|
Што не’ учи библијата? |
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Автор | |||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Аууу! Баш сум за никаде Во сето тоа copy, paste... ненамерно сум „утнал“. Се надевам дека ќе наидам на разбирање од тебе и од Госпел. Се извинувам и на двајцата. Во ред, продолжуваме со нашата дискусија! Гледам сите се согласувате во тоа дека:
Одлично, токму таму се обидував да ја насочам дискусијата! Самите да кажете дека бог не создава зло туку само добро. Но, тоа не е само ваша констатација. Самиот бог тоа го вели. Но, пред да продолжам, би сакал да ве потсетам на она прашање од пред 2-3 страни, дали бог знае се што било, што е и што ќе биде. Таму неколкумина потврдно се изјаснија. Верувам дека и останатите (кои тоа не го виделе) позитивно ќе одговорат. Значи, ако констатиравме дека бог однапред знае се што ќе биде, тогаш зошто во стиховите ( во кои се објаснува создавањето на работите) од 1Мој.1:4,10,12,21,25 и 31 се вели: „ И виде бог дека тоа е добро“ Што, зарем претходно тој незнаел како ќе изгледа тоа нешто што го прави, па морал прво да го направи за да види како тоа ќе изгледа? Или тоа можеби значи дека претходно бог неколку пати се обидувал, но не му испаднало како што треба, па ајде, одново ... се додека „не видел дека е добро“? Не верувам дека тој сакал самиот да се пофали пред луѓето? Како што може да се види од овој случај со ѓаволот, но исто така (подоцна ќе спомнеме) и со човекот, бог не створил нешто добро! Ако навистина било добро нештото што го содздал, тоа немало да се „расипе“!
Аха, значи и ти си ја гледала рекламата, а? Добро, а што беше на почетокот? Колку што јас се сеќавам имаше темнина „ ... која се простираше над бездната ...“ (1Мој.1:2) Значи таа како таква постои. Тек после се создава светлината. Потоа бог ги раздвојува. Значи има и темнина и светлина. Како надоврзрување на погоре реченово, а за да има некаков континуитет (поврзаност) дискусијава, би ве запрашал, зошто луѓето грешат? |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
|
|||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Златник, прво сакам да ти прецизирам нешто. Пред некое време Тетратка спомна една вистинита работа – Мојсеј кога ја пишувал книгата Битие не пишувал трактат, туку со свои зборови, карактеристични во тоа време, го запишал создавањето на светот (она што Господ му го давал да го види). Во понатамошната твоја дискусија и наоѓање мани на Светото Писмо, треба да имаш на ум дека не е се запишано во детали (ако ги бараш). Пишани се работите кои го одредуваат духовниот развој или падеж на човештвото од одреден период и како тоа влијае врз денешните луѓе (тоа ќе го видиш понатаму).
И друга работа – знаејќи дека Бог е семоќен и седржител и дека Тој си ја уредува секоја работа како Самиот што сака, нема логика да се фаќаш со твоите научни докажувања од типот на „А зошто Господ прво ја створил светлината, а потоа сонцето кое ја дава светлината“. Господ како сака си ги поставува законите на природата и кога сака ги менува. Тоа може да се види со првобитниот закон на природата, даден од Бога, за човечкиот род да се размножува без да има никаква забрана за инцест, додека пак, потоа тоа го забранува тоа. Господ прво ја ствара земјата, а потоа си ги поставува законите по кои ќе се движи сето создание. Та нели и не може да се постави некој закон се додека не биде се создадено до крај? Како може земјата да се врти околу сонцето, кога тоа сеуште не било создадено? Компренде, нели?
Што се однесува до онаа темнина која се спомнува во вториот стих, Светите Отци велат дека одредена светлина била создадена со создавањето на небото. Нели сепак тоа е место каде се наоѓа светлината? Но, облаците кои биле создадени во приот ден не дозволувале таа светлина да дојде до земјата. Св.Ефрем вели: Ако се што е создадено (без разлика дали неговото создавење е споменато или не) било создадено во шест дена, тогаш облаците биле создадени во првиот ден... бидејќи се треба да биде создадено во шест дена. Значи, пак доаѓаме до тоа дека секое отсуство на светлината е темнина. А и да не заборавиме што на што претходи – БОГ е светлина, а Тој нема ни почеток ни крај. Изменето од Maran Ata - 17.Октомври.2008 во 17:10 |
|||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Секогаш проблемот во дискусиите меѓу припадниците на различните религии (или атеистите) е тоа што секој ги гледа, разбира и толкува термините од својата гледна точка. Тоа е сосема разбирливо.
Во конкретниов случај - проблемот од научна гледна точка гласи: За да има светлина, мора да има сонце - соодветно - има грешка во Библијата, затоа што таму е прво светлината, а потоа сонцето. Но... погледнато од религиозна гледна точка - Бог е Семоќен. Бог е насекаде, Бог е Бескрај. Бог може да зрачи со светлина, дури и да нема сонце. Соодветно - нема никаков конфликт или парадокс во тоа што првин се создава светлината, а потоа сонцето. Но... во врска со конкретнава проблематика има различни гледишта и во религиозните кругови - што точно означува Светлината? Дали се однесува само на физичка светлина? Дали се однесува на присуството Божје? Дали се однесува на Знаењето? За да добие ова смисла, нека да го погледнеме Евангелието по Јован. 1 Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. 2 Тоа беше во почетокот во Бога. 3 Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него. 4 Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето. 5 И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати. Значи - Во почетокот беше Словото. Бог Рече - Нека Биде Светлина! Словото беше во Бога и Словото беше Бог. Погледнете ги стиховите 4 и 5 уште еднаш: Во Него беше живот и животот им беше Светлина на луѓето! И светлината свети во темнина - и темнината не ја опфати. Тоа значи дека не зборуваме за светлина која произлегува од сонцето, а зборуваме за светлина која произлегува од Бога. Зборуваме за светлината која ја имаме во нашите души, светлината која свети во темнина, светлината која ниедна темнина не може да ја згасне. Тоа е тоа Слово - Слово кое се содржи во Бога и кое е самиот Бог. Незгасливата Светлина. Затоа - буквализмот, особено од гледна точка на чистата материјалистичка наука - не врши работа при објаснувањето на Генезисот. |
|||||||
Do what is right, come what may...
|
|||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Сметам дека кога едно дело, кое христијаните го сметаат за совршено, дело кое наоѓа објаснување за се и сешто на овој свет и, кое го ставаат на врвот од изворот на човековото осознавање, треба да дава малку попрецизни информации, барем за некои многу посуштествени работи, а не со неколку воопштени зборови да објасни толку сложени настани (настанување на небо, светлина, ѕвезди...) кои се случувале во долги временски периоди. Од една страна, теистите се задоволуваат со одговорот: „бог создаде ...“ и, толку. А од друга страна, од науката бараат детални објаснувања за настанокот. И не само објаснувања! Се бараат и докази за тоа што науката го дава како претпоставка. Дури тие докази требало и да се повторат за да бидат веродостојни! Неспорно е дека науката на денешниот степен на развој неможе за се да даде такви докази. Но, не заборавајте, како може науката да даде такви одговори кога таа почнала да се вади од стегите на религијата пред само 200-300 години, а интензивно да се развива во последниве педесетина години (од „освојувањето“ на вселената). Потсетете се! Ератостен некаде во 300 г.п.н.е со помош на 2 стапа (едниот во Александрија, а другиот во Сиена) оценил дека Земјата е топка и дури, врз основа на тоа, го пресметал и нејзиниот периметар. Во меѓувреме се појавило христијанството, потоа исламот... И, што се променило во следните 1800 (и кусур) години до појавата на Никола Коперник? Ништо! Едноставно немало никаков напредок бидејќи религиите не само што не го прифаќале научното мислење, туку и го казнувале. Дури и уште едно стотина - двеста години по Коперник. Затоа науката неможе да даде објаснувања за сите непознати работи во вселенава. Но тоа не значи дека во иднина нема и тоа да се случи. Значи, според вас, не е спорно што во библијата се „испуштаат“ или се „забораваат“ да се напишат некои важни настани? Но, не само за светлината, небото и останатите небесни тела бог, (т.е. Мојсеј) заборавил да напише! Има и други работи. Кога бог во петтиот ден го создава живиот свет во водата и воздухот (1Мој.1:20-22) тој (во 1Мој.1:21) дури точно нагласува „ ... од секаков вид...“. Истото тоа „...според неговиот вид“ и „ ... според нивниот вид“ го вели и за животинскиот свет на земјата (1Мој.1:24). Но, што се случува кога го создава човекот? (1Мој.1:26,27) За него воопшто не кажува дека го создал по видови (т.