на компјутерот, тогаш новото USB на компанијата Paraben е вистинска работа за вас. Со приклучување на овој стик во компјутерот можете да детектирате 99 отсто од порнографските фотографии.
Уредот чини 100 долари, а според CNET.com, пребарувањето на хард дискот се врши со напредни алгоритми кои ги категоризираат фотографиите, ги идентификуваат лицата и ги пронаоѓаат потенцијално штетните материјали.
Ако мислите дека со бришењето на фотографиите ќе се заштитите од ова USB, тогаш грешите. Овој стик ќе ги пронајде и порнографските слики кои сте ги избришале. Од Paraben наведуваат дека пребарувањето на компјутерскиот хард диск од 500 GB, кој содржи околу 70.000 фотографии трае 90 минути.
Сепак, овој гаџет не пребарува видео материјали, што значи дека љубителите на порно филмовите можат да здивнат.
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Јуни.2010 во 19:47
nekoi si imaat ime pa...nemaat popametna rabota i:
.......... http://www.idividi.com.mk/Futurama/Tehnologija/603748/index.html - Екран
што се витка !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 25.Јуни.2010 во 23:53
Apple лансираше iOS4
Само неколку дена по претставувањето на iPhone 4, Apple го лансираше iOS4, новата верзија на својот оперативен систем за мобилни уреди.
http://www.men.mk/wp-content/uploads/2010/06/v174029p0.jpg">
Системот iSO4 е директно достапен преку дигиталниот media player iTunes, велат француските електронски медиуми.
Доколку системот не е директно понуден, корисникот може да му пристапи со клик на апликацијата за пребарување.
Новиот Apple кориснички програм е достапен за player iPod touch 2G и 3G како и за iPhone 3G од 290 мегабајти и 3GS од 378 мегабајти.
iSO4 пред се овозможува истовремено обавување на повеќе функции и управување на достапна документација, а содржи и подобрени и поусовршени мултимедиски функции.
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 13.Ноември.2010 во 21:14
Постирано од: brza
Датум на внесување: 13.Ноември.2010 во 21:32
dvesta dolari ama ...tamu!
tuka ...duplo najmalku !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 13.Ноември.2010 во 22:04
не си во право...60 Е го купив за албум што го користам...
-------------
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 13.Ноември.2010 во 23:57
Tie sto se po 200 $ se kako igracki za deca....Made in China ( bezimenkovci )...Ne se ovie od slikite....A ne e nitu Applle I pad koj cini od 500 $ pa nagore( lazat na net deka e 400$), ili ovoj vtoriot na slikite Samsung koj e isto od 500 $ pa gore, za prviot na Microsoft i posledniot na Motorola kolku znam se prototipovi...
Nego sto masincinja ti imas daj ni iminja ili sliki pa da vidime sto e toa tolku evtino...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 14.Ноември.2010 во 23:07
http://365.com.mk/statii/52-gadgets/6795-johns-phone-najednostavniot-mobilen-telefon-na-svetot-video - John's Phone, наједноставниот мобилен телефон на светот Џон одлучи да ги поедностави замислите за модерен телефон со дизајн што личи на продукт од 1990 година. Наречен John's Phone, овој основен концепт ги содржи најесенцијалните опции за еден мобилен телефон. Ако го погледнете одблиску, тој всушност повеќе личи на пејџер отколку мобилен.
„Адресарот“ е составен од нотес од хартија и пенкало, кои се чуваат на задната страна. Нема СМС текст пораки, нема календар, ниту можност да пуштите музика. Нема ни игри како Angry Birds, но затоа има X/0. LCD дисплеј на допир? Заборавете, ова е анти-смартфон :)
Сè што прави овој уред е воспоставување на повици. Нели е токму тоа основната функција на телефонот?
Погледнете го отпакувањето на наједноставниот телефон на светот во видеото подолу....
http://www.youtube.com/watch?v=1e2TCLiDECw&feature=player_embedded - http://www.youtube.com/watch?v=1e2TCLiDECw&feature=player_embedded
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Декември.2010 во 15:01
http://www.time.mk/read/9d768d99d4/0df320a7b0/index.html - Промовиран првиот македонски суперкомпјутер
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 14:32
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=132593 - Универзален полнач за сите мобилни ...stvarno pametna rabota!
....vekje desetina polnachi mi se motaat nasekade
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 15:46
Lenovo ќе го претстави својот прв таблет компјутер
Произведувачот на компјутери Lenovo го претстави својот прв таблет компјутер. Lenovo LePad светлото на денот ќе го здогледа на овогодинешниот саем за електроника CES 2011.
Apple со својот таблет iPad го разбуди заспаниот пазар со таблет компјутери и беше сосема логично да се очекува дека останатите производители ќе посакаат та скокаат во овој бран.
Lenovo на саемот CES 2011, кој од 6-ти до 9-ти јануари во Лас Вегас, ќе го претстави таблетот LePad. Уредот има 10,1 инчен екран осетлив на допир и резолуција од 1.280x800 пиксели, ќе работи на оперативниот систем на Google, Android со верзијата 2.2 и процесор Qualcomm Snapdragon 1,2 Ghz.
Ова во моментов се сите детали кои можат да се дознаат за уредот на Lenovo, LePad, а повеќе ќе дознаеме по службеното претставување. Според најавите, LePad би требало да чини отприлика 520 долари.
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Март.2011 во 00:41
http://cooleria.mk/koncept/kul-usb-stik/ - Кул USB стиk http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fcooleria.mk%2Fkoncept%2Fkul-usb-stik%2F&t=Cooleria%20%C2%BB%20%D0%9A%D1%83%D0%BB%20USB%20%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA&src=sp - - Овој необичен USB стик на дизајнерот Mac Funamizu е иновативен и уникатен бидејќи е направен од стакло и овозможува да ги видите податоците кои се складирани. Секако не се мисли на реалните податоци, туку на светлината што ги претставува податоците. Секој вид на податок има различна боја – розова е за слики, сина е за документи и зелени за филмови. Кога нема светло, нема податоци на USB стикот. Прилично едноставен концепт и нешто што досега не се појавило на пазарот. ..... ------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 25.Мај.2011 во 21:39
http://kajgana.com/cat_27 -
Nokia денес го претстави Oro, паметен телефон кој спаѓа во премиум класата на производи. Оro е позлатен со 18-каратно злато, дисплејот е изработен од сафирно стакло, а куќиштето е обложено со фина шкотска кожа.
Корисниците на Nokia Oro со сигурност ќе бидат луѓето на кои им значи престижот и изгледот на нивниот мобилен телефон. Океј, да бидеме искрени - луѓето со длабоки џебови.
Кога ќе се тргнат настрана сите фини материјали, http://conversations.nokia.com/2011/05/25/gold-ringer-introducing-nokia-oro/ - Nokia Oro е како секој друг паметен телефон - работи на најновата верзија на Symbian оперативниот систем наречена Anna, има дисплеј со големина на дијагонала од 3,5 инчи, камера со резолуција од 8 мегапиксели која снима видео во 720р резолуција и WiFi конективност.
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|