|
Носталгија |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Носталгија е неконструктивна емоција. За Република Македонија немам ама ич носталгија.
|
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ti Makedonec si?
ne znam kolku dolgo si vo stranstvo, i ne znam kolku ceto si odis DOMA (Makedonija) No sepak, nostalgijata ne posto samo za drzavata Makedonija, nego mnogu, mnogu drugi raboti, koi tuka gi nemas...
i povtorno ke kazam: DA NOSTALGICNA sum, i neka e nekonstruktivna emocija, barem imam emocii
|
||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ме фаќа носталгија по друштвото мое, одредени луѓе и тоа е се. Не ме фаќа носталгија по бедата, по нервозите, по чуството за немир и неизвесност.Не ми недостигаат љубопитните и наметливи познаници кои оденадеж ми доаѓаат на врата, да пијат кафе, да ме замараат со своите проблеми и да ми го трошат времето безврска.
Не ми недостигаат дрските шалтерски работници и долгите редици на нивните шалтери. Се на се, ми недостасуваат само некои лични работи, навики. Искрено не ми се допаѓа менталитетот на луѓето во Македонија, и тешко ми беше да прифаќам норми на однесување и размислување во секојдневицата Изменето од GlenKlouz - 10.Октомври.2008 во 14:14 |
||
biljana.madrid
Сениор Прилепчанка Регистриран: 22.Ноември.2007 Локација: Spain Статус: Офлајн Поени: 358 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Eve isto kako mene... I jas isto taka.... ama si velime so mazot mi deka imam sreka sto e blisku i za 3 i pol saati makedonija sme... I nego mnogu mu se dopaga Mk i lugeto, ama mentalitetot... za nikade ni e... talibanci... I taka pred nekoj den se javuvam za informacija vo makedonija, i se razbrav so zenata na telefon so vreskanje i omalovazuvanje, oti napochetokot ne ja slusnav pa koga mi se razderi... takvi sme nie na koj salter i da pojdis samo ti se prideruvaat...Na aerodrom prasuvam kade e izlezot, pa koga mi se razderi toj chovekot, mi vika ¨Ne gledas kaj odat drugite....!- Si rekov kaj prasav... ke me iznatepase... Toa ti se Skopjani... Ete toa mi nedostasuva... derenjeto...
Inaku mi nedostasuvaat Prilepchanite.... Mi nedostasuva da setam po plochnikot i doaga eden go chuknuva drugiot po grb i mu veli:
- Kaj si be peder, da te*am!!!
Mi nedostasuvaqat komsivkite moi koi na kafe deneska pet pati ke ti dojdat... srcinja...
Eh....
|
||
Прилепчанка
|
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со задоволство се сеќавам на луѓе и настани од поранешниот живот во МК или YU. Но тоа не е носталгија.
|
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
biljana.madrid
Сениор Прилепчанка Регистриран: 22.Ноември.2007 Локација: Spain Статус: Офлајн Поени: 358 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas sum tuka samo 2 i nesto godini i mi e kako da sum izlegla ne setanje i mislam deka ke se vratam doma kaj i da e... inaku koga se chustvuvas kako doma i lugeto se dobri so tebe tamu, isto kako doma da si...
Normalno deka nekoi namesto po makedonija, onie koi sto se izlezeni od poodamna ke imaat nostalgija po YU zatoa sto ne ja vidoja nikogas Makedonija onaka kako sto i trebase odamna da bide stopan na svoeto... Jas zboruvam za mojata Makedonija i tamu kade sto jas i mazot mi si pominuvavme mnogu ubavo pa toj iako ne e Makedonec ja ceni MK i Makedoncite i mi se chini kako da ne sum mazena za stranec...
Zatoa ne e vazno kaj si tuku so kogo si...
Ne e ubavo da gi navreduvas chustvata na Makedoncite koi sto dosle na forumov da ¨gubat vreme¨so makedonski forumdzii koi plukaat od prichina sto i tie sakale da zaminat arno ama rodninite gi zafrknale, ili od nekoi makedonci vo stransvo isfrustrirani zosto ne mu odi bas najubavo tamu pa plukaat po onie koi ne se zalat...
Jas sum presrekna kade sto sum... Sum so prekrasni luge tuka i Makedonija pa za mene Makedonija e mnogu pogolema od onaa sto e za nasite politichari i deneska dalechinata e samo relativna golemina.
Ne e ovoj post da dokazam koj pogolem patriot e tuka da kazam deka ne treba da se dopiraat t.e. diskutiraat chustvatat na lugeto.
Kakvo e taa glupost jas da kazuvam dali i kolku seka chustvuva ili ne nostalgija po Makedonija...
Jas lichno smetam deka DA i na toa ukazuva faktot sto e tuka na forumov da trpi vakvi gluposti.... ama ne e moe da kazuvam...
|
||
Прилепчанка
|
||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
?pa dojdi nazad vo Makedonija.........
|
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.....mnogu çesto me faka nostalgija......mi nedostigaat mnoguuuuu raboti od "doma".....i koga ke se setam ...solzite sami si teçat,....i togas ....go zimam telefonot i telefoniram na site....i taka do sledniot pat......no so forumov ,sekoj mig pominat tuka imam çustvo deka sum vo Makedonija
|
||
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали една емоција е конструктивна или не, е многу дискутабилно бидејки зависи од многу нешта, пред се од контекстот во кој таа се појавува.
Секоја емоција има потекло, извор и причина да биде или не. Ако е „неконструктивна“ како што ти ја нарекуваш (во што не се согласувам) тоа не ја прави помалку важна, несоодветна или негативна.
Носталгијата за мене е нешто нормално и може да биде нешто многу убаво (ако е во нормални рамки) и основа за креативност на многу полиња.
Ова твоево е малку као „пошто е тоа неконструктивна емоција, јас такви емоции немам“. Затоа „браво“ на самоконтролата. Многу јогини и гурувци можат да ти позавидат.
Само се прашувам зошто луѓе како тебе кои се среќни што не се дома кадешто пораснале и се формирале, што само фрлаат дрва и камења по татковината (пеки,рече дека на некои нешта со задоволство се сеќаваш), не си одат во татковината во посета, ништо не им значи, презираат носталгичност и ред други работи ---- се јавуваат на македонски форуми (и повторно го прават сето тоа што веќе го наведов).
Не ја разбирам конструктивноста на тој акт.
|
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ми импонира што те наведов на дискусија со две реченици, но ми се чини дека развиваш сопствени (негативни) тези на основа на некакви предрасуди, па ми ги лепиш лично, како да се мои.
Реков само дека носталгијата е неконструктивна емоција, не дека е неважна, несоодветна или негативна. Носталгијата, како емоција е свртена кон минатото, и по мое мислење не е поконструктивна од тагувањето по девојка со која си раскинал пред петнаесет години. Кај иселениците се манифестира како кочница да се прилагодат во новата средина - оти газот им е тука, а умот во Македонија. Резултатот е живот што не се живее тука и сега туку во минатото. Малку се индивидуите кои таквата емоција може да ја свртат во креативна насока, па да створат книга, слика или музика од неа.
Извини за директното обраќање, но за разлика од тебе јас ја дефинирам среќата позитивно. Значи не сум среќен што не сум во МК, туку сум среќен затоа што сум во Канада. Јас сум среќен и успешен таму каде што сум и тоа го носам со себе. Бев среќен и успешен во ЈУ, МК, САД, а сега и во Канада. Не знам само од каде заклучи дека фрлам дрва и камења по МК, можеби затоа што не сум носталгичен. Последниот параграф можам да го сфатам само како предрасуда и некакво клише во кое ги пикаш сите што не се слагаат со тебе.
|
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ми импонира што те наведов на дискусија со две реченици, но ми се чини дека развиваш сопствени (негативни) тези на основа на некакви предрасуди, па ми ги лепиш лично, како да се мои.
Не се работи за двете реченици, туку за впечаток за еден генерален став. Сите ние на форумов се читаме меѓусебно и стекнуваме впечаток за некого. Така, да, тоа е мој впечаток од твоите постови. Предрасуди не ни можам да имам, бидејки не те знам, не знам буквално ништо за тебе и не можам ни да претпоставувам. Впечатоткот е базиран на напишаното. Се разбира, се работи за субјективен впечаток, кој , е --- субјективен. А за говорот знаеме дека е извор на недоразбирања(особено кога се однесува на суптилни теми и прашања).
Реков само дека носталгијата е неконструктивна емоција, не дека е неважна, несоодветна или негативна. Носталгијата, како емоција е свртена кон минатото, и по мое мислење не е поконструктивна од тагувањето по девојка со која си раскинал пред петнаесет години. Кај иселениците се манифестира како кочница да се прилагодат во новата средина - оти газот им е тука, а умот во Македонија.
Да, вистина е дека многу емигранти остануваат да живеат во некој свој свет кој го донеле од земјата од која потекнуваат. И се покажува како проблематично. Но не заборавај дека тоа е многу нормална човечка особина и тоа не е воопшто типично македонски или балкански, туку едноставно - човечки. Ти подобро знаеш како тоа изгледа во САД со кинески кварт, мексикански кварт, еврејски кварт итн и во секој се зборува на „увезениот“ јазик. Затоа германците имаат проблем со интеграција на работничката класа на Турците во Германија која денеска живее останата во времето од 60-тите години од минатиот век (или порано), а интересно е да се спомнат германците од Русија кои после неколку векови се враќаат во родината но, и тука се странци, бидејки имаат друга историја. И се држат меѓу себе преку --- се разбира, религијата и разно разни догми на однесување, облекување итн стари 2-3 века (буквално). И тие се остров во земја која е всушност нивна, матична. (тоа се менонити, или некакви баптисти, огранок на евангелисти)...
