|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика | страница <1 23456 32> |
Автор | |
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Василиј Велики
Постот ја зајакнува молитвата. Станува нејзино крило на патот кон небото (...) Но не ограничувај ја добродетелта на постот само на исхраната. Вистинскиот пост не е само одрекување од различните јадења, тој е одрекување од страстите и од гревовите: никому да не му нанесуваш неправда. Да му простиш на ближниот за навредата што ти ја сторил, за злото што ти го направил, за долгот што ти го должи. Инаку, не јадеш месо, но го јадеш братот свој. Не пиеш, но унижуваш друг човек. (...) Оној кој сака вистински да пости, нека ја одбегнува секоја страст. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Отстранувањето на лукавите помисли во внатрешноста е знак на љубов спрема Бога, а не на грев, бидејќи грев не е појавувањето на помислата, туку пријателската беседа на умот со неа. Ако не ја сакаме, зошто се задржуваме на неа? Не е можно нешто што од сесрце го мразиме долготрајно да разговара со нашето срце. Доколку тоа сепак се случи, значи дека е присутно нашето лошо учество...“
(авва Марко Подвижник) |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го замоли авва Сисое, авва Ор.
-Кажи ми неекоја поука авво. А тој рече. -Имаш ли поверение во мене. Одговори авва Ор. -Да Старецот рече. -Појди сомене, па што гледаш да правам, прави и ти! |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Св. Йоан Касиан Римлянин (350-360 г.)
Аскетиката е очистување на срцето од злите страсти. Св. Тихон Задонски Додека го читаш Евангелието самиот Христос ти говори, и додека читас се молис и разговарас со Бога. |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Св. Максим Изповедник (ок. 580-662)
Когато желаеш да богословстваш, не се изкушавай да разкриваш Бога в Неговата същност, защото това е непостижимо не само за човешкия, но и за всеки друг разум. По възможност размишлявай за Неговите свойства: вечност, безпределност, непостижимост, благост, премъдрост и всемогъща сила, направляваща всичко и всички с праведния си съд. Та нали сред хората вече има богослови, които, макар и малко, познават тези Божии свойства. Изменето од belichka - 09.Октомври.2008 во 01:59 |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Софрониј
Световната мудрост не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни. Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас, решението да не живееме согласно земните идеи, туку, да го следиме Христа. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Софрониј
Постојат надворешни показатели што ни овозможуваат да пресметаме на која оддалеченост се наоѓаме од Бога: го следиме ли Евангелското Слово? Го достигнавме ли совршенството, односно љубовта за целиот свет, без да правиме разлика помеѓу непријателите и пријателите? |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Антониј Велики
Знајте сигурно дека нема да можете ниту да напредувате, ниту да раснете, ниту да станете совршени, ниту јасно да го разликувате доброто од злото, ако не им се покорувате на своите отци. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Starec Josif Optinski: Ne go napustaj poslushanieto tuku sekogash ukoruvaj se sebesi i kje se spasish!
Nekoj mu rekol na starec josif: -Ete pak nastapi nerodna godina! -Da potvrdil starecot- Mal e prinosot nerodna godina,Bog kaznuva zasto lugeto sosema prestanaa da gi zapazuvaat postite, ta duri i prostodushnosta. ZATOA NESAKAJKI DA POSTIME DOBROVOLNO, KE TREBA DA POSTIME PO NEVOLJA Изменето од belichka - 10.Октомври.2008 во 23:18 |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Starec Josif Optinski:
Kako se dobiva celosno bestrastie?-go zaprashal nekoj starecot. A, toj odvratil: !!!So celosno smirenie |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Starec Leonid za osuduvanjeto:
Osuduvanjeto e toa koga ti go gledas grevot ili go gledas porokot na svojot sobrat i govoris od celoto svoe srce: ...po moe mislenje toj zasluzuva ili maki ili bolest ili kazna... Togash ti stanuvash sudija na blizniot i sakas da sednes na prestolot na Edinstveniot sudija HRISTOS. Za tvoeto gordo bezumie ti se prisoedinuvash kon antihristot.. Vo svoeto molcanije Otcite, zanimavajki se so vnatreshen trud, neznaele za grevovite na blizniot , tuku go gledale samo svoeto pagjanje! |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Игнатиј Брјанчанинов
Ако не умреме за светот, не можеме да стекнеме плач и солзи. Нив ги стекнуваме во онаа мера во која умираме за светот. Трудот при самиот плач и излевањето на солзите се состои во присилувањето на плач, во великодушното поднесување на сушата и бездождието, од кои е оптоварен понекогаш блажениот подвиг, но после кои трпеливиот подвижник секогаш се наградува со обилен излив на солзи. Како што земјата која долго чека да биде оросена, конечно добива изобилство дожд и наеднаш се прекрива со нежно бујно зеленило, така и срцето истоштено од духовна суша, а потоа оживеано од солзи, шири од себе мноштво духовни мисли и чувства, украсени со заедничкиот цвет на смирението. Подвигот на плачот, бидејќи неразделен од подвигот на молитва, ги бара истите оние услови на успех кои се потребни и за молитвата. На молитвата и треба трпелив, постојан престој во неа. Истото тоа му треба и на плачот. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Јован Лествичник
Едно нешто е постојано да бдееш над срцето, а друго да бидеш епископ на срцето со посредство на умот кој како началник и архиереј Му принесува словесна жртва на Христа. Влегувајќи во душата на првите, светиот и небесен оган, како што вели еден од оние што го добија името Богослов, ја спалува сета нечистотија што заостанала во неа; а вторите пак, ги просветлува сразмерно на постигнатото совршенство. Истиот оган се нарекува и ’оган кој спалува’ (5 Мој. 4, 24) и ’светлина што просветлува’ (Јован 1, 9). Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства, се молеле всушност телесно, да не речам фарисејски, а никако духовно. Телото што стапува во допир со друго тело го трпи неговото влијание и се менува. Како тогаш да не се измени оној којшто со непорочни раце се допира до Телото Божјо?! |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Софрониј
Што значи спасение? Дали навистина, смртта на телото е претпоставка за влезот во Царството Христово? Како можеме да ја развиеме нашата способност за да живееме согласно заповедите Христови, согласно Светиот Дух? Само едно е значајно: да го зачуваме интензитетот на молитвата и покајанието. Тогаш, смртта не ќе биде пад, туку премин во Царството, за кое ќе сме подготвени преку причестувањето со Телото и Крвта Христови, преку молитва и повикувајќи го Неговото Име: Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нè нас и Твојот свет. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Внеси реплика | страница <1 23456 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |