IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 68>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 02:25

Светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт     02/10/2008

Во времето на царот Пров, во 3 век, кога над Антиохија началствуваше некој Атик, дојдоа во Антиохија двајца христијани, Трофим и Саватиј, обајцата угледни и чесни граѓани. Но се случи токму во тоа време скверното празнување и жртвопринесување на Аполон во Дафна кај Антиохија. Атик особено се грижеше сите граѓани да земат учество во тоа празнување. Па бидејќи некои ги видоа Трофим и Саватиј, му јавија на Атик дека овие туѓинци не земаат учество во нивниот празник. Атик ги зеде на суд, па бидејќи не се одрекоа од Христа, еден по еден ги подложи на маки. Откако ги изби и го намачи Трофим, го испрати во Фригија кај некој Дионисиј, уште полут мачител на христијаните, а самиот го изведе од затворот Саватиј и почна да го суди. Кога мачителот го запраша Саватиј кој е и каков чин има, тој му одговори: „Мојот чин и моето достоинство, и татковина, и слава, и богатство мое е Христос, Синот Божји, секогаш жив, врз Чија Промисла вселената стои и се управува.“ За ова го биеја и го растргнуваа, го стружеа со железо, додека не му излегоа коските од под месото. Во тие маки и заврши. А Трофим мачителот Дионисиј го удри на големи маки и го држеше во затвор за уште поголеми. Тогаш кај Трофим во затворот дојде и му служеше некој сенатор Доримедонт, потаен христијанин. Кога дозна за ова, мачителот почна да ги мачи двајцата и најпосле ги фрли пред ѕверови. Но ѕверовите не ги ни допреа. Свети Доримедонт намерно ја дразнеше мечката влечејќи ја за уши за да го растргне, но при сето тоа мечката му се умилкуваше. На крајот мачителот нареди и Светите Трофим и Доримедонт ги убија со меч. Душите на овие маченици царуваат на небесата.

Светиот маченик Зосим Пустиник     02/10/2008

Еден киликиски кнез Дометијан одеше на лов во планините заедно со неговите слуги. Во планината виде еден стар човек опкружен со ѕверови, кротки како јагниња. Кога го праша кој е и што е, старецот одговори дека името му е Зосим, дека е христијанин и дека одамна живее со ѕверовите, коишто се подобри од мачителите на христијаните по градовите. Тоа го навреди Дометијан, којшто и самиот беше лут мачител на христијаните, па зеде и го окова Зосим и го испрати пред себеси во Назарет, каде што сакаше посебно да го мачи, за да ги заплаши оние што веруваат во Христа. И кога сиот го направи рани и го раскрвави од удари, му врза на вратот камен и го подигна на едно дрво. Па му се подбиваше кнезот: „Заповедај да дојде еден ѕвер, па и ние сите да поверуваме!“ Светиот маченик Му се помоли на Бога и навистина се појави еден огромен лав, којшто му пријде на Зосим и ја положи главата своја под каменот за да му олесни на маченикот. Во голем страв кнезот го одврза Зосима, но овој набрзо го предаде својот дух во рацете на својот Господ.

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 09:10
Светиот великомаченик Евстатиј Плакида 03/10/2008

