IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Свето Предание пренесено преку Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свето Предание пренесено преку Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 21>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 02:58
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 

Мараната, јас не сум католик, ниту пак ги бранам католиците. Јас само реков дека официјалната Римокатоличка црква, не го променила символот еднаш, туку два пати.....


Бзззззз, тогаш немало римо-католици! Грешка невиденаааааа, која можаат да ја направат само оние кои немаат веза од црковната историја

И уште еднаш бззззз, Символот на верата не е променет два пати, туку надополнет!!!!!

Леле бе ЕвАнгелосе, срамои живи си, па прочитај, информирај се, пред да кажеш нешто неосновано.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 03:26
Мараната, да не ти влегол комарец во уши па што толку бзззкаш голема%20насмевка
Центарот на официјалната (Римокатоличка) црква секогаш си бил во Рим. Рим = Рим, Католичка = Универзална/Вселенска. Значи универзална црква со центар во Рим. Што е тука нејасно? Јас не зборам за официјалниот нејзин назив, туку за она што та во суштина била. (Непоправлива буквалистке)
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


На Вториот Вселенски Собор јасно се кажало за природата на Светиот Дух (онака како што Христијаните Го исповедале) - ништо не е сменето, туку надополнето
 
Па и во вториот случај се работи за надоплнување, а не за променување. Првиот пат пишале дека Свеитиот Дух излегува од Таткото, а потоа дополниле "и од Синот". Значи тие НЕ ПРОМЕНИЛЕ дека Свеитиот Дух излегува од Таткото, тие не смениле и не пишале "Светиот Дух не излегува од Таткото", туку само надополниле "и од Синот". Значи и во двата случаи се работи за надополнување за кое вие верувате дека е инспирирано од Свеиот Дух во првиот случај, а во вториот случај не е. Првиот случај го одобрувате, а вториот случај го осудувате. голема%20насмевка
 
Мене воопшто не ме мешај во оваа дискусија. Јас не сум ни католик, ни православен. Јас сум библиски изворен христијанин. Моите "одлуки" Бог ги запишал и канонизирал во Светото Писмо. Јас го одобрувам Никео-Цариградскиот ткн. "символ на верата" само затоа што сите негови членови се библиски вистини, а не заради тоа што некои ткн. "свети отци" таму ги гласале.
 
Но кај вас е поинаква ситуацијата. Вие верувате дека Христос и го оставил Светиот Дух на Црквата за и ПО КАНОНИЗИРАЊЕТО НА СВЕТОТО ПИСМО Тој да и дава нови објави, новитети во верата. Како што знаеме од црковната историја официјалната универзална црква со престолнина во Рим така и правела, и скоро во секој век си надополнувала еден куп новитети врз верата.
И сега одеднаш, на источното крило од црквата "не и се допаѓа" посладното надополнување и таа решава, демек од таа причина голема%20насмевка, да се отцепи од официјалната црква и да си создаде нова црква со центар во Цариград.
 
Не ми се верува дека цело време сте се фатиле за тој збор "и Синот" и сакате тука возрасни луѓе да убедите дека заради тоа православните се одделиле од католиците? голема%20насмевка Па дури и малите деца знаат дека поделбата е предизвикана од политичко, економски и јазични причини. Затоа што Римската Империја била во непрекинат пад, а во исто време Византија зајакнувала и оваа разлика станала толку голема што таа не сакала да биде под власта на Рим т.е. сакала да си биде независна. Дополнителна причина е и тоа што Византија не сакала нејзините литургии да се одвиваат на "светиот" непознат и мртов латински јазик, туку да си ги одвива на свој јазик.
 
Какви надополнувања, какви филиокве милиокве ти се молам. За пари, за моќ, за власт, за престиж, за независност, ете заради тоа се отцепија православните од католиците.


Изменето од EvAngelos - 07.Октомври.2008 во 04:19
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 04:39
Маран Ата - а да ми објасниш каква врска има Символот со ТЕМАВА?!?!?!
Префрлете си го муабетот во Општи муабети, а тука пишувајте за Светото Предание!
Do what is right, come what may...
Кон врв
stevompc Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 275
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevompc Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 11:31
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Стево - уште повеќе покажуваш дека немаш воопшто поим за што пишуваш и за што зборуваш!
Светото Предание е запишано, евидентирано, многувековна работа е тоа. Точно се знае што е, како е. Дури и на интернет може да се најде многу.
Така што - ако имаш нешто сериозно да кажеш, бујрум, ако не - како што си знаеш, така...


aj bidi tolku dobar, bidejki neukite treba da bidat pouceni od ucenite, da mi pratis edne link kade e dokumentirano celoto predanie, site pisanija, avtori i zitija kade se opisani. veruvam deka stom e tolku jasno definirano, sigurno na cel internet ke ima eden link so ovie podatoci.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 12:01
Originally posted by stevompc stevompc напиша:

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Стево - уште повеќе покажуваш дека немаш воопшто поим за што пишуваш и за што зборуваш!
Светото Предание е запишано, евидентирано, многувековна работа е тоа. Точно се знае што е, како е. Дури и на интернет може да се најде многу.
Така што - ако имаш нешто сериозно да кажеш, бујрум, ако не - како што си знаеш, така...


aj bidi tolku dobar, bidejki neukite treba da bidat pouceni od ucenite, da mi pratis edne link kade e dokumentirano celoto predanie, site pisanija, avtori i zitija kade se opisani. veruvam deka stom e tolku jasno definirano, sigurno na cel internet ke ima eden link so ovie podatoci.
 
ova  moze samo SAJBER APOSTOL DA GO NAPRAVI
 
PREDANIETO ZIVEE VO ZIVATA CRKVA NIZ VEKOVITE -
 
"i spomenot za tebe ke se prenesuva od rod vo rod ..."
 
Abe mnogu ste cudni vie газење%20од%20смеење sakate sve na hartija da imate ...
 
pa citajte istorija ...
 
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 12:19
Tetratka, ајде уозбилисе малку. Убаво ве прашува mpcstefan, престанете со недоличен сарказам да му го одбегнувате прашањето.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 13:13
Originally posted by stevompc stevompc напиша:

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Стево - уште повеќе покажуваш дека немаш воопшто поим за што пишуваш и за што зборуваш!
Светото Предание е запишано, евидентирано, многувековна работа е тоа. Точно се знае што е, како е. Дури и на интернет може да се најде многу.
Така што - ако имаш нешто сериозно да кажеш, бујрум, ако не - како што си знаеш, така...


aj bidi tolku dobar, bidejki neukite treba da bidat pouceni od ucenite, da mi pratis edne link kade e dokumentirano celoto predanie, site pisanija, avtori i zitija kade se opisani. veruvam deka stom e tolku jasno definirano, sigurno na cel internet ke ima eden link so ovie podatoci.


Kazi samo od koj svet otec sakas zitie ili pisano delo i ke ti dadam link!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 14:48
Зидарски, Символот на верата е напишан според предание. Исповедувањето на тој Символ било и пред да биде официјализиран, меѓутоа на Првиот, а потоа и на Вториот Вселенски Собор доаѓа до негово потполно изнесување како одбрана од еретиците. Како и да е, Преданието е опширна тема, која ја опфаќа и темата за мошти, икони, Богородица, светители...ќе стигнам и до тоа.

А ти, ЕвАнгелос, не знам оти ниту еднаш не ми го послуша советот дека пред да треснеш нешто од памет треба детално да се информираш!

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Центарот на официјалната (Римокатоличка) црква секогаш си бил во Рим. Што е тука нејасно? И сега одеднаш, на источното крило од црквата "не и се допаѓа" посладното надополнување и таа решава, демек од таа причина, да се отцепи од официјалната црква и да си создаде нова црква со центар во Цариград.


Како доказ дека центарот на Католичката Црква не била од секогаш во Рим ги наведувам следниве податоци кои можат да се најдат во било која светска историска читанка (тоа го учевме и ние на училиште, мислам дека беше лекција од 5-то одделение)

Христијанската вера за прв пат после долгогодишно гонење од страна на паганските цареви била призната во 313 година со Миланскиот едикт од страна на cв.цар Константин Велики. Е сега да видиме кој е тој цар.

Константин Велики бил РИМСКИ император. Во неговата империја биле вклучени и Британијa, Галија, германските провинции и Шпанија. Во 312 год станува западен август или владетел на целата Западна Римска империја. Во 320 год. Лициниј (паганин), кој бил император на Источното Римско Царство станува против Христијанството и започнува гонење. Св. цар Константин го победува и станува владетел на неговиот дел од царството. Тогаш наново го изградува градот Византион и го преименува во Нов Рим. Тој станува центар на културата и образованието, и таму се чуваат светите реликвии, односно Светитот Крст на кој бил распнат Господ, Мојсеевиот жезал и мн други. А откако се упокоил, тој град бил преименуван во Константинопол (Цариград). Св цар Константин, заедно со својата мајка св. царица Елена гради многубројни цркви, од кои најпознати се Црквата на Божјиот горб и старата базилика Св.Петар.

Значи, од горе наведеното гледаме дека св.цар Константин бил император на Римското Царство (Источно и Западно). Откако станал православен (на прав начин ја исповеда верата, односно на вистински начин го слави Бога), тој самиот како апсолутен владетел во неговото царство решава негова престолнина да биде градот Византион (Константинопол), а со тоа и административна престолнина на Христијанството. Следствено на ова што е изложено, можеме да заклучиме дека не било така, како што вели ЕвАнгелос. За појаснување, уште еднаш, не му текнало на источното крило да се отцепи и да си направи црква во Цариград, туку царот е тој кој одредувал во кој дел од неговото царство ќе се наоѓа административната престолнина, дали во Рим дали во Византион (Конастантинопол), бидејќи и двата града биле негова владавина. Првата престолнина била на исток, како и што е случајот денеска со ПРАВОславната Црква.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Рим = Рим, Католичка = Универзална/Вселенска. Значи универзална црква со центар во Рим.


Во Христијанскиот период пред 1054 год. се користел терминот Католичка Црква, што е далеку поразлично нешто од Римо-католичка црква. Зборот католик доаѓа од грчкиот збор катхоликос (καθολικός) кој е составен од два збора ката (во согласност со) и холос (целото). Под католик се подразбира соборност, соборност на целата црква, но не само од крај до крај на земјата, туку соборност на сите православни христијани од почетокот на светот до неговиот крај. Во таа соборност се вклучени живите верници, оние верници кои веќе се починати од почетокот на светот, и оние православни верници кои ќе се родат до крајот на светот.
Во ранохристијанскиот период, дури и во времето на св. Павле, почнале да се појавуваат споредни везии на Христијанството, како што се оние на Евионитите, Гностиците и Докетистите. Овие секти толку многу го изопачувале Евангелието примено од апостолите, така што рано-христијанските епископи зборувале против овие еретички погледи, кои биле спротивни на соборната (Католичка) Црква.
Св. Игнатиј Богоносец (+106) бил концизен “каде што е Христос, таму е католичката Црква”.
Cв.Иринеј вели: Католичката Црква, предадена од светите апостоли, е распространета по целиот свет, нo сепак се согласува како еден ум. Еретиците ја немаат оваа соборност или древно потекло, така што не се “во согласност со целото”, затоа што нивните доктрини и практики се приковани за локалните региони, или се неодамнешни, не-апостолска еволуција.
Главните символи на Христијанството, Апостолскиот и Никејскиот символ, бараат вера во Католичката (Соборна) Црква, што не е случај со еретиците.

Римо-католик (ρωμαιοκαθολικός) е сосема спротивен поим од католик. Со промената на догмите и одвојувањето од ПРАВОславието, западната црква почнува да се нарекува Римо-католичка. Зошто? Со воведување на приматот на папата како догма, западната црква почнала да верува дека тој е заменик на св. Петар, и дека се што ќе каже е непогрешливо. Тие наместо да бидат соборни како црква, исповедувајќи ја секогаш истата вистина, почнале да бидат “во согласност со целото (читај папата)” чие седиште се наоѓа(ло) во Рим, верувајќи на секој негов збор како да е Божји.

Православната црква си останала верна на католичкото исповедање на верата без да менува или додава догми.                                                                                                                                                                                                                                                         

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Па и во вториот случај се работи за надоплнување, а не за променување. Првиот пат пишале дека Светиот Дух излегува од Таткото, а потоа дополниле "и од Синот". Значи тие НЕ ПРОМЕНИЛЕ дека Свеитиот Дух излегува од Таткото, тие не смениле и не пишале "Светиот Дух не излегува од Таткото", туку само надополниле "и од Синот". Значи и во двата случаи се работи за надополнување за кое вие верувате дека е инспирирано од Свеиот Дух во првиот случај, а во вториот случај не е. Првиот случај го одобрувате, а вториот случај го осудувате.


Тоа не е надополнување, туку додавање и суштинско менување на догма. Со додавањето на *и Синот* се променува не само суштината на ипостасот на Отецот, туку и оној на Светиот Дух и на Синот. Отецот Го има родено Синот пред вековите, безвремено, а од Него исходи и Светиот Дух. Нели така и исповедаме во Символот на верата??? Отецот е единствена причина на Света Троица или начело (principum) на Синот и Светиот Дух, односно единствен извор на Синот и Духот Свет. Кога се смета дека Светиот Дух исходи и од Синот, па било тоа само и по суштина, се мешаат ипостасните својства на Отецот и Синот, затоа што и на Синот Му се препишува происходење на Светиот Дух – што е ипостасно својство кое Му припаѓа само на Отецот.
Гледаш колку е компицирано и дека не е така како што велиш ти, догматика за петтодделенци?

А и во говорна смисла не е надополнување, туку менување. Кога веќе било кажано верувањето за суштината на Светиот Дух, секое додавање на нов збор означува и менување на Неговата суштина. Светите Отци од Вториот Вселенски Собор воопшто ништо не смениле во она претходно што било утврдено за Отецот и Синот, туку само ги додале оние делови каде се објаснува за нашето верување во Светиот Дух. Додека пак, римо-католиците, покрај веќе целосниот и финален Символ на верата, се дрзнуваат на "кенотоми-ја"(новотарии) и да менуваат догми.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Мене воопшто не ме мешај во оваа дискусија. Јас не сум ни католик, ни православен. Јас сум библиски изворен христијанин. Моите "одлуки" Бог ги запишал и канонизирал во Светото Писмо. Јас го одобрувам Никео-Цариградскиот ткн. "символ на верата" само затоа што сите негови членови се библиски вистини, а не заради тоа што некои ткн. "свети отци" таму ги гласале.


Е сега и ова да го разгледаме. Прво, јасно ни е дека си христијанин што почнува на б, ама не библијски, туку баптистички – тоа го расчистивме. Друго, ајде да видиме што ти исповедаш како вистина.

Првиот Вселенски собор свикан во Никеја од страна на Константин Велики го осудува Ариј и неговите следбеници кои почнале да распространуваат ерес дека Бог постоел пред да биде створен Синот Божји, и дека Тој створил се од ништо, вклучувајќи го и Синот Божји. Најсилен одбранбен став завзел св.Атанасиј Велики кој истраел на Никејското решение омоусиос (ομοουσιος-едносуштен) кое го одредува Синот како битие Кое има иста суштина како и Отецот, Го утврдува Синот или Логосот Божји не на страна на створеното како што велел Ариј, туку на страната на нествореното и Божественото. Св. Атанасиј ја потврдува Божјата трансценденција во неговата слобода во однос на светот, тврдејќи дека светот не морал ни да постои и дека Бог Творецот не ни морал воопшто да ствара, туку дека стварањето е израз на неговата слободна волја и љубов. Св. Атанасиј за тоа пишува: "Доволно е да се знае дека Духот Свет не е творение". Затоа и тој збор влегол во составот на Символот на верата.

За да се даде концизно објаснување на нетварноста на Синот Божји го искористил зборот омоусиос (единосуштен) кој ние до ден денеска го користиме при исповедањето на верата. А како што претходно видовме, и вие, баптистичката христијанска црква, го исповедате истиот Символ на верата.

Е сега, моја задача за ЕвАнгелос е да се потруди и да ми најде во кој дел од Светото Писмо го пишува овој збор омоусиос – единосуштен, оти знаеме дека тој се придржува до канонизираното пишано Божјо слово.



Изменето од Maran Ata - 08.Октомври.2008 во 02:28
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
stevompc Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 275
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevompc Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 19:35
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Центарот на официјалната (Римокатоличка) црква секогаш си бил во Рим. Што е тука нејасно? И сега одеднаш, на источното крило од црквата "не и се допаѓа" посладното надополнување и таа решава, демек од таа причина, да се отцепи од официјалната црква и да си создаде нова црква со центар во Цариград.


Како доказ дека центарот на Католичката Црква не била од секогаш во Рим ги наведувам следниве податоци кои можат да се најдат во било која светска историска читанка (тоа го учевме и ние на училиште, мислам дека беше лекција од 5-то одделение)

Христијанската вера за прв пат после долгогодишно гонење од страна на паганските цареви била призната во 313 година со Миланскиот едикт од страна на cв.цар Константин Велики. Е сега да видиме кој е тој цар.


vo istata taa citanka ke procitas deka Konstantinopol ne bil formiran se do 330 godina, sto znaci celi 17 godini posle odobruvanjeto na hristijanstvoto vo kako sto pisuvas Milanskiot edikt.

Od tuka i nesto drugo me zainteresira zivo: kade e Milano?

Vo sekoj slucaj se slozuvam deka kaj vas carot odlucil deka sega vie ke bidete nekoj nov rim, a ne crkvata. se slozuvam i deka vizantija e politicka, a ne religiozna tvorba.
Кон врв
stevompc Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 275
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevompc Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 19:36
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Originally posted by stevompc stevompc напиша:

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Стево - уште повеќе покажуваш дека немаш воопшто поим за што пишуваш и за што зборуваш! Светото Предание е запишано, евидентирано, многувековна работа е тоа. Точно се знае што е, како е. Дури и на интернет може да се најде многу. Така што - ако имаш нешто сериозно да кажеш, бујрум, ако не - како што си знаеш, така...
aj bidi tolku dobar, bidejki neukite treba da bidat pouceni od ucenite, da mi pratis edne link kade e dokumentirano celoto predanie, site pisanija, avtori i zitija kade se opisani. veruvam deka stom e tolku jasno definirano, sigurno na cel internet ke ima eden link so ovie podatoci.

 

ova  moze samo SAJBER APOSTOL DA GO NAPRAVI

 

PREDANIETO ZIVEE VO ZIVATA CRKVA NIZ VEKOVITE -

 

"i spomenot za tebe ke se prenesuva od rod vo rod ..."

 

Abe mnogu ste cudni vie газење%20од%20смеење sakate sve na hartija da imate ...

 

pa citajte istorija ...

 

 


ovoj tetratka na shashma ama ja pogodi rabotata. sepak, ke ostavam i zidarski da odgovori, mozebi toj znae nekoj link, nekoja kniga, ako nisto drugo, kade mozat da se najdat podatocite za sto se (i sto ne!) go socinuva svetoto predanie.

Изменето од stevompc - 07.Октомври.2008 во 19:36
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 19:37
Маран Ата - одличен текст. Пред извесно време му имав напишано на Евангелос дека Православна и Католичка значат едно исто, ама тој ме сфати буквално (за зборот) и нешто се измеша целиот муабет... ти тука даваш многу точно и многу опширно објаснување за тоа.

Стево - има многу линкови, за жал, нема многу многу на македонски... еве, во оваа тема, како што ќе наоѓам работи на нет, ќе ги постирам линковите. Дали може на едно место да се најде? Веројатно на руски, треба да проверам...
Еве на српски.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 19:57
Bravo Maran Ata, bravo

E sega brate (avto)evangelise te molam najdi nesto na koe ke protivrecis i isto taka odgovori i na Maran Ata na prasanjeto za bibliskoto poteklo na zborot omousios poshto i vie veruvate vo istiot toj simvol na vera za koj i ti samiot kaza deka go pocituvate bidejki se vo nego e od biblijata.

A ti stevce sto se bunis i shto istrcuvas kako prle pred magare, pa prasuvas za ona sto ne e bitno i sto e nadvor od temata? Ili sakas da ja pokriete svojata nemok ili pak ne si sfatil nisto od tocnoto izlozuvanje na Pravoslavnata vera vo koja nie veruvame so vekovi, a jas mislam deka ima nesto i od dvete.

Sega zborime za predanieto ili konkretno za dogmatikata a ne za istorija ili geografija, a eve i za tvoe znaenje ke ti kazam deka Milano si bil tamu kade sto e i sega, so taa razlika sto se vikal Mediolano i imal svoi prestavnici, Episkopi, na site Sobori.

A sega pregovarajte za simvolot na verata i odgovorete na prasanjeto za bibliskoto poteklo na zborot omousios= edinosusten.

p.s. Maran Ata, da te prasam. A od kade go znaes seto ova? Imas uceno teologija?

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 20:02
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Маран Ата - одличен текст. Пред извесно време му имав напишано на Евангелос дека Православна и Католичка значат едно исто, ама тој ме сфати буквално (за зборот) и нешто се измеша целиот муабет... ти тука даваш многу точно и многу опширно објаснување за тоа.

Стево - има многу линкови, за жал, нема многу многу на македонски... еве, во оваа тема, како што ќе наоѓам работи на нет, ќе ги постирам линковите. Дали може на едно место да се најде? Веројатно на руски, треба да проверам...
Еве на српски.


A eve i na angliski zapisanoto predanie na svetite Otci
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 20:51
Maranata, секаков обид за дискусија со тебе е сувишен. Ти воопшто не одговараш на моите постови. Од самиот формат на твојот последен коментар гледам дека ти само копи-пастираш некои црковно текстови и потоа ги модифицираш. Ти воопшто не водиш дискусија, туку монолот. А размена на два монолози не е дискусија, туку два монолози нели?
 
Јас те прашав зошто ги судите католиците што си ја надополнуваат својата вера кога и вие го правите истото? Зошто ги судите католиците што додале еден збор и еден сврзник во символот на верата кога вие додавате по цели нови догми, нови учења, разни новотарии во верата? Во изворното христијанство немало обожавање на мошти, палење свеќи за живи за мртви, немало иконопоклонство, немало молење на светци, немало обожавање на Марија, сеуште не постоел нејзиниот култ, немало осветување на водички, немало национална поделба на црквата, немало етнофилетизам во црквата, немало мешање на црквата во политиката инт итн... сето ова Е ДОДЕДАНО во православието, а вие тука се буните што католиците си го надополниле символот на верата за еден збор и еден сврзник голема%20насмевка Ма дај ти се молам, па уште и сакате да ги убедите возрасните што читаат тука дека тоа била причината што православните се отцепиле од католиците во 1054... вакви прикаски можете да им предавате само на петтоодделенците по веронаутика, но не и на читателите на овој форум кои читале историја и кои знаат дека отцепувањето на православните е од ПОЛИТИЧКА причина, од желбата за самостојност, политичка и економска независност, за самоуправа, за јазична самостојност, за пари, за власт, за престиж итн.
 
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Христијанската вера за прв пат после долгогодишно гонење од страна на паганските цареви била призната во 313 година со Миланскиот едикт од страна на cв.цар Константин Велики.
 
Како што забележи stevompc, 17 години пред да биде  формиран Константинопол голема%20насмевка
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


 Откако станал православен,
 
Каков православен во 4 век бе не ме зезај голема%20насмевка Тогаш сеуште не постоеле православните.
Фактот што Константин се крстил непосредно пред својата смрт, е јасен индикатор дека неговата "христијанска" вера била многу сомнителна и дека се што сакал е да манипулира со народот користејќи ја христијанската религија. Тој заповедал симболот "крстот" да го ставаат војниците на штитовите за да ги добиваат битките во "Христово" Име. Какво богохулство. Оној кој цел Свој овоземен живот проповедаше љубов, мир, љубов и кон непријателите, оној Кој преку Својот Крст понуди помирување на луѓето со Бог, сега Неговиот крст некој паган (Константин) го зема како симбол за добивање воени битки.
А вие, наместо да се срамите од него, вие уште и го празнувате, го величате, се повикувате на него за исправноста на вашата вера. Тоа само покажува колку сте далеку од изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

тој самиот како апсолутен владетел во неговото царство решава негова престолнина да биде градот Византион (Константинопол),
 
Баш како што рече stevompc, кај вас царот (паганинот) одлучил дека Цариград ќе биде "новиот Рим", а не Црквата. А тоа дека Византија е политичка, а не религиозна творба, можеме да го видиме дури и денеска. Православието е толку вмешано до гуша во политика и побратимено со власта како никоја друга верска заедница.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.