IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонскиот јазик и македонската азбука
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонскиот јазик и македонската азбука

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 146>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонскиот јазик и македонската азбука
    Испратена: 20.Март.2008 во 19:27
The%20image%20“http://files.myopera.com/ancientmacedoniansscripts/albums/331304/indoe_european_languages_01.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 10:22
Македонскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенски јазици, и е службен јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик е исто така службен во реонот на Корча во Албанија каде што живее бројно македонско население. Македонски се зборува и во Австралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија, Црна Гора, Турција и во некои земји−членки на Европската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според респектираниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југоисточниот дел на Бугарија, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Britannica и UNESCO.

Кога се зборува за Македонците како етничка група и македонскиот јазик, треба да се има предвид дека јазикот (т.е. потекло или класификација на јазикот) не соодветствува секогаш со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на словенските јазици, а потеклото на Македонците како народ не е целосно словенскоголема%20насмевка

     Дијалекти на македонскиот јазик.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/1/1e/Makedonski_dijalekti-prilagodeno.png



Дијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па се до Егејското Море (или Бело Море). Главна особина за западните дијалекти е поспориот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборење, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и Јужна Србија. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти Има над 3 милиони говорници.
    Правопис на македонскиот јазик.

Залагањето за создавање на македонски литературен јазик датира уште од почетокот на XIX век, со појавата на Просветителите. Тие се застапувале за употреба на македонски народен јазик, на кој и ги пишувале своите книги и текстови, а првите книги се со религиска содржина за да ја приближат верата до народот. Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за азбука и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција, донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.

Македонскиот јазик во пописната регулатива

Во инструкциите за попишувачите во САД се наведува македонскиот јазик во различен контекст. Така на пример:

    * Во пописните инструкции од 1910 година, во секцијата "ABILITY TO SPEAK ENGLISH" став 137. стоело "Do not write "Macedonian," but write Bulgarian, Turkish, Greek, Servian, or Roumanian, as the case may be.", - „Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“[3]

    * Во пописните инструкции од 1920 година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик.[4]

    * Во пописните инструкции од 1930 година македонскиот јазик повтроно е на листата со странски јазици како посебен јазик.[5]

Со анализа на овие пописни инструкции може да се заклучи дека до 1910 година постоело едно гледиште во американското опшество во врска со македонскиот јазик, а од 1920 година администрацијата го подржува гледиштето дека македонскиот јазик е засебен јазик кој го говорат некои од емигрантите од Европа. Подоцна во листата "C2SS Language Codes" на македонскиот јазик му е придружен кодот 2630.

Кон врв
ThrakerAnticki49 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 57
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThrakerAnticki49 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 13:38
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

„Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“[3]   



т.е. каков јазик говори соодветниот Македонец.


Изменето од macedon_alex - 09.Мај.2009 во 23:18
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 13:42
Originally posted by ThrakerAnticki49 ThrakerAnticki49 напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

„Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“[3]   


Т.е. каков јазик говори соодветниот Македонец.



Не тоа е административна грешка која подоцна е исправена - ако прочиташ подолу ке видишнамигнување


Изменето од macedon_alex - 09.Мај.2009 во 23:18
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 13:48
Буги зашо нема солунски дијалект?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 13:49
Originally posted by Царевић Царевић напиша:

Буги зашо нема солунски дијалект?


Картата е правена според денешни говорни подрачја - денес во Солун се говори Грцки - ретко Македонците таму го користат својот јазикнамигнување
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 14:06
Не бе дугар грешка си голема Српскиот да кажеш дека е далечен дијалект на Македонскиот ке се согласам ама Македонскиот и грцкиот се различни уште од антикатанамигнување
Кон врв
ThrakerAnticki49 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 57
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThrakerAnticki49 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 15:10
Originally posted by Boogie Boogie напиша:


Originally posted by ThrakerAnticki49 ThrakerAnticki49 напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

„Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“[3]   


Т.е. според  каков јазик говори соодветниот Македонец.
Не тоа е административна грешка која подоцна е исправена - ако прочиташ подолу ке видишнамигнување


Специајлно за 1910г. не сум грешка, затоа што се дадени наредби и за други случаи:

"135. Do not write "Austrian," but write German, Bohemian, Ruthenian, Roumanian, Slovenian, Slovak, or such other term as correctly defines the language spoken.

136. Do not write "Slavic" or "Slavonian," but write Slovak, Slovenian, Russian, etc., as the case may be.

137. Do not write "Macedonian," but write Bulgarian, Turkish, Greek, Servian, or Roumanian, as the case may be."




Изменето од macedon_alex - 09.Мај.2009 во 23:22
Кон врв
ThrakerAnticki49 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 57
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThrakerAnticki49 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 15:43


и
тука

Изменето од macedon_alex - 09.Мај.2009 во 23:22
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 17:37
МАКЕДОНСКО ПИСМО - ГЛАГОЛИЦА И КИРИЛИЦА

Во својата стара татковина Словените немале писмо и, како што вели Црноризец Храбар во делото "О писменех" (за буквите), долго време, "со цртички и рецки читаа и гатаа". Имале некој вид рабуш. Кога дошле на Балканот и се покрстиле, словенските зборови ги пишувале со римски и грчки букви без правила. Со такво писмо не било можно точно да се напишат многу словенски зборови. Во грчката азбука немало букви за многу словенски гласови. "Потоа свети Константин Филозоф наречен Кирил, маж праведен и вистинољубив, им создал 38 букви, едни според грчките букви, други по македонски јазик."

Еве како станало тоа: во 862 година великоморавскиот кнез Ростислав, сакајќи да ја заштити Велика Моравија од германско политичко и културно ропство, му пратил писмо на византискиот цар Михајло 3 со кое му нудел војнички сојуз. Истовремено барал да му се испратат учени луѓе кои ќе можат да шират просвета и култура на словенски јазик во Моравија.

Византискиот цар Михајло го прифатил предлогот, бидејќи имал корист од тоа - една земја од западната сфера на влијание сама му се нуди да потпадне под влијание на Византија. Затоа тој ги повикал кај себе двајцата учени браќа, Кирил и Методиј, и им ја поверил мисијата во Велика Моравија. Таа се состоела во преведување на христијански богослужбени книги од грчки на македонски јазик, со писмо што допрва требало да го состават. Потоа, така подготвени, требало во Моравија да ги преведат моравските Словени во христијанство.

Кирил за кратко време создал азбука од 38 букви - глаголицата. Со неа тој и брат му Методиј ги превеле од грчки на словенски првите црковни книги и во пролетта на 863 година заминале за Велика Моравија.

Утврдено е дека Кирил ја создал азбуката глаголица по углед на грчкото минускуларно (к*рзивно) писмо, кое веќе било во употреба во 8 - 9 век. Тој ги позајмил буквите што ги имало во грчката азбука, а за оние гласови за кои немало букви во неа, измислил нови знаци.

Но, Словените се служеле со две азбуки и тоа во приближно исто време, со глаголицата и кирилицата. Бидејќи најстарите споменици на словенско писмо не датираат од времето во кое живееле и пишувале Св. Кирил и Методиј, туку дури од 10 и 11 век, во науката настанал спор за тоа која азбука е дело на Кирила, глаголицата или кирилицата која го носи неговото име.

Денеска е расчистено тоа прашање: глаголицата е азбука што ја создал Кирил. Таа е постара од кирилицата. Тоа се докажува со следниве факти: 1. Најстариот словенски писмен споменик, Киевскиот мисал, кој датира од средината на 10 век, е пишуван со глаголица и има моравизми, (чешки јазични црти), што навестува дека е пишуван во Моравија, секако од ученици на Кирил и Методиј. 2 Најголем број постари сочувани старословенски споменици се напишани со глаголца и имаат и имаат поархаични јазични црти од оние споменици што се напишани со кирилица. Во нив не се мешаат полугласовите - еровите, што не е случај со кирилските споменици. Глаголицата била во употреба во Моравија, во хрватските краеви и во Македонија, а кирилицата во источна Србија,Бугарија и Македонија што може да се заклучи по потеклото на спомениците. 4. Во палимпсестите (пергаменти од кожа со траги од две писма) одоздола се гледаат недоизбришани глаголски букви, а преку нив се пишувани кирилски букви.

Се претпоставува дека кирилицата е составена од св.Климента (некои му ја препишуваат на Методиј или на епископот Константин или на Црноризец Храбар) кој во чест на својот учител ја нарекол кирилица. Оваа азбука била составена според македонското (иницијално) писмо и се јавила во Источна Србија,Бугарија и Македонија околу педесет години по глаголицата.

Набргу, кирилицата ја истиснала од употреба глаголицата. Таа се раширила не само на Балканот, туку и во Русија. Во времето на Петар Велики претрпела извесни промени и преку руските црковни книги се раширила меѓу Словените на Балканот. Со извесни поправки и измени кирилицата се користи и денес.намигнување
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 18:09
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

МАКЕДОНСКО ПИСМО - ГЛАГОЛИЦА И КИРИЛИЦА...Се претпоставува дека кирилицата е составена од св.Климента (некои му ја препишуваат на Методиј или на епископот Константин или на Црноризец Храбар)...

Па некои претпоставуват што Црноризец Храбар е самиот туркомонгол цар Симеон Велики.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 18:27
Originally posted by дуле дуле напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

МАКЕДОНСКО ПИСМО - ГЛАГОЛИЦА И КИРИЛИЦА...Се претпоставува дека кирилицата е составена од св.Климента (некои му ја препишуваат на Методиј или на епископот Константин или на Црноризец Храбар)...

Па некои претпоставуват што Црноризец Храбар е самиот туркомонгол цар Симеон Велики.


За претпоставки не пишувам - не сум Бугарин,претпоставките им ги оставам на нив,впрочем тие живеат со претпоставкинамигнување
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 19:33
а - 7 ?
- 8 ?
-9 ?
- 10 ?

и тн. и тн. - Бугарска демагогијасмеење

Старомакедонската азбука (старомакедонско писмо или античкомакедонска азбука) е писмо што се користело од македонците за време на Кралство Македонија. Писмото до скоро време беше непознато и се тврдеше дека македонците го користеле само грчкото писмо. Со новите откривања, се увиде дека писмото е пишувано со симболи, тоа е слоговно писмо и видовите на симболите можат да се сретнат во три форми: коси симболи, симетрични симболи и асиметрични сумболи. Писмото го користел старомакедонскиот јазик што подоцна бил присилно заменет со старогрчкото писмо а со тоа и престанала употребата на старомакедонската азбука. Во седмиот век старомакедонското писмо и старогрчкото писмо се заменети со новата македонска азбука- глаголицата. Старомакедонската азбука е дешифрирана со помош на Каменот од Розета и нејзиниот среден текст. Средниот текст е испишан со старомакедонска азбука.

Сликата%20“http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/e/ed/Moi_na_zivo_gospodari.svg/800px-Moi_na_zivo_gospodari.svg.png”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.

Натпис на старомакедонски: Мои на живо господари (епитет за македонците)


Светски погледи кон писмото на старомакедонскиот јазик

Светската научна јавност не го има широко прифатено ова писмо. Наместо старомакедонското писмо, во светот се користи старогрчката азбука за пишување на јазикот и за бележење на гласовите. Тоа произлегува од фактот дека старомакедонското писмо и старогрчкото писмо биле двете користени во Античка Македонија.

Слоговни знаци

Со откривањето на средниот текст на Каменот од Розета и неговото вистинско претолкување се дојде до можност да се започне правилно толкување на писмото, неговото озвучување и начиот на користење на писмото. Во средниот текст на Каменот од Розета се пронајдени, документирани и дешифрирани околу 4500 знаци. релативно големиот обем дал добра можност за подлабоко истражување на писмото. Двајцата македонски научници што го открија писмото, Аристотел Тентов и Томе Бошевски, заклучиле дека писмото е составено од три групи на знаци и тоа: симетрични знаци, асиметрични знаци и коси знаци. Исто така во средниот текст има забележано и присуство на пиктографи и лигатури. Со комбинација на овие три групи на знаци се добиваат слогови и пишувањето е слоговно. Јазикот се чита и пишува од десно кон лево


Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 21:38
Мерси (што би рекле французите) што ми отвори очи,и така и онака пансловенската теорија не ми е баш омилена па сега со твоја помош Руеницата или азбуката на Трп Руен ми е многу по мила - така и се докажува дека глаголицата па и кирилицата е писмо кое потекнува директно од античката македонска рецканица.
Сликата%20“http://img397.imageshack.us/img397/4468/111is6.gif”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.
а пишува:
РШЧЕНО Е 6075(567ГНЕ)  КУДЕ СНОИ ЦОЈА
ТРП РУЕН УЧЕН З ДВРЦЕ ТЗЕ
односно
РЕЦКАНО Е 6075 КАЈ СНААТА ЦОЈА
ТРП РУЕН УЧЕН ОД ОВОЈ ДВОРЕЦ

Сликата%20“http://img261.imageshack.us/img261/3200/110ff1.gif”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.

Немој да ми кажеш дека за Трп Руен не си чулплазењеголема%20насмевка
голема%20насмевка

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.