Голем римски војсководец од времето на царевите Тит и Трајан. Иако незнабожец Плакида (тоа е неговото незнабожечко име) беше човек праведен и милостив, сличен на капетанот Корнилиј, когошто го крсти апостолот Петар (Дела 10). Еднаш одејќи во лов тој подгони еден елен. По Божја Промисла меѓу роговите на еленот се јави светол крст и дојде глас Господов до Плакида, којшто го упати да отиде кај христинјанскиот свештеник и да се крсти. Се крсти Плакида и неговата жена и нивните двајца синови. На Крштението тој го доби името Евстатиј, жена му - Теопистија, што значи боговерна, а нивните синови - Агапиј и Теопист. По Крштението Евстатиј отиде на истото она место каде што преку еленот му се беше јавило откровението и клекна да Му се заблагодари на Бога што го приведе кон познанието на Вистината. Во тој миг повторно му се јави глас Господов и му предрече страдање за Неговото име и го укрепи. Тогаш Евстатиј тајно го напушти Рим заедно со своето семејство со намера да се повлече меѓу простиот народ и оттаму во тајност да Му послужи на Бога. Кога пристигна во Египет веднаш навалија на него искушенија. Некој зол варварин му ја грабна жената, а обајцата синови му ги фатија ѕверовите и ги однесоа. Но набрзо варваринот загина, а децата му ги спасија од ѕверовите овчари. Евстатиј се насели во египетското село Вадисис и како селски наемник поживеа таму петнаесет години. Потоа нападнаа на римското царство варварите и цар Трајан жалеше што го нема храбриот војвода Плакида, којшто секогаш кога војуваше му носеше победа. И испрати царот двајца од своите офицери да го бараат големиот војвода низ целото царство. По Божја Промисла тие офицери, некогашни другари на Евстатиј, дојдоа во селото Вадисис, го најдоа Евстатиј и го одведоа пред царот. Евстатиј собра војска и ги победи варварите. На патот назад кон Рим ја пронајде жена си и двајцата синови. Кога стигна во Рим, царот Трајан беше умрел, а на престолот беше Адријан. Кога царот Адријан го повика војводата Евстатиј за заедно да им принесат жртви на идолите, Евстатиј му кажа дека тој е христијанин. Царот го фрли на маки заедно со жената и со синовите. Но бидејќи ѕверовите не им наштетија нималку, ги фрлија во усвитен метален вол. Третиот ден ги извадија нивните тела мртви, но неповредени. Така овој славен војвода го даде и царевото на царот и Божјото на Бога и се пресели во вечното царство на Господ.

Светиот кнез Михаил и Теодор бојаринот

Черниговскиот кнез Михаил отиде во татарската орда со својот бојарин Теодор на повик од царот Бати. Но бидејќи не сакаа според татарскиот обичај да поминат низ оган и да им се поклонат на идолите при влезот кај царот, ги убија со меч, во 1244 година. Нивните мошти сведочат за нивната маченичка смрт за Господ Христос и почиваат во Архангелскиот храм во Москва.

Преподобниот маченик Иларион

Светогорски монах. Драговолно пострада за Христовата вера од Турците во Цариград, на 20 септември, во 1804 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во црквата на Преображение на островот Прот.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 22:24

Светиот апостол Кодрат

Еден од Седумдесеттемина. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп најнапред во Атина после Св. Публиј, а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а Светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги низложи скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва. Но темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабожците го замразија Свети Кодрат, та по ова го фрлија во затвор и не му даваа леб сѐ додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос. Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130 година. Погребан е во Магнезија, градот во којшто го заврши животот маченички.

Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Ефески
и Андреј презвитер

Двајцата се другари од детството, родум од Ликија. Кога пораснаа, двајцата сесрдно се предадоа на служба на Бога, и тоа Ипатиј како строг монах и подвижник, а Андреј како клирик во народот и проповедник на словото Божјо. Заради големите добродетели Ипатиј беше поставен за епископ во Ефес, а Андреј за презвитер. Обајцата пострадаа во времето на иконоборечкиот цар Лав Исавријан. После тешки маки претрпени за Православието, обајцата беа обезглавени во 730 година и преминаа во Небесното Царство.

Свети Димитриј, епископ Ростовски

Се празнува на 28 октомври, а на 21 септември се споменува откривањето на неговите чудотворни мошти во 1852 година.

Собор на Киево-Печерските светители

Благословеното дело на подвижништвото, кое започнува со трудољубивиот голем Божји подвижник Антониј, преизрасна низ вековите во многуплодна маслинка. Многубројните светители, коишто во овие пештери на Антониј заблескаа како ѕвезди, се празнуваат лично секој во посебен ден. Под денешниот датум пак, се споменуваат сите соборно и се повикуваат на помош на верните.

 

 

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2008 во 13:43
Собор на сите македонски Светители 05/10/2008

Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата.

     

Светиот свештеномаченик Фока, епископ Синопски     05/10/2008

Од младоста се подвизуваше во сите христијански добродетели. Како епископ во местото на своето раѓање, во градот Синопа на брегот на Црното Море, со пример и со Божествени зборови ги утврди правоверните во верата, а мнозина идолопоклоници ги обрати во вистинитата вера. Закоравените незнабожци се исполнија со гнев кон Свети Фока. Господ му укажа на Фока за неговото маченичко кончание преку едно видение. Имено, тој виде светол гулаб како слетува од небото носејќи во клунот прекрасен венец од цвеќиња и како го спушта врз неговата глава. И чу Фока глас од гулабот: „Твојата чаша се наполни и треба да ја испиеш.“ Од тоа видение Божјиот угодник дозна дека наскоро треба да пострада за Христа. И не се уплаши, туку со благодарност кон Бога се подготвуваше за мачеништвото. Наскоро по ова некој кнез Африкан го подложи Фока на маки, му го испретепа и му го изнарани телото, го остави во затвор, а потоа го фрли во зовриена вода, во којашто храбриот Христов маченик го заврши земниот живот и се пресели во радоста на својот Господ. Пострада во времето на царот Трајан.



Светиот пророк Јона     05/10/2008

Живееше повеќе од 800 години пред Христа. Во неговото житие се вели дека тој бил синот на онаа вдовица во Сарепта Сидонска на којашто пророкот Илија ѝ го воскресна синот од мртвите. Со своето тридневно пребивање во утробата на китот Св. Јона е предобраз на тридневното пребивање на Христос во гробот, а со неговото спасение - го изобрази Воскресението на Господ од мртвите. Другото запишано за овој прекрасен пророк треба да се прочита во Книгата на пророкот Јона (Стариот Завет).
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2008 во 13:23
Зачнувањето на Св. Јован Крстител     06/10/2008


Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и на Самсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Предвесник од бездетните Захарија и Елисавета. Преку Своите ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог, Којшто од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади. Наместо љубопитност да Му воздадеме пофалба на Бога, Којшто често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во коишто оковани ние, без вонредните Божји чуда би паднале во очајание и богозаборав.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 15:34
     

Светата првомаченичка Текла рамноапостолна     07/10/2008

Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабожци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се заветува да живее во девственост. Мајка ѝ, штом виде дека таа веќе ни не гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад. Најпосле ја предаде на судија и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли во огнот, но Бог ја зачува неповредена. Тогаш Текла тргна по Светиот апостол Павле и отиде со него во Антиохија. Привлечен од нејзината надворешна убавина еден градски старешина посака да ја земе кај себе со сила, но Текла се истргна од неговите раце. Тој старешина ја обвини кај кнезот дека е христијанка и дека се гнаси од брак. Кнезот ја осуди на смрт и ја фрли пред ѕверови, но ѕверовите не го ни допреа телото на Светата девица. Восхитен од ова, кнезот ја праша: „Која си ти и каква сила има во тебе што ништо не може да ти наштети?“ Текла му одговори: „Слугинка сум на живиот Бог.“ Тогаш кнезот ја пушти на слобода и таа почна да го проповеда Евангелието и мнозина успеа да ги обрати во вистинската вера. Меѓу овие беше и чесната, угледна девица Трифена. Потоа Текла, со благослов на Св. апостол Павле се оддалечи во едно пусто место близу Селевкија. Овде таа се подвизуваше долго и исцелувајќи болни со чудотворната благодат мнозина ги обраќаше кон христијанство. Лекарите и жреците во Селевкија се исполнија со завист, па испратија некои млади луѓе за да ја осквернат, надевајќи се дека таа, кога ќе ја изгуби девственоста, ќе ја изгуби и нејзината чудотворна моќ. Текла бегаше од оние дрски момчиња и кога виде дека ќе ја фатат, кога се најде пред една карпа се помоли на Бога, па карпата се отвори и ја сокри оваа Света девица и Христова невеста. И таа карпа ѝ беше скривалиште и гроб. За оваа чудесна светителка Св. Јован Златоуст вели: „Како да ја гледам оваа блажена дева како Му принесува на Господа со едната рака девственост, а со другата мачеништво.“
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 03:41
Преподобна Ефросинија     08/10/2008


Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, коишто со молитва ја беа испросиле од Бога. Како благочестиви луѓе, тие ја воспитаа во верата Христова. Не сакајќи да стапи во брак младата Ефросинија, за да се скрие од татко ѝ, се преоблече во машка облека и се пријави пред игуменот на еден машки манастир како евнух на царот Теодосиј, под името Измарагд. Игуменот го прими и му го предаде под раководство на духовникот Агипит. Со својот подвиг на пост и молитва Измарагд брзо ги надмина сите монаси во тој манастир. Кога наврши триесет и осум години во тешкиот подвиг, тој манастир го посети Пафнутиј и игуменот го упати кај Измарагд заради молитва и утеха. Измарагд го препозна Пафнутиј, но Пафнутиј не го позна Измарагд. Кога таткото ја исповеда својата тага по изгубената ќерка, Измарагд му рече да не губи надеж, бидејќи уште во овој живот ќе ја види неговата ќерка, а го замоли повторно да дојде кај него по три дена. Кога Пафнутиј дојде повторно, Измарагд лежеше на смртна постела. Тогаш му рече на Пафнутиј: „Јас сум Ефросинија, твојата ќерка, ти си ми татко!“ Таткото долго не можеше да си дојде на себе од страшното изненадување. Тогаш издивна блажената Ефросинија и татко ѝ ја оплакуваше над одарот. Откако ја погреба и самиот стапи во оној манастир и се всели во келијата на неговата упокоена и света ќерка. По десет години подвиг, се упокои во Господ и Свети Пафнутиј.




Преподобен Сергеј Радоњежски     08/10/2008


Голем подвижник и светлиник на Црквата во Русија. Се роди во 1313 година во Ростов, од побожните родители Кирил и Марија. По смртта на родителите Вартоломеј - така му беше името од Крштението - се замонаши и ја основа обителта на Света Троица во Радоњежските шуми. Овој тивок и кроток слуга Господов знаеше само за труд и молитва. Заради чистотата на неговото срце се удостои со дар на чудотворство, па со името Христово воскреснуваше мртви. Повеќепати му се јави Пресвета Богородица. Кај него доаѓаа кнезови и владици за совет. Тој го благослови кнезот Дмитриј Донски и му ја претскажа победата во војната за ослободување на Русија од Татарите. Гледаше во човечките срца и во настани на далечина. Неговата обител се наполни со монаси уште за време на неговиот живот и со векови и векови служеше како едно од најглавните притекнувалишта на духовниот живот и за сведоштво на Божјите чуда. Свети Сергеј се упокои во 1391 година. По смртта повеќепати им се јави на различни лица.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 15:13
Свети Јован Богослов, апостол и евангелист     09/10/2008


Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ тој потоа ѝ беше како син на Пресветата Дева и грижливо Ѝ служеше и Ја чуваше сѐ до Нејзиното успение. По успението на Пресвета Богородица Свети Јован отиде заедно со својот ученик Прохор да го проповеда Евангелието во Мала Азија. Најмногу се бавеше и дејствуваше во Ефес. Со својата вдахновена проповед и со своето чудотворство мнозина ги обрати во христијанството и од темел го расколеба незнабоштвото. Огорчени, незнабожците го врзаа и го пратија во Рим кај царот Дометијан. Пред царот беше мачен и биен, но бидејќи не му наштети ни најлутиот отров што му го дадоа да го испие, ни зовриеното масло во коешто го фрлија, царот се исплаши и сметајќи го за бесмртен го испрати на прогонство на островот Патмос. На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се престави кај Господ. Кога потоа учениците му го отворија гробот, не го најдоа неговото тело, но секоја година на 8 мај од гробот исходеше некој ситен прав, миризлив и лековит. По долгиот многутруден и многуплоден живот на земјата, овој возљубен ученик на Христос и столб на Црквата, се пресели во бесмртната и мирна радост на својот Господ.




Преподобен Нил Калабриски     09/10/2008


Голем подвижник меѓу Грците во Калабрија, основач на неколку манастири, чудотвроец и бранител на православната вера. Одеше долги патувања само за да го спаси еден човек од тешка казна. Имаше значи најтопла љубов кон ближните. Се упокои во 1005 година. Остави многубројни ученици, достојни на себе, меѓу кои особено се истакнува Свети Вартоломеј (+ 1044), писател на неколку канони.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 14:09
Светиот маченик Калистрат     10/10/2008

Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Пилат Понтиски во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така по време и Св. Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин. Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин освен него. Некои од неговите другари го видоа Свети Калистрат како станува ноќе и Му се моли на Бога, па го пријавија кај војводата Персентин како христијанин. А Персентин беше лут мачител на христијаните. За да се увери дали е Калистрат навистина христијанин, војводата му нареди да им принесе жртва на идолите, од што Клаистрат веднаш се откажа. Тогаш многу го биеја и го фрлија во морето. Но Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето. Гледајќи го трпењето на Клаистрат и неговите чуда, четириесет и девет војници поверуваа во Господ Исус Христос. И тие беа биени и фрлени во затвор заедно со Калистрат. Во затворот Св. Калистрат ги научи своите другари на верата и ги укрепи. И тие покажаа голема мажественост во страдањето, а Господ покажа голема сила на нив. Свирепиот мачител испрати војници во затворот ноќе и ги убија Св. Калистрат и неговите четириесет и девет другари. Пострадаа за вистината во 304 година. Врз нивните мошти подоцна е подигната црква.





Светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон     10/10/2008

Од Седумдесеттемина. Свети Марко поинаку е наречен Јован. Во куќата на неговата мајка Марија во Ерусалим Светите апостоли се собираа на молитва (Дела 12, 12). Тој го проповедаше Евангелието заедно со апостолите Павле и Варнава (Дела 12, 25). Потоа беше епископ во градот Вивлос. Свети Аристарх му беше сопатник на Св. апостол Павле (Дела 16, 29), беше епископ во Апамеја Сириска. Свети Зинон или Зина, наречен од апостолите законик (Тит 3, 13), беше епископ во Лид Палестински. Блескаа како ѕвезди во темнината на незнабоштвото и мнозина обратија во верата Христова. А сега блескаат во Царството на љубениот Христос.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 16:22
Светата маченичка Акилина

Од селото Закливери во Едренската епархија, осумнаесетгодишна девојка. Татко ѝ се потурчи, па ја присилуваше и нејзе. Но мајка ѝ ја поддржуваше во Христовата вера. После многу мачења, целата во крв и рани, издивна на рацете на својата мајка и прими венец на мачеништво на 27 септември 1764 година.

Свети Саватиј Соловецки

Се споменува со Свети Зосим на 17 април. Се упокои во Господ на 27 септември 1435 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 15:42
Преподобен Киријак Отшелник     12/10/2008


Роден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше презвитер, а месниот епископ Петар му беше роднина. Во раната младост епископот го постави за чтец на соборната црква. Читајќи го Светото Писмо младиот Киријак ѝ се восхитуваше на Божјата Промисла којашто ги прослави сите вистински слуги на живиот Бог и го устрои спасението на човечкиот род. Во неговата осумнаесетта година желбата за духовен живот го одведе во Ерусалим. Таму тој стапи во манастирот на некој Божји човек Евсторгиј, којшто му даде почетни упатства за монашки живот. Потоа отиде кај Св. Ефтимиј, кој го проѕре како иден духовен великан, го облече во схима и го прати на Јордан кај Св. Герасим, каде што Св. Киријак помина девет години. По смртта на Св. Герасим повторно се врати во манастирот на Св. Ефтимиј, во кој остана во безмолвие десет години. Потоа постојано го менуваше местото на подвигот, бегајќи од човечка слава. Се подвизуваше и во обителта на Св. Харитон, каде што најпосле и го заврши својот пат на земјата, а наврши сто и девет години. Прославениот подвижник и чудотворец Св. Киријак беше крупен и силен во телото и таков остана до длабока старост и покрај тешкиот пост и бдеењето. Во пустината понекогаш со години се хранеше само со сурово зелје. Ревнуваше многу за православната вера изобличувајќи ги ересите, особено Оригеновата ерес. За себе зборуваше дека како монах сонцето никогаш не го видело да јаде ниту да се гневи на некого. Според уставот на Св. Киријак монасите јадеа само еднаш дневно, и тоа после залезот на сонцето. Беше големо светило, столб на Православието, гордост на монасите, моќен исцелител на болните и благ утешител на тажните. Во полза на мнозина поживеа долго и се пресели во вечната радост на својот Господ во 557 година.






Свети Теофан Милостив     12/10/2008


Богат граѓанин од Газа. Беше толку милостив, што раздавајќи им го својот имот на ништите и самиот стана таков. Пред крајот на животот го нападна водена болест и во таа болест тој издивна. Но од неговото тело потече целебно миро, од коешто болните се исцелуваа.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 00:49
Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски     13/10/2008

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот к*рсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но кога царот дозна дека Григориј е христијанин, се налути многу и почна да го советува да се одрече од верата Христова и да им се поклони на идолите. Кога не успеа во тоа, Тиридат го подложи Григориј на маки и после многу измачување го фрли во една длабока јама исполнета со секакви отровни гадинки за така да го умре сосема. Но Бог го сочува жив Свети Григориј во таа јама полни четиринаесет години. Потоа Тиридат го продолжи гонењето на христијаните во своето царство и удри на еден женски манастир во којшто имаше триесет и седум сестри со игуманијата Гајанија. Откако ги уби сите во страшни маки, Тиридат полуде и беше како дива свиња. На царевата сестра пак, ѝ се јави во сон некој пресветол маж и ѝ рече дека нејзиниот полуден брат нема да оздрави додека Григориј не биде изваден од јамата. Кога го избавија, Свети Григориј го исцели и го крсти Тиридат. Потоа според желбата на Тиридат Григориј стана епископ на Ерменија и со помошта на царот, а најнапред со Божјата, ја просвети цела Ерменија и околните страни со верата Христова. Својот многутруден живот Свети Григориј го заврши на длабока старост, во 335 година. На неговото место беше посветен за епископ неговиот син Аростан, којшто го продолжи делото на татко му. Аростан беше еден од 318 отци на I Вселенски Собор.

Свети Михаил, прв митрополит Киевски     13/10/2008

На молба на великиот кнез Владимир беше испратен во Русија од цариградскиот патријарх за да го крштева незнабожечкиот народ и да ја утврдува и устројува Црквата. Св. Михаил го крсти народот во Киев, Новгород, Ростов и по многу други градови и села; ја устрои Црквата, постави епископи и презвитери, положи темел на Михаиловскиот манастир во Киев, испрати мисионери меѓу Бугарите и Татарите и мнозина од нив ги придоби за Христа. И тоа и многу друго корисно овој светител изврши за само четири години. Се упокои мирно во 992 година. Неговите мошти почиваат во Печерската лавра.


+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 04:08
Покровот на Пресвета Богородица     14/10/2008

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше Св. Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение Св. Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се ужаснувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нѐ потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.




Преподобен Роман Слаткопоец     14/10/2008

Родум од сирискиот град Емес. Служеше како еклисијарх најпрво во Бејрут, а потоа во соборната црква во Цариград, во времето на патријархот Ефтимиј (490 г. – 504 г.). Беше неписмен и невешт во пеењето, заради што некои клирици му се потсмеваа. Свети Роман плачејќи Ѝ се молеше на Пресвета Богородица и Таа му се јави во сон, му пружи некој голем свиок хартија и му рече да го проголта. Утредента осамна Божик и Роман излезе на амвонот и со ангелски глас испеа „Дјева днес...“ Сите беа восхитени од содржината на песната и од гласот на певецот. Откако го прими од Пресвета Богородица поетскиот дар, Роман испеа над илјада кондаци. Како ѓакон на големата црква се упокои во 510 година во Цариград и се пресели меѓу ангелските хорови.



Преподобен Јован Кукузел     14/10/2008

Словенин од Драч. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец. Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно. На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.





Изменето од Maran Ata - 14.Октомври.2008 во 04:10
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 04:12
Нашата најмила, преблагословена и славна владичица Богородица, секогаш да не заштитува со нејзиниот Покров, и молитвено да не застапува пред престолот на Нејзиниот Син!

Амин.

Изменето од Maran Ata - 14.Октомври.2008 во 04:12
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.