|
Што не’ учи библијата? |
Внеси реплика | страница 123 13> |
Автор | ||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Октомври.2008 во 12:41 |
|
Низ форумов гледам дека секој припадник на одделна христијанска теолошка заедница се повикува на библијата како основен „документ“ врз што се базира неговото учење. И секогаш токму тоа негово гледиште, тоа негово толкување на библијата е она вистинското, најправилното.
Токму затоа ја поставувам и оваа тема. Заедно и низ дискусија, да видиме и да проанализираме, што тоа не’ учи библијата. Но, пред да почнам би дал еден предлог. За да биде поконструктивна дискусијата, и да нема бескрајни „докажувања“ на сопствените видувања по однос на соодветна проблематика, т.е. нечие докажување да не се свати како „убедување“кон останатите, би предложил секој со по 2-3 поста да ги изнесе сопствените аргументи или да го искаже својот став, своето мислење за одредениот дел од библијата кој ќе биде разработуван. Замислата ми е секој да постави некој цитат (стих) од библијата кој кај него предизвикува неразбирање, сомнеж, контрадикторност, корисен совет, ... и да каже дали и зошто тој е добар или пак зошто не се согласува со тоа. Или што не е дообјаснето во него, што е тоа што е добро или лошо во истиот. За почеток би почнал, (од каде ако не), од почетокот. Секако ова не значи дека мораме да одиме по ред. Секој може да даде одреден стих од било кој дел на библијата (стар или нов завет) и по него да се дискутира. Во 1Мој 1:1 бог прво ги создал небото и земјата, а не пишува кога ја создал водата, бидејќи во 1 Мој 1:2 се вели „над водата се издигнал божјиот дух “. Дали тоа значи дека водата постоела и пред создавањето на небото и земјата? Ако е така, би требало тоа претходно да се напише. Можеби ова е само пропуст на пишувачот на оваа книга, Мојсеј! Што велите вие? Кој е вашиот коментар за ова? |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЉУБОВ!
|
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во 1Мој 1:1 под "Земјата", не се мисли само на земјината почва, туку на целокупната Земја, вклучувајќи ги и морињата, езерата и реките.
Зборот на земја што се користи таму е "ארץ" (еретс) и тој има повеќе значења и може да се однесува и на целата планета Земја. Во хребрејскиот јазик постои друг збор за земја (во смисла на почва, грст земја), тоа е зборот "אדמה" (адамах)
Дури и во нашиот македонски јазик зборот "земја" има повеќе значења: планетата Земја, грст земја, нашата земја Македонија итн.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
neo_wmaster
Сениор Angel of Death. Регистриран: 29.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 660 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде дајте ни стих каде пишува за диносаурусите и некои слични животни на нив.
|
||
I love Daphne Millbrook.
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи, се согласуваш дека бог прво (секако, заедно со небото) ја создал планетата Земја, која на почетокот била целосно покриена со води! Ме интересира каква била таа пуста, празна и темна „бездна во водите“(1 Мој. 1:2)? Но, во исто време ме чуди зошто на почетокот се вели во множина „води“? Нели била само една вода која целосно ја покривала површината на планетата Земја? Сеуште немало копно за да има други води: реки, езера, мориња...!
Ова неслучајно го велам. Во својот втор работен ден (1Мој. 1:6) бог направил свод со кој ги одделил водите. Кои води ги одделил за да од нив направи 2 води - води над сводот и води под сводот?(1 Мој. 1:7) И додека сме тука кај сводот, кој бог го нарекол небо (1 Мој. 1:8), нели небото е веќе создадено уште во првиот работен ден? (1 Мој. 1:1 )Зошто сега повторно вели дека создава небо? |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
bozjata ljubov i bozjata vistina
|
||
----------osana--------
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова прашање и мене често ми се наметнува....Дали постоеле пред Адам и Ева? Ако сепак се земе предвид дека кај Бог еден ден не е исто како и нашите поимања за деноноќие (во еден Псалм се вели дека кај Бог 1 ден=1000 години), можеби сепак постоеле пред Адама и Ева? Создавањето на светот за 6 дена можеби е различно од она што за нас претставуваат 6 дена...а можеби и не. Не се споменати во Библијата, навистина, но зар може пак се да биде споменато? Веројатно би биле под општо, вброени кај сите живиотни и ѕверови....Ако се земе предвид бројот на видовите и подвидовите во секој вид живи организми (растителни и животински), тогаш Библијата би наликувала на енциклопедија за ботаника и зоологија... Сепак би биле вброени под “општо“, т.е. кај сите видови животни и ѕверови... |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Spored Evangelos,
i toa vo: Еремија 51:34 Малахија 1:3 Псалм 73:13 Исаија 27:1 Јов 40:10-14 vo posledniot stih od Jov konkretno se zboruvalo za nekoe cudoviste kako dinosaorusite, no ne vo prevodot na MPC, bidejki tuka mesto cudoviste pisi Slon, a vo revidiraniot prevod Nilski konj. Hebrejskiot zbor za zmej bil TAN ili TANIN Mislam deka Evangelos koga ke dojde podobro ke ni objasni. |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
biblija ne ne uci nisto, no aj
mozebi da veruvame vo legendi |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога човекот престанува да се сомнева во БОЖЈЕТО СЛОВО и Најсветото Писмо на очевидците, тогаш му се отвара преку Милоста БОЖЈА една Духовна димензија која е поголема од времето и просторот. Во Тој БОЖЈИ ДУХ се одговорени сите прашања и душата суштенствено “знае“ која е аждајата (змејот, диносаурусот) што е исфрлена од небото и уништена поради нејзината животоНЕпријатна возвишеност. Тогаш душата исто “знае“ зошто баш од местото на падот и тргнуваат орканите и торнадата и која е задната цел на сите случувања! Тоа “знаење “ е дар на МИЛОСТА БОЖЈА а не заслуга на човековиот возвишен ум. Нека секој ја препознае МИЛОСТА БОЖЈА, го отвори срцето за неа и засекогаш да припаѓа на оние кои ќе ја наследат земјата. Бидејќи за агресивните змејови, (аждаји, диносауруси) нема место во Царствоо на МИРОТ туку за јагнињата и овците ГОСПОДОВИ! АМИН |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
БИБЛИЈАТА НИШТО НЕ НЕ УЧИ - НИЕ УЧИМЕ ОД НЕА... ОНА ШТО ГО САКАМЕ ... општо разбрано ...
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи, како што ме цитирала погоре милото Sunny, зборот диносаурс за прв пат е воведен во 1841 година, па оттаму тој не се среќава во ниту една книга напишана пред тоа, а најмалку пак во Библијата.
Во стиховите кои Sunny ги наведе, се среќаваат хебрејските зборови: тан, танин, таним и танот и сите овие најчесто се преведуваат како змеј, чудовишта, морските чудовишта, змејовите пустински, ѕверови итн. зависно од толкувањето на преведувачот.
Танин (или тамин) се страшни суштества, кои што живееле на оддалечени и напуштени места (Исаија 34:13; 35:37, Еремија 49:33, 51:37; Малахија 1:8), кои што тешко може да се убијат (Исаија 27:1; 51:9).
Во Јов 40 се спомнува едно интересно чудовиште...
"Ете чудовиштето, што сум го создал, како и тебе; тој јаде трева како вол; а силата негова е во бедрата негови, јачината негова е во бедрата негови, јачината негова - во мускулите е на стомакот негов. Ја размавтува опашката своја како кедар, а жилите на бедрата негови се како железни стапови; нозете негови изгледаат како бакарни труби; коските негови - како железни прачки; тоа е врвот на Божјите патишта: само Оној Кој го создал, може да го приближи мечот Свој до него;"
(Јов 40:10-15) Во македонските преводи чудовиштето погоре е преведено како "слон" или "нилски коњ". Долго време преведувачите не знаеле како да го преведат овој збор и затоа најчесто го оставале хебрејскит збор на тоа место "бехемот", затоа што не биле сигурно за какво чудовиште станува збор.
Но, релативно тенката и кратка опашка на слонот и нилскиот коњ вооптшо не наликува на кедрово дрво. Оттаму, јасно е дека ниту слонот, ниту нилскиот коњ не соодејствуваат на тоа чудовиште. Ниту едно животно што живее денес не се доближува до неговиот опис. Меѓутоа, чудовиштето многу наликува на брахиосаурусот, еден од најголемите диносаурси.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вечното СЛОВО БОЖЈЕ е Учителот, Тој е воспитачот кој единствено совршено Го разбирал, Го разбира и ќе Го разбира Писмото. Тоа е ГОСПОД – Тој е Вечниот ЖИВОТ преку кого е се – а кога се тогаш и диносаурусот – создаден/о. Тој е практична – од секој ум поголема – ЉУБОБ. Наместо безкрајно да дискутираме околу толкувањата на Писмото, последно време е сите заедно да се вплотиме во Него со Неговата искрена и несебична љубов. На крајот на краиштата тоа им го должиме на нашите и на сите други деца на светов! АМИН |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
amin
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Внеси реплика | страница 123 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |