|
Современ (Динамичен) Нов Завет |
Внеси реплика | страница <1234 22> |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдобрите светски преводи се, повеќе или помалку, динамични преводи Тоа што вие прв пат слушате за превод на динамична еквиваленција тоа е затоа што сте преконзервативни и живеете во некое средновековно време држејќи се до црковнословенскиот превод на Кирил и Методиј чија визија и мисија не било да стагнираат преводите, туку секогаш да ги има на современ и разбирлив јазик. А вие го правите токму спротивното од нив, уназадувајќи се во 9 век и користијќи византизми и грцизми во богослужбите.
Не постои апсолутно буквален превод. Не можеш збор под збор да преведуваш. Тоа го знаат и малите деца Ете видиш, ти погоре го преведе зборот "уши" со "очи", значи ти не го преведе буквално зборот, туку ја преведе мислата/суштината од македонски, на англиски. Епа тоа е драга моја ДИНАМИЧЕН превод. Знам дека ти е нов збров и сеуште не можеш да се навикнеш на него, иако ти до сега , повеќе или помалку, така си преведувала, само не си знаела дека динамично преведуваш Има и такви библиски помагала, кои имаат превод збор под збор, ама тоа не се преводи, туку интерлинеари - кои им служат на преведувачите при преведувањето. Секој превод е помалку или повеќе динамичен. И King James и New International Version и сите подобри преводи се повеќе или помалку динамични. Некои динамични преводи ја преведуваат мислата во самиот текст, а во фуснотата го даваат буквалното значење, а некои обратно, во фуснотата го даваат буквалниот збор, а во фуснотата динамичниот. Сепак, обичниот читател повеќе сака кога чита непрекинато да чита и да разбира, отколку на секој втор збор да прекинува и да гледа по фуснотите. А секако, доколку го интересира оригиналното зборче, секогаш може да си ѕирне во фуснотата. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бај д веј, светското библиско здружение "Гидеони" кое е главниот дистрибутер на Библии и Нови Завети во целиот свет секогаш го бира најдобриот превод во едно јазично подрачје (земја) за да ги печати гидеонските Библии/Нови Завети.
Ај погоди кој превод на Новиот Завет го одбраа како најдобар во Македонија? |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АВЕ ЧОЕК - СИ ИГРАМЕ НАТИ ГО - ДАЈ МИ ГО !!!
ПА ЗАРЕМ НЕ ЈА СВАЌАШ РАЗЛИКАТА НА ЧРЕДНИОТ СЛУЖИТЕЛ ВО НОВИОТ И СТАРИОТ ЗАВЕТ?
Сега кажуваш едно после друго!!!
па срамота е ...
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас да сум на твое место, после ваков истап со динамичниот превод, би си го подвила опашот од срам и би се скрила во некоја глувчја дупка.
Па ти се читаш ли бре што пишуваш????? Знаеш ли зошто на англиски иглени уши се така преведени? Затоа што тоа е зборот на англиски за иглени уши, а не дека некој така си го протолкувал. НЕМА ДРУГ ЗБОР ЗА ТОА. А во оној ваш динамичен превод јасно ни е на сите дека за се има збор на македонски само што вие си го пишувате во ваша верзија како ќе ви текне. Па прочитај ги прво паралелите што претходно ги направив, та после збори. Смешен си, сите ти рекоа дека не е во ред тој превод! Читај го месинџер, паметно ти кажа. п.с кинг џејмс е стара верзија на Библија, на старо англиски, ако си заприметил, а тогаш не баш си дозволувале да тераат динамично... по патот на ѓаолот |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евангелос... прво имаш три страни хули за преводот на презвитер со свештеник, а потоа цела тема за динамичен превод?!
Освен тоа... не знам колку си запознаен со конкретната идеја на динамичните преводи (не само Библиски, туку воопшто)... затоа што примерот што го даваш со иглени уши и eye of a needle нема никаква врска со динамички превод! Ама баш никаква! Затоа што тоа е "иглени уши" иако се два збора, е еден термин и опишува конкретен дел од предмет. Истиот тој предмет (односно делот од него), на англиски се нарекува "eye of a needle". Значи - не станува за динамичко преведување, а станува збор за буквално - со изразот кој се користи во соодветниот јазик за опишување на соодветниот дел од предметот. Ако беше динамички преводот, ќе беше - "Речиси никогаш нема да се случи богат да влезе во рајот." - тоа е динамички превод на соодветната реченица, затоа што тоа е пренесување на истата смисла, но со разбирливи зборови (односно - со избегнување на метафората, а со употреба на директно објаснување). Верувам дека ова е доволно јасно. Колку до Гидеони... да, тие имаат дистрибуирано Библии низ целиот свет итн, итн, итн... заборави само да спомнеш дека се припадници на таканаречените "евангелски" цркви - па соодветно, не гледам како би избрале превод направен од "еретици" (во гидеонски превод - православни). Затоа - нивниот избор за најдобар превод, не може да служи за споредба, затоа што тоа е како да прашаш Митрополит од МПЦ кој превод е подобар - на Грозданов или на МПЦ. Јас лично не сум љубител на динамички преводи во однос на Библијата, затоа што ми се на ниво на прераскажаните верзии за деца... Признавам - можеби (велам само можеби) можат да бидат корисни за општо запознавање, на ниво на едукативна литература, но не може да се прифатат како Свето Писмо. Разликата во што е во тој превод и преводот на пример на МПЦ. Во преводот на МПЦ има зборови кои се променети (како на пример за свештеник-старешина), но тоа ни оддалеку не е "динамизирање" на преводот, затоа што реченицата останува иста, дури и конструкцијата на реченицата останува иста. При динамичкиот превод, се губи комплетно конструкцијата на реченицата - од што се губи многу пати контекстот на зборот (многу често во Библијата некој збор се наоѓа на точно определено место со причина, а не просто случајно). Библијата е пишувана во стихови и тие имаат соодветен начин на пеење, начин на искажување. Да не зборуваме што кога се прави динамички превод на една литература (најдобар пример за динамички превод е препевање на поезија!) - авторот на преводот си дава доста голема авторска слобода, особено при толкувањето на значењето. Односно - како може да знам дека соодветните реченици кои др.Грозданов ги променил, не се променети според неговото лично разбирање на Библијата (и не само лично, но и на неговата деноминација), кога очигледно е дека меѓу различните деноминации имаме доста големи разлики во разбирањето на некои работи. Затоа - претпочитам јас да си го правам толкувањето од она што е најблиску до оригиналниот текст како превод, затоа што така секое толкување е мое лично толкување на директното Свето Писмо, а не толкување на толкувањето на Грозданов на Светото Писмо. Затоа - бесмислено е фалењето со таков превод, затоа што иако можеби на прв поглед е поразбирлив и попрактичен, сепак, штетата што ја нанесува на Светото Писмо е огромна. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
ggstefan
Сениор Регистриран: 19.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 266 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nekoi raboti ovde ne se jasni. aj ke probam jas da se vklucam vo ovaa diskusija.
1. originalot e sekogas podobar od prevodot. 2. sekoj prevod E TOLKUVANJE 3. vistinskiot hristijanin, ako ne e sposoben da gi cita Svetite Pisma na originalnite jazici, treba da koristi poveke prevodi za podobra i potocna informiranost. Dinamicniot prevod e podobar za opsto zapoznavanje, i za lesnotija na citanjeto i za tocno prenesuvanje na mislata. Bukvalniot prevod e podobar za studisko razgleduvanje na nekoj stih, recenica, zbor vo Svetoto pismo. 4. originalot e podobar od bilo koj prevod. |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ggstefan И ние рековме дека оргиналот е најдобар. Ама оргиналот не може да се чита затоа што е на неразбирлив јазик за нас. Динамичен превод НЕ Е точно пренесување на мислата – далеку е од тоа. Веќе и ти извадив делови кои се смешно преведени и нeмаат никаква врска со вистинскиот превод - читај на претходната страна. А и сите се изјаснија – динамичен превод е огромна штета врз Светото Писмо! |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
ggstefan
Сениор Регистриран: 19.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 266 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a koi se tie site? nekoi si tipovi na forum? kolku sme nie (site na forumov) merodavni?
znaci, ako pocnat da se vadat delovi od prevodite, forumov ke se pretvori vo cirkus. mislam nekoi od tie smeski bea izneseni i za bukvalniot prevod, sto uste poloso ima blagoslov od nekoja 'crkva'. drugo e nekoj sto si prevel i go stava toa na uvid na javnosta, pa koj saka neka cita, koj ne, ne mora, a sosema drugo e da se proglasuva eden prevod so mnogu mani, greski (pa duri i cisti zabludi) da se proglasuva za blagosloven. |
|
Ангелче
Група Регистриран: 20.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 45 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas si go kupiv ovoj dinamicen prevod na saemot na knigata ama ne za 100den tuku za 50 denari. Prevodot e prekrasen, mnogu porazbirliv, so mnogu pojasnuvanja, fusnoti, referenci, mapi... ne znam zosto site go kritikuvate, ocigledno ne ste go procitale vovedot na evangelos kade sto on ubavo objasnuva sto e toa dinamicen prevod. Ama mislam deka od zavist i gnev vaka pisuvate, bidejki ne se slozuvate so nego na drugite temi, sto mislam deka ic ne e objektivno.prvo nabavete go, procitajte go, pa posle kazate mislene, a ne vaka
pozdravce na siteeeeee
|
|
1 2 3
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
До вчера толку многу се фати за тоа дека МПЦ не ја превела буквално Библијата, па сега манипулирала таа со нас (како и останатите православни цркви), за денес да ми кажуваш за тој долгоочекуван динамичен превод, кој бил преведен за подобро да го разберат сите и дека во тој превод нема просотор за манипулација. За многу работи си противречиш самиот на себе.
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa veke kazav deka jas go citam i iznesov za pocetok del od greskite (i toa teski greski). a jasno kazano e deka dinamicen prevod e prenesuvanje na sfakanjeto na Pismoto od strana na pisatelot, sto znaci ne e tocno prenesuvanje na vistinskata smisla na zborovite napisani od Apostolite. a ako sakas - ne mora da si go kupuvas, go imas na net |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Срам да ви е на упатените неосновани клевети. Јас никаде не сум се "фатил" за тоа дека МПЦ не ја превела Библијата буквално, туку затоа што намерно и со умисла го преведува зборот "старешина" со "свештеник". Тука не станува збор за небуквално преведување, туку за ПОГРЕШНО преведување, за злосторство врз Божјиот Збор со цел да се оправда православната догма дека и во Новиот Завет т.е. во Христовата Црква има исто така "свештеници". Суштината на Новозаветното учење е дека нема повеќе свештеници и дека САМО ЕДЕН е свештеник и првосвештеник кој може да посредува меѓу Бог и луѓето - ИСУС ХРИСТОС. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa sto se cudis ti na toa - jas nekolku dena go terav da ni kaze za dinamicniot prevod i celo vreme se kriese (zasto znae deka ne e vo red) i se pravese na udren. Ama koga mu spomnav deka toa go procitav na web stranata na nivnata crkva, nemase sto da pravi, pa morase da napravi, kako sto veli templarius, reklama. A da zemes da citas kakov e toj prevod - lele majko - mislis Hristos i apostolite ziveele vo 21 vek. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E sega za toa treba da otvoris druga tema - Dali posle Hristos treba da ima ili ne svestenici? ili nesto slicno. Ovde raspravame za prevodot na Svetoto Pismo - odnosno za *najdobriot* prevod - vo slucajov - dinamicniot na d-r Grozdanov. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Внеси реплика | страница <1234 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |