|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика | страница <12345 32> |
Автор | |
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Паисиј Светогорец
Кој се радува кога луѓето го фалат, нему демоните му се смеат. Кај славољубивиот никој никогаш не наоѓа духовни плодови, а ако воопшто најде, тие ќе бидат шупливи. Додека пак, смирениот изгледајќи навидум духовно сиромашен, поседува духовно богатство. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Св. Кирил Александриски рекол: "За божествените и светите верувања на нашата вера, не смееме да дадеме ниту најмала забелешка, ако таа не е потврдена од Светото Писмо"
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И да те потсетам што велел св Кирил Александриски (ако имаш нешто спротивно на ова, наведи го изворот) КИРИЛОВО „ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ВЕРАТА" 433. ГОДИНА http://www.verujem.org/sveti_oci/iiisab_iz.html Ги прочитав овие ваши свети зборови, и најдов дека и ние не мислиме подруго, зашто „еден е Господ Една е верата Едно е крштението" (Еф 4:5), ние го прославивме Бога Спасителот на сите, поздравувајќи се еден со друг, зашто верата во нашите и ваши Цркви е сагласна со боговдахновеното Свето Писмо и Преданието на нашите Свети Отци. Јас во сето тоа го следам учењето на Светите Отци , а особено меѓу нив блажениот и најславниот наш Атанасиј, со цел да не искривам нешто (од учењето на Христа)... Би можел да ти соберам многу сведоштва (Отци) кои ја потврдуваат вистинитоста на тие мои зборови... На било кој начин не можеме да трпиме некој да ни ја потресува верата, или Символот на верата, кој е издаден од нашите Свети Отци собрани во Никеа. А ова е наменето за ЕвАнгелос од Св.Кирил Алксандриски А на тоа што некои од оние кои имаат обичај да го искривуваат она што е право, ги извртуваат моите зборови онака како ним им одговара , нека вашата светост не се чуди, знаејќи дека сите еретици во боговдахновеното Свето Писмо наоѓаат потпора на своите заблуди, извртувајќи го со своите расипани мисли она што е право (вистинито) соопштено од Духот Свет, и на таков начин собирајќи на својата глава неугаслив пламен. Изменето од Maran Ata - 01.Октомври.2008 во 15:51 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еднаш, кога без оглед на сите трудови, не успевал да се моли чисто, монахот Силуан го зафатила болна тага: толку години краен напор, а возљубениот Господ сѐ уште се крие! Отец Силуан рекол во своето срце: „Господи <…> што треба да правам, за да Ти се молам со чист ум? <…> за да се смири мојата душа?.” И добил одговор од Бога во срцето: Држи го твојот ум во адот, и не очајувај.
|
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
3) Духовната љубов е можна само при дејството на Божествената благодат. Тогаш духот се разбудува од сонот во кој го опоиле страстите, како што се разбудува земјата под зраците на пролетното сонце. Во борба со духовната љубов стапуваат страстите кои се вгнездиле во душата и телото. Затоа, духовната љубов во многу е – ослободување на духот од ропството на душевните пристрастности и емоции. Таа е установување на поредокот на силите на човечката природа. Тоа се достигнува со упорна борба. Затоа, почеток на духовната љубов е – покајанието, а почеток на слободата – христијанскиот аскетизам и потчинувањето на својата волја на Божјата благодат. Духот, откако го заземе управното место во човековата природа, со своите импулси проникнува во душата, ја одухотворува и ја очистува самата душевна љубов. Душевната љубов, без благодатта, постојано е подложена на корозија и деформација заради гревот кој длабоко е навлезен во човековата природа. Без вистината – не е можно да се добие благодатта. Без благодатта – душевната љубов преминува во страстна похот. Вистината е стражар на љубовта. Без вистината – љубовта станува блудница.
Од: Архимандрит Рафаил (Карелин), „Почему христиане теряют любовь?” и „О профанации любви” |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако не умреме за светот, не можеме да стекнеме плач и солзи. Нив ги стекнуваме во онаа мера во која умираме за светот.
св.Игнатиј Брнчанинов |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крстот денес се издигнува, и светот се осветува, бидејќи Оној што седи заедно со Отецот, и со Светиот Дух, на него рацете ги рашири и целиот свет, Христе, го привлече кон твоето познание. Оние, пак, што се надеваат на Тебе, удостој ги со Твојата слава божествена.
|
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Ефрем Филотејски
За да стане срцето на човекот сад способен да Го прими Бог, мора најнапред да биде очистено од нечистите помисли. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Ефрем Филотејски
Напредувајќи во молитвата, ќе го најдеме олеснувањето од страстите. Скриените помисли со време ќе исчезнат, нашето срце ќе стане незлобливо детско срце. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Отец Анатолиј
Господ е мое утешение и моја награда, Благословен да е Господ Исус Христос наш |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Паисиј Светогорец
Кој се радува кога луѓето го фалат, нему демоните му се смеат. Кај славољубивиот никој никогаш не наоѓа духовни плодови, а ако воопшто најде, тие ќе бидат шупливи. Додека пак, смирениот изгледајќи навидум духовно сиромашен, поседува духовно богатство. . |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некој монах дојде при ава Макариј Египетски, и му рече:
– Ава, кажи ми поука како да се спасам. А старецот му рече: – Појди на гробиште и почни да ги кудиш умрените. И отиде монахот на гробиштето и почна да ги куди умрените и да фрла камења по нив. Кога се врати, му раскажа на старецот. А овој му рече: – Ти кажаа ли нешто? Монахот одговори: – Не. Старецот му рече: – Појди повторно утре, и пофали ги. И, откако повторно отиде на гробиштето, монахот почна да ги фали, велејќи: – Апостоли свети и праведници. Па се врати при старецот и му рече: – Ги фалев. А ава Макариј го праша: – И ништо не ти одговорија? Монахот рече: – Не. Тогаш старецот му рече: – Гледаш ли, ги навредуваше и ништо не ти рекоа, и ги фалеше и пак ништо не ти одговорија; така и ти, ако сакаш да се спасиш, биди мртов: како и овие умрени, немој да ја имаш на ум ниту неправдата ниту славата човечка, и ќе можеш да се спасиш. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Софрониј
Единствено што нè привлекува е Христос, Неговата личност. И должни сме да Го живееме Христа како мерило на секое естество, божествено и човечко. Во Христа го имаме својот Бог Создател. Во Христа го имаме примерот, откровението на Планот Божји за човекот. Љубовта Христова секогаш треба да го исполнува нашето срце. Во Бога не живееме со интелектуално размислување. Бог ни се открива преку Своите енергии. Христа го живееме како наш личен живот, а не само надворешно. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Никола Кавасила
Крштението е благодат на повторното раѓање на човекот со негово учество во смртта и Воскресението на Господа, тајна на создавањето на новото битие во Христа. Миропомазанието е благодат на полнотата на животот во Христа со печатот на Духот Свет, тајна на дејствувањето и активноста на битието во Христа. Тоа е дар на восовршување и светост, кој му се дава на оној што се крштева во Светиот Дух и во богатството на даровите на Светиот Дух: „Се крштеваме за смртта да ја умртвиме и со воскресение да воскреснеме; се миропомазуваме за да се родиме како заедничари на даровите на царското обожение |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Внеси реплика | страница <12345 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |