|
Современ (Динамичен) Нов Завет |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 22> |
Автор | ||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Евангелосе - има две варијанти... или само сакаш да ми тераш инает (што се надевам дека е) или пак навистина не разбираш што значат идиоми и каква е нивната функција во јазикот. Идиомот се преведува како еден збор. НИКОГАШ ВО НИЕДЕН ЈАЗИК не се преведува идиом збор по збор. ВО некои јазици, она што е идиом во македонскиот, таму е само еден збор, во други е цел израз од 3-4 збора. Тие 3-4 збора се движат, се групираат, се разместуваат во реченицата и се ПРЕВЕДУВААТ како еден и НИКОГАШ не се разделуваат еден од друг. Така што - преводот на Eye of the needle со Око на иглата не е буквален превод, а е непознавање на основна лингвистика. Истотака e да се мисли дека преведувањето на Eye of the needle со Иглени уши е динамички превод. Ти дадов во првиот подолг текст во случајов што би било динамички превод - односно - ако се каже: Речиси е невозможно богатиот да влезе во рајот. Тоа е класичен пример за динамички превод. Разговарај со кој сакаш лингвист и посериозен преведувач, ќе ти го потврди ова, те молам немој да даваш вакви примери, затоа што е смешно. А ако сакаш само да се инаетиш и да ме нервираш - простено ти е . Изменето од zidarski - 04.Октомври.2008 во 05:29 |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
мило не мора да значи дека е девет сатот може и осум и пол да било или девет и пол
од кај знаеме дек во 6 изгреа сонцето |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ова шо мило најмило го тврди е од македонска библија ама не е потпишана од МПЦ туку некоја екипа мк библија барема така е наведено во место за контакт
http://www.mkbible.net/biblija/index.php |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не си во право. Буквалниот превод го преведува зборот, а динамичниот смислата. Прочитај го уште еднаш мојот вовед на темава.
Ако уши = очи, тогаш и 3 часот по староеврејско време = 9 часот по сегашно време.
Колку сакате превртувајте ги зборовите, колку сакате правете реторички салта и колуци напред назад, тоа е тоа, сопствените критериуми се против вас. Не може со два аршина при еден ист критериум. Се знае што е буквално преведување, а што е динамично. Пак ќе речам, не правете си свој критериум за "динамично преведување", туку прочитајте го воведот на темава. Од кај знаете, можеби ќе научите нешто
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не, не,не нема менување на зборови како што тврдеа до сега овие ете во извадокот шо тие ни го кажаа 1 Тимотеј 5:17,19 никаде не стои свештеник напротив пишува презвитери така да не знам за каква манипулација станува збор очигледно само Библиите шо ги имет тие имаат таква промена во преводот мојата нема
|
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЗНАЧИ 1000000000000 ПАТИ ТУКА ПАСТИРАМ КОМЕНТАРИ....
СИТЕ РАЗБРАА ... САМО ТОЈ ШО ТРЕБА НЕ!!!!
п.с.
и после нама да ме викаат ПАПАГАЛ????
СРАМОТА Е ....
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Евангелос - тоа за иглените уши ти е МНОГУ погрешен пример, не го давај, смешно е пред луѓе што малку од малку разбираат од јазикот...
Иглени уши и Eye of the needle - означува едно исто. Не е динамички превод, туку е буквален! Дадов еден многу долг пост во врска со ова, ама се изгуби меѓу маубетите за огрев, пари и слично... Преводот на 3-тиот час со 9-тиот час е... хм... ајде малку да се навратам на едни други муабети... Многу долго тука на форумов има "обвинувања" дека МПЦ преку своите толкувања на Библијата всушност го навредува народот, го смета за глупав, го ограничува и му го крие вистинското Слово. Сега, кога имаме "динамички" превод - одеднаш работите се поинакви и се кажува токму обратното - дека всушност толкувањето на Библијата е добро и позитивно, а Sola Scriptura не врши работа, затоа што народот не може да ја разбере. Интересно... Месинџер даде многу добро објаснување. Преведувачка практика во целиот свет, во врска со секаква литература е да се преведе буквалниот текст (во рамките на јазикот на кој се преведува, се разбира), а доколку преведувачот смета дека има потреба од дополнително објаснување, тогаш пишува во фуснота коментар за објаснувањето или пак - понекогаш се дава објаснување како предговор на секоја глава. Ова е многу честа практика при преводите на средновековни книги на англиски јазик, да се даде предговор, во кој се објаснуваат спецификите на времето, на средината во која е пишувано делото, разликите од денешните стандарди и утврдени норми. Имам барем 20-тина вакви книги дома, а сум го сретнал во барем стотина... Но... да зборуваме објективно. Јас немам проблем со тоа што некој направил динамички превод на Библијата, ниту пак со тоа што некој го смета за подобар за него... едноставно имам објективни забелешки на таквиот начин на преведување, кои веќе на два пати ги изразив, и никој од "зашитниците" на идејата за динамичко преведување не ги одговори... Да зборуваме со конкретни примери - во случајот со часовите... Марко вели дека Исус го распнале во третиот час. Во динамичкиот превод тоа стои како 9-тиот час. Што се случува кога читателот ќе сака да извади цитат од Марко и да го спореди со други преводи, со другите книги во Евангелието? Што ќе се случи со разликите во преводите на други работи, кога ќе се дојде до конфликт со други преводи...? Евангелос напиша цели теми тука за неколку зборови во преводот кој е со благослов на МПЦ кои не се преведени буквално, а се дадени во контекст, а овде зборуваме за цели стихови, цели молитви кои се модифицирани. Зборуваме за целосни разлики во едниот и другиот стих. Дали на оној кој поседува Библија со динамички превод, му се кажува дека ако сака да направи компаративна анализа со други јазици и преводи, дека не треба да го користи овој превод? Ја разбирам идејата зад динамичкиот превод - да се направи Библијата поразбирлива за оние кои не се добро запознаени со неа, но за жал - тоа е страшно потценување на верниците и подигрување со нивните способности. Во крајна сметка - како ќе одговорите на фактот дека толкувањето не е и не може да биде објективно? Ако др.Грозданов смета дека некој стих значи едно, не значи дека и јас сметам исто. Што го прави неговото мислење повредно од моето во случајов? Пак ќе речам - за неколку зборови кои не се преведени најбуквално што може се крева бука, и тоа се нарекува подигрување со Светото Писмо, а менувањето на целосни реченици и стихови се смета во ред?! Не разбирам - ве молам објаснете го овој феномен... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ПРВО (СЕ ОДНЕСВА НА ЧАСОВИТЕ) ЕДНО Е ПРОВОД ДРУГО Е ТОЛКУВАЊЕ - НЕ МЕШАЈ ГИ РАБОТИТЕ - ХРИСТОС Е ИСТОРИСКА ЛИЧНОСТ РАСПНАТА ВО ВРЕМЕТО ПРЕД ОКОЛУ 2000 ГОДИНИ ВО ТРЕТИОТ ЧАС ...
ТОА Е ИСТОРИСКИ ФАКТ ... И Е ЕДНА РАБОТА, А ДИНАМИЧНОТО ТОЛКУВАЊЕ - ДРУГА,
ПО ОВОЈ ПРИМЕР: АЈДЕ ДА НАПИШИМЕ ДЕКА АПОСТОЛИТЕ НОСЕЛЕ НАЈК ПАТИКИ ПОШО СЕГА ЕДНО ДЕТЕ НЕ ЗНАЕ ШО СЕ АПОСТОЛСКИ “САНДАЛИ“ ... (ова разбериго како пример ,,, а не буквално ...)
А ИГЛЕНИ “ОЧИ“ И БАБА РАЗБИРА ШО СЕ !!!
НЕ МЕШАЈ ГИ ТИЕ ДВА ПРИМЕРИ - СМЕШНО Е ....
И ПРИМЕРОТ ЗА БУКВАЛНО И ДИНАМИЧНО ЗА МЕНЕ НЕ ДРЖИ МЕСТО...
ПОСЕБНО ТОА СО ЧАСОВИТЕ!!!
БИДЕЈЌИ ЈА ИСКРИВУВА ИСТОРИСКАТА РЕАЛНОСТ!!!!
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
пред да објаснуваш било што одговори ми мене што те прашав, ако воопшто знаеш што да ми кажеш, или да те почекам да се консултираш со некој
|
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас велам дека секој превод е толкување и сега ќе објаснам зошто.
Кога преведуваме ние некој збор од еден јазик во друг, ние всушност кажуваме што тој збор значи во другиот јазик. Кога преведуваме еден збор на друг јазик ние користиме збор или зборови од речникот на другиот јазик за да објасниме што тој збор значи во другиот јазик.
На пример зборот "dog" во англискиот јазик кај нас значи "куче". Идиомот "иглени уши" во англискиот јазик се преведува како "иглени очи". Зборот "круна" во англискиот јазик е "crown", но и зборот "венец" во англискиот јазик е исто така "crown", така што во овој случај е неопходно разгледување на контекстот за да се протолкува какво е значењето на тој збор во дадениот контекст.
Апостолот Марко напишал во своето евангелие дека Исус бил распнат во 3 час.
"А беше третиот час, кога Го распнаа."
(Марко 15:25 - буквален превод) Но во кој 3час го распнале? Речиси нема човек што сум го прашал за ова и што не ми одговорил: "Во 3 часот после полноќ го распнале". Но дали е навистина така? Дали часот погоре е добро преведен? Дали 3-от час на арамејски значи исто што и 3-от час на македонски јазик? Одговорот е НЕ. Како што кажав, евреите во тоа време го мереле времето по изгревот на сонцето, а не после полноќ како што ние го мериме времето денес. Значи Марко погоре всушност вели дека Христос го распнаа во 3-от час после изгревот на сонцето (тогашно 6ам).
Дали е правилно да се преведе 3 часот после изгреј сонцето како 3 часот после полноќ? Дали е тоа добар превод? Дали е добар превод оној кој не го доловува вистинскиот исказ од еден јазик на друг?
Велите дека треба "3-от час" да се преведе со "3-от час", а во фуснота да се пише дека тогашно "3 часот" е всушност сегашно "9 часот".
А зошто тоа не го правите за фразата "иглени уши"? Зошто велите дека таа треба да се преведе со "eye of a needle" Зошто и таму не преведете БУКВАЛНО "ear of a needle" па во фуснота да забележите дека тоа е идиом и дека ние македонците велиме вака, а англичаните онака? Зошто користите два различни аршини?
Секако, сега ќе речете:
"па што ти е тебе бе, па идиомот иглени очи на англиски токму тоа значи: иглени уши", но зошто не го речете истото и за "3-от час"? Зошто не речете:
"па што ти е тебе бе, па 3-от час по арамејско време значи 9часот по наше време"?
Зошто во едниот случај ја преведувате буквата, а во другиот случај мислата?
Зошто во едниот случај преведувате буквално, а во другиот динамично? Изменето од EvAngelos - 04.Октомври.2008 во 04:11 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ajde vratete se na temata Современ (Динамичен) Нов Завет.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И сега? Јас клеветам или ти лажеш. Погледни и во репликата на Месенџер кого цитирал, дали мене или тебе? И дали јас клеветам или ти лажеш. П.С. Сега госпел пак ќе кажеш дека јас наседнав? П.П.С. И тетраткава е сведок, неа и беше упатено прашањето. Изменето од macedon_alex - 04.Октомври.2008 во 01:47 |
||
ggstefan
Сениор Регистриран: 19.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 266 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ja editirav samo za da dodadam alex, bidejki gospel veke stavi post megju nas. grev e da se kleveti i da se obvinuva lazno bratot svoj ili ne? |
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ma jadni nie pravoslavci pred da se pojavat ovie protestantive ne znaevme ni biblija so e ni za evangelijata, kako ne se pojavija porano da ja razberat lugeto sustinata na hrisitjanstvoto porano mozebi nemase da se pojavi islamot |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Внеси реплика | страница <1 1314151617 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |