IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 97>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 15:25
А постот? Што е со постот? Г-н Стефан тврди дека скакулците му биле омилено мени на св. Јован, можеби, но Исус вели дека Јован ниту јадел ниту пиел, зарем не е повеќе од очигледно дека постел? Зошто такво изобличување на фактите?
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 15:37
ne sestro, ti uste ne se izjasni koja ti e teorijata: deka Jovan postel so jadenje skakulci?

ajde, da vidime, prvo izjasni se sto tvrdis, pa posle toa ke go razgledame.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 15:47
Originally posted by ggstefan ggstefan напиша:

ne sestro, ti uste ne se izjasni koja ti e teorijata: deka Jovan postel so jadenje skakulci?

ajde, da vidime, prvo izjasni se sto tvrdis, pa posle toa ke go razgledame.
 
Не батка, прво ти протолкувај ги Исусовите зборови за Јован од Матеј...
Мислиш дека џабе рекол “Дојде Јован кој не јаде и не пие а велат бес има...“
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 15:48
Originally posted by ggstefan ggstefan напиша:

ne sestro, ti uste ne se izjasni koja ti e teorijata: deka Jovan postel so jadenje skakulci?

ajde, da vidime, prvo izjasni se sto tvrdis, pa posle toa ke go razgledame.


Pa sto se bunis na toa sto maria magdalena veli??? tocno e deka Jovan celiot svoj zivot bil vo post. I Gospod toa go potvrduva koga im veli na fariseite deka dojde Jovan koj ni jade ni pie a velat deka ima necist duh vo nego....
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 15:50
ama Maran Ata ti izgleda zaboravi deka tie imaat dinamicen prevod, pa mozebi tamu toa e poinaku na malce sovremen nacin objasnato, ili milo gresam?
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 15:51
se vrtis kako vodenica maria. ti celo vreme sakas da kazes deka Jovan postel so nekoj cuden, dosega neviden post, sega odednas ti precel drug stih.

nema da go dobies. drug stih na druga tema, ne begaj vaka kukavicki.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 15:55
Г-н Стефан, ти НЕГИРАШЕ дека Јован Крстител постел.
Се читаш ли што напиша неколку страни претходно?
Со тоа ги негираш Исусовите зборови кои потврдуваат дека Јован постел...
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
stevompc Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 275
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevompc Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 16:09
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Г-н Стефан, ти НЕГИРАШЕ дека Јован Крстител постел.
Се читаш ли што напиша неколку страни претходно?

Со тоа ги негираш Исусовите зборови кои потврдуваат дека Јован постел...


ajde da vidam kade pisuva deka postel i kade pisuva kako postel ti kako sto tvrdis?

znaci ne mi setaj levo-desno, ugore-udole. odgovori jasno: sto sakas da dokazes?

Изменето од stevompc - 04.Октомври.2008 во 16:09
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2008 во 10:16
Од целава дискусија (на неколку теми), станува јасно дека некои луѓе се дојдени на форумов за да покренат кавги и да отворат расправии... без некоја конкретна цел, туку само да се крене галама и да се растурат дискусиите. Некој упорно е решен да го осакатува форумов.
Тоа ќе биде санкционирано на време, така што не си го губете времето на такви методи.

Вратете се на тема. Темата е - ШТО ПРЕТСТАВУВА МОНАШТВОТО.

Изменето од zidarski - 05.Октомври.2008 во 10:17
Do what is right, come what may...
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 22:18
nekako kako malku da go zapostavivme monastvoto?

Eve da se potsetime malku:

Како што пишува Палама, во делот што токму сега го наведоме, разликата помеѓу Апостолите кои со Исус се искачиле на Гората Тавор и денешните христијани е во фактот што Петар, Јаков и Јован ја виделе Светлината „надворешно“, како објект којшто натприродно се појави пред нивните телесни очи, додека христијаните сега, светотаински соединети со Спасителот по Неговата смрт и Воскресение, може да ја созерцуваат Светлината и внатрешно во своите срца. Тие можат да ја развиваат можноста на овој дар и неговиот Божествен карактер се повеќе и повеќе, се додека не Го најдат самиот Бог. Тоа е посебната цел што си ја поставуваат монасите пред себе, па затоа тие се пророци на Новиот завет.
Овој пророчки карактер на монаштвото го прави на единствен начин одговорно не само за спасението на поединци туку за спасението на целата Црква. Не преземајќи го врз себе и не заменувајќи го ерархиското учителство коешто е чувар на Преданието и на светотаинското устројство на Црквата, монасите мораат да ја одиграат својата улога, изразувајќи ја откриената вистина во мера во која вистината и светоста се едно. Овој поим за црковната функција на монаштвото и неговата пророчка улога во историјата на спасението, го навеле Палама да го напушти своето атонско засолниште и да се впушти во догматски расправи, земајќи активно учество во политичкиот и социјалниот живот на своето време.


Св.Григориј Палама и православната мистика-Јован Маендорф

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 13:02
Свети Григориј Палама

Кога човек ќе се поздрави со сѐ што е во светот: кога ќе се одрече од парите и од имотот, ќе ги отфрли и ќе им ги раздели на сиромашните (Лука 14, 33) ослободувајќи се така од грижите, тогаш душата е во состојба да се предаде на самонабљудување, како слободна од сѐ што ја привлекува однадвор и ја расејува. А кога умот, откако се одвоил од сѐ што е сетилно, ќе се издигне над растргнатоста од мноштвото грижи и ќе го здогледа внатрешниот човек, првиот напор му е со плач да ја измие одвратната маска што преку светските скитања и заблуди ја стекнал. Откако од себе ќе симне сѐ што безоблично го покривало, со оглед дека душата веќе не ја апсорбираат различните предмети, спокојно влегува во своите внатрешни ризници и во тајност Му се моли на Отецот (Мат. 6, 6). Бог тогаш најпрво му го дарува сокровиштето на сите други дарови: мирот и тишината на помислите.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 08:18
ДУХОВНАТА ТРАДИЦИЈА НА ИСТОЧНОТО МОНАШТВО: СОЗДАВАЊЕ НА МОНАШТВОТО

Протојереј Јован Мајендорф


Во раната христијанска заедница не постоело монаштвото како постојан организиран начин на живеење во Црквата. Овој факт, на прв поглед, изгледа зачудувачки: најновите истражувања сè поубедливо ја докажуваат тесната врска меѓу Црквата во првите векови и јудаизмот во времето на Христос, особено со неговата пророчка традиција. Јудаизмот уште од дамнешни времиња имал свои монаси и свои пустиници. Со своето напаѓање на конформизмот на владеачката религија, пророците создале специфична духовност на пустината. Треба да се одбележи дека за луѓето од Блискиот Исток најголемо проклетство претставувало лишувањето од вода; пустината претставува опустошена земја, во која живеат само диви животни. Сета природа во пустината е непријателски раположена спрема човекот, потчинета на сатаната, непријателот Божји. Но, таму особено силно се пројавува силата на Јахве, без која за човекот нема надеж за спасение: во пустината Јахве е Бог Спасител.

„Каде е Господ, Кој нè изведе од Египетската земја, нè водеше по пустињата, по земја пуста и ненаселена, по земја сува, по земја на смртна сенка, по која никој не одел и во која никој не живеел?“ (Јеремија 2:6).

Тоа што Бог го извел Израилскиот народ од пустина е Негово големо доброчинство; дажелба на го врати тој народ назад во пустината е сатаната. „Оти долго време (нечистиот дух) го мачеше, и беше во окови, и со вериги го врзуваа, чувајќи го; но тој ги раскинуваше оковите и бесот го тераше да оди на пусти места“ (Лука 8:29).

Древниот ритуал „козелот за отпуштање“, кого што го пуштаат во пустина и го оставаат таму да умре, означува давање на искупителната жртва на лошиот дух Аза-зилу (3 Мојсеева 16:8). Така, Евреите во пустината гледале место на пребивање на демонот, и Новиот Завет во целост го прифаќа таквото поимање: „Кога нечистиот дух ќе излезе од човека, минува преку безводни места, барајќи спокој“ (Матеј 12:43).

Зошто во предхристијанското еврејство имало толку многу пустиници? Зошто Јован Предтеча и Самиот Исус заминувале во пустина, далеку од избраната заедница, далеку од храмот -знакот дека Бог го чува Израилот? Зошто Синот Човечки му дозволил на ѓаволот да Го искушува 40 дена во пустина?

„Бог го води Својот народ и Својот Син, а подоцна и пустиниците и отшелниците (во пустина) - пишува еден протестантски автор - не затоа тие да избегаат од светот, туку обратно, да ги доведе во самото средиште, за таму, на најтешкото место, да ја објави Својата победа и Своите права... Кога Исус се оддалечувал во пустина - по правило по извршување на некое чудо (Марко 1:35, Лука 4:42; 5:16) - тоа Го правел не само за да биде сам и да најде мир, туку, попрво, да дојде на место на кое Тој бил должен да Му ја оддаде на Бога сета слава.“

Ако создавањето на светот започнало во градината, во која „направи Господ Бог да израстат од земјата секакви дрвја убави за глеадње и добри за јадење“ (1 Мојсеева 2:9), искупувањето се открило во пустината.


„Почетокот од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји, како што е напишано кај пророците (Исаија): „Ете, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.“
Гласот на оној што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.
Се јави Јован, крштавајќи во пустињата, и проповедаше покајно крштавање за проштевање на гревовите“ Марко 1:1-3).

Пустината, така, претставува архетипски символ на свет непријателски расположен спрема Бога, свет потчинет на сатаната, символ на оној свет на кој Месијата му дал нов живот. И како што Неговото доаѓање прво било објавено од Јован Предтеча во пустина, така и христијанските монаси во своето бекство во пустина гледале борба со власта на Лукавиот и објавување на Второто Доаѓање.

Може да изгледа чудно што раната Црква, како продолжеток на јудејството во кое „монашката“ идеја останала жива реалност, толку долго ја чекала појавата на следбениците на Јован Крстител. Се работи за тоа што во јудаизмот сета Црква целосно била патувачка Црква, Црква којашто бегала од светот во пустина. Тајновидецот на Апокалипсата го искажал тоа во образот на жена: „И таа роди машко дете, кое ќе ги пасе сите народи со железен жезал; и детето нејзино беше грабнато и однесено при Бога и Неговиот престол. А жената побегна во пустиња, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте шеесет дена“ (Откровение 12:5-6). И талкањето на Евреите низ пустината на ист начин ја преобразува Црквата, искушувана од сатаната меѓу Педесетницата и Второт Доаѓање. „Браќа, не сакам да не знаете дека татковците наши сите беа под облак и сите минаа преку морето... Но повеќето од нив не беа по волјата Божја, бидејќи загинаа во пустињата. А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи на злото, како што тие беа похотливи“ (1 Коринтјаните 10:1, 5-6).

Но во IV век започнала нова ера за христијанството, и тогаш, по стапките на мал број одделни отшелници од древното време, тргнале ијадници нови. Во тоа време, пред лицето на Црквата којашто во покровителството на императорот стекнала дотогаш непозната сигурност и била почестена со богатство и со привилегии, тие сакале да ја зачуваат христијанската заедница во облик којшто таа морала да го има до Второто Доаѓање на Господа - образ на „жена, којашто бега во пустина“. Како што пишува Луј Бује, „голема новина во III и во IV век, во суштина, не била монаштвото, туку попрво световниот живот на новообратените маси... Сега христијаните стануваат едили, претори, па дури и - макар што тоа немало особено значење - свештеници на Јупитер... Со епископите почнале да постапуваат не како со водачи на разбојници, туку како со важни великодостојници, коишто, меѓутоа, речиси да биле такви пагани, каков што бил императорот Аврелиј. Луѓето, коишто во прогоните изгубиле рака, нога или око, доброволно седнувале во кочиите на божествениот Август. И сета Црква се движела по тој пат“. „Христијаните започнале со напуштањето на светот, зашто не му биле потребни. А потоа толку се привикнале на тоа, што веќе не го сакале светот кога самиот тој свет почнал да се помирува со нив.“

И така, монаштвото го возобновило во Црквата пророчкото служење, какво што познавал старозаветниот Израил. Тоа служело како противтежа на Црквата, потоната во малограѓанска дремка, Црква којашто така лесно ги прибирала во себе грчко-римските народни маси и без грижа на совеста ги користела богатствата на „најблагочестивиот император“. Во текот на сета историја на православниот Исток, токму пустиниците, столпниците, коишто со години стоеле на своите столбови, големите монашки заедници коишто, слично на Студискиот манастир во Константинопол, во градската средина ги проповедале идеалите на монаштвото, предизвикале уважување на императорите и почитување на христијанскиот народ, ја спасиле Црквата од целосно мешање со Империјата. Нивното сведоштво, по своја суштина, не било старозаветно, туку новозаветно, бидејќи Стариот Завет го поистоветувал избраниот народ со нација и со држава. Пред лицето на теократските претензии на христијанската империја, монасите тврделе дека Царството Божјо е царство на идниот век во Историјата; тоа не е социјална или политичка реалност, туку е самото Божјо присуство.

И источната Црква во монасите ги признала своите вистински гласници. Црквата го прифатила нивното богослужење, нивниот духовен пат, нивниот образ на светост. Во VI век таа дури востановила правило епископите да се бираат исклучиво од редовите на монасите. Во текот на средновековието, монасите на Исток ја сочинувале елитата на христијанската заедница.

Па сепак, монашкиот начин на живеење сè уште знаел за искушенија и за опасности. Зашто, отшелник кој избегал во пустина и со години живеел таму без таинства, или манастир кој внатре во Црквата претставувал особена заедница - нели тие, во суштина, биле одделени од христијанската Соборност? Нели тие го раздробувале народот Божји? Нели тие со својата индивидуалистичка побожност ја замениле онаа заедница на духовниот живот којашто, всушност, е суштина на христијанството?

Не станувале ли духовните подвизи на пустинските отци човечки начини за стекнување на благодат, при што самата таа благодат веќе не претставува бесплатен Божји дар? Несомнено, сите тие отклонувања биле евидентни во историјата на монаштвото, но исто така е очигледно и дека, по извесно лутање, Црквата успеала да ги совлада тие отклонувања како на институционален план, така и на планот на вероучењето. Во институционалниот поредок Црквата ги потчинила монасите на власта на помесниот епископ, со што тие биле вклучени во јадрото на христијанскиот живот, какво што е помесната Црква. Карактеристично е дека Истокот секогаш се противел на обидите да се создадат религиозни редови „изземени“ од власта на помесниот епископат... На планот на вероучењето - по долгиот период на расудување и на анализа - Црквата го осудила религиозниот индивидуализам и спиритуализам, коишто другите монашки струи ги внесувале во христијанската мистика.


Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 09:41
Одличен текст Опитен, ти благодарам.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 09:47

Еве и неколку библиски цитати од ев. според Матеј ...


34. *Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата;

не дојдов да донесам мир, туку меч.

*Лука 12,51;

35. Зашто дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од

мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.

36. И *непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.

*Мих.7,6;

37.

 *Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не

е достоен за Мене;

*Лука 14,26;

38. *и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.

 

*Мат.16,24;

39. *Кој ќе ја запази душата своја, ќе ја загуби, а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, ќе ја

зачува.


12. зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и такви што

 се скопени само заради царството небесно. Кој може да прими, нека прими.”



27. Тогаш Петар одговори и Му рече: <Ете, ние оставивме с# и по Тебе одиме:

што ќе стане, пак, со нас?”

28. А Исус им рече: <Вистина, ви велам, дека вие што врвите по Мене, при повторното

раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја *ќе седнете и вие дванаесетте Израилеви

колена;

*Лука 22,30;

29. и секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или

деца, или ниви, заради Моето име ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен.

30. *И мнозина први ќе

бидат последни, а последните први.”

*Мат.20,16; *Лука 13,30;

тука се зборува “динамично“ за првото монаштво ... или по точно зошто монахот се откажува од светот ...


Изменето од Tetratka - 11.Октомври.2008 во 09:50
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.