е. раси)! Зошто? Повторно Мојсеј намерно или ненамерно испуштил? Или заборавил? Но, што „тупам“ пак и јас!? Што е толку важно па тоа, за да се пише?! Кога сме кај создавањето на човекот, би се надоврзал и со следново. Во гореспомнатиот цитат 1Мој.1:26 се вели:„Бог рече:„Да направиме човек според Нашиот лик, според нашата сличност...„“. Очигледно е дека бог со некого разговарал и се договарал. Со кого? Со ангелите? Нека се, но и нив Мојсеј заборава да ги пише кога се создадени (освен, се разбира, ако ангелите не се „подразбираат“ под зборот „небеса“ на почетокот, како што некои се обидуваат да го протолкуваат и презентираат како задоволителен одговор. А, баш ме интересира и на кој јазик бог комуницирал со „своите “ ангели? Или сето тоа било телепатски? Но, ајде, во ред. Се согласувам на сите одговори за „небесното“. Што се случува со земното? Видовме дека бог создава маж и жена. Значи, освен нив други луѓе нема. Во ред е тоа што тие си имаат дечиња, Каин и Авел. Но, да видиме што се вели понатаму, во 1Мој.4:17. Таму стои:„Каин ја позна својата жена, па така зачна и го роди Енох“. Од каде сега испадна женава? За ова има две објаснувања. Или Мојсеј пак заборавил да пише дека бог (во меѓувреме) создал уште некого, или во прашање е инцест меѓу Каин и мајка му Ева! Ако јас ова не го сваќам, тогаш како може некое дете кое сега ќе почне да учи веронаука, сето ова да го разбере? Р.Ѕ. Што стана со одговоров на моето прашање од пред неколку поста:
Не ми се верува дека намерно го избегнувате. Изменето од Zlatnik - 19.Октомври.2008 во 14:05 |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Zlatnik, не си ласкај дека "бегаме" од твоите смешни прашања. Едноставно мене ми стана досаден со овие петтооделенски прашања за Библијата. Толку ми се изгустирани овие прашања (што ги прашуваат децата) што веќе ме мрзи да одговарам на нив.
Но ајде, за да не се возгордееш со прашањава, сега ќе ти ги одговорам набрзака...
Од целиот твој пост, он-топик ти се само следниве прашања:
Не, Бог не збори со ангелите таму, туку тоа е разговор во рамките на Божјото Тројство. Бог не може да збори погоре со ангелите, бидејќи тие немаат иста сличност како и Бог, па затоа Бог таму не би можел да вели: "според Нашата сличност". Ова единствено има логика, доколку Бог Таткото зборува со Бог Синот и Бог Светиот Дух кои имаат иста сличност т.е. како што кажав, тоа е разговор во рамките
на Светото Тројство.
Ова е само доказ дека бегло си ја прелистал Библијата, само колку да најдеш некоја грешка во неа, а не и за да поднаучиш нешто од неа.
Во Библијата јасно стои дека Адам и Ева имале и други синови и ќерки после Каин и Авел:
"По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки."
(Битие 5:4)
Таму, во тие цитати, никаде не се вели дека Бог не знаел како ќе изгледа тоа што ќе го направи. Тоа ти го велиш, но не и Библијата. Тука е проблемот кај тебе, што ти донесуваш заклучоци во име на Библијата и потоа истите ги прогласуваш за противречни. Тоа е смешно.
|
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
stevompc
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 275 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
taka e. ubavo si sfatil deka Biblijata ne se zanimava vo detali so sozdavanjeto. zar ako gospod ti objasni ke sfatis kako go sozdal redot vo univerzumot? ti svesen li si deka site naucni dostignuvanja denes ne se ni 1% od znaenjto sto postoi vo vselenata? nitu 1%!!! a nitu eden covek na svetov, go nema sfateno i opfateno nitu toj 1% sto nie (kolektivno) go znaeme! I ti mislis deka i pokraj toa sto ne mozes da go sfatis i osoznaes toj 1% deka ke gi sfatis drugite 99% bez problem? ne znaes sto baras. i uste nesto. kako gospod go sozdade svetot, voopsto ne e sustinsko prasanje. mnogu povazno prasanje e koj go sozdade, i toa e bezbroj pati odgovoreno vo Biblijata. Znaci Gospod ne se ni zamara da ja zadovoluva tvojata beskorisna ljubopitnost dali koarcventnite kapki se sudrile, ili spoile, ili fuzirale ili sto jas znam. Za tvojata licnost (za toj del za koj Gospod E zainteresiran) toj fakt nema da znaci nisto. zatoa Biblijata ne zboruva za beskorisni naucni fakti, tuku zboruva za sustinski prasanja. prasanja povrzani so dusata na covekot, negovoto bitie, negovata sreka, polnota, smirenost, ljubovta, itn. |
|||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Па јас и сум’ петооделенец кој се интересира за тоа што тоа ќе учиме во/од библијата. Затоа и ја поставив како наслов на топикот. А зарем ти се умори од објаснување на божјото слово?
А ти ова некаде го прочита дека е така, или некој ти го кажа? Или ти, онака стручно, го толкуваш?
Е да де, имале. И јас го знам тоа. Но, Каин со жена го раѓа Енох уште пред да се роди Сит (1Мој.4:25). Јас за таа жена те прашувам, а не за подоцна.
Јас не велам дека во библијата пишува дека бог не знаел како ќе изгледа тоа што го прави. Јас тоа го изведувам како заклучок од зборовите во библијата:„ и виде бог дека тоа е добро“. Затоа реков дали тој претходно незнаел како ќе изгледа тоа нешто, па морал прво да го направи. А моето претходнно поставено прашање всушност беше зошто луѓето грешат. Ако речам, затоа што и бог греши, ќе речете невозможно е бог да згреши! Но, ајде да видиме. Имплицитно (посредно) ова можеме да го заклучиме од веќе дискутираното, каде бог со „светото тројство“ се договарал да направи човек според нивна лика и прилика. Штом е така, ако човекот греши, значи дека и бог греши! Но, сметајќи дека на ова ќе се најде објаснување со поинакво толкување на нештата, (дека не се мислело „така“ туку „овака“ ...) ќе наведам експлицитен (непосреден) доказ каде бог самиот увидел дека згрешил и дека за тоа се кае. Видете во 1Мој.6:5-7. Што вели тој таму? „Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла на неговата памет е зло ...“ и „ ... се покајав што ги создадов“. Значи самиот бог признава дека ја „утнал“ работава со човекот. Значи за џабе му било она „ и виде бог дека е добро“ Очигледно дека не е така. Значи. Каков човек сакал бог да создаде, грешен или безгрешен? Ако сакал да создаде безгрешен, тој тоа ќе го направел. Без притоа „да му остава на самиот човек да одлучува како ќе живее, т.е дали ќе го прифати доброто или злото“. Зарем некој ќе се посомнева во неговата способност да направи оваков човек!? А ако сакал да го направи грешен, тогаш зошто понатаму бог го казнува човекот за „својата“ грешност? Во настојувањето да се покае и да ги поправи своите грешки бог прави уште една грешка. Тој УБИВА се што е на Земјата. Ако му биле грешни луѓето, тогаш што му згрешиле растенијата и животните, па сите да ги удави во потопот? (1Мој.6:7) Ако некој човек згреши, тогаш бог го казнува зависно од неговата воља. Дури може и да го убие. Но, кој да го казни бог за неговите грешки, кои ете и самиот си ги признава? Мудроста вели: „ Не е грев ако згрешиш. Грев е ако ја повториш грешката“ Токму ова го прави „безгрешниот“ бог. Зошто? Затоа што и покрај тоа што бил незадоволен од луѓето (вид што самиот го создал и си се пофалил дека е добар), го оставил Ное заедно со неговата фамилија да продолжи да го обновува ИСТИОТ човечки род и истите животински и растителни видови. И што фајде од тоа? Ако бог навистина сакал да го искорени лошото кај човекот, тој би требало да создаде нов вид живо суштество, а не да го продолжува стариот. Потврда дека ова му била повторна грешка е тоа што луѓето и понатаму правеле (и сеуште прават) грешки. Значи, за џабе му било уништувањето со потопот! Но, знае бог (читај: свештениците) што прави. Ако создаде безгрешно суштество, тогаш ќе нема зло, а со тоа спротивност меѓу доброто и злото, ќе нема кој да греши и на кого да му се суди, ќе нема со кого да се владее, а со самото тоа ќе нема и религија. Исто така, доказ дека бог уште еднаш згрешил е неговото признание за тоа што го направил со Земјата е пишано во 1Мој.8:21 каде вели: „никогаш повеќе нема да ја проколнувам земјата заради човекот, зашто неговите мисли се лоши од неговиот почеток...“ Како што гледаме бог ја увидел и оваа негова грешка и се зарекува дека повеќе нема да ја уништува целата Земја. Да! Сега ќе уништува само цели градови и поединци. Но за тоа понатаму. Изменето од Zlatnik - 19.Октомври.2008 во 16:55 |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Нешто ми се измеша во текстов. Овој дел ми изгледакако да е настрана!
Е да де, имале. И јас го знам тоа. Но, Каин со жена го раѓа Енох уште пред да се роди Сит (1Мој.4:25). Јас за таа жена те прашувам, а не за подоцна. |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Алтане, каде виде ти дека Каин се оженил пред Адам и Ева да имаат и други синови и ќерки? Мојсеј во книгата Битие користи тематска наратива, а не нужно хронолошка и затоа не можеш да заклучиш дека Адам и Ева го родиле Сит пред да родат и други синови и ќерки само затоа што тој настан е опишан во 4-тото поглавје, а овој другиов во 5-тото поглавје. Се надевам дека ќе го имаш ова предвид следниот пат и дека нема повторно да избрзуваш со заклучоци што биле пред, а што потоа, се додека тоа не е експлицитно наведено.
Друго, Библискиот Бог никаде не згрешил. Уште повеќе: Библискиот Бог не може да згреши.
Зборот "покајав" - на хебрејски - "נחם" (накам) што Бог го користи во Битие 6:7 буквално и првенствено значи воздишка, "длабоко воздивнување", жалење, сожалување, а и кога се користи за "каење" тоа не значи нужно дека некој се кае за свој направен грев, туку едноствано се кае за нешто, му е криво за нешто, жали за нешто, за било што.
Алтане, зарем не приметуваш дека имаш оскудно и површинско знаење за Библијата? Зошто тогаш си даваш за право да понудуваш алтернативни одговори? Зошто едноставно не речеш: "Ова и ова ми е нејасно, ве молам објаснете ми"? Вака само ги губиш кредитите кај нас и создаваш сомнеж дека ти не прашуваш за да дознаеш, туку само за да ја понижуваш Библијата, да наоѓаш некакви смешни "противречности" во неа.
Немој да се навредиш заради ова. Секој од нас е добар во некоја работа, а пак слаб во некоја друга. Во случајов, тебе Библијата не ти е баш јака страна, затоа те советувам да не избрзуваш со заклучоци и повеќе да прашуваш, отколку да даваш алтернативни одговори. Затоа што доколку заклучам дека немаш правилни мотиви во твоите прашања (а веќе сум на работа да го заклучам тоа), нема повеќе да ти одговарам.
Поздрав!
|
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
А штом не е експлицитно наведено, од каде пак ти знаеш дека прво се родил Сит (и другите деца на Адам и Ева) па потоа Каин се жени. А ако тие настани во библијата не се наведени по некој хронолошки ред, според тебе, можно е тоа да значи дека прво се раѓаат сите деца на Адам и Ева, потоа Каин се жени, па потопот, па Каин го убива Авела ... Смешно! Многу убаво си се подредени настаните во библијата. Немој ти да си земаш за право да бидеш единствен „динамичен“ толкувач на библијата. А и да претпоставиме дека е така како што велиш ти. Дека прво се раѓаат другите деца на Адам и Ева, а тек потоа Каин се жени. И повторно, со кого се жени Каин? Тогаш испаѓа дека се жени со својата сестра?
Повторно само игра на зборови. Кој збор сакаш употреби го, дали „жали“ дали „се кае“ ..., суштината е иста. Бог ја „утнал“ работата со човекот и за тоа не се „чувствувал добро“(би бил мојот најнов динамичен превод, односно толкување на хебрејскиот збор "נחם" (накам))
А кога сум рекол дека воопшто имам некакво познавање за библијата? Неможат да бидат сите експерти како тебе?!
А зошто ти си даваш за право да ми го скратуваш тоа мое право на сопствено размислување, толкување и давање сопствени одговори? Зарем само она твоето е валидно, т.е. неалтернативно?
Па јас токму тоа и го правам. Поставувам прашање од библијата, давам свое видување за тоа, и чекам ваш одговор, односно ваше размислување по однос на тоа. Зарем ова поинаку го свати? И затоа не ти држи ова:
Додуша, да изнаоѓам противречности - да, но да ја „понижувам“ - не. Не сакам да ја понижам библијата од едноставна причина што неа ја сфаќам и прифаќам само како еден историски документ кој го создале евреите, а кој документ всушност ја опишува историјата на еврејскиот народ. А тоа секако не е за потценување. Како што гледаш библијата не е само теолошки „документ“ туку има многу пошироко историско, но секако и општествено значење. По се изгледа ти библијата ја сваќаш само како теолошка „лектира“ која, ако се прочита, ќе го приближи читателот кон бога! Ме разочаруваш!
За овој краток период колку што сум на форумов, и од само малиот број пораки кои ги имам прочитано јасно го видов твојот кредибилитет кај форумџиите! Во секој случај, ќе ја прифатам критиката од твоја страна, и во иднина ќе гледам колку може повеќе да поставувам прашања. Но, очекувам разбирање и од твоја страна ако некогаш дадам и по некој коментар. Колку за да се појасни некои работи. |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Dogmata e strashna rabota... i nema nikakva vrska so religijata, a sekakva so teologijata.
A Bog ne sozdava teologii, tuku chovekot. |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
ajde mesi
kazi neso za nedogmatsko verbalno soopstuvanje na poestoenje na SEVISNIOT |
|||||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Златник...
Религијата е доста чувствителна работа, па затоа луѓето реагираат така. Прашањата ти се на место и се вообичаените прашања кои човек кој не е доволно запознает со работите ги има, но мој најдобронамерен совет е да ги поставуваш во форма на прашање, а не на заклучок... така ќе добиеш поадекватни одговори, без излишни забелешки. На кратко објаснето (за неколку работи). Во почетокот има само еден маж и една жена. Неминовно меѓу нивните деца се остварува инсецтуозно општување за да се создаде третата генерација. Ова се случува на два пати - еднаш со Адам и Ева и нивните потомци, втор пат со Ное и неговите деца по потопот. Инцестот во Библијата е забранет многу подоцна. Дури и многу научници се согласуваат со тезата дека тоа би било сосема во ред, затоа што првите луѓе имале чиста ДНК. Соодветно - комбинирањето меѓу нив не би предизвикало генетски мутации... колку повеќе генерации минуваат, толку повеќе ДНК мутира и толку повеќе има можности за грешка. Затоа - во еден момент е забрането тоа мешање. Патем - дури и научниците кои се приврзаници на теоријата за настанокот од мајмуните и слично - тврдат дека инцестуозните односи биле нешто сосема нормално кај пештерските луѓе, додека подоцна исчезнуваат. Причината за генетската мутација не е несовршеност Божја. Тој го создава своето творение совршено. Но... му дава слободна воља. Му дава можност да избира. Грешноста човечка доведува до таквите мутации (можеме за ова дополнително да дискутираме - но најразбирлив пример ќе ти дадам - провери во медицински извори за генетски мутации кај наркомани, алкохоличари итн - особено кај нивните деца). Во врска со Каин и неговата жена... Ако ја прочиташ внимателно Библијата, особено во делот на Генезисот, ќе забележиш дека не се сите настани и личности опишани и спомнати поединечно. Тоа е сосема нормално - ако беа, тогаш за секоја генерација ќе требаше цел телефонски именик... Значи спомнати се најбитните личности, оние од кои зависи поучната нарација во текстот, оние кои се врзани со продолжување на наследството, оние кои се предани на Бога или пак оние кои направиле страшни гревови... Самиот факт што се наведени неколку синови по име, а потоа одеднаш се наведени - уште многу синови и ќерки, е доволна потврда за ова. Каин се жени со неговата сестра. Факт - објаснив погоре зошто и како. Доста подоцна настанува забраната - во Третата Книга Мојсеева. Во врска со настанувањето и кој со кого си зборувал... Библијата не може да се чита сегмент по сегмент, затоа што понекогаш делува доста збунувачки. Нешто што е само спомнато во генезисот, добива дополнително објаснување понатаму - како на пример - самото создавање. Го имаш спомнато во Генезисот, но го имаш и во Јован. Од различна перспектива, со дополнителни, многу битни елементи. Христијаните ја прифаќаат Библијата во целост. Односно - и тоа што е запишано од Мојсеј и тоа што е запишано од Јован се Боговдахновени зборови. Бог многу пати говори во множина. Едни го толкуваат како да е тоа само израз на почит и затоа му говорот поставен во формата "Ние" (која е присутна во еврејскиот јазик како форма на почит), но многу поиздржано е мислењето дека станува збор за Троиството - затоа што Синот бил уште пред почетокот на светот, а знаеме дека Духот истотака (тоа директно го пишува во Генезисот). Се надевам дека е малку појасно, ако не - се разбира - ќе дискутираме повторно. |
|||||||
Do what is right, come what may...
|
|||||||
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |