IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 97>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 15:58
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Maria_Magdalena, Јован не бегал во пустина од овоземните искушенија. Тој имал посебен, уникатен повик, посебна служба, да го навести Месијата, да го "израмни Неговиот пат". Ако Марија имала служба да го приготви Христовото тело, Јован имал уште поголема служба, да ја приготви Христовата служба, да Го крсти Исус, да Му припреми ученици итн.
Тој имал старозаветен повик да оди во пустина и да крштева таму и да го приготвува патот на Спасителот. Тој бил еден и единствен за таа служба. Новиот Завет никаде не повикува да бидеме како Јован. Новиот Завет никаде не повикува да ја следиме службата на Јован, туку на Христос, А Христос никаде не повикувал на физичко одвојување од светот, туку напротив, на одење во светот, на проповедање на евангелието ОДЕЈЌИ меѓу неверниците, меѓу грешниците, меѓу болните.
 
Од друга страна, Бог ветил дека никој (од Неговите верни) нема да добие искушение поголемо од она што може да го издржи, и затоа, доколку се има вера и ДОВЕРБА во Бог, нема причина за страв, нема причина за бегство по планини, пештери или, како што прочитавме во некои од житијата, бегство во суви бунари.
 
Evangelos,  дали и ти не веруваш дека Крстителот постел? Да, тој имал мисија да го приготви патот за Спасителот, но не постел?
Исус пред да ја започне својата служба, нели постел?
 
Сите некако го заобиколуваат тој факт. ПОСТ.
 
Друго, за осамувањето.
Па зошто Исус постел во пустината а не на пример меѓу светот, меѓу своите? Зар некој би го спречил во тоа? Зошто отишол баш во пустината?
 


Изменето од maria_magdalena - 11.Октомври.2008 во 15:58
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 16:10
Во Библијата никаде не пишува изричито дека Јован Крстител постел, но јас верувам дека постел исто како и сите други Божји луѓе.
 
Ако Исус постел во пустината за да ни остави пример на нас, тогаш треба сите ние, следејќи го Неговиот пример, да постиме 40 дена и 40 ноќи без да ставиме ништо во уста како што постел Тој.
Зошто баш во пустина ѓаволот го исушувал Исус, не знам, но знам дека Исус по 40 дена се вратил од пустина повторно меѓу народот.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 16:19
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Во Библијата никаде не пишува изричито дека Јован Крстител постел, но јас верувам дека постел исто како и сите други Божји луѓе.
Ах бе Евангелос, па пишува во Матеј, зар мора се дословно да е кажано? “Дојде Јован кој не јаде ниту пие а велат бес има“, “Јован јадеше мед и скакулци...во пустината“-некои работи се толку очигледни, ете затоа неможе се буквално да се толкува. Ако сфатиме буквално дека Јован не јадел и не пиел, секако тој ќе умрел, а овде гледаме и со што постел...
Скакулците сепак му обезбедувалче протеини а медот јаглени хидрати, една комбинација која дава енергија да се издржи-а сепак пост. Значи, треба ли пак ние да постиме со мед и скакулци затоа што така пишува во Библијата?
Не дека ти веруваш-а не пишува, ТУКУ ЈАСНО ПИШУВА ДЕКА ПОСТЕЛ.
 
Ако Исус постел во пустината за да ни остави пример на нас, тогаш треба сите ние, следејќи го Неговиот пример, да постиме 40 дена и 40 ноќи без да ставиме ништо во уста како што постел Тој.
Зошто баш во пустина ѓаволот го исушувал Исус, не знам, но знам дека Исус по 40 дена се вратил од пустина повторно меѓу народот.
 
Е зошто де во пустината? Зар ако пак не е наведено во Библијата, не е јасно зошто? Исто важи и за Јован, зошто пустината?
 


Изменето од maria_magdalena - 11.Октомври.2008 во 16:20
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 17:06
Мариа Магдалена, мора да ти стане јасно дека библискиот пост е различен од православниот пост. Во Библијата постењето не значи селектирање на храна, туку на јадење. Ако е кажано дека Јован јадел скакулци и мед, тоа значи дека тој кога го правел тоа не постел. Сепак, дури и во тој конктест не е кажано дека САМО тоа јадел (на пример сигурно пиел вода), туку разумското читање на тој стих кажува дека тоа, бидеји во пустина. му било вообичаеното јадење. Но сосема е нормално учениците да му носеле и друга храна (пример леб). Значи не пишува ЈАСНО дека Јован постел, но не пишува и дека не постел - затоа не се осмелувај да вадиш догми онаму каде што Библијата молчи!
Тоа каде што пишува дека Јован "не јадел ниту пиел" во контекстот се мисли на јадење по гозби, свадби, гезмиња, јадење од мерак шо би се рекло, а пиењето се мисли на пиење алкохол - што е јасно претсткажано од ангелот Гаврил уште пред раѓањето на Јован "нема да пие ни вино ни опојни пијалаци" (Лука 1:15)
 