Да не ги спомнувам азијатите кои скоро воопшто и не се мешаат со останатото население. Но, кога би живеела јас во Кина или Јапонија, не знам дали би постапувала поинаку. Разликата е едноставно огромна.
Резултатот е живот што не се живее тука и сега туку во минатото.
Да, и тоа е еден од главните проблеми на интеграцијата. Но не само со македонците туку воопшто.
Малку се индивидуите кои таквата емоција може да ја свртат во креативна насока, па да створат книга, слика или музика од неа.
Извини за директното обраќање, но за разлика од тебе јас ја дефинирам среќата позитивно. Значи не сум среќен што не сум во МК, туку сум среќен затоа што сум во Канада. Јас сум среќен и успешен таму каде што сум и тоа го носам со себе. Бев среќен и успешен во ЈУ, МК, САД, а сега и во Канада. Не знам само од каде заклучи дека фрлам дрва и камења по МК, можеби затоа што не сум носталгичен.
Извинето ти е за „директното“ обраќање , но не знам само од каде па сега ти заклучи дека јас среќата ја дефинирам --- негативно?
Последниот параграф можам да го сфатам само како предрасуда и некакво клише во кое ги пикаш сите што не се слагаат со тебе. [/QUOTE]
Не гледам каде гледаш предрасуда. Плус, јас сум тип на човек кој ги сака и почитува разликите во ставовите, мислењата, чувствувањата кај /меѓу луѓето. Јас се прашувам зошто некој кој не си ја сака земјата од кадешто потекнува (не велам дека МК е супер. Јас исто така многу ја критикувам и сум свесна, и налетувам секој пат кога одам таму - на милијарда глупости, нерегуларности од секаков тип, несвесност, итн... но сепак има и многу убави нешта во МК и сега и од минатото и затоа ја сакам.) би комуницирал со македонци на интенет. Тоа за мене е парадокс, неконсеквентност. Но, светот е створен врз база на парадокси, така да, не е чудна нивната појава и на други нивоа. Или, можеби сепак ја сакаш Македонија, ама не сакаш да признаеш? Изменето од chuchuliga - 12.Октомври.2008 во 12:12 |
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не гледам каде гледаш предрасуда. Плус, јас сум тип на човек кој ги сака и почитува разликите во ставовите, мислењата, чувствувањата кај /меѓу луѓето. Јас се прашувам зошто некој кој не си ја сака земјата од кадешто потекнува (не велам дека МК е супер. Јас исто така многу ја критикувам и сум свесна, и налетувам секој пат кога одам таму - на милијарда глупости, нерегуларности од секаков тип, несвесност, итн... но сепак има и многу убави нешта во МК и сега и од минатото и затоа ја сакам.) би комуницирал со македонци на интенет. Тоа за мене е парадокс, неконсеквентност. Но, светот е створен врз база на парадокси, така да, не е чудна нивната појава и на други нивоа. Или, можеби сепак ја сакаш Македонија, ама не сакаш да признаеш?
Види, и покрај тоа што „почитуваш туѓи ставови и мислења“, сепак си даваш за право да судиш и лепиш етикети и гледаш црно-бело на мојот однос кон Македонија. Носталгијата нема врска со емоциите за местото каде што си се родил. А местото кај што сум се родил не го поврзувам со држава ниту политички систем. Ќе повторам, емоции немам спрема Република МАкедонија, Фиром или Северна, Горна или каква сакаш веќе. Немам емоции ниту спрема СФРЈ. Само со задоволство се сеќавам на луѓе и настани од тие простори.
Негативната дефиниција на среќата е во изјавата дека „јас и таквите како мене се среќни дека не се во Македонија“. За разлика од тебе, јас среќата ја дефинирам таму каде што сум, и тоа што сум, а не тоа што не сум и каде не сум. Разликата е огромна, го става животот на сосема друго рамниште.
Македонците и македонските форуми не се привилегирани во мојот социјален живот. (Искуството од претходните твои постови ми кажува дека ризикувам да бидам прогласен за антимакедонец, или недајбоже издајник, затоа што изразот “не се привилегирани“ ќе се протумачи како „не ги сакам“.) Со задоволство се дружам со сите што го заслужуваат моето внимание и време, без исклучок и предрасуди.
|
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
biljana.madrid
Сениор Прилепчанка Регистриран: 22.Ноември.2007 Локација: Spain Статус: Офлајн Поени: 358 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A be jas mislam deka postot moj voopsto ne go razbra... aj, preprochitaj go pak... pisuva nekade deka TREBA da se vratam?
|
||
Прилепчанка
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дур бев во странство цела година, ама ич! Имам носталгија по земјата каде бев...
|
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |