IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Свето Предание пренесено преку Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свето Предание пренесено преку Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 21>
Автор
Порака
stevompc Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 275
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevompc Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 10:37
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by stevompc stevompc напиша:




jas tebe pak te prasuvam, kade ti vide vo tie citati podrska za tvoite stavovi? mislam od ignatij i polikarp. ti niv gi smetas za pravoslavni?

smesno.


св.Игнатиј и Поликарп јасно кажале дека треба да се придржуваме до Преданието, а со оглед на тоа што тие биле директни ученици на Апостолите, а вие не го следите тоа што тие ученици го кажале, испаѓа дека немате никаква изворност!!!

Затоа, те молам, гради конструктивна дискусија и не тропај!


jas gledam deka vie pravoslavnite treba da se vratite da naucite uste ednas makedonski jazik i lingvistika malce da sovladate.

nikade vo tie citati ne se spomnuva predanieto vo onaa smisla vo koja ti sakas da ni go pretstavis. sto znaci predanie? znaci: predadeno, preneseno.

so drugi zborovi, tie kazale deka treba da se drzat do evangelieto sto im go prenele apostolite. nikakvi tuka tajni tolkuvanja, dosepnuvanja, i cuda nema.

koga ke najdes takov citat, poveli fali se.

do togas ne se brukaj.
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 18:20

ова е една моја семинарска работа


Православното сфаќање за Преданието

 

Нема сомнеж дека живееме во трагичен свет, свет кој оди по пат чиј крај не се гледа, пат кој изгледа не води никаде.

На овој наш свет, фатен во неговата залудност, Црквата доаѓа да му покаже друг пат, и таа го прави ова проектирајќи го нејзиниот начин на постоење. Конечно, не беше ли Христос Оној Кој рече „Јас сум патот“? Според ова, Црквата дојде да се спротивстави на трагедијата од човечката историја, нејзиното постоење, нејзиниот живот. „И животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ве известуваме за вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави“ (1. Јов. 1. 2). Во неизвесноста на современиот свет, Црквата се појавува како единствена можност за вистински живот. Црквата стапува во вселената како „нов космос(свет), како „создание на друг свет“.

Се разбира, евидентно е дека кога зборуваме за Црквата, не мислиме на социјален и секуларен организам, или пак за хуманитарно друштво загрижено за моралното подобрување на човековиот живот. Под Црква го подразбираме животворното Тело на Богочовекот: мислиме на Христос лично, пренесуван и распространет низ вековите. Во крајна линија, кога зборуваме за Црквата подразбираме предавање (предание) на животот.

„Како што го примивте Господа Исуса Христа, така и одете по Него, вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, изобилувајќи во неа со благодарност. Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа“ (Кол. 2. 6-8).

 

Единството на Црквата и преданието

 

Преданието и Црквата не се просто паралелни концепти, туку реалности кои се суштински во меѓусебни односи и сврзани заедно. Без да бидат уништени, тие не можат да бидат разделени; тие постојат секогаш обединети без мешање. Навистина, во таа смисла, Црквата е Преданието и Преданието е разбрано како совест на Црквата. Оттука, невозможно е да се зборува за Преданието без, во исто време, да се зборува за Црквата. Учењето за Преданието е еклисиологија: навистина, сржта на Црквата. Овде Предание е Христос, Кого што Го примивме, како што вели св. Павле; и токму ова Предание е антитеза на „човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа“.

Кога велиме Преданието е Христос, ние мислиме дека Црквата упатува назад кон Христа и преку Христа кон сувереното начало на Бог Отецот, кон изворот на Троичното и црковно единство: „Едно тело сте, и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање; Еден е Господ, една е верата, едно е крштавањето, еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сè, и преку сите, и во сите нас“ (Ефес. 4, 4- 6). Така стигнуваме до изворот на Црковното единство, до изворот на Преданието, до изворот на секој дар.

Во животот на надсуштествената Троица, Отецот, Којшто е единствената причина и начало на ипостасите (личностите) им се предава Себеси на другите две божествени Личности, раѓајќи Го Синот и предизвикувајќи Го Светиот Дух да происходи. Треба да го разбереме ова „предавање“ (предание) како општење на сета божествена суштина на Отецот и Синот и Светиот Дух, како потполна кеноза (истоштување, испразнување) на Отецот. Првенството овде е разбрано како врвна граница на љубовта: предавањето на Отецот во полза на другите две личности. Синот и Светиот Дух одговараат на овој излив на Отчинската љубов. Тие не ја узурпираат љубовта на Отецот за своја лична корист, нити ја грабаат (Филип. 2, 6), туку од своја страна ја нудат нивната егзистенција и живот – слично, во љубовта – на Отецот. Оваа размена (αντιδοσις) е изразена како апсолутно послушание кон вољата на Отецот.

Слично во Црквата, која е икона и одраз на животот на Троичниот Бог, Синот се предава Себеси за живот на светот (Јован 6, 51). И овде, исто така, има изобилство од љубов и од давање. Овде имаме предавање во љубовта (η παραδοσεις εν αγαπη). „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син“ (Јован 3,16). Апсолутното послушание на Синот кон Отецот Го води кон кенозис, кон смирение, заради спасението на светот. Исто така Светиот Дух пребива во светот за да биде постојан сведок на вистината (Јован 15, 26). Исходејќи од Отецот и бивајќи испратен преку Синот, Светиот Дух го продолжува делото Христово во историјата, бивајќи Утешител на луѓето.

Слегувањето на Светиот Дух, разбрано како предание и вдомување (ενοικησις) во телото на Црквата, го осигурува чувањето на вистината и новиот живот. Светиот Дух ì се предава (παραδιδεται) на Црквата; не слегува повеќекратно врз земјата, туку пребива и се всели во историската Црква. Педесетница не е настан кој му припаѓа на минатото: попрво таа е постојано присуство во животот на Црквата, универзална реалност која ја прегрнува Црквата, правејќи ја жива икона на вечноста во историјата на светот.

Според ова, внатрешните меѓусебни односи помеѓу трите божествени личности исто како и во Црквата (којашто е икона на заедницата на Троица) Божјата љубов се манифестира како предание, како постојано излевање. Бог Отецот се дава Себеси заради другите две божествени личности; Синот, од љубов, стана еден од нас и се предаде Себеси за човечкиот род; на крај, Утешителот пребива во телото на Црквата до свршетокот (συντελεια) на вековите и го продолжува делото на Синот во светот.

 

Откровение и Предание

 

Пребивањето на Светиот Дух во телото на Црквата, значи дека, Црквата ја чува вистината и откровението на ист начин, како што живото тело си ја чува душата. Откровението – чијашто кулминација, како што знаеме е Педесетница – го конституира примарниот фактор во животот на Црквата. Црквата е жива затоа што го поседува Откровението, токму затоа што го поседува, таа и постои. Конечно, кога велиме дека Црквата го поседува и чува Откровението, сакаме да кажеме дека таа го прави тоа затоа што Откровението е Предавање (παραδοσεις) и станува Предание во Црквата. Предание е токму затоа што беше пренесено (παραδοθη) во Христа и во Светиот Дух, и станува Предание затоа што Црквата го чува низ текот на историјата, како сила на нејзиниот живот. Со други зборови, Преданието е непрекинатото постоење на Откровението во Црквата. Тоа е внатрешната и привлечна сила којашто ја држи Црквата заедно. Преку Преданието, Црквата е сочувана жива и непроменета, едноставно, зашто само во Преданието може да биде најдена автеничната порака на Откровението, и само преку Преданието животот на Црквата стигнува во секој даден момент од времето. Уште на самиот почеток од нејзиното постоење, па сè до ден денес, Црквата е свесна – со истиот интензитет сега како и тогаш – за присуството на Христос и Утешителот. Според ова, Црквата уште од првиот момент од нејзиното постоење, па сè до ден денес, го живее и доживува Откровението, и таа ќе продолжи да го прави ова засекогаш, така што и „вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мат. 16, 18). Ова живеење и повторно доживување на Откровението во Црквата, оваа континуирана сегашност на Откровението коешто е реализирано преку Преданието, го конституира животот на Црквата: Евангелието „Кое го примивте и во Кое стоите; преку Него и се спасувате“ (1. Кор. 15, 1-2). Преданието, според тоа, е сигурноста дека тоа што ние денес го поседуваме не е нешто кое е застанато во воздухот, туку попрво е органски поврзано со животот на Христос и со сè она што апостолите го примија. Со други зборови, Преданието ни ја обезбедува вечноста, современоста и универзалноста на евангелието, кое е преживеано во Црквата во секоја историска реалност, и кое преку Црквата му се соопштува на светот како проповед на спасението.

  продолжува

Изменето од чаир - 15.Октомври.2008 во 18:25
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 18:22

Православното сфаќање за Преданието втор дел


Преданието и сегашноста

 

Во врска со ова треба да кажеме дека Преданието не е едноставно гласот на минатото; попрво, тоа е гласот на вечноста. Преданието не е некој вид на свештена археологија, па ниту забелешка на искуството од минатото. Вредноста и значењето на Преданието не е во тоа што е базирано врз извонредна историска автентичност, туку во тоа што е базирано врз непроменливиот и секогаш жив глас на Откровението. Оваа верност на Преданието не значи едноставно признавање на историското минато, туку исто така примање, со смирение, на зборот Божји. Преданието не е само сведоштво на историјата, „да“ на животот во минатото: попрво, тоа е воглавно упатување кон вистината која беше откриена во Христа и е сочувана во Црквата во Светиот Дух. Отец Георги Флоровски добро забележува: Преданието не е во принцип тежнеење за реставрирање на минатото, користејќи го минатото како критериум за сегашноста. Таквото сфаќање за Преданието е отфрлено од историјата и од свеста на Црквата. Преданието е авторитет за поучување, potestas magisterii, авторитет за да го носиш сведоштвото на вистината. Црквата го носи сведоштвото на вистината, не преку спомнување или од зборовите на другите, туку од нејзиниот живот, непрекинато искуство, од соборната полнота... Во ова се содржи тоа „предание на вистината“, traditio veritatis, за коешто св. Иринеј зборуваше. Според него, тоа е поврзано со „вистинското помазание на вистината“, charisma veritatis certum, и „учењето на Апостолите“ за него не беше толку многу непроменлив пример за да биде повторуван или имитиран, како вечно живеење и непресушен извор на живот и инспирација. Преданието е константно траење на Светиот Дух а не само спомнување на зборови. Преданието е харизматично (благодатно) а не историско, начало.

Преданието, како харизматичен настан, како едно непрекинато откровение на зборот Божји во Светиот Дух во секој карактеристичен историски период не е нешто далечно, нешто што отскокнува од историјата и коешто, за да го откриете мора да се вратите назад во вековите, туку тоа е реалност која е крајно современа, токму како што плодовите на Духот („љубов, радост, мир, долготрпение, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста“ Гал. 5, 22-23) се крајно современи за животот на модерниот човек. Преданието е секогаш присутно, овде и сега. Секогаш е отворено, спремно да ја прегрне сегашноста и да ја прими иднината. Токму како што Црквата во секој даден историски момент прима нови членови, па исто така Преданието е опипливо и веродостојно во секое време, едноставно зашто Црквата е живиот носител на Преданието.

Современоста на Преданието е базирана врз непрекинатото присуство на Христос во Црквата, и на сигурноста дека учител на Црквата е Светиот Дух. Патријархот Доситеј Ерусалимски, во своето Исповедание (1672) пишува:

Веруваме дека соборната Црква ја учи Светиот Дух. Зашто тој е вистинскиот Утешител, Когошто Христос Го испраќа од Отецот за да нè учи на вистината и за да ја истера темнината од умовите на верните. Учењето (διδαχη)

на Светиот Дух, не ја прави директно Црквата прекрасна и сјајна, туку индиректно, преку Отците и возглавителите на Соборната Црква.

Отфрлањето на важноста од Преданието е суштинско отфрлање на делото на Светиот Дух во историјата и сомнеж во Неговите благодати                  (χαρισματα). Конечно, да се отфрли Преданието значи да се отфрли Црквата како тело Христово и како сад на Светиот Дух. Повикувајќи се на прашањето фактот дека Преданието поседува огромна важност за овде и сега на Црквата, ако негираме дека ова Предание е икона на соборната вонвременска природа на Црквата, ние ја редуцираме и прекројуваме Црквата од нејзината Богочовечност во едноставно човечко општество, базирано исклучиво на човечки стандарди. Отфрлањето на Преданието е како да се прифаќа дека Христос ја има напуштено Црквата, така што Неговите зборови, „и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот“ (Мат. 28, 20) и „Јас ќе Го помолам Отецот, и Он ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека“ (Јован 14, 16) на крајот се измама. Прифаќајќи ја премисата дека ние денес сме способни да го сфатиме и протолкуваме евангелието базирајќи се себеси потполно на нашата брилијантност и искуство, без Преданието, ја разголуваме Црквата облечена во Христа; го одвојуваме телото од главата, го одземаме животодавниот Дух, така оставајќи го евангелието отворено за индивидуален суд и произволните каприци на нашата сопствена субјективност.

Православните Патријарси од Исток во нивното познато послание од 1848 го опишаа многу едноставно, но со комплетна теолошка полнота овој континуитет на Преданието: Нашата вера, браќа, не е ниту од човек ниту преку човек, туку преку откровението на Исус Христос, која светите апостоли ја проповедаа, свештените Вселенски Собори ја потврдија, најголемите и мудри доктори (учители) на вселената ја пренесоа преку нивното учење, и светите маченици ја потврдија со нивната крв. Ја чуваме чиста верοисповедта која ја имаме примено.

Не можеме да го негираме животот на Црквата, тој „непрекинат ланец“, кој ја дефинира „свештената ограда“ на Црквата, „чијашто врата е Христос и во која сето Православно стадо е пастирствувано“.

 

Преданието и Божјите луѓе

 

Прашањето е вака поставено: како можеме да ја провериме вистинитоста на Преданието? Патријарсите од Исток го дадоа следниов одговор во нивното послание: „Бранител на верата е телото на Црквата, а тоа е народот    (λαός)“. Народот Божји, земен заедно како целина, поседува духовно сетило со коешто може да се провери дали е или не е, и до кој степен, нашите дејанија и проповеди (κηρύγματα) се во согласност со животот и зборот на соборната Црква. На овој начин Преданието е заштитено внатре во целото црковно тело. Ерархијата на Црквата учи, односно го толкува Преданието, а народот во својата целосност прави декларации во врска со нивната верност на Преданието. Овде имаме внатрешен реципроцитет. Учителите на Црквата го толкуваат Преданието, го пренесуваат евангелието до народот, а народот пресудува дали она толкување кое им е пренесено е автентично или не. Ова значи дека сите кои го толкуваат евангелието никогаш не можат да не го земаат предвид народот, зашто народот во својата целовитост е носител на Преданието. На овој начин, и оние кои поучуваат и оние кои биваат поучувани, и ерархијата и народот, конституираат целина која се труди околу чувањето на вистината, за заштита и разбирање на Преданието. Секој од свој аспект придонесува за истата задача. Ерархијата изнесува суд за Преданието, а народот расудува за судовите на ерархијата. На овој начин се одобрува нејзиното учење и нејзините одлуки. Кога св. Павле им напиша на Солуњаните, „чувајте ги преданијата“(2. Сол. 2, 15) тој го потврдува токму ова: правото кое го има народот за да го чува Преданието и да отфрла секакви туѓи елементи, кои можат да влијаат врз чистотата на црковниот живот.

На овој начин целото тело ја извршува огромната задача за чување на вистинитоста на Преданието. Со инстинктот кој доаѓа од самото искуство на Преданието, има способност да констатира што се содржи во consensus patrum et apostolorum а што останува надвор од него. Ова посебно сетило (чувство) кое го поседува народот Божји и кое на крај луѓето ги прави „чувари на верата“ не е ништо друго, освен плод на опитот проживеан од апостолите и примен и проживеан од отците и светителите на Црквата, и живо сочуван во секој историски период на Црквата. Според ова, тоа е идентитетот на искуството кое ја потврдува верноста на Преданието. Низ вековите, Црквата го проповеда и живее истото евангелие, истата вистина. И, се разбира, оваа вистина не е идеја, концепт, туку посебна личност, богочовечката личност на Христос (Јован 14, 6). Тогаш „Христос е ист вчера, и денес, и во веки“ (Евр. 13, 8), и Светиот Дух Кој го оживува верниот народ Божји и го обезбедува единството на животот. Според ова, искуството на верниот народ Божји денес, не е поразлично од искуствата на апостолите и светителите. Ова е едното и исто искуство на народот Божји, кое всушност е верност кон Преданието.    

Очигледно е дека кога зборуваме за верност кон Преданието не ја лишуваме Црквата од правото, ниту ја доведуваме под прашање нејзината обврска, да ја изразува на нов начин, кој одговара на потребите од секој период, едната уникатна евангелска порака. Наспроти ова, верноста кон Преданието често пати нè присилува да се откажеме од формите и шемите на минатото. Така што верноста кон Преданието никогаш не ги спречуваше Отците на Црквата во изразувањето со нова терминологија и модерно, сè она што Црквата веќе го има проживеано и искусено уште од самиот почеток на нејзиното постоење. Оттука, што и да беше формулирано од Отците или Вселенските Собори подоцна, токму затоа што тоа произлезе од истата соборна полнота, има  еднаква вредност и автентичност со сè што било кажано уште од самиот почеток.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 18:24



Православното сфаќање за Преданието трет дел



Предание и преданија

 

Овде е неопходно да се потсетиме на разликата помеѓу Преданието и преданијата. Во она што го напишавме досега ја имавме предвид оваа разлика. Човечкото предание не треба да се меша со соборната полнота на животот во Црквата, со едното универзално Предание. Спротивно на ова едно Предание, кое ја констируира свеста и идентитетот на Црквата низ вековите, преданијата се дело на човечки раце; тие доаѓаат и си заминуваат, се менуваат и дополнуваат, отфрлани се или поддржувани, во зависност од духовната клима која преовладува. Овие преданија можат да бидат корисни, позитивни и креативни; но исто така можат да бидат и без значење, или дури и производ на човековата грешност. Можно е да помогнат во разбирањето на Преданието, но тогаш повторно, исто така може да станат непремостлива препрека во приближувањето на христијанската порака.

Затоа, кога зборуваме за Преданието, не мислиме на сите оние човечки елементи кои се сретнуваат во историската Црква, туку на едниот и единствен депозит на верата, кој се наоѓа во Црквата, и заради кој Црквата е „столб и тврдина на вистината“ (1. Тим. 3, 15). Заедничката Доктринарна Комисија договорена од вселенскиот патријарх и архиепископот кентербериски за консултации во врска со согласувањата и разликите помеѓу Англиканската и Источно Православните Цркви (1930) го издаде следново соопштение:

Се согласуваме дека под Свето Предание ги подразбираме, вистините кои слегоа од нашиот Господ и апостолите преку Отците, кои беа исповедани едногласно и континуирано во целата Црква, и се предадени под раководство на Светиот Дух.

Сè што е неопходно за спасение може да се најде во Светото писмо како комплетирано, објаснето, протолкувано, и разбрано во Светото предание, под раководство на Светиот Дух Кој пребива во Црквата.

Се согласуваме дека, ништо од она што се содржи во Преданието, не е во спротивност со Светото писмо. Иако овие две може да бидат логички дефинирани и истакнати, сепак не можат да бидат одвоени едно од друго, ниту пак од Црквата.

 

Светото писмо и Преданието

 

Сега е неопходно накратко да го испитаме прашањето за Светото писмо и Преданието. Општо кажано, Светото писмо и Преданието не треба ниту да се одделуваат ниту да се мешаат („иако овие две може да бидат логички дефинирани и истакнати, сепак не можат да бидат одвоени едно од друго ниту пак од Црквата“). Светото писмо и Преданието конституираат една неделива целина, едното се содржи во другото. Или ако сакаме да бидеме поексплицитни, Светото писмо се содржи во Преданието. Апостолот Павле сосема јасно вели во посланието до Солуњаните: „Браќа, стојте и држете ги преданијата, што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание“ (2. Сол. 2, 15). Преданието е канализирано во Црквата преку збор или преку Писмото. Овде нема однос на надреденост или подреденост. Кажаниот збор и Писмото поседуваат поврзаност и согласност, меѓусебно исполнување и потврдување. Како што вели св. Василиј: „и обете имаат еднаква сила за побожноста“. И св. Јован Златоуст додава: „тие не ги пренесоа сите нешта преку посланија; многу работи беа пренесени без пишување. На сличен начин, и овие две и обете се веродостојни. Предание ли е? Тогаш не се распрашувај повеќе“.

Во Западното Христијанство, разликата помеѓу Светото писмо и Преданието беше посилно изразена. Така што тие дури се сметани како „два извора на Откровението“ (Рим) или поинаку, Преданието е комплетно отфрлено така што се создаде концептот на sola scriptura (Реформацијата). Всушност, нема разлика помеѓу Рим и Реформацијата во овој поглед. И во двата случаи разликата помеѓу Светото писмо и Преданието е нагласена. Рим ги гледа Светото писмо и Преданието како два извора на верата, додека пак Реформаторите се одлучија само за Светото писмо. Во двата случаи мислењето дека Светото писмо и Преданието се две различни нешта е претпоставка.

Против оваа гледна точка, која на крајот ја сведува духовната врска помеѓу Светото писмо и Преданието на една легална (на еднаквост или супериорност), Истокот го поставува своето разбирање за нештата, кое е базирано врз началото, дека Светото писмо и Преданието сопостојат во Црквата. Црквата, раководена од Светиот Дух, го разбира Светото писмо           (составено под вдахновение на Светиот Дух) во светлината на Преданието        (исто така дело на Светиот Дух).

 

Црква, Свето Писмо и Предание

 

Со други зборови, Преданието е Свето писмо протолкувано од Црквата. И токму како што Црквата го разбира Светото писмо во светлоста на Преданието, така, на сличен начин, го разбира Преданието во светлоста на Светото писмо. Преданието е исполнето од Светото писмо; токму затоа нејзината теологија, теологијата на Отците и Соборите, не е ништо друго, туку библиска теологија.

Светото писмо и Преданието се разбираат меѓусебно и постојат заедно. Обете се соединети непоколебливо со Црквата. Светото писмо е родено во Црквата и за Црквата, и Преданието уште од почетокот го носи печатот на Црквата. Во Црквата, Светото писмо и Преданието се појавија и се содржат. На овој начин Светото писмо, Преданието и Црквата се меѓусебно поврзани преку внатрешна врска, хармонично сопостоење, меѓусебно дополнување и согласување. Светото писмо и Преданието како откровенско-харизматични           (благодатни) реалности се содржат во Црквата, којашто исто така е откровенско-харизматична реалност.

Оние кои ги разделуваат Светото писмо, Преданието и Црквата доаѓаат до погрешен заклучок дека или Светото писмо е супериорно над Црквата и Преданието, или дека Црквата е супериорна над Светото Писмо. Првото мислење се наоѓа помеѓу протестантските теолози, подоцна и во римокатоличката теологија. Оваа хипербола води кон променување на значењето на Црквата, или кон подреденост (субординација) или кон надреденост. Ставајќи ја Библијата врз или над Црквата и Преданието, ја уништуваме рамнотежата, ја уништуваме канонската поставеност, и го превземаме првиот чекор кон индивидуалистичката теологија надвор од Црквата. Од друга страна, пак, идејата дека Црквата е супериорна над Светото Писмо, води кон мислењето дека Црквата е способна да го изнесе секој догмат од неа самата. Само ако прифатиме дека Црквата, Преданието и Светото Писмо се, ниту делливи ниту помешани, бивајќи соединети без мешање, ќе бидеме способни да разбереме дека самата Црквата е таа која може да го најде вистинското значење на Светото Писмо, токму како што Самиот Син е Тој Којшто е способен да ги разбере зборовите на Отецот.

 

 

Григориј Низиски, in Canticum Canticorum, ed. H. Langerbeck, pp.384, 386 (PG 44, 1049BC, 1052A).

Зашто секој добар дар е одозгора, доаѓа од Тебе Отецот на светлината... (Божествена Литургија на св. Јован Златоуст).

М. Farantos, Orthodoxy and Contemporary Reality, Koinonia (1977), p. 32.

Ibid.

G. Florovsky, Sobornost: “The Catholicity of the Church” in the Church of God, an anglo-Russian Symposium, ed. E. L. Mascall (London 1934), pp. 64-5.

J. N. Karmiris, The Dogmatic and Symbolic Monuments of the Orthodox Catholic Church ii (Graz 1968), p. 835.

Ibid., p.1002.

Ibid., p.1003.

Ibid., p.1000.

Lambeth Occasional Reports 1931-8 (London 1948), pp.52-3.

De Spiritu Sancto, PG 32. 188Aff.

Hom. 4,2 in 2 Thess, ed. B. de Montfaucon, 11. 532 B.

C. Scouteris, Holy Scripture and Councils”, Sobornost 7:2 (1975), pp. 112-13. Види исто кај D. Staniloae, Holy Scripture in relation to the Church and Tradition, The living Logos A Spiritual Symposium on Holy Scripture (Athens 1970), p. 83.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 18:40
Одличен текст Чаир.
Само да потенцирам две работи од него:

1. Нашата вера, браќа, не е ниту од човек ниту преку човек, туку преку откровението на Исус Христос, која светите апостоли ја проповедаа, свештените Вселенски Собори ја потврдија, најголемите и мудри доктори (учители) на вселената ја пренесоа преку нивното учење, и светите маченици ја потврдија со нивната крв. Ја чуваме чиста верοисповедта која ја имаме примено.

2. Се согласуваме дека под Свето Предание ги подразбираме, вистините кои слегоа од нашиот Господ и апостолите преку Отците, кои беа исповедани едногласно и континуирано во целата Црква, и се предадени под раководство на Светиот Дух.
Сè што е неопходно за спасение може да се најде во Светото писмо како комплетирано, објаснето, протолкувано, и разбрано во Светото предание, под раководство на Светиот Дух Кој пребива во Црквата.
Се согласуваме дека, ништо од она што се содржи во Преданието, не е во спротивност со Светото писмо. Иако овие две може да бидат логички дефинирани и истакнати, сепак не можат да бидат одвоени едно од друго, ниту пак од Црквата.
Do what is right, come what may...
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 20:51
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Одличен текст Чаир.
Само да потенцирам две работи од него:

1. Нашата вера, браќа, не е ниту од човек ниту преку човек, туку преку откровението на Исус Христос, која светите апостоли ја проповедаа, свештените Вселенски Собори ја потврдија, најголемите и мудри доктори (учители) на вселената ја пренесоа преку нивното учење, и светите маченици ја потврдија со нивната крв. Ја чуваме чиста верοисповедта која ја имаме примено.

2. Се согласуваме дека под Свето Предание ги подразбираме, вистините кои слегоа од нашиот Господ и апостолите преку Отците, кои беа исповедани едногласно и континуирано во целата Црква, и се предадени под раководство на Светиот Дух.
Сè што е неопходно за спасение може да се најде во Светото писмо како комплетирано, објаснето, протолкувано, и разбрано во Светото предание, под раководство на Светиот Дух Кој пребива во Црквата.
Се согласуваме дека, ништо од она што се содржи во Преданието, не е во спротивност со Светото писмо. Иако овие две може да бидат логички дефинирани и истакнати, сепак не можат да бидат одвоени едно од друго, ниту пак од Црквата.


алилуја некој да прочита цел пост браво
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 22:25
Originally posted by zidarski zidarski напиша:


Се согласуваме дека, ништо од она што се содржи во Преданието, не е во спротивност со Светото писмо.
 
Напротив, голем дел од православното предание е во дијаметрална спротивност со Светото Писмо.
Ќе наведам само неколку работи:
 
1. Во православното предание се вели дека Марија е највоздигната меѓу луѓето, додека во Светото Писмо се вели дека Јован Крстител е највоздигнатиот.
 
2. Во православното предание се прогласени за "светци" оние кои рушеле нехристијански храмови, а во Светото Писмо се повикува на љубов и мир кон нашите непријатели.
 
3. Во православното предание се повикува на молење кон покојни верници (светци), додека во Светото Писмо ниту една библиска личност не се помолила на некој покоен верник, туки сите се молеле на Бог.
 
4. Во православното предание се вели дека страдалникот Јов, откако Бог му го вратил сето она што Сатаната му го одзема, поживеал уште 248 години.Додека во Светото Писмо пишува дека Јов поживеал уште 140 години.
 
5. Во православното предание се вели дека Марија воскреснала и се вознесла на Небото (слично како нашиот Господ). Додека пак апостолите ништо од тоа не спомнале во нивните евангелија и посланија. Замислете, тие детално го опишале воскресението на Лазар, го спомнале и воскреснувањето на Јаировата ќерка, но сепак тие ништо не пишале за воскреснувањето и спектакуларното вознесение на Марија.
 
6. Во православното предание се вели дека за некој да биде крстен, не е потребна вера, додека во Светото Писмо верата е главен предуслов за некој да биде крстен.
 
Итн... кога ќе имам време ќе ви направам малку поголема листа на спротивните учења меѓу православното предание и Светото и Боговдахновено Писмо. намигнување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
stevompc Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 275
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevompc Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 22:27
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Одличен текст Чаир.
Само да потенцирам две работи од него:

1. Нашата вера, браќа, не е ниту од човек ниту преку човек, туку преку откровението на Исус Христос, која светите апостоли ја проповедаа, свештените Вселенски Собори ја потврдија, најголемите и мудри доктори (учители) на вселената ја пренесоа преку нивното учење, и светите маченици ја потврдија со нивната крв. Ја чуваме чиста верοисповедта која ја имаме примено.


aj da ja dekonstruirame ovaa izjava, da ne recam laga.

1. vasata vera ne e od covek, megjutoa vie na Bozjata kniga ne sakate da se povikuvate, tuku na coveckite zborovi, tradicii, obicai, na lugjeto im slavite slavi i im se molite. znaci od covek e, a ne od Bog.

2. svetite apostoli ne ja propovedaa vasata vera, bidejki recisi nisto od pravoslavniot zivot nema da procitate kaj niv.

3. soborite se samite kontradiktorni so sebe, i so Svetoto pismo, znaci nisto ne potvrdile tuku naprotiv napravile zbrka.

4. mudri doktori ja prenele preku svoeto ucenje. peki, i skientolozite se sve doktor do doktor.

5. macenicite se poveke produkt na vaseto upravuvanje so drzavite, otkolku pak potvrda na vasata vera. poznato e deka pravoslavnata i katolickata crkva sozdavale macenici, a ne proizveduvale. taka da ne znam cija toa krv ja potvrdila vasata vera?
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bo&#382;e ne znam &#353;ta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 01:48
Originally posted by stevompc stevompc напиша:

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Одличен текст Чаир.
Само да потенцирам две работи од него:

1. Нашата вера, браќа, не е ниту од човек ниту преку човек, туку преку откровението на Исус Христос, која светите апостоли ја проповедаа, свештените Вселенски Собори ја потврдија, најголемите и мудри доктори (учители) на вселената ја пренесоа преку нивното учење, и светите маченици ја потврдија со нивната крв. Ја чуваме чиста верοисповедта која ја имаме примено.


aj da ja dekonstruirame ovaa izjava, da ne recam laga.

1. vasata vera ne e od covek, megjutoa vie na Bozjata kniga ne sakate da se povikuvate, tuku na coveckite zborovi, tradicii, obicai, na lugjeto im slavite slavi i im se molite. znaci od covek e, a ne od Bog.

2. svetite apostoli ne ja propovedaa vasata vera, bidejki recisi nisto od pravoslavniot zivot nema da procitate kaj niv.

3. soborite se samite kontradiktorni so sebe, i so Svetoto pismo, znaci nisto ne potvrdile tuku naprotiv napravile zbrka.

4. mudri doktori ja prenele preku svoeto ucenje. peki, i skientolozite se sve doktor do doktor.

5. macenicite se poveke produkt na vaseto upravuvanje so drzavite, otkolku pak potvrda na vasata vera. poznato e deka pravoslavnata i katolickata crkva sozdavale macenici, a ne proizveduvale. taka da ne znam cija toa krv ja potvrdila vasata vera?



stevo - da te prasam :

Sto Padnalo od Bog na zemjata - a ne e od covek?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 02:14
Евангелосе - Богородица е највозвишена на небото. Тоа по никаков начин не е во конфликт со тоа што Јован е најголем меѓу живите. Ја водевме оваа дискусија. Имаме различно разбирање - но тоа не значи дека твоето е исправно.
За останатите работи - ако нешто не е спомнато во Библијата, не значи дека е погрешно. Не ја разбирам таа твоја логика.


Originally posted by stevompc stevompc напиша:

aj da ja dekonstruirame ovaa izjava, da ne recam laga.

Првин научи се да имаш респект кон соговорниците и кон нивното мислење, тоа е основна човечка одлика, не само Христијанска.

Цитирај
1. vasata vera ne e od covek, megjutoa vie na Bozjata kniga ne sakate da se povikuvate, tuku na coveckite zborovi, tradicii, obicai, na lugjeto im slavite slavi i im se molite. znaci od covek e, a ne od Bog.

Не е точно - секогаш прво се повикуваме на Божјата Книга, а потоа на Преданието кое е Боговдахновено, односно пак од Бога.
Чествувањето на Светците нема никаква врска со горната изјава, тоа се прави од почит.

Цитирај
2. svetite apostoli ne ja propovedaa vasata vera, bidejki recisi nisto od pravoslavniot zivot nema da procitate kaj niv.

Напротив - православието го следи нивниот пример и тоа што ни го оставиле во наследство.

Цитирај
3. soborite se samite kontradiktorni so sebe, i so Svetoto pismo, znaci nisto ne potvrdile tuku naprotiv napravile zbrka.

Тоа е твое толкување, кое не знам на што го базираш. Тоа што некој може да има различно гледање и разбирање на Светото Писмо не значи дека е погрешно.

Цитирај
4. mudri doktori ja prenele preku svoeto ucenje. peki, i skientolozite se sve doktor do doktor.

?!?!?!

Цитирај
5. macenicite se poveke produkt na vaseto upravuvanje so drzavite, otkolku pak potvrda na vasata vera. poznato e deka pravoslavnata i katolickata crkva sozdavale macenici, a ne proizveduvale. taka da ne znam cija toa krv ja potvrdila vasata vera?

Крвта на сите оние кои умреле заради Христа и заради Вербата во Него. Има илјадници...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 02:20
Originally posted by stevompc stevompc напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by stevompc stevompc напиша:




jas tebe pak te prasuvam, kade ti vide vo tie citati podrska za tvoite stavovi? mislam od ignatij i polikarp. ti niv gi smetas za pravoslavni?

smesno.


св.Игнатиј и Поликарп јасно кажале дека треба да се придржуваме до Преданието, а со оглед на тоа што тие биле директни ученици на Апостолите, а вие не го следите тоа што тие ученици го кажале, испаѓа дека немате никаква изворност!!!

Затоа, те молам, гради конструктивна дискусија и не тропај!


jas gledam deka vie pravoslavnite treba da se vratite da naucite uste ednas makedonski jazik i lingvistika malce da sovladate.

nikade vo tie citati ne se spomnuva predanieto vo onaa smisla vo koja ti sakas da ni go pretstavis. sto znaci predanie? znaci: predadeno, preneseno.

so drugi zborovi, tie kazale deka treba da se drzat do evangelieto sto im go prenele apostolite. nikakvi tuka tajni tolkuvanja, dosepnuvanja, i cuda nema.

koga ke najdes takov citat, poveli fali se.

do togas ne se brukaj.


Ај ти се молам не продавај филозофии каде сакаш да кажеш дека ти подобро знаеш да протолкуваш што сакале да кажат учениците на апостолите, отколку учениците на апостоловите ученици! Или сакаш ти да се посрамиш откако ќе ти ги пастирам во целост нивните текстови и нивните житија???

Изменето од Maran Ata - 16.Октомври.2008 во 02:22
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
stevompc Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 275
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevompc Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 10:40
ne se toa filozofii maran ata, toa se zborovite koi ti gi izvitoperuvas za da dokazes nesto sto nikoj so zdrav pamet ne moze da dokaze.

p.s. te molam ne mi se zakanuvaj so zitija. zakani mi se ednas so Bozjiot zbor, te molam!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 11:32
Jas ne se zakanuvam - samo sum realna, za razlika od tebe.
Tropas i kraj ti nema. Sakas da ne ubedis deka ti podobro znaes od nas, pravoslavnite, i onie veroispovedi koi gi pocituvaat Svetite Otci (rimo-katolicite), koi se tie i sto sakale da kazat i deka ucenicite na tie apostolovi ucenici ne znaele da objasnat sto bile nauceni od nivnite uciteli. Ti se molam, barem ednas vo tvojot forumski zivot, bidi malku realen i ne izmisluvaj (ete kako se otcepuvaat grancinjata od vistinskoto steblo so koren-filozofii od pamet).

I oti se uplasi tolku koga go spomnav zitieto? Da ne ti e strav sto so toa ke se dokaze deka toa sto go velis ne e tocno???

Изменето од Maran Ata - 16.Октомври.2008 во 11:33
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
stevompc Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 275
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevompc Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 12:59
go spomna polikarp, eve ke ti citiram nesto od nego, od poslanieto koe toj im go upatuva do hristijanite vo Filipi. znaci nikakvi lazni zitija, izmisleni biografii, iskriveni prevodi i tolkuvanja. zborot polikarpov pred nas:

"Veruvam deka ste dobro upateni vo Svetoto Pismo, i deka nisto ne e sokrieno od vas"

nikakvi predanija, tajni usni tolkuvanja, sokrieni teologii ikoni i mosti.

Svetoto Pismo koe otkriva se.

e aj sea?

vidis, ne ste vie pravoslavnite tie sto treba da ni tolkuvate sto mislele i kako mislele tie sto bile vekovi i vekovi pred vas. bidejki jasno e deka sekogas koga vie tolkuvate, toa go pravite so zadni nameri, drsko izoblicuvajki i biblii i zitija i sto se ne, za da si gi zadrzite svoite crkovni funkcii.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.