Сепак не го сфаќам правецот на дискусијава, се надевам не се обидуваш дека со тоа што Исус постел САМО 40 дена во пустината, да докажеш дека Исус со тоа заповедал да одиме во пустина и ЦЕЛ ЖИВОТ да го поминеме таму? Ако веќе сметаш дека ѓаволот го одведол Исус во пустината за да ни остави пример (пази молимте Ѓаволот да ни остави пример голема%20насмевка) дека и ние треба да правиме така, тогаш треба да го следиме примерот на Исус и 40 дена и 40 ноќи да не ставаме ништо во уста, а по 40 дена да си се вратиме дома, а не да остануваме таму цел живот.
Значи ако е пример, нека е пример, а не само да се вадат одредени зборови од тој пример (пустина) и да се развиваат цели учења (монаштво) од тој пример.
 
И пак ќе ти кажам: Новиот Завет никаде не повикува да бидеме како Јован. Новиот Завет никаде не повикува ни да одиме во пустина 40 дена и да бидеме искушувани од ѓаволот (тешко нас ако не снајде тоа, кој знае дали ќе бидеме силни како Исус). Новиот Завет не повикува да ОДИМЕ меѓу луѓето и ОДЕЈЌИ да го проповедаме евангелието и да правиме Христови ученици. значи одејќи, а не седејќи. Оваа заповед е повторена на 4 места експлицитно и уште на неколку места имплицитно.
Е сега, некој може да спори дали ова е заповедано за сите, и ок е тоа, нека спори и не мора секој да биде послушен на таа заповед. Но никој не може да тврди дека Исус дал заповед христијаните да излегуваат од светот затоа што таква заповед нема. Барем не во Новиот Завет.
 
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 17:21
 
Евангелос, па токму ти си вадиш догми онаму каде Библијата молчи.
Од каде пак знаеш дека се мисли на јадења по “гозби, свадби, гезмиња, јадење од мерак шо би се рекло, а пиењето се мисли на пиење алкохол - што е јасно претсткажано од ангелот Гаврил уште пред раѓањето на Јован "нема да пие ни вино ни опојни пијалаци"
 
Значи од каде знаеш ти на што се мисли, а ваму испаѓа дека јас вадам догми од цитати? Интересно (пардон за болтот ми се укочи нешто)
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 17:32

Како од каде знам, па јасно е кажано дека Јован јадел, значи автоматски отпаѓа варијантата за буквано не јадење и не пиење. Јасно е кажано и дека Јован нема да се опива со вино и опојни пијалаци. И сега ако се земе предвид контекстот каде што Исус збори за него:

"Тие се како децата, кои седат по пазариштата и си викаат едни на други: ‘Ви свиревме и не игравте! Ридавме и не плачевте!’ Зашто дојде Јован Крстител, ниту јаде леб, ниту пие вино, а велите: „Бес има!” Дојде Човечкиот Син, Кој јаде и пие, а велите: „Ете, човек што многу јаде и пијаница, пријател на цариниците и грешниците!"
(Лука 7:32-34)
 
Оттука гледаме дека Исус прави една компарација меѓу Него и Јован. Исус јадел и пиел заедно со цариниците и грешниците, а за Јован во компарацијата вели дека "ниту јадел леб, ниту пиел вино" и јасно е дека станува збор од самата компарација на што мислел Исус.
 
Точно е тоа дека евангелистот Матеј не потенцирал што не јадел Јован и што не пиел "Зашто дојде Јован, кој ниту јаде, ниту пие," (Матеј 11:18), но затоа пак имаме 4 евангелија за да се дополнуваат едни со други и да не дозволуваат некој да вади небиблиски догми од нив.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 18:00
Евангелистот јасно кажува дека Јован ПОСТЕЛ со мед и скакулци. Со нив не се гостел но постел.
 
Друго, иако е темава за монаштво, сепак мислам дека не сме оф-топик, монаштвото и постот се тесно поврзани...ако пост за тебе е тотално нејадење и непиење, колку најдолго можеш да постиш? Во православието има еден таков пост кој се вика тример...
 
 
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 18:50
a sto e celta na monastvoto!
ako ne pat za spsenie izberen po slobodna volja vo koj teloto se potcinuva na duhot, srceto od necisti misli, teloto od strasti ,

i toa sto site nie go posakuva soedinuvanje so Boga!


Изменето од belichka - 11.Октомври.2008 во 20:28
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 03:00
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Евангелистот јасно кажува дека Јован ПОСТЕЛ со мед и скакулци.
 
Евангелистот никогаш не го употребил зборот "пост" во иста реченица со зборот "Јован". Ниту тој евангелист, ниту другите. Никаде не е кажано дека Јован постел во пустината. Ниту експлицитно, ниту имплицитно.
Но знам зошто се буниш. Ти го мешаш правослнавниот пост со библискиот, па оттаму и забуната. Православните постат со селектирање на храна т.е. со јадење само "посна" храна, додека библиските христијани постат со нејадење никаква храна.
Библискиот збор за "пост" во оригиналниот коине грчки јазик "νηστεία" (нестио) значи буквално "не јадење" т.е. апстинирање од храна. Така што, кога Јован јадел скакулци и мед, тој не постел, туку јадел.
 
Но веќе ти реков, иако не пишува, јас сепак верувам дека Јован постел, како што постеле и оние кои не биле во пустина, туку по градовите. Но каква врска има постењето со монаштвото? За да постиш не мора да бегаш од светот. Впрочем, освен четириеседневното искушување на Исус, никој друг во Библијата не одел во пустина за да пости. Јован живеел во пустина и затоа и таму постел. Да не живеел таму, и тој немал да пости во пустина.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 03:58
Да? Јован се родил и израснал во пустината? Интересен податок...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 05:03


Тоа се само надворешната старана на постот. Јован Постел, тоа е факт.

Скакулците во суштина не се скакулци, инсекти, иако имало некој вид во пустината што се јадат, туку тоа е ден вид на растение кое Евреите го нарекувале скакулец. Кај нас преведувачо го задржал буквалниот превод, но постојат преводи (не се секавам точно кои) каде тој збор е преведен со растение.

А то што се јаде или пие, односно од што се пости и кој збор е уптребен и не е ни толку важно туку многу поважно е како се пости. Првото е надворешната старана, а второто духовната страна на постот.

Воздржание...

Првата и единствена заповест во Рајот била заповеста за пост, возджание, и ако постот му бил потребен на човекот пред да згреши, тогаш колку повеќе откако згреши и стана роб на телото и страстите.

Со постот (воздржанието) човекот се бори со силата на страстите која негативно делува во него за негов погибел.   Борбата со страстите е најосновната борба за нас ( а каде се страсите, таму е и демонот кој стои зад нив). Само човек ослободен од стратси може да заедничари со Бога и да го познава.

Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога. Секој кој е роб на страстите неможе да го виде Бога, зашто во неговото срце место благодатта Божја се населиле нечистите страсти, а енергијата на умот се помрачила и според тоа, стануваме и немоќни да го видиме Него.

Затоа и св.Јован и Самиот Господ Исус Христос ни го покажале ПАТОТ до Бога. Преку пустината. Монаштво е најсоодветен на него и во суштина тоа е монаштво. Деноноќна борба со страстите и паднатите духови на поднебесието) и непрестаното бдеење над самите себе си.

Бидете соврчени како што е совршен вашиот Отец на небесата. Очистување на нашето срце од страстите, просветление на умот и на крај обожување на целата личност, како наше предназнечение од Бога, стекнувањето на подобоието Божјо. Очистување на образот и стекнувањето на подобието, со што се враќаме на почетокот од библијата, на самиот шестоднев.


Оној кој не постил неможе да знае која суштината и придобивката на а посебно на тримирот и ако на постот му ја додадеш непрестајната молитва, охо


Изменето од Опитен - 12.Октомври.2008 во 05:31
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
stevompc Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 275
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevompc Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 20:00
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Евангелистот јасно кажува дека Јован ПОСТЕЛ со мед и скакулци. Со нив не се гостел но постел.
 

Друго, иако е темава за монаштво, сепак мислам дека не сме оф-топик, монаштвото и постот се тесно поврзани...ако пост за тебе е тотално нејадење и непиење, колку најдолго можеш да постиш? Во православието има еден таков пост кој се вика тример...

 

 


hehe, eve se vrati na forumot d-r maria da ni objasni kako toa sto vo Bibliajta ne go pisuva, vsushnost JASNO go pisuvalo.

Bidejki ti jovan go smetas izgleda za tvojata edinstvena bibliska slamka, na cij primer se povikuvas i cie delo go pocituvas do tamu sto i ti postis isto kako i on. samo objasni mi kade pisuva "jovan postese so skakulci i med"?

verojatno isto tamu kade sto pisuva i deka psuel.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 03:11
Дел од интервјуто на Владиката направено уште во далешната 1995 кога во Македонија се водеа породилни маки во возобновувањето на монаштвото.   Ni dogate od Sveta Gora.sto pretstavuvase taa za Vas? Sveta Gora... Tamu se ucevme da ljubime. Taa e lulka na vistinski licnosti i vistinska zaednica i zatoa, pred se, mesto na blagodarenje. Monahot ne Mu prinesuva na Boga samo nesto od ona sto e negovo, tuku samiot sebesi, celiot svoj zivot i nadez, a Bog mu se otkriva i prinesuva nemu kako licnost. Toj licnosen odnos so Boga sekogas se proveruva vo zaednica so nasite blizni. Hristos vo Svojata ljubov se poistovetuva so sekoj covek na zemjata. Zatoa, blizniot ne treba da go povredime nitu so misla, a kamo li so zbor ili so zlo delo. Toa ne e lesen podvig, no zatoa e radosen. Svetogorskiot monah se trudi so post i molitva, so vozdrzanie i smirenie, so pokajanie - da go pobedi svoeto samoljubie i da se zdobie so bratoljubie. Izvor i sila, smisla, polnota i centar na ovoj zivot e Svetata Evharistija, Liturgijata na Crkvata, koja na Sveta Gora se sluzi sekoj den. Tamu najvistinski se pricestuvame i go predvkusuvame Carstvoto Nebesno sega i ovde. Sveta Gora ne e samo mesto tuku istovremeno e i nacin na postoenje i zatoa ni e mnogu bliska na site nas, a posebno na nasiot makedonski narod, niz vekovite rasten vo nejzinoto podnozje.

Kazete nesto za monastvoto voopsto i posebno vo Makedonskata Pravoslavna Crkva...

Tajnata na monastvoto se sostoi vo ‘cistotata na srceto’. Na ‘cistite po srce’ im se otkriva tajnata na soborniot zivot vo Crkvata, tajnata na licnite odnosi. Deka ziveeme eden za drug i deka nisto, pa duri ni smrtta ne moze da ja rasturi ovaa zaednica. Za nas vo Crkvata ne postojat pregradite na vremeto i prostorot. Vistinskiot monah, iako telesno oddalecen, najverno e blagodatno i molitveno prisuten vo ovoj svet, vo onie sto gi ljubi i za koi se moli. Pred se, blisku e do sekoja proleana solza, do sekoja bolka i stradanie, ublazuvajki gi so melemot na sostradalnata blagodatna molitva i ljubov. Pokraj toa, nesozdadenata blagodat na Krstenieto koja izvira od ‘cistoto srce’, go preobrazuva celoto bitie na onoj sto zivee vo pokajanie i go vooblicuva likot Hristov vo nego. Svedostvoto na vakvite monasi na Voskresnatiot Hristos ja budi zaspanata sovest, go trezni opienoto srce, go rusi racionalniot pogled na svetot. Nivnite misli, zborovi i dela se prenosnici na silata na Carstvoto Nebesno vo ovoj svet. Takvi monasi, kako svedoci Hristovi, mu se potrebni na covestvoto, a posebno kaj nas. Monastvoto vo Makedonija e vo povoj.


Изменето од Опитен - 16.Октомври.2008 во 03:14
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 03:24
Originally posted by Опитен Опитен напиша:


Затоа и св.Јован и Самиот Господ Исус Христос ни го покажале ПАТОТ до Бога. Преку пустината.
 
Тоа не е точно. Јован живеел во пустина, ама тој не бил монах. Тој имал посебен ИНДИВИДУАЛЕН повик да го припреми патот на Месијата. Никаде во Новиот Завет не е заповедан сличен повик на неговиот.
Никаде во Новиот Завет нема ЗАПОВЕД, ПОВИК, па дури ни ПРЕПОРАКА за христијаните да се кријат по планини, по пештери, суви бунари и сл.
Христос и апостолтие секогаш ОДЕЛЕ меѓу луѓе. Христос ги испраќал учениците да одат меѓу луѓе, а не да седат и да чекаат тие да им дојдат на нив. Зборот "одете" е клучен во проповедањето на евангелието.
 
"Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици"
(Исус во евангелие по Матеј 28:19)
 
Значи Христос тука вели "одејќи", а не "седејќи".
 
"И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! "
(Исус во евангелие по Марко 16:15)
 
"Ете, Јас ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби!"
(Исус во евангелие по Матеј 10:16)
 
Тука Исус не мисли на волците на планина, туку на луѓето од светот. Или пак можеби јас не сум доволно "просветлен" да го толкувам овој стих? збунетост
 
"Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!"
(Исус во евангелие по Марко 1:17)
 
Исус тука ги повикува апостолите да врват по Него и Тој ќе ги направи "рибари на луѓе". Исус ќе ги научи да одат меѓу луѓе и да ловат луѓе, а не како да се засолнуваат по планини и пештери и да бдеат, да "созерцаваат", да се "подвизуваат" и др православни термини.
 
Рибарот ја фрла јадицата во вода за да улови риба, а не ја остава на брегот и да чека рибите да скокнат кај неа за да се фатат.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.