|
Што не’ учи библијата? |
Внеси реплика | страница <1 45678 13> |
Автор | ||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Тоа го велиш ти. Други велат поинаку (читај во претходните постови)! И кого да го верувам? Тоа што го тврдиш ти (но и другите), никаде во библијата не го пишува. Останува секој да си толкува како што сака или да им верува во „стручното“ толкување на одредени „отци“!
Ај сега читај ги твоите контрадикторности: прво велиш бог го создал Луцифер (кој нели е зло) ... Знаеме дека ѓаволот се одметнал од Бога откако Бог го створил небото а потоа велиш ... Злото не е создадено од Бога, ... И оди сега разбери.
Само негираш и напаѓаш, а не даваш конкретен одговор. Во ред, еве прифаќам дека бог во првиот ден прво создава светлина која не е Сонцето. Нека таа светлина биде се што вие мислите дека е или дека треба да биде. Еве прифаќам и дека бог во четвртиот ден ги создал Сонцето, Месечината и ѕвездите. Но, дали некој од вас ќе го потврди фактот дека навистина Земјата е создадена пред Сонцето и ѕвездите, како што се вели во библијата?
Каков верник си ти? Сигурен сум дека Исус би се срамел од тебе! Наместо како вистински христијанин „да го вратиш изгубеното јагне“ ти што правиш? Дали воопшто знаеш поради кого ти ја имаш прифатено христијанската вера? Знаеш ли дека ако не бил апостол Павле (кој прв започнал да го шири христијанството на овие простори), којзнае што ќе си бил/а (мислам по вероисповест)? А дали знаеш како се викал и што бил тој (Павле) пред да стане еден од Христовите ученици? Ако тој не бил со „помрачен ум“, тогаш незнам кој друг. Но, и покрај тоа, што направил Исус со/од него? Затоа ти препорачувам, кротко со изјавите. Биди прав, вистински христијанин. На темава повеќе пати се спомна зборот јом. Некој вели дека тоа е 1 ден некој 1 година, некој 1000 години... Прифаќам и тоа. Нека биде толкаво време колкаво вие сакате да биде. Еве од мене нека еден јом биде 1 милијарда години. Повторно, по незнам кој пат веќе, ќе речам. Уште една „општа изјава“ која може различно да се толкува. (btw. ова ми личи на нашиве закони, можат да се толкуваат овака или онака, зависи од кого, но и за кого) и која доведува до забуна и до раздвојување на луѓето, што нормално доведува до создавање разни верски групи. Значи, самото времетрање на тој јом во случајов и не е толку биетно. Битно за оваа дискусија ми беше распоредот на создавањата кој бил во тие јом-ови, а кои малку погоре веќе ги спомнав. Но, во толкувањето на времетраењето на јом-от, една друга работа ме копка. Начелно еве да се согласиме дека тој јом е голем временски период. Ајде да речеме 1000 години. Може?! Значи на бог му требале 6000 години се да создаде. И уште 1000 години (седмиот ден) тој си се одморал. Така? Значи тоа се вкупно 7000 години. Е сега, во некој друга тема некој спомна некаква цифра на поминати години од Адам, преку Аврам, Мојсеј до Исус. Ќе ми каже некој колку години биле тоа? И дали деновите во тие години исто така биле сметани како јом-ови од 1000 години? Или се сметале како овие денешниве? Но, кога дошло до таква промена? Кога јом-от повеќе не бил јом (од 1000 години)? Јас во библијата немам најдено таков податок. Доколку некој знае, молам нека ми каже. |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Стево - не ми се навлегува во непотребни демагогии во секоја тема.
Златник... Времето поминато меѓу Адам, Аврам, па до Мојсеј и понатаму е изразено во години и се користи токму тој термин, нема двосмисленост таму. Правиш една грешка, велиш: И дали деновите во тие години исто така биле сметани како јом-ови од 1000 години? Или се сметале како овие денешниве? Кога е употребен зборот Ден, тоа значи ден, исто што и за мене и за тебе. Кога се употребува зборот Јом, тоа значи период. Соодветно, не може да се каже дека годината се состоела од "365 илјада годишни јомови", туку означува година, онаква каква што денес знаеме. Проблемот е во преводот - тоа што Јом се преведува како Ден (кое што истотака може да значи). Факт е дека различни деноминации, различно го толкуваат ова. Некои велат дека е светот создаден буквално за 7 дена, други велат дека е создаден во 7 етапи. |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Вечерва сакав да запошнам друга тема за дискусија, но гледам дека саатов оди кон 23, а и женчево ме вика, пааа ... Останете ми во добро до утре!
|
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ми текнува една споредба од книгите на Јеховини сведоци(иако воопшто не се согласувам со нивното учење):крадецот не бил роден како крадец, така и Сатана не била создадена од Бога како ѓавол. Изменето од Majkl - 14.Октомври.2008 во 23:01 |
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Toa e лесно да се протолкува - Слободна Воља.
|
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
Hasan ibn al sabah
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 94 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
biblija ne uci deka isa bil bozji pratenik
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Библија не учи дека Исус е Божји Син.
|
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
Hasan ibn al sabah
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 94 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Vo tevratot i indzilot pisuva deka isa e bozji pratenik
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Темава гласи "Што не учи Библијата", а не "Што не учи Тевратот, Инџилот."
Во Библијата пишува дека Исус е Божји Син.
|
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Хасане, темата е отворена за друго прашање,затоа ќе те замолам да не ја узурпираш со вакви коментари.Ајде алтан.
|
||||
Hasan ibn al sabah
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 94 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
dobro de ne sum znael izvini
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Прашај го Евангелос: Што вели Најсветото Писмо, Кој е ЖИВОТОТ? Шалом! |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мислам дека нема потрба да ми ги извртуваш зборовите и дека треба малку повеќе да се обрне внимание на македонскиот јазик. Многу јасно во мојот претходен коментар кажувам дека БОГ НЕ ГО СТВОРИЛ ЗЛОТО, дека ѓаволот самиот, како битие со СЛОБОДНА ВОЛЈА, поради својата гордост избрал да биде далеку од Бога, односно станал зол, а злото е ОТСУСТВО НА БОЖЈАТА ДОБРИНА И МИЛОСТ. Еве ти со попрост пример. Кога Ајнштајн сеуште бил во училишните клупи, неговиот учител атеист сакал да докаже дека Бог не е добар и дека не постои, па почнал да оправа филозофии дека штом ѓаволот е лош, а бил создаден од Бога, значи дека Бог креираа лоши работи и дека следствено на тоа и Бог е лош. Сите студенти молчеле незнаејќи што да одговорат на тоа, та професорот задоволно си седнал на својот стол. Но, тогаш се јавил Ајнштјан (нам, а и на целиот свет, добро познат) и му рекол дека тоа што го зборувал и објаснувал не е точно. Кога Ајнштајн бил запрашан зошто така мисли, одговорил - (парафразирам) Тоа е многу просто. Дали постои темнина? - Не, не постои. Темнината е едноставно отсуство на светлината, затоа ако се пушти во темна просторија сончев зрак преку прозорецот, темнината ослабува и се губи. Дали постои студ? - Не, не постои. Студот е едноставно отсуство на топлина, меѓутоа кога ќе почне да се загрева една просторија, студот се губи. Така е и со Бог. Тој не го створил злото, бидејќи е добар. Злото е самото Негово отсуство. Сето зло кое што се случува во светот е отсуство на љубовта Божја во срцата на луѓето. Секоја вероисповед различно си ја толкува Библијата, во тоа е целиот проблем. Токму таа твоја забелешка докажува дека во неа се кријат длабоки тајни кои им се дадени да ги разберат само на оние кои си го очистиле срцето и се вратиле во онаа прва природа на луѓето која на почеток Бог им ја даде на Адам и Ева. Не секој може да ја разбере нејзината смисла, затоа Православните верници се водат според толкувањата на Светите Отци, а не на некој пастор или раскажувач, бидејќи тие се оние кои станале богови по благодат. А што се однсеува до замерките од каде треба да цитирам, со оглед на тоа што Символот на верата го исповеда учењето кое произлегува од Библијата, јас не гледам проблем да цитирам од него. А мислим дека и тој што има замерка, ако не се лажам, го исповедува истиот Символ. И за крај, би ве замолила сите, во иднина да не ми ги извртувате зборовите и ако имате проблем со граматичката конструкција на некоја реченица, прочепкајте по книгите за македонскиот јазик или прашајте ме што сум мислела со тоа што сум го напишала. И бај д веј, читајте во целост што кажувам, а не само дел, па потоа да се ваѓа од контекст, затоа што тоа навистина ми пречи. Се надевам дека ќе ми помогнете околу тоа... да не се искажувам по 2 пати. п.с. Сега и јас чекам одговор од тебе - дали несовршено нешто може да створи нешто совршено? Изменето од Maran Ata - 15.Октомври.2008 во 01:09 |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
И уште нешто - последното цитирање се однесува на мене или на Госпел? Гледам дека си ставил моја реченица, а си напишал дека го цитираш Госпел.
|
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
Внеси реплика | страница <1 45678